|
Занимливости околу исхраната |
Внеси реплика | страница <1 1415161718 20> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Промени во исхраната кои можат да го намалат ризикот од рак на дојкаНиту една исхрана не може да спречи рак на дојка, но некои плодови, како оревите и зелката, може да го намалат ризикот. Ништо не можете да сторите во врска се гените со кои сте родени, но посветеноста кон добра исхрана може да помогне во заштитата против рак на дојка. „Истражувачите проценуваат дека во САД со некои основни чекори во здравјето, можеме да спречиме околу 38 проценти од појава на рак на дојка“, вели лиценцираниот нутриционист Карен Колинс, советник во Американскиот институт за истражување на ракот. „Можеме да направиме подобрување без да правиме нешто екстремно“. Додека ниту една храна или диетален пристап не може сосема да биде заштита од рак на дојка, ризикот од развивање на болеста сепак може да се намали. Еве неколку нови откритија.
Исхрана базирана на растенија. Една неодамнешна студија открива дека жените кои јадат доста овошје, зеленчук, плодови во јатка и малку црвено месо, сол, и обработени јагленихидрати, можат да ги намалат можностите од развој на рецепторот естроген кој предизвикува рак на дојка, што претставува скоро една четвртина од сите ракови на дојка. Студијата објавена во септември во Американскиот журнал за епидемиологија, стои дека изгледите за рак се 20 проценти помали доколку жената ја применува оваа диета.
Ореви. Конзумирањето ореви го успорува развојот и растот на тумор на рак на дојка кај глувците, стои во студијата Исхрана и рак издадена во септември. Авторот на студијата Елејн Хардман, професор во медицинското училиште Џоан Едвардс на Маршаловиот универзитет, ги истражувала ефектите од исхраната кај глувци која содржи човечки еквивалент на 90 грама ореви на ден (25-30 ореви јатки). По 34 дена, глушецот кој јадел ореви имал помалку од половина од стапката на рак на дојка во споредба со оние кои имале иста исхрана минус ореви. Бројот и големината на туморите исто биле заначјно намалени кај групата која јадела ореви. Авторите на студијата шпекулираат дека антивоспалителните својства на оревите се причина за ова.
Откажување од алкохол. Дури и скромна количина акохол се „јасно поврзани“ со зголемениот ризик од рак на дојка, велат од Американското друштво за рак. Во споредба со непијачите на алкохол, жените кои пијат по две или пет алкохолни пијачки на ден се барем за 50 проценти поподложни да ја развијат болеста. Ако веќе пиете, држете се до чаша вино (250 мл.), една чашка ликер (50 мл.) или шише пиво (1 литар) на ден.
Зелка и кисела зелка. Истражувачите на државниот универзитет Мичиген открија дека луѓето кои јадат сирова или малку обарена зелка и кисела зелка барем три пати во неделата, имаат за 72 проценти помалку изгледи да развијат рак на дојка отколку кај оние кои ја јадат два пати или помалку. Ова откритие беше презентирано за време на собирот на Американската асоцијација за истражување на ракот во 2005. Високото ниво на глуконизолати - состојки пронаједни во зелката - можат да бидат причина за ова.
Витамин Д. Повеќе студии го поврзуваат повисокото ниво на витаминот Д со помалиот ризик од рак на дојка. Во една студија, жените кои внесуваат висока доза на витамин Д имаат 50 проценти помалку шанси да ја развијат болеста, според откритието кое беше презентирано за време на собирот на Американската асоцијација за истражување на ракот во 2006. Во друга студија канадските истражувачи откриле дека жените кои го минуваат времето надвор или имаат губење на витаминот Д во нивната исхрана или во додатоците, имаат 25 до 45 проценти поголеми изгледи да развијат рак на дојка. „Витаминот Д е предмет на интензивни истражувања“, вели Колинс. „И се потврди дека игра голема улога“. Некои од најдобрите извори на витамин Д се млекото, бакаларот, шкампите и лососот.
Праски и сливи. Истражувачите од тексашкиот унивезритет АМ открија дека праските и сливите содржат антиоксиданси кои го уништуваат ќелиите на ракот на дојка, додека ги оставаат другите ќелии недопрени. Позитивниот ефект го предизикува хлорогенската и неохлорогенсата киселина, и двете пронајдени во посебно високи дози кај двете овоштија. Откритието беше објавено во Журнал за хемијата на агрикултурата и храната во 2010.
Житарки. Земањето една житарка може да ја намали ризикот од рак на дојка, се вели во студијата во јули во Американскиот журнал за клиничка исхрана. Истражувачите откриле дека за секои 10 грама повеќе житарки дневно - околу половина до една цела шоља грав дневно, зависно од видот - ризикот од рак на дојка се намалува за 7 проценти. Откритијата се базирани на 10 студии во кои биле вклучени 710,000 луѓе од 7 до 18 гподини. Високи дози на влакнести состојки има во зеленчукот, полнозрнестите плодови и во леќата.
Избегнување на диета по западен стил. Кинезинките во климакс кои јадат храна според западен стил, претежно базирана на месо или слатки, се соочуваат со зголемен ризик за рак на дојка отколку оние кои се држат до стандардната, базирана на зеленчук кинеска исхрана, стои во студијата од 2007 за Епидемиологија на ракот. Истражувачите кои следеле 3,000 жени од Шангај открија дека оние кои јадат доста говедско, свинско, шкампи, пилешко, слатки, десерти и млечни производи, имаат 60 проценти повеќе шанси да развијат било каков вид на рак на дојка. Зголемувањето на ризик скокна за 90 проценти за позитивните рецептори на естроген тумори. < Изменето од Valerija - 17.Октомври.2011 во 18:59 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
20 цреши десет пати поефикасни од аспиринУште одамнина црешите биле на добар глас. На овие вкусни плодови им се придавале низа лековити својства, од лек за гихт и артритис, до храна за добар сон. До неодамна се тоа се сметало за народна медицина, но истражувањата дале и научна основа за сите тие зборувања.не сме далеку од денот кога лекарот ќе ви рече ”Земи 10 цреши и побарај ме утре”. Црешите содржат витамин Ц, Б и А, биофлавоноиди, елагична киселина, антоцијанин, мелатонин. Овие состојки помагаат во борбата проитв рак, во превенција на срцевите заболувања, ги убалжуваат болките предизвикани од артритис и гихт, главоболка, ги ублажуваат симптомите сврани со фибромијалгичен синдром. Црешите помагаат телото да ни произведува мелатонин на сигурен и здрав начин, ги подобруваат физиолошките и менталните функции. Свежите цреши се добри за отстранување на физичка и умсрцена исцрпеност, а киселите го подобруваат расположението. Многу слични здравствени својства имаат и вишните.
Убалжување на болки
Најнизок гликемички индекс
Изменето од Valerija - 17.Октомври.2011 во 18:56 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Доцните оброци НЕ дебелеат
Закоравеното мислење дека оброците конзумирани доцна навечер најмногу дебелеат, според нутриционистите - не е вистинито! Идеалното временско растојание меѓу секој оброк изнесува четири часа, а ако преку целиот ден не внесеме онолку калории колку што му се потребни на нашето тело, тогаш е дозволено и неопходно да се јаде навечер, порачуваат нутриционистите. Според биолошките закони, за одржување на тенката фигура, најважно е да се потрошат сите внесени калории и доколку се троши повеќе од внесеното, вишокот на килограми ќе исчезне. Многу студии покажале дека луѓето кои јадат во доцните вечерни часови, во просек внесуваат повеќе калории во текот на денот, но и дека "доцниот" оброк би ги здебелил и ако го изедат попладне или порано вечерта, бидејќи како и да е, тие јадат повеќе од потребното, пренесува "Fox". "Постојат многу слаби луѓе кои јадат навечер бидејќи не стигнуваат во текот на денот, што објаснува дека самиот временски фактор не е толку важен како количината на внесени калории", вели реномираната нутриционистка Тања Зукерброт. Таа објаснила дека никој нема да се здебели ако јаде во 8 часот навечер, доколку при тоа не внесува повеќе калории од потребното, а најважно е раздалеченоста меѓу оброците да изнесува четири часови, без разлика дали станува збор за ужина или вистински оброк. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сокот од вишни е магичен пијалакЗа се е залужен мелатонинот, антиоксиданс кој го има во големи концентрации во вишните, а кој е неопходен за добар сон. Милиони луѓе во светот имаат проблеми со спиењето. Некои тешко заспиваат, а други, пак, често пати се будат во текот на ноќта. Тоа резултира со хроничен замор, депресија, безволност но и со сериозни здравствни проблеми. Резултатите од истражувањето покажале дека киселкастиот сок од вишни им помогнал на испитаниците полесно да заспијат и помалку да се будат во текот на ноќта. Научниците се уверени дека за ова е заслужна високата концентрација на мелатонин која ја содржат вишните. Мелатонинот е природен антиоксиданс кој го поттикнува сонот навечер и будноста во текот на денот.
Изменето од Valerija - 22.Октомври.2011 во 17:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јадете пченка
Ако барате храна богата со антиоксиданси, за кои се верува дека штитат од рак и други болести, јадете пченка. Се испоставило дека житарките или брашното од полно зрно, како пченица, интегрален ориз, зобни снегулки или пченката имаат голема антиоксидативна активност, па некогаш дури поголема од овошјето или зеленчукото. Од сите житарки пченката има најголема антиоксидативна активност. Експертите велат дека таа најголема антиоксидативна активност процената со бројка изнесува 181. Зад неа се пченицата од полно зрно (77) и интегралниот ориз (75). |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Брокулите варете ги 5 минути!
Во зелените продукти за да се зачува хлорофилот, кој се покажа како лековит (го забрзува излачувањето на штетните материи, дејствува антибактериски и ги јакне клетките), потребно е да се обрне посебно внимание на нивната термичка обработка. За брокулите, кои се богати со оваа супстанца, доволно е да се варат само 5 минути (за 20 минутисе губи 2/3 од хлорофилот), додека за листовите од блитвата и спанаќот доволно е да се попарат само со врела вода. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ореви за циркулацијаТочно 56 грама ореви на ден, го намалуваат ризикот од
кардиоваскуларните заболувања кај дијабетичарите, покажува најновата студија од
Јејл.
На групата на бадеми и ф‘стаци сега им се придружуваат и оревите. После 8-неделно следење, измерениот проток на крв кај испитаниците со дијабетис од типот 2, кои секојдневно консумирале, покрај редовните продукти и 56 грама ореви, бил за 2,2 од сто подобар отколку кај другите. Покрај подобрениот проток на крв, забележани се и други позитивни подобрувања како што е намалувањето на нивото на шеќер и холестерол во крвта. Студијата покажала дека оревите позитивно влијаат и врз намалувањето на ризикот од артериосклероза, како и врз оштетувањето на крвните садови и врз нивното ширење.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сок од грејпфрут за подобро искористување на Q10Коензимот Q10 му е потребен на организмот за производство на енергија, а е забележана и неговата превентивна функција во отстранувањето на ангина пекторис и срцев удар.
Q10 има својство слично на витаминот Д, но за разлика од витамините, човечкиот организам може сам да го произведе. Неговото производство почнува да опаѓа по 40-тата година од животот, заради што е потребно да се суплементира. Со оглед на тоа што за Q10 липофилан, односно за неговата ресорпција и искористување се потребни маснотии, по правило, потребно е да се земаат со јадење кое содржи масти. Нова вест е дека со доволна консумација на сок од грејпфрут се зголемува неговата искористеност, и тоа, двојно повеќе |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Целер против леукемијаКонсумирањето на храна како што е целерот и магдоносот, кои
содржат природен флавоноид апигенин, може да спречи леукемија, заклучиле
холандските научници од Универзитетот во Гронинген.
Тестовите покажале дека апигенинот – инаку вообичаена состојка во овошјето и зеленчукот – е во состојба да го прекине развојот на два вида на леукемични клетки и да ги намали шансите за нивно опстојување. Тимот утврдил дека апигенинот може и да ги намали позитивните ефекти на хемотерапијата кај луѓе кај кои леукемијата е веќе утврдена. Флавоноидите се соединенија со антиоксидантни својства, кои ја штитат клетката од оштетувањето што го предизвикуваат молекулите на кислород. Некои претходни истражувања покажале дека апигенинот, кој го има во целерот, магдоносот, црното вино, сокот од домат и во разни други билки, може да биде корисен во превенцијата на ракот на јајниците |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јадете поздраво, повкусно, пораскошно - дваесет и први делГравот го намалува ризикот од појава на ракГравот е донесен од Америка. Кај нас се одгледува во големи количини. Тој е
најзастепен зеленчук на нашите трпези во зимските месеци. Спаѓа во редот на
махунарки или легуминози, каде спаѓаат и грашокот, боранијата, леќата и
сојата. Махунарките се евтин зеленчук кој, како што тврдат научниците, помага во
борбата против разни видови на рак. Гравот е тешко сварлива намирница. Лушпата на гравот е богата со сирови
влакна и други материи кои несварени пристигаат во дебелото црево и така
настануваат процеси на трулење, што доведува до чувство на надуеност и појава на
гасови. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шпанските научници велат дека тврдењето дека јадењето пржена храна може да предизвика срцев удар е мит. Според нив, клучот е во видот на маслото за готвење кое се користи и колку често храната се пржи во истото масло.Научниците следеле повеќе од 40 илјади луѓе во текот на 14 години и не пронашле никаква врска меѓу прехраната богата со пржена храна која што Шпанците редовно ја јадат и срцевиот удар. Инаку, луѓето за готвење користеле маслиново и сончогледово масло. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бананата ја намалува главоболкатаБананата е добра за желудникот и срцето, дава енергија, а истражувањата покажуваат и дека е одличен лек против главоболка. Најдобро делува кога се јаде сечена на тенки парчиња и бавно. Ова јужно овошје е богато со калиум, минерал кој ја поттикнува циркулацијата на крвта, ги регулира работата на срцето и крвниот притисок. Доколку бананата не е презрела, содржи и големи количества на скроб кој експресно ја подигнува енергијата и ја обновува силата.Исто така бананата изобилува и со целулоза која е одлична за варењето, кое исто така може да биде причинител на главоболка. За да биде поделотворна, бананата треба да се јаде на празен желудник, а во комбинација со чај од камилица е одличен седатив и средство против стрес. |
|
Внеси реплика | страница <1 1415161718 20> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |