IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Модни и козметички вести, совети,сугестии,идеи...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Модни и козметички вести, совети,сугестии,идеи...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Модни и козметички вести, совети,сугестии,идеи...
    Испратена: 01.Ноември.2011 во 16:19
Темата е за различни дискусии,модни совети,предлози,значи се она што сакате да напишете како совет,сугестија,слободно дојдете тука!
 
Темата опфаќа нормално и соодветни слики кои ќе ја поткрепат соодветната идеја
 
Еве јас прва,нешто околу градитесреќа
 

Како до убави и стегнати гради?

Повеќето жени не се задоволни со изгледот на нивните гради. Или ги сметаат за мали, или пак за големи и недоволно стегнати. Имајќи го тоа во предвид, воопшто не е чудно што пластичната хирургија за корекција на овој дел од телото е толку многу развиена.

Убавината на женските гради не лежи во големината. Мажите веќе не се импресионираат од големите силиконски гради. За да бидат привлечни, женските гради треба да бидат стегнати, подигнати и со убава форма.

Пред да си помислите дека за да го постигнете тоа треба да легнете под хируршки нож, потребно е да знаете дека можете да го подобрите изгледот на градите на природен начин.

Непријатели на убавите гради

Колку и да се обидувате да ја негувате кожата на градите и да ги зацврстувате со вежби, ако не ги елиминирате факторите кои што го уништуваат вашето деколте, нема да ги постигнете резултатите што ги посакувате.

  1. Несоодветен градник. Изборот на соодветен градник е од пресудно значење за изгледот и здравјето на вашите гради. Корпите имаат функција да им даваат потпора и форма на градите. Ако изберете премногу мал градник, ќе ги сплескате градите и не само што ќе изгледаат мали, туку со тоа ќе ја намалите и циркулацијата на крв. Преголемиот градник не може да им ја даде потребната потпора на градите и токму тоа води до виснати гради.

    Совет: Кога избирате градник, пробајте неколку големини. Два градници со ист број, но од различни производители може да ви стојат потполно различно. Внимавајте корпите да им даваат соодветна потпора и убава форма на вашите гради, а појасот околу грбот да не ве стега.

  2. Жешка вода. Многу жени обожаваат да се тушираат со жешка вода. Но, високата температура негативно влијае на создавањето на колаген во клетките на кожата, а тоа води до намалување на еластичноста. Ако се намали еластичноста на кожата, градите виснат и при варирање на нивната големината лесно се создаваат стрии.

    Совет: Ладната вода ја помага циркулацијата на крвта. Во текот на туширањето неколку пати насочете го млазот вода кон вашите гради и наизменично менувајте ја температурата на водата – топло, па ладно. На крајот, завршете го туширањето со ладен млаз.

  3. Драстична промена на телесната тежина. Строгите диети или дебелеењето водат до растегнување на кожата по целото тело. Тоа води до намалување на еластичноста и до појава на стрии.

    Совет: Драстичната промена на телесната тежина му создава стрес на телото. Не применувајте строги диети кои бараат гладување. Насочете се кон бавно слабеење, придружено со вежбање. Само така ќе ја зачувате кожата на телото затегната.

  4. Лошо држење на телото. Држењето на телото влијае не само на формирањето на ‘рбетот, туку и на градите. Ако го држите вашето тело во неправилна положба, ризикувате да се појави деформирање кај овие делови од телото.

    Совет: Постојано внимавајте на држењето на телото. Подгрбавеноста воопшто не е привлечна. Ставете книга на главата, исправете го телото и шетајте низ дома по 10 минути секој ден. Оваа вежба ќе ви создаде навика да одите исправени.

  5. УВ-зраците. Не е тајна колку е штетно сонцето со неговите УВ-зраци. Тие ја намалуваат еластичноста на кожата и предизвикуваат предвремено стареење. Солариумите даваат убав тен, кој можеби покрива некои недостатоци по кожата, но од друга страна прави големи оштетувања кои се појавуваат во подоцнежната возраст.

    Совет: Како што го заштитувате лицето, така треба да ја заштитувате и кожата по телото со помош на кремови со заштитен фактор. Не претерувајте со изложеноста на сонце или со користењето на солариум, а почесто користете крем богат со витамин Е.

Масажа

  • Масажа со масло. Масирајте ги градите нежно со кружни движења, започнувајќи од долу нагоре. Практикувајте масажа 2-3 пати неделно. Најдобро е да користите бадемово масло, масло од семки од грозје или масло од авокадо, но можете да употребите и маслиново масло.
  • Масажа со коцки мраз. Масажата со мраз е многу ефективна за зацврстување на градите. Земете коцка мраз и масирајте ги градите со кружни движења. Често практикувајте ја оваа масажа, но никогаш подолго од една минута, затоа што кожата на градите е многу чувствителна.

Домашна маска

Еднаш неделно ставајте маска на градите, но не ја поставувајте на брадавиците. Многу добра маска за зацврстување е смесата од изрендана краставица и белка од јајце. Оставете ја да делува 15 минути и отстранете ја со ладна вода.

Вежби за зацврстување

Колку што се поцврсти градните мускули, толку постегнати се и градите. Постојат многу вежби за овој дел од телото. За некои треба да посетите фитнес сала и да ги правите на специјални справи, но други пак можете да ги правите дома.

Еве две вежби кои можете да ги правите во домашни услови, а даваат одлични резултати:

  • Склекови. Склековите се одличен начин за да ги зацврстите градните мускули. Дали ќе правите обични склекови или „женски“, не е важно.
  • „Молење“. Застанете исправени и спојте ги дланките како во положба за молење. Раширете ги лактите на рацете и подигнете ги во висина на градите. Започнете да туркате со двете раце истовремено. Треба да почувствувате контракција на мускулите над градите. Притискајте 15 секунди, па направете пауза, потоа пак притиснете. Правете ја оваа вежба секој ден и резултатите нема да изостанат.


Изменето од Valerija - 15.Април.2014 во 21:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 16:28

Грицкање на нокти – како да се одвикнете?

Гриц, гриц, гриц. На секој му се случило во еден или друг момент од животот да грицне некој свој нокот, но некои луѓе го прават тоа постојано и без контрола.

Грицкањето на ноктите е една од најчестите „нервозни“ навики на луѓето. Кај многумина гризењето започнало уште во детството, но проценето е дека околу половината тинејџери стануваат „зависни“ од гризењето на ноктите. Оваа непријатна навика обично исчезнува околу 30-тата година од животот, но се смета дека е присутна и кај околу 10% од возрасните. Медицинскиот термин за ова однесување е онихофагија.

Во најголем број од случаите грицкањето на ноктите е предизвикано од стрес, срам, фрустрираност, здодевност и сл. Луѓето посегнуваат по своите нокти додека гледаат телевизија, присуствуваат на здодевна лекција, учат, зборуваат на телефон, чекаат итн.

Гризењето на ноктите е многу лоша и нездрава навика. Таа влијае многу негативно на здравјето затоа што преку ноктите многу бактерии се пренесуваат во устата, се зголемува ризикот за појава на инфекции (и во устата и на прстите) и се уништуваат предните заби. Освен тоа, оваа навика го уништува изгледот на ноктите, а и остава негативен впечаток. Воопшто не изгледа привлечно кога ќе здогледате некој што си ги грицка ноктите.

Но, секој што се соочил со овој проблем знае дека не е едноставно да се елиминира. Сепак, постојат одредени методи и совети кои ќе им помогнат на страсните „гризачи“ да се одвикнат од грицкањето на ноктите. Еве ги:

  1. Направете ги вашите нокти горчливи. Првиот и најраспространетиот совет за откажување од грицкањето нокти е советот за користење на лакови, креми и стикови чија намена е да ги направат ноктите невкусни и одбивни за грицкање. Во сите парфимерии има производи „анти-гризење“. Препаратите се премачкуваат на ноктите и кога ќе се обидете да ги грицнете, ќе зажалите што сте го направиле тоа, бидејќи вкусот е ужасен. Другата позитивна страна на овие производи е што често содржат витамини за зацврстување на ноктите или пак состојки кои го помагаат зараснувањето на кожичката околу ноктите.
  2. Тренирајте го мозокот со гумено ластиче. Носете гумено ластиче на зглобот на раката. Тоа може да биде мало кујнско незабележливо ластиче или дебел модерен ластик во боја. Секогаш кога ќе ги гризнете ноктите, затегнете го ластичето и пуштете го да ве удри. Оваа постапка ќе ви предизвика болка, а докажано е дека појавата на негативна физичка реакција како последица на нешто го тренира мозокот да се одвикнува и да не го прави тоа. Така, мозокот учи дека гризењето на ноктите ќе биде проследено со болка од ластикот и со тек на време се откажува од таа навика.
  3. Станете свесни за проблемот со шумна белегзија. Луѓето ги грицкаат ноктите несвесно додека гледаат филм, додека учат, додека се на досадна лекција, додека нервозно чекаат и сл. Тие поретко свесно ги ставаат прстите в уста. Кога ќе сфатите дека ги грицкате ноктите, најверојатно ќе ја тргнете раката. Ефективен метод да го постигнете тоа е да носите белегзија со неколку приврзоци или топчиња кои ќе создаваат бучава кога мрдате со раката. На таков начин, кога ќе ја подигате раката кон устата, вие ќе слушнете дека го правите тоа, па полесно ќе можете да се контролирате и да го спречите гризењето.
  4. Направете си посложен домашен маникир. Ако во секој момент ноктите ви се убаво средени, нема да ви биде лесно да ги ставите в уста за да ги уништите. Лакирајте се со лак во силна боја (црвена, морнарско сина, црна) за да ви биде непријатно кога ќе направите грешка и ќе грицнете, бидејќи од авион ќе се познава дека ноктите не ви се средени. Не си правете едноставен маникир, туку декорирајте ги ноктите со цветчиња или други дезени. Така ќе вложите поголем труд, па ќе ви биде тешко да го уништите со грицкање. Ако едноставно се лакирате со проѕирен лак или лак во млечна боја, ќе си помислите „Дури и да го уништам, за 2 минути ќе се прелакирам“ или „Ќе го извадам лакот и нема да се познава“, што воопшто не е добро.
  5. Направете си надградба на ноктите. Вештачките нокти се одличен метод за одвикнување од грицкањето на ноктите. Прво, со нивна помош ќе ги заштитите вашите нокти, второ, ќе се одвикнете од грицкањето затоа што нема да ви е пријатно да ставате пластика в уста, а трето и најважно, најверојатно нема ни да се осмелите да ги ставите ноктите в уста затоа што нема да сакате да го уништите нивниот убав изглед.
  6. Потрошете повеќе пари за маникир во козметички салон. Многу луѓе се откажале од грицкањето на ноктите затоа што тоа ги чинело скапо. Ако секој месец плаќате повеќе од 1000 денари за маникир, ќе бидете позасегнати од проблемот и повеќе ќе се трудите да го отстраните од вашиот живот.
  7. Носете ракавици. За страсните гризачи кои не можат да се одвикнат на друг начин, експертите советуваат да носат ракавици. На лето тоа и не е баш изводливо, но во текот на преостанатиот дел од годината, пожелно е да се практикува.
    Пример: Знаете дека ги грицкате ноктите додека гледате филмови. Епа, наредниот пат кога ќе седнете да гледате, ставете си ракавици. Да, нема да можете да јадете пуканки, но така ќе „заштедите“ и неколку
    калории. Мозокот ќе разбере дека на себе имате ракавици, па најверојатно нема ни да се обидувате да гризете. Но, и во случај да ги донесете ноктите до устата, автоматски ќе ги повлечете рацете.
  8. Напредувајте нокот по нокот. Еден од методите за откажување вклучува заштита на ноктите „еден по еден“. Изберете еден прст (на пример, показалецот) и кажете си дека 3 дена нема да го гризете него. По 3 дена изберете уше еден прст (палецот) и продолжете да ги заштитувате ноктите на тие прсти. Така постепено ќе се откажувате од навиката. А, кога ќе видите колку убаво изгледаат ноктите на прстите кои сте успеале да ги заштитите од грицкање, уште повеќе ќе се мотивирате да продолжите со откажувањето.
  9. Секогаш со вас носете прибор за маникир. Во чантите носиме сè и сешто, па има место и за мал прибор за маникир (грицкалка за нокти и турпија). Секогаш кога ќе видите дека некој од ноктите потпораснал, извадете ја грицкалката и потсечете го за да не го правите тоа со своите заби. Ако се обидувате да ги порасните ноктите, извадете турпија и со неа држете ги рацете зафатени.
  10. Користете гума за џвакање. Џвакањето ќе ви помогне да ја држите устата зафатена и нема да посакувате да ги ставате прстите в уста.
  11. Постојано потсетувајте се колку лоша навика е грицкањето на ноктите. Секогаш имајте на ум дека со рацете допирате сè и сешто, а ноктите се скриен дом на милионите бактерии со кои доаѓате во контакт. Со грицкањето вие ги ставате бактериите директно в уста и ризикувате да настрадате од инфекции и други болести.
  12. Побарајте поддршка во откажувањето. Вклучете ги најблиските во вашето откажување од грицкањето. На блиските пријатели и семејството кажете им да ви даваат сигнали кога ќе забележат дека ги гризете ноктите. Се разбира, тоа не треба да биде јавно и да ве засрамуваат во друштво, туку поприкриено за само вие да видите.
  13. Дознајте во кои ситуации се активира оваа ваша навика. Во текот на еден месец, запишувајте ги во бележник сите ситуации во кои сте се „фатиле“ дека грицкате. Ќе можете да утврдите кои ситуации ја активираат оваа непријатна навика. Потоа, кога ќе се најдете во таква ситуација, ќе знаете дека ќе посегнете по вашите нокти и тоа ќе придонесе повеќе да внимавате и да се контролирате.

Грицкањето на ноктите може да е знак за постоење на посериозен психолошки проблем. Ако се сомневате во нешто слично, консултирајте се со стручно лице.

И за крај... најважна е волјата и решителноста. Доколку сте решени да се откажете, ќе бидете упорни и кога-тогаш ќе успеете да се ослободите од оваа непријатна навика.



Изменето од Valerija - 15.Април.2014 во 21:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 16:42

Првут – како да се ослободите од досадните „снегулки“ во косата?

Првутот е еден од најголемите непријатели на убавиот изглед на косата. Малите бели лушпи кои наликуваат на снегулки се лесно видливи и создаваат непријатен и неестетски изглед, па предизвикуваат срам кај луѓето. Освен тоа, првутот е виновник и за појава на иритирачко чешање и раздразнување на кожата на скалпот.

Проценето е дека околу 60% од луѓето се соочиле со проблемот првут во одреден период од животот. Првутот може да се појави на било која возраст по завршувањето на пубертетот, но неретко се појавува и за време на пубертетот. Се смета дека мажите почесто страдаат од првут отколку жените.

Жена%20со%20коса%20без%20првутТврдоглавиот првут фрустрира и предизвикува срам

Причините за појава на првут се најразлични. Лупењето на кожата на скалпот може да биде предизвикано од агресивните производи за коса, од бактерии, габички, небалансирана исхрана, од хормоните, а не е исклучено првут да се појави и поради стрес.

За среќа, првутот не е нерешлив проблем. Едноставно треба да бидете упорни и да го пронајдете најдоброто решение за вас.

13 совети кои ќе ви помогнат во борбата против првутот

  1. Минимизирајте ја употребата на производи за стилизирање на косата. Геловите, пените и спреовите за стилизирање на косата можат дополнително да го иритираат скалпот и да ја влошат состојбата со првутот. Некои од нив може и да ја предизвикаат самата појава на првут. Ако се сомневате дека одреден производ може да ви причинил првут, целосно стопирајте ја неговата употреба за да видите дали ќе се подобри состојбата.
  2. Мијте ја косата најмалку 3 пати неделно. Ако имате мрсен скалп, потребно е да ја миете косата скоро секој ден. Но, ако имате сува кожа на скалпот, тогаш мијте ја косата 3 пати неделно.
  3. Користете шампон против првут. Првиот чекор при отстранувањето на непријатните бели лушпи од косата е користењето на шампон со таа намена. На некои луѓе едни шампони им помагаат повеќе, а на други помалку. Затоа, потребно е малку да експериментирате за да пронајдете соодветен производ за вас. Особено се препорачуваат шампоните и сапуните на база на катран.
  4. Ротирајте ги шампоните против првут. Многумина пронаоѓаат шампон кој им го отстранува првутот и по извесен период забележуваат дека шампонот веќе не е толку ефективен и дека првутот повторно се враќа. Причината за тоа е што може да се развие резистентност кон активните состојки на шампонот и поради тоа да се намали неговото дејство. Решението е да се менуваат 2-3 шампони од различни марки. Менувајте го шампонот секој месец.
  5. Повремено користете и нежен шампон. Ако се плашите дека шампоните против првут се многу силни, можете од време на време да користите и нежен бебешки шампон.
  6. Секогаш шампонирајте ја косата двапати. Со првото измивање ќе се ослободите од мртвата кожа на скалпот. Кога вториот пат ќе нанесете шампон, оставете го да дејствува 5 минути, а потоа измијте со вода.
  7. Масирајте го скалпот. Додека имате ставено шампон на косата, масирајте го скалпот со јагодиците на прстите. Со масажата ќе ја зголемите циркулацијата.
  8. Користете млака вода и измивајте темелно. За миењето на косата користете млака, а не ладна или жешка вода. Многу луѓе тврдат дека млаката вода им помага да се намалат симптомите. Секогаш плакнете ја косата темелно за целосно да го отстраните шампонот или регенераторот.
  9. Мијте ја косата по вежбањето. Не дозволувајте потта да стои долго време на вашата глава. По вежбањето, веднаш упатете се кон бањата.
  10. Одолејте ѝ на желбата да се чешате. Никогаш не се чешајте, особено не со ноктите. Агресивното чешање го раздразнува скалпот и создава рани на кожата.
  11. Изложувајте се умерено на сончева светлина. Сончевите зраци го намалуваат воспалувањето на кожата на скалпот. Можеби токму затоа во лето луѓето имаат помали проблеми со првутот. Но, изложувањето на сонце треба да биде умерено.
  12. Намалете го стресот. Стресот може да е виновник за појавата на првут или за влошување на состојбата. Научете да го контролирате стресот во вашиот живот за да се ослободите од првутот, но и за да го зачувате вашето целосно здравје.
  13. Чистете го чешелот или четката пред секое користење. Чешлајте се редовно и секогаш со чиста четка или чешел.

Како да се ослободите од првутот на природен начин?

Кога се борите против нешто толку досадно и упорно како првутот, потребно е да ги искористите сите оружја кои ви стојат на располагање. Некои од нив се кријат во вашата кујна, па нема причина зошто да не ги употребите.

  • Оцет. Наполнете една чаша со еднакви количества оцет и вода и потурете го скалпот. Можете и да искористите распрскувач за рамномерно да ја нанесете течноста на скалпот. Завиткајте ја косата во крпа и по половина час измијте ја. Препорачливо е да користите јаболков оцет. Правете го ова 2 пати неделно.
  • Сок од лимон. Сокот од лимон може да ви помогне да ги отстраните досадните бели лушпи и да ѝ дадете на косата прекрасен сјај. Едноставно исцедете еден лимон во половина бокал вода и со него потурете ја косата во текот на последното измивање додека се туширате. Користете сок од лимот 2-3 пати неделно.
  • Сок од јаболко. Измешајте 2 лажици свежо исцеден сок од јаболко со 2 лажици топла вода. Со помош на памучен тампон нанесете го тоникот на целата глава и оставете го да делува 20 минути. Измијте со млака вода. Негувајте го скалпот со сок од јаболко барем еднаш неделно.
  • Маслиново масло. Затоплете мала количина маслиново масло. Со него премачкајте го скалпот (добро е и да го нанесете низ целата коса) и масирајте. Завиткајте ја косата во фолија, оставете го маслото да делува 15-30 минути, а потоа измијте ја косата со шампон.
  • Маслиново и бадемово масло. Измешајте еднакви количества маслиново масло и бадемово масло. Нанесете ја смесата на косата и оставете ја додека не почувствувате топлина на скалпот (15-20 минути). Потоа, измијте ја косата со шампон.
  • Маслиново масло и рузмарин. Во тегла ставете една чаша маслиново масло и додајте една лажица рузмарин. Затворете ја теглата и оставете ја два дена на светло место, за да може до неа да допираат сончевите зраци. Исцедете го маслото за да го отстраните рузмаринот. Еднаш неделно со маслото премачкајте го скалпот и нанесете на косата. Завиткајте ја косата со крпа потопена во топла вода и оставете ја да стои половина час. На крајот, измијте ја косата со шампон и млака вода.
  • Сода бикарбона. По миењето на косата, земете во дланката малку сода бикарбона и нежно втријте ја во корените на косата. Оставете да дејствува 2 минути и исплакнете ја косата со млака вода. Правете го ова 2 пати неделно.
  • Масло од чајно дрво. Капнете 2-3 капки масло од чајно дрво во шампонот што нормално го користите за миење на косата. Откако ќе го нанесете на главата, масирајте нежно и оставете го да дејствува 5 минути. Потоа, измијте со млака вода.


Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 16:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 16:44

7 знаци дека ви е потребна нова фризура

Фризурата ви била идеална последниот пат кога излеговте од фризерски салон. Но, како што минува времето, вашата коса ја губи убавата форма, не изгледа здрава и губи сјај.

На%20фризер
Ако средувањето на косата ви одзема многу време, вам ви е потребна нова фризура.

Овие седум знаци ќе ви помогнат да познаете кога треба да си закажете термин кај вашиот фризер, за да добиете нов, свеж и можеби помодерен изглед.

  1. Постојано ја носите косата врзана „во реп“. Ако сте опседнати со оваа брза и едноставна фризура и изгледате исто како за излегување, така и дома, дефинитивно треба да се насочите кон фризерскиот салон. Направете си модерна фризура. Потстрижете ја косата пократко и на слоеви за да не можете лесно да ѝ се вратите на старата навика да ја собирате косата во реп.
  2. Отпуштени локни. Витканата коса како што може да изгледа убаво и средено, исто така може да изгледа бушаво и безживотно. Ако локните ви се отпуштени и косата ви стои прилепена за скалпот, нема да згрешите ако веднаш го посетите вашиот фризер. Направете си слоеви на косата и пократки шишки кои да ги носите настрана, со цел да го освежите вашиот изглед.
  3. Избледена боја на косата и небојадисани корени. Со текот на времето бојата паѓа од влакното. Ако пред еден месец сте имале убава кафеава боја на косата, денес таа сигурно добива и црвеникава нијанса. Црните корени во комбинација со руса коса не му стојат на секого. Појавата на тие знаци ви покажува дека треба да закажете термин за бојадисување кај вашиот фризер. Користете шампони за бојадисана коса и обновувајте ја бојата на косата на секои 6-8 недели.
  4. Качивте некое килце. Ако видливо сте ја покачиле телесната тежина, популарната фризура „боб“ не е веќе за вас. Посетете го фризерот за да ја прилагоди фризурата на вашето лице.
  5. Здосадено ви е од сегашната фризура. Ако не сте ја промениле фризурата веќе неколку години и сакате нов свеж стил, не се плашете да посетите фризер. По ваша идеја или по идеја на фризерот, направете си нова фризура од која што ќе бидете задоволни.
  6. Косата ви одзема премногу време. Ако косата ви создава проблеми за да изгледа средена или користите премногу козметички продукти (пена, гел, лак) за да изгледа убаво, значи време е за посета на фризерскиот салон.
  7. Сакате да се расположите. Секоја жена кога излегува од фризерски салон е посреќна, посамоуверена и се чувствува попривлечна. Се чувствувате депресивно? Одете на фризер. Вниманието кое ќе ви го посветат ќе ве расположи, а плус тоа ќе ги дознаете и сите нови „случувања“ во градот.


Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 16:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 16:58

Гените, а не стресот, виновни за белата коса

Жена%20со%20бела%20коса

Ако забележите бели влакна низ вашата коса, не обвинувајте го стресот. Најновото истражување во оваа област покажа дека најголем виновник за појавата на овој несакан знак на старост кај жените е генетскиот материјал.

Во истражувањето учествувале над 200 идентични и неидентични близначки на возраст од 59 до 81 години. Научниците кај нив го набљудувале степенот на побеленост на косата, опаѓањето на косата над челото и на темето на главата.

Во текот на истражувањето, кај идентичните близначки, истражувачите не забележале разлика во степенот на побеленост, додека кај неидентичните близначки имало видлива разлика.

Тие резултати ги довеле научниците до заклучокот дека гените се најважниот фактор кој влијае врз тоа дали ќе ги пронајдете првите бели влакна уште во вашите 20-ти години или ќе немате потреба од бојадисување до 50-тата година.

Стресот, диетата и пушењето влијаат многу помалку врз побелувањето на косата кај жените, отколку што досега се мислеше.

Друг важен заклучок од ова истражување е дека опаѓањето на косата над челото се влијае најмногу од гените, а опаѓањето на косата на темето на главата од околината и начинот на живот.



Изменето од Valerija - 01.Ноември.2011 во 16:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 17:06

Домашна нега за рацете

Женските раце треба секогаш да бидат нежни и поддржани. За таа цел користиме најразлични продукти со кои го подобруваме нивниот изглед. Сепак, понекогаш домашната нега помага повеќе за да ја истакнете убавината на вашите раце или да отстраните некој недостаток.

Лимон%20за%20убави%20раце
Лимонот ја отстранува од рацете непријатната миризба од цигарите.

За убава миризба

За да ја отстраните острата непријатна миризба од риба или лук, сè што треба да направите е да ги измасирате рацете со паста за заби. Лимонот ја отстранува непријатната миризба од цигарите на рацете.

За нежни раце

Лимонот ги отстранува и флеките и ги зацврстува ноктите. Пресечете еден лимон на половина и масирајте ги рацете и лактите. Вашата кожа ќе биде мека и нежна.

Против црвенило

Сварете еден компир, испасирајте го и додајте во него една супена лажица маслиново или бадемово масло. Нанесете ја смесата на рацете и оставете ја да делува 15 минути. Потоа измијте ги рацете со млака вода.

Нахранете ги и рацете и ноктите едновремено

  • 100ml масло од рицинус
  • 100ml маслиново масло
  • Сок од лимон

Затоплете ги маслата и потоа додајте го сокот од лимон. Потопете ги прстите во смесата. Останете во таа положба 15 минути. Потоа направете си масажа на целата дланка. Отстранете ја смесата со млака вода и сапун.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 18:29

Повисоки со помош на облеката

Модерна%20жена
Тенките вертикалните линии по облеката и високите потпетици прават да изгледате повисоки.

Не секоја жена може да се пофали со височината. Има илјадници жени низ светот кои што иако имаат убаво тело, не се самоуверени само поради фактот што се ниски. Ако сакате визуелно да ја зголемите висината, облеката може да ви помогне.

  1. Кажете му „не“ на црното. Црната облека ќе ви помогне да сокриете неколку килограми, но за сметка на тоа визуелно ќе изгледате пониски.
  2. Блузи и кошули со вертикални линии. Тенките вертикални линии ја издолжуваат вашата фигура.
  3. Преферирајте куси блузи. Долгите блузи и џемпери не се најдобриот избор за вас, ако се стремите да изгледате повисоки.
  4. Акцентирајте на нозете. Дефинирајте го вашиот струк со колан. Тоа ќе ги издолжи вашите нозе, а со тоа ќе изгледате повисоки. Нозете изгледаат подолги, ако носите хулахопки со иста боја како и бојата на суќната и чевлите.
  5. Носете штикли. Штиклата додава неколку сантиметри на вашата висина. Високите штикли не се многу удобни, но тоа е цената која треба да ја платите за да изгледате високи.


Изменето од Valerija - 15.Април.2014 во 21:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 18:31

10 работи кои никогаш не излегуваат од мода

Малото%20црно%20фустанчеБели%20бисериСукња%20тип%20моливКласичен%20мантилФармерки%20по%20меркаБела%20кошулаУбаво%20сакоБлуза%20од%20кашмирЦрни%20пантaлониНиски%20чевли
Страна 1 од 10

Малото црно фустанче

Секоја жена треба да има ваков фустан во својата гардероба. Било да треба да се појавите на официјален коктел, на работа или за вечерно излегување, малото црно фустанче насекаде ќе ве прикаже во добро светло.

Бели бисери

Бисерите нанижани на кратка жичка се класика. Ако некогаш сте ги мразеле бисерите на мајка ви, сега тие нека станат дел од вашиот накит, затоа што никогаш не излегуваат од мода.

Сукња тип„ молив“

Да имате една сукња која ќе стои прилепена на вашето тело и која има должина до колената е задолжително. Можете да ја комбинирате со убава блуза или кошула. Таа е идеална како за на работа, така и за поотмен коктел. Најдобро е да биде во црна, сива или кафеава боја.

Класичен мантил

Класичниот мантил е одличен избор за горна облека. Можете да ја изберете класичната бежова боја или ако не сакате светли бои – црната.

Фармерки по мерка

Денес, секоја жена треба да има барем еден пар убави фармерки во својата гардероба, затоа што без нив едноставно не можеме. Тие треба да изгледаат како да се шиени специјално за вас т.е. не премногу тесни и се разбира не широки. Можете да ги комбинирате и со штикли и со ниски обувки.

Бела кошула

Секогаш треба да имате на достап бела кошула. Тоа не значи дека треба да имате класична бела кошула. Можете да си изберете типска кошула која нема петлици до долу. Комбинирајте ја со сукња за поофицијален изглед и со фармерки или панталони за полежерен, секојдневен изглед.

Убаво сако

Сакото ќе ја истакне вашата тенка половина, а можете да го комбинирате со различни алишта за да добиете различен изглед. Одберете си сако кое лежи убаво на вашето тело или порачајте си да ви го скројат специјално за вас.

Блуза од кашмир

Оваа блуза едноставно не излегува од мода. Купете си блуза во посветла боја за да ѝ даде свежина на вашата облека.

Црни панталони

Секогаш кога не се чувствувате убаво или мислите дека немате ништо адекватно во вашата гардероба, побарајте ги црните панталони. Некои жени подобро се чувствуваат во широки панталони, а некои сакаат да ја истакнат фигурата со тесни, затоа изберете си панталони по ваш вкус. Во секој случај едно е сигурно – вие ќе се чувствувате удобно во црните панталони, а можете да ги комбинирате со што и да посакате.

Ниски чевли

Ако имате напорен и активен ден, чевлите со ниска потпетица се вистинскиот избор за вас. Тие ќе ви помогнат да издржите од утрото до вечерта, без да имате болки и плускавици по вашите нозе.

Добро избраните ниски чевли изгледаат исто толку елегантно, како и високи штикли. Затоа, дајте им одмор на вашите стапала.

Страна 1 од 10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 18:33

Британците се најлошо облечени во Европа

Опсесијата на Британците со купување евтина облека ги однесе на врвот на листата на најлошо облечени во Европа. Тоа го покажа анкета на познатиот сајт за онлајн купување Ciao, а во која учествувале претставници од 7 држави.

Шопинг

Дури 44% од анкетираните ги посочиле Британците како народ со најлош вкус за облекување, а со 33% Германците застанале на второ место.

Сигурно претпоставувате, Италијанците ја добија титулата за нација со најмногу стил. Само 3% од учесниците во истражувањето изјавиле дека Италијанците се облекуваат лошо.

Британците трошат и најмалку пари за облека, под 100 евра месечно. Во Германија 58% од луѓето трошат по 100-200 евра месечно за облека, а во Шпанија изненадувачки 6% изјавиле дека за облека издвојуваат од својот буџет повеќе од 500 евра месечно.

Учесниците во истражувањето со 36% ги определиле Барак и Мишел Обама како најдобро облечен пар за 2010 година. Анџелина Џоли и Бред Пит добиле 26% од гласовите, а зад нив на трето место застанале Дејвид и Викторија Бекам со 14% од гласовите.



Изменето од Valerija - 15.Април.2014 во 21:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 18:35

Само 7% од жените си ја сакаат својата коса

Дали ја сакате вашата коса? Често жените кои имаат права коса посакуваат виткана, а оние со кадрици посакуваат прави прамени. Но, навистина изненадуваат резултатите од ново истражување на Dove кои велат дека само 7% од жените навистина си ја сакаат својата коса.

Процентот е премногу мал особено кога ќе се земе во предвид дека учесничките во истражувањето изјавиле дека трошат многу време за одржување на изгледот на косата. Повеќе од половина од 1.000-те учеснички признале дека секојдневно користат по три козметички производи за да ја стилизираат својата коса.

Жена%20што%20си%20ја%20мрази%20косата

Резултатите покажале дека кај жените средувањето на косата има висок приоритет наутро. Така, 45% признале дека средувањето на косата им е поважно од појадокот; 39% побрзо би излегле од дома со убава фризура отколку нашминкани; 35% би си скратиле од сонот за да постигнат убав изглед на својата коса.

Скоро 20% од жените во истражувањето признале дека пропуштиле некаков друштвен настан поради лошиот изглед на косата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2011 во 22:34

Како до меки и заводливи усни?

Нема ништо попривлечно од женската насмевка. Но, сувите испукани усни можат да го направат смеењето болно. Освен што предизвикуваат болка, сувите усни предизвикуваат неудобност и воопшто не се привлечни. Затоа, дознајте кои се причините за појавата на суви и испукани усни и како да ги направите меки, мазни и заводливи.

Убави%20усниЖенската насмевка е меѓу првите нешта кои ги забележуваат мажите, па затоа секогаш треба да биде присутна на вашето лице.

Причини за појава на суви усни

Повеќето луѓе страдаат од испукани усни. Сувите усни можат да бидат резултат на повеќе фактори, а повеќето од нив можат да бидат избегнувани.

Како до меки и зaводливи усни?

Ексфолијација

Убави%20усниМногу е важно нежната кожа на усните да се ексфолира неколку пати неделно, да се негува со мед, алое вера, краставица и да се заштитува со балсам за усни.

Ексфолијацијата е многу важна за одржувањето на убава кожа. Поради тоа што се многу понежни од останатата кожа, усните бараат дополнителна грижа. Ексфолијацијата на усните е добро да се применува 2-3 пати неделно.

  1. Премачкајте ги вашите усни со вазелин. Оставете го да дејствува 2-3 минути.
  2. Земете мека четка за заби и нежно тријте ги усните со кружни движења.
  3. Четката за заби ги ексфолира усните, а вазелинот им ја дава потребната влажност. Откако ќе завршите, оставете дел од вазелинот на усните.

Четката за заби можете да ја замените со шеќер или крупно мелено кафе. Сè што треба да направите е да ги помешате со вазелинот и ќе добиете еден вид на пилинг.

Домашна нега на усните

Измешајте 1 с.л. глицерин со 1 с.л. сок од лимон и 1 с.л. рицинусово масло. Со добиената течност премачкувајте ги усните пред легнување. Остатокот од течноста чувајте го во фрижидер.

Скоро и да нема човек кој нема слушнато за ползите на медот за кожата. За меки и нежни усни, секоја вечер пред легнување премачкувајте ги усните со мед.

Краставицата може многу да ви помогне доколку страдате од суви испукани усни. Таа е составена 90% од вода, што значи дека може да им даде влажност на усните. Едноставно земете парче краставица и поминете со него преку усните.

Гелот од алое вера е одличен сојузник за убава кожа. Тој може да ви помогне да се ослободите од сувите усни. Нанесете навечер пред легнување или во текот на денот. За тоа време не ги лижете усните. Оставете го да дејствува 45 минути.

Совети

  1. Заборавете на лижењето. Плунката во себе содржи ензими кои се предназначени да го започнат процесот на разградување на храната. Тие ензими можат да ѝ наштетат на тенката кожа на усните.
  2. Пијте многу вода. Пиењето доволно количество вода не дозволува телото да биде дехидрирано.
  3. Заштитете ги усните од сонце или ветер. Користете балсам за усни со висок заштитен фактор ако планирате да го поминете денот под зраците на сонцето. Балсамот за усни ја заштитува кожата на усните и од ветер.
  4. Внимавајте на својата диета. Внесувајте доволно витамини и минерали, особено железо и витамини А, Б и Ц.
  5. Избегнувајте го кофеинот, алкохолот и пушењето. Алкохолот и кофеинот водат до дехидратација на телото.


Изменето од Valerija - 16.Јануари.2012 во 11:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2011 во 20:10

Лимон во сите комбинации за убава кожа


Лимонот е состојка со која може да се направат ефикасни и природни маски за чистење на кожата.

Лимоновата маска за лице ја подмладува кожата и и дава свеж и чист изглед. Еве неколку рецепти за тоа како да се употребува лимонот за да се направи природно средство за чистење на кожата.

Лимон и шеќер

Ова е една најчестите маски за лице кои содржат лимон. Лимонот врши ексфолијација на кожата и ги отвора порите. Ваквото чистење треба да се прави два пати во неделата.

Лимон и морска сол

За да ги отстраните старечките дамки, масната кожа и акните, може да направите природно средство со користење на состојки од вашата кујна. Тоа е познатата маска за чистење на лице, што ги содржи лимоновиот сок и морската сол. Лимонот врши ексфолијација, а солта има антибактериски својства. Во зависност од конзистенцијата, оваа мешавина може да се користи како маска, која ќе се нанесува на лицето и вратот и ќе се остава 8-10 минути да поделува. Потоа, маската се отстранува со ладна вода.

Лимон и мед

Овој рецепт го користеле и нашите баби, кога сакале да ја подмладат нивната кожа. Измешајте лимонов сок и лажица мед, и нанесете на претходно исчистена кожа на лицето и вратот и оставете го некое време да поделува. Оваа маска не само што го чисти лицето, туку ја прави кожата сјајна и свежа.

Лимон и јогурт

Ова е уште еден рецепт за чистење и навлажнување на кожата. После напорниот ден, може да се нанесе оваа маска и да се ревитализира кожата за неколку минути. Во поголем сад, измешајте јогурт и неколку капки лимонов сок или лимоново масло и нанесете ја мешавината на лицето и вратот со блага масажа. Оставете ја да делува 5 минути и потоа исушената маска измијте ја со топла вода.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2012 во 11:23

12 разумни шопинг стратегии

 

Шопингот е омилено женско задоволство. Потрагата по убаво парче облека, пронаоѓањето на попусти и самото купување го покачуваат адреналинот, раѓаат позитивни емоции и значително го подобруваат расположението. Но, за да останете радосни и задоволни и откако ќе се вратите дома, потребно е да сте направиле разумен шопинг, а не да сте се вратиле со полни кеси со облека која не ви се допаѓа како ви стои или немате со што да ја комбинирате, па повторно да се жалите дека немате што да облечете.

Во продолжение ќе најдете неколку ефективни и разумни шопинг стратегии кои ќе ви го олеснат пазарувањето и ќе ви помогнат да ја одржите задоволната насмевката на вашето лице.

Шопинг

1. Најдобрите шопинг денови се од понеделник до четврток

Зошто? Раздвиженоста низ продавниците е најмала во текот на работната недела. Па, продавачите ќе можат да ви посветат поголемо внимание, нема да мора да чекате на ред за да влезете во соблекувална и ќе имате доволно време да се гледате на огледало без некој со намуртено лице да ве принудува да брзате.

Како резултат на тоа, шопингот ќе ви помине порелаксирано и ќе имате доволно време за да направите разумен избор.

2. Тргнете на шопинг со план и определен буџет

Конечно собравте малку пари за да се почестите со шопинг? Не брзајте да летнете низ врата и да ги потрошите на првите неколку парчиња облека кои ќе ви го украдат погледот. Направете си план и тргнете низ продавници со јасни намери.

Прво, отворете го вашиот плакар и извадете на видик сè што поседувате. Второ, фотографирајте ги со вашиот мобилен парчињата облека кои немате со што да ги комбинирате. Трето, размислете колку пари можете да потрошите на она што ви е неопходно.

Ако ви се потребни чизми, не влегувајте во бутици за облека додека не си купите чизми, затоа што несвесно може постепено да го намалувате буџетот за чизмите и на крајот да останете без нив. Фокусирајте се на она што ви е најнеопходно, а потоа, ако заштедите пари, пуштете го вашиот поглед да лута кон нешто друго за да се почестите.

Фотографиите во мобилниот телефон треба да ве потсетат дека веќе поседувате парчиња кои нема со што да ги комбинирате и дека не треба само да го зголемувате тој куп. Користете ги сликите за да купите облека со која ќе ги комбинирате парчињата кои стојат необлечени во вашиот плакар.

3. Внимателно избирајте го вашиот шопинг придружник

Навистина е забавно да тргнете во саботно обиколување на бутиците со вашите блиски пријателки, но имајте на ум дека така одлуките ќе ги донесувате групно и во голема мера ќе се влијаете од мислењето на мнозинството. Лесно е вашите пријателки да ве убедат дека припиеното фустанче ви стои феноменално и дека ќе зажалите ако не го купите, дури и ако вие тврдите дека не се чувствувате комфорно во него. „Леле, преубаво ти стои!“, „Како за тебе да е шиено“, „Те прави послаба“ и други вакви слични коментари ќе надвладеат над констатацијата на вашиот разум дека фустанчето е претесно, и пред да се свестите ќе се најдете на каса со натокмена сума пари в рака. Резултатот од таквиот шопинг: уште едно необлечено парче облека во вашиот плакар.

Купувањето во друштво исто така го зголемува притисокот за трошење на поголема сума на пари. Ако групата пријателки се согласи дека одредена цена е соодветна за обуките кои ви го привлекоа погледот, тогаш голема е веројатноста да се убедите дека купувањето на тие обувки вреди и дека е правилна одлука. А, кога ќе се вратите дома и кога ќе ги преброите парите во паричникот, следува прашањето: „Каде ми беше мозокот? 8.000 денари за овие чевли?!?!“.

Затоа, изберете само една пријателка или земете ја вашата сестра и со неа започнете го шопинг задоволството. До вас неопходно е да стои личност која нема да ве опсипува само со комплименти, туку и со критики.

4. Облечете соодветна долна облека за на шопинг

Зошто? Затоа што долната облека е многу важна за начинот на којшто ќе ви стои облеката која ја пробувате. Ако тргнувате во потрага по свечен фустан, ставете си градник без прерамки. Ако одите на шопинг по фармерки или панталони за секој ден, ставете си таков тип на гаќички какви што носите секојдневно. На пример, може да се случи за шопингот да ставите танга и фармерките да ви стојат идеално, а потоа кога ќе облечете обични килоти да не ви се допадне изгледот.

Исто така, мислете и на практичноста за време на шопингот. Доколку барате фармерки, не носете хулахопки, затоа што ќе треба секојпат да се мачите да ги соблекувате, а пробувањето на фармерки над хулахопки и не е баш добра идеја, затоа што така значително се менува изгледот.

5. Ако ви се допаѓа нешто, но изработката не е квалитетна, купете го во црна боја

Не можете да му одолеете на убавата силуета на некое фустанче или пронајдовте панталони кои ви стојат идеално, но за жал нивната изработка е лоша и неквалитетна. Доколку цената ви одговара, купете го парчето облека, но во црна боја. Црната боја ги прикрива недостатоците во изработката, а освен тоа, лесно влегува во комбинации, па бидете сигурни дека фустанчето или панталоните нема да останат заборавени.

6. Чекајте ги попустите! Купувајте „вонсезонски“

Повеќето брендови редовно нудат попусти. Нема поента денес да ја купите јакната по цена од 3.500 денари, кога знаете дека со наредниот попуст за две недели може да биде 1.900 денари. Освен ако јакната не е меѓу последните во продавницата, не брзајте.

Кога ќе залади времето и ќе започне да мириса на снег, сите тргнуваат во потрага по нови чизми и со право тогаш цените на чизмите го достигнуваат својот врв. Ако сакате да заштедите, купувајте чизми во февруари, кога продавниците ќе сакаат да се ослободат од зимската роба.

Во текот на зимските денови ѕиркајте во оној дел од продавниците каде што се срамежливо поставени парчињата останати од претходната сезона, а во текот на летото во задниот дел на продавницата побарајте потопла облека. На таа облека попустите се најголеми и често можете да си купите нешто многу квалитетно за ниска цена.

7. Не купувајте нешто само затоа што е на распродажба

Намалувањата и распродажбите имаат токму таква цел – да ве натераат да купите што повеќе, без разлика дали ви е потребно или не, а сепак да останете со впечаток дека сте направиле добра зделка. Сигурно ќе се сетите на барем две-три нешта кои сте ги купиле само затоа што биле намалени со 70%, а не затоа што сте сакале да ги имате, па сега не ни знаете каде сте ги зафрлиле.

Следниот пат не ја правете истата грешка. Одолејте им на попустите кога пред вашите очи нема ништо привлечно.

8. Одговорете си на прашањето „Дали вреди да дадам толку пари?“ со правилна математика

Некои парчиња облека вредат да си го испразните паричникот малку повеќе. Но, за да знаете кои се тие, потребно е да направите правилна пресметка.

Да речеме дека сакате да процените дали се исплаќа да дадете 3.600 денари за убави фармерки по ваша мерка. Поставете си го прашањето „Колку често ќе ги носам?“. Фармерките се едно од најпрактичните парчиња облека, па да речеме дека вашиот одговор ќе биде „10 пати месечно“. Тоа значи 120 пати во текот на целата година. Кога цената на фармерките ќе ја поделите со бројот на носења, ќе добиете дека едно носење на фармерките ве чини 30 денари.

Од друга страна, ако купите сукња од 2.000 денари и ја облечете само 4 пати во текот на годината, цената на едно носење изнесува 500 денари.

Со ваквата математика фармерките и не изгледаат толку скапо, нели?

9. Пред да платите, проверете го купеното парче облека за дефекти и недостатоци

Дури и во скапите бутици се случува некое парче облека да има паднато копче или распаран шев. Таквите дефекти понекогаш настануваат и од невнимателните купувачи. Многу бутици намерно ги оставаат изложени дефектните парчиња облека со надеж дека некој нема да ги забележи недостатоците.

Доколку облеката има патент, неколку пати проверете дали непречено се движи нагоре-надолу. Погледнете дали сите копчиња се на место, дали материјалот е оштетен и сл.

10. Побарајте фискална сметка и зачувајте ја

Неретко се случува на облеката да има дефект кој ќе го забележите дури откако ќе се вратите дома и намира ќе ги разгледате купените алишта. Во таков случај фискалната сметка е ваш спасител. Уредно спакувајте ја купената облека, земете ја фискалната и вратете се во продавницата за да направите замена.

11. Ако сте слаби со пари, купувајте еднобојна облека, без декорации

Еднобојната облека многу полесно можете да ја комбинирате со што повеќе парчиња кои веќе ги поседувате. Едноставната облека без декорации може да биде како камелеон и да се преобразува. Да речеме дека станува збор за обична памучна црна блуза со долги ракави. Можете да го менувате нејзиниот изглед со помош на брош или марама, да ја носите под сако или џемперче, или пак, да ја носите над кошула од која се ѕирка само јаката.

Секогаш кога сте ограничени со парични средства, купувајте мултифункционална безвременска облека, а правете го нејзиниот изглед помодерен со помош модни додатоци.

12. Купувајте парчиња облека кои можете да ги комбинирате со барем три нешта кои ги поседувате

Никогаш не си велете: „Ќе најдам/купам нешто со кое ќе го комбинирам ова“. Шопинг експертите препорачуваат да се следи правилото да купувате облека која можете да ја комбинирате со нешта што веќе ги поседувате и така да создадете три убави комбинации.

Ако пазарувате со надеж дека дома ќе „најдете“ нешто за комбинирање, голем е ризикот никогаш да не го облечете купеното парче облека.



Изменето од Valerija - 16.Јануари.2012 во 11:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2012 во 11:28

Жените кријат колку купуваат

Жена на шопинг

Многу често, жените кога имаат малку повеќе пари не можат да се воздржат да не купат нешто. Некои не можат да дочекаат да излезат од продавница и сакаат цел свет да знае што си купиле, но има и такви кои потоа се чувствуваат виновни за потрошените пари и се обидуваат да ја сокријат вистинската цена од својот партнер.

Во истражување спроведено од популарното женско списание Marie Claire, во кое учествувале 1 500 жени на возраст од 20 до 40 години, дури половина од учесничките признале дека го лажеле својот сопруг или партнер за тоа колку трошат за себе.

Но, понекогаш не е само цената. Жените учеснички во истражувањето признале и дека за 40% од купените козметички продукти нивниот партнер воопшто и не знае.

Како коментар на овие резултати, Триш Халпин, главниот уредник на списанието, изјавила: „Додека порано ова се случуваше понекогаш за некој пар чевли, сега жените редовно кријат што купуваат“.

Сепак, треба да земеме во предвид дека ова истражување е направено помеѓу жени кои се вработени и кои имаат свои приходи. Кај нас можеби ситуацијата е малку поинаква и тешко е некоја жена да си купи нешто без нејзиниот сопруг да дознае за тоа. Но, мора да се признае дека понекогаш навистина жените го лажат својот партнер за цената на купените работи.



Изменето од Valerija - 16.Јануари.2012 во 11:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,191 секунди.