|
Правна помош |
Внеси реплика | страница <1 1314151617 23> |
Автор | ||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Договорот за закуп е договор кој не мора да биде склучен во писмена форма, освен доколку страните не се договорат така, или со закон не е определено.
Доколку сеуште не изминало времето на траење на закупот, закуподавачот нема право да го затвори просторот и да го попречува закупувачот во користење на стварта која е дадена под закуп, бидејќи со тоа го крши договорот и закупувачот има право да бара судска заштита на правата. Доколку навистина закуподавачот нанесува штета, секако дека истата треба да ја нбадомести. |
||
chat-pat
Нов член Регистриран: 30.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Dali nekoj znae kako odi kategorizacijata vo kreditnoto biro za fiz lica?
|
||
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако редовно,уредно си го плаќам данокот на имот секоја година,ако сум ги доставила сите потребни документи вклучително и оставинска постапка,за пренос на имот,дали моја обврска е да одам во нивното сметководство да си ги прокнижам уплатниците за платен данок,за да не ме водат како должник уназад 3 год.?????Нели тоа е нивна обврска и работа за која се платени?
Те шетаат од барака во барака,од шалтер на шалтер.не 16 барака,13 барака,па те гледа бледо незнае што треба да направи,па ти дава формулари да пријавиш имот, а тој е пријавен пред 50 и повеке години,па те праќа во 15 барака,а тамо 100 души чекаат на ред,и после чекање од 1/2 час се заклучува канцеларијата,дојдете утре...вика. Ова е луда држава,не држава....луѓе.Па мора ли за нај банални работи да фаќаме „врски„ Значи дали моја обврска е да одам во смедководсто да ги прокнижам уплатниците? |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Od moeto iskustvo pred nedela dena...
Vo baraka br.16 od "Upravata za prihodi" (Gradski park-Skopje), na shalter br.2 zemav formular i po uplatata na taksite se upativ na shalter br.6 (so uplatnica od poslednata godina za platen danok) i tamu vo rok od 5 minuti bev izvesten deka potrebniot dokument ( deka stanot nema nikakvi minatogodishni dolgovi na ime neplaten danok ) kje mozham da go podignam posle 5 rabotni dena. Jas pojdov posle 4 rabotni dena i toj beshe podgotven za mene. Ova potvrda mi beshe potrebna za da ja formaliziram ostavinskata postapka so menuvanje na imeto na sopstvenost vo Katastar. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А мене ме изнашетаа....изгледа не им беше денот!
|
||
Elmo
Нов член Gresnik i Otpadnik Регистриран: 20.Август.2010 Статус: Офлајн Поени: 13 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Dali moze vo edno pismo da ima dva dokumenta od sudot. Na primer presuda od apelacija i pokana za sudenje vo parnicna postapka. Pokonkretno dali so edno pismeno moze da se ispracaat poveke dokumenti od sudot....Imav sreca navreme vidov inaku ke me zaebaa ovie.
|
||
Sakam da kazam neznam da recam
|
||
blek stena
Нов член Регистриран: 09.Ноември.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во едно судско писмо може да има повеќе документи што се поврзани со истиот судски процес (покана за рочиште, покана за одговор на тужба, пресуда, жалба на пресуда) све додека го носат истиот број на предмет.
|
||
AnaMKD
Нов член Регистриран: 16.Декември.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Здраво на сите,
Имам едно прашање во врска со застареноста на тужените сметки од ЕВН. Имено, се работи за сметки направени во 97, 98 и 99 година и покрената е тужба за нив, но никогаш на врата никој не ни доставил тужба. Е сега, разлистувајќи го Законот за облигациони односи односно Побарувања утврдени пред судот или пред друг надлежен орган Член 368 (1) Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за десет години, па и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок на застареност. Со оглед на фактот што да речеме од 99 година до сега поминати се повеќе од 12 години, дали можам да се повикам на овој член кој вели дека застареност на ваквите побарувања има по истекот на 10 години. Што викате? Ве молам за совет, не се работи за мал долг...за несреќа јас и мајка ми воопшто незнаевме дека постои, односно нејзините родители го имаат направено... фала ви однапред |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Немало потреба да ви достават тужба, затоа што во постапка за издавање платен налог не мора да бидат сослушани двете страни. Поднеси приговор за застареност на побарувањето пред судот пред кој се води постапка за платен налог. Судот не води сметка за застареноста по службена должност, туку само по приговор на странките, бидејќи не се одржува рочиште.Правото на правна заштита при таквите побарувања застаруваат за една година. Доколку во тој период не е поведена постапката, тогаш ти на оваа постапка веднаш можеш да поднесеш приговор дека побарувањето е застарено. Доколку постапката е отпочната по први Јули, истата се води пред нотар, како повереник на судот. Појди до надлежниот суд пред кој е поведена постапката и поднеси приговор за застарување на побарувањето. Членот кој го гледате се однесува на застареност на побарувања утврдени со пресуда, која станала правосилна или извршна. Тогаш рокот е десет години, како и што пишува во членот. Доколку е само поведена постапка а не постои извршна исправа, тогаш важи рокот од една година од членот 367 од ЗОО и треба да поднесете жалба. Најдобро ќе биде да појдете до судот и да прашате кога е поведена постапката и да поднесете приговор за застарување на побарувањето.
|
||
AnaMKD
Нов член Регистриран: 16.Декември.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Фала ти многу на исцрпниот одговор.
Имам само уште едно дополнително прашање. Работата е тоа што јас немам појма дали е поведена постапка и немам никаков документ врз основа на кој можам во суд да дадам приговор. Единствено што знам е дека на сметките за струја го пишува заостанатиот долг. Кога се јавив на бројот за корисници во ЕВН ми кажаа дека се работи за тужени сметки од 97,98 и 99 година. Ги прашав со кој датум се тужени, незнае да ми одговорат. Ми рекоа оди во КЕЦ Аеродром и таму поднеси приговор за застареност на долгот. Мене ми е малку по логично тој приговор да оди до суд, но немам ни пресуда правосилна/извршна за да се повикам на 10 години застареност. Дали ми ја разбираш конфузијата? :) Би ти била многу многу благодарна ако ми одговориш, затоа што воопшто не се работи за мал долг, а за кој најмалку сум јас крива,а секако би останал на мој грб доколку не превземам било каква активност... |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Штом на сметките пишува, тоа значи дека е поведена постапка, очигледно за издавање платен налог. Доколку пред судот истакнеш приговор за застареност на долгот, судот е тој кој ќе согледа дали постои застареност, односно ќе ги види датумите на сметките доставени до него, потоа ќе види кога е поведена постапката против тебе и ќе види дали станува збор за застареност на побарувањето. Не ти треба пресуда за да поднесеш приговор. Во конкретниот случај, бидејќи немаш пресуда, односно постапката е во тек, не ти треба овој рок, туку оној кој говори за застарување во рок од една година. Секако дека приговорот ќе го доставиш до суд, а бидејќи живееш во Аеродром, тоа значи дека истиот ќе го доставиш до Основниот суд Скопје II- Скопје.
Појди до Основниот Суд Скопје II- Скопје и прашај дали пред тој суд има некаква постапка против тебе. Со тебе носи ги сметките на кои го пишува заостанатиот долг и дека е покрената постапка против тебе. Изменето од Македон - 17.Декември.2011 во 15:30 |
||
матео98
Нов член Регистриран: 18.Декември.2011 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
поздрав...ако мозе некој да ми даде совет...одам на работа не пријавен и ја повредувам раката ...дали има некој основа за остета или тужба....
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Доколку немаш договор за вработување, или пак некој друг правен основ за работење кај тој работодавач, навистина не можам да се сетам на кој начин ти ќе успееш да докажеш дека имаш право на надомест на штета.
|
||
матео98
Нов член Регистриран: 18.Декември.2011 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
претпоставував дека е така но се надевав дека има некој некој нацин да се натера газдата да ги поднесе последиците за неговата негриза за вработените ...но по се изгледа дека нема...благодаран на одговорот МАКЕДОН
|
||
Внеси реплика | страница <1 1314151617 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |