IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Охрид
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Охрид

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2011 во 10:26
Охрид дел од европскиот проект за интегриран пристап во управувањето со културното наследство
 
 
Градот Охрид ќе биде дел од тригодишниот заеднички европски Проект за интегриран пристап во управување со културното наследство во Југоисточна Европа (SUSTCULT).

tanja-paskaliОхрид, заедно со Венеција, Вилавската долина од Словенија, Крф од Грција, Берат од Албанија и манастирот Хурези од Романија наредните три години ќе разработува стратегија за постигнување одржлив развој, притоа водејќи сметка на зачувувањето на културното и историското наследство.

Како дел од имплементацијата на проектните активности се одржа состанок на консултативното тело, на кој присуствуваа претставници на сите релевантни институции, како и субјекти поврзани со заштитата на историското и културното наследство.

Научната фела го поздрави вклучувањето на Охрид во тој прекуграничен проект, оценувајќи го како добар модалитет, односно еден од начините за уредување и управување со културното наследство.

- Добро е што Охрид аплицирал и го добил проектот. Важно е сега тој вистински да се спроведе и да добиеме документи кои што утре ќе имаат вредност да бидат имплементирани. Охрид заслужува ваков план и се надевам дека во иднина ќе произлезат вистински, вредни планови кои ќе бидат имплементирани, истакна деканот на Факултетот за туризам и угостителство, Сашо Коруновски.

Тој појасни дека целта на планот е да се изнајдат модалитети за развој, со вклучување на наследството како активен развоен чинител.

- Се што ќе произлезе од проектот ќе биде преточено во конкретни акциски планови. Ако таму бидат зацртани посебни активности во старото градско јадро, општината ќе мора тоа да го спроведе. Доколку проектот предивиди какви било други активности за заштита, тогаш Министерството за култура ќе биде на некој начин обврзано тоа да го спроведе. Тоа е суштината на овој проект, да се предвидат акциите во еден стратешки план, да се издвојат вредностите, да се увидат грешките и да се планираат активности за во иднина, додаде Коруновски.

Директорот на НУ „Завод и музеј – Охрид“, Тања Паскали-Бунташеска потсети дека независно од грешките направени во минатото, никогаш не е доцна за активности во насока на заштита на огромниот број вредни објекти со голема културно-историска вредност.

За имплементација на Проектот насловен „Достигнување на одржливост преку интегриран пристап во управувањето со културното наследство“ од ЕУ се издвоени 1,4 милиони евра, а водечки партнер односно носител на проектните активности е Венеција.
 
 
 
 
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2011 во 10:52

Петрески: Не шетам ко некои, ко пусто гојдо низ градов, јас сум градоначалник

http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/11/25/petreski.jpg

Дел од охридските новинари се јаничари, изјави синоќа градоначалникот на Охрид, Александар Петрески за една локална телевизија.


- Оваа власт делува како машина, како Германците во војната но тие погрешија што удрија на Русија, а така и власта ќе помине со мене... Не шетам ко некои ко пусто гојдо низ градов, јас сум градоначалник - рече Петрески. 


Градоначалникот на Охрид Александар Петрески во истото интервју истакна дека тврди дека ревизорскиот извештај за општина Охрид, кој деновиве крена голема прашина во охридската, но и во македонската јавност е многу подобар од оној на Владата и на сите министерства.


- Извештајот е подобар од оној на Општина Битола и сите каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Петрески според кого тоа никогаш нема да го каже „Латас и компанијата јаничари новинари од Охрид“ - изјави Петрески.


Тој напомена дека ова е чисто политичка борба за да се тргне градоначалникот на Охрид од функцијата, за што на провладините медиуми им се сервираат податоци за да го оцрнуваат него.


Околу неговата отворена „војна“ со Свр Охрид, претставувана од портпаролот Стефан Димовски, Петрески со став дој напад на портпаролот на МВР бил синхронизиран.


- Сепак портпаролот заборава дека прави кривично дело. Тој зборува за дело кое е во истрага и кое не се коментира. Јас сега нема да го коментирам, а тој ќе треба пред судските органи да одговара или јавно да ми се извини - истакна Петрески кој Димовски го нарече „пулен“ на охридскиот новинар Веле Митаноски.


За најавените рампи градоначалникот на Охрид вели де ги поставува државата.


- Ако одите во Скопје од било кој правец секаде има рампи. Автопати треба кон Охрид да водат од сите правци. За да се направат автопатишта треба да се направат рампи - изјави Петрески.

Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2011 во 12:48
Чудно, за да се направат автопати јас мислев дека треба да се направи асфалт
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2011 во 13:03
...e tuka, prvo rampite  gi pravat ,..pa posle  patot,...za da ne im kidne nekoj ,..ako e obratno !
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2011 во 13:36
Originally posted by brza brza напиша:

...e tuka, prvo rampite  gi pravat ,..pa posle  patot,...za da ne im kidne nekoj ,..ako e obratno !



Да бе brza , до мене е извини. А јас сум се разгракал против луѓето, срам да ми е.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2011 во 00:06
Ovoj kradonachelnik navistiona ne znae za granici...

... prvo si ja pokazha inteligencijata, potoa pochna da gi vregja domashnite i stranskte turisti, a sega prodolzhi so vregjanje i na nevinata stoka:

Не шетам ко некои, ко пусто гојдо низ градов, јас сум градоначалник.

Ajde da vidime do kade kje doterame... iako smetam deka najdobro kje bide namesto toa navreme da go oterame. Mislam, da go oteraat ohrigjanite... sepak, ne e mozhno site da se kako nego.




Изменето од Messenger - 27.Ноември.2011 во 00:09
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2011 во 00:37
pa i ne mora da se site!

...samo ...polovinata  !да

...inache tuka,...koj se ''kachil'' nekade ,..ni gospod ne go simnuva,...a ne nekoj si apatichen

  narod.


Изменето од brza - 27.Ноември.2011 во 00:39
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2011 во 00:39
strasno, boga mi 
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2011 во 00:53
...boga ti , strashno !голема насмевка

...svashta ragja ....zemjata makedonska!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2012 во 23:20

..........мечтаење.............

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2012 во 09:58
 

Посетата на најбогатиот човек во светот, Карлос Слим кој во Охрид ќе учествува на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој – се чува во најголема тајност. Управата на хотелот “Инекс“  добила инструкции од министерството за информатичко општество да не кажуваат ништо, дозволиле само да се снима апартманот “Јуниор“ кој има посебен влез. Човекот чие богатство е проценето на 69 милијарди долари ќе престојува во помалку изолираниот, стар, но луксузен хотелски блок, со најубавиот поглед кон Охрид и езерото. 

Од министерството за информатичко општество велат дека на инсистирање на Меѓународната Унија за Телекомуникации не се откриваат детали за престојот на Слим во Охрид. Не се знае нити кога најбогатиот човек ќе пристигне во нашиот град. Наводно тој ти откажал сите интервјуа, сакајќи да ужива во својата приватност на брегот на Охридското езеро. 

За оваа конференција која за прв пат се одржува во Македонија,на охридскиот брег- целиот хотел е резервиран пред речиси 2 месеца. Неофицијално, Карлос Слим немал посебни барања. Десетина врвни готвачи подготвувале мени претежно од телешко, а на богата трпеза во сабота навечер ќе имало и македонски специјалитети, вина и прочуената охридска торта. Се очекува Карлос Слим во Македонија да допатува деновиве со приватен авион. Ќе има специјален безбедносен третман во движењето на поворката до хотелот каде ќе биде сместен. Неговата претходница веќе една недела е во Охрид. 

Градот ќе биде под посебен режим на сообраќај за што се ангажитрани 100-тина полицајци. 
Покрај Слим, во Охрид доаѓаат и претседателот на Руанда, а за првпат ќе дојде и член од австралиската влада. 

Собирот во Охрид, според реномето на учесниците, е еден од досега највисоко рангираните. Тука ќе бидат извршните директори на најголемите светски компании кои се двигатели на информатичкото општество. 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2012 во 06:01

Охрид очекува плодно лето

Освен гостите од Холандија, кои Ќе бидат најмалку 14.000, се очекуваат и голем број туристи од соседството, а има најави за туристи од Италија, Германија, Финска, Јапонија, Австрија и од Америка

Охрид летово очекува успешна туристичка сезона, а со оглед на најавите и на резервациите по сместувачките капацитети, нашиот најголем туристички центар буквално ќе врие од странски туристи. Освен гостите од Холандија, кои ќе бидат најмалку 14.000, се очекуваат и голем број туристи од Бугарија, Грција, Србија, Албанија, Турција и од Kосово, а има најави за балкански кружни тури со туристи од Италија, Германија, Финска, Јапонија, Австрија и од Америка, кои во својата маршрута го имаат и Охрид.

Надлежните за туризам при охридската локална самоуправа очекуваат дека годинава ќе имаат поуспешно туристичко лето од лани.

- Постојат дефинирани и најавени кружни балкански тури со странски туристи во кои е вклучена и Македонија, односно Охрид. Во текот на овој месец веќе имавме неколку такви тури со туристи од Јапонија, кои покрај посетата на Грција, Албанија, Црна Гора и Хрватска, престојуваа по два дена и во Охрид. Во текот на летото ќе има уште многу такви тури, не само од Јапонија, туку и од други странски земји. Годинава за првпат на охридската ривиера имаме зголемен број гости од Турција, кои се очекува да бидат многубројни и во текот на летото - вели Гоце Симоноски, раководител на секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид.

Тој појаснува дека и годинава голем број туристи се очекуваат од соседна Србија, кои, според охриѓани, се едни од најпосакуваните гости.

- На промотивните активности што ги остваривме во Србија годинава имаше неверојатна заинтересираност. Веќе има најави за резервации за шпицот на сезоната, а дури имаше интерес за резервации преку синдикати и поголеми фирми, кои на своите членови или вработени би им овозможиле одмор во Охрид - вели Симоноски. 

Од охридските туристички агенции велат дека цените и годинава ќе бидат исти како и во изминатите сезони.

- Kако и во другите туристички центри, и во Охрид се нудат поевтини цени за резервација на легла предвреме. Значи, не може да добие иста цена тур-оператор кој резервирал 5.000 легла неколку месеци порано и некои поединци кои дошле само на еден викенд во Охрид. Значи, тука треба да се прави разлика затоа што оној што порано резервира, сноси и посебни ризици - вели Олег Маленко од охридската туристичка агенција „Вис пој“.

Тој смета дека сите надлежни институции и сите туристички фактори во Охрид во наредниот период треба да се ориентираат кон домашниот пазар, односно кон домашните туристи, кои од лето на лето ги има с` помалку на охридското крајбрежје .

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2012 во 18:00

Охрид низ слики, уживајте! (ФОТОГАЛЕРИЈА)


Прекрасни плажи, многу убави девојки и незаборавна забава 24 часа на ден. Тоа е Охрид деновиве. Секој што има можност да го посети, нема да зажали. Уживајте во фотографиите.



Изменето од емил - 12.Јули.2012 во 18:01
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2012 во 18:05

Охрид преплавен од странци, охриѓани се жалат оти малку трошеле (ФОТОГАЛЕРИЈА)


Во Охрид врие од туристи, особено странски. Италијанци, Полјаци, Швеѓани, Холанѓани, Словаци. Србите и да не ги споменуваме оти веќе неколку години Охрид е најпривлечна летна дестинација за граѓаните на нашиот северен сосед.

Се чини дека годинава како никогаш порано Охрид не бил толку посакувана и посетувана дестинација од странски туристи, кои ги има буквално од сите држави на Европа. Преку ден сите се на плажа, а навечер – по сокаците на преубавата охридска чаршија.

Но и покрај тоа охриѓани не се задоволни. Велат, туристи имало, ама пари немало!

„Бадијала што врие од туристи кога никој не троши пари. Посебно странците. Сите се по хотели преку аранжмани од туристички агенции. Таму сѐ им е платено, а надвор од хотелите не купуваат ниту вода кога ќе ожеднат“, се жалат охриѓаните, кои со душа го чекаат летото за да можат да заработат.

Тие велат дека странците не трошат поради светската економска криза, а дека Охрид го преплавиле бидејќи им е поевтино отколку во сопствените држави.

„Поевтино им е тука да живеат по хотелите отколку во сопствените домови. Во хотелите и апартманите добиваат луксузни услуги за малку пари. Пред два дена буквално бркав еден Грк за да му продадам шишенце со вода. Жеден влезе во продавничката и побара вода, извади монета од едно евро за да плати, па се пишмани, ја врати монетата во џеб и излезе од продавницата“, вели сопственик на една колонијална продавница во градот.

Цените за сместување во Охрид се различни. Во хотелите тие се од 30, па сѐ до 80 евра за пансион. Сместувањето во приватните апартмани и станови е поевтино, па така за соба во крајбрежниот појас ќе треба да одвоите најмалку  10 евра или 600 денари за еден ден, додека во втората линија цените се пониски и се прашање на договор.

Инаку, она што може да се забележи, за разлика од Скопје и другите градови во земјава, каде што температурите достигнуваат до пеколните над 40 Целзиусови степени, во Охрид се дише, и преку ден и навечер.

Туристите секојдневно пристигнуваат во Охрид, а дополнителна навалица се очекува деновиве во пресрет на 52– то издание на спектакуларното Охридско лето. Тоа е една од  најзначајните културни манифестации во Македонија, која почнува утре и ќе трае до 20 август.

 



Изменето од емил - 12.Јули.2012 во 18:05
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.