|
Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи |
Внеси реплика | страница 123 11> |
Автор | |
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 05.Февруари.2007 во 21:27 |
скопска пастрамајлија:
за 5 пастрамајлии е потребно 1гилограм свински пафлак, 5 јајца, 1,5 гилограм брашно 2 лажици шекер 5 сол, свинска мас, триена црвена сол или буковец. подготовка: откако ке се направи тестото и се стават шекерот и солта се изработива формата на пастрамајлии се оставаат даматени за да има и беа остојат 15 мин. покри и се ставаени со топли крпи. се полни со месо и рака а не мат се става по две мали лажици сало се пече на 250 степени. по две минути печење откако салото кесе растопи се стават јајцата но се стават од матено туку од рака за да има белка, откако ќе се испече се премачкуваат краевите со растопено сало за краевите да бидат меки пријатно јадење |
|
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БРЗА ПИТА Состојки
Квасецот се става во вода со малку шекер да стаса.Секоја кора се премачкува со зејтин па со квасец.Кога ке намачкаме 5 кори ги филуваме ,ги виткаме во ролат па во полжав и ги ставаме во округла тава.Така продолжуваме со другите кори се додека не ги потрошиме.Ја премачкуваме питата со квасецот и со зејтинот и ја печеме околу 20-30 мин на 180 Ц. Ако ја правите со сирење ставите малку суво нане и копар во филот.По шмекерска е |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За Биба
Интегрална слатка пита 100 гр брашно 50 гр интегрално брашно 1 белка од јајце 1 дл сок од јаболко 1 лажица масло 1/2 ванилин шекер 200 гр мармалад од сливи -Во сад се стават двете брашна заедно со белката сокот маслоѕо ван. шекер и се мати. Се формира топка која ја виткаме во фолија и ја ставаме топката 30 мин во фрижидер. на два дела тестото. Со едниот дел се расукува тестото да стане тенко и се става во тава каде има намрсена фолија и се боцка дното. Се полни питата со мармаладот од сливи и со другиот дел од тестото правиме ленти, и ги ставаме од озгора вертикално и хоризонтално.Се пече на долната решетка на 180С 35 мин. Тоа би изгледало вака |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Солена погача
Потребни состојки:
· 1 кг пченкарно брашно · 250 г масло · 500 г спанаќ · 250 г сирење со Знак за квалитет · јогурт со Знак за квалитет · сол Начин на приготвување: Тепсијата во која ќе ја приготвувате солената погача попрскајте ја добро со масло, потоа посипете еден слој од брашното со дебелина од еден прст, а одозгора попрскајте ја со солена вода, да биде натопено сето брашно, но да не биде многу водено. Потоа попрскајте ја сето со масло и ставете го приготвенит фил Измијте го спанаќот, исечете го ситно, посолете го и изгмечете го малку со раце, па додајте го претходно издробеното сирење. Врз филот пак посипете брашно и попрскајте ја со вода и со масло како претходната кора, и ставете ја солената погача да се пече. Кога ќе се испече, извадете ја од рерната, попрскајте го со топол јогурт и покријте го за да го впие јогуртот. Се служи топла, со јогурт или кисело млеко. Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 15:48 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Топли сендвичи
Потребни состојки:
· 150 г сирење трапист · 150 г шунка со Знак за квалитет · 3 јајца · 20 г сирење со Знак за квалитет · 1,5 дл кисело млеко со Знак за квалитет · 1 лажица Зачинал · магдонос, сол, црн пипер · 8 парчиња леб · 0,5 дл млеко со Знак за квалитет Начин на приготвување: Трапистот се ренда, а шунката се сечка на ситни коцки. Во измешаните јајца се додаваат трапист, шунка, исечкан магдонос, сирење, сол, црн пипер, Зачинал и кисело млеко, па се меша во густа кашеста маса. Секое парче леб кратко се натопува во млеко, и се става во намачкано тавче едно до друго. На секое од парчињата се ставаат по 2-3 лажици од добиената смеса и се ставаат во топла рерна да се потпече. Се служат со топол чај, пиво или со вино. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:04 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tегнета пита
Потребни состојки: · 1 кг брашно · 1 филџан зејтин · половина квасец · сол · сирење со Знак за квалитет (спанаќ, праз) · 1 јајце Начин на приготвување: Се замесуваат 1 кг брашно, 1 филџан зејтин, малку сол и половина квасец. Откако ќе се замеси тестото, се дели на 8-10 парчиња. Секоја кора по малку се расукува, се мачка со зејтин, и одоздола и одозгора, и се остава да постои 15 мин. Потоа се тегне, а краевите се сечат. Се попрскува само малку со зејтин и се става фил по желба (сирење со јајце, спанаќ или праз). Се пече во загреана рерна. Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:12 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОСНА ПИТА СО ПЕЧУРКИ
Се ближи еден од најголемите христијански празници – Велгиден. Оваа недела е недела на строг пост. Затоа, ние ви предлагаме едно посно јадење. Секако, да не се разбереме погрешно, не е само посно, туку и многу вкусно. Оваа пита со печурки е вистински избор за деновите пред Велигден.
СОСТОЈКИ
за тесто за премачкување фил ПОДГОТОВКА Во брашното, додадете сол, масло, оцет и растворениот квасец. Замесете тесто. Оставете го замесеното тесто да отстои 30-тина минути. Откако тестото ќе се подигне, земете еден дел од него и исукајте што е можно потенок круг. Премачкајте го со половина маргарин и нанесете една лажица густин. Радијално пресечете го тестото и преклопете ги деловите за да се добие топка. Завиткајте го тестото во фолија и оставете го 30 минути во фрижидер. Постапката повторете ја и со втората половина маргарин и тесто. По 30-тина минути, нанесете брашно на работната површина и развијте што потенка кора и наредете ја со фил. За да го подготвите филот, малку пропржете ги исечканите шампињони и зачинете ги по желба. Откако ќе ги ставите шампињоните, изрендајте малку кашкавал. Тестото може да го завиткате како штрудла или да одберете некоја друга форма. Пред да печете, оставете го тестото уште 15 минути. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 250℃. Печете 15 минути на 250℃, потоа намалете на 180℃ и печете додека не стане румена. |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Скопска пита со јаболка
За тестото: 250 гр. брашно 120 гр. путер или маргарин 2 јајца 70 гр. мелени ореви кора од лимон За филот: 1кг. кисели јаболка 120гр. шеќер 2 лажици рум 125гр. слатка павлака 1 ванила Измијте ги јаболките, излупете ги и исецкајте ги ситно. Посипете ги со шеќерот, додајте рум и вино и пропржете ги додека не омекнат, оставете ги да се ладат. Замесете го тестото и оставете го на ладно место малку да отстои. Ставете го тестото во подмачкан плех и развлечете го до дебелина од два сантиметри, а потоа ставете го да се пече во загреана рерна. Исеченото тесто премачкајте го со спремениот фил. Изматете слатка павлака и прекријте ја питата. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:03 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Пита пастрмалија (За четворица) |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПАСТРМАЈЛИЈА
- 1 кг бело брашно Пред да започнеме со приготвувањето на пастрмајлијата една напомена. Месото е повкусно доколку одлежи 24 часа премачкано со масло за јадење, сол, бибер и буковец. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:05 |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова ти е велешка
Штипската е најубава-без јајца и со мноогу црвен пипер |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лесна пита со сирење200 мл (1 чаша) вода 600 гр брашно (мерете со истата чаша) 1 лажиче оцет 1 лажиче сол 4 јајца 400 гр здробено сирење 3 лажици кисело млеко 125 гр маргарин Во длабок сад ставете ги брашното, водата, оцетот и солта и замесете ги убаво. Потоа, извадете го тестото на работна маса и месете го десет минути. Од тестото одвојте шест еднакви топчиња, ставете ги во тава, покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат 15 минути. На малку набрашнета површина расукајте едно топче, додека да добие големината на една рака. Растегнете го тестото со дланката од центарот кон нанадвор. А потоа расукајте го со сукало додека не стане тенко и доволно долго. Повторете ја постапката за секое од шесте топчиња. Потоа, подгответе го филот и поделете го на шест еднакви делови. Секоја кора прво премачкајте ја со маргарин, па додадете од филот на средина на кората. Завиткајте ја во форма на полжав и ставете ја на средина на тавата за печење. Повторете ја постапката со останатите кори со тоа што ќе ги виткате околу првата кора што ја ставивте на средина на тавчето. На крајот, со преостанатиот растопен маргарин премачкајте ја целата пита и ставете ја во претходно загреана рерна да се пече на 230 Целзиусови степени додека не зарумени. Послужете со чаша ладен јогурт и на здравје! |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пекарски кифли • 1 кг брашно ПОДГОТОВКА Кога ќе завршите со месење, покријте го садот и оставете го тестото да отстои околу 50 минути. Потоа, преместете го во друг сад и оставете го уште 25 минути. Откако тестото доволно ќе отстои, набрашнете ја работната површина и ставете го тестото на неа. Од тестото направете 15 топчиња и оставете ги да отстојат 10 минути. Секое од топчињата, расукајте го надолжно со помош на сукало. Откако ќе добиете овална форма, започнете да ги мотате кифлите одозгора надолу, притискајќи го тестото со една дланка. Кога ќе стигнете до средина, продолжете притискајќи со двете дланки, сѐ додека не дојдете до крајот. Истата постапка повторете ја и со другите топчиња тесто. Покријте ја тавата за печење со пекарска хартија и наредете ги кифлите. Оставете да отстојат околу 15 минути да нараснат. Секоја кифла премачкајте ја со вода, посолете ја и печете ги околу 12 минути во загреана рерна на температура од 250℃. |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Naan - Индиски лебПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
Naan е вид на Индиски леб. Во Индија постојат многубројни видови на леб, чии што разлики се засновани на брашното кое се користи за подготовката, како и начинот на пржење или печење. Покрај Naan меѓу најпознатите Индиски лебови се: pulka, puri, roti, parata... ПОДГОТОВКАВо млака вода ставете го шеќерот и додадете го квасецот, па добро измешајте, поклопете и оставете да отстои 10-ина минути. Брашното и солта помешајте ги со маслото. Добро измешајте, за да нема грутчиња, кои се создаваат кога ќе се помешаат маслото и брашното. Додадете ја претходната смеса од шеќер, квасец и вода, па замесете тесто, малку премачкајте го со малку масло и оставете го на топло место околу 1 час, прекријте го со памучна крпа и оставете го да нарасне. Рерната загрејте ја 230 степени. Малку премесете го нараснатото тесто и поделете го на 7-8 парчиња. Секое парче кружно расукајте го, по желба посипете го со сусам или ситно сецкан лук, соберете го во топка, па повторно расукајте го. Тестото наредете го во плех, па печете додека лебот не добие златна нијанса. Кога лебот ќе биде печен, можете да го премачкате со малку путер. |
|
Внеси реплика | страница 123 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |