|
Коктели |
Внеси реплика | страница <1 34567 13> |
Автор | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
СангријаПравите приватна забава со омилените пријатели и ви треба лесен, колоритен и вкусен летен пијалок? Нема подобар избор од сангријата. Фантастичната комбинација од свежо овошје и црвено или бело вино ќе го задоволи секој вкус, а вие нема да останете без пофалби за инвентивната забава. Сангријата е шпански пијалок, а своето име го добила од зборот сангре, што во превод значи крв. Постојат многу различни рецепти за правење на сангрија, но еве еден којшто ќе ви го долови вкусот на традиционалната сангрија. Традиционална сангријаСостојки
ПодготовкаВо голем бокал ставете ги виното, брендито, сокот од портокал и шеќерот и мешајте додека шеќерот не се раствори. Додајте го исечканото овошје и ставете го бокалот во фрижидер. Оставете го барем неколку часа. Извадете го бокалот од фрижидер, додајте ја газираната вода и служете во чаши со мраз. Сангрија бланка (бела сангрија)Кога сангријата се приготвува со бело вино, се нарекува сангрија бланка. Еве рецепт за сангрија наменет за љубителите на белото вино. Состојки
ПодготовкаВо голем бокал ставете ги сокот од лимон, сокот од портокал и шеќерот и мешајте додека не се растопи шеќерот. Додајте го виното, ликерот и исечканите плодови. Оставете го бокалот да стои во фрижидер барем неколку часа. Извадете го бокалот од фрижидер, додајте ја газираната вода и послужете во чаши со мраз. Совети
Искористете ја својата фантазија и креативност и направете своја оригинална сангрија, којашто ќе ја памети целото друштво. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
КосмополитенКосмополитен (Cosmopolitan) е софистициран коктел базиран на водка и зачинет со аромата на портокал и брусница. За прв пат е создаден во Сан Франциско, а станува популарен во 80-тите и 90-тите години. Накратко се нарекува Космо. Состојки
ПодготовкаКосмополитен се служи во чаша за мартини. 1.Во чашата ставете мраз и оставете го да стои додека го приготвувате коктелот. 2.Во шејкер ставете ги сокот од брусница, ликерот од портокал и водката. Исцедете половина зелен лимон и додајте мраз. 3.Растресете го шејкерот. Штом однадвор се појави кондензација, состојките се добро промешани. Потребни ви се околу 20 секунди. 4.Истурете го од чашата мразот кој го ставивте претходно. 5.Прецедете ја течноста од шејкерот и налејте ја во чашата. 6.Украсете со кора од портокал или лимон. Уживајте! Изменето од Valerija - 02.Ноември.2011 во 12:54 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Sex on the beachSex on the beach (Секс на плажа) е еден од најпопуларните коктели. Освежителен е и вкусен. Едноставно вреди да се проба. Состојки
ПодготовкаКоктелот се служи во висока чаша без рачки.
На здравје! |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ДаикириДаикири (Daiquiri) е едноставен коктел со незаборавлив вкус. Ако румот е вашиот омилен пијалок нема како, а да не ви се допадне овој коктел. Состојки
ПодготовкаДаикири се служи во чаша за мартини.
ВаријацииВи предлагаме да пробате и неколку популарни варијации на коктелот Даикири:
На здравје! |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
МохитоИсторија на коктелот МохитоКоктелот Мохито потекнува од Куба, но има различни приказни за тоа како е создаден. Според една приказна коктелот Мохито е создаден во 16 век од пиратот сер Френсис Дрејк, кој го подготвувал со примитивна верзија на рум, шеќер, зелен лимон и нане. Коктелот направен од тие состојки се нарекувал „El draque“ или „Змејот“. Според друга верзија, Мохито е создаден во 19 век од робовите кои што работеле на полињата со шеќерна трска. Многумина сметаат дека вистинскиот дом на овој коктел е ресторанот „La Bodeguita del Medio“ во Хавана, каде што Ернест Хемингвеј бил лојален гостин. Состојки
ПодготовкаМохито се служи во висока чаша без рачка.
ВаријацииПостојат различни верзии на овој коктел. Оригиналното Бакарди Мохито се прави со: 12 ливчиња нане, ½ зелен лимон, 45ml Бакарди бел рум, 2 супени лажици шеќерен сируп и малку газирана вода. Експериментирајте и обидете се да создадете ваша верзија на освежителниот коктел Мохито. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
КамиказеКамиказе (Kamikaze) е популарен коктел, чие име има јапонско потекло. Така е именуван поради неговото разорно дејство. Еднакви количини на водка, ликер од портокал и сок од зелен лимон, можат да се служат како коктел во чаша за мартини или во мала чаша за текила како шот. Состојки
ПодготовкаКамиказе се служи во мала чаша, како за текила
За да постигнете посилен визуален ефект можете да користите Blue Curacao (син ликер од портокал), кој ќе му даде сино-зелена боја на коктелот. Уживајте! |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Champurrado – Мексикански чоколаден напиток
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мохито со шампањскоПотребни состојки:
Начин на подготовка: Во мал метален сад ставете ги шеќерот и водата и загрејте ги додека не добиете густ шербет. Откако ќе го тргнете од оган, оставете го на собна температура да се олади. Во голем бокал искомбинирајте ги шербетот, резанките зелен лимон и ливчињата нане и убаво измешајте ги со дрвена лажица. Потоа додадете го румот и повторно убаво измешајте. Земете неколку тенки високи чаши за вино и во нив ставете 1/3 искршен мраз. Потоа додадете од измешаниот пијалак уште 1/3, а последната третина пополнете ја со шампањско. Декорирајте со неколку ливчиња нане. Виски со црвен портокалПотребни состојки:
Начин на подготовка: Една ниска чаша наполнете ја со неколку коцки мраз. Додадете го сокот од црвен портокал, вискито, шеќерот во прав, битерот и убаво промешајте. Декорирајте со резанка портокал. Варено виноПотребни состојки:
Начин на подготовка: Олупете го портокалот и испланирајте како да го искористите бидејќи за коктелот ни е потребна само неговата кора. Во голем метален сад измешајте ги кората од портокалот, сокот од јаболко, медот, ѓумбирот, сувите боровинки и две стапчиња цимет. Оставете ги 20 минути на загреана рингла. Потоа пополека почнете да го додавате виното и оставете го на оган убаво да се загрее. Сипете го пијалакот во широки стаклени чаши и декорирајте со останатите стапчиња цимет. Чоколаден коктел со вкус на ментаПотребни состојки:
Начин на подготовка: Врвот на една чаша за мартини украсете го со чоколаден сируп и трошки од искршено шеќерно бастунче. Алкохолните состојки и мразот ставете ги во шејкер и убаво протресете ги. Добиениот пијалак сипете го во чашата за мартини, а дополнително декорирајте со шеќерно бастунче. kafepauza |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
1. Есенски зачин
Состојките се комбинираат во шејкер со мраз и убаво се протресуваат. Се гарнира со стапче цимет и парче јаболко. 2. Искрата од Малибу
3. Розова лимонада
Работ на чашата се премачкува со лимонов сок и се обложува со шеќер. Се декорира со кора од лимон. 4. Крем од цимет
Внатрешноста на чашата се декорира со чоколаден прелив, а работ од чашата се натопува со чоколаден сируп и се обложува со рендано чоколадо. 5. Шеќерно стапче
Како што кажува името, овој коктел се декорира со новогодишно шеќерно стапче. 6. Оревокршачка
Работ на чашата се обложува со мелени ореви, додека на дното може да се додаде една мараскино вишна. 7. Божиќно кисело
За да се добие одличен контраст на боите, светло зелениот коктел се служи во чаша во која на дното има мараскино вишна. 8. Ноќ во Аспен
Коктел наменет за поладните денови, кој, за дополнителна енергија, се декорира со шлаг, морско оревче и зрна кафе. 9. Ног од Југот
Егног е традиционален млечен пијалак кој е особено популарен во САД и Канада за време на зимските празници како Божиќ и Нова година. Рецептот содржи само сирови јајца. Гарнирајте со рендано чоколадо. 10. Лаванда
За целосно да се долови името на овој коктел, се декорира едноставно се гранче лаванда. kafepauza
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“ „The Carrie“ – КериПотребни состојки:
Начин на подготовка Во еден поплиток сад сипете малку од ликерот, превртете ја чашата за мартини обратно и натопете ја површината во него. Потоа во тацна сипете шеќер и кристализирајте ја чашата. Во мешалка за коктели (шејкер) ставете ги состојките и додадете неколку коцки мраз. Енергично тресете ја мешалката за убаво да се изедначи пијачката и потоа сипете ја во чаша за мартини. Завршете го коктелот со отсипување една капка од ликерот crème de cassis на врвот. „The Samantha“ – СамантаПотребни состојки:
Начин на подготовка Ставете ги состојките и неколку коцки мраз во мешалка за коктели и промешајте убаво. Сипете ја пијачката во секси чаша за мартини. Декорирајте со резанка од зелен лимон. „The Charlotte“ – ШарлотПотребни состојки:
Начин на подготовка Исцедете пола лимон и сипете го во мешалка за коктели. Додајте ги вотката со вкус на грозје, сокот 7–Up и неколку коцки мраз, а потоа промучкајте. Пијачката сипете ја во висока чаша Collins (сет од 6 чаши чинат 42,60 американски долари) полна со коцки мраз. На крајот, заруменете го котелот со црвено вино. „The Miranda“ – МирандаПотребни состојки:
Начин на подготовка Ставете ги сите состојки во мешалка за коктели, додадете неколку коцки мраз и промешајте силно. Сипете го добиениот коктел во замрзната чаша за мартини. Од лимоновата кора направете декоративна лента, која ќе ја замотате на стапче за коктел. „The Mr. Big“ – ЅверкаПотребни состојки:
Начин на подготовка Сипете ги вотката, бурбонот, колата и неколку коцки мраз во мешалка за коктели и мешајте. Подготвената пијачка сипете ја во голема чаша за пунч од 3,5 dl. На крајот декорирајте со марачино цреша. kafepauza Mozam da se pofalam deka sum go probala The Carrie - Keri i navistina mi se dopadna. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Немирно тартини
Жежок празничен коктел
Кремасто млеко
Зимски ароматизиран сок од јаболка
Франција во чаша
Јаболкова снегулка
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
BiBi_G
Сениор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 27.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 3175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
BiBi_G
Сениор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 27.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 3175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
CAIPIRINHAСостојки: 2 лажици Шеќер 1 четврт лимета 2 1/2 oz. Cachaca Опис: Пасирајте го шеќерот со четврт лимета во старомодна чаша. Наполнете ја чашата со коцки мраз. Ставете the cachaca во чашата. Измешајте добро. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
КОКТЕЛИ: ВКУСНО И АЛКОХОЛНО
Повеќето од нас најчесто уживаат во пиењето на коктели, но имаат многу мало познавање за нив. Дали можеби сте знаеле дека првиот коктел настанал во Америка во средината на 16-тио век и се правел од шеќер, бурбон и мента? Името „коктел“ е дело на Шпанците кои за време на походите во Латинска Америка уживале во борбите со петли по кои се пиела мешавина од повеќе пијалаци во различни бои налик на опашка од петел (анг. cock tail). Bloody Mary- според едно тврдење овој коктел
настанал како лек за мамурлак измислен од George Jessel. Сепак,
многумина се сомневаат во ова тврдење и велат дека барменот Peter
Patriot е вистинскиот творец на овој познат и мошне баран коктел. Manhattan – или уште крал на коктелите е еден од
оние коктели кои важат за чиста класика. Се прави од виски и горчлив
сок, а е измислен во клубот „ Manhattan“ во Њујорк 1870-та година.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 34567 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |