|
НАЈНОВО во излозите |
Внеси реплика | страница <1 6768697071 77> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
D&G -Prolet 2012 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Oscar de la Renta 2012 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Корална боја: Кралица на пролетниот трендКоралната боја владее со модниот свет, а фустанчињата, блузичките, пантолоните, ремените, сандалите и модните додатоци во различни тонови на оваа топла боја станаа вистински хит кој сигурно ќе ја обележи оваа летна сезона. Коралите низ историјата биле симбол на елеганцијата и женственоста. Оваа сезона е во знак токму на нивната боја. Покрај накитот, кој идеално прилега на исончан тен, модерните парчиња облека во корална боја совршено се вклопуваат во разни тренди комбинации. Прекрасните тонови се протегаат од задушено црвена, преку портокалова па сè до бледи тонови на месо боја кои длабоко се навлезени во модниот свет. Продавниците се преполни со блузи, пантолони, лелеави фустанчиња и туники во заводливи корални нијанси, а модните додатоци како накит, ремени, чанти и паричници за миг ќе ги претворат и најобичните комбинации во весела пролетна приказна. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Париската недела на високата мода – есен/зима 2012-2013Париз беше жешката модна точка во текот на изминатата седмица. На локации кои зрачат со историја, култура и традиција беа прикажани колекциите висока мода за сезоната есен/зима 2012-2013. Прескапите луксузни креации, кои може да чинат и повеќе од 100.000 евра, ги маѓепсаа присутните модни критичари, па многу повеќе се слушаа позитивните критики. Погледнете што виде пребирливата внимателно избрана публика: ВерсачеДонатела Версаче смело се врати во хотелот Риц во Париз, каде што нејзиниот брат Џани Версаче пред смртта по двапати годишно во текот на осум години ја покажуваше својата замисла на високата мода. Концептот за ревијата беше „украден“ од дизајнот на тарот картите. Но, откако развеаните елегантни ткаенини под диригентската палка на Донатела беа претворени во уникатни креации, тешко можеше да се забележи точно кој бил изворот на инспирација на 57-годишната дизајнерка. Бестрашни, сексапилни, умерено разголени и впечатливи фустани, кои ниту за момент не заборавија да ја истакнат убавината на женската силуета, ја демонстрираа новостекнатата самодоверба на Донатела по успешната соработка со H&M. Инкорпорирањето на нетрадиционален деликатен hi-tech јапонски полиестер во колекцијата и неговото претворање во блескави здолништа беше новитет со кој Версаче ја освои наклоноста на публиката. Џамбатиста ВалиИталијанскиот дизајнер Џамбатиста Вали пронајде инспирација во рајската градина, па неговите креации беа богати со цветни дезени и слоевито редени набори кои наликуваа на листови од цвет. Низ волуменозните фустани, кои ја вратија на сцената силуетата карактеристична за стилот од 50-тите години, преовладуваа нијанси на црвената и зелената боја. Во магичниот свет на Вали, на главите на моделите беа поставени мрежести маски за да го засилат чувството дека по пистата се движат митски суштества, а на нивните усни или низ нивната косата беа поставени пеперутки. Кристијан ДиорРаф Симонс го презеде кормилото во Диор, а неговото претставување како креативен директор на француската модна куќа започна со колекција висока мода. Па, сосема јасно е зошто главните лица во модната индустрија нетрпеливо чекаа да ја видат неговата понуда. Додека кај Вали цветовите ги окупираа фустаните, кај Диор цветовите ги презедоа ѕидовите на просторијата на ревијата. Околу милион цветови во различни бои беа поставени за да ја потенцираат цветната опсесија на Диор. Симонс претстави креации кои беа совршен спој на неговиот препознатлив минимализам со елегантната женственост карактеристична за Диор. Црни панталони во комбинација со кратки фустани со волумен на колковите, долги фустани со А-линија, фустани кои ја крадат формата на палтата... белгискиот дизајнер претстави модерна визија која ја следеше силуетата на песочен часовник којашто Диор ја стави на пиедестал уште во 1947 година. Шанел„Нов винтиџ“ – така Карл Лагерфелд го опиша стилот на својата најнова couture колекција. Задржувајќи го класичниот стил и естетиката на Коко Шанел, 78-годишниот дизајнер ги усреќи лојалните клиентки на француската модна куќа. Префинетиот спој на црна, бела, нежно розова, сива и крем боја со совршено изработените материјали не остави простор за грешка. Ѕвезди на ревијата беа костумите од твид, но не помалку впечатливи беа и нежните свиленкасти вечерни тоалети и широките панталони од волна што блеска. Се прашувате зошто креациите од колекциите висока мода чинат повеќе од луксузен автомобил или куќа? Одговорот лежи во изработката. Замислете, долгото палто без ракави покажано на првата фотографија било изработувано цели 3000 часа од некои од најдобрите шивачи во Париз. Ако претпоставиме дека шивачите работеле по 8 часа дневно, тогаш тоа палто било изработувано 375 дена. Џорџо АрманиЦрното кадифе и боите на ноќта доминираа во колекцијата на Џорџо Армани. Развеаните широки панталони беа комбинирани со бебешко сини и светло розови блузи и сакоа со релаксирани или строго оформени нараменици. Ревијата започна со романтична атмосфера која потсетуваше на самрак, а заврши со ноќна атмосфера во која како ѕвездено небо блескаа елегантните тоалети. Блескавите превези кои ги прикриваа главите на манекенките на импресивен и поетичен начин го акцентираа мистериозниот изглед кон кој се стремеше Армани. Ели СаабИмпериски раскош и отомански мотиви од Константинопол беа инспирацијата која ја искористи Ели Сааб за да креира уште една гламурозна колекција за жената која се гордее со својата фигура. Либанскиот дизајнер презентира тоалети во нежни луксузни бои кои следеа по почетните црни креации. Нежниот пристап кон употребата на кристали и мониста во комбинација со умереното разголување создаде цврста основа врз која се редеа само позитивни критики. Сааб не изненади со стилот (сите очекуваа од него блескава елеганција), но тој повторно успеа да шармира со истата формула со која секогаш стигнува на црвените теписи, особено на манифестации како доделувањето на Оскарите. Стефан РоландМинатата година Јасмин Ле Бон беше инспирација за колекцијата на Роланд, но оваа година негова муза беше кинеската актерка Фан Бинг-Бинг. Роланд презентира елегантни креации во црна, бела и карамела боја. Некои од нив имаа и елегантни наметки што придонесе манекенките да заличат на елегантни жени супер херои. Еуфоријата која завладеа пред и по ревијата на Роланд го засени шоуто. Присуството на Ким Кардашијан и Кание Вест предизвика огромен медиумски интерес, а верувале или не, почетокот на шоуто беше одложен со час и половина за да пристигне славниот пар. И покрај тоа, Ким и Кание пристигнаа на своите места пред крајот на ревијата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФОТО: Кејт Мос во есенската колекција на MangoКејт Мос го покажа својот бунтовнички сексапил во фотосесијата за новата кампања на Манго. 38-годишната манекенка позираше во модните предлози на шпанскиот бренд за сезоната есен 2012. Колекцијата е составена од едноставни парчиња со модерен дизајн, каков што би ја освоил секоја урбана девојка, па понудените лежерни комбинации се идеални за претстојните дождливи денови. Ова не е првпат Кејт да соработува со Манго. Претходно, таа се појави и во пролетната и летната кампањата на познатиот бренд. Погледнете и видео од снимањето на кампањата: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФОТО: Лана Дел Реј во есенската колекција на „H&M“Меланхолија во ретро стил зрачи од фотографиите за новата кампања на „H&M“ со Лана Дел Реј. Популарната пејачка позира во модели од есенската колекција кои одлично го претставуваат и нејзиниот препознатлив стил инспириран од 50-тите и 60-тите години. Во колекцијата се истакнуваат шарени хеланки, бело палто со јака од вештачко крзно, мини фустанчиња, струкирани блузи, комфорна плетена блуза, како и розовите модни парчиња со кои Лана ја најави кампањата. Наредниот месец ќе излезе и видео реклама за која Лана ќе сними преработка на големиот хит „Blue Velvet“. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vanessa Bruno 2013
Изменето од Valerija - 04.Октомври.2012 во 12:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vionnet 2013
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Maison Martin Margiela 2013 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Viktor & Rolf 2013 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 6768697071 77> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |