IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ЗОШТО ДА ПРИФАТИМЕ  ИСЛАМ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЗОШТО ДА ПРИФАТИМЕ ИСЛАМ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
Автор
Порака
Islam-HAK Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 57
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Islam-HAK Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ЗОШТО ДА ПРИФАТИМЕ ИСЛАМ?
    Испратена: 23.Јули.2006 во 19:12

ПРИЧИНИ ЗА ПРИМАЊЕ НА ИСЛАМОТ

Мнозина од оние кои го прифатиле исламот претходно биле христијани кои поради многу нејасни доктрини во него на кои не можеле да им најдат одговор ги принудило да преминат во ислам. Како најчести причини за преминување во ислам се следниве:
 
1. Нејасноста на верувањето во светото тројство и неможноста за негово рационално сваќање.
 
2. Тврдењето за божествена природа на Месих Исус (Иса а.с) и дека Марија (Мерјем) е мајка на Отецот.
 
3. Верување во вечната пакост и несреќа на човештвото поради наследеноста на првиот грев направен од Адем а.с. и Ава а.с., и незадоволството дека сите луѓе го имаат наследено гревот на првите родители од самиот почеток на животот.
 
4. Верувањето во распнување врз основа дека Месих Исус самиот прифатил да биде распнат на крст за да им се избришат гревовите на луѓето.
 
5. Верувањето во "Обединетост" по пат на светиот леб кој го претставува телото на Месих каде се вели дека парчето леб кој католиците го јадат од раката на свештеникот во текот на молитвата на обединетост се претвора во крвта на Месих.
 
6. Придавање општа власт на верските лица дека тие се посредници меѓу луѓето и Бога, дека тие имаат право на простување на гревовите и дека папата има света власт и тој е безгрешен.
 
7. Неприкосновено верување во одлуките на црквата па дури и да се противат на разумот ....
Allah je doista i moj i vaš Gospodar, pa se Njemu klanjajte; to je Pravi put!
Кон врв
Islam-HAK Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 57
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Islam-HAK Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2006 во 19:31

ПОЗИТИВНИ ПОСТАВКИ ЗА ПРИМАЊЕ НА ИСЛАМОТ

Видовме неколку одбивни работи кои ги натерале овие луѓе да ја сменат својата вероисповед. Од друга страна, природно е, е дека тие во ислам нашле некои поставки кои ги задоволиле да преминат во ислам, а и самите го раскажуваат тоа. Еве неколку од нив:
 
1. Верувањето во чистиот монотеизам (Тевхид), дека единствена власт и обожување му припаѓа на Еден единствен Бог-Аллах џ.ш кому ништо не му е рамно и слично.
 
2. Ставот на исламот во врска кон сите поранешни божји објави, каде што исламот повикува верување во сите поранешни божји пратеници и книги.
 
3. Нагласување на слобода во верувањето (Нема присила во вера, објаснет е патоказот од заблудата).
 
4. Давање почесно место на разумот како средство за размислување и расудување (Ви ги објаснивме нашите знаменија за да размислувате).
 
5. Силниот повик на исламот кон стекнување на наука и користење со научните олеснувања (Речи: Господару мој, зголеми го моето знаење).
 
6. Отфрлање на исламот ма секаква форма на посредување меѓу човекот и Бога, така што муслиманот има директна врска и однос со Бога.
 
7. Потврда на исламот на поединечните и општите права и повикување на неговите следбеници за братство и љубов.
 
8. Повикот на исламот кон праведен мир, всушност, самиот израз ислам во буквален превод значи "МИР" и преданост на Бога.
 
9. Исламот е универзална и хумана вера, и дека Мухаммед а.с. е испратен како милост до целото човештво.
 
10. Исламот претставува форма на верување, ритуали, меѓусебна соработка и морал.
 
11. Постоење на рамнотежа меѓу духот и материјата, меѓу овој и оној свет.
 
Qur`anot - кој е исламски законик кој останал сочуван и непроменет до ден-денес
 
(Ние го објавивме и ние ќе го чуваме)
Allah je doista i moj i vaš Gospodar, pa se Njemu klanjajte; to je Pravi put!
Кон врв
laki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1107
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2006 во 04:36
Do islam HAK :   velis preminuvaat poradi nejasnotii. Da pocnam koja e Merjeme vo islamot i neli e toa  Marija i ako e taka zosto ima muslimanki koi go nosat toa ime Merjeme(Marija). Drugo koj e Isa neli e toa Isus i pak zosto ima muslimani so toa ime mora da e od pocit prema Isa(Isus). Da ne prodolzuvam so Adem,Ava(Adam i Eva) Neli te zbunuva toa da imate iminja od luge koi gi ima vo biblijata pa posle vo k*ranot e sea ednata kniga cini a drugata ne cini.Prorokot Muhamed neli im rekol na svoite sledbenici da odat kaj hristijanite i deka tie ke gi spasat i taka i bilo(pet pati sum go gledal" pod zastava na muhamed" film koj spored muslimanskiot vrv ja odslikuva vistinata) .Neli e nejasno da zboris protiv hristijanite za koi prorokot rekol deka se dobri (bozji)lugje. Seti se koga hristijanskiot kral nejkel da gi predade ni za pari ni za nisto drugo posto gi smetal kako isti vernici vo boga. Ako Adam i Eva bile gresni zosto muslimanite go plakaat toj grev(gledaj kade denes stradat lugje).Sam velis deka go prifakaat islamot poradi stavot na islamot za prifakanje na site bozji pratenici i knigi (ako prorokot ti veli da gi prifatis drugite religii i sveti knigi zosto ti gi negiras i mislis deka islamot e podobar Muhamed ne rekol taka).  I mozeme vaka  za  religiive do utre i toa.
Кон врв
aaaaaaaaaaaaaa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 97
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aaaaaaaaaaaaaa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2006 во 17:24
1Исламот е по Божја промисла допуштен, поради неможенјето без приод да се свати Света Троица.Лугето сакаа реционално да осетат а не да поверуваат.Го одбраја подолгиот пат,Бог е милостив.Папата не е безгрешен.
 
2Покрај неколкуте вистини недостапни за рационалниот ум еве неколку насоки кон верата.
1.Бог е еден.
2.Нормално зар би го спорел Бог.
3.Ништо различно
4.Е ние кои веруваме не сме толку паметни и тука се разединуваме ;поглупчовци сме;.Веруваме во првите дека ке бидат последни а последните први, и поголемиот   да му биди слуга на помалиот.
5.Ништо различно.
6.И Православниот Христијанин има личен однос со Бога.А за она без посредник, па го има,а тој што не знаа за православие доволно ја нема видено :книгата:.И така требало да биде, да се крени прашина, Божја промисла.Од каде ќе почневте.
7.Нас на тие што веруваме ништо не ни не достасува.Си имаме доволно права и потврди.А  љубовта е единствен водач низ верата.
8.Љуби ги непријателите свои.(Зарем сте прочитале нешто поголемо некад)
9.Исус Христос син Божји.
10.Православието е:
Матеј 22 37 А Исус му одговори:возљуби Го Господа својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со соит свој разум:
Матеј 22 38 тоа е прва и нај голема заповесд:
Матеј 22 39 а втората е слична на неа:возљуби го својот ближен како се*еси:
11.Матеј 24 35 Небото и земјата ќе преминат,ама зборовите Мои нема да преминат.
 
За сега толку пошто не постои ни еден православен кој си ја менил верата.А да размислувал..................
 
 
Кон врв
fanatic Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fanatic Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2006 во 23:59
neznam sto sakas da dokazes so ova hak? ako nie sme gresni togas dali vie ste bezfresni i dali ima bezgresni smrtnici koj sto nisto vo zivotot ne zgresile ? pa duri i ti kako obicen smrtnik.ako nie nemame cel  ? koja e tvojta cel vasate cel?ako isus nee sin bozji togas cij sin e muhamed?od kogo e roden  koja mue  majka  i tatko kade e roden zasto e prork. koje muhamed? sto toj propoveda.ne zaboravaj deka islamot e daleku zad hristijanstvoto .sekako se pojavuva kako najmlada religija  sekako kako evolucija na zivotniot pat nese zavrsuva tuka kese pojavi sekako i nova religija.ima i muslimani koj sto prifatile hristijanska vera  samo za potsetnik sega brzo bese prikazan eden film vo hravatska so taa tema.ima i od strana da muslimanite dosta slucaevi koga go otfrlaaa islamot kako religija a go prifakjaaa hristijanstvoto.
Кон врв
laki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1107
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2006 во 02:14
 DA GO SAKAM GOSPOD BOG POVEKE OD MOJATA FAMILIJA????????????? NIKAD!!!!!!! A VIE BI STE SI GI ZRTVUVALE SVOITE DECA ZA NEKOGO  E AFERIM!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
Islam-HAK Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 57
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Islam-HAK Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2006 во 18:26
Originally posted by laki laki напиша:

 DA GO SAKAM GOSPOD BOG POVEKE OD MOJATA FAMILIJA????????????? NIKAD!!!!!!! A VIE BI STE SI GI ZRTVUVALE SVOITE DECA ZA NEKOGO  E AFERIM!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Е па се покажа колку голем верник си и колку го сакаш на Господ.
Да ја сакам својата фамилија повеќе од Господ (НЕ) Повеќе го сакам на Господ а после иде мојата фамилија, што значи лаки кој те створил кој ти дал живот ?????
 
Да за Аллах џ.ш би ги жртвувале своите деца затоа што он не створил и он ни дал живот и кај него пак ќе се вратиме ...
А тој што ќе умре како шехид он има награда Џеннет (Рај)...
 
Што заклучувме тука лаки својата фамилија ја заклучивме ???
 
Овој живот е пролазен лаки секој ден си поблиску до смрта !!!
Allah je doista i moj i vaš Gospodar, pa se Njemu klanjajte; to je Pravi put!
Кон врв
aaaaaaaaaaaaaa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 97
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aaaaaaaaaaaaaa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2006 во 21:13
Ако Исус Христос  го признавате за пророк тогаш Тој во Евангелие по Јован вели Јас дојдов да ги вратам сите овци во Моето стадо и ни една нема да загубам.НО ИМАМ И ОВЦИ КОИ  НЕ СЕ ОД ОВА СТАДО И  НИВ КЕ ГИ ЗАПАЗАМ.Небото и земјата ке преминат но мојот збор нема да премине.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2006 во 17:44
Цитирај

ПРИЧИНИ ЗА ПРИМАЊЕ НА ИСЛАМОТ



Мнозина од оние кои го прифатиле исламот претходно биле христијани кои поради многу нејасни доктрини во него на кои не можеле да им најдат одговор ги принудило да преминат во ислам. Како најчести причини за преминување во ислам се следниве:


1. Нејасноста на верувањето во светото тројство и неможноста за негово рационално сваќање.


Сите оние кои содаваат конкретизирана претстава за Бога изумувајќи дека Бог е трансцедентен всушност не веруваат во недофатливиот Бог всушност веруваат во ПРЕТСТАВАТА ВО НИВНИТЕ ГЛАВИ за Бог, а не во она што Бог е.

Терминот трансцедентен

што ги минува границите на можното искуство
што ги минува границите на стварноста
што е надвор од можноста на сетилното забележување,    
натсетилен, натприроден, несфатлив, неразбирлив,    
нејасен, темен, фантастичен
мат. неалгебарски, што е изразен или определен со неалгебарски равенки.

Самата реченица „неможноста за негово рационално сваќање“ зборува за погрешниот пристап кон Бога. Зарем Оној кој ги надминува границите на стварноста. Кој ги надминува границите на можното искуство, Кој е надвор од можноста за сетилно забележување, натприроден, несфатлив, математички или било како физички неизразлив треба или може рационално да биде сфатен за да се верува во Него. Ако во таков верува некој тогаш таквиот верник создава претстава за Бог кој е непретставлив и недофатлив. Затоа и муслиманите ги сметаме за иноверци (не веруваат во Бог) бидејќи она во што муслиманот верува не е Бог онаков каков што е туку човечка замисла за Него. Како тогаш може да верува еден човек кога Бог е недофатлив. Човек не може никако да му се приближи на Бога. Ниту рационално, ниту чувствено, ниту било како. Туку Бог го може тоа. Бог е Тој кој ни пристапува и Тој како семоќен надсетилно, трансцендентно ни се открива. Онака како што расне нашата вера во него, во нас, расне неговата Царство, неговиот Дух кој другите не го разбираат и несфаќајќи го го отфрлаат, а ние знаеме за Него бидејќи во се*е знаеме за Него бидејќи Тој нам ни се открива. Се што требаше ние да сториме е да Му побараме искрено да ни се открие.
Во Православното Христијанство има доста пишувано за тоа дали и како се „дофаќа“ Бог, за жал тоа го надминува мојот интелект за да можам квалитетно да го пренесам. Накратко. Бог не може да биде било што, така Бог не може да биде рационален. Во тој случај Бог е ирационален. Но знаеме дека Бог не е ирационален бидејќи е и рационален. Па се вели дека Бог е надрационален. Но Бог е и повеќе од било кое афирмативно опишување. Затоа подобро е да се пристапи велејќи што Бог не е. Така пример „Бог не е зол“. Тогаш се дава точен опис, реченицата е точна. Но ниту тој опис ни приближно не е точен, ограничен и повторно погрешен. Зошто е така ќе морате да читате, јас го сфатив но не можам да го пренесам. Се што е афирмативно пример „Бог е добар“ или „Бог е љубов“ е погрешно иако Бог е и добар и е љубов. Бидејќи целината на Божјата „материја“ што е Бог ги надминува било која одделна селективна особина на Целината Бог. Тие сите особини се дел од Неговата целина кои не зборуваат за квалитетите на целината на Бога која ги надминува одделните елементи кои НИЕ ГИ ИЗВЛЕКУВАМЕ КАКО ДЕЛОВИ ОД НЕДОФАТЛИВАТА ЦЕЛИНА НА БОГА. ТАА ЦЕЛИНА СИ ИМА СВОИ НЕШТА КОИ ГИ НАРЕКУВАМЕ БОГ и кои не се дофатилив. Затоа и Бог во своето почетно опишување на Мојсеј се*е се претставува како „Оној кој што е“. Не вели „Јас сум Оној кој е семоќен“ иако е. Ниту „Јас сум Животот“ иако е, „Јас сум вистината“ иако е, туку вели дека е уште повеќе од сето тоа, Тој е Бог, „ТОЈ Е ОНОЈ КОЈ Е“.
Секој човек, па и христијанинот создава претстава за Бога и верува во неа. Со тоа не верува во Бога туку верува во својата слика за Бога. Тоа е мртва вера бидејќи не се верува во Оној кој е Живот, туку верува во неживата слика за Него која е погрешна. Меѓутоа Христијанинот сфаќајќи ја својата претстава ја отфрла. Отфрлајќи ја нема да се ослободи повторно од некоја нова претстава за непретставливиот, но новата претстава ќе биде поблиска. Отфрлајќи ги претставите се приближува до Бога. Во моментот на отфрлање и срушување на својата слика Самиот Бог се изразува. Понатаму човекот пак погрешно ќе оформи слика за неоформливиот и недофатлив одраз кој Бог му ја испратил, но барем таа е поблиска и помалку мртва. Што поцелосното отфрлање на своите претстави тоа значи дека Бог онаков каков што Е ќе живее внатре во човекот. Значи борбата за приближување кон Бога е постојана. Ако човекот се бори да се приближи до Бога, ако ревнува за Бога, Бог може нему целосно да му се открие. Тогаш човекот не влегува во Бога, туку Божјите енергии иманентно го поврзуваат таквиот човек и Бог. Таквото доживување е трансцендентно. Не може да се каже дека човекот влегол во суштината на Бога, ниту пак дека тоа било надворешно формално. Едноставно кога се работи за Бог нештата не се еднострани, ниту повеќестрани туку најдобро е да се каже сестрани иако се повеќе и од тоа.
Така барањето за човечко рационално сфаќање на Бога, кое е секогаш еднострано или повеќестрано е сосема мал дел кој е и погрешен. Само Бог може да му се открие на човекот, човекот не може да го дофати Бога. Значи нема што ние да сакаме рационално да го разбереме па да веруваме туку треба да сакаме да го разбереме, а Тој ќе ни овозможи да го разбереме и од таму да веруваме.
Луѓето го барале Бог, откривале толку за нив длабоки нешта, пример источните азиски верувања, а всушност не успевале да го најдат она што го бараат. Нас Бог не научил да го бараме не во она или во ова туку од Него да бараме да ни се открие. Кон Него да се насочиме и да го бараме кон Него и кон ништо друго. Оној кој е Жив и се знае, ќе знае и тогаш кога ја бараме вистината за овој свет, а Вистината е Тој самиот.

„ќе Ме побарате и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од сесрце“.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2006 во 19:13
Цитирај
2. Тврдењето за божествена природа на Месих Исус (Иса а.с) и дека Марија (Мерјем) е мајка на Отецот.


Ако веруваме во Бога би требало досега да сфатиме дека се она што можеме да го видиме човекот има добиено почесно место. Односно од Бога на човекот му е дадена власт над целиот животински свет. Ако веруваме во Бога и се стремиме кон Него свесно и несвесно тогаш разбираме дека нашата душа се стреми кон Творецот. Ако се согласуваме дека човекот има лик и душа со квалитети поблиски до ликот и Духот на Бога од квалитетите кои ги имаат останатите суштества кои ги среќаваме во видливиот свет сфаќаме дека Бог на човекот му дал посебно значење. Ако Бог не е заинтересиран за човекот, како човекот ќе му се приближи на Бога. А ако Бог е заинтересиран за човекот тогаш дали би поставил граница во своето приближување до суштеството на кое му вдахнал од Својот Божји дух и го направил исто така бог. Истиот Бог како Бог на љубовта би му се приближил на човекот бидејќи човекот не може да го досегне на Бога. А како најблиску ќе му се доближи освен ако не стане како човекот и со тоа навистина повторно му потврди дека е пред се Бог на љубова, Кој преферира над своите створенија да им ја покаже својата љубов, а не да им покаже колку е силен. Бог можел да му се открива на човекот и преку ангелите, но тогаш Бог би држел некаква граница меѓу се*е и човекот, што се вели би држел дистанца. Човекот не може да му пристапи на Бога но Бог целосно му пристапил на човекот. Затоа Бог кој е љубов уште кога го создал човекот, знаел дека ќе згреши, и уште тогаш Бог знаел дека ќе се отелотвори во човек бидејќи и тоа го сакал и уште повеќе сите створенија да ја видат Божјата љубов кон створенијата. А како Бог ќе се отелотвори. Може едноставно од ништо да се претвори во човек, но тогаш Бог не го поминува сетоа она што човекот го поминува и не му се приближува на човекот. Човекот ќе му рече на Бога дека ти едноставно се створи и не се роди како јас што се раѓам, и затоа така како што ми покажа дека треба да живеам немој да очекуваш дека и јас ќе треба или ќе мора да живеам. Како што човекот се раѓа од жена и Бог се отелотворил внатре во телото на девица. Раѓањето не е грешно. Зачнувањето на човекот е грешно. Христос е безгрешно зачнат што го тврди и исламот. Едноставно мора да го тврди тоа од друга причина, веќе сум пишувал за тоа. Навистина Дева Марија ја нарекуваме Богородица, а поретко и мајката Божја но тоа се само изрази, всушност учењето е дека Бог не се родил туку СЕ ОТЕЛОТВОРИЛ во Дева Марија преку Светиот Дух, и преку Дева Марија попримил човечка природа.
Бог не се родил, Бог постои од секогаш но БОГОЧОВЕКОТ како спој на човекот и Господ се родил спојувајќи го Духот Божји и плотта човечка преку Дева Марија.
Погрешноста на логиката на исламот може да се види и од таму што сакал нејќел се наоѓа во принудена ситуација да се согласи и исто така да тврди дека пророкот Иса е безгрешно зачнат. Ако е тоа можно зошто да не е можно Бог да се отелотвори во Богочовек на истиот начин. А за причините за таквото отелотворување пишував погоре.
Исто така ако пророкот Иса не е зачнат како човек и од човек како може и понатаму тој да се смета за човек. Ако исламот се согласува дека дева Марија била осенета од Светиот Дух тогаш Оној кој се родил не може да биде човек пророк бидејќи нема човечки татко, туку е роден од Бога - Бог + и од жена - човек = Богочовек, што христијаните го тврдат.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2006 во 19:44
Цитирај

ПРИЧИНИ ЗА ПРИМАЊЕ НА ИСЛАМОТ

3. Верување во вечната пакост и несреќа на човештвото поради наследеноста на првиот грев направен од Адем а.с. и Ава а.с., и незадоволството дека сите луѓе го имаат наследено гревот на првите родители од самиот почеток на животот.



Зарем човештвото било или е среќно. Зарем има навестување дека ќе биде некогаш среќно. Онаму каде што ни изгледа дека се среќни всушност се многу многу несреќни. Дали пресреќниот Елвис Присли бил среќен кога се самоубил, или Мерилин Монро или Марлон Брандо кој умира сосема осамен. Или можеби се среќни богатите Холанѓани кои изгледаат толку среќно што сакаат да избегаат од овој свет и само да се дрогираат. Или здравата смисла за живот ја имаат што врие порнографијата, педофилијата и секакви форми на бесови. Отвори ги очите и види дека на овој свет моментите на среќа се кратки и огреничени на мал простор како ретки исклучоци, а несреќата причинета од нашиот грев е правило.

Како може некој да тврди дека во светот гревот не е влезен. Ако некој малку ја знае историјата тогаш ќе сфател дека целокупната човечка историја е историја на грев. Непрекинато убивање, војни и зло. Ако го нема гревот во човекот тогаш дали човекот би живеел во толку крвава историја. И не само историјата туку и секојдневието на секој одделен човек е исполнет со постојано чинење на гревови и тоа на тешки гревови. Зарем има некој добар на овој свет. Зарем Александар Македонски или Тито или Ајнштајн или било кој го сметале за добар бил навистина добар. За секој од нив ќе ти кажам тешки гревови кои ги сториле во својот живот. Ако го нема гревот во човекот тогаш излегува дека ние не сме виновни за ништо.
Ако исламот смета дека го нема гревот во човекот зошто тогаш учи жените да се покриваат, зошто налага разни закони за да се спречи чинењето на грев. Ако нема човекот грев во се*е, гледањето на голото тело нема да го наведува на грешни мисли, зошто тогаш покривање. Ако човекот не носи грев во се*е нема да има ни потреба од закони за да го спречат од правењето грев. Ем од една страна се тврди дека нема грев од друга страна се носат закони за да се спречи она кое не се признава и тоа со трета грешка со закони кои всушност и не можат да го спречат постоењето на гревот туку само уште повеќе го поттикнуваат. Гревот е дело и на ѓаволот но и на нашата внатрешна желба кон гревот. Нас не влечи доброто но и гревот не влечи. Ако ѓаволот нема сојузник внатре во нас како ќе успее да го наведи човекот на грев. Нема да успее. А ако се тврди дека може да наведе на грев оној кој нема грев во се*е тогаш ништо не може да му се спротивставува на ѓаволот кога сака некого да натера да згреши. Но и тогаш зошто би му се судело на човекот кога тој ако нема грев во се*е не е и самиот виновен за стореното. Нема никогаш виновници се*е да се гледаме секогаш виновникот ќе биде надвор од нас.


И сето ова го гледаме како последица во однесувањето на човекот муслиман. За се што ќе стори не се смета за виновен. Стално нешто надворешно му е виновно, никогаш не ја најдува вината во својата страна. Секогаш другата страна е онаа шејтанската не согледувајќи дека главниот непријател во нашиот живот е во нас. Никој нам ништо не ни можи, сето зло што ни се случува не е виновен никој, ние самите учествуваме, а да не учествуваме ништо лошо немаше да ни се случи. Христос навистина иако не сторил грев беше распнат, но се вели дека Христос го прими гревот на човекот, така тој не беше распнат за сопствениот грев, туку земајќи го човечкото тело стана грешен за нас и пострада не поради сопствената туку за поради вината на човекот.


Изменето од sard - 04.Август.2006 во 22:25
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2006 во 20:27
Цитирај

ПРИЧИНИ ЗА ПРИМАЊЕ НА ИСЛАМОТ

4. Верувањето во распнување врз основа дека Месих Исус самиот прифатил да биде распнат на крст за да им се избришат гревовите на луѓето.



Ќе се обидам да пишувам како јас да не сум христијанин и од страна да гледам на тој акт и така да проценам дали тоа личи на гест на Бог или личи на гест од човек. Факт е дека милиони луѓе се привлечени да веруваат (некои суштински, а некои формално) во тоа дека Оној кој дозволил да пострада на крстот е отелотворен Бог кој како Татко кој ги сака своите деца платил за она што не го можеле самите да го платат. Тоа значи дека учењето за страдањето и распнувањето било она кое многу луѓе ги привлекло и го засакале, а учењето на другите водачи кои не се жртвувале и наместо со гест на љубов, туку со гест на сила и моќ сакале да создадат одредена идеологија и свои следбеници најчесто траело кратко и не водело обзир какви следбеници прибира. Така постои очигледна разлика меѓу пристапот на привлекување на Христос од пристапот на останатите водачи, идеолози, пророци, учители. Никој не се жртвувал самиот се*е, туку барале жртва од оние кои ги следеле. Очигледна е „лудоста“ и неразбирливоста на таквиот гест. Но ете токму таквиот единствен гест во човечката историја привлекол милиони. И наместо во нив да го повика чувството на сила и моќ овој водач во нив го повикал чувството на љубов. И понатаму сите Негови следбеници онолку колку што успевале да го поддржуваат во жртвата и љубовта кон другите толку повеќе успевале да привлечат следбеници, а ако применеле сила во ширењето во верата, таму пак верата губела и се намалувал бројот на верници.
Сето ова зборува дека оваа личност е поинаква од сите други бидејќи тоа учење не е човечко и за луѓето е неразумно но Бог кој знае повеќе од луѓето знае дека љубовта е најголемата сила и исто така не е учење кое се интересира за да собере што повеќе следбеници туку се интересира да ги привлече оние со добро срце.

Изменето од sard - 04.Август.2006 во 20:27
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2006 во 20:31
Цитирај

ПРИЧИНИ ЗА ПРИМАЊЕ НА ИСЛАМОТ

5. Верувањето во "Обединетост" по пат на светиот леб кој го претставува телото на Месих каде се вели дека парчето леб кој католиците го јадат од раката на свештеникот во текот на молитвата на обединетост се претвора во крвта на Месих.



Очигледно е дека овие точки си ги ископирал од некој кој ги припремал против католикото верување. Не знам дали да одговорам бидејќи очигледно Ислам-Хак не знаеш на што се однесува прашањето кое го превземаш од некаде, па камоли уште да го разбереш одговорот.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2006 во 20:39
Цитирај

ПРИЧИНИ ЗА ПРИМАЊЕ НА ИСЛАМОТ

6. Придавање општа власт на верските лица дека тие се посредници меѓу луѓето и Бога, дека тие имаат право на простување на гревовите и дека папата има света власт и тој е безгрешен.


Да, прашањата се аргументи на некој верник муслиман кон католиците. Не знам како е кај католиците но знам дека кај нас не се простуваат гревовите со исповедта. А за тоа дека папата има света власт и дека е безгрешен е една од причините поради кои Римокатоличката институција беше отфрлена од Православното верување.

Цитирај 7. Неприкосновено верување во одлуките на црквата па дури и да се противат на разумот ....


Доколку се случи одреден свештеник учи на учење погрешно или барем го смета за погрешно било кој верник има право да реагира в црква. Има право да го поднесе својот приговор и во одредена канонска постапка да се докаже дали свештеникот забегал од учењето или верникот погрешно ги разбрал работите. Токму затоа во Православната вера нема некои забегувања во учењето па потоа времето да покаже дека биле погрешни. Борбата на исправните и погрешните учења постоела, но исправните со Божја помош надвладувале.

Изменето од sard - 04.Август.2006 во 20:39
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,280 секунди.