IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Филмски вести ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Филмски вести ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:21

Џерард Батлер пукан во лице

Еден од најпосакуваните ергени, Џерард Батлер, откри дека за време на снимањето на неговиот нов филм „Machine Gun Preacher“ два пати бил погоден во лицето со дијабола.

- Бев погоден два пати во лицето за време на снимањето на „Machine Gun Preacher“. Снимавме голема акциона сцена и една дијабола ме погоди по веѓата. Крварев толку многу што моравме да престанеме со снимањето. Десет минути подоцна, на следното снимање, повторно се случи истото и тоа на истото проклето место!, изјавил Батлер.

- Кога бев помлад неколку пати имам завршено во затвор. Бев навистина бесно дете, патував низ САД, пиев додека возев и правев разни глупости. За среќа, од деструктивно дете што се бори да си најде свое место на светов, се ориентирав кон глумата и си го средив животот, се надоврзал актерот.

Батлер открил и дека повторно почнал да пуши, откога една вечер излегол со неговиот холивудски другар Расел Кроу. Пред да се случи тоа, шкотскиот актер успеал да ги откаже цигарите после 40 обиди, по кои четири години апстинирал од лошата навика.

- Ми требаа 40 обиди за да се откажам од пушењето. Бев на хипнотизирање 23 пати, примав инјекции со содиум пентанол, ми ги имаат електролизирано ушите и имав ласерска терапија на рацете. Конечно успеав и не пушев цели четири години. Но, пред три месеци, излегов со неколку пријатели, меѓу кои беше и Расел Кроу. Од вкупно 12 луѓе, 11 пушеа и едноставно тоа беше тоа, открил Батлер.



Изменето од Valerija - 29.Октомври.2011 во 19:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:29

Шварценегер назад на филмското платно

Мускулестиот холивудски актер Арлонд Шварценегер, кој стана гувернер на Калифорнија се враќа на филмското платно.
Тој е во Њу Мексико, каде што се снима филмот "The Last Stand" во кој тој ја игра главната улога на шериф во еден мал град.

Актерот постирал порака на неговиот Твитер профил во понеделникот во која вели дека одлично поминал на првиот ден од снимањето на филмот. Тој во пораката им се заблагодарува на целата екипа и вели само така да се продолжи и поманатму.

Филмот во кој глуми Шварценегер е модерен вестерн, каде тој ја игра улогата на поранешен полицаец во Лос Анџелес. После неупешната полициска операција во Лос Анџелес тој е во затвор во Лас Вегас, од каде бега и почнува да работи како шериф во малиот пограничен град во Њу Мексико.

Режисер на филмот е Ким Џи Вун.



Изменето од Valerija - 29.Октомври.2011 во 19:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:32

Мики Манојловиќ добитник на Златна камера 300

Мики Манојловиж е еден од најискусните и најангажирани актери од Србија и поранешна Југославија, со филмографија од речиси сто наслови во различни категории и добитник на низа високи награди и признанија.

Сите национални кинематографии на Балканот се обележани од неговите богати актерски перформанси. Покрај српски, на филм говорел и македонски (Како лош сон), албански (Беса), бугарски (Светот е голем а спасението демне отсекаде), хрватски (Нека остане меѓу нас), ромски (Џипси меџик). Манојловиќ е омилениот лик на најголемите режисерски брендови од регионот, Кустурица, Грлиќ, Карановиќ, Паскаљевиќ, Бајиќ, Тановиќ, помладите Матаниќ, Драгојевиќ, Кољевиќ и нашите Попов и Митриќески.

По распадот на Југославија почнува и неговата интензивна кариера на меѓународен план, играјќи во огромен број француски и италијански наслови. Се одвојуваат впечатливите и забележани улоги во Ослободи ме (1998) на Леа Пул, Криминални љубовници (1999) на Франсоа Озон, Земи ме (2000) на Ариет Мари, Смртен трансфер (2001) на Жан Жак Бене, филмот за стрип јунакот Ларго Винч (2008) на Жером Сале, хит-комедијата Ирина Палм (2009) на Сем Гарбарски. Има глумено покрај сите најголеми имиња од поранешните југословенски простори, но и покрај Емануел Беар, Одри Тату, Чулпан Кхаматова, Винсент Перес, Мишел Сера, Валерија Бруни Тедески, Мариен Феитфул, а во Битола пристигнува од сетот на Бурманска завера, филм во кој главната улога ја толкува Шерон Стоун.

Генерации гледачи ќе го паметат и по улогите во популарните серии Отпишаните и Бос по трње (Грлом у јагоде), незаборавниот лик на Мики Рубироза. Светски познатиот театарски режисер Питер Брук во 1987 година доаѓа во Југославија специјално да го сретне со него.

Во чест на Мики Манојловиќ, на 21 октомври на церемонијата на свечено затворање на Фестивалот ќе биде прикажан контроверзниот филм Беса. Освен Манојловиќ, на затворањето ќе присуствува и режисерот Срѓан Карановиќ, култен автор на просторите на екс-Југославија кој го потпишува овој филм.


 



Изменето од Valerija - 29.Октомври.2011 во 19:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:33

Кидман присилена да го откаже својот конторверзен филм

Проектот за снимање на „The Danish Girl“, биографски филм кој требаше да биде тежок 20 милиони долари, базиран на популарната книга за уметникот Lili Elbe, кој бил роден како маж со име Einar Wegener, се откажа.

Никол Кидман беше ангажирана за улогата на Lili/Einar, но режисерот Lasse Hallström, а потоа и актерката Рејчел Вајс, која требаше да толкува споредна улога, се повлекоа од филмот, кој требаше да започне со снимање во Германија, минатиот месец.

Позади овој проект беше продуцентската куќа на Кидман, Blossom Films, но финансиските проблеми, како и проблемите со актерската екипа, ја оневозможија неговата реализација.

- Никол најпрво и’ се обрати на Гвинет Полтроу за да ја игра жената на Einar, Gerda Gottlieb, но таа веќе имала премногу ангажмани. Шарлиз Терон потоа прифати да ја игра таа улога, но мораше и да ја откаже, заради проблеми со распоредот, вели изворот.

- Рејчел Вајс се пријави минатата година, но потоа, заради нејзиното повлекување, целата продукција падна во безредие. И покрај сè, Никол сепак е решена да го направи овој филм и ќе започне сè одново



Изменето од Valerija - 29.Октомври.2011 во 19:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:34

Хју Џекмен понижен од љубовните сцени со Џенифер Гарнер

Хју Џекмен вели дека снимањето на љубовните сцени со Џенифер Гарнер било „понижувачко“.

Австралискиот актер, кој зедно со сопругата на Бен Афлек ќе играат на големото платно во филмот „Butter“, и покрај тоа што уживал во снимањето на филмот, се засрамил заради невообичаениот начин на којшто требало да ги сними интимните моменти.

- Има една сцена на која водиме љубов во кола, но таа нема да се гледа, туку само ќе ни се слушаат гласовите. Никогаш нема да го заборавам моментот  кога во колата Џен и јас испуштавме звуци како оние при секс, изјави познатиот актер.

- Беше на некој начин понижувачки кога откривме дека нема да можат да нè снимаат и двајцата одеднаш, така што требаше да се снима прво едниот, па потоа другиот. Драго ми е што таа беше прва. Никогаш немаше да можам да отидам толку далеку колку што отиде таа ако не го направеше тоа пред мене. Мислам дека не сум бил позасрамен во мојот живот.

Покрај таа непријатност, Хју бил многу среќен што е дел од филмот бидејќи тоа било многу забавно искуство.

- Многу се забавував на снимањето на овој филм и среќен сум што Џен ме избра мене – и таа беше дел од продуцентскиот тим. Навистина уживав, тоа беше благослов , додаде Хју, кој е прогласен за еден од најубавите мажи на планетата.


 



Изменето од Valerija - 29.Октомври.2011 во 19:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:36

Која е новата Бонд девојка?

На шпекулациите во врска со новата Бонд девојка конечно им се стави крај. Официјално се потврди дека новата Бонд девојка ќе биде Bérénice Marlohe, која заедно со Даниел Крег ќе игра во 23 – тото продолжение на славниот серијал за тајниот агент 007.

Француската актерка, на која ова ќе и’ биде прв англиски филм, ги исфрли од конк*ренција бразилската манекенка Ана Паула Арахо и британската актерка Наоми Херис.

Се очекува филмот премиерно да биде прикажан на 26 октомври 2012 година, а се шират гласини дека неговото име ќе биде Skyfall.



 



Изменето од Valerija - 29.Октомври.2011 во 19:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:37

Холивуд и порача: Изгуби ги мускулите!

Камерон Дијаз ќе мора да го смени својот режим на вежбање доколку сака да го задржи статусот на дама.

Извори блиски до актерката велат дека мускулестиот изглед на Камерон го намалил интересот на продуцентите за неа, кои пак не се сигурни дека нејзиниот нов изглед ќе биде добро прифатен од публиката.

- Камерон е екстремно посветена на здравиот изглед и живот, а сега вежба повеќе од кога и да е. Таа е свесна дека годините ја стигнуваат и оти сега уште повеќе мора да се грижи за својот изглед, но дури и таа самата признава дека малку забегала со вежбањето. Имаше неколку улоги каде нејзиниот мускулест изглед преставуваше проблем. Никој не сака  главната женска стерлета да има поголеми бицепси од нејзиниот филмски партнер, вели изворот.

 



Изменето од Valerija - 29.Октомври.2011 во 19:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:38
Гран при за аматерскиот документарен филм „Човекот лета“  да
 
 
Меѓународното стручно жири на Фестивалот за аматерски документарен филм „Камера 300“ што се одржува во Битола одлучи највисокото признание на фестивалот, наградата гран-при плакета „Милтон Манаки“ да му ја додели на Франк Бекер од Англија, автор на документарниот филм „Човекот лета“.

На вечерашната проекција на најдобрите, од пристигнатите 47 документарни филмови од 12 држави во Европа, меѓу нив 23 од Македонија, ќе биде прикажан и најдобриот македонски документарен филм „Временски патник“ на авторката Марина Трајковска, кој ја доби наградата златна „Камера 300“.

На 19.издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во категоријата „авторски награди“ жирито за најдобар камерман го прогласи Валентин Иванов од Бугарија, наградата за режија годинава му припадна на Ролф Мандолеси од Италија, наградата за монтажа ќе ја добие Франц Копич од Словенија, а наградата за најдобра идеја Јетон Селими од Македонија за филмот „Златна белегзија“.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:39

Клинт Иствуд најверојатно се враќа на глумата

Иствуд е во преговори за улогата во филмот Trouble with the Curve.

Сценариото го напиша Ренди Браун, а приказната на филмот го следи безбол ветеранот кој тргнува на пат со својата ќерка во потрага по млади талентирани играчи.

На долгогодишниот соработник на Иствуд, Роберто Лоренцо наводно овој филм ќе му биде режисерско деби, наведува сајтот со вести од шоу бизнисот Deadline.

Лоренцо му бил асистент на режија на Иствуд во некои филмови како што се Девојка од милион долари и Мистична река, кои ги режираше овој актер.

Иствуд последен пат е виден на филмското платно во улогата на Вол Ковалски во 2008 година во филмот Гран Торино. Тој своевремено изјави дека се откажува од глумата и дека сака да се посвети на продукцијата и режијата.

Тој требаше да режира римејк на филмот Ѕвездата е родена, во кое би играла пејачката Бијонсе, но заради нејзината бременост идејата за проектот моментално е одложена.

 



Изменето од Valerija - 29.Октомври.2011 во 19:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2011 во 19:42

Награда за Панкот не е мртов на Фестивалот на медитерански филм во Копер

Ова е четврта награда во последниве неполни пет месеци за Панкот не е мртов, кој е македонски кандидат за најпрестижната светска филмска награда Оскар. 

Панкот не е мртов доби награда на 46. Филмски фестивал во Карлови Вари во Чешка за најдобар филм во програмата Исток на Западот (East of the West) во која се натпреваруваа уште 11 филмови.

За улогата на Мирса во Панкот не е мртов, македонскиот актер Јордан Симонов ја доби наградата Златна мимоза на Филмскиот фестивал во Херцег Нови.

Панкот не е мртов ја освои специјалната награда од жирито на третото издание на интернационалниот филмскиот фестивал ПриФилмФест во Приштина.


 



Изменето од Valerija - 29.Октомври.2011 во 19:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2011 во 20:08

Кои се најдобрите филмови за 2011 година?


Црно-белиот нем филм „The Artist“ (Уметник), драмата „The Descendants“ (Потомци), Бред Пит, Мартин Скорсезе и Теренс Малик беа големите победници на синоќешното доделување на наградите на филмските критичари и здруженија.

Бостонското здружение на филмски критичари, Здружението на критичарите од Лос Анџелес и Њујоршкото здружение на онлајн критичари ги соопштија синоќа своите избори за најдобри филмови и актерски остварувања во 2011 година, отворајќи ја клучната седмица во Холивуд, за време на која ќе бидат соопштени и номинираните за Златни глобуси и наградите на Здруженијата на актери.

Американскиот филмски институт (АФИ) од Лос Анџелес исто така синоќа ја објави нивната листа од десет најдобри филмови за 2011.

Во Бостон, критичарите го избраа немиот филм за Холивуд - „Уметник“ за најдобар. Филмот не се најде на листата на АФИ, само поради тоа што не е американски, туку француски, но заедно со серијата „Хари Потер“ се најде во групата „специјални награди“.

Меѓу десетте најдобри, според АФИ, се „Потомци“ со Џорџ Клуни во главната улога, „Иго“ на Скорсезе, „Полноќ во Париз“ на Вуди Ален, „Воен коњ“ на Стивен Спилберг и комедијата „Деверуши“.

Бостонските критичари го прогласија Пит за најдобар актер за неговата улога во филмот „Формула на успехот“ и Мишел Вилијамс за најдобра актерка за нејзината улога на Мерилин Монро во филмот „Мојата недела со Мерилин“.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2012 во 05:38

Kомедијата „Глупав и поглупав“ ќе добие продолжение

Хит-комедијата од 1994 година „Глупав и поглупав“ ќе добие продолжение. Ова го откри 

Питер Фарели, корежисерот на авантурите на двајцата пријатели со сомнителен коефициент на интелигенција. Според него, новиот филм, кој ќе почне да се снима во септември, ќе биде уверливо продолжение на она што публиката можеше да го види претходно и ќе нема никаква врска со оној што излезе во 2003. 

Имено, пред неколку години беше продуцирано продолжението „Глупав и поглупав: Kога Хари го сретна Лојд“, но во него не играше оригиналната актерска екипа. 

Потврдено е дека ѕвездите од оригиналниот филм, Џим Kери и Џеф Даниелс, ќе играат во новиот проект. Фарели и остатокот од екипата долг период сакале да го снимат продолжението, но с` почнало да се развива кога и Kери и Даниелс пројавиле интерес.

- Џим беше зафатен со други проекти, но се јави и рече дека мора да го повториме тоа искуство. Го гледал филмот и си рекол дека би можеле да снимиме совршен втор дел.

Фарели, пак, ќе го режира филмот со својот брат Боб, а Шон Андерс и Џон Морис работат на сценариото.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2012 во 23:25

Хју Грант не снима повеќе


Холивудската ѕвезда Хју Грант ја завршува својата актерска кариера и повеќе не прифаќа нови проекти бидејќи му здосадило да биде пред камера.
"Завршив со тоа. Повремено ќе се појави проект кој ќе ми ја разбуди фантазијата, но начелно завршив. Иако не работам многу, ми се допаѓаат одредени аспекти од работата на глумецот. Ми се допаѓат односите кои ги развивам со луѓето за време на снимањето, но самото стоење пред камерите не ми се допаѓа", вели 51-годишниот актер.

Популарниот Британец вели дека е најтажно да се видат луѓе во доцните 30-ти или 40-ти години како се борат да добијат улога на морков во обична ТВ-реклама.
"Некои луѓе тоа мораат да го прават, бидејќи едноставно се фасцинирани од глумата", изјавил Грант.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.