|
Смртна казна за напуштање на Ислам |
Внеси реплика | страница <1 5678> |
Автор | ||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Majkl, toa ne e taka ednostavno kako shto go postavuvash vo komentarov. Jas tochno znam shto mislish i se slozhuvam so tebe, no onoa shto mozhebi ne go znaesh e deka dokolku vernikot go dade svojot zhivot vo vojna protiv nevernicite togash negovoto samoubistvo so koe povlekuva so sebe infideli ne se smeta samoto po sebe kako samoubistvo. I po taa osnova se regrutiraat bombash*te samoubijci. Zatoa nim im se vetuva odenje vo dzhenetot - tie ne se smetat za samoubijci, tuku za dzhihadisti. P.S. Ovaa "religijsko salto mortale" go izmislija i lansiraa amerikancite koga sakaa da gi motiviraat muslimanite na samoubistveni akcii protiv rusite vo Avganistan. I posle izvesno vreme taa nametnata doktrina stana "samoevidentna K'uranska doktrina" koja denes nikoj ne ja stava pod prashanje. P.P.S. No da zastaneme tuka bidejkji otidovme nadvor od temata koja ne govori za samoubistva tuku za ubistva - Смртна казна за напуштање на Ислам. Изменето од Messenger - 17.Октомври.2011 во 20:22 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
О Божјо создание! Дали ти разбираш цело време кон што те насочувам? Мислиш ли дека може толку лагодно да се одговори ссамо со ДА или НЕ? Ајде за тебе екстра одговор кој е воедно и исламски одговор: 1.НЕ, генерално земено, и: 2.ДА, поединечно разглобено. А потоа во контекст на темава уште ова ќе го додадам: Qуранот недвосмислено го утврдува и нагласува принципот на забраната на присилба во верувањето, како начело кое што се наведува во поглавјето Ел -Кехф,29 ајет(пасус):" И кажи:'Вистината доаѓа од Господарот ваш, па кој сака - нека верува, а кој сака - нека не верува!" Кога станува збор за практично - правните , односно за позитивно - правните последици од напуштањето на исламот, тоа е регулирано со исламските кривично - правни прописи кои се толкуваат на различни начини, сходно на мезхебското (правното) определување на толкувачот. Прашањето значи е спорно. Современите исламски правници воглавном се на мислење дека одметникот не се казнува поради неверството, туку поради субверзивното, пропагандно - известувачко дејствување против јавниот ред и мир, односно против основите на уредувањето на одредена држава или општество, доколку таква држава или општество секако постои. Ако такво дејствување нема, нема ниту санкција, бидејќи ВО ИСЛАМОТ НЕ ПОСТОИ ИНСТИТУЦИЈАТА НА ИНКВИЗИЦИЈА. |
||||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Пак шириш небулози и анти исламски пропаганди. Прво: -Исламот никогаш не повикува во агресорска туку во одбранбена војна. Второ: - Самоубиството во Исламот е НАЈСТРОГО забрането па дури и во војна . На самоубијците не им се ветува ништо друго освен Џехеннемот (Пеколот). По овие прашања ова е ОСНОВАТА на Исламот, освен во некои исклучителни прилики. Исламските учени постојано апелираат и укажуваат на ова, и тоа е така секаде во исламскиот свет освен во оние земји над кои се врши агресија од христијаните и евреите. Во тие воени зони можно е се да се случи, зошто не се знае ни кој нјаде ни кој пие, ни кој ја кажува вистината ни кој монтира или пренесува невистината. Ниту кој подметнува и кому му се припишува, итн. итн. Во нормални услови во сите земји со доминантно муслиманско население се живее нормално и никој нема страв од безбедност за својот живот и имот. Но за жал современата христијанско (американско) - еврејска инквизиција успешно ги испревртува и прикажува нештата по ова прашање. НО ЌЕ ВИДИМЕ ДО КОГА! |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Очигледно историјата не ти е добро позната штом со постовите го поврзуваш Константин Велики. Константин никого не присилувал да ја смени верата, ниту тоа го барал од поданиците. Тоа што самиот станал Христијанин не менувало ништо во однос на неговите поданици, кои слободно ја исповедале сопствената вера, согласно Миланскиот едикт. Шеријатот може да прокламира државно уредување во исламските земји, односно онаму каде што не постои секуларна држава и демократија. Таму слободно може да го практикува сопствениот казнен систем и секој да ги поддржува решенијата на тој закон. Во секуларните земји, односно во Европа и САД, за такво нешто нема место и нормално е да се осудуваат вакви нешта, затоа што законите на тие земји ги осудуваат истите нешта и каде што шеријатските, или било кои други верски прописи немаат никаква законска сила. Во контекст на кажаното, ако некој кој живее во демократска земја го напушти своеволно Исламот и остане на таа одлука, ниту една личност, институција или било кое друго тело, нема право со него да разговара со него, или како што вели MUSLIMA_1 да се дискутирало со него, ниту пак да го казнува, се додека не стори некакво казнено дело согласно законите на таа држава. Патем, препрочитај поназад што напиша MUSLIMA_1 во однос на нејзината поддршка на оние кои пред некое време ги уапсија во Босна, а кои се обидуваа да формираат паралена политичка творба, а и поседуваа огромно количетво оружје без дозвола. Штом сестрата твоја ги поддржува таквите, сосема нормално е дека јас ќе ги поддржам борците против таквите. А и самата кажа дека не се плаши од никакви државни закони на државата во која што живее. Мора да се разбере дека Македонија, како и другите европски земји, освен Италија и Грција, се секуларни држави и дека нена место за сите оние нешта кои MUSLIMA_1 ги поддржува. |
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Alah da ni e napomosh ako negovite zborovi treba da bidat usvoeni kako drzhavno ureduvanje, no istite da bidat interpretirani od lugje spored nivnoto razbiranje i osoznavanje na istite, kako i mislienjeto dali nechieto izlaganje od verata e subverzivno ili ne !
Odgovorot jasno pokazhuva deka islamskata vera e postavena na piedestal povisok od chovekot - taa ne postoi poradi lugjeto tuku lugjeto postojat poradi nea. Ushte neshto. Postojano pishuvash deka Islamot ne prisiluva nikogo da stane negov vernik, no toj ne govori deka ne prisiluva nikogo da izleze od verata. I nemoj da shirish demagogija deka toa ne e tochno koga samiot znaesh deka ne mozhe tuku-taka nekoj da se otkazhe od muslimanstvoto bez da mu se bara objasnuvanje, bez da se razgovara so nego, bez da bide ubeduvan da ne go napravi toa i bez da mu visi vrz glava mozhnosta da bide egzekutiran dokolku nekoj posochi oti takvoto izlaganje od verata kje predizvika narushuvanje na javniot red i mir, kako i deka bi bilo subverzivno po verata vo odredenoto opshetstvo. Na krajot, tvojot odgovor... 1.НЕ, генерално земено, и: 2.ДА, поединечно разглобено. ... za mene znachi ДА ! Ako ti si zemash za pravo nekogo da go egzekutirash ili toa pravo da mu go dadesh nekomu drug, da odluchuva dali na chovek kje mu bide odzemen zhivotot poradi nekakvi interesi koi nemaat nishto zaednichko se lichnoto veruvanje na chovekot, togash tvoeto "НЕ" nema nikakva vazhnost bidejkji stanuva samo izbor koj mozhe, no ne mora da bide realiziran. Potochno, ne mora nikogash da bide realiziran ! Изменето од Messenger - 17.Октомври.2011 во 21:12 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
A bre chovek, prochitaj se ushte ednash shto si napsihal - ti samo go potvrduvash moeto komentiranje. Patem, shto ti znachi onoa ...
... da ne pretish nekomu ? |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Е конечно да се разбереме! Така е! Шеријатското право важи само во оние земји кои своето правно уредување го имаат изградено врз него. Дури и таму си постојат шеријатски судови кои го имплементираат казненото право покрај останатите. Тоа не е препуштено на вољата на секој поединечно. Ова е основата на исламот по ова прашање. И цело време и јас и Муслима зборуваме за тоа, а никој да не сфати досега. Зошто по ова прашање застапувате генерални ставови, како небаре муслиманите сите поединечно насекаде во светот на своја рака го имплементираат шеријатот во неговиот казнен дел? Такво нешто нема,освен исклучоци на болни и зачаурени умови кои отстапиле од основата на исламот. Ама тоа да им се припише генерално на сите муслимани и на самиот Ислам е недопустливо. |
||||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Вероватно си пивнал малце и веќе не ја препознаваш ниту сопствената ти филозофија или нешто друго е во прашање. Затоа би ти препорачал да читаш малце повеќе како и Пајсер ( а жал ми е навистина што спадна под неговото ниво) за шеријатот и неговиот широк спектар на делување и уредување. Во спротивно, со тебе не може да се води дискусија, туку бош муабет заснован на инает. Било како било, твое субјективно право е да оспоруваш, како што е мое да објаснувам, ама немој во никој случај да ми напишеш дека дискусијата ја водиш интелектуално и објективно. |
||||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
МИСЛАМ ДЕКА ТИ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕПРОЧИТАШ, а богами и одмориш додека умот повторно трезно не ти размислува. Messenger: poslednata rechenica ti e editirana i imash javna opomena za nachinot na komuniciranje. Изменето од Messenger - 17.Октомври.2011 во 21:56 |
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
deshad, porano povekje pati si opomenat da komentirash za komentarite, a ne za komentatorite. Bidejkji vo posledno vreme zabelezhuvam oti povtorno ti se vrakja takvata tendencija te predupreduvam deka na tuka ne e dozvoleno ad hominem komentiranje. Ako ne si sposoben ili ne sakash da odgovorish na nekoe prashanje togash napishi go toa namesto da odnesuvash nedolichno. Do tvojot eventualen odgovor ti za mene ostanuvash vernik za kogo dogmite i doktrinata na religijata koja ja sledi se povazhni od chovechkiot zhivot, kako i negovite slobodi garantirani od Boga. Изменето од Messenger - 17.Октомври.2011 во 21:57 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Меси, што представува за тебе шеријатот?
|
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
MUSLIMA_1 наведе дека ги поддржува оние вооружени џихадисти кои во Босна се обидоа да изградат паралелни политички творби во некои села. За таквите сеуште важи мојот коментар, кој ако добро прочиташ, не става знак на еднаквост меѓу Исламот и тероризмот, туку меѓу практикантите кои MUSLIMA_1 ги поддржува и тероризмот. Не знам колку следиш, но имаше обиди во Велика Британија, во дел од едно соседство, да се воспостават шеријатски зони, односно шеријатски начин на живот. За мене таквото непто е неприфатливо. Истото важи и за спроведувањето на "фатви" и други нешта врз лица кои живеат надвор од границите на исламските земји. Секој што поддржува вакви нешта надвор од границите на исламските земји мора да разбере дека подоцна нема простор за жалби кога израелски и американски авиони спроведуваат одлуки на сопствените земји на туѓи територии. |
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Za mene ne pretstavuva apsolutno nishto, a mozhebi za tebe, kako musliman, toj pretstavuva neshto. Informiraj me shto pretstavuva Sherijatskiot zakon za tebe. |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Тогаш, како имаш храброст воопшто да дискутираш за нешто што не го познаваш ? Ајде едуцирај се малку. http://islamski-centar.org/forum/showthread.php?t=26 |
||||||
Внеси реплика | страница <1 5678> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |