IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ЦАР САМОИЛ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЦАР САМОИЛ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 50>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2006 во 16:32
Ние не фалсификуваме,ние сме горди со нашата историја а вие татарите си немате па присвојувате секаква

Зетска држава

Огромно Василијево државно наследство пада у слабе руке. Иза његове смрти, 1025. год., дође за кратко време на власт брат му Константин, а после овог мужеви и љубимци његове кћери Зое, једне касно удате принцезе, која је у старости журила да надокнади строго и уредно проживљену младост. Двор је поново постао средиште сплетака и узајамних оптуживања. У покрајинама јављају се покрети појединих угледнијих вођа и заповедника, који желе да избију на површину и који теже да се дочепају и самог престола. Са севера почињу да бивају све чешћи упади Печенега, који добро осећају да у Цариграду није сва пажња обраћена питањима одбране државних граница. У Царевини, са новим и случајно нађеним царевима, какав беше, на пример, Михајло IV Пафлагонац, долазе до власти разни сумњиви и скоројевићски елементи. Развија се и корупција. Притисак политички и економски огорчава људе и изазива протесте и побуне. Нови режим прекинуо је и са традицијом Василијеве политике у Македонији. За охридског архиепископа доведен је један Македонац, Лав, учени хартофилакс цариградске Св. Софије. Тако је укинуто последње високо звање словенске хијерархије и окрњено право словенских епископа да бирају свог поглавара.

Међу Словенима још су биле доста живе традиције о својој држави и доста јака племенска свест у супротности према Грцима. С тога је сасвим разумљиво што се на притисак власти јавио јак и бунтован отпор. Тим пре, што је и нова пореска политика византиских власти, с одбијањем примања прихода "у природи", раздражила свет у Македонији. Отворен устанак изби, кад у земљу стиже из грчког ропства Петар Дељан, који се издавао за сина цара Радомира. Устанак је букнуо 1040. год. на северу, у околини Београда, на подручју угрожаваном од Печенега, где се Петар, вероватно, надао и помоћи од Мађара, пошто му је мајка, ако је он доиста био Радомиров син из првог брака, била мађарска принцеза. Устанак се брзо рашири по свој данашњој северној Србији и доприје до Ниша и Скопља.


HISTORY >> PETAR DELJAN'S UPRISING (1040-1041)









After the fall of the Samoil's Macedonian medieval state in 1018, the region was turned into a Byzantine province. The high taxes which the Macedonians had to pay to Byzantine and the feudal masters, were reason for an uprising. Excellent period to start it was in 1040. This uprising had liberation and anti-feudal character. The leader Petar Deljan, was a son of the second Macedonian tzar Gavrilo Radomir, the son of Samoil. His mother was a Hungarian princess, that Gavrilo Radomir threw out of the castle, when he fall in love the in the pretty Irene, from Larisa (city in Thessaly).

Petar Deljan, who was born in Hungary, and in the region Moravia-Belgrade was welcomed by the organizers of the uprising. After crowning, Petar Deljan through Niš, entered Macedonia. On the way to Skopje he was welcomed again as a popular person. A lot of people from Greece, Bulgaria and Serbia joined the uprising, but their causes were different; for the Macedonians, Serbians and Bulgarians the uprising had liberation and anti-feudal character; only for the Greeks was anti-feudal. Soon there were enough people to start the uprising. In a mean time the people in the region of Drač (Durres) start an uprising with their leader, the brave soldier Tihomir. Very soon, near Debar, the uprising troops met each other. They should arrange about the only leader of the uprising. But, soon after the troops found out that about the origin of Petar Deljan, they killed Tihomir. The nephew of Samoil, soon went to attack Solun (Salonica), where was the Byzantine emperor Michail 4th. Afraid of the Macedonian troops he escaped and left Solun. But the uprising troops failed to conquer Solun. Reason for this was Alusijan, the son of Ivan Vladislav. As soon as he heard about the uprising in Macedonia, he left the city Theodosiepolis and went straight to Ostrovo in Macedonia, where the camp of the uprising troops was located. Petar Deljan gave him 40,000 people to go and attack Solun (Salonica). But because of wrong strategy he failed to conquer this city. After he got back in Ostrovo, he blinded Petar Deljan and surrender himself to the Byzantine emperor. After this meeting of Alusijan and the Byzantine emperor, the blind Petar Deljan was to poor to fight against the Byzantines and he was soon discovered by the Byzantine troops and taken to Constantinople (Caridgrad, Instanbul). After this event there was no brave man, who could became a leader of the uprising and it finiished in 1041.


"Petar Deljan after his crowning - accepts his relative Alusijan"

Кон врв
kilar Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kilar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2006 во 15:33
ОД „ХРОНИКА" НА ВИЗАНТИЈСКИОТ АВТОР ЈOAH СКИЛИЦА /XI ВЕК/
ОПИШУВАЊЕ НА НАВЛЕГУВАЊЕТО НА ВАСИЛИЈ II БУГАРОУБИЕЦ
"...Императорот Василиј Бугароубиец, кој сакал да одмазди на Самуил за стореното ги собрал ромејските војки и решил сам да навлезе во Бугарија. Тој навлегол во Бугарија през Родопите и реката Хеброс /Марица/. Го оставил во тил магистар Лав Мелисин и му заповедал да ги, пази проходите, а самиот тој, како преминал през теснините и горите, крај Триадица, наречена порано Сердика /Софија/, стигнал до едно село, наречет Стопонион /Ихтиман/, се разположил на логор там и започнал да обмислува како да ја овладее со обсада Сердика..."


ЗА ВОСТАНИЕТО НА ЦАР ПЕТАР ДЕЛЈАН ВО „ХРОНИКА" ОД СКИЛИЦА
„Тој разгласил, дека е син на Роман, синот на Самуил и го бунтувал народот на Бугарите, кои одскоро го положиле вратот под јарем и силно се стремеле кон слобода. И така луѓето му повервували на зборовите и го провозгласили за цар на Бугарија. Кога тргнал од таму преку Ниш за Скопје, кој е главниот град на Бугарија, тие известувале за него по патот и го славеле."

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2006 во 21:53
Originally posted by kilar kilar напиша:

ОД „ХРОНИКА" НА ВИЗАНТИЈСКИОТ АВТОР ЈOAH СКИЛИЦА /XI ВЕК/
ОПИШУВАЊЕ НА НАВЛЕГУВАЊЕТО НА ВАСИЛИЈ II БУГАРОУБИЕЦ
"...Императорот Василиј Бугароубиец, кој сакал да одмазди на Самуил за стореното ги собрал ромејските војки и решил сам да навлезе во Бугарија. Тој навлегол во Бугарија през Родопите и реката Хеброс /Марица/. Го оставил во тил магистар Лав Мелисин и му заповедал да ги, пази проходите, а самиот тој, како преминал през теснините и горите, крај Триадица, наречена порано Сердика /Софија/, стигнал до едно село, наречет Стопонион /Ихтиман/, се разположил на логор там и започнал да обмислува како да ја овладее со обсада Сердика..."


ЗА ВОСТАНИЕТО НА ЦАР ПЕТАР ДЕЛЈАН ВО „ХРОНИКА" ОД СКИЛИЦА
„Тој разгласил, дека е син на Роман, синот на Самуил и го бунтувал народот на Бугарите, кои одскоро го положиле вратот под јарем и силно се стремеле кон слобода. И така луѓето му повервували на зборовите и го провозгласили за цар на Бугарија. Кога тргнал од таму преку Ниш за Скопје, кој е главниот град на Бугарија, тие известувале за него по патот и го славеле."



ПРЕЗ А?

Кон врв
kilar Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kilar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2006 во 08:00
ЦАР ИВАН ВЛАДИСЛАВ ВНУК НА ЦАР САМУИЛ
и син на Арон води долга и нерамна борба за запазување на државната независност на земјата. За народноста на Самуиловиот род сам Цар Иван Владислав споменува во еден каменен надпис одкриен во град Битола во 1956 година при дособорувањето на Чауш џамия. Надписот е широко познат на историчарите и се запазува во Историскиот музеј во Битола.
НАДПИС ВРЗ ПЛОЧАТА НА ЦАР ИВАН ВЛАДИСЛАВ
„Во 6523 година од сотворението на светот се обнови таа крепост sидана и правена од Јоан самодржец Болгарски и со помошта и со молитвите на пресветата владичица наша Богородица и застопувањето на врховните апостоли таа крепост беше направена за убежиште и за спасување и за животот на Болгарите. Започната беше крепостта Битола во месец октомври во 20 ден, а се заврши во месец ... во крај. Тој самодржец беше Болгарин по род внука на Никола и Рипсимија благоверните, син на Арон, кој е брат на Самуил цар самодржавен и кој двајцата ја разбија во Штипон грчката војска на Цар Василиј каде беше земено злато ... а този в ... цар бидува разбиен од Цар Василиј во /6522 година од сотворението на светот во Клуч и почина во крај на летото."
 
Кон врв
kilar Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 02.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kilar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2006 во 14:15
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2006 во 14:34
А Болгари и Бугари исто ли е 
Кон врв
Bitushanec Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 16.Јануари.2006
Локација: Skopje (Cair)
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bitushanec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2007 во 16:07

Кој бил Самоил?

Цар Самоил е син на Брсјачкиот кнез Никола, кој ја владеел Брсјачката Склавинија во средината на 9 век. Грците (Византијците), словенската титула кнез, ја преведуваат како комитопул. Затоа, не само таткото Никола, туку и неговите синови Давид, Мојсеј, Самоил и Арон во грчките извори се споменуваат како комотопули-kнезови (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 347).

Кнезови (грч. комитопули) се владетели на македонските средновековни кнежевства тнр. склавинии. Македонските склавинии ги основале македонските словени (склавени), во која биле инкорпорирано и староседелското македонско население. Така и настанала симбиоза меѓу староседелците и новодојдените словени од западната група; словените ја примиле византијската култура, додека староседелците словенскиот јазик, поради целосното словенско опкружување не само во цела Македонија, туку и во Тракија, Тесалија, Елада, Мизија. Тоа го докажуваат и археолошките пронајдоци во Македонија, каде сите откриени артефакти во Македонија до 9 век целосно припаѓаат на ромео-италската култура, т.е. визатинско-римска, како кај сите стари народи (Иван Микулчиќ, "Средновековни градови и тврдини во Македониjа", Скопје 1996 год., стр. 28-31).. Од 9 век, почнуваат да се јавуваат и артефакти типично словенски, поради фактот што словенските просветители (Наум, Ангелариј, Климент и Сава) се враќаат од Моравија во Македонија и пренесуваат искуства, традиции, обичаи и воопшто моравска култура во Македонија (пак таму). Поради тоа што културата во Македонија до 9 век била чисто ромео-италска, Микулчиќ тврди дека до 9 век Македонија била населена со византијци, немало словени, а дека дури во 9 век доаѓаат словените, што се коси со сите историски извори (вклучувајќи ги и византиските) дека веќе во 7 век имаме македонски склавинии, кнежевства, па држава Склавинија и словенизирање на староседелците; тоа се прави за да се негира симбиозата на староседелското македонско население со словените и да се докаже чист словенски карактер на денешните Македонци, што е надвор од здравиот разум и искривување на историските факти.

Првата македонска држава и македонските кнежевства- склавиниите
Првите македонски склавинии (кнежевства) се јавуваат од крајот на 6 век. Сите жители на склавиниите по византиските извори се наречени словени (склавенои). Склавиниите честопати стапувале во сојузи меѓу себе со цел подобар напад на Византија, а подоцна и одбрана како од Византија, така од Бугарија и од Антите, Северјаните тнр. бугарски славјани. Во Македонија, Пеонија, најдолна Мизија, Тесалија, Епир, и Тракија до р. Марица се населиле Склавени. Источно од нив се населиле антите, северјаните, за кои се смета дека се словенизирани староседелски ирански племиња. (Васил Н. Златарски, "История на Първото българско Царство, I, Епоха на хуно-българското надмощие (679—852) стр. 40. Литература: R. Rsler, ber der Zeitpunkt der slawischen Ansiedlung an der unteren Donau, Sitz. Ber. W. Akad., Bd. 73 (1873), S. 77—126. — М. Дринов, Заселение Балканското полуострова славянами, Сочинения, т. I, София, 1909, стр. 227 и сл. — М. Соколов, Из древней истории болгар, Петроград, 1879, стр. 40 и сл. — А. Л. Погодин, Из истории славянских передвижений, Петроград, 1901, стр. 49 и сл. — Ст. Станоjевић, Византиjа и Срби, кн. I (1903), стр. 133 и сл., кн. II (1906), стр. 1 и сл. — L. Niederle, Slovanske staroitnosti, Dil 11 (1903), str. 174 и сл. и 400 и сл. — К. Иречек, Историjа Срба, прев. J. Радонић, Београд, 1911, с. 78 и сл.].Славените (slavini, sklaveni) се населиле на запад на Балканите, а источно од нив до Црноморито Антите тнр. бугарски „словени“ (ОБЩОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО-ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА * Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, София, 1989).
Источно од р. Марица во Тракија и во Добруџа се населиле спомнатите Анти (7 племиња) и Северјани , кои биле непријатели со македонските склавени и забележени се нивни меѓусебни борби ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41).

Македонските склавинии се државни формации, а во 7 век формирале и своја држава Македонска Склавинија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347). Таа држава се формирала на етничка Македонија, зафаќајки ја географска Македонија, Пеонија, долна Мезија со Метохија, западна Тракија до долината на р. Места. Cекоја држава имала свој водач, челник, така и оваа наша држава за свој прв КРАЛ го имала рекс ХАТСОН. По византиската средновековна литература, македонскиот крал Хатсон е познат како Рекс Хатсон, а титулата доаѓа од латинскиот поим рекс, кој означува крал. Рекс Хатсон ја водел првата средновековна македонска држава во 20-те години на 7 век (Mirac.,II ,p.1325-1333). Вториот познат крал на првата средновековна македонска држава е Крал ПРЕБОНД, кој владеел во 70-те години на 7 век (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176).

Од крајот на 8 век, Византија ја уништува Македонска Склавинија и држават ја разделува на кнежевства- склавинии. Тогаш, склавиниите биле должни да плаќаат данок на Византија, но ја задржале внатрешната самоуправа, аристократијата и кнезовите. Во 9 век, дел од Македонија, пред се северна, централна и источна Македонија потпаѓаат под бугарска власт. И под власта на Бугарите, македонските склавинии ја задржале внатрешната самоуправа, а на бугарите биле должни да плаќаат данок [79. Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap. 6, в изданието на Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498. T. Tafel, De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII — LXXVIII, et p. 252.]. . Тоа многу убаво го обајснува средновековниот македонски автор Јоан (Иван) Камениатес кој вели дека дел од македонските склавинии плаќаат данок на градот Солун (Византија), а дел на скитите (бугарите), но имале кнезови кои одлучувале самостојно за внатрешните работи на кнежевствата и давањето воена помош на принципалот Византија или Бугарија (81. L. Niederle, 425—428). Вазалноста на македонските склавинии од Бугарија и Византија може да се спореди со вазалниот однос на Република Рагуза (Дубровник) кон Турција, на која и плаќала данок, а за возврат си ја задржала својата внатрешна автономија.



Брсјаците/Берзитите и државата Берзитија

Како што спомнав, кнез на Берзитската Склавинија, една од најголемите, бил таткото на Самоил. Потеклото на Берзитите/Брсјаците е од долината на реката Елба, во денешната германска република Брандербург, во северозападната област Пригниц (Prignitz). Се спомнуваат во средниот век како Бризанер (Vgl. Annales Patherbrunn und Annales Magdeburg. zum Jahr 1136; Bernhardi, Lothar, S. 600 f.; zum folgenden vgl. v. Giesebrecht, Wendische Geschichten, III, 39.). Нивни најблиски комшии во старата татковина, сегашна Германија биле Моравците, Смолјаните (Smeligden), итн. Брсјаците во Германија за време на доцниот среден век се целосно германизирани, а источните Германски Републики Брандербург и Саксонија се претежно составени од германизирани словени.
 
Како една од најголемите склавинии прераснала и во средновековна македонска држава Берзитија која ја спомнува и познатиот хроничар Теофан Конфесор (Theophanes, ibid., p, 447,10–13 ). Берзитија плаќала данок прво на Византија, за да од 9 век ја покори Бугарија и вазалски од тогаш данокот го плаќала на Бугарија. Од бугарските историчари ќе слушнете кретенски контрадикторности и во еден пасус напишани од нив, дури и од познатиот Златарски кој во една реченица тврди дека Берзитите сакале да влезат во бугарскиот сојуз и да докаже дека така станале Бугари, бидејки не може никако бугарската историографија логично да објасни како Македонците, со свои кнежевства, држави кои се бореле против бугарите (прабугарите) и бугарските словени и биле непријатели, станале бугари како нив; во следната реченица пак самиот се негира и вели дека бугарскиот хан Телериг во 773 г. испраќа 12000 војска против Берзитија, за да ја опљачкаат, а населението како робови да го пренесат во Бугарија, но Византија ја спасува Берзитија со 80.000 војска (Васил Н. Златарски "История на Първото българско Царство. I. Епоха на хуно-българското надмощие (679—852)" I изд. София 1918, стр. 303, 302).
 

Македонија под Бугарија и автономијата на македонските етнички територии

Автономијата на македонските склавинии, како политичка, така и религиска ја потпомогнал папата во 866 г. кога наредил на бугарскиот кнез Борис т.е. Михаил секој народ во Бугарија да има посебна црква со свој епископ, а сите епископи да избираат заеднички Архиепископ н а Бугарија. Инаку целото папско правило гласи: ”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc. ”(Правила на св. православна църква с тълкованията им, София, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство”. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018) стр.119-120)
 
Тогаш, бугарскиот цар Борис Михаил ги одвојува Македонците од бугарското царство и создава автономна македонска област (Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.); за управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент, кој воедно ја вршел и задачата на епископ на словенски јазик , каде јазик во средниот век означувал народ.
 
Македонија станала третиот дел од бугарското царство со своја управа. Според , Св. Климент станал автономен управител на целата територија на Македонија, на југ се до Халкидик и Јанина (Ibid. pp. 157 et seq.). Но, забележни се пред Св. Климентовото време и два кмета од Македонија Тамериан и Дристар (Житието на Тивериуполските маченици кај Migne, Patrol. gr., t. 126,ibid., cap. 47, col. 213 A.), кои биле полунезависни владетели на македонските етнички територии во склоп на Бугарија со свои војски и свои крепости (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4698–9).
 
Таков кмет (комитопул) бил и Никола, таткото на Самоил и со таква титула е забележан во византиската историографија (Zonaras, ibid., IV, p. 75).
 

Обновата на Македонска Склавинија

Борбите со Бугарија

Во 968 г. права Бугарија (територијата меѓу Дунав и Стара Планина) е нападната е нападната од Русија и Русите поминувајки ја слабата Бугарија напредуваат кон Византија. Во 969 г. користејки ја зафатеноста на Бугарија со руските напади, четирите брсјачки кнезови (комитопули) кренале бунт против Бугарија и ја отцепиле Берзитија, а кон нив почнале да се приклучуваат и другите делови на етничка Македонија (Васил Н. Златарски, История на Първото българско Царство. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018), страна 609) . Се формирала нова македонска држава, се отцепиле македонските етнички територии од зависноста кон Бугарија.
 
Бугарија не можела ова да прифати формирање нова држава на своја територија. Во 970 г., бугарските цареви Роман и Борис II ја напаѓаат државата на четворицата брсјачки кнезови, со цел да ја уништат и да го задушат востанието на средновековните Македонци (Skyl.255.73-80). Но, Бугарија ослабена од руските напади и од борбите со Византија не успеала да го задуши бунтот во Македонија против нивната власт.
 

Борбите со Византија
Во 971 г. Византија ја покорува Бугарија, а во 973 г. и новосоздасдената, непризната држава на Самоил, освен Берзитија, за која се смета дека останала непокорена. По смртта на Византискиот Император Јован Цимискиј, во 976 г. комитопулите креваат ново востание, сега против Bизантија (Skyl.328f).

Бугарскиот развластен Цар Роман како сојузник на Византија против Самоил
Во 977 г. бугарските соцареви Борис и Роман се ослободени од Византија и пратени во Бугарија за да се борат против комитопулите. Борис II бил убиен од "бугарски" граничар, а Роман заминал во Видин (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4357–13 ). Роман заедно со вистинските бугари се борел во корист на Византијците против Самоил и стигнал се до Скопје. Откако го освоил Скопје, бугаринот Роман го предал градот на византискиот цар Василиј II и за тоа големо дело Роман бил назначен за стратег на Абидос, а ја добил и ромејската почест сан патрициј и препозит (Skul—Cedr., ibid., II, p. 45513–18 ) .
 

Македонска Склавинија
Името на Самоиловата држава се нарекува Славинија. Венецијанскиот дипломат Јован Ѓакон, во најстарата Венецијанска хроника (која го опфаќала времето од 980 - 1008 год., т.е. од времето на Арон и на брат му Самуил), во описот за решението на венецијанскиот дужд Петар Урс (980-1009) да го испрати на заточение својот син во Византија, го соопштува следното:"По извесно време Јован, кој бил на заточение во Зара (Стара Загора, з.м.) избегал најпрво во Славинија, а потоа отишол во Италија." (ЛИБИ, 7. 2. стр. 348).


Преспанската плоча, редок ранокириличен запис од Цар Самоил

Инаку, единствен оригинален запис од Цар Самоил и неговата фамилија е Преспанската Плоча од с. Герман (егејска Македонија), која представува надгробен споменик на неговите тродители, таткото Никола, мајката Римпсинија и братот Давид. Плочата е земена од бугарите и се чува во Националниот музеј во Софија. Сочуван е само краток текст во долниот десен агол на плочата, додека целиот останат тескт е издлабен и плочата e израмнета (”Надгробната плоча најдена во село Герман кај Преспа, Илјада години од востанието на Комитопулите, Преспа 1969 г., стр 85, коментар на Павловиќ). Плочата ја содржела и оригиналната титула и името на Самоиловата држава, што не одговара на бугарската историографија, па затоа најголемиот дел од текстот на плочата е преклесан и израмнет.
 

Битолскиот натпис, од 13 век или бугарски фалсификат
Бугарите за да докажат бугарскиот карактер на Самоиловото Царство ја користат тнр. Битолска плоча од некој Јоан, Цар и Самодржец бугарски (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.). Тие тврдат, дека тоа е натпис од Иван Владислав, внук на Цар Самоил. Но, ако се прочита плочата, ќе се види дека натписот воопшто не одговара на ранокириличен натпис. Имено, зборот "Цар" кај словенските народи се јавува од крајот на 12-ти век, како скратеница од латинскиот збор "Цезар", што го потврдува и бугарскиот историчар Бакалов (Бакалов, "Владетел", стр. 155-8). Во старословенскиот јазик до 12 век, се користел поимот Цезари (Цри) за терминот Цар. Зборот самодржец (словенски) т.е. автократ (лат.) се јавува за време на Второто бугарско царство, во 13 век.
 
Познатиот славист Др. Horace G. Lunt од Харвардскиот Универзитет, ја има анализирано битолската плоча и со сигурност тврди дека таа е од бугарскиот цар од кумано-влашко потекло Јоан Асен II од 1234 г., а не од Иван Владислав, синот на Цар Самоил, зошто по јазикот и ортографијата плочата одговара на 13 век, а не на 11 век. Инаку, историчарите Владимир Мошин и бугарските Јордан и Василка Заимови тврдат дека плочата е од Иван Владислав, но Др. Horace G. Lunt ги демантира и вели дека целосно ја "фалсификувале содржината на плочата за да се извади заклучок на она што тие го посакуваат, а не вистината", додавајки си свои зборови и години. Понатаму, харвардскиот професор пишува: "Заимови уверено го "реставрираат" најголемиот дел од текстот, вклучувајки датуми и сакаат да го ПРИКАЖАТ она што тие го ПРИЖЕЛКУВААТ како непобитен доказ за бројни историски настани, инаку НЕПОЗНАТИ. За жал, дури ни од далеку нема докажани критериуми за yтврдување рано јужнословенски натпис и епиграфскиот материјал е раштркан и екстремно контроверзен. Со должна почит, морам да ја демантирам проценката на Мошин дека текстот (од плочата) одговара на раниот 11 век. Палиографските и јазичните аргументи на Заимови се НЕТОЧНИ и НАИВНИ. Една основна поента: Мошин јасно го забележува фактот дека годината (на плочата) што тој уверено ја реставрира како 6522 (1014) е ИЗЛИЖАНА (”датата е излижана„; стр.39 во "Словенска писменост", П.Илиевски, Охрид, 1966). Навистина годината (на плочата) не е прикажана на ниедна фотографија (забележете дека плочата 2 на Заимови е фризирана-дотерана на необјаснив начин, додека плочата 3 е искрено цртеж), ниту пак годината (на плочата) е најдена на латекс отпечатокот кој (од плочата) го зел Проф. Игор Севченко од Dumbarton Oaks. Претпоставувајки дека плочата не содржи дата, некој може да си додаде 6 и на крај 2 и вертикална линија со делумно поврзување кое може да биде Ф (500); но изгледа многу повеќе како ПС (700) зад кој следи простор доволен за М (40). Ако некој тогаш го претпостави бројот како 6742, годината би била 1234. Ова убаво одговара со ортографијата и јазикот (на плочата) и го идентификува Иван како Асен II, кој ја освоил Македонија 1230 г. Тоа ги урива неточните историски објаснувања елаборирани од Заимови..." [Horace G. Lunt, "Slavic Review", Vol. 31, No. 2 (Jun., 1972), p. 499].

Македонија во византиската тема Бугарија
Од 971 г. бугарската држава не постои, истата влегува во состав на Византија, во која спаѓаше и поголемиот дел на Македонија; слободните територии на Самоил и неговите браќа не беа признати за посебна држава, туку тие беа за Византија само бунтовници. Цариградскиот Патријарх не го признал Самоил за Цар, туку тоа морал да го стори папата Грегур V. Тогаш, Византија ја дели територијата на Бугарија, денешните Македонија, Србија, Црна Гора и дел од Албанија на Теми. Но, за да ги асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на источна Тракија станува тема Македонија (уште во 9 век), а жителите на темата Македонија за византијците се Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Тема Тракија станува Цариград, Босфорот и делови на мала Азија. Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегуваат во византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Бугарија беа за Византија бугари. Права, вистинска Бугарија станува тема Паристрион или Мезија (Мизија), а жителите Паристрионци или Мизи (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101).
 


Мапа на Темите во Византија 1025 г., Македонија со Србија се тема Бугарија, па затоа Византијците од 10 век ги нарекуваат Македонците (и Србите) Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија - Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион- Мизи, Паристрионци. Ако Македонците во 10 век биле Бугари, следува дека денешниве Бугари не се Бугари оти не се наречени Бугари после 972 г., туку Византијците ги нарекуваат Македонци и Паристрионци- Мизијци, според темите на кои припаѓаат.

Така, по византискита книжнина, Македонците ги нарекуваат Бугари, по територијата каде што живеат- тема Бугарија, а пак Македонци за Византија се луѓето од темата Македонија (околу Одрин-Едрене), пред се словенизирани Траки, Евреи, Ерменци, Ромеи-Грци, итн. Затоа, многу од подоцнежните писатели, хроничари и патеписци за Макединија и останатите територии од темата Бугарија, го користат терминот Бугари и согласно со тоа, наоѓаат Бугари во Македонија. Но, истите тие кои се служат со тематската поделба од Византија, Македонци лоцираат во источна Тракија, каде што некогаш била византиската тема Македонија.

Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, по потекло Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос“ (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclopædia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари.
 
Како ермено-словенот Василиј Втори Македонецот беше Македонец, така и Цар Самоил беше бугарин за Византија- жител и владетел на териториите кои припаѓаа на темата Воулгарија.

Седиште на темата Бугарија било Скопје, од каде се управувала не само најголемиот дел од Македонија, туку и Србија, денешна Црна Гора и делови на Албанија. Поради тоа, Србите, како и Црногорците за византијците представувале бугари- жители на темата Бугарија.

Византискиот историчар Лаоник Халкондил вели “Трибалите (средновековно архаично име за Cрби т.е. рашкани) сега се нарекуваат Бугари” (Laonicus Chalcondyles, P.G., т. 159, Op. cit., кол. 26).

Кедрин, најголемиот хроничар на средновековната македонска држава не само Србите, туку и Црногорците ги нарекува Бугари, а црногорскиот принц Константин Бодин, син на црногорскиот кнез Владимир и Самоиловата ќерка Косара го нарекува „Цар на Бугарите“, а целата негова војска составена од Црногорци, која потоа собирала и косовари, е, окарактеризирана како војска на „Бугари“ (Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus 11, Bonnae, 1839, pp 714-719) т.е. војска составена од жители на темата Бугарија. Според бугарската историја, ова би значело дека и Црногорците се Бугари. Неговиот татко Јован Владимир, кнез црногорски, византиските хроничари го нарекуваат секогаш Бугарин (жител на тема Бугарија), па затоа и бугарската црква побрза да го прогласи црногорецот за бугарски светец и денеска неговото име се слави од БПЦ на 22 мај (Види православен календар на Бугарската Православна Црква).

Византискиот хроничар Михаил Псел за востанието на Петар Делјан (внукот на Цар Самоил) тврди дека тоа е востание на племето на "бугарите", а почнало во денешни Војводина и Србија, опфакајки ја цела Србија, за на крај да стигне во Македонија. Крунисувањето на Петар Делјан во цар е одржано во Белград (главниот град на Р. Србија), а Скилица ги означува белграѓани како Бугари (Воулгарои).

Белграѓани прикажани како Бугари со Петар Делјан, Скилица 11 век



Поради тоа, бугарските историчари сакаат да ги прикажат Самоил, неговото царство како бугарско, а Македонија како бугарска земја. Но притоа, ги испуштаат пасусите каде и србите, и црногорците, босанците и херцеговците се означени од страна на византиските историчари исто како Бугари.

Ромеите (Грците, Византијците) кои живееле во темата Бугарија се сметале за Бугари т.е. географски Бугари, жители на Византиска Тема Бугарија.Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.)

Како мнозинското население во византиската тема Бугарија (Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија) било словенско, бугари за грците биле словените, па Теофилакт пишува во своето житие на Св. Климент за "славенскиот или бугарскиот народ", а јазикот во во темата Бугарија го нарекува бугарски. За него, Св. Климент бил "прв епископ на бугарски јазик" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.).

Оттогаш, за Византијците и Грците зборот Бугар станал синоним за словен, а бугарски јазик синоним за словенски јазик. "Краткото житие на Св. Климент", уште наречено "Охридската Легенда", за кое се смета дека е напишано од охридскиот Архиепископ од 13 век, гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), сите словенски народи ги нарекува бугари - волгарои. За словените, грчкиот автор во "Охридска Легенда" пишува: "тие беа иселени во старо време од воената сила на Александар, од крајот Бруса Олимп кон Северниот океан и Мртвото море, а откако поминало многу време, со страшна војска го преминаа Дунав и ги зазедоа сите соседни области: Панонија и Далмација, Тракија и Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), а и голем дел од Македонија и Тесалија" (Охридска легенда- автора на житието — охридския архиепископ Димитрий Хоматиан; Ал.Милев, Гръцките жития на Климент Охридски" , 1966 г. ). Во истата Охридска Легенда, оригинално напишана во 13 век се вели дека папата го ракоположил Методиј за архиепископ на Моравија и Бугарија (тема Бугарија), а Kлимент бил ракоположен од Методиј за епископ на целиот Илирик и на "бугарскиот народ" кој ги владеел тие краишта (Ив. Дуйчев, Краткото Климентово житие от Димитрий Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случай 1050 години от смъртта му" БАН, София, 1966 г., стр. 161—171). За Грците, сите словенски народи што ги населуваат Илирик (Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, мое дополнување), Далмација и Панонија за грците биле бугари и ги нарекуваа со едно име, почнувајки од 10 век.

Кај Скилица-Кедрин сосема јасно е кажано дека Охрид е столицата на темата Бугарија, но не на правата "Аемус Воулгариа" (Kedrinos II 462468.1,652).

За да ги разликуваат правите Бугари од самоиловите "бугари" т.е. жители на темата Воулгариа, од 972 г. византијците почнуваат да ги нарекуваат Мизи, а нивната земја Мизија или пак Парастриноци од тема Парастрион. Византискиот писател Лав Ѓакон од 11 век бугарите ги нарекува Мизи, а Бугарија ја нарекува Мизија (ГИБИ, 5. том, стр. 247). Царот Петар е наречен водач на Мизите (ГИБИ, 5. том, стр.248-249). И Скилица - Кедрин (11 век) исто така пишуваат за Мизи и за Мизија, а не за Бугари и за Бугарија (ГИБИ, том 6., стр. 293-294).


ОХРИДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА И ПОДОЦНА АРХИЕПИСКОПИЈА

Како што истакнав погоре, Св. Климент ја основал првата црква на средновековните Македонци. Од богатата македонска средновековна книжнина, дознаваме дека македонските словенски епископи не биле под јуриздикцијата на бугарската или цариградската патријаршија т.е. имале религиска автономија. Во ниту еден средновековен документ, македонските епископи не спомнуваат бугарски или цариградски веледостојник. По Св. Климент, имало уште 3 генерации словенски епископи од кои зачувано е името на "епископ Марко на словенскиот народ" . Уште во времето на бугарскиот кнез Борис, Македонија добила посебен статус на автономна провинција (Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.), со свои кнезови и свои епископи. За тоа голема заслуга имал и Папата кој во 866 г. наредил на бугарскиот цар секој народ во Бугарија да добие своја црква и свој епископ по тнр. папско правило кое гласи:



По словеномакедонскиот епископ Марко, Цар Самоил ја издигнува Светиклиментовата Црква на ниво на Патријаршија, најверојатно 976 г. Прв Патријарх е гг. Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град (Стандард Нењс, Софиа, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“). Од тој запис се зачувани само делови и можат да се прочитаат имињата на следниве епархии Видинска, Кефалониска (Главенишка), Вериска, Ираклиска (Пелагониска), Скопска, Сардикиска ), Селасфорска (Деволска), Пелска и Призренска. Несомнено, епархии на Охридската Патријаршија биле и Морозвидска, Мегленска, Струмичка, Лариска, Навпатска, Драчка, Липљанска, Рашка, Сремска, Белградска, Браничевска, Нишка, Велбуждска. За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, потребно е благослов од центрите на христијантвото- Цариград или Рим. Цариград не ја признава Самоиловата држава, па затоа тоа го сторува Папата Гргур Петти во година која не е точно утврдена (997-999 г.). Самоил ја зграбил круната од Рим (Extract from the book "Rulers of Bulgaria", Profesor Milcho Lalkov, Ph.D., Kibea Publishing Company, Sofia, Bulgaria).

За време на патријархот Герман, во Бугарија прво го затекнал бугарскиот патријарх Дамјан, а после него доаѓа патријархот Глигориј (Църковен Вестник, Издание на Българската Православна Църква, Година 103, брой 9 и 10, София, 1-30 май 2003, наслов “Българските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА). Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија, ја сведува на ниво на Митрополија Бугарија, па Патријархот гг. Глигориј се упокојува во 1016 г. како „Митрополит Бугарски“, и како таков се слави од БПЦ (види православен календар на Бугарската Православна Црква).

По пропаста на Самоиловото царство, Василиј Втори Македонецот ја намалува диецезата на Охридската Патријаршија само на Тема Бугарија т.е. на најголемиот дел од Македонија, Србија и Црна Гора. Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа што нејзината надлежност била за ЦЕЛА БУГАРИЈА; но, под ЦЕЛА БУГАРИЈА се подразбира целата тема Бугарија, која не ја опфаќаше денешна Бугарија- Добруџа (византиска тема Паристрион, Мезија) и Тракија (византиска тема Македонија), кои тогаш беа потчинети на Цариградската Патријаршија. Диецезата на Охридската Архиепископија се простираше во Бугарија само на територијата која ја населуваа словенските племиња Торлаци и Шопи до градот Видин, што представува десеттина отсто од територијата на цела Бугарија. Тоа го потврдуваат и Хрисивулите на Василиј II, каде зборува за "бугарскиот народ" и епархиите на "цела Бугарија" која се простира од Срем, цела Србија, Косови делови од БиХ и Албанија, Црна Гора, чистословенските област на северозападна Бугарија до Видин и најголемиот дел од Македонија (Иван Снeгаровъ. "История на Охридската Архиепископия" Том 1. От основаването до завладяването на Балканския полуостров от турците, стр. 55-62). Од таму многу јасно се гледа дека под цела Бугарија се подразбира само византиската тема Бугарија, а бугарскиот народ е словенскиот народ од спомнатите територии, оти покрај него, спомнува и турци Вардариоти и власи, мислејки на Романците на север од Дунав.

Како што истакнав погоре, бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква, бидејки била со диецеза на Цела Бугарија и се спомнува бугарскиот народ. Но, не може да прифатиме дека Србите, Црногорците, Македонците, Босанците се сите бугари, а дека Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и делови од БиХ представувале ЦЕЛА БУГАРИЈА, но не и правата Бугарија. Територијата на вистинска Бугарија потпаѓа под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, освен неколкуте епархии во шопскиот и торлачкиот крај, кои останале под јуриздикција на Охридската Архиепископија. За да го оправдаат ова смешно тврдење, од бугарите ќе слушнете дека бугарскиот архиепископ Дамјан избегал во Самоиловото Царство и таму ја пренел својата патријаршија, но археолошки е докажано дека тој останал во Силистра. Гробот на Патријархот гг. Дамјан во 1994 г. е откриен на Силистра (североисточна Бугарија, 1000км оддалечен од Охрид) од страна на доц. др. Стефка Ангелова, дипл. археолог (Standard News, Sofia, ден 21.08.2001, наслов: „Археолози отвориха гроба на патриарх Дамян“, интервју со археолог доц. др. Стефка Ангелова).

Други пак сакаат да докажат дека Бугарскиот Патријарх Глигориј и македонскиот Патријарх Герман се еден ист Патријарх, но пак е тоа една голема лага, оти Св. Глигориј е канонизиран во светец и упокоен како Митрополит Бугарски, со смалена титула од Патријарх во Митрополит од самиот Цар Самоил и македонскиот Патријарх Герман.

Охридската Архиепископија цело време од 1018 г. па се додека е под византиска јуриздикција ја носи титулата "Бугарија на цела тема Бугарија", но и вон византијската управа, кога архиепископи биле грци, за да докажат дека тоа е византиска црква со византиски титули.



Охридската Архиепископија го шири македонското име

Инаку, поданиците на Охридската Архиепископија ја сметале и чувствувале истата како Македонска и таа всушност го ширела македонското име, кое станало синоним за словен. Така, до 17 век, во сите територии кои биле под јуриздикција на Охридската Архиепископија е присутно македонското име, а тие територии биле нарекувани од нивните жители ПРЕДЕЛИ МАКЕДОНСКИ.

Првиот српско-црногорски печатар од почетокот на 16 век, Божидар Вуковиќ во сите свои книги се титулира дека е од Подгорица, во пределите македонски „грешни Божидар Вуковић, отачаством от Диоклитије јеже јест ва пределех мађедонских“ (Beograd, Arhiv Sanu, inv. br. 163, (Oktoih petoglasnik, Venecija, 1536, završeno 27. jula 1537. g. - Pogovor na l. 158`. ZIN I 486, Beograd. Narodna biblioteka Srbije, I 7, (Praznični minej, Venecija, 11. juna 1536 - 19. januara 1538. g.- Pogovor na l. 432 - 433`. ZIN I 494.). Но, не само Божидар Вуковиќ, туку и многу  писатели од Босна, Херцеговина, Србија, Далмација, во периодот по душановото царство,  своите земји ги сметаат за делови на Македонија. 


 

Од кавадаречкиот првенец, г-н Васил Несторов, во 1916 г. бугарската окупациона армија одзела старопечатен "Тримесник", печатан во Шкодра-Скадар од некој г. Стефан, со следнава содржина: „ја свршив оваа Божја книга во лето Христово 1563, месец декември, на К.Д., во деловите на Македонија, во родниот град Скадар...“ (ЦВА, ф. 40. оп. II, а.е. 935, л. 57-58).

 И учените од шопскиот крај на денешна Бугарија, ја сметале својата татковина како дел од Македонија. Во 16 век се познати двајца учени шопи Јаков Крајков „от пределех македонских“ и Јаков „от Македоние“.

Првиот, на еден печатен псалтир запишал: „Аз Јаков от пределех македонских, од места зовом Софија, Крајков син... И аште кому која потреба, в’схоштет от светих книг, то вса сија сут принесена в места Скопје, у Кара Трифуна.“


Вториот, во 1566 г. поговор на печатен псалтир запишал: „Изидох от Македоние, отч’ства моего и в’нидих в западних странах близ Рим, в град Венетиа, и тамо обретох стари калапи Божидара... И аз убо, Јаков родом и от’чством бех иже в подкрили великие гори Осоговцеј, близ Коласискаго [Коласија е старото име на Ќустендил. - Забелешка на Скаловска.], от места нарицаема Камена Река“. (Радмила Угриновска - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 87-88)
Првиот познат македонски книжар е Кара Трифун. Тој во Скопје во втората половина на 16-ти век во неговата „словенска книжарница“ (така стои во старите книги) ги продавал венецијанските изданија на Јаков Крајков, на Ј.Загуровиќ и други црковни книги.

Страница%20од%20Часловот%20на%20Јаков%20Крајков.


Страница од „Часловот“ на Јаков Крајков, „от пределех македонских, од места зовом Софија“.

Според Скаловска: „Јаков, Крајков син од Софија и Јаков од Камена Река, село под Осоговската планина се печатарски трудбеници кои работеле во една од најстарите јужнословенски печатници на Божидар Вуковиќ во втората половина на 16 век.



Изменето од Bitushanec - 26.Јануари.2007 во 16:23
Не учествувам на Форумов веќе 6 години и сакам да го ИЗБРИШАМ профилот/корисничкото име „Битушанец“ од ИДИВИДИ Форумот, ама НЕ можам! Администратори избришете го ова "Bitushanec" корисничко име,плиз
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2007 во 10:37
Reino Macedónico (976-1018)

SAMUEL 976-1014
GABRIEL RADOMIR 1014-1015
JUAN VLADISLAV 1015-1018
Dominación de Bizancio 1018-1185
Reino Macedónico
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2007 во 10:47


Reino Macedónico (976-1018)
Знаеш ли што значи ?

Изменето од macedon_alex - 18.Јуни.2009 во 20:45
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2007 во 10:54
Пишува дека е цар Македонски , ние за разлика од Бугарите учиме во историјата дека Самуил е од Ерменско потекло како и другите низ светот.Самуил е прогласен за цар на Македонија како земја

Изменето од Boogie - 20.Февруари.2007 во 10:55
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2007 во 17:01
Па зошто мене ме прашуваш кога ти си претпоставуваш што мислеле луѓето што го пишувале тоа.Јас не вадам заклучоци и претпоставки јас само тоа што е напишано ко копирав а вие видете па заклучувајте си како што ви одговара.Те прашав дали знаеш што значи
Reino Macedónico
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2007 во 17:53
Бараш меѓу редови да читаме а не одговараш зошто пишува Македонско Царство ама нема врска види што друго најдов
The Bulgars were also gravely mistaken about the Emperor. Nicephorus ordered the ambassadors of that county to be whipped when they demanded payment of a tribute agreed upon long years ago.
However, Nicephorus Phocas very wisely refused to be distracted from his campaigns in the East and he offered Sviatoslav, a Russian prince, a reward for fighting against the Bulgars and teaching them a lesson.
The Russian prince took full advantage of the opportunity to extend his dominions south of the Danube. In 969 he defeated the Bulgars and became a powerful force and by threatening Byzantium showed that Phocas had erred in calling him in to help the Empire. This was an error that was further compounded by the Byzantine policy in the first half of the 10th century of preferring the Russians to their own historic allies, the Khazars, who ultimately disappeared under Slavic rule.
This dark shadow in the Balkans was a major problem that the Emperor either could not or would not foresee.
The Uprising in Macedonia
Due to the death of John Tzimisces and taking advantage of the civil war declared by Bardas Skleros which occupied the attention of the armies of Byzantium for several years, Macedonia experienced a large-scale uprising which eventually took on the characteristics of a war of liberation against the Empire.

So it was that in 976 when the great warrior emperor was dead and Byzantium was distracted with one of its frequent struggles for power the entire region of Macedonia was gripped by the Cometopouloi uprising, which resulted in the foundation of a new Empire, the Macedonian Bulgar Empire.

The dethroned Czar Boris, who had been a prisoner in Constantinople ever since John Tzimisces deftly used him against Sviatoslav and then let him drop, learned of this insurrection and fled the Byzantine capital with his brother Romanus, heading for his homeland.

Here one of those unique events took place that history capriciously throws up against its protagonists: when Boris crossed the border the Bulgar soldiers mistook his identity and he died at the hands of his own subjects.

Romanus could not be crowned Czar because the Byzantines had castrated him, and being an “incomplete man” he could not take command of the new empire

This left Samuel, who took command from this moment on and later on took the crown of Czar of the Macedonian Empire.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2007 во 20:17

This left Samuel, who took command from this moment on and later on took the crown of Czar of the Macedonian Empire.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2007 во 02:47
Miriam
Нов член
Нов%20член
Лик
Регистриран: 25.Април.2007
Локација:
United States
Онлајн статус: Онлајн
Пораки: 34
Цитирај Miriam Одговорbullet Испратена: Денес во 02:10
Добро ајде да речеме дека Википедија е неверодостојна (макар што насекаде освен по македонските книги и сајтови го пишува истото). А знаеш дека Василиј го викаат "Бугароубиец"? Хммм... Basil the Bulgar-Slayer... Демек убил Бугарин, а не Македонец...
Не само во Википедија - дома имам и Британика, ама не ми се препишува...

Не велам дека сум во право, туку само дека според тоа што денеска се смета за историја, од светски историчари а не од македонски, Самуил не го сметаат за Македонец. За жал. Инаку и јас како мала си имам читано книшки и се имам радувано дека многу значајна историја ни има земјата:))
Try again. Fail again. Fail better.
IP IP: 70.23.244.153 Измени%20порака Избриши%20порака Сокриј%20порака Премести%20порака

Toggle Email Notification for this Topic

Бидејки мислам дека неможеше да ја најдеш темата еве ја префрлив твојата порака овде на оваа тема која е за Самуил па може да продолжиме со дискусијата доколку си расположен,но се надевам дека како што твоите пишувања не ме лутат мене нема ни моите да те лутат тебе.И исто се надевам не се лутиш што ја префрлам твојата порака овде бидејки ова е темата поставена каде што дискутиравме претходно за Самуил.Може да прочиташ за сето она што е претходно напишано па може да продолжиме од таму каде што мислиш дека ти е нејасно.

Иначе Самуил е роден во Македонија но по потекло е Ерменец( или барем така тврдат историските извори низ светот,всушност неговиот татко е Ерменец за мајка му не се знае.Стафан Таронски пишува:„Тие биле од ерменскиот народ и по потекло од провинција Дерџан,а император Василиј ги префрлил со наемните војски во Македонија да се борат против Бугарите“
Wink

Изменето од Boogie - 17.Мај.2007 во 02:47
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 50>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,387 секунди.