|
Бинго!! |
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Автор | |
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Низ светот не протестираат под црвени знамиња, ниту пак со анархистички симболи, а најмалку бараат смрт на капитализмот. |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...makedoncite se originaklni i po toa.
...barem ne pobarale( napishale) i,...sloboda na narodot! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..sloboda na narodot
..тоа се печати..за 24 октомври!. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Езоповска басна Сакаш секс, направи мост... Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ 1. Што имам јас како
обичен граѓанин од тоа што премиерот и` се лути на Европа? Ние не сме
го избрале да се лути. Сме го избрале да воведе европски стандарди на
живеење. |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако земеш и во основа,Америте пресметале дека сме 87 години заостанати зад светот и светските збиднувања, па повлечеш паралаела кога првите штрајкови се направиле во АМЕРИКА за ДЕНОТ НА ТРУДОТ,а овде остана само СКАРИТЕ ЛОКАЊЕТО И ПРОСТОТИЛАКОТ,далеку е нашата за СВЕСТ ОД ВАКОВ ТИП.
НИЕ сме добри во едно,ГРОБ НА ДРОГОГА ИСКОПАЈ МУ ;ТИ НАЛАПАЈ СЕ ;а за ОСТАНАТИТЕ УВО ДА НЕ ТЕ БОЛИ. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
идивидовец..
и милионер,и во центар,и со народот,вистинско БИНГО...па сакал да каже: cit:...но тоа е проблем општо во нашата оаза на Балканот... нема поставени вредности на пазарот на трудот... државата во своите институции нема вреднување на тоа што е стандард... каубојци на сите страни, фушерај, лаици, полуписмени приучени типови поставуваат вредносен систем... и јебига тоа е нели друга тема, ама здравството е дел од таа приказна... или ако сакате, во некои сфери сеуште постои социјалистичкиот дух... чуварот кажува како директорот е глуп и нема поим бре... чистачката му објаснува на правникот дека има свои права според законот... општиот работник го тупи шефот затоа што како што ги поставува темелите на зградата, не е по проект и може да се стркала како крушка... ама пазете... не е тоа чудно... бидејќи чуварот е дипломиран економист, а директорот има завршено хемиски техничар и моментално студира на шумарски... чистачката е дипломиран правник а правничката сеуште студира на ФОН, има уште 3,4,5,6,7, испити... општиот работник е градежен инжењер а шефот завршил трговско... и тоа четири години бе брат, има школо... и што кој бре ако некој има факултет, знаење, диплома, кога ништо не знае додека не фати лопата у рака... нели така... и што кој ако е некој доктор, за тоа учел да лечи луѓе... ако му се свиѓа добро, ако не ги има пун к*рац кои чекаат да дојдат на негово место... и затоа јас реформикте во здравството ги сфаќам во еден поширок контекст... ќе бидат тогаш кога ќе се реформира и нашиот систем на вредности... што би рекле, никогаш... а можеби ни тогаш... ..и плус тоа вели: cit:...А да ги гледаме работите обратно... за да биде некој поставен на некоја професионална или општествена функција... тој мора да исполнува одредени услови поврзани со таа функција... а кои се однесуваат на неговото знаење, карактер, искуство и култура... инаку зошто би бил поставен некој што не ги исполнува тие услови... па сега да чекаме да се смени... арно ама кај нас работите се поставени на сосема трета страна... многу често оние кои ги исполнуват професионалните услови... мораат да молчат, да бидат глуви, неми и слепи... за да можат овие другиве кои залутале во одредени професии... не по нивна вина, туку поради нечии партиски интереси, најчесто... да бркаат работа за се друго... освен за она за што се платени... башка што многумина и појма немаат од работата за која се поставени... и секоја чест на исклучоци, ги има... и ова што го кажав не се однесува само за министерство за внатрешни работи... за сите министерства... случајно е постирано во оваа тема... и причините за таква ситуација не се едноставни... а проблемот нема да се реши, затоа што многумина не сакаат да се реши... и јеби га ако сум off topic... читав у наука постовите од оној dobrilco... dedonoe де... убаво,поубаво здравје! |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вакуум притисок На Груевски и на Ахмети дури ни стоте дена од Владата не им се погодија во ист ден...Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ 1 На телевизиите се вртат поучни спотови за успешни бизниси. Тече кампањата за поттикнување на претприемништвото и ни откриваат како настанала и како се развила рент-а-кар компанијата "Авис", како е создадена социјалната мрежа Фејсбук, како компанијата "Дел" го изградила компјутерското царство... Владата ни ја открива Америка. И уште неколку примери од Велика Британија, Германија, од Јапонија... Откако ќе ни ги раскаже успешните приказни, оди слоганот "Осмели се!". И "Направи го првиот чекор". Ај нека замисли Никола Груевски, кога не би бил премиер, да се осмели и да отвори своја приватна фирма. Ама да ја води според сега владејачките стандарди за водење бизнис во Македонија. Не е проблем да се осмелиш. Не е проблем и да го направиш првиот чекор и да започнеш свој бизнис. Проблем е ако ти тргне бизнисот. Па и ако на некој од власта му се бендиса твојот бизнис. Па кога ќе го направиш вториот чекор, ќе се смени власта и ќе дојде другата партија. Ќе направат нивна партиска нелојална конк*ренција на твојот бизнис. А тебе веќе во третиот чекор ќе те сотрат со инспекции. Осмели се. Побарај поврат на ДДВ. Можеби затоа и сите примери во владината кампања за успешни приказни се од странство. Оти ако основачите на "Авис", Фејсбук и на "Дел" се осмелиле да започнат бизнис во Македонија, досега веќе одамна ќе го имаа направено првиот чекор за успешен бизнис. Ќе се отселеа во Америка. 2 Уште ја чекаме Владата во сенка која ја најави лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. Извори од партијата деновиве брифираа дека владата во сенка не може да се состави поради притисоците кои власта ги прави врз нивни истакнати функционери и врз интелектуалците што сакаат да $ се приклучат на опозицијата. Сепак, велат дека не се откажуваат од идејата за влада во сенка, но проектот го одлагаат за одреден период. Сиромашките тие. Им се виде многу работа, и си најдоа оправдување да одмораат. Поработеа два дена и си рекоа: 'Што џабе да се мачиме, кога овие ВМРО-вците сe уште се на власт?' Замислете, им вршеле притисоци на нивните функционери, и затоа сега не можат да работат. А што мислеа тие? Како мислат да дојдат на власт ако им е страв да кажат нешто против ВМРО? Што чекаат? Народот да се самоорганизира да ги донесе на власт? Ќе се правдаат после дека Никола Груевски не владее туку спроведува режим. И затоа тие ќе ја замрзнат својата работа во одреден период. Тој одреден период е додека Бранко не е вечен. Не знам само зошто си најдоа оправдување дека и интелектуалците што сакале да им се придружат се плашеле од притисоци. Што ќе им се интелектуалци додека им е Бранко таму? Нека си бараат мангупи. И онака се идеален спој на кафеански револуционери и салонски интелектуалци. Башка, кој прави Влада во сенка, а доаѓа зима? Ќе им студи. 3 Го следам судењето на осомничениот за убиство на Мартин Нешковски и си викам: Како ревносно бранат обичен полицаец, за кој велат дека не ни бил на должност, Бранко така ни министрите не си ги бранеше. И после се чуди оти се плашат да му влезат во влада во сенка. Имале притисок. Не ќе да е до притисокот. До вакуумот ќе да е. 4 Премиерот Груевски ги одбележа стоте дена на Владата со обраќање на Фејсбук. Спомена многу успеси, ама не ја спомена амнестијата за хашките случаи. Лидерот на ДУИ Али Ахмети на сто и првиот ден од Владата, како најголем успех се пофали со амнестијата за хашките случаи. Иста влада, а лидерите на коалиционите партнери секој со своја агенда. Едниот се обрати на македонски, другиот на албански јазик. Секој на своите гласачи. Дури и стоте дена не им се погодија во ист ден. Ама Македонија не е федерална држава. 5 Германскиот европратеник со грчко потекло Јорго Шацимаркакис кога прозборе на македонски јазик во Собранието, половина Македонија и борците за името се подмочаа во гаќи од радост. Пратениците му аплаудираа небаре е позната турбо-фолк ѕвезда од Србија. После Шацимаркакис се правдаше во Грција. Напиша дека македонскиот јазик е 70 отсто бугарски дијалект и 30 отсто словенски. И дека во Скопје зборувал за јазикот за македонски на кирилска транскрипција, без да се преведува во маседониан, како што се изговара на англиски јазик. Значи, во Македонија зборувал на јазикот за домашна употреба. А во Грција смислил објаснување пак за домашна употреба. За секоја изговорена глупост може да се најде логично објаснување. |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рецесија на умот
Свети Никола ќе го лустрира Дедо Мраз...Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ 1 Ако
те фатат на пушење во кафеана, ќе платиш казна и ти како пушач, ама и
газдата на кафеаната што ти дозволил да пушиш. И ќе му ја затворат
кафеаната еден месец. Ако не издадеш фискална сметка, ќе ти го
затворат дуќанот на подолго. Ако ти најдат непријавен хонорарец, ќе
платиш дебело. Ако не возиш со вклучени светла или со врзан ремен,
исто така, ќе платиш казна. |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жртви на примитивизмот Колку ли ќе одлепат кога ќе го испорачаат кокаинот? ... Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ 1 Собраниската расправа за одбележување значајни датуми помина во духот на историската традиција на Македонците. Се истепаа меѓу себе. |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интересно...
Драгане Павловичу-Латас ... Види вака!Љупчо Зиков
Сакам да му се обратам лично на Латас! Најлично... Оти, Латас не е глупав човек! Напротив. Македонската дваесетгодишна јадна стварност, што денеска сите ние со „симнати гаќи” ја сведочиме, докажува дека Латас не е глупав човек. Тој секогаш бил таму каде што треба – и во времињата под Бранко, и оние под Љубчо и овие под Груевски! Скицата на овој текст, мили мои читатели на „Капитал“, ја пишувам заседнат во удобна фотелја во една банкарска канцеларија на Рокфелер центар во Њујорк...! Рано претпладне... Се давам во убавина и шарм, адреналин раширен од позитивна енергија на луѓе кои создаваат! Америка излезе од криза... оди напред! А јас ги читам „свежите бранови во ВМРО-ДПМНЕ” и „Промените на Латас” во „Вечер“. Сега се прашувате зошто го правам тоа? Да се убиеш? Ајде де... Со ништо не се согласив со него во текстот (инаку, редовно го читам Латас - поради прецизните пораки што власта ги испраќа преку него), освен со фактот дека и покрај сe, Груевски повторно го матира Црвенковски и е „десет минути” понапред во политичката битка за задржување на власта! Еве, и јас да додадам дека отсуството на возбуда и вознемиреност во СДСМ од најновите потези на Никола Груевски е само директна потврда колку овие луѓе „удавени во сопствената немоќ и неспособност”, овде само пусто чекаат Груевски сам да си оди, а тие да дојдат на негово место! Што ли чекаат, којзнае... Дотогаш Бранко Црвенковски е само жив штит на власта на Никола Груевски и ништо повеќе. Јадно! И тука нема ништо спорно, Латасе, драг пријателе... Колку да сме начисто дали воопшто застапувам нечии ставови во овој текст! Но, тоа не е поентата, БРЕ фраеру... Ајде да дебатираме! Но, те молам, без „кур и п**ка”, „говно низаедно”, „курви и проститутки”, „педери и шербетлии”, „гз ваков”, „гз онаков” и „гз ти мајчин”. Извини што овде ги потсетувам термините. Го направив тоа единствено со намера да укажам на што мислам, за да не кажеш не сум дефинирал... Одважи се, брифирај се ако треба, спремај се и излези на мегдан да ДЕБАТИРАМЕ ЗА ВИСТИНСКИТЕ ТЕМИ! А тие се многу поважни од судбината на министрите и вториот и третиот ешалон... Барем да се некои ешалони!
Зошто ова писмо до тебе!Претеруваш! Ај не сака човек да реагира, да спушта нивоа на комуникација, ама ти, пријателе, ги минуваш сите граници... Па боже наш, како не ти текнува бре, Латасе, кога ги „куцаш” тоа редовите на компјутерот дека колку е Бранко на власт, толку и ТИ сосе Ѕинго сте на власт! Како не ти текнува наутро кога ќе се погледнеш во огледало дека од другата страна излегува Бранко, Љубчо, Никола или Ѕинго... Како не ти текнува дека вие четири, пет, шест таканаречени „мудреци” од медиумските редови (од сите бои) со вашите „свежи селски интелигенции” му ебавте мајка на цело јавно мислење во сите години наназад. Дека ја држите во заложништво целата медиска сцена, а токму такви „полноглавци” ве сакаат по партиите! На пример, Латас, вистинското прашање сега е дали „свежиот бран промени” ќе го зафати округот на Кратово, „задња пошта” Силекс и Министерството за земјоделство сосе Дирекцијата за субвенции! Баш ме интересира... А? Ајде и за тоа да зборуваме... Зарем не си помислил, Латасе драги, дека Ѕинго во моментов е со Груевски не заради идеалите на Македонија, „јебо те бог”, туку заради втората етапа на приватизацијата, која е во тек... а тоа е да ја легитимира првата етапа (мое Кратово) и потоа - запоседнувањето на финансиските токови во земјата преку Буџетот! Е што, ние нафта ли пиеме?! За сево ова прилично се заинтересирани и во Брисел и во Вашингтон! Ама Ѕинго поради тоа беше и со Бранко! И поради истите причини ти тогаш исто звучеше... Се сеќаваш ли на славниот слоган од деведесттите: „Ѕинго педер, напред Вардар...”. Па кога Ѕинго му се жалел на Бранко за поведението на Комитите-Запад на градски стадион, а Бранко му ветил дека ќе среди, па на следниот натпревар на Вардар, Комитите смениле малку и викале: „Ние сме педери, Ѕинго е наш“!!!! Ти не си глупав човек, Латас, ама претеруваш човече... Зошто, друже, не тргнеш како треба – од позицијата дека и ТИ си истрошено дете на транзицијата како и Бранко и Ѕинго... Ајде, кажи го тоа! Родител во средни години си ти... Мислиш ли ти на иднината на своите деца? Па не е сe во кешот, пријателе! Во која земја живееш ти?! Зошто не дебатираме за вистинските нешта, туку како „прдеж во гаќи” се вртиме околу тоа зошто Груевски се „освежувал со бран промени” деновиве... Ја заболе јавноста за освежувањата на владејачката коалиција! Дајте бре, да зборуваме за вистинските нешта... 350.000 невработени, а 420.000 вработени! 150.000 јавна администрација! Алооооо! Трговски дефицит над 500% зголемен за дваесет години! Скоро една милијарда евра увоз на храна! За само две години позајмени се над 650 милиони евра! За што? ОВА СЕ ВИСТИНСКИТЕ ТЕМИ! Ало, фраеру! Па не е сета вистина БРЕ во устите на Латас и уште четворица сосе „класната раководителка”! Па не читаат само тие... ако воопшто читаат нешто!? Читаме и ние...
Во што е проблемот Латас?! Каде вреѓаш интелигенција?Додека јас, Драгане Павловичу-Латас, во деведесеттите години пишував големи критики за политиките на Бранко Црвенковски и заедно со „Дневник“ ја уривавме неговата влада, а јас ја градев мојата голема новинарска кариера, ТИ истата таа власт на Црвенковски слепо ја бранеше... Сосема исто како што денеска тоа го правиш со владата на Никола Груевски! Нема никаква разлика. Да, секако, тоа е истото она време кога, како што раскажуваш во својата вчерашна колумна, стариот Буш беше претседател на САД, па Бил Клинтон, па младиот Буш, до денеска Обама... Но, тоа е и ТВОЈОТ голем проблем... Затоа, денеска, Латасе, мој драг пријателе, нас во „Капитал“, а сигурен сум и поголем дел во јавноста, воопшто не нe интересираат „вратоломиите” на министерката за внатрешни работи и каков полициски „бос“ бил Каширски... Ниту нe интересира кога ќе им почнат смените во Владата! Баш нe заболе за тоа... Како што ич не нe боли дали имаат замор на материјалот... Ајде да не ја замајуваме јавноста! Ајде да дискутираме за ВИСТИНСКИТЕ НЕШТА! Еве кои: Прво, кои се ефектите од 12-15 милијарди евра, колку што приближно „тежат“ сите буџети од 2006 година наваму?! Голем дел од овие пари, освен што беа „изедени” за плати на јавната администрација - партиски наредена за гласање - отидоа преку каналите наречени „капитални инвестиции” во познатите проекти низ Скопје. Колку од овие пари, во најмала мера, „се недомаќински потрошени”?! Државниот завод за ревизија има тони хартии со извештаи за ова... Запрепастен сум колку и странски влади знаат за тоа како се трошат парите во Македонија. Второ, голем дел од парите контролирани од луѓето министри и директори на Ѕинго се „крчмеа” и преку каналите наречени субвенции за земјоделците... Со овој кеш од сите нас македонските граѓани се создаваше новата бизнис-елита. Никој нема ништо против нагонот да работи, да инвестира и да прави пари, но денес од оваа позиција некој да ви соли памет дека многу прави и се одрекува во името на светлата патриотска иднина за Македонија е рамно на ретардација пред оние кои гледаат и разбираат и судбината на илјадници кои секој месец се иселуваат од земјата! Годишните ревизорски извештаи на Државниот завод за ревизија, секако, СЕГА нема да бидат предмет на анализа. Но, еден ден сигурно една влада ЌЕ МОРА (Брисел и Вашингтон ќе побараат) да се наврати на овие прашања... како се трошеа македонските државни буџети. Трето, некој ќе мора „онака свежо и брановито во промени” да одговори зошто во Македонија банките не даваат кредити и не се отворени за сите компании и идеи еднакво, а парите ги чуваат во НБМ. Зошто? А во исто време милијардите преку Буџетот се распределуваат на начин како ќе каже главниот „борд”. Кој ќе плаќа за овој злочин? Зошто за ова не разговараме, Латасе, мој драг пријателе? Ајде на ова да се задржиме малку повеќе... Четврто, или зошто не разговараме, Драгане Павловичу, за тоа кој сe има под 5% акции во македонските компании и кои ликови групирани здружно ги контролираат финансиските текови во земјата... Зошто овде немаме „свежи брановити промени”... Петто, зошто не разговараме, Павловичу, за „многу интелигентниот” заклучок на НБМ и нејзиниот гувернер дека најголемиот резултат во Македонија за дваесет години е стабилноста на денарот и НА ЦЕНИТЕ!!!!! Да, стабилноста на цените, ама на кое „факинг” високо ниво! Па ти, Латасе, самиот пишуваше и цели вести правеше за цените на Топлификација. Стабилни цени на високо ниво – парно, нафта, струја, бензин... Удри му, Латасе, 18% (мислам дека треба да знаеш да вадиш проценти, ако не знаеш, јави се...!!!) ДДВ, па види колку е тоа приходи во Буџетот. А нашите бизниси нека „пушат”, Латасе мој драги...!? Агрокор од Загреб и Имлек од Белград да се вечни за Македонија!? Така ли? И сега треба да се радуваме на „свежината на брановите на промените” да донесе на власт нови 150 „гладни деца” кои ќе ги крчмат така собраните даноци како производ на ВИСОКИТЕ СТАБИЛНИ ЦЕНИ! Дали ти текнува, Латасе, дека додека свежината ве опијанува сите ВАС таму во „бегстејџ”, Македонија ја губи поентата на своето постоење? Фали само една одлука за еутаназија... од некаде однадвор (ти можеби и подобро знаеш од каде) и така освежени од промени и пијани од убавини едноставно да нe снема... Дали тоа го посакуваш, Драгане Павловичу?! Кажи... Ајде да отвориме јавна дебата. Без политичари. Дебата во која ќе зборуваме и ќе се гледаме во очи! Ајде, Латас! |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И од цел текст (кој искрено сега го читав и никојпат повеќе оти и не се разликува многу од текстовите на Латас кои одамна прекинав да ги читам) ми падна во очи една реченица
Скицата на овој текст, мили мои читатели на „Капитал“, ја пишувам заседнат во удобна фотелја во една банкарска канцеларија на Рокфелер центар во Њујорк...! Аха...Е што бара во банкарска канцеларија Туку јас не се разбирам од економија, банкарство, финансии, па веројатно не разбирам што бара таму. Инаку се согласувам со него- Латасе навистина доста. Што е многу многу е, продавање магла. А таман бре брате малку се врати во старите времиња кога почна отворено да мава по Топлификација и оп замолча Оти замолча, не разбрав! |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...после нова година ќе дојдете, ама до тогаш може три пати ќе умрам не еднаш. друг пак,по четврти пат го гаѓаат.... свашта има на овој мал простор. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ГРАДОТ НА РАМБОСашо ТасевскиАктер и писател објавено на: 05-05-2013 | сподели на:< allowtransparency="true" border="0" scrolling="no" ="http://plat.twitter.com/widgets/tweet_.1367516458.#_=1367741811170&count=none&id=twitter-widget-0&lang=en&original_referer=http%3A%2F%2Fwww.maktel.mk%2Fajax_kolumni.php%3Fkid%3D1180&size=m&text=%D0%93%D0%A0%D0%90%D0%94%D0%9E%D0%A2%20%D0%9D%D0%90%20%D0%A0%D0%90%D0%9C%D0%91%D0%9E&=http%3A%2F%2Fmaktel.mk%2Findex.php%3Fkolunique%3D1180&via=maktel.mk" ="twitter-share- twitter-count-none" title="Twitter Tweet " -twttr-rendered="true" style="margin: 0px; padding: 0px; width: 59px; height: 20px;"> За празнициве, наместо за Париз запичив за Кичево да се видам со пријателите од детството. Со Сарџо, Емин, Иво, Зоки, Аце, Лука, Бобе, Чомбе... Сарџо во 2001-та беше водник во тетовската касарна, Аце, Лука и Чомбе се полицајци, еден беше командир во полициската станица во Осломеј, друг беше во специјалната полиција, трет ловеше нарко дилери од Кичево до Зајас и назад. Емин е Албанец, нашетан човек со големо срце кој ја имаше таа несреќа во бурната младост со голи раце да убие човек во самоодбрана, по што и самиот остана инвалид. Левата страна од телото му е делумно одземена поради тешката повреда на главата што ја добил кога секирата завршила во неговата глава. Се немавме видено со години, иако како дете често дружев со нив кога одев во посета на дедо ми и баба ми, кои летните месеци ги поминуваа таму заради воздухот, водата и луѓето. Зашто беа добри. Сега такви останаа само водата и воздухот, а луѓето... Еееех, луѓето, некаде се загубиле низ годините. Се загубиле меѓусебе. Го загубиле муабетот. Дружењето. Радоста. |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
секоя чест
кай е гсподинот Ниче? |
|
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |