IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Новини од медицинската област
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новини од медицинската област

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2011 во 11:57
Не е до твојата'' старост'' опушти се,моја грешка беше .намигнување
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2011 во 10:34
Нешто вон стандардно и голем чекор напред ќе се постигне на полето -здравство со воведувањето на ваков центар во Геронтолошкиот завод 13-ти Ноември .

Од вчера почна да функционира и кол центарот кој ќе овозможи советување со стручни лица за превенирање на појава на декубитуси,затоа што лекувањето и третманот на вакви лица е долготраен и многу скап процес.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2011 во 15:33
Овде можете да постирате се што се вовело или допрва ќе се воведува во оваа област,така да темава би имала еден вид информативен карактер и секому може да му биде од полза .

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2011 во 15:49
Наскоро нова таблета против рак на простата

Новиот лек, кој моментално се вика MDV3100, се покажал успешен кај пациентите кои не дале одговор на другите лекови.

Лекарите наскоро би можеле да имаат моќно оружје во борбата против ракот на простата. Се работи за таблета која се зема еднаш дневно. Тестирањата покажале дека овој лек ги намалува туморите и, дури го запира нивниот раст, јавува „Daily Mail“. Лекот би можел да го продолжи животот на мажите кои веќе се заболени од рак на простата.

Научниците тврдат дека лекот би можел да се најде на пазарот веќе за 3 години, откога ќе завршат сите потребни тестирања. Тој би можел да го спаси животот на мажите со ран рак на простата, а да го продолжи животот на оние пациенти кои веќе се со напреднат рак на простата.

Ракот на простата е втор по честота рак кај мажите, а неговото ширење во оддалечените ткива и органи доведува до смрт.

Новиот лек - MDV3100 покажал успешно делување таму каде што другите лекови затаиле, тврдат научниците. Американските научници го тестирале лекот на 30 пациенти со напреднат стадиум на рак на простата, кои станале отпорни на сите други лекови.

Многу раната фаза I/II на тестирање на штетноста на овој лек на 30 - те пациенти покажала дека тој е безбеден за употреба и дека под негово дејство туморот може да се намали, истакнуваат научниците од Меморијалниот центар за рак Sloan-Kettering.

Мажите со напреднат рак на простата често се лекуваат со т.н.„кастрациона терапија“ – односно со лекови кои ја блокираат продукцијата на тестостеронот, машкиот полов хормон, под чие дејство настануваат, растат и се шират туморите на простатата. Но, кај голем број пациенти, раковите клетки по одреден период стануват отпорни на терапијата. Поради тоа, истражувачите работеле на тоа да пронајдат лек кој ќе биде делотворен и покрај мутацијата на раковите клетки, која довела до отпорност на применетите лекови.

Така настанал новиот лек „MDV3100“, кој во клиничките тестирања кај 13 од 30 пациенти (43%) довел до трајно намалување (за преку 50%) на специфичниот туморски маркер ПСА во серумот. Намалувањето на нивото на ПСА во серумот е индикатор за намалувањето на туморот.

„MDV3100“ е антагонист на андрогените рецептори, што значи дека го спречува тестостеронот да навлезе во клетките на простатата.

Поголеми дози од лекот ги намалуваат туморите или го запираат нивниот раст.

Клиничките испитувања на лекот ќе започнат при крајот на 2009 година, а ќе се спроведат на 3 000 пациенти со рак на простата.

Ракот на простатата секоја година убива 254.000 луѓе во светот, а од нив, 29.000 се во САД.



Изменето од renatax - 27.Октомври.2011 во 15:49
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2011 во 12:44
Најнова студија за витаминот Д како превенција на ракот



Постојат бројни клинички студии кои ја испитувале улогата на витаминот Д во превенцијата на ракот. Некои од овие студии покажале дека овој витамин го намалува ризикот за настанување на некои видови на рак, додека пак, други студии не ги потврдиле овие резултати.

Најновата студија вели дека витаминот Д ќе стане неопходен суплемент за намалување на ризикот од рак на дојка и на дебело црево.

Земањето на витамин Д го намалува ризикот за добивање на рак на дојка за една четвртина, а истовремено го намалува и ризикот за добивање на рак на дебело црево за една третина, тврдат научниците.

Резултатите од оваа студија ги натерала министерствата за здравство на Канада, САД, Шкотска, Велика Британија и на други земји, да ги советуваат своите жители да внесуваат поголема количина на витамин Д, посебно во зимските месеци.

Ова откритие се темели на студија која анализирала 2 750 истражувања за витаминот Д. Врз основа на тие анализи, студијата покажала дека земањето на витаминот Д во вид на суплементи е корисно за превенција на ракот.

Телото го произведува витаминот Д во месеците која сонцето е најјако и кога телото е изложено на сончевите зраци. Затоа, во зимските месеци, жителите на земјите кои живеат 30 степени северно од Екваторот, се изложени на поголем ризик за добивање на рак, пишува часописот „Independent“.

Министерствата за здравство на Канада, САД, Шкотска, Велика Британија и на други северни земји се спремаат да го воведат витаминот Д како неопходен суплемент, кој би се внесувал во организмoт и до десет пати повеќе отколку што е тоа вообичаено.


Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2011 во 12:47
Откриен нов начин за убивање на канцерогени клетки

Научниците од Лондонскиот Институт за истражување на ракот тврдат дека откриле нов начин за убивање на малигните клетки.

Ова откритие го менува уверувањето дека единствениот начин на убивање на малигните клетки е преку процесот наречен апоптоза. Овој процес често е блокиран од страна на клетките на ракот, што доведува до неефикасност на голем број на лекови.

Новиот процес се нарекува некроптоза и тој ги убива туморите така што ги заобиколува одбранбените механизми на клетките и активира група на протеини кои „ги тераат“ клетките на овој вид на умирање.

Ова ново откритие објаснува зошто многу луѓе не реагираат на хемотерапија, и дава надеж за развој на целни третмани кои ќе ги убијат малигните клетки отпорни на апоптоза.


Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2011 во 09:36
На повидок превентивна вакцина против хепатит Ц

Француските научници развиле нова вакцина против хепатитот Ц, која може да понуди прв ефективен начин за спречување на инфекцијата, која може да предизвика опасно хронично воспаление на црниот дроб и примарен рак на црниот дроб (хепатоцелуларен карцином).

Новата експериментална вакцина е успешно тестирана на животни, но се уште не е тестира на луѓе. При тоа се покажало дека новата вакцина предизвика силна активност на неутрализирачките антитела. Овие антитела успеале да се изборат со повеќе варијанти на вирусот на хепатитот Ц во текот на испитувањето, покажувајќи дека новата вакцина би требала да биде ефикасна и кога вирусот мутира, тврдат истражувачите.

Експериментална вакцина користи честички слични на вирусот, но не се заразни, бидејќи не содржат генетски материјал од вирусот.

„За превентивната вакцина, неутрализирачките антитела се апсолутно неоходни, но таа, исто така, ќе биде голема предност и за терапевтските производи“, изјавил Dr. David Klatzmann, член на истражувачкиот тим.

Истражувачите изјавиле дека тестирањето на новата вакцина на луѓе би требало да започне во 2012 година.




Изменето од Renatax - 05.Декември.2011 во 09:52
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 01:05
Originally posted by Renatax Renatax напиша:

На повидок превентивна вакцина против хепатит Ц

......................................
....ma ne,..kako,изненадување...toa e samo,ushte edna vakcina so koja sakaat da mu go ''spopikaat'' na svetot!намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2012 во 18:17
Нова експериментална вакцина која се покажала ефикасна против 70% смртоносни видови на рак


Вакцината која во моментов ја развиваат американските научници покажала 80% ефикасност против неколку врсти на рак, покажале истражувањата спроведени на лабораториските глувци.

Научниците од University Of Georgia и Mayo Clinic успеале да го намалат ракот на дојката за 80% во експериментите спроведени на лабораториските глувци. Тие сметаат дека оваа вакцина би можела да биде ефикасна и кај ракот на простатата, ракот на дебелото црево, ракот на јајчникот и ракот на панкреасот. Научниците тврдат дека ова супервакцина покажала успех кај 70% смртоносни видови на рак.

За разлика од моментално актуелните лекови за туморите,кои ги напаѓаат клетките на ракот, оваа вакцина делува на имунолошкиот систем – го зајакнува така да организмот би можел самиот да се бори против ракот.

До сега во своето истражување, научниците вложиле преку милијарда долари, но сепак е прерано да се каже колку би чинела една доза од оваа вакцина. Следниот чекор е да се испита делувањето на оваа вакцина кај луѓето, а проектот би требало да започне по две години.

Доколку се покаже како успешна, вакцината би можела да биде достапна за лекување во 2020-та година.


Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2012 во 10:57
Научниците создале клетки на црн дроб од мал примерок на човекова кожа


Научниците од Cambridge University за првпат создале клетки на црн дроб од мал примерок на човекова кожа. Тие успеале со репрограмирање на клетките на кожата да создадат клетки од црниот дроб, што би можело да доведе до развој на нови терапии за болестите на црниот дроб.

Prof. Mark Thursz

Prof. Mark Thursz

Бидејќи клетките на црниот дроб (хепатоцити) не можат да се одгледуваат во лабораторија, проучувањето на пореметувањата на црниот дроб е многу тешко.

Со репликација на клетките на органите, научниците можат не само да испитаат што се случува во заболената клетка, туку и да ја тестираат ефикасноса на новите терапии за лекување на овие болести. Научниците се надеваат дека нивното откритие ќе доведе до прилагодени третмани за поединците и евентуално до терапија базирана на клетките (кај која клетките на пациентот со генетски заболување ќе бидат излекувани и повторно пресадени). Со овој пристап и со употреба на таканаречени индуцирани плурипотентни матични клетки се заобиколува потребата за контроверзното користење на матични клетки со потекло од ембриони стари неколку дена.

Во истражувањето, научниците земале примероци од кожата на седум пациенти кои боледувале од различни наследни болести на црниот дроб и примероци од три здрави лица (контролна група). Потоа ги репрограмирале клетките од примероците ка кожата и матичните клетки. Тие матични клетки потоа биле користени за генерирање на клетки на црниот дроб и за стварање на „здрави“ клетки на црниот дроб од контролната група.

Prof. Mark Thursz, специјалист за болестите на црниот дроб и професор по хепатологија Imperial College, ја коментирал важноста на истражувањето:

„Болестите на црниот дроб се петта по ред најчеста причина за смрт во развиените земји, после кардиоваскуларните болести, ракот, мозочниот удар и болестите на респираторниот систем. Болестите на црниот дроб се во постојан пораст. Стварањето на специфични линии на клетки на црниот дроб на пациентот претставува значаен напредок во борбата против болестите на црниот дроб. Оваа технологија краткорочно гледано пружа нови методи за истражување на болестите на црниот дроб, а од долгорочен аспект претставува потенцијален извор на здрави клетки на црн дроб за пациентите со тешки оштетувања на овој орган“.

Истражувањето било објавено во научниот часопис „Journal of Clinical Investigation“.


Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Audiofil Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 374
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Audiofil Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2012 во 13:00
http://www.ivonazivkovic.net/AUTIZAM/AUTIZAM.html
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2012 во 00:14
da...za  40 godini,...site tie milijardi ke bidat  autisti !

...toa i im e namerata!



.....samo ,chista  srekja shto svetot ja ima...ivona!да

...za da im gi otvori ochite i umot na lugjeto na vreme.

ма ајде
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2012 во 15:46
Originally posted by Audiofil Audiofil напиша:

http://www.ivonazivkovic.net/AUTIZAM/AUTIZAM.html

Авторката на текстот нека оди и нека им го објасни ова на родителите на децата кои во Пакистан починаа од епидемија на мали сипаници, како резултат на недостаток на вакцини против истите.

Навистина не ми е јасно како луѓето можат да пишуваат вакви нешта, а да заборават на основен факт од историјата и медицината, а тоа е дека се до пред неколку десетици години, дури и овде умирале луѓето кои немале доволно силен имунитет да се борат против малата сипаница.

brza, не е проблем постоењето на луѓе како авторката, барем се додека не се на значајна функција во општеството, туку проблем е тоа што поради вакви нешта во многу земји во светот повторно се појавуваат болести кои со помош на вакцинацијата човештвото успеало да ги победи. 

Не велам дека сите вакцини се перфектни, но, конкретната вакцина е причина за спасување на милиони детски животи.
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2013 во 22:33

Почна акцијата за градење позитивно мислење за донирањето органи

14.10.2013

Создавање позитивно јавно мислење за важноста на донирањето органи и развој на трансплантацијата во државата, е целта на кампањата под мотото „Кога животот ќе заврши подари живот“, чиј почеток со прес-конференција го најавија Лекарската комора на Македонија и невладината организација Мактрансплант во рамките на одбележувањето на 12 Октомври, Европскиот ден на дарувањето органи. Во наредниот период, како што беше посочено, лекари-специјалисти од Клиниката за нефрологија ќе организираат предавања за матичните лекари на кои ќе ги информираат за новиот Закон за трансплантација на органи и ткива, како и за тоа како тие може да помогнат во едукација на населението. Во рамките на кампањата што се организира во соработка со Здружението на нефролози при МЛД и Универзитетската клиника за нефрологија ќе се подготват и флаери и постери со кои ќе се промовираат донорството и неговото значење.
Претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Кочо Чакалароски истакна дека донирањето органи е највисок чин на алтруизам и дека за созадавањето на позитивно јавно мислење и развој на трансплантацијата многу важна е и довербата во здравствениот систем. "Македонија има многу современ Закон за трансплантација на органи, а последната измена и дополнување овозможува да се користат органите од кадаверични донори доколку не постоело противење за истиот акт", посочи проф. Чакалароски. Ако некој, укажа тој, не сака да биде предмет на дарување орган во случај на негова смрт, треба кај нотар да се запише на анонимна листа на недарители на органи која ќе се испочитува до крај.

"Доколку не е најдена таа листа на потенцијалниот донор тогаш семсјството е тоа кое во крајната истанца ќе одлучи. Ние неможеме да земеме орган доколку наидеме на отпор од страна на семејството", додаде проф. Чакалароски. Според него, Македонија ќе ги користи најсовремените начини за докажување мозочна смрт.

Д-р Игор Николов од тимот за трансплантација од Клиниката за нефрологија истакна дека идејата на кампањата е да се подигне свеста за донирањето и кај лекарите и кај грѓаните, кај пациентите. Во рамки на активностите се подготвени 10.000 постери и 100.000 флаери кои ќе бидат дистрибуирани во ординациите на матичните лекари, како начин за информирање на јавноста.

Според Законот за трансплантација на органи и ткива, освен од жив дарител, како донор на органи може да се јави и лице кое се наоѓа во состојба на мозочна смрт (кадаверична трансплантација). Законот предвидува сите државјани на Република Македонија да се потенцијални донори, а последниот збор за тоа дали ќе се донираат органите го има семејството. Во Македонија засега годишно се прават педесетина трансплантации на бубрези, а како донор се јавува некој близок роднина на пациентот. Кај деца се трансплантира и црн дроб, исто така од роднина. Кадаверичната трансплантација, иако е голема можност, засега останува неискористена. Проценките покажуваат дека годишно во земјата има околу 120 лица кои настрадале во сообраќајна несреќа или заради некоја друга ситуација доживеале мозочна смрт.

НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,563 секунди.