IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2011 во 21:31
НЕСТИВНАТА СТРВ

Во локните на твојата коса

квечерината си прави постела

од мириси на зрели кајсии…

Песната на птиците во крошната

сеуште ги чува моите стрвни очи -

и тебе во нив…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2011 во 06:27
ДЕНЕС

Денес е ден на препознавање
Секој сменил нешто
Или името
Или лицето
Денес ни самиот не знам кој сум
Дали тој што ми се претставува со името
Или другиот, што го има моето лице
Каде ли исчезнаа сите тие што ги знаев
Кои се овие што велат дека ги знам
Денес едноставно е ден на препознавање
Утре ќе им се вратам на старите песни
Во кои те има таква
Каква што сакав да останеш...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2011 во 07:42
ЖИЦА

Внатре си
А ти си чини не си
Сепак си надвор
Исто мисли и другиот
Од онаа страна на жицата
Кој го ебе
И онака е луд
И никој не му верува
Од твојата страна на жицата
Додека не ги замените местата
А исти сме
Проклето
Исти
Копилиња
На
Господ
Кој кренал раце од нас
Од денот кога ја ставивме жицата
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 08:48
ВИДЕО КАМЕРИ ИМАА САМО БЕСМРТНИТЕ


И Луцифер крена рака од мене
Денот кога те видов

На божилакот му остана само житото
А виното ја изгуби моќта да опијанува

Тогаш и песните си ги изедоа очите
Да не препукнат од епитети

Јас, поетот на абортираните песни
Стоев нем во песокот на мојата грандиозност
и го оплакував јазикот
Со кој сакав да те препеам
Скршен од искуството дека ништо не е вечно

А видео камери имаа само бесмртните...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 23:10
Јас сум вино
вкуси ме
опиј се
запеј ми
потем исплачи се
ќе бидам сунѓер
и ќе ги соберам
сите твои гревови
во мојата безгрешност
Јас сум старо вино
чувано за сватови
кои никогаш нема да запеат
„Цреша се од корен корнеше“
Јас сум вино
во триста вини завиено
во триста ала превриено
вкуси ме
опиј се
удави се во мене
воскресни ме
ти мое невино...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2011 во 20:37

ВО МОЈОТ СВЕТ

Во мојот свет предметите мирисаат на пролетен дожд
а дождовите шумолат низ лисјето со полноќната музика
на твоите мали, румени насмевки...

Во мојот свет по улиците танцуваат сенките
на едно време што допрва иде
а времето го има вкусот на сите пропуштени радости
низ прстите на животот...

Во мојот свет бајките сами се раскажуваат:
И никој не ги запишува,
и никој не ги учи наизуст –
оти крајот и почетокот секогаш имаат
ист стартен број на маичката...

Во мојот свет те има само тебе –
Сето друго е отсјај на мојата утринска молитва:
За тебе, за неа, за нас тројцата...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2012 во 22:48
Се фаќаш на чело на орото
на моите приоритети
толку кршна
и натафрена
за изневерување на принципите
како потурчена анамка
во шарени сараи....
Твоите манири фрлаат чалами
како стодинарки
од испотено чело на ефтин чалгаџија
а, кафето ти е ефтин изговор
за два реда неврзан муабет
и долго озборување на поезијата на Маџиров
наспроти моите стихови...
Ох, колку си вешта
во наведување машки поглед
на длабока пенетрација
во твоите бесрамни мисли,
полифонично раскокодакани
под широкото деколте...
Денес милозливите не свршуваат
На римувани стихови во осмерец...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2012 во 11:58
КАМЧИЊА


Некој фрла камчиња на мојот прозорец

Додека спијам,

Камчиња со душа на несонета среќа

Во заминување…

Ќе се врати ли третата наречница

Да си ги собере шегите

Па да продолжам…

Град од црни ѕвезди ми го толчи житото,

Таму, во сушното поле,

Во единствената нива…

Спиј, мило! Не плаши се!

Имам чадор од бесмртна љубов –

Ќе те заштитам…

Некој фрла камчиња на мојот прозорец,

Камчиња белутрачиња,

А не остана никој од чуварите на игрите…

Спиј, мило! Не грижи се!

Имаме сон за сонување….
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2012 во 16:41
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

Се фаќаш на чело на орото
на моите приоритети
толку кршна
и натафрена
за изневерување на принципите
како потурчена анамка
во шарени сараи....
Твоите манири фрлаат чалами
како стодинарки
од испотено чело на ефтин чалгаџија
а, кафето ти е ефтин изговор
за два реда неврзан муабет
и долго озборување на поезијата на Маџиров
наспроти моите стихови...
Ох, колку си вешта
во наведување машки поглед
на длабока пенетрација
во твоите бесрамни мисли,
полифонично раскокодакани
под широкото деколте...
Денес милозливите не свршуваат
На римувани стихови во осмерец...


e ova, da!
like да





се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2012 во 20:26
poetot ne e kompjuter
kompjuterot ne poet
definicii za ubava pesna nema
pesna bez definicii...ubavina

Zamisli da bevme site vo uniformi i ednakvi
so epoleti i medali,dzem od slivi i peceni suvi piperki
Korenot ne e vo zborovite,prijatele
etnosot zivee...ne se maci da prepoznae

Ah da,ne se maci da prepoznae
definicii od frazi,sluzbenici od gazdi
Saka ubavina gola
na sekomu po cerek odkinata,doziveana...a ne procitana

...............ZA DUSA







.....majstorce



Изменето од Joshua_Tree - 03.Февруари.2012 во 20:27
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2012 во 21:29
мајсторче62, мајсторе, ... душава ми ја изгоре ...
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2012 во 09:07
nekoj mi bilna gosti, a jas ni kjumbetot ne go zapaliv... ebem ti domakinot... pozdrav do site...   :)
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2012 во 18:00
1.

пеперутки рој

зимското сонце гладно

ги јаде во лет


2.

Бел ветер свири

Под мост бездомник спие

Пеат анѓели
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2012 во 07:09
Роза во снегот

ловец в мрак се прибира

на лице радост
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.