Испечати | Затвори го прозорот

Бинго!!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24914
Датум на принтање: 07.Февруари.2025 во 10:33
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Бинго!!
Постирано од: Buggyman
Наслов: Бинго!!
Датум на внесување: 24.Септември.2011 во 16:54

МАКЕДОНИЈА

24.09.2011, 12:34
Гаќите горе



Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

Мојата мајка е добра како змијата кобра...

1   Ние сме ти едни фини малограѓани. Кои повеќе се грижат што ќе кажат луѓето отколку што им е гајле како живеат секој ден.
Затоа и воопшто не се потресов од она што се случи со новинарската трибина во Европскиот парламент во Брисел. Зошто тоа таму во Европа, што се случило само еден ден во годината е срамота, бламажа и скандал, а тоа што ни се случува секој ден во Скопје, во Тетово, во Битола, во Струмица... е нормална работа. Па исто е.
Ако кажеш дека многу ти се допаѓаат новите градби во Скопје - ти си ептен ВМРО-вец. Ако кажеш дека не треба да се гради, туку парите треба да се потрошат за нешто друго, тогаш си комуњара. А ако кажеш дека е добро што се гради, ама баш и не ти се допаѓа тој стил, тогаш или си ВМРО-вец, или комуњара. Зависи кому си кажал.
Ако се одушевуваш на споменикот на Александар, тогаш си патриот. Ако немаш ништо против Александар, ама ако кажеш дека споменикот е кич, тогаш си предавник. А ако кажеш и дека си против Александар, тогаш си суперпредавник.
Ако се радуваш на успехот на кошаркарите во Литванија и закачиш државно знаме на балкон, тогаш си Македонец. Ако ги славиш кошаркарите и ја пееш "Гоцевата раса", тогаш си Супермакедонец. А ако споменеш дека за освоено четврто место Владата изрежира исфорсирана приредба, тогаш си Антимакедонец зрел за протерување од државата.
Затоа најдобро да си молчиш. Да се правиш дека не си од тука.
Којзнае, можеби да не живеевме тука, ќе ни беше смешно.

2   На ред за сеир сега се новинарите. Тоа не е ништо веќе досега невидено. Па нели имавме протести на незадоволни стечајци и контрапротести на задоволни стечајци? Нели имавме задоволни тутунари и незадоволни тутунари? Нели директорите на болниците се делат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а СДСМ и ДПА чекаат кога ќе им дојде редот? Имаме и задоволни и незадоволни пациенти. Нели имаме пејачи што пеат за "нашите" и пејачи што пеат за "вашите"? И балерини и глумци. И судии и адвокати. И лустратори. И професори и студентски лидери. И невладини и владини "невладини"...
Тука дури и нормален човек мора секојдневно да си ја добива пропишаната доза отров за да може да функционира. Оти бруталната исклучивост и поделеност на "наши" и "ваши" влезе во срцевината на македонското општество. И во моментот кога само и што ќе се обидеш да кажеш дека веќе не сакаш да те трујат, ќе те изложат на дополнителна доза. Уште поотровна и уште поопасна.
Така ние си живееме на нашето буниште. Си се валкаме дома отруени со омраза. Ама кога тоа буниште ќе им го пренесеме во Брисел, тогаш тоа било срамота
И што може да прави човек во ваква ситуација за да остане нормален? Да ги остави да се делат на патриоти и предавници и да си ја брка својата работа. И кога ќе му побараат да се изјасни за кого е, да им даде број на добар психијатар. Со надеж дека може да им помогне.

3   Во грчкиот Парламент расправале за навивачката песна "Излези момче". Оти банкротот го решија, Германија работи, а тие немаат други посериозни проблеми.
И во Македонија се отвори многу длабинска и конструктивна дискусија за песната со аналитички приод кон истата. Оти се споменува "Гоцевата раса". И ќе се оди на Солунско Поле. А момчето излегло на тераса. Ама литературно не се викало тераса. Туку - балкон. На што дискусијата кулминираше со потребата од правење јасна дистинкција меѓу тераса и балкон. За што експертската јавност сe уште не се произнела.
Арно ама не била ни "Гоцевата раса". Туку било - "Гоцева тераса". Ама бидејќи неписмените викаат "тараса", звучело како "Гоцевата раса".
А "Солунско Поле" е ставено за да има рима. Кога има рима, тогаш и песната штима. Па на "рацете горе", оди "Солунско Поле". На што на социјалните мрежи на Интернет се појавија фотографии за илустрација на Гоцеви тераси ширум македонските градови. На кои, традиционално, во првиот ред се суши долната облека. Па Гоцева тераса е синоним за "Гаќите кренати високо горе". Што повторно најдобро се римува со "Солунско Поле".
Оф мори, мајко. Кај песната не е наша оригинална, туку некои навивачи ја препејувале од српска, туку ние воинствените од "Гоцевата раса" ќе сме го освојувале Солунско Поле. Со што? Со кубурот што го чуваме за не дај боже. Ние на нашите полиња не знаеме што да им правиме, освен слободни економски зони, па Солунско ќе го средиме.

4   Ова со "Гоцева тераса" има логика приближно исто како што има логика и објаснувањето на европратеникот Шацимаркакис зошто ги избркал новинарите со грчкиот навредлив збор "малака". Прво рече дека не им рекол "малака" на новинарите, туку на обезбедувањето, оти бил лут дека не дошле навреме во салата. После рече дека секогаш кога е нервозен, сам на себе си викал "малака".
Е малака, малака... Долниов од Горна Македонија многу те сака. И да не викаш друг пат така. За да не ти е мака.

5   Ова со римата ме потсетува на еден настан од основно училиште, кога учителката ни даде задача да напишеме песна за 8 Март. Па една другарка напиша: "Мојата мајка е добра како змијата кобра". Римата ја погоди, ама петка не доби.

6   Да се Турците толку сериозни како Грците, тогаш и во Парламентот во Анкара треба да се отвори дебата за песната што се пееше при дочекот на кошаркарите на аеродромот "Александар Велики". Кај аеродром ни изградија, кај првиот авион со навивачите тие го платија, кај торта за кошаркарите спремија, кога ги качија на бината на која пишуваше ТАВ им запеавме "Земјо македонска, земјо турско-ропска Македонијо...".
Тамам им запеавме. Срцето им го згреавме.

5   Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи рече дека извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ ќе бил реален одраз на состојбите во земјата.
И Теута се прави како да не е од тука. Од 2002 година ДУИ е речиси без прекин во власта. Нека не ми кажува дека извештајот од Брисел ќе бил реален. Ај да видиме кој е нејзиниот реален придонес и кој е придонесот на ДУИ за состојбите да бидат подобри.
И нека не зборуваат само за решавање на името. Нека зборат малку и за владеење на правото. И за нивниот придонес како "нашите" и "вашите" ќе бидат исти пред законот.

-------------
Homo homini lupus est...



Коментари:
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 24.Септември.2011 во 22:00
Sekoja kolumna na Goran Mihajlovski e Bingo...Arno ama nema koj da cita...

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 24.Септември.2011 во 23:52
Mnogu od clenovite ne se dojdeni tuka bas za citanje ..steta sto mnogu kvalitetni clenovi si otidoa ,ostanaa samo onie koi so drugi celi vleguvaat na forumov..zalno

ps..ima use po nekoj kvaliteten clen no za zal malku se takvite...

-------------
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 00:35
e bas mi e milo sto mojata omilena kolumna member_profile.asp?PF=22456&FID=49 - Buggyman   ja postavil ko tema..cesto ja stavav niz temite vo politika,se trudev da najdam sodvetno mesto na  tekstot ,zasto sakav da ja spodelam so vas...e sega ke dezuram na ovaa tema голема%20насмевка

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 00:55
Абе ако е за читање... во ред е и оваа и многуте и други,а и останати работи прочитавме,но... нема овде фајде ,тие што читаат немаат вредност,оние кои  ЛАЖАТ се квалитетот.

-------------
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА


Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 02:48
Горан Михајловски е еден обичен манипулатор на широките народни маси, еден обичен кловн и затоа тиражот на весникот му е таков каков што му е. Не за џабе го избркаа од Вечер на времето, кога Вечер и целата редакција беше исто така прокомуњарски настроена.

Треба малку да му ги прочешлаат книгите овие од УЈП, да се види како ги покрива трошоците за печатење, плати на вработените и др. со тој беден тираж што го има. Верувам дека ќе има што да се пронајде таму.

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ


Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 07:49
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Горан Михајловски е еден обичен манипулатор на широките народни маси, еден обичен кловн и затоа тиражот на весникот му е таков каков што му е. Не за џабе го избркаа од Вечер на времето, кога Вечер и целата редакција беше исто така прокомуњарски настроена.

Треба малку да му ги прочешлаат книгите овие од УЈП, да се види како ги покрива трошоците за печатење, плати на вработените и др. со тој беден тираж што го има. Верувам дека ќе има што да се пронајде таму.

Сопственик на весникот Вест е групацијата ВАЦ...
а не Горан Михајловски па него да му чешлаат книги...!
и ако некој не мисли како власта...
или ја критикува, не значи дека е комуњар...
и дека треба одма да му се пушти УЈП...
можеби според тебе треба да се линчува на плоштад...??!!!збунетост
неговите колумни секогаш со задоволство сум ги читал...
во главно се согласувам со неговите критички ставови..
на крај на краишта, ако ти се допаѓа, читај, ако не...
ете ти го Латас...

брееејј...
што ќе беше ова, а некој не ти се допаѓа...
пушти му УЈП, полиција, инспектори...
види, а да ја прочиташ ти колумната пополека и повнимателно...
а...?





Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 14:48
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Горан Михајловски е еден обичен манипулатор на широките народни маси, еден обичен кловн и затоа тиражот на весникот му е таков каков што му е. Не за џабе го избркаа од Вечер на времето, кога Вечер и целата редакција беше исто така прокомуњарски настроена.

Треба малку да му ги прочешлаат книгите овие од УЈП, да се види како ги покрива трошоците за печатење, плати на вработените и др. со тој беден тираж што го има. Верувам дека ќе има што да се пронајде таму.



Da ne si go pomesal so nekoj politicar...збунетост
Kolumnata na Mihajlovski e edinstvenata pricina za da otvoram Vest vo sabota...да


-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 18:28
Поголем негатор на се живо и диво во МК од него нема. Читајќи го него, добиваш впечаток дека во Бурунди живееме или можеби во Сомалија. Ништо не му чини, ниеден добар збор нема речено за државата, за народот. Таков е од секогаш, затоа и го шутнаа од Вечер уште во комуњарско време. Сепак и комуњарите имаа некоја граница. Што очекуваш од тотален негативец кој до пладне го мрзи цел свет ,а после и самиот себе. Исто гоедо е како оние од А1 што беа, само овој малку помалку штета нанесува, дека не пишува секој ден.

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ


Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 18:58
Нема тука  лутење,реботата си е реална и претставена е реално сликата во оваа Вукојебина,невестата е трудна и крај,само кога че се породи,тоа е тешкото???голема%20насмевка

-------------
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА


Постирано од: DameMak
Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 20:36
Горан за разлика од колешката негова со која го начекаа во новинарските кабини во 2002 во Александар Палас, ептен добро плива и се снаоѓа. За тоа капа му симнувам. Терај батка.

Подплукнува на власта, ама и дебели парички си зема пак од власта, и си тера.

П.С. Ах да, колешката со која другите новинари го фатија жив (забораиле да ги исклучат микрофоните во кабината, па цела сала слушале што правеле во кабината) беше токму во Брисел и е индиректно спомната во неговава колумна. Ја викаат Вилајна и работеше во една сега банкротирана телевизија.

-------------
Illegitimi Non Carborundum


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 22:05
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Поголем негатор на се живо и диво во МК од него нема. Читајќи го него, добиваш впечаток дека во Бурунди живееме или можеби во Сомалија. Ништо не му чини, ниеден добар збор нема речено за државата, за народот. Таков е од секогаш, затоа и го шутнаа од Вечер уште во комуњарско време. Сепак и комуњарите имаа некоја граница. Што очекуваш од тотален негативец кој до пладне го мрзи цел свет ,а после и самиот себе. Исто гоедо е како оние од А1 што беа, само овој малку помалку штета нанесува, дека не пишува секој ден.



..Конго брат!!!.И не само Конго...туку РЕПУБЛИКА КОНГО!.




-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 22:34
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Горан Михајловски е еден обичен манипулатор на широките народни маси, еден обичен кловн и затоа тиражот на весникот му е таков каков што му е. Не за џабе го избркаа од Вечер на времето, кога Вечер и целата редакција беше исто така прокомуњарски настроена.

Треба малку да му ги прочешлаат книгите овие од УЈП, да се види како ги покрива трошоците за печатење, плати на вработените и др. со тој беден тираж што го има. Верувам дека ќе има што да се пронајде таму.

pa iskreno od tebe ne ni ocekuvav poinakvo mislenje...totalno ograniceno vidno pole...i kakva toa demokratija ti mi raskazuvas koga som nekoj ne ti se dopagja odnosno ti go kritikuva omileniot lik a ti tutni mu ja UJP...pa ne sme divo pleme bre Zeksi
i znaes sto?
zatoa si tolku kratkovid,oti citas samo dnevna stampa koja ti raskazuva kako ovde cvetaat rozi
ako vnimatelno si gi cital negovite kolumni toj kritikuva se sto e za kritikuvanje,tuka gi vklucuvam i A1 sose novinarite,pa i onoj *rosaviot*(koj ti e nokna mora) i negovata banda
Ne slusaj sto ti kazuvaat da citas,citaj sve za da imas porealno gledanje na rabotite


-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 22:53
Originally posted by Kastro Kastro напиша:

Mnogu od clenovite ne se dojdeni tuka bas za citanje ..steta sto mnogu kvalitetni clenovi si otidoa ,ostanaa samo onie koi so drugi celi vleguvaat na forumov..zalno

ps..ima use po nekoj kvaliteten clen no za zal malku se takvite...


Потполни си во право! Во која врста од членовите си ти? Јас бев од оние што заминаа(отидоа, пишано на латиница)!

-------------
Homo homini lupus est...


Постирано од: Buggyman
Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 22:55
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Горан Михајловски е еден обичен манипулатор на широките народни маси, еден обичен кловн и затоа тиражот на весникот му е таков каков што му е. Не за џабе го избркаа од Вечер на времето, кога Вечер и целата редакција беше исто така прокомуњарски настроена.

Треба малку да му ги прочешлаат книгите овие од УЈП, да се види како ги покрива трошоците за печатење, плати на вработените и др. со тој беден тираж што го има. Верувам дека ќе има што да се пронајде таму.


Не е ни најмалку важно дали лицето кое ја пишувало статијата е манипулатор, целта е погодена!

-------------
Homo homini lupus est...


Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 26.Септември.2011 во 08:34
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

pa iskreno od tebe ne ni ocekuvav poinakvo mislenje...totalno ograniceno vidno pole...i kakva toa demokratija ti mi raskazuvas koga stom nekoj ne ti se dopagja odnosno ti go kritikuva omileniot lik a ti tutni mu ja UJP...zatoa si tolku kratkovid,oti citas samo dnevna stampa koja ti raskazuva kako ovde cvetaat roziako vnimatelno si gi cital negovite kolumni toj kritikuva se sto e za kritikuvanje,tuka gi vklucuvam i A1 sose novinarite,pa i onoj *rosaviot*(koj ti e nokna mora) i negovata banda Ne slusaj sto ti kazuvaat da citas,citaj sve za da imas porealno gledanje na rabotite


Јас ама баш немам против УЈП да ми доаѓа секој ден ако сакаат, а такви како мене ги има многу, на чесен човек што чесно си ги врши своите бизниси не му пречи ни свети УЈП да му доаѓа дури и да му спијат по фирма. Само нечесен човек може да има нешто против државните служби во вршењето на контрола.

Јас не кажав дека намќорот е ваков или онаков, фан на опозиција или позиција, јас кажав дека е таков намќор што никад нема кажано добар збор за ништо, едноставно народот не го прифаќа како таков.

А и кај јас тоа сум кажал дека ружи цветаат во МК, односно дека така мислам, и дека сум кратковид, пак да не ти се причинува нешто или можеби си наследник на баба ванѓа.



-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ


Постирано од: Diogen
Датум на внесување: 26.Септември.2011 во 10:33
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

pa iskreno od tebe ne ni ocekuvav poinakvo mislenje...totalno ograniceno vidno pole...i kakva toa demokratija ti mi raskazuvas koga stom nekoj ne ti se dopagja odnosno ti go kritikuva omileniot lik a ti tutni mu ja UJP...zatoa si tolku kratkovid,oti citas samo dnevna stampa koja ti raskazuva kako ovde cvetaat roziako vnimatelno si gi cital negovite kolumni toj kritikuva se sto e za kritikuvanje,tuka gi vklucuvam i A1 sose novinarite,pa i onoj *rosaviot*(koj ti e nokna mora) i negovata banda Ne slusaj sto ti kazuvaat da citas,citaj sve za da imas porealno gledanje na rabotite


Јас ама баш немам против УЈП да ми доаѓа секој ден ако сакаат, а такви како мене ги има многу, на чесен човек што чесно си ги врши своите бизниси не му пречи ни свети УЈП да му доаѓа дури и да му спијат по фирма. Само нечесен човек може да има нешто против државните служби во вршењето на контрола.

Јас не кажав дека намќорот е ваков или онаков, фан на опозиција или позиција, јас кажав дека е таков намќор што никад нема кажано добар збор за ништо, едноставно народот не го прифаќа како таков.

А и кај јас тоа сум кажал дека ружи цветаат во МК, односно дека така мислам, и дека сум кратковид, пак да не ти се причинува нешто или можеби си наследник на баба ванѓа.

Ако ти дојде УЈП во контрола, најверојатно бидејќи си чист, ќе поминеш фино и нема проблем.
Ако ти пратат УЈП, ќе те затворат, без гајле.
Има разлика.....намигнување
 


Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 26.Септември.2011 во 11:53
Се знае денес   Д-ујп на кого и каде му оди,тие што се од спротивен табор мамата им ја расплака,ТУКУ

Пред изборите за истиот газда ,односно директор - турчинот Ќерим на овие Весници(между другото и Вест),Д-ујп најави истрага за Шишето од 750.000 евра,чинам за тоа не излезе ништо,брее ама чесност,.. баш по турски
КАДИЈА ТЕ ТУЖИ,КАДИЈА ТЕ СУДИ.голема%20насмевка


-------------
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Септември.2011 во 12:52
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:

[QUOTE=Zeksi71]Горан Михајловски е еден обичен манипулатор на широките народни маси, еден обичен кловн и затоа тиражот на весникот му е таков каков што му е.


 
 
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=E4E721F5BD30BD4F8813FB9FB5FB581A - токму на Горан Михајловски е весникот ''Вест'' и затоа он си дозволува да да пишува такви критики кон сè што не му се  допаѓа во државата
 
интернет вариантот на ''Вест '' има нов иѕглед од 2 недели веќе и ми прави впечаток дека Билето Јанкуловска веќе нема колумни во него.Сигурно и на Горан му се е смачило од антимакедониѕмот на оваа журналистка !


-------------


Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 26.Септември.2011 во 17:14
Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:

Originally posted by Kastro Kastro напиша:

Mnogu od clenovite ne se dojdeni tuka bas za citanje ..steta sto mnogu kvalitetni clenovi si otidoa ,ostanaa samo onie koi so drugi celi vleguvaat na forumov..zalno

ps..ima use po nekoj kvaliteten clen no za zal malku se takvite...


Потполни си во право! Во која врста од членовите си ти? Јас бев од оние што заминаа(отидоа, пишано на латиница)!


Da vo pravo si zaminaa ,a jas ne bi sakal za sebe mnogu da zboruvam samo znam deka sakam da citam kvalitetni postovi i mozebi da dadam svoj pridones dokolku osetam potreba za istoto ...

-------------
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 26.Септември.2011 во 19:32
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:



Јас не кажав дека намќорот е ваков или онаков, фан на опозиција или позиција, јас кажав дека е таков намќор што никад нема кажано добар збор за ништо, едноставно народот не го прифаќа како таков.




Горан Михајловски во таков стил пишува цели 20 години. Го читам од почеток и се надевам ќе го читам уште толку години. Тој не треба да кажува “добар“ збор. Неговиот препознатлив стил заради кој го читаат најголемиот број интелектуалци  во земјата е тој и знам дека ама баш ич не му е гајле дали некому  не му се допаѓа и дека заради тоа нема да го менува стилот.
Не зборуваме за народот оти Горан не е политичар па да бара подршка од народот за нареден мандат. Горан е новинар и пишува за одредена група читатели-за оние кои ќе си платат, ќе си купат Вест и ќе го читаат. Кому не му се допаѓа, не плаќа, не чита.
Значи, чајре има.намигнување



-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 29.Септември.2011 во 00:11
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:


pa iskreno od tebe ne ni ocekuvav poinakvo mislenje...totalno ograniceno vidno pole...i kakva toa demokratija ti mi raskazuvas koga som nekoj ne ti se dopagja odnosno ti go kritikuva omileniot lik a ti tutni mu ja UJP...pa ne sme divo pleme bre Zeksi
i znaes sto?
zatoa si tolku kratkovid,oti citas samo dnevna stampa koja ti raskazuva kako ovde cvetaat rozi
ako vnimatelno si gi cital negovite kolumni toj kritikuva se sto e za kritikuvanje,tuka gi vklucuvam i A1 sose novinarite,pa i onoj *rosaviot*(koj ti e nokna mora) i negovata banda
Ne slusaj sto ti kazuvaat da citas,citaj sve za da imas porealno gledanje na rabotite
...''staro'' намигнување...ne znam shto si troshish zivci za izgubeni  vo...vselenata...t.e ...izgubeni vo realnosta!




-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Октомври.2011 во 00:29
http://www.vest.com.mk/?ItemID=2FE66319E10BD74C8BA52EDB91F0A86C - Мојот идол

....аплауз


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 08.Октомври.2011 во 17:28

Аирлија плата

Има ли подобра забава за Македонецот од тоа да може цело време некого да пријавува? И тоа на бесплатен телефон... Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

1   Ме одушевува со каква посветеност и систематичност Владата им приоѓа на проектите. Прво смислуваат реклама. Па на готова реклама прават проект. Па дури после го реализираат.
Видете ја кампањата за минимална плата. Аирлија договор. Сe се знае во детали. Колку ќе биде нето, колку ќе биде бруто- платата. Законот уште не е донесен, ама ќе почне да функционира од 1 јануари 2012 година. Но не за сите. За вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија ќе почне да важи дури од 2015 година. Впрочем, договорот за минимална плата најмногу им треба токму ним. Тие се најексплоатираните.
Оваа реклама е иста како рекламите на операторите за мобилни телефони. И како рекламите на банките за кредити и кредитни картички. Внимавај. Најважното го пишува со најситни букви.
Само што банките и телефонските оператори барем ставаат ѕвездичка за дополнително објаснување. А Владата не става ни ѕвездичка. Под која би пишувало: "Почнува да важи по три години".
Аирлија работа. Аирлија плата по три години.

2   Подготовките на кампањите се темелат врз традициите и врз менталитетот на македонскиот народ. Лајтмотив им е кодошењето. Па вика: Пријави пречки во телефонската линија. Пријави проблеми со ТВ-сигналот. Пријави проблем со Интернетот. Пријави мито. Пријави корупција. Пријави нељубезен службеник на шалтер. Пријави небричен инкасант на патарина.
Има ли подобра забава за Македонец од тоа да може цело време некого да пријавува? И тоа на бесплатен телефон.
Не е проблем во пријавувањето. Проблем е во решавањето на проблемот за којшто се пријавува. Вака излегува дека институциите не мора ништо да работат. Ако баш мора - ќе работат по пријава.
Тамам и да одат по улица и да паднат во дупка не мора да ја забележат. Таа не била пријавена. Па затоа се смисли и кампањата: "Пријави дупка". Сега кога ќе почне да врне може да се појават билборди "Пријави вода во дупката". И на крај - во водата дупка.

3   Секторот за внатрешни работи Тетово вчера со соопштение апелираше до учениците од основните и средните училишта во тетовско-гостиварскиот регион никогаш и никаде да не носат со себе оружје. Портпаролот на тетовската полиција објасни дека "полицискиот апел е во функција на превенирање на училишното насилство во полошкиот регион".
Од полицијата апелираа учениците да се воздржуваат и од тепачки и од носење ножеви, метални боксирачи и пендреци оти и тоа било кривично дело.
Убаво што е кривично дело. Ама на толку тепачки и убиства не видовме дека некој е казнет.
Затоа МВР може да го прошири апелот. Учениците да не носат оружје. А ако веќе носат да не пукаат еден во друг. Затоа што може и да се промашат.
Апелот е упатен до учениците во основните и средните училишта. Да се надеваме дека оние од градинките се под контрола на родителите. Или барем под контрола на ДУИ.

4   Сите циркуси и пречки што се прават со пописот е само за албанските политички партии да имаат алиби, утре ако им затреба да не ги признаат резултатите.
За 20 години независност тие ништо не признаа во Македонија. Го бојкотираа референдумот, не го гласаа Уставот, го забораваат знамето, не признаваат сметки за струја, вода, не признаваат Закон против пушење, не признаваат плаќање даноци...
Па нека кажат еднаш што признаваат. Барем една работа нека признаат, па од таму да тргнеме. Или чекаат американскиот амбасадор Пол Волерс да им каже што да признаат.

5   Можеби затоа откако дојде амбасадорот сите министри Албанци во Владата отидоа да се сретнат со него. Ај што се сретнале, туку најофицијално со соопштенија од кабинетите се фалат дека "оствариле средба".
Толку многу работа за Македонија завршиле. Па средбата со американскиот амбасадор им е најголем успех во неделата.

6   Во Охрид ќе ја уриваат реновираната болница оти ја утнале висината на таванот на операционите сали.
Што е тоа толку голем пропуст. И онака во операционите сали се лежи, не се стои. Кој издржал анестезија на нога? Тие што се на нозе обично во амбуланта ги лекуваат.
Не треба да ја уриваат болницата. Специјалистите хирурзи треба само да субспецијализираат. Да може да работат само во болницата во Охрид.

7   Зошто градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ и советниците на ВМРО-ДПМНЕ го сменија урбанистичкиот план само за Зелениот пазар во Скопје? Па и на пазарчето Буњаковец има место за повеќекатници. И тоа е во Центар. Колку ли административни згради и катни гаражи може да се сместат таму?
Според визијата на градоначалникот, на граѓаните од Центар не им требаат пазари. Сe може да се купи во супермаркет.



-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Октомври.2011 во 23:36
15.10.2011, 07:49

Госпоѓата Оваа

Не живееме сите во истата реклама со Груевски...Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

1   Брисел бил зачуден и непријатно изненаден од остриот настап на премиерот Груевски на примопредавањето на извештајот од Европската комисија. И сега ние што да правиме? Зошто нивната непријатна изненаденост од одговорот на Груевски е позначајна од нашата непријатна изненаденост дека веќе две години не го ставаат ни зборот "македонски" во Извештајот.
Се налутиле од тонот на Груевски. А ние не се налутивме дека ни пратија извесна госпоѓа која, кутрата, се мачеше во Скопје како да го оправда изоставувањето на придавката "македонски". Изгледа по казна ја пратиле тука. Ама намерно не и` кажале каде ќе оди, за да не го споменува името. Па цело време се плеткаше со зборовите "оваа", "онаа", "вашата", "нашата", "кај вас"... и слични глупости. Па на Груевски извештајот му ги испратија со казнена експедиција, предводена од Госпоѓа Оваа.

2   Јас не сум непријатно изненаден од премиерот што на еврокомесарот за проширување Штефан Филе му врати со истиот тон со кој тие нам ни се обраќаат. Напротив, пријатно сум изненаден што некој македонски политичар, конечно, воопшто се осмелил да наоѓа забелешки и за грешките на Брисел.
Ама освен за намерното изоставување на придавката "македонски" за кое апсолутно го поддржувам премиерот, другите забелешки од извештајот дебело сме си си ги заслужиле.
За какви реформи во судството зборува Груевски? Реформи кои не обезбедиле владеење на правото и еднаквост пред законот за сите, едноставно, не се реформи.
За какви стопански реформи зборува Груевски? За оние со кои државата протежира нелојална конк*ренција? И во кои единствен мотив за протежирање се партиските и лични интереси?
За каков "наводен проблем со слобода на изразувањето" зборува Груевски, кога двајца коалициони партнери на Владата имаат телевизии кои се финансираат со реклами што ги распределува самата Влада?
И кога ќе напишеш или ќе кажеш нешто што се разликува од нивата слика, веднаш те третираат како непријател. Да. Има слобода на изразување. Ама ние тука зборуваме за слобода после изразувањето.
Реформите за кои зборува премиерот Груевски ги има само во рекламите. А тој изгледа многу ги гледа, и веќе верува во нив. Бидејќи веќе петта година е на власт, заборавил како е надвор, па си живее во својот филм.
За жал, не живееме сите во истата реклама со Груевски.

3   Како и да е, реформите продолжуваат. Еве што соопшти вчера Министерството за правда:
"Утре во националната арена 'Филип Втори' во Скопје ќе се организира фудбалски натпревар меѓу судии, јавни обвинители и адвокати. Судии на мечот ќе бидат лица од естрадата. Преку оваа средба, симболично ќе бидат претставени реформите на судскиот систем кои ги спроведува Владата на Република Македонија."
Ќе прават палјачовци од судиите и обвинителите само за да ни покажат дека има реформи во судството. Оваа манифестација ја организира Министерството за правда. Да беше ова "Монти Пајтон", оваа манифестација ќе ја организираше Министерството за глупаво одење.
4   Министерот за надворешни работи Никола Попоски излезе со нова теза за "наводниот проблем со слободата на изразувањето" во Македонија. Па во интервјуто за "Си-Ен-Ен" рече дека има многу "субјекти за така мал пазар". На прашањето на репортерот дали тоа значи дека за два милиона луѓе има многу медиуми, Попоски одговори: "Да, така е. Тоа можеби е добро за зголемување на конк*ренцијата, но на долг рок не е одржливо, што значи дека квалитетот треба да одреди колку субјекти ќе има на пазарот".
Така е, министре. Но кој ќе го одреди квалитетот? Владата? Со тоа што ќе им даде повеќе државни пари на коалиционите телевизии и на тие медиуми кои квалитетно ја фалат. И притоа нема да каже колку пари им дала.
Ако Владата баш сака да се прави пазарен регулатор и да кажува кој ќе остане и кој нема да остане на пазарот, тогаш нека не поддржува нелојална конк*ренција и нека обезбеди еднаков пристап до парите на даночниците за сите медиуми. Па после, како што би рекол министерот Попоски, квалитетот нека одреди колку субјекти му требаат на пазарот.

5   Не помина ни една недела по почнувањето на дијалогот меѓу новинарите и Владата за слободата на изразувањето, кога на новинарите не им беше дозволен влез во салата каде што се доделуваа наградите "11 Октомври". За да не го прашуваат премиерот за пописот.

6   Прво одеше рекламата "Попиши се". Сега, од парите кои останаа непотрошени за неуспешниот попис, ќе се снима нова реклама "Отпиши се".
Во официјалната верзија за пропаднатиот попис, за кој од буџетот беа одобрени 14 милиони евра, приказната е ваква: Груевски е херојот што спречил фалсификат и не дозволил да има Албанци повеќе отколку што се. А Али Ахмети не дозволил да се дознае колку Албанци навистина има.
Суштината е дека сите сме нетокму. Оти ни рекоа дека не е трагедија ако се фрлат милиони евра во ветер. Што се парите, кога се во прашање националните интереси. И на едните. И на другите. Таа приказна им поминува со истата леснотија со која ги потрошија и парите. Тоа значи дека коалицијата меѓу Никола Груевски и Али Ахмети е забетонирана. И дека нема цена.

http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fwww.vest.com.mk%2Fdefault.asp%3FItemID%3D84B43F3E4C27B54899DFB01FA729E5B9&t=%D0%A1%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BC%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%BA%D0%B0%D0%B6%D0%B0%D0%BC%20-%20%D0%93%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD%20%D0%9C%D0%B8%D1%85%D0%B0%D1%98%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8&src=sp - - - Сподели - - - 34 http://www.addthis.com/bookmark.php">


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 16.Октомври.2011 во 00:14
tuuuuu ama si brz...смеење...samo sto sakav da ja postavam kolumnata

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Октомври.2011 во 00:24
Во колумната освен дека Никола Груевски сака да каже дека дека државата е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ништо друго интересно нема.Не си пропуштила ништо  , Анџи.

-------------


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 16.Октомври.2011 во 00:29
ma ima Emil,ima...negovite kolumni se sekogas interesni i ja dopiraat celta
ama nekoi od vas imaat strasen problem,citaat ona sto sakaat da go procitaat i nisto poveke
taka e koga citate selektivno...rasiri go pogledot Emil...ne citaj gi samo pasusite kade e spomnato imeto na Nikola


-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Октомври.2011 во 00:45
Што има да ја протумачиме  колумната на Горан ?
 
во првиот и вториот дел он збори дека сака да бидете Република Македонија и согласен со Никола. 
 
Во третиот дел неможам да го сватам што сака да каже.
 
Но во останатите 4,5 и 6 дел говори за пописот и несака да признае исто како тебе и твојата другарка Лотус Фловер дека шиптарите се веќе 40 %.
 
она ми збори во Бугарија на пописот се изјаснивте дека има 17 ‘% цигани.Демек на 40 % шиптари секој втор  на улицата да биде таков.Е не е  ,сепак те се локализирани некаде.....
 
-----------------------------------------------------------
 
Од колумната на Горан освен дса утепаш 10 минути нема ништо важно.Барем во денешната колумна.


-------------


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 16.Октомври.2011 во 01:01
Но во останатите 4,5 и 6 дел говори за пописот и несака да признае исто како тебе и твојата другарка Лотус Фловер дека шиптарите се веќе 40 %.

изненадувањеизненадувањеизненадување
od kaj go iskopa ovoj podatok ziti sveизненадување
ete,na ova mislam koga velam deka lugjeto sto ne ziveat vo Makedonija ne treba da bistrat politika


-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: zagor
Датум на внесување: 16.Октомври.2011 во 20:06
http://www.time.mk/read/02a4143eca/828690cd71/index.html - loto 3 od 2..

...дали точно прочитав... ...сега демонстрации против капитализмот...
па нели социјализмот не е добар?што сакаат?...или само нашиот не беше..о.к.?

..неее...неее...не мислете ваљда како мене..на ФЕУДАЛИЗАМ..

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Октомври.2011 во 20:31
ehhизненадување,...ne mozam da go najdam ama,

...beshe za toa,  deka i tuka imalo pred nekoj den nekoj takov protest za poddrshka na ''ugnetenite'' amerikanci,

...samo shto,...tuka  izlegle  ...duri desetina ...vatreni protestanti,...смеење

aha,... eve go  kaj bilo:

"

Слаб интерес за „окупирање“ на Скопје

 
http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15462929,00.html">Учесници%20на%20протeстот%20во%20Скопје%20
http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15462929,00.html - Учесници на протeстот во Скопје

Дваесетина граѓани на Скопје денеска изразија солидарност со светската акција против моќта на финансиските пазари. Присутните порачуваат: заеднички треба да ги решиме прoблемите, за поквалтетен живот.

 

Дваесетина граѓани во Скопје денеска ги поддржаа активистите на протестното движење „Окупирајте го Вол стрит“, кои скоро еден месец протестираат во финансискиот кварт на Њујорк, но и во повеќе американски градови.

Скопјани на улица Македонија го изразија своето незадоволство за проблемите кои се присутни во многу земји: како што се кратењето на социјалните права, продлабочувањето на јазот помеѓу богатите и сиромашните, невработеноста, загадувањето на животната средина...

http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15462929_ind_1,00.html">Учесници%20на%20протeстот%20во%20Скопје%20 http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15462929_ind_1,00.html - Учесници на протeстот во Скопје „Ние денеска дојдовме да изразиме солидарност кон Вол стрит и кон сите други протести во светот. Сакаме да ги изразиме нашите незадоволства од истиот тој глобален систем. Сведоци сме дека протести има низ цел свет и гледаме дека наши браќа, стотици илјади луѓе го споделуваат тоа мислење. Тие излегуваат надвор и велат доста беше вака, сакаме да го вратиме политичкиот ангажман кај обичниот народ, сакаме да дискутираме за проблемите кои не засегаат. Денешниот ден е многу важен да почнеме да градиме нов демократски капацитет, кон кој луѓето ќе можат да се придружат транспарентно, отворено и партиципативно за работите што ги засегаат нив“, вели Предраг Ристиќ учесник во протестот. 

„Не треба да чекаме само од владата, министерствата и институциите да ни ги решат проблемите, бидејќи тоа е невозможно. Тие проблеми се економски, социјални, еколошки и се многу големи. Ги засегаат сите граѓани и треба да се решаваат заеднички со цел да живееме поквалитетно“, истакна Игор Куновски.    "



http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=41694 - Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 20:00
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:



изненадувањеизненадувањеизненадување
od kaj go iskopa ovoj podatok ziti sveизненадување
ete,na ova mislam koga velam deka lugjeto sto ne ziveat vo Makedonija ne treba da bistrat politika

Е немој Калеш така, ќе си го заборават потеклото, ќе се претопат во оние неполитикантине.
Нека ни ги тука, барем на форумотнамигнување


-------------


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 22:45
ma nemam jas protiv da si sedat na forumot,dobro e da se druzime...ama mi smeta koga mi vadat podatoci od rakav i me ubeduvaat deka e taka...


-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 22:46
...pa ti...ne se davaj taka lesno,...изненадување

....mislam,..da te ubed(uv)at!намигнување


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 22:55
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

ma nemam jas protiv da si sedat na forumot,dobro e da se druzime...ama mi smeta koga mi vadat podatoci od rakav i me ubeduvaat deka e taka...

Ма не те убедуваат тебе, сами себе се убедуваатголема%20насмевка


-------------


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 22:56
Originally posted by zagor zagor напиша:

http://www.time.mk/read/02a4143eca/828690cd71/index.html - loto 3 od 2..

...дали точно прочитав... ...сега демонстрации против капитализмот...
па нели социјализмот не е добар?што сакаат?...или само нашиот не беше..о.к.?

..неее...неее...не мислете ваљда како мене..на ФЕУДАЛИЗАМ..


Доколку во Хрватска не го сакаа капитализмот, немаше да бидат една од оние нации каде комунистичките идеи отсекогаш беа гледано со неверување и гадење. Не заборавај дека беа едни од првите кои бараа демократизација на поранешна Југославија. Бројката од 10 000 протестанти, наспроти вкупната популација на Загреб и Хрватска не значи ништо.

Ако судиш според бројот на протестанти, тогаш во Македонија слободно може да заклучиме дека сите го заборавиле социјализмот, што ме радува, освен десетина души, кои мафтаа со црвени знамиња и протестираа против капитализмот. Особено радува фактот дека меѓу младите само десетина се поддржувачи на таквите идеи.

П.С. И јас сум поддржувач на идејата за социјална држава и порамномерно распределување на добрата, но тоа не значи дека некогаш ќе излезам да марширам со анархисти и комунисти затоа што и двете идеи се мошне попогубни отколку она против што се борат.

-------------


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 22:59
Originally posted by brza brza напиша:

ehhизненадување,...ne mozam da go najdam ama,

...beshe za toa,  deka i tuka imalo pred nekoj den nekoj takov protest za poddrshka na ''ugnetenite'' amerikanci,

...samo shto,...tuka  izlegle  ...duri desetina ...vatreni protestanti,...смеење

aha,... eve go  kaj bilo:

"

Слаб интерес за „окупирање“ на Скопје

 
http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15462929,00.html">Учесници%20на%20протeстот%20во%20Скопје%20
http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15462929,00.html - Учесници на протeстот во Скопје

Дваесетина граѓани на Скопје денеска изразија солидарност со светската акција против моќта на финансиските пазари. Присутните порачуваат: заеднички треба да ги решиме прoблемите, за поквалтетен живот.

 

Дваесетина граѓани во Скопје денеска ги поддржаа активистите на протестното движење „Окупирајте го Вол стрит“, кои скоро еден месец протестираат во финансискиот кварт на Њујорк, но и во повеќе американски градови.

Скопјани на улица Македонија го изразија своето незадоволство за проблемите кои се присутни во многу земји: како што се кратењето на социјалните права, продлабочувањето на јазот помеѓу богатите и сиромашните, невработеноста, загадувањето на животната средина...

http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15462929_ind_1,00.html">Учесници%20на%20протeстот%20во%20Скопје%20 http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15462929_ind_1,00.html - Учесници на протeстот во Скопје „Ние денеска дојдовме да изразиме солидарност кон Вол стрит и кон сите други протести во светот. Сакаме да ги изразиме нашите незадоволства од истиот тој глобален систем. Сведоци сме дека протести има низ цел свет и гледаме дека наши браќа, стотици илјади луѓе го споделуваат тоа мислење. Тие излегуваат надвор и велат доста беше вака, сакаме да го вратиме политичкиот ангажман кај обичниот народ, сакаме да дискутираме за проблемите кои не засегаат. Денешниот ден е многу важен да почнеме да градиме нов демократски капацитет, кон кој луѓето ќе можат да се придружат транспарентно, отворено и партиципативно за работите што ги засегаат нив“, вели Предраг Ристиќ учесник во протестот. 

„Не треба да чекаме само од владата, министерствата и институциите да ни ги решат проблемите, бидејќи тоа е невозможно. Тие проблеми се економски, социјални, еколошки и се многу големи. Ги засегаат сите граѓани и треба да се решаваат заеднички со цел да живееме поквалитетно“, истакна Игор Куновски.    "



http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=41694 -
Zastanav vo krugot od petnaesetiina mladi lugje... i nekolkuminata postari kako mene, koi toa go napravile od ljubopitlivost.

Beshe simpatichno da se vidi mladeshkiot entuzijazam izmeshan so zhivotnoto neiskustvo. Beshe ochigledno deka lugjevo slepo se povele po nekoe osmisleno zdruzhuvanje nekade vo svetot, deka ne znaat tochno shto sakaat, ama se obiduvaat toa nekako da go realiziraat.голема%20насмевка

Od edna strana sakaa da pratat nekakva poraka, a od druga ne znae kako da go storat toa, pa chitaa nekakvi tekstovi prepishani od internet. Smeshnoto beshe sto vo osnova ne razbira shto za shto se sobiraat i shto treba da pravat. Javno prashuvaa dali treba da napravat nekakva nova partija vo skop na postoechkoto ekonomsko-politichko ureduvanje na drzhavata, ne razbirajkji deka spored svojata parola tie vo sushtina ne barat participacija, tuku unishtuvanje na istata. голема%20насмевка

Vo sekoj sluchaj, simpatichno... i vekje videno... kako modata na peenje rap-pesni i oblekuvanje smknati pantolani pri shto obavezno moraat da se pokazhat zdolnishata i polovina od golata zadnica.





-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.



Постирано од: zagor
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 23:21
..значи демократски капитализам!..па добро звучи.

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 23:22
...pobitnoto tuka e,..shto nemalo ni na prstite od dvete race i noze da gi izbroish,...tie shto ne ni znaele zoshto,...i za shto protestiraat.изненадување

...ednostavno....unikaten narod ,..kako i za drugi  bitni raboti,
...flegma narod!


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 23:27
Ако судиш според бројот на протестанти, тогаш во Македонија слободно може да заклучиме дека сите го заборавиле социјализмот, што ме радува, освен десетина души, кои мафтаа со црвени знамиња и протестираа против капитализмот. Особено радува фактот дека меѓу младите само десетина се поддржувачи на таквите идеи...


изгледа јас лошо сум разбрал зошто се случуваат овие протести по светот...
и она со знаменцињата...зарем и ширум светот сите што протестираат се...комунисти?.

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 23:31
koi be shirum svetot?!
...se se toa ramazeni detishta , chii roditeli  zarabotuvaat solidno,..a tie dodushe nemaat rabota ,ama ,..nemaat izgleda ni popametno shto da pravat  pa  ajde...ke logoruvame niz parkovi i pred finansiskite i trgovskite cemtri...na nechija neizmerna radost deka ete,...i tamu bile lugjeto [protiv sistemot...


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 23:34
Originally posted by zagor zagor напиша:


изгледа јас лошо сум разбрал зошто се случуваат овие протести по светот...
и она со знаменцињата...зарем и ширум светот сите што протестираат се...комунисти?.


Низ светот не протестираат под црвени знамиња, ниту пак со анархистички симболи, а најмалку бараат смрт на капитализмот.


-------------


Постирано од: brza
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 23:36
газење%20од%20смеење...makedoncite se  originaklni i po toa.

...barem ne pobarale( napishale) i,...sloboda na narodot!


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 23:38
..sloboda na narodot

..тоа се печати..за 24 октомври!.

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 23.Октомври.2011 во 14:27

Езоповска басна

Сакаш секс, направи мост... Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

1.  Што имам јас како обичен граѓанин од тоа што премиерот и` се лути на Европа? Ние не сме го избрале да се лути. Сме го избрале да воведе европски стандарди на живеење.
И јас сум скептичен за многу работи, па и за Европа. Божем не ја знаеме Европа, па требаше Груевски во серијал од две продолженија на интервју за државната агенција МИА да ни кажува колку таа е неправедна. Не за џабе цело време за Европа викаме дека е к*рва.
Не сфатив само дали премиерот е лично разочаран од ЕУ по добивањето на годишниот Извештај од Европската комисија. Или сака и нас да нe пишмани? Јас, на пример, сум разочаран од ЕУ уште од Лисабонската декларација во 1992 година кога тогашната Европска заедница донесе резолуција дека не смее да се признае држава која во своето име ќе го содржи зборот "Македонија". И разочараноста уште ме држи. Особено што сега во Извештајот веќе не го ни споменуваат зборот кој не смее да се изговори.
Евроскептицизмот не е забранет. Евроскептицизмот не е лош за една демократска расправа. Затоа и овие што му се лутат на премиерот Груевски дека е евроскептик ја промашиле темата. Не е проблем што премиерот е евроскептик. Проблем е што го злоупотребува евроскептицизмот за да си најде оправдание за домашното што не си го завршил. Оти пред пет години му се даде шанса да направи вистинска правна и демократска држава, а тој направи длабоко партизирано општество. После пет години веќе не може Бранко да биде виновен за тоа. Сега нека биде Европа.
Типична македонска работа. Помакедонска - здравје. Сe некој мора да ни е виновен. Од султанот преку Тито и партизаните до Брисел.
Ај да замислиме дека ЕУ ќе ни се смилува и дека од утре не само што ќе добиеме датум, туку и ќе станеме членка. Еве дури и денарот да го замениме со евро. Ќе живееме подобро? Ќе добиеме правда на суд? Нема да умреме во чекалница во јавна болница пред да стигнеме до лекар? Тендерите ќе ги добиваат и оние од партијата што не се на власт? Или ќе може да го добие и некој што не е врзан со ниедна партија, ама има најквалитетна понуда.
Конечно, Европа ли ни е виновна што не можеме еден попис да направиме?

2.   Во моментот кога Светската банка ја прогласи Македонија за трета најподобрена економија во светот, најмногу впечаток ми остави веста дека на Катар му требаат работници.
Европа ли ни е виовна затоа што живееме во држава во која луѓето се радуваат дека во Катар ќе има работа за сите.

3.   На францускиот претседател Никола Саркози му се роди ќерка, а тој сиромашкиот ни мекици не проба и не успеа да си го види детето, оти мораше да се види со германската канцеларка Ангела Меркел за да се договара како ќе ја спасат Грција.
И после нам ни викаат: "Договорете си се со Грција и после ќе ве примиме во НАТО и во ЕУ". Како ние ќе се договориме за името, кога тие не можат да се договорат за 370 милијарди евра? Грците им украдоа толку пари, и згора на тоа се бунат дека не им даваат уште. Па за да ги спасат 370-те милијарди ќе треба да им дадат уште толку.
Тие се договараат дека ќе се договорат и секоја недела го одложуваат договорот. Кога ќе треба да си ги земат парите од Грција назад, нека дојдат тука да размениме искуства. Со Грк за име не можеш да направиш муабет, а не пак пари да му земеш.

4.   На фудбалскиот натпревар меѓу судии и обвинители во неделата на кој судела естрадата имало финта. Министерот за правда им дал задача на пејачите да судат неправедно и нефер.
Судиите сфатиле дека министерот ги зафркава и од Основниот суд Скопје 1 соопштија дека било "неадекватно и нефер започнувањето на кампањата за реформи во судството да се одбележи и компарира со непрофесионално, политизирано, нерегуларно и неетичко работење на судиите". Судиите немало да учествуваат на фудбалот ако знаеле дека тоа ќе биде пародија за работата на судовите.
Судиите не сфатиле дека министерот Блерим Беџети не се мајтапел со нив. Тој само им раскажувал Езоповска басна. Со наравоучение.
Е па за да не е басна, следниот пат нека ја викнат како судијка новинарката Јадранка Костова на која во истиот суд и` одредиле 15.000 евра казна оти со наслов во неделникот "Фокус" му го нарушила угледот на поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.
Колкава казна ќе им одреди на судиите Костова? Колкави плати имаат судиите на кои им изгледа нормално дека ова е соодветна казна за нарушениот углед на министерот.
Патем, реакцијата на басната дојде дури три дена по натпреварот. Што е уште еден доказ за власта дека судиите се СДСМ-овци. Им треба време прво да сфатат, па да почнат да работат, па да го напишат тоа и да го стават на веб страница. За тоа време ВМРО веќе им смислило нови басни.

5.   Жените во некое гратче во Колумбија го употребиле сексот како начин за на протест. Односно, штрајкувале со тоа што не им давале на мажите додека не се асфалтира некој регионален пат долг 57 километри.
И градоначалникот признал дека жена му не му давала додека не почнало асфалтирањето.
Кога го ставиле првиот слој асфалт, жените соопштиле дека го прекинале штрајкот. И им дале на мажите.
Еве им добра идеја на жените од Општина Сарај во Скопје. Од кога им ветуваат дека ќе се направи мостот преку Вардар, а тој не се гради. Сакаш ќеф, направи мост.
Замислете што би се случило кога жените во Македонија би штрајкувале на овој начин. Да не им даваат на мажите додека не се изгради патот за Прилеп преку Бабуна. Или пругата до Бугарија. Би умреле како девици. А и пари за домашни инвестиции ќе немаше. Сите ќе отидеа по увезени проститутки, или по сексуални екск*рзии во странство.



-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 23.Октомври.2011 во 20:50
Ако земеш и во основа,Америте пресметале дека сме 87 години заостанати зад светот и светските збиднувања, па повлечеш паралаела кога првите штрајкови се направиле во АМЕРИКА за ДЕНОТ НА ТРУДОТ,а овде остана само СКАРИТЕ ЛОКАЊЕТО И ПРОСТОТИЛАКОТ,далеку е нашата за СВЕСТ ОД ВАКОВ ТИП.

НИЕ сме добри во едно,ГРОБ НА ДРОГОГА ИСКОПАЈ МУ ;ТИ НАЛАПАЈ СЕ ;а за ОСТАНАТИТЕ УВО ДА НЕ ТЕ БОЛИ.


-------------
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 12.Ноември.2011 во 18:48
http://www.forum.idividi.com.mk/member_profile.asp?PF=15673&FID=49 - идивидовец..
и милионер,и во центар,и со народот,вистинско БИНГО...па сакал да каже:

cit:...но тоа е проблем општо во нашата оаза на Балканот...
нема поставени вредности на пазарот на трудот...
државата во своите институции нема вреднување на тоа што е стандард...
каубојци на сите страни, фушерај, лаици, полуписмени приучени типови поставуваат вредносен систем...
и јебига тоа е нели друга тема, ама здравството е дел од таа приказна...

или ако сакате, во некои сфери сеуште постои социјалистичкиот дух...
чуварот кажува како директорот е глуп и нема поим бре...
чистачката му објаснува на правникот дека има свои права според законот...
општиот работник го тупи шефот затоа што како што ги поставува темелите на зградата, не е по проект и може да се стркала како крушка...

ама пазете...
не е тоа чудно...
бидејќи чуварот е дипломиран економист, а директорот има завршено хемиски техничар и моментално студира на шумарски...
чистачката е дипломиран правник а правничката сеуште студира на ФОН, има уште 3,4,5,6,7, испити...
општиот работник е градежен инжењер а шефот завршил трговско...
и тоа четири години бе брат, има школо...

и што кој бре ако некој има факултет, знаење, диплома, кога ништо не знае додека не фати лопата у рака...
нели така...
и што кој ако е некој доктор, за тоа учел да лечи луѓе...
ако му се свиѓа добро, ако не ги има пун к*рац кои чекаат да дојдат на негово место...

и затоа јас реформикте во здравството ги сфаќам во еден поширок контекст...
ќе бидат тогаш кога ќе се реформира и нашиот систем на вредности...
што би рекле, никогаш...
а можеби ни тогаш...


..и плус тоа вели:

cit:...А да ги гледаме работите обратно...
за да биде некој поставен на некоја професионална или општествена функција...
тој мора да исполнува одредени услови поврзани со таа функција...
а кои се однесуваат на неговото знаење, карактер, искуство и култура...
инаку зошто би бил поставен некој што не ги исполнува тие услови...
па сега да чекаме да се смени...

арно ама кај нас работите се поставени на сосема трета страна...
многу често оние кои ги исполнуват професионалните услови...
мораат да молчат, да бидат глуви, неми и слепи...
за да можат овие другиве кои залутале во одредени професии...
не по нивна вина, туку поради нечии партиски интереси, најчесто...
да бркаат работа за се друго...
освен за она за што се платени...
башка што многумина и појма немаат од работата за која се поставени...

и секоја чест на исклучоци, ги има...
и ова што го кажав не се однесува само за министерство за внатрешни работи...
за сите министерства...
случајно е постирано во оваа тема...
и причините за таква ситуација не се едноставни...
а проблемот нема да се реши, затоа што многумина не сакаат да се реши...
и јеби га ако сум off topic...
читав у наука постовите од оној dobrilco...
dedonoe де...

убаво,поубаво здравје!


-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Ноември.2011 во 14:33

Ва­ку­ум притисок

На Груевски и на Ахмети дури ни стоте дена од Владата не им се погодија во ист ден...Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

1   На телевизиите се вртат поучни спотови за успешни бизниси. Тече кам­па­ња­та за поттикнување на претприемништвото и ни откриваат како нас­та­на­ла и како се развила рент-а-кар компанијата "Авис", како е создадена со­ци­јал­на­та мрежа Фејсбук, како компанијата "Дел" го изградила ком­пју­тер­ско­то царство...
Вла­да­та ни ја открива Америка. И уште неколку примери од Велика Бри­та­ни­ја, Германија, од Јапонија... Откако ќе ни ги раскаже успешните приказни, оди слоганот "Осмели се!". И "Направи го првиот чекор".
Ај нека замисли Никола Груевски, кога не би бил премиер, да се осмели и да отвори своја приватна фирма. Ама да ја води според сега владејачките стан­дар­ди за водење бизнис во Македонија.
Не е проблем да се осмелиш. Не е проблем и да го направиш првиот чекор и да започнеш свој бизнис. Проблем е ако ти тргне бизнисот. Па и ако на не­кој од власта му се бендиса твојот бизнис. Па кога ќе го направиш вто­ри­от чекор, ќе се смени власта и ќе дојде другата партија. Ќе направат нив­на партиска нелојална конк*ренција на твојот бизнис. А тебе веќе во тре­ти­от чекор ќе те сотрат со инспекции. Осмели се. Побарај поврат на ДДВ. Мо­же­би затоа и сите примери во владината кампања за успешни приказни се од странство. Оти ако основачите на "Авис", Фејсбук и на "Дел" се ос­ме­ли­ле да започнат бизнис во Македонија, досега веќе одамна ќе го имаа нап­ра­ве­но првиот чекор за успешен бизнис. Ќе се отселеа во Америка.

2   Уш­те ја чекаме Владата во сенка која ја најави лидерот на СДСМ Бранко Цр­вен­ков­ски. Извори од партијата деновиве брифираа дека владата во сен­ка не може да се состави поради притисоците кои власта ги прави врз нив­ни истакнати функционери и врз интелектуалците што сакаат да $ се прик­лу­чат на опозицијата. Сепак, велат дека не се откажуваат од идејата за влада во сенка, но проектот го одлагаат за одреден период.
Си­ро­маш­ки­те тие. Им се виде многу работа, и си најдоа оправдување да од­мора­ат. Поработеа два дена и си рекоа: 'Што џабе да се мачиме, кога овие ВМРО-вците сe уште се на власт?' Замислете, им вршеле притисоци на нивните функционери, и затоа сега не можат да работат. А што мислеа тие? Како мислат да дојдат на власт ако им е страв да кажат нешто про­тив ВМРО? Што чекаат? Народот да се самоорганизира да ги донесе на власт?
Ќе се правдаат после дека Никола Груевски не владее туку спроведува ре­жим. И затоа тие ќе ја замрзнат својата работа во одреден период. Тој од­ре­ден период е додека Бранко не е вечен.
Не знам само зошто си најдоа оправдување дека и интелектуалците што са­ка­ле да им се придружат се плашеле од притисоци. Што ќе им се ин­те­лек­ту­ал­ци додека им е Бранко таму? Нека си бараат мангупи. И онака се иде­а­лен спој на кафеански револуционери и салонски интелектуалци.
Баш­ка, кој прави Влада во сенка, а доаѓа зима? Ќе им студи.

3   Го следам судењето на осомничениот за убиство на Мартин Нешковски и си викам: Како ревносно бранат обичен полицаец, за кој велат дека не ни бил на должност, Бранко така ни министрите не си ги бранеше.
И после се чуди оти се плашат да му влезат во влада во сенка. Имале при­ти­сок.
Не ќе да е до притисокот. До вакуумот ќе да е.

4   Пре­ми­е­рот Груевски ги одбележа стоте дена на Владата со обраќање на Феј­сбук. Спомена многу успеси, ама не ја спомена амнестијата за хашките слу­чаи.
Ли­де­рот на ДУИ Али Ахмети на сто и првиот ден од Владата, како најголем ус­пех се пофали со амнестијата за хашките случаи.
Ис­та влада, а лидерите на коалиционите партнери секој со своја агенда. Ед­ни­от се обрати на македонски, другиот на албански јазик. Секој на сво­и­те гласачи. Дури и стоте дена не им се погодија во ист ден.
Ама Македонија не е федерална држава.

5   Гер­ман­ски­от европратеник со грчко потекло Јорго Шацимаркакис кога проз­бо­ре на македонски јазик во Собранието, половина Македонија и бор­ци­те за името се подмочаа во гаќи од радост. Пратениците му аплаудираа не­ба­ре е позната турбо-фолк ѕвезда од Србија.
Пос­ле Шацимаркакис се правдаше во Грција. Напиша дека македонскиот ја­зик е 70 отсто бугарски дијалект и 30 отсто словенски. И дека во Скопје збо­ру­вал за јазикот за македонски на кирилска транскрипција, без да се пре­ве­ду­ва во маседониан, како што се изговара на англиски јазик.
Зна­чи, во Македонија зборувал на јазикот за домашна употреба. А во Гр­ци­ја смислил објаснување пак за домашна употреба.
За секоја изговорена глупост може да се најде логично објаснување.


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 29.Декември.2011 во 16:33
Ре­це­си­ја на умот

Све­ти Никола ќе го лустрира Дедо Мраз...Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

 Ако те фатат на пушење во кафеана, ќе платиш казна и ти како пушач, ама и газдата на кафеаната што ти дозволил да пушиш. И ќе му ја зат­во­рат кафеаната еден месец. Ако не издадеш фискална сметка, ќе ти го зат­во­рат дуќанот на подолго. Ако ти најдат непријавен хонорарец, ќе платиш де­бе­ло. Ако не возиш со вклучени светла или со врзан ремен, исто така, ќе платиш казна.
Ама ако испратиш војници во мисија на НАТО, и тие ти загинат во мир­нов­ре­мен­ски услови во бизарна хеликоптерска несреќа, нема да платиш ни­как­ва казна. Оти виновни биле пилотите што го возеле хеликоптерот. А не би­ла виновна државата, која е сопственик на хеликоптерот, што не им пла­ти­ла задолжителна обука за летање во тешки временски услови, а ги пра­ти­ла да летаат.
Нај­лес­но е пилотите да се прогласат за виновни. Оти, од објективни при­чи­ни, не можат да се одбранат. Загинале.
Ис­та­та приказна е и со авионската несреќа на претседателот Борис Трај­ков­ски. Пилотите згрешиле во процедурата за слетување. Несреќата се слу­чи во февруари 2004 година, ама и капетанот и копилотот не биле на за­дол­жи­тел­ни тренинзи на симулатори за летање на тој тип авион со го­ди­ни наназад. И во тој случај се знае кој е сопственик на авионот, кој ги пот­пи­шал патните налози и налозите за летање, кој е одговорен за одр­жу­ва­ње на авионот и за распоредот за летање на екипажите, кој немал пари или, едноставно, не водел сметка дека пилотите мора да одат на за­дол­жи­тел­ни тренинзи.
Има­ме два идентични несреќни случаи. Во првиот, некој пуштил пилоти да во­зат Претседател на држава и цела негова екипа, а пред тоа не им ги обез­бе­дил потребните обуки. Во вториот случај, некој испратил војници во ми­си­ја на НАТО, а не ги подготвил за тоа. И во двата случаи, тие "некои" има­ат име и имаат институција која стои зад нив. Има и држава и Јавно об­ви­ни­тел­ство. Само нема обвинител за да поведе истрага.

2   Ако темата е премногу комплицирана, оти станува збор за воздушен со­об­ра­ќај, дај да ја поедноставиме.
Мо­же ли службен возач на патничко возило да вози автобус без дозвола од таа категорија? Ќе му дадат патен налог, и тој во него ќе качи два­е­се­ти­на луѓе од фирмата. И ќе ги испотепа оти тој знае да вози, ама нема по­ло­же­но за автобус.
Е па може. Затоа што ако возачот одбиел да вози, можеби ќе останел без ра­бо­та.
Но тоа што ќе останел без работа, не значи дека ако дошол друг, со иста ква­ли­фи­ка­ци­ја како неговата, несреќата немало да се случи. Кога збо­ру­ва­ме за одговорност, не бараме жртви. Бараме одговорност и одговори на пра­ша­ња, за да дознаеме што се презема за да не се случат и други нес­ре­ќи.
Е за тоа ѕвонат новинарите на мобилниот телефон на Шврговски. За овој ли лански снег зборуваше пред десетина дена јавниот обвинител, кога се жа­ле­ше дека новинарите го вознемирувале на мобилен телефон? Или за не­кој снег од пред неколку години?

3   Со­ве­тот за радиодифузија ја одложи расправата за сопствениците на те­ле­ви­зи­и­те. Новите шест членови на Советот побараа прво да се толкува За­ко­нот за семејството, за да може да се утврди дали во "Канал 5" и во "Сител" има кршење на Законот. Според Законот, носители на јавни функции и чле­но­ви на нивни семејства не смеат да бидат газди на телевизии, но не­за­вис­ни­те членови на Советот за радиодифузија не можат да утврдат да­ли таткото Борис Стојменов и синот Емил Стојменов се семејство, и дали тат­ко­то Љубисав Иванов - Ѕинго и синот Горан Ивановски се семејство.
Про­ши­ру­ва­ње­то на Советот за радиодифузија беше со шест нови членови што ги гласаа како независни. За да можат независно да ги заштитат Ѕин­го и Стојменов од Законот. Оти Ѕинго и Стојменов ги гласаа независните чле­но­ви на Советот во Собранието.

4   Пр­ви­от лустратор Томе Аџиев објасни дека се разгледуваат досиејата и ак­тив­нос­ти­те на поранешен министер за внатрешни работи, кој дал на­ред­ба за следење на некој владика за кој службите се сомневале оти се среќава со странски тајни служби. Ама ја оправда можноста од лус­тра­ци­ја, затоа што министерот тоа го правел од идеолошко-политички причини. На прашањето какви се идеолошките причини меѓу џандар и поп, тој рече де­ка едниот е атеист, а другиот е верник.
По оваа изјава на Аџиев, се загрижив и за судбината на Дедо Мраз.
Де­ца­та ми потпораснаа и се соочувам со проблемот како да им објаснам де­ка Дедо Мраз постои. Им се смееле на училиште и им викале дека Дедо Мраз не постои и оти родителите им купувале подароци и ги лажеле. А кај нас дома Дедо Мраз навистина постои. И ние, иако никогаш не сме го ви­де­ле, си веруваме во Дедо Мраз.
За да не ми се фрустрираат децата, им смислив приказна. Им реков: Кога не­кој ќе ве задева и ќе ви се смее оти верувате во Дедо Мраз, а никогаш не сте го виделе, вие прашајте ги: А постои ли свети Никола? Зошто вие до­ма верувате во свети Никола, викате гости на слава, готвите посни сар­ми, гравче и риба во негова чест... Сте го виделе ли некогаш?
Ни­кој не ги видел ни Дедо Мраз ни свети Никола. Ама секој може да си ве­ру­ва во што сака. Но, како што тргнала работава, кај нас свети Никола ќе го лустрира Дедо Мраз.

5   Кол­ку и да не сакам да ги следам кавгите меѓу новинарите, сепак, преку Ин­тер­нет ми влегуваат дома.
До­де­ка поради неликвидност, секој ден се затвораат дури и големи фирми, до­де­ка се кршат законите на сите страни и додека граѓанскиот интерес не­ма ниту кој да го чува,ниту кој да го брани, моите колеги се занимаваат со самите себеси. Кој бил измеќар на Груевски, а кој бил измеќар на Бранко. И кој колкава плата прима, и каде аплицирал за работа.
Цел свет се тресе од кризата која се најавува, а тие се занимаваат со сопс­тве­ни­те суети. И едните и другите убедени дека нивната суета ќе ги спа­си слободата и демократијата.
Ту­ку кај нас и онака нема рецесија во економска смисла. Кај нас има ре­це­си­ја на умот.
Со вакво новинарство има само една опасност за Груевски. Да пукне од сре­ќа.




-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 25.Март.2012 во 22:25

Жрт­ви на примитивизмот

Кол­ку ли ќе одлепат кога ќе го испорачаат кокаинот? ... Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

  Соб­ра­нис­ка­та расправа за одбележување значајни датуми помина во ду­хот на историската традиција на Македонците. Се истепаа меѓу себе. 
Пр­во Гордан Георгиев од СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека прифатила да се одбележува стогодишнината од албанското знаме, а не гласала за ше­е­сет години од првите роман и филм на македонски јазик. Тој кажа и де­ка е опасен преседан да се слават стоте години откако министер за од­бра­на на Албанија станал Мехмед-паша Дерала, кој бил од Македонија. Пра­ша дали ќе се слави и Никола Пашиќ, оти е роден во Тетово. На ова Или­ја Димовски од ВМРО-ДПМНЕ му врати на СДСМ со логично вмровско пра­ша­ње: "Нели Ѓорче Петров беше член на бугарска Влада и нели Ди­ми­тар Влахов бил пратеник во турскиот Парламент?" 
По­тоа Игор Ивановски од СДСМ обвини дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ ги сменила имињата на улиците со лица од терористичката ВМРО, ка­ко што се Тодор Александров, Ванчо Михајлов и Мара Бунева. На што ле­ген­дар­на­та Бети Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, инаку позната по из­ја­ва­та од говорница дека е горда што е послушник на Груевски, побара да се слават 50 години од раѓањето на Бранко Црвенковски, а тој да донесе "ви­ски и малку кокаин за подобро да прославиме". Потоа Игор Ивановски по­ба­ра доктор за преглед. 
Ако пратениците вака зборуваат во Собрание без виски и кокаин, колку ли ќе одлепат кога ќе го испорачаат кокаинот? 

2   И така Македонците од СДСМ се испокараа со Македонците од ВМРО-ДПМНЕ за албанското знаме и за првиот министер за одбрана на Ал­ба­ни­ја. Што ли ќе се случеше ако ДУИ и ДПА побараа да се слави и првиот ми­нис­тер за екологија во албанската Влада? Немаше да доаѓа само соб­ра­нис­ки­от доктор. Конзилиум ќе го решаваше тој изблик на национален по­рив за соживот со Албанците и самопочитување меѓу Македонците. 
Кол­ку што е смешно кога СДСМ мора по секоја цена да биде против ВМРО-ДПМНЕ и се фура на македонски национализам, речиси исто толку е смешно и кога ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена мора да е против СДСМ, па ма­кар во таа антипротивност биле и антимакедонски. 
За­тоа и не треба да се занимаваме со минатото. Оти, очигледно, и со се­гаш­нос­та не можеме да се справиме. Ако веќе мора да гледаме назад, то­гаш најдобро да си останеме во антиката. Таму барем сите се согласуваме. И Македонците, и Грците, и Албанците, и Власите тврдат дека Александар Ве­ли­ки е нивен. А и на Александар лично тоа одамна не му пречи. 

3   Би­деј­ќи во државата меѓу Македонците има премногу кохезија, мора да се измисли нешто што ќе внесе барем малку раскол. Затоа ВМРО-ДПМНЕ, за инает на сите, поднесе нов закон за лустрација. Уште подрастичен од прет­ход­ни­от, кој падна на Уставен суд. 
Прак­тич­но, до 2006 година, кога со Груевски, конечно, пристигна де­мок­ра­ти­ја­та во Македонија, буквално секој граѓанин ќе подлежи на лустрација. А кодошите ќе бидат јавно објавувани на веб сајтот на Комисијата. 
А зошто само на тој веб сајт? Зошто прво да не се објавуваат на Фејсбук? И онака досиејата се веќе таму. 
Зош­то таа информација да се сподели само на Интернет? Сите за кои ко­ми­си­ја­та ќе изгласа дека се кодоши, нека носат црвена лента кога ќе одат на работа. Да може секој да ги истепа на улица. 

4   Со новиот ГУП на Скопје, градоначалникот Коце Трајановски смета де­ка добар дел од нелегалните градби ќе може да се легализира. 
Зна­чи, повторно ќе бидат оштетени тие што биле легални. Ќе се наградат тие што на легалните им ги узурпираа дворовите, парцелите, тротоарите, ули­ци­те, парковите... Ќе бидат наградени тие што на чесните им го ук­ра­доа квалитетот на животот. 

5   Од проектот "Скопје 2014" сe потешко може да се направи пародија. Нај­но­ви­от елемент кој излезе е конкурс за карусел со коњчиња на Плош­та­дот. Уште тие недостигаа за комплетирање на разгледницата со фон­та­ни­те, спомениците, Триумфалната капија, бродовите на Вардар, па­но­рам­ско­то тркало со кочии и плажата. Така што во Македонија, дефинитивно, ќе ги до­би­е­ме Лас Вегас и Дизниленд во едно. 
Спо­ред конкурсот, ротирачката површина на каруселот треба да има ди­ја­ме­тар од седум метри, декоративен венец и 32 фигури со пони коњчиња, ча­ши што се вртат и кочии. Вртелешката ќе биде евтина. Само 137.000 ев­ра. Малку поскапо од светилките на барокната фасада над ресторанот "Пе­лис­тер". 
По заживувањето на овој простор, таму ќе може да се одржуваат и от­во­ре­ни­те седници на Владата. Сите ќе можат премиерот и министрите да ги гле­да­ат во живо. Министрите на ВМРО-ДПМНЕ ќе седат на коњчињата, а ми­нис­три­те на ДУИ во кочиите. Ротирачките чаши се резервирани за ми­нис­три­те од помалите партии во коалицијата. Да одржуваат баланс. Ако не седат мирно, може лесно да изротираат и да испаднат од седиштето. 
Гру­ев­ски ќе јава на највисокото коњче и заедно со него цела Влада ќе се вр­ти на Плоштадот. 
Има симболика во каруселот и вртењето. Оти ние тоа го правиме цело вре­ме 20 години. Се вртиме во круг. Кај што сме се качиле, секој пат на ис­то­то место пристигнуваме. Само што, за разлика од министрите, ние од тој пус­ти карусел не можеме никако да се симнеме. 

6   По 20 години транзиција, сe повеќе станува јасна потребата на Плош­та­дот Македонија во Скопје да се изгради уште еден музеј. На жртвите на при­ми­ти­виз­мот. 
Тра­ге­ди­ја е што веќе е предоцна за таков музеј. Нема кој да го изгради.



-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 02.Мај.2012 во 18:09
http://kapital.com.mk/mk/makedonija/83499/dragane_pavlovichu-latas____vidi_vaka%21.aspx#.T6B0Mqsoxix.facebook..." rel="nofollow - - Интересно...

Драгане Павловичу-Латас ... Види вака!

http://kapital.com.mk/clientControls/zikov@kapital.com.mk" rel="nofollow - Љупчо Зиков
Драгане Павловичу-Латас ...  Види вака!


Не може човек да остане при здрав разум по ваква колумна на Латас... Сега, по шест години Преродба, треба да се надеваме дека „свежината на брановите на промените” ќе донесе на власт нови 150 „гладни деца”, кои ќе продолжат да ги „крчмат” државните буџети! Дали ти текнува, Драгане Павловичу, дека додека свежите бранови ве опиваат сите ВАС таму во „бегстејџ”, Македонија ја губи моралната поента на своето постоење, оти едноставно, оваа земја не го усреќува сопствениот народ. Фали само една одлука за еутаназија... од некаде однадвор (ти можеби и подобро знаеш од каде) и така освежени од промени да нe снема... Дали тоа го посакуваш, Драгане Павловичу?! Ајде да отвориме јавна дебата. Без политичари. Дебата во која искрено ќе зборуваме и ќе се гледаме во очи! Ајде... „освежен низаеден”!


 

Сакам да му се обратам лично на Латас! Најлично... Оти, Латас не е глупав човек! Напротив. Македонската дваесетгодишна јадна стварност, што денеска сите ние со „симнати гаќи” ја сведочиме, докажува дека Латас не е глупав човек. Тој секогаш бил таму каде што треба – и во времињата под Бранко, и оние под Љубчо и овие под Груевски!

Скицата на овој текст, мили мои читатели на „Капитал“, ја пишувам заседнат во удобна фотелја во една банкарска канцеларија на Рокфелер центар во Њујорк...! Рано претпладне... Се давам во убавина и шарм, адреналин раширен од позитивна енергија на луѓе кои создаваат! Америка излезе од криза... оди напред! А јас ги читам „свежите бранови во ВМРО-ДПМНЕ” и „Промените на Латас” во „Вечер“. Сега се прашувате зошто го правам тоа? Да се убиеш? Ајде де...

Со ништо не се согласив со него во текстот (инаку, редовно го читам Латас - поради прецизните пораки што власта ги испраќа преку него), освен со фактот дека и покрај сe, Груевски повторно го матира Црвенковски и е „десет минути” понапред во политичката битка за задржување на власта! Еве, и јас да додадам дека отсуството на возбуда и вознемиреност во СДСМ од најновите потези на Никола Груевски е само директна потврда колку овие луѓе „удавени во сопствената немоќ и неспособност”, овде само пусто чекаат Груевски сам да си оди, а тие да дојдат на негово место! Што ли чекаат, којзнае... Дотогаш Бранко Црвенковски е само жив штит на власта на Никола Груевски и ништо повеќе. Јадно! И тука нема ништо спорно, Латасе, драг пријателе... Колку да сме начисто дали воопшто застапувам нечии ставови во овој текст! Но, тоа не е поентата, БРЕ фраеру...

Ајде да дебатираме! Но, те молам, без „кур и п**ка”, „говно низаедно”, „курви и проститутки”, „педери и шербетлии”, „гз ваков”, „гз онаков” и „гз ти мајчин”. Извини што овде ги потсетувам термините. Го направив тоа единствено со намера да укажам на што мислам, за да не кажеш не сум дефинирал... Одважи се, брифирај се ако треба, спремај се и излези на мегдан да ДЕБАТИРАМЕ ЗА ВИСТИНСКИТЕ ТЕМИ! А тие се многу поважни од судбината на министрите и вториот и третиот ешалон... Барем да се некои ешалони!

 

Зошто ова писмо до тебе!

Претеруваш! Ај не сака човек да реагира, да спушта нивоа на комуникација, ама ти, пријателе, ги минуваш сите граници... Па боже наш, како не ти текнува бре, Латасе, кога ги „куцаш” тоа редовите на компјутерот дека колку е Бранко на власт, толку и ТИ сосе Ѕинго сте на власт! Како не ти текнува наутро кога ќе се погледнеш во огледало дека од другата страна излегува Бранко, Љубчо, Никола или Ѕинго... Како не ти текнува дека вие четири, пет, шест таканаречени „мудреци” од медиумските редови (од сите бои) со вашите „свежи селски интелигенции” му ебавте мајка на цело јавно мислење во сите години наназад. Дека ја држите во заложништво целата медиска сцена, а токму такви „полноглавци” ве сакаат по партиите!

На пример, Латас, вистинското прашање сега е дали „свежиот бран промени” ќе го зафати округот на Кратово, „задња пошта” Силекс и Министерството за земјоделство сосе Дирекцијата за субвенции! Баш ме интересира... А? Ајде и за тоа да зборуваме...

Зарем не си помислил, Латасе драги, дека Ѕинго во моментов е со Груевски не заради идеалите на Македонија, „јебо те бог”, туку заради втората етапа на приватизацијата, која е во тек... а тоа е да ја легитимира првата етапа (мое Кратово) и потоа - запоседнувањето на финансиските токови во земјата преку Буџетот! Е што, ние нафта ли пиеме?! За сево ова прилично се заинтересирани и во Брисел и во Вашингтон!

Ама Ѕинго поради тоа беше и со Бранко! И поради истите причини ти тогаш исто звучеше... Се сеќаваш ли на славниот слоган од деведесттите: „Ѕинго педер, напред Вардар...”. Па кога Ѕинго му се жалел на Бранко за поведението на Комитите-Запад на градски стадион, а Бранко му ветил дека ќе среди, па на следниот натпревар на Вардар, Комитите смениле малку и викале: „Ние сме педери, Ѕинго е наш“!!!!

Ти не си глупав човек, Латас, ама претеруваш човече... Зошто, друже, не тргнеш како треба – од позицијата дека и ТИ си истрошено дете на транзицијата како и Бранко и Ѕинго... Ајде, кажи го тоа! Родител во средни години си ти... Мислиш ли ти на иднината на своите деца? Па не е сe во кешот, пријателе!

Во која земја живееш ти?! Зошто не дебатираме за вистинските нешта, туку како „прдеж во гаќи” се вртиме околу тоа зошто Груевски се „освежувал со бран промени” деновиве...

Ја заболе јавноста за освежувањата на владејачката коалиција! Дајте бре, да зборуваме за вистинските нешта... 350.000 невработени, а 420.000 вработени! 150.000 јавна администрација! Алооооо! Трговски дефицит над 500% зголемен за дваесет години! Скоро една милијарда евра увоз на храна! За само две години позајмени се над 650 милиони евра! За што? ОВА СЕ ВИСТИНСКИТЕ ТЕМИ! Ало, фраеру!

Па не е сета вистина БРЕ во устите на Латас и уште четворица сосе „класната раководителка”! Па не читаат само тие... ако воопшто читаат нешто!? Читаме и ние...

 

Во што е проблемот Латас?! Каде вреѓаш интелигенција?

Додека јас, Драгане Павловичу-Латас, во деведесеттите години пишував големи критики за политиките на Бранко Црвенковски и заедно со „Дневник“ ја уривавме неговата влада, а јас ја градев мојата голема новинарска кариера, ТИ истата таа власт на Црвенковски слепо ја бранеше... Сосема исто како што денеска тоа го правиш со владата на Никола Груевски! Нема никаква разлика. Да, секако, тоа е истото она време кога, како што раскажуваш во својата вчерашна колумна, стариот Буш беше претседател на САД, па Бил Клинтон, па младиот Буш, до денеска Обама... Но, тоа е и ТВОЈОТ голем проблем...

Затоа, денеска, Латасе, мој драг пријателе, нас во „Капитал“, а сигурен сум и поголем дел во јавноста, воопшто не нe интересираат „вратоломиите” на министерката за внатрешни работи и каков полициски „бос“ бил Каширски... Ниту нe интересира кога ќе им почнат смените во Владата! Баш нe заболе за тоа... Како што ич не нe боли дали имаат замор на материјалот...

Ајде да не ја замајуваме јавноста! Ајде да дискутираме за ВИСТИНСКИТЕ НЕШТА! Еве кои:

Прво, кои се ефектите од 12-15 милијарди евра, колку што приближно „тежат“ сите буџети од 2006 година наваму?! Голем дел од овие пари, освен што беа „изедени” за плати на јавната администрација - партиски наредена за гласање - отидоа преку каналите наречени „капитални инвестиции” во познатите проекти низ Скопје. Колку од овие пари, во најмала мера, „се недомаќински потрошени”?! Државниот завод за ревизија има тони хартии со извештаи за ова... Запрепастен сум колку и странски влади знаат за тоа како се трошат парите во Македонија.

Второ, голем дел од парите контролирани од луѓето министри и директори на Ѕинго се „крчмеа” и преку каналите наречени субвенции за земјоделците... Со овој кеш од сите нас македонските граѓани се создаваше новата бизнис-елита.

Никој нема ништо против нагонот да работи, да инвестира и да прави пари, но денес од оваа позиција некој да ви соли памет дека многу прави и се одрекува во името на светлата патриотска иднина за Македонија е рамно на ретардација пред оние кои гледаат и разбираат и судбината на илјадници кои секој месец се иселуваат од земјата! Годишните ревизорски извештаи на Државниот завод за ревизија, секако, СЕГА нема да бидат предмет на анализа. Но, еден ден сигурно една влада ЌЕ МОРА (Брисел и Вашингтон ќе побараат) да се наврати на овие прашања... како се трошеа македонските државни буџети.

Трето, некој ќе мора „онака свежо и брановито во промени” да одговори зошто во Македонија банките не даваат кредити и не се отворени за сите компании и идеи еднакво, а парите ги чуваат во НБМ. Зошто? А во исто време милијардите преку Буџетот се распределуваат на начин како ќе каже главниот „борд”. Кој ќе плаќа за овој злочин? Зошто за ова не разговараме, Латасе, мој драг пријателе? Ајде на ова да се задржиме малку повеќе...

Четврто, или зошто не разговараме, Драгане Павловичу, за тоа кој сe има под 5% акции во македонските компании и кои ликови групирани здружно ги контролираат финансиските текови во земјата... Зошто овде немаме „свежи брановити промени”...

Петто, зошто не разговараме, Павловичу, за „многу интелигентниот” заклучок на НБМ и нејзиниот гувернер дека најголемиот резултат во Македонија за дваесет години е стабилноста на денарот и НА ЦЕНИТЕ!!!!! Да, стабилноста на цените, ама на кое „факинг” високо ниво! Па ти, Латасе, самиот пишуваше и цели вести правеше за цените на Топлификација. Стабилни цени на високо ниво – парно, нафта, струја, бензин... Удри му, Латасе, 18% (мислам дека треба да знаеш да вадиш проценти, ако не знаеш, јави се...!!!) ДДВ, па види колку е тоа приходи во Буџетот. А нашите бизниси нека „пушат”, Латасе мој драги...!? Агрокор од Загреб и Имлек од Белград да се вечни за Македонија!? Така ли?

И сега треба да се радуваме на „свежината на брановите на промените” да донесе на власт нови 150 „гладни деца” кои ќе ги крчмат така собраните даноци како производ на ВИСОКИТЕ СТАБИЛНИ ЦЕНИ! Дали ти текнува, Латасе, дека додека свежината ве опијанува сите ВАС таму во „бегстејџ”, Македонија ја губи поентата на своето постоење? Фали само една одлука за еутаназија... од некаде однадвор (ти можеби и подобро знаеш од каде) и така освежени од промени и пијани од убавини едноставно да нe снема...

Дали тоа го посакуваш, Драгане Павловичу?! Кажи... Ајде да отвориме јавна дебата. Без политичари. Дебата во која ќе зборуваме и ќе се гледаме во очи! Ајде, Латас!



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 02.Мај.2012 во 22:08
И од цел текст (кој искрено сега го читав и никојпат повеќе оти и не се разликува многу од текстовите на Латас кои одамна прекинав да ги читам) ми падна во очи една реченица
Скицата на овој текст, мили мои читатели на „Капитал“, ја пишувам заседнат во удобна фотелја во една банкарска канцеларија на Рокфелер центар во Њујорк...!
Аха...Е што бара во банкарска канцеларијазбунетост Туку јас не се разбирам од економија, банкарство, финансии, па веројатно не разбирам што бара таму.
Инаку се согласувам со него- Латасе навистина доста. Што е многу многу е, продавање магла. А таман бре брате малку се врати во старите времиња кога почна отворено да мава по Топлификација и оп замолчаизненадување Оти замолча, не разбрав!


-------------


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 03.Декември.2012 во 23:45

...после нова година ќе дојдете, ама до тогаш може три пати ќе умрам не еднаш.

друг пак,по четврти пат го гаѓаат....

свашта има на овој мал простор.рамнодушност 



-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 05.Мај.2013 во 10:25

ГРАДОТ НА РАМБО

Сашо Тасевски 
Актер и писател 

објавено на: 05-05-2013 | сподели на:share< allowtransparency="true" border="0" scrolling="no" ="http://plat.twitter.com/widgets/tweet_.1367516458.#_=1367741811170&count=none&id=twitter-widget-0&lang=en&original_referer=http%3A%2F%2Fwww.maktel.mk%2Fajax_kolumni.php%3Fkid%3D1180&size=m&text=%D0%93%D0%A0%D0%90%D0%94%D0%9E%D0%A2%20%D0%9D%D0%90%20%D0%A0%D0%90%D0%9C%D0%91%D0%9E&=http%3A%2F%2Fmaktel.mk%2Findex.php%3Fkolunique%3D1180&via=maktel.mk" ="twitter-share- twitter-count-none" title="Twitter Tweet " -twttr-rendered="true" style="margin: 0px; padding: 0px; width: 59px; height: 20px;"> 

За празнициве, наместо за Париз запичив за Кичево да се видам со пријателите од детството. Со Сарџо, Емин, Иво, Зоки, Аце, Лука, Бобе, Чомбе... Сарџо во 2001-та беше водник во тетовската касарна, Аце, Лука и Чомбе се полицајци, еден беше командир во полициската станица во Осломеј, друг беше во специјалната полиција, трет ловеше нарко дилери од Кичево до Зајас и назад. Емин е Албанец, нашетан човек со големо срце кој ја имаше таа несреќа во бурната младост со голи раце да убие човек во самоодбрана, по што и самиот остана инвалид. Левата страна од телото му е делумно одземена поради тешката повреда на главата што ја добил кога секирата завршила во неговата глава. Се немавме видено со години, иако како дете често дружев со нив кога одев во посета на дедо ми и баба ми, кои летните месеци ги поминуваа таму заради воздухот, водата и луѓето. Зашто беа добри. Сега такви останаа само водата и воздухот, а луѓето... Еееех, луѓето, некаде се загубиле низ годините. Се загубиле меѓусебе. Го загубиле муабетот. Дружењето. Радоста.

Кичево денес е поделен град. Фали само уште ѕид за поделбата да биде комплетна. Берлин во македонска верзија. На булеварот што минува покрај хотелот Унион, само од другата страна, има една туристичка агенција брендирана на албански. Од почетокот на булеварот до таа агенција се нашите кафулиња во кои седат само Македонци, а после таа агенција, сите кафулиња се албански. Нема никакво мешање на тие етничките групи. Подобро вака! - рече еден пријател - Тие не доаѓаат кај нас, ние не одиме кај нив и нема проблем! Во воздухот се чувствува таа напнатост која рапидно се интензивираше по локалните избори пред еден месец, кога кај кичевските Македонци се распрсна илузијата дека Кичево е она старото гратче во кое се родиле, растеле и создале семејства. Во кое заедно другарувале со соседите Албанци, играле фудбал, собирале мов и печурки, оделе на река да се капат или во Охрид за викендите. Не знам што велат Албанците за Македонците во Кичево, ама Македонците за нив велат дека се ГНАСИ. За секој кој малку повеќе го посетувал тој град и луѓето во него, знае дека никогаш порано таков збор не можел да се слушне од кичевски Македонец за кичевски Албанец. За омраза како и за љубов се секогаш потребни барем двајца, затоа знам дека омразата што искреше од очите на Македонците во Кичево не е случајна и предизвикана од ништо.

Сретнав и запознав еден во градот многу почитуван човек педесетгодишник, кој во 2000-та бил во полициската станица во Осломеј која ја ракетирал лично сегашниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари. Едвај спасил жива глава во нападот. Од силната детонација неколку дена бил глув и имал силни главоболки. Човекот, сега по назначувањето на неговиот потенцијален џелат за градски татко на Кичево, го ставил целиот свој имот во Кичево на барабан. Ќе се сели кај роднини во Црна Гора со цела фамилија. За него Кичево и Македонија повеќе не постојат. Пријателот пак од АРМ кога му свикал на некој негов подреден офицер Албанец, зошто постојано доцни на работа или пак воопшто не доаѓа во некој работен ден, овој дрско му вратил да си ја гледа работата и платата зашто тој му одговарал само на Фатмир Дехари и на никој друг, зашто тој бил неговиот командант. Освен тоа, истиот тој Фатмир (сегашниот кичевски градоначалник, а бивши амнестиран припадник на ОНА) му дал и повисок чин во АРМ кога бил на местото заменик министер за одбрана. За човек да сфати во каков апсурд живеат Македонците во Кичево само нека замисли како му удира шлаканица на некој полицаец онака ненадејно додека овој минува крај него. Знаете што ќе му се случи? Кривична пријава за напад на службено лице, парична казна за нанесување повреди, а можеби и затвор. Е сега замислете го Фатмир, кичевскиот Рамбо, кој ракетира полициска станица полна со полицајци и наместо кривична пријава и обвинение за тероризам добива прво функција директор на поштата во Кичево, потоа заменик министер во одбраната која свесно ја загрозил и најпосле, градоначалничко место во општината каде ракетирал полициски станици. Лудо и откачено. Смешно и трагично во исто време. Македонски до јајца. Ако Америте ја следеа оваа наша искривоколчена логика, тогаш Чеченецот што го изврши бомбашкиот напад на маратонот во Бостон наместо да лежи мртов на плочникот, сега ќе седеше во фотељата на државниот секретар за одбрана на САД или пак ќе го направеа градоначалник на Бостон.

Секое чудо за три дена. Фатмир Рамбо игра на таа карта и добива, зашто го знае менталитетот на Македонците кои не се од Кичево. Знаеше дека брзо ќе заборават на Кичево по локалните избори, исправени пред предизвикот наречен летен одмор (како што беше и во 2001-та) и така ќе може мирно да го спроведе својот план за етничко чистење на градот или пак за негово демографско минирање кога становите во зградите што сега ги гради и оние што ќе ги гради во иднина ќе ги продава на Албанци кои ќе го полнат градот одсекаде. Тој во својата кампања, откако на новинарите им подели свои рамбо-фотки од времето кога војувал на страната на ОНА, недвосмислено порача пред албанската дијаспора во САД дека неговото Кичево кога ќе стане негов градоначалник ќе биде албанско, како што е албанска Струга, Гостивар, Тетово, Куманово и Скопје. Мангата достоја на зборот и не излажа. Стана градоначалник на Кичево. Ама дали достоја на зборот еден друг тип кој од говорницата за време на изборната кампања патриотски му порачуваше да не се надева дека ќе го добие Кичево, зашто додека он бил премиер, Кичево ќе било и ќе останело македонско. Е па, жалам господине премиер, кичево не е повеќе македонски град, како што не е Струга, Гостивар и Тетово. Како што не е голем дел од Скопје. Тоа не е тешко да се сфати. Доволно само да се запали автомобилот и да се тргне од Скопје кон Охрид. Треба човек да е луд да поверува дека покрај толку двоглави орли развеани покрај магистралата, се уште се наоѓа во Македонија.

И што е важно што кичевските Македонци ги продаваат своите имоти за да се преселат во Црна Гора, Италија или Шведска. Што е важно што таканаречениот булевар покрај хотел Унион е ист како што беше пред триесет гоини? Што е важно што кичевските села како Другово, Пополжани, Србјани, Извор, Подвис, Брждани, Вранештица и други се исто онолку неосветлини како што беа пред триесет години? Важно е само тоа во Скопје да има барок и на плоштадот да нѐ гали музиката на Штраус. Важно е Паско и чиче Ниче Домовски да ни ги дујат тестисите со приказни за нашето божествено потекло. И секако најважно е скопските, охридските, битолските, штипските, велешките и прилепските Македонци и патриоти да најдат што поповолен аранжман за Скијатос или Миконос, нели, откако пак го кренаа на раце и го доустоличија својот водач, поточно оној кој ги убедуваше дека Кичево ќе остане македонско. Ете какви сме. Ете колку сме... Ама токму не сме. Секоја чест на нашата безумност.



-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: d4 b3
Датум на внесување: 05.Мај.2013 во 12:54
секоя чест

кай е гсподинот Ниче?


-------------
Go ahed be! Mejk maj dej!


Постирано од: pillot
Датум на внесување: 05.Мај.2013 во 13:52
bingo neam dozvola da kometiram vo sdk no ako.. sreken velik den makedonci...kade i da ste   

-------------
bidi sekogash onoj sto vistinski si


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 16.Јуни.2013 во 23:57

Жен­ски гла­ви

Па­тем, сес­тро, мно­гу уба­во ви стои но­ва­та уни­фор­ма... Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

1   Тур­ски­от пре­ми­ер Ре­џеп Та­ип Ер­до­ган вче­ра по­пуш­ти пред де­монс­тран­ти­те на плош­та­дот Так­сим во Ис­тан­бул. Ама ние во Ма­ке­до­ни­ја по­дол­го од не­го из­др­жу­ва­ме. Не по­пуш­та­ме. Тол­ку сме се спе­ци­ја­ли­зи­ра­ле во ор­га­ни­зи­ра­ње ан­типро­тес­ти, та­ка што вче­ра, во не­дос­тиг на до­маш­ни про­тес­ти на кои тре­ба да им се кон­три­ра, во Скоп­је и во Гос­ти­вар се ор­га­ни­зи­раа кон­трап­ро­тес­ти на про­тес­тот на Так­сим. И ние, ка­ко и Ер­до­ган, са­ка­ме да се гра­ди во пар­кот Ге­зи на Так­сим. 
По вче­раш­на­та под­дрш­ка до тур­ски­от пре­ми­ер да се спра­ви со де­монс­тран­ти­те на Так­сим, ре­ал­но е да оче­ку­ва­ме и наг­ра­да што сме се се­ти­ле на не­го. Во знак на бла­го­дар­ност, Ер­до­ган ќе ни ис­пра­ти по­да­рок. Бор­на ко­ла со во­ден топ и сол­за­вец. Еп­тен та­мам по­да­рок. 

2.   От­ка­ко се по­ка­жав­ме де­ка мо­же­ме да пра­ви­ме и ме­ѓу­на­род­ни кон­трап­ро­тес­ти, вре­ме е оваа ак­тив­ност да ја про­фе­си­о­на­ли­зи­ра­ме. И та­ка да пра­ви­ме из­воз на ин­те­лек­ту­а­лен труд. Тре­ба да се ре­гис­три­ра­ат аген­ции за кон­трап­ро­тес­ти. По сис­те­мот на јав­но -при­ват­но пар­тнер­ство. За да мо­же про­тес­тан­ти­те да се вра­бо­ту­ва­ат. Да зе­ма­ат днев­ни­ци, на­до­мест за пре­кув­ре­ме­на ра­бо­та и ра­бо­та на праз­ник. Да им те­че не­ка­ков стаж, да мо­же пен­зи­ја да зе­мат. Не мо­же цел жи­вот са­мо за сен­дви­чи и сок­че да ра­бо­тат. А во Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње оваа про­фе­си­ја ќе се во­ди под по­себ­на шиф­ра - ан­тип­ро­тес­тант.

3   Има­ме ние уш­те еден тран­зи­ци­ски фе­но­мен. Се ви­ка вер­ник - про­тес­тант. Ама не про­тес­тант во смис­ла на прак­ти­ку­ва­ње на хрис­ти­јан­ска­та ре­ли­ги­ја ту­ку ка­ко чо­век што про­тес­ти­ра од името на ве­ра­та. 
Не­кол­ку сто­ти­ни вер­ни­ци про­тес­ти­раа пред оп­шти­на Цен­тар за да го спре­чат ури­ва­ње­то на црк­ва­та "Све­ти Кон­стан­тин и Еле­на", ко­ја е во град­ба. И за ко­ја ни­кој не ре­че де­ка ќе ја ури­ва. И ни­кој не се ни оби­де да ја ури­ва. Нап­ро­тив, си­те ви­каа, а нај­мно­гу гра­до­на­чал­ни­кот на Цен­тар Ан­дреј Жер­нов­ски, кој упор­но твр­ди де­ка ни­ко­гаш не ре­кол де­ка црк­ва­та ќе се ури­ва. И упор­но пов­то­ру­ва де­ка црк­ва­та ќе се гра­ди. 
Ама вер­ни­ци­те не му ве­ру­ва­ат на Жер­нов­ски. Ви­каа про­тив не­го, ја кр­шеа ог­ра­да­та око­лу оп­шти­на­та, кр­шеа про­зор­ци со ка­ме­ња, кол­неа и пцу­е­ја. На крај, со­вет­ни­ци­те од ВМРО-ДПМНЕ прог­ла­си­ја по­бе­да и ре­коа де­ка вер­ни­ци­те ус­пе­а­ле со про­тес­ти­те да ја спа­сат црк­ва­та. Зна­чи, они ве­ру­ва­ле во иде­ја­та де­ка црк­ва­та ќе се ури­ва и про­тес­ти­раа таа да не се ма­те­ри­ја­ли­зи­ра. До­ка­жаа де­ка пре­ми­нот од иде­ал­но во ма­те­ри­јал­но е кри­ти­чен, и ја ис­кр­ши­ја оп­шти­на­та. 
Сним­ки­те од од­бра­на­та на црк­ва­та по­ка­жаа де­ка тие што се ви­каа вер­ни­ци и кои твр­дат де­ка ате­ис­ти­те се нај­го­ле­мо­то зло на све­тот, во сво­јот ду­хо­вен за­нес и бо­го­љу­би­во бла­же­ство го из­го­во­ри­ја и след­но­во: "Гор­ни­от ќе те каз­ни, да ти­бам се, да ти­бам де­те­то". 
Ко­га ги ви­доа овие ду­хов­но ис­пол­не­ти лу­ѓе, кле­ти­те ате­ис­ти дла­бо­ко се пре­ис­пи­таа во се­бе.

4   Па и не мо­раа да пра­ќа­ат вер­ни­ци со јај­ца. За по­е­ле­ган­тно ре­ше­ние тре­ба­ше да им ги рас­и­пат лиф­то­ви­те на со­вет­ни­ци­те од СДСМ. То­гаш не ќе мо­ра­ше ни по­ли­ци­ја­та да се­ди пред оп­шти­на Цен­тар и да фа­ќа се­ир.

5   Ко­га др­жа­ва­та е пом­но­же­на со ну­ла, се нај­де еден вла­ди­ка да по­ви­ка на раз­ум и им одр­жа лек­ци­ја по де­мок­ра­ти­ја на де­мох­рис­ти­ја­ни­те. Вла­ди­ка­та Пи­мен слу­чај­но се срет­нал со пра­те­ни­кот на ВМРО-ДПМНЕ Или­ја Ди­мов­ски. Пра­те­ни­кот го уко­рил вла­ди­ка­та по­ра­ди не­го­ви­те ли­бе­рал­ни ста­во­ви и по­ви­ци на раз­ум, на што Пи­мен му од­го­во­рил: "Се­кој има пра­во на свој став, на свое мис­ле­ње".
Си­гур­но Ди­мов­ски оваа лек­ци­ја од Пи­мен ја сфа­тил ка­ко бо­го­ху­лие. Оти не­го­во­то мо­то е: "Се­кој има пра­во на мое мис­ле­ње".

6   Па­ци­ен­ти­те што се спе­ци­фич­ни слу­чаи и тре­ба под ит­но да за­ка­жат би­оп­си­ја за ис­пи­ту­ва­ње на евен­ту­ал­но ма­лиг­но за­бо­лу­ва­ње не мо­жат ни­ка­де да за­ка­жат прег­лед оти во ни­ед­на бол­ни­ца не­ма ле­кар да нап­ра­ви пун­кци­ја ни­ту, пак, та­ков што ќе го про­чи­та ре­зул­та­тот. Ми­нис­те­рот за здрав­ство Ни­ко­ла То­до­ров нај­а­ви де­ка од ја­ну­а­ри 2014 го­ди­на при­ме­ро­ци­те за би­оп­си­ја ќе тре­ба да би­дат го­то­ви за ед­на не­де­ла. 
Во ме­ѓув­ре­ме, Ми­нис­терс­тво­то за здрав­ство из­да­де про­то­кол за хос­пи­тал­на кул­ту­ра. Со не­го се ре­гу­ли­ра­ат од­но­си­те ме­ѓу па­ци­ен­ти­те и здравс­тве­ни­те ра­бот­ни­ци, ко­му­ни­ка­ци­ја­та, об­ле­ку­ва­ње­то, на­чи­нот на об­ра­ќа­ње...
До­де­ка че­ка­ме да дој­де ја­ну­а­ри 2014 го­ди­на, еве ка­ко се­га би из­гле­да­ло за­ка­жу­ва­ње­то за би­оп­си­ја. 
Љу­без­но и со нас­мев­ка ле­ка­рот ќе ти ка­же де­ка тре­ба да дој­деш на прег­лед. Љу­без­но и со нас­мев­ка сес­тра­та ќе ти ка­же де­ка тер­ми­нот ти е во ја­ну­а­ри. И де­ка ка­ко па­ци­ент си дол­жен да го по­чи­ту­ваш тер­ми­нот. И сог­лас­но про­то­ко­лот, љу­без­но и со нас­мев­ка ќе и` ка­жеш на сес­тра­та: "Мно­гу сте љу­без­ни, ви бла­го­да­рам оти ми ка­жав­те де­ка тре­ба да дој­дам во ја­ну­а­ри. Са­мо не сум си­гу­рен да­ли ќе ус­пе­ам да го фа­там тер­ми­нот. Оти во план ми е да ум­рам до но­ем­ври. Та­ка ми ре­че ле­ка­рот на пр­ви­от прег­лед. Ако мо­же со ми­нис­те­рот То­до­ров неш­то да се сре­ди, ако не, фа­ла ви на љу­без­нос­та. Па­тем, мно­гу уба­во ви стои но­ва­та уни­фор­ма. И за­тоа ве мо­лам да има­те пред­вид ако смрт­та ме спре­чи те­ле­фон­ски да го от­ка­жам тер­ми­нот за прег­лед. Се на­де­вам се­мејс­тво­то не­ма да мо­ра да пла­ќа пе­на­ли". 
И та­ка љу­без­но ќе се за­др­жиш до про­то­ко­лот за хос­пи­тал­на кул­ту­ра. А ко­га ќе ум­реш си­те ќе ви­ка­ат: "Што му ста­на на чо­ве­кот? Си ум­ре здрав, прав. Ич на ле­кар не пој­де".

7   Но­ви­от за­кон за пре­кин на бре­ме­нос­та, со кој се ог­ра­ни­чу­ва пра­во­то на абор­тус, по­ми­на во Соб­ра­ни­е­то. По скра­те­на пос­тап­ка и со мно­зин­ство гла­со­ви. 
Од 43 же­ни кои се во ак­ту­ел­ни­от сос­тав на Соб­ра­ни­е­то, 23 доб­ро­вол­но гла­саа да се ог­ра­ни­чи пра­во­то на же­на­та да од­лу­чу­ва са­ма за сво­е­то те­ло и за сво­јот мо­зок. А ос­та­на­ти­те 20 пра­те­нич­ки од­лу­чи­ја де­ка рас­пра­ва­та за ог­ра­ни­чу­ва­ње на ед­на ци­ви­ли­за­ци­ска при­до­бив­ка не е вред­на за нив­но­то при­су­ство и глас. 
Еее, жен­ски гла­ви... И ај­де се­га да збо­ру­ва­ме за пот­ре­ба­та од жен­ска кво­та во Соб­ра­ни­е­то.



-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 17.Јуни.2013 во 00:09

Професија - анти(контра)протестант.смеење

Туку Грујо со време да си го патентира изумот, оти веќе почнаа да му го крадат.
Гледам денеска и Ердоган почнал со контра-митинзи.
Само јајца немаше по кого да фрлаат турците.изненадување



-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 30.Декември.2013 во 18:40

Срцето на анакондата

  • Мерсел Биљали

  • Прочитано: 888
  • пред 2 часа
http://www.facebook.com/sharer.php?src=sp&u=http://www.plusinfo.mk/mislenje/1199/Srceto-na-anakondata" rel="nofollow -






Една стара кинеска приказна почнува како некое сиромашно дете со име Сјао Ли, живеело без родители и во многу тешки услови. Со помош на добри луѓе, некако преживеало, па дури посетувало и школо. Еден ден, враќајќи се од училиште, видело големо јајце од анаконда. Го однело дома и со големо внимание се грижело, се додека од него не излегла голема змија. Ја негувал, ја хранел, ја чистел, а таа возвраќала со голема љубов. 

Поминало некое време и во царството се разгласило дека тешко се разболела ќерката на првиот министер. Дворските лекари кажале дека таа може да оздрави само ако и се направи лек од левото око на жива змија. Сјао Ли ја замолил својата љубимица да му направи животна услуга, со што тој ќе се збогува од мизеријата. Лекот успеал и Ли за кратко време стасал до трет човек во царството. Бидејќи немал повеќе време да се дружи со змијата, ја пуштил во џунглата. Штом добил голема власт, Ли станал до крај неодговорен и немилосрден кон луѓето. На замерката зошто е склон кон толку злоупотреба, тој одговорил: „Несреќата на едниот донесува среќа на другиот“. 

По некое време, умрел првиот министер. Кралот се прибрал неколку дена, за да размисли кого да стави на негово место. Но, во меѓувреме, се разболела и ќерката на кралот. Дворските лекари констатирале дека нејзиниот спас е десното око на жива анаконда. Сјао Ли тргнал накај џунглата и ја замолил змијата за да му го подари и десното око. Таа со широко срце го направила тоа. За чудо, ќерката на кралот оздравела, па дури и се омажила за Ли. 

Тој многу брзо се стекнал со големо богатство и власт, па дури не се воздржувал и јавно да ја каже својата изрека: „Несреќата на едниот донесува среќа на другиот“. Сега тој пред себе имал само една единствена пречка на патот за прв владетел на државата. И фрлил око на врвната позиција на кралството. Барал начин како побрзо да го елиминира кралот. Лекарите, кои сега веќе во целост му биле потчинети, сугерирале срце од жива змија како најделотворен отров. Ли пак се обратил до својата сакана анаконда со трета молба. Таа широко ја отворила устата, а Ли, занесен во среќата дека конечно станува крал, бил голтнат од својата пријателка змија.

Во принцип, власта на немилосрден начин ги јаде тие што најнемилосрдно ја злоупотребиле. Нашата власт го доби левото око од луѓето за да им ги реши проблемите, а таа постојано им создаваше нови; за подобра економија, а таа доведе до петта најслаба економија на светот; за поголемо вработување, а таа испрати 400 илјади млади надвор од земјата; го доби окото за да ги отплати долговите, а таа до гуша не задолжи; за да им помогне на живите души, а таа потроши милијарди за мртвите души; за да ја развие демократијата, а таа не доведе до сериозна диктатура. 

Власта го доби и десното око за европската перспектива, а добивме античка деструктива. Со години не лажеше дека до крај ќе се бориме за победата дури и да загубиме се, а нам ни се случи второто. Сега бројката на несреќните опасно се наближува до бројката на жителите. До тука не доведоа празни души со празен морал, ама полни сметки. Ја презедоа нашата иднина во свои раце и ја задавија. И сега ни станува јасно дека „љубовта“ на власта ни стана поопасна од „омразата“ на Грците. Но, изгледа дека лажната среќа ни го одзела умот, ама вистинската несреќа ни го враќа.

Ердоган се жалел дека некоја невидлива рака, или нешто како наддржава, апси синови на министри, фунционери (па и синот на премиерот се бара). Тешко му е да сфати дека таа „наддржава“ се државните институциите на системот, кои функционираат согласно законите, а не соодветно личните желби на луѓето од власта и подземјето. Тие се истите тие институции што нашата власт ги претвори во партиски штабови. Или во сервис на подземјето. Е па, светско чудо ќе биде ако никој нема да одговара за ваквата состојба. 

Изминативе години, а и оваа што поминува, треба да ги именуваме за години на молчењето. Во наредната година се очекува да ни се случи - година на викањето и урлањето. Или, пак, само уште една година на лелекањето. Па нели сиве овие години молчевме? Власта трошеше расипнички, а ние молчевме. Криминалот до гуша, а правосудните органи молчеа. Уставот се кршеше и се распоруваше, а Уставниот суд молчеше. Се случуваше ерозија на системот и на институциите во сите нивоа, а медиумите молчеа. Дури и го фалеа системот и најлошото.

Поради толкаво молчење, се очекува наредната година да се случуваат големи викања или урлања. Угледниот британски „Економист“ ни предвидува висок степен на социјални немири. Но, и тогаш владините медиуми ќе објават дека урламе од среќа. Власта цело време се фалеше со „дуинг бизнис“, а тоа е само лажна мамка, за да се покрие горката реалност дека сме најсиромашна држава во Европа, а меѓу осумте најсиромашни држави на светот. Власта сакаше да ги поткупи и светските медиумски магнати со комерцијални нарачки – Си-Ен-Ен и  „Фајненшл тајмс“ - но тие ни си ги зедоа парите и веќе следниот ден објавија дека Македонија пета во светот по лоша економија, осма по мизерија, меѓу првите по колективната несреќа. 

Е па, повелете молчете и наредната година. Со тоа ќе ја замолчиме и газењето на сегашноста и иднината наша и на нашите деца. Изгледа дека некој се спрема да оди да му го побара срцето на анакондата.

 

Објавено во „Слободен печат“.



-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 30.Декември.2013 во 21:39
Во последните 3 реченици Биљали многу убаво долови - меѓу редови. Најголемо Бинго за една власт е да управува со маса на слепци.
Господата од Парти Брејкерс ова го имаат многу добро објаснато во неколку стихови ( A Long time ago in a galaxy far,far away).








Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 23:34

Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - Во 21 век Македонија засилено ита кон 19 век. Со ова темпо и со овој памет брзо ќе стигне и до 18-тиот

1   Државата се надмина себеси. Кај што е најголем клиент за секој бизнис, кај што е најголем огласувач, кај што е најголем лекар, кај што е најголем едукатор, кај што е најголем судија, сега стана и најголем сводник. По Општина Свети Николе, која прва одлучи да дава субвенции од 30.000 денари за мажи над 40 години што ќе си најдат невеста, и Општина Лозово ќе дава по 20.000 денари за старите ергени и за немажените моми над 35 години. Во Лозово дури и приватниот сектор ја поддржал иницијативата, оти Зегин ќе дава по 50 литри ракија и по 100 литри вино за свадба на субвенционираните ергени и моми. 
Градоначалникот на Лозово Орце Цветковски рече дека одлуката стапува во сила веднаш, и се очекува да се зголеми наталитетот во Општината. Се гледа дека Општината направила физибилити студија и опсежна економска анализа, затоа што градоначалникот открива дека тој лично веќе посредува старите ергени да добијат невести од Албанија, што чини повеќе од 700 евра. "Јас се занимавам со овој проблем веќе четири години", откри Цветковски. Вели дека кога видел какви проблеми имале неговите балдаза и прв братучед со нивните синови, одлучил да им донесе невести од Албанија. "Кога видов колку се тие среќни, си зедов обврска да бидам, на некој начин, координатор за источна Македонија", изјави Цветковски и додаде дека ќе најде невести за ергените, "па ако треба и момчиња за момите, иако се помалку". 
Имам неколку прашања за оваа длабоко промислена иницијатива: 
По кој критериуми субвенциите важат само за мажи над 40 години и за жени над 35 години? 
Кој ја одредува границата кога некој станува стар ерген, а кога стара мома?
Каде ќе си ги најдат жените и мажите за да се квалификуваат за субвенции? На пазарот на трудот, на берзата за размена на услуги, на корзо, во самопослуга, во кафеана, на пазар, на нива, на улица, во партија, или преку градоначалникот лично?
Дали невестите мора да се од Албанија или може да бидат и од Авганистан, од Сомалија, од Нигерија, од Сирија, Ирак...?
Дали на кандидатите за субвенции ќе им бара спермограм, за да не бидат парите што се собрани од граѓаните од локалната самоуправа испукани како ќорфишек? 
Со оглед дека целисходноста на овој проект е да се зголеми наталитетот, дали градоначалникот прв ќе ја проверува пратката со невести, или таа задача ќе ја сподели со советниците? 
Ако е за демографски бум, дај да ги почекаме Индијците во Џумајлија и Кинезите што ќе го градат автопатот во Свети Николе. Па преку ноќ од Овче Поле ќе направиме Индокина. Оти вака, сводништво со државни пари, во најмала рака, е еден мал етички проблем.


2   Добро, има ли Уставен суд во оваа држава? Има ли женско лоби во Парламентот? Има Народен правобранител? Има ли државата потпишано некакви меѓународни конвенции за спречување трговија со луѓе? Има ли невладини организации кои се занимаваат со заштита на човекови права? Или не добиле пари од странците да се жалат за тоа што државата станува сводник? Може има, ама изгледа дека и тие чекаат субвенции.

3   Оваа дебата која се разви за една фасада во центарот на Скопје, која не е барокна туку шарена како папагал, само уште еднаш покажува дека во 21 век Македонија засилено ита кон 19 век. 
Бидејќи веќе не е доволно да се караме дали фасадите треба да се барокни или модерни, сега ќе преминеме во караница дали се во албански или во ромски стил. Оти, нели, за едните сe што е барок е убаво, а сe што не е, е грдо. А за другите сe што е барок е кич, а се што не е барок е убаво. Па сега стиловите кои беа поделени по партиска линија, ќе се надградат со поделба и по етничка линија.

  Завчера имавме проблем да најдеме судија што ќе сака јавно да го коментира контроверзниот правилник за судски пресуди кој го предложи Владата. Од 700 судии, само неколкумина се одважија да дадат изјава за одлуката на Владата да се донесе правилник за висината на казните за кривичните дела, па макар и да го пофали. 
Не треба да си судија за да знаеш дека судската власт е власт. Независна од законодавната и од извршната власт. И рамноправна со нив. Зарем судиите не сфаќаат дека ова нема врска ни со ВМРО-ДПМНЕ ни со СДСМ? Очигледно не сфаќаат, штом така лесно се откажуваат од својата власт и отвораат простор да им ја преземе друга власт. Судиите ќе дозволат да суди партијата. Со ова темпо и со овој памет Македонија брзо ќе пројури и низ 19 век. Па ќе стигне до 18-тиот.

  Владата ги пребројува новинарите. Бара списоци од членовите на новинарските здруженија. Зошто? Да се знае кое стадо колку овци има? И кое прво ќе стигне за колење.


6   На некој чуден, магичен начин. власта го препознава, го вади и го засилува најкомформистичкото во Македонецот. Она овековечено во поговорката дека наведната глава сабја не ја сече. Најдена е формулата да се одржи спрегата со најлошата особина и мрзеливост на духот, што се одликува во она самоуништувачко мото: "Седи си мадро, свиркај си, не прашувај многу и фаќај си сеир". Важно е да има за лепче, да капне и за солца, Господ дал и салата и ракија за ручек, малку одморче на Халкидики, па и да се појавиш на еден контрапротест, нема да ти се срони бисерот, ако треба и гласачко ливче ќе сликаш, нема да уриваш ѕид со глава, имаш деца за гледање... 
Кога еднаш некому ќе успееш да му ја разбудиш и да му ја негуваш таа карактерна особина, тогаш и баба ми може да го убеди дека остварува.



-------------
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 11.Ноември.2014 во 09:10

Уште едно бинго од Горан.
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=DCCF3AA35557C94783B0C09375BCFBEB" rel="nofollow -  Непознати вооружени лица во црна облека се појавиле во Гостивар, во Арачиново и низ Тетовско. Заменик-министерот за внатрешни работи Земри Ќамили рече дека имало такви случаи, тие се претставиле дека се членови на некаква гарда на Илирида, ама "од полициски аспект, ситуацијата не е за вознемирување".
И јас не се вознемирувам што се појавиле вооружени во црни униформи. Особено што тоа го потврдува заменик-министер за внатрешни работи. Туку се секирам дали се под контрола.

2   Лидерот на СДСМ повторно се закани дека ќе открие афера бомба, после која Груевски ќе мора да си даде оставка за три дена. Ама аферата не ја открива. Туку го темпира времето. Значи тоа е темпирана бомба.
Првиот пат кога Заев откри бомба за време на изборите, се самоповреди со 50.000 евра на суд за клевета и навреда. Помина лесно. Што ако и вторава бомба не му успее? Особено што вика дека ако Груевски не даде оставка за три дена, тогаш тој ќе си даде оставка сосе цело раководство. Тоа му доаѓа нешто како бомбаш самоубиец.

3    Прво некое неидентификувано здружение на жени побара да му се покрие пенисот на споменикот на Прометеј, спроти Собранието. Оти жените ич К*р не виделе, па ќе се вознемиреле. И уметникот веднаш им излезе во пресрет. Преку ноќ му стави пелена на Прометеј.
Сега државата пак се возбуди од голи мажи. Агенцијата за филм побара од режисерот Столе Попов да ја скрати сцената од филмот "До Балчак", во која статистите скокаат голи и им се тресат мандалата. Оти со таа сцена филмот немало да можат да го гледаат малолетни ученици, па така ќе трпел научно-образовниот процес. И режисерот веднаш се согласи. Ќе ги исече патлаците.
Е тоа е вистинска борба за уметнички и авторски интегритет. Од една страна, полни им се устите со големи зборови за слобода на изразување, уметничка слобода и демократија. Од друга страна, уметниците сами си се кастрираат.

4   Во "До Балчак", српскиот актер Никола Којо, во улога на некој што регрутира Македонци за работа во Америка, ги тера мажите да се соблечат и да скокаат угул голи и ги зафркава дека тој што има најголем, ќе ја освои Америка. Не знам дали прекроениот филм без таа сцена ќе биде само за внатрешна употреба или и за меѓународна употреба, што би рекле Грците "ерга омнес". Или, пак, надвор ќе оди нецензурираната верзија. Така единствено македонската дијаспора ќе може да оцени со каков алат нивните претци ја освоиле Америка. А домашната публика што веќе го гледала филмот во оригиналната верзија, ќе оди на превоспитување. На бришење на деталите од меморијата.
Категоризацијата на филмовите според возраста на публиката зависи од тоа колку има насилство или експлицитни сексуални сцени. Којзнае што сè ни гледаат децата во турските серии под будното око на бабите? Сулејман кога сече глави не е страшно, нели? Тоа ли е во функција на научнообразовниот процес? Или кога мајката ги избира невестите на синовите - тоа е во духот на традицијата? Кога мажите си ги тепаат жените тоа не се сцени за кратење, оти сигурно има логично оправдување - Што повеќе ја тепам тоа повеќе ме сака. Кога малолетнички не смеат да абортираат, па раѓаат дури и по цена да умрат - и тоа не е спорна сцена оти така бара верата? И сето тоа го даваат на телевизија, преку цел ден и во ударни термини и сите можат да гледаат. Па тоа не е проблем за научнообразовниот процес. Како сега одеднаш голо тело во уметничко дело, па макар тоа било и машко, треба да се забрани?

5   Кога сме веќе кај малолетници што под присила раѓаат деца како во турските серии, завчера на вести на една од националните телевизии изгледав долг прилог со јавување во живо од Куманово дека кај нас расте бројот на малолетни мајки.
Можеби е необично, но станува логично. Прво одеше кампања за трето дете. Потоа одеше кампања за штетност на абортусот. Па со закон се искомплицира процедурата и се отежни абортусот. Па сега се размислува со закон да се натераат газдите да го плаќаат породилното отсуство, па отпосле да си бараат пари од државата.
Како последица на оваа низа владини мерки, ако жената сака ем да стане мајка ем да тера кариера, најдобро е да раѓа додека е малолетна. Па кога ќе ги израсне децата на некои 25 до 30 години, ќе има време за кариера дури и во приватна фирма. Со израснати деца и со ветување дека нема да го повтори делото, газдата сериозно ќе ја земе предвид нејзината апликација за работа.

 Министерството за здравство ги следи технолошките достигнувања во комуникациите. Како продолжение на проектот "Ало, докторе", кога пациенти на телефон им се јавуваат на специјалисти за разни болести, од пред два дена Министерството воведе Фејсбук страница "Здрава бременост".
Трудниците, покрај тоа што би требало редовно да одат кај матичниот гинеколог на преглед, сега ќе можат и на компјутер, додека седат на Фејсбук, да испраќаат прашања до гинеколозите од Државната клиника во Скопје. Интимноста е загарантирана. Освен ако некоја трудница намерно или ненамерно постави слика на објектот што вообичаено е предмет на интерес при гинеколошки преглед. Со помош на паметните телефони и самослик технологијата, се доаѓа до таканаречено "вагинално селфи" кое лесно се постира на Фејсбук и понатаму, со споделување, ќе биде предмет на разгледување на тие што се за тоа најповикани.
Па после, ако сè е во ред, специјалистот ќе кликне лајк. Исто така, може да напише и коментар под сликата и да отвори широка дебата. Согласно принципите на медицината базирана на докази.

7   Фејсбук страница за специјалист уролог во моментов не се разгледува како опција. Не се вклопува во научнообразовниот процес.





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk