|
Дали знаете зошто ......???? |
Внеси реплика | страница <1 6789> |
Автор | |
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗОШТО СЕ КОРИСТИ ,, ТРИБЕСТАН ,, ??
Мислам дека една од посебните, осетливи , здравствени проблеми на човекот е неговото пореметување во либидото и појава на импотенцијата , нели посебно изразено кај машката популација , без разлика на годините… не навлегувам во медицинското лекување со ,, хемиски ,, лекарства туку едноставно да видиме што ни нуди природата за да ни помогне , зборувам за фитотерапија која ми е посебно омилена… има едно прекрасна билка која мајка природа се погрижи да делува подеднакво како кај мажот така и кај жената… зборувам за хербалниот препарат: Tribestan -Tribulus terrestri
Tribestan е растителен препарат кој содржи сув екстракт од надземните делови на растението Tribulus terrestris… примената е во стимулирање на функцијата на гениталиите зголемувајќи го либидото ја остранува со тоа импотенцијата , делува во пореметениот липиден метаболизам dislipoproteinemijа со редукција на тоталниот LDL holesterolot и општо во неплодност кај мажите и жените посебно за ублажување на климакс тегоби, препаратот не треба да го користат лица под 16 години , лица со кардиоваскуларни и ренални заболувања но тука нема да се задржам поради понатамошно консултирање со вашиот лекар доколку се решите за неговото користење у смисол на несакани дејства и интеракции со вашата моментална здравствена состојба... Каде имаме присутност на редуцирано либидо , импотенција и инфертилност дозата е 1-2 таблети 3 х дневно со користење не помалку од 90 дена… после што може повторно може да се користи додека не се постигне посаканиот ефект… кај ендокриниот стеретилитет се почнува од првиот ден до 12 ден на менструланиот циклус… ај сега да видиме за самото растение од каде се исцрпува лековиот екстракт…
Tribulus terrestris па вака … за разлика од овој препарат Tribulus
анаболитичките стероиди (testosteron) со своја зголемена
концентрација делува на hipotalumus, кој сега препознавајќи зголемена
количина на testosterona се намалува излачувањето на GnRH
(gonadotropine-oslobađajući hormon) кој делува на hipofiza автоматски се
намлува и излачување на LH (luteinizirajući hormon) од hipofiza, а со
самото тоа доаѓа до смалување на сопствениот testosterona во
тестисите…При подлго земање на анаболички стероиди доаѓа до СМАЛУВАЊЕ НА
ФУНКЦИЈАТА НА ТЕСТИСИТЕ , СМАЛУВАЊЕ НА ЛИБИДОТО И ДО ИМПОТЕНЦИЈА..
НЕПЛОДНОСТ… Во нормален ејакулат има околу 400 милиона спрамтозоиди ( односно во 1 мл околу 35- 200 милиона сперматозоиди а просечна количина на ејакулатото е 3,5 мл)…Spermatogoneza се одвива во семените канали и највече влијание има testosteron и FSH (folikulostimulirajući hormon)...
кај жените најприсутен проблем за неплодноста е изостанување ovulacijа, endometrioza, синдром на полицистични јајници ,непроодни јајоводи …промените во јајниците зависат од 2 хормона кои се лачат од хипофиза FSH i LH …Tribulus со своето дејство на хипофиза го предизвикува зголеменото лачење на LH а со тоа се потикнува и овулацијата …значи при неплодност кај двата партнера се дозира Tribulus terrestris од 250 до 500 mg три пати на ден во период од три месеци… ај сега уште малку потсетување за хормоните кои се многу важни во репродуктивниот циклус кај човекот и како нивното пореметување е една од причината на несакани здравствени појави како стерилност , импотенција …. FSH (folikulstimulirajući hormon) како
хормон кој се лачи од предниот дел на hipofiza (adenohipofiza), а во
јајникот го стимулира растот на фоликулот, инаку покачената вредност ја
покажува,исцрпеноста , на јајникот… LH (luteinizirajući hormon) како хормон се гледа во сооднос со FSH и доколку LH е покачен а FSH во нормални граници тогаш се зборува за пореметување т.е. присутност на полицистични јајници , доколку двата ако се покачени тогаш велиме јајникот е веќе прерано исрцпен.. E2 (estradiol) е главни женски хормон излачување иде од фоликулот јхана јајникот и е показател на неговиот раст и созревање , негови намалени вредности уз покачен FSH повторно укажува на пребрзо исцрпување на јајникот.. PRL (prolaktin) како важен хормон за регулација и созадавање и секреција на млекото во дојката за време на лактацијата кај жената…тој хормон го велиме дека е стресен и богами во текот на денот неговата вредност се менува и затоа никогаш не се одредува со едном мерење неговото пореметување, ако во сите испитување неговата вредност е покачена зборуваме за hiperprolaktinemijа и тоа преставува една од причините за стерилност… TSH (tireotropin) хормон излачен од хипофиза кој ја стимулира штитната жлезда да произведува двата нејзини основни хормони tiroksin (T4) i trijodtironin (T3), се мисли да благо покачување на TSH се отежнува забременувањето… SHGB (globulin кој ги сврзува половите хормоните) се создава во јетрата па се излачува во крвта , негови ниски вредности укажува на покачени машки хормони тестострон и неможност за забременување… P4 (progesteron) како женски хормон кои се создава после овулација и ја припрема слузницата на материцата за бременоста негова вредност укажува дали жената воопшто има овулација … T (testosteron) е машки хормон кој се создава во тестисите , а во помалак количина и во кора на надбубрежната жлезда…покачените вредности кај жена покажува синдром на полицистични јајници , а и други потешки пореметувања… ај сега да видиме кај мажите еден од проблемите околу неплодноста…
VARICOCELA преставува проширување на венскиот сплет кој одвдува крв од тестисите ( Plexus pampiniformis),а се состои од вени на семеновиот сплет кој одводува крв од семениците претворувајќи се сперматични вени кои се уливаат во бубрежните вени… VARICOCELA по правило не покажува некои видливи симптоми освен неплодност кај мажите. а лечењето е хирушко… причина на настанување е различна дури поради пореметување на мокрачата варикоцела доведува до лош квалитете на спермата ( смален број на сперматозоидите,подвижност) и постојат некои теории кои како главна причина се спонува покачената температура од стазата на венската крв во тој дел…
од таму и првилото да машко не смее да седне над термо ама со кого?? сите седнуваат на термото зимно време да си го стоплат газот…ајде де…а бе не чини не седнувајте така!…циција сум била за термото…и кога ќе се спојат слабото циркулирање и застој на венската крв и тоа температурата ,ај после зашто вака зашто така проблеми со неплодност и импотенција … 90% варикоцела е левострана за разлика од 10% како деснострана , ете од каде иде разлика на градбата на лева и десна сперматична вена и со тоа појава на несразмерноста во корист на левата страна…
хирушка интервенција при варикоцелата… постот посветен на тие што сакаат по природен пат ( фитотерапија) да ја подобрат својата здравствена состојба во врска со импотенција и неплодност… Изменето од bijonse1 - 31.Јули.2011 во 16:05 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Витамини за убави нозе Четири проблеми ја доведуваат во прашање убавината на нозете: жуството на тежина, отеченоста, задржување на течностите, целулитот. Како да ги избегнете? Најкорисни материи се витамините А, Ц и Б5. Првите два ја чуваат еластижноста на крвните садови , а третиот ја зголемува отпорноста на капиларите, ја намалува отеченоста, и ги ги јакне ѕидот на вените. Користен е и витаминот Е, кој е вистински борец против целулитот, затоа што ги отсранува штетните материи од организмот. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поради стареење се намалуваат органите, особено половитеСигурно веќе знаете дека како што старееме, така се смалуваме. Сепак, повеќето луѓе не сфаќаат дека висината не е единствено нешто што го губиме со годините. Се намалува и срцето, коските на лицето, половите органи. Мозокот започнува да се намалува веќе околу 20-тата година од животот. Кога се раѓаме мозокот е тежок околу 400 грама и расте додека не достигне 1,4 килограми во адолесценцијата. Веќе во 20-тата тој започнува повторно да се намалува. Лекарите и понатаму не знаат за што се работи, но веруваат дека станува збор за насобирање на токсини во клетките во мозокот кои наместо да се регенерираат – изумираат. Најмногу се смалува делот од мозокот кој е задолжен за контрола на мислите, планирањето и меморијата. Сепак, и покрај очекувањата, намалувањето не мора да влијае на способноста за размислување, а когнитивните тестови покажале дека мажите и жените делуваат слично и покрај различните големини на мозокот. Машките и женските полови органи исто така се намалуваат додека старееме. Ако машкиот пенис во триесеттите во ерекција е долг 15 сантиметри, кога ќе наполни 60 или 70 години, тој паѓа на 12 сантиметри. Околу 40-тата години тестисите почнуваат да се намалуваат. Матката исто така се намалува и се враќа на големината каква што девојчињата ја имаат пред да влезат во пубертет. Кога ќе наполниме 40 години, секои десет години ќе се смалиме бар за еден сантиметар. Кога ќе наполниме 80, повеќето мажи се пониски за пет сантиметри, додека жените се ниски за осум. Жените се смалуваат повеќе бидејќи нивото на естроген драстично опаѓа во менопаузата, а тоа е хормонот кој ги штити коските на двата пола. Мажите имаат и повеќе мускули кои го држат нивниот рбет. Веќе во 35-тата нашите коски започнуваат да губат минерали, најмногу калциум. Поради тоа коските се кревки и поголеми се шансите да се скршат – оваа состојба е позната како остеопороза. Научниците долго мислеа дека гравитацијата и губењето на мускулниот тонус доведуваат до брчкање на лицето, но новите сознаноја се поинакви. Всушност се работи за тоа да коските на черепот се намалуваат, ја всисуваат кожата и мускулите. Вилицата е најсклона кон смалување. Ако изгубите заб, виличната коска која го држи веднаш се повлекува. Срцевиот мускул во средните години започнува годишно да губи на тежина околу 0,3 грама, што ја намалува способноста за пумпање на крв низ организмот. Нос и уши: Нашите уши растат околу 0,22 милиметри годишно. Внатрешниот дел од ушната школка останува ист, но ушите растат. Објаснување е дека ушите се составени од рскавица која продолжува да расте и откако коските ќе започнат да се намалуваат. Сепак, уште еден фактор е гравитацијата. Рскавицата, како и кожата е тенка и со тек на годините ја губи еластичноста. Кожата се растегнува и тегне, носот е подолг, но оди и надолу, исто како и ушите. |
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
se javuva aritmija na srce?
|
|
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поради стареење се намалуваат органите, особено половите
.... ..а да не ме фатила некоја аномалија?. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зашто ПРДЕЖОТ или медицински flatus... смрди ???
гасот што прави прдеж да смрди е азотниот сулфид, овој гас содржи
сулфур кој ја прави смрдеата , што повеќе сулфур има во исхрана, толку
повеќе смрди прдежот( грав, сирење, сода, јајца)…
Обично, здрава личност прди по 16 пати во денот и тоа сите и
машките и женските подеднакво , а од животните најдобри прдежи давал
слонот , кравата , мачката , кучето …
инаку луѓето највише прдат за време на спиењето и ако се приближи запалка може да се запали од присуство на метан и водород…во некои земји ( Германија ) велат прдењето било здраво и било
дозволено да се прди слободно во друштво за разлика од ждригањето кое е
го сметаат за голема страмота…
Карактерот на луѓето според прдењето денеска ме изнасмеа и ми го направи денот прекрасен смешен , тоа би идело вака : Културен – Прди и вика „Пардон!“ Нестрплив – Едвај чека да прдне Изменето од bijonse1 - 12.Март.2012 во 21:33 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Какаото е чувар на здравјетоТоплиот напиток од детството треба да продолжиме да го пиеме понатаму во животот. Една шолја топло какао ќе го подобри вашето расположение. Исто така, какаото ќе ја подобри вашата концентрација. Овој пијалок е добар за коските, но освен за нив какаото се смета и како чувар на крвните садови. Едно истражување покажало дека со секојдневно консумирање на овој пијалок се прочистуваат крвните садови, а со тоа се спречуваат многу срцеви заболувања. Какаото е одговорно за транспортот на холестеролот од ѕидовите на артериите во црниот дроб, каде преку жолчката го исфрла надвор од телото. Научниците препорачуваат секој ден да се внесуваат барем по 20 гр какао за да се заштитиме од инфаркт. Изменето од емил - 16.Март.2012 во 21:57 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто треба добро да се измие салатата ?
Во овој период посебно се јаде убава свежа зелена салата како велиме ние ,,марула,, …дури листот сега за празниците ќе се намести како украс на многу ордевери аранжирани со друга храна …а дали знаеме дека баш во салата најчесто се крие најопасниот паразит кој се пренесува преку домаќинот кучето (живее во неговите црева) наречена кучешка тенија или медицински echinococcus granulosus…
Секогаш кога ќе видам зелена салата ( марула ) се присетувам на едно
момченце кое имаше тегоби како алергиски реакциии на кожата и болки на
лева страна, испод срцето ,со блага температура и скоро секогаш
омалаксано, по долгото испитување ( примајќи само лекарства за да се
остранат последиците , без да се знае причината т.е. дијагноза) и по
една рутинска сосема случајна рентген снимка, всушност му се лоцира еден
чуден меур со млечно бела боја што всушност преставуваше ларвениот
облик на ехинококус полиморфис …се утврдило да момченцето било на гости кај баба му во село каде си
играло и со куче, а јадел и многу зелена салата (за да ослабне ) и
самите здравствени промени што ги имал, всушност му ги препишувале на
диетата , а тој всушност имал кучешка тенија чиј симптоми не се веднаш
видливи , тој всушност се заразил ! дали директно од кучето или од
несоодветна миена салата која била заразена со јајца ( од куче што се
измочало ) ехинокок (echinococcus granulosus )… ехинококот му го пробил цревото и преку крвотокот се лоцирал во
местото под срцето каде имал болка , створејќи се од ембрионот меур кој
растел полн со течност каде пливале мали меурчиња ,секој со свој
ембрион и ако под дејство на удар меурот ќе прснел во организмот
илјадници ембриони ќе се разнеселе во организмот ( замислите колку
органи би биле инфицирани со овој паразит)...
во развојниот циклус на паразитот се разликуваат два облика, возрасниот паразит ехинококус гранулосус (echinococcus granulosusе) ,преставува мала тенија со големина од 3- 6 мм,со три членчиња последно исполнето со јајца, живее во тенките црева на кучињата ( тие се домаќини на паразитот), се исфрлува со изметот и се загадува околината, посебно раноградинарски растенија …
најчесто миењето на листовите на салата е онака ноншалантно под млаз вода …плиц , плиц …малку -ете ,ГРЕШКА ! затоа ДОБРО ЕПТЕН ДОБРО , ДА СЕ ИЗМИЕ СЕКОЈ ЛИСТ НА МАРУЛАТА , ПА И ЗЕЛКАТА , ДОПРВА ЈАГОДИТЕ… заштита од тенија е само со уништување на развојниот циклус на паразитот па превентивно се даваат антипаразитарни таблети НА КУЧИЊАТА на секои три месеци што дејствуваат на тенијата кај кучињата… и уште нешто околу миењето на марулата, после секој лист измиен добро под млазот вода ( да не ве мрзи тоа добро да го сторите) се зема едно тенџере со вода и се додава сол и во таа солена вода нека постојат листовите на марулата неколку минути , па се мие пак , доколку сепак има паразит закачено на листот од солената вода ќе се откачи ! Изменето од bijonse1 - 16.Април.2012 во 19:45 |
|
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бијонсе сега ме стави во мисла..
|
|
I just wanna feel real love.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто треба добро да се измие салатата ?
...toa pogore ne e tolku verojatno ama, ...treba da se izmie dobro ednostavno poradi , ...verojatnosta deka nekoj ja....(iz)mochal! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БОЈАТА НА ИЗМЕТОТ , ,, СТОЛИЦА ,, ИЛИ FECES ПОКАЖУВА... ШТО ?
Фецесот се состои од околу 75% вода, а другите % од мртви бактерии , масти , нешто белки , груби остатоци од храна и жолчни пигменти , велиме дека фецесот ,,смрди ,, тоа е поради продуктите на бактериската активност и тоа зависи,нели , од самиот човек зависно каква бактериска флора има , а и од самата храна која ја јаде …
интересно е да се знае околу бојата на фецесот т.е. ,,столицата,, што ни кажува за моменталната исхрана , но и за здравствената состојба на телото и за жал тие што треба да ја ,,прочитаат,, и да постават дијагноза, лутаат во други правци во погрешно толкување…ај малку да се потсетиме , дека ЦРНИОТ ДРОБ постојано лачи жолчка која се акумулира во жолчното кесе и по потреба се излива преку жолчни патишта во тенкото црево при што од светло зелена боја под дејство на активноста на ,,добрите бактери,, кои се присутни во цревата се претвора во жолта , портокалева и конечна здрава боја на столицата- кафена …е сега , што би значело кога крајната ,,столица,, (измет) не би била кафеава туку : 1.) Црна и леплива и смрдлива ,,столица,, Тоа би значело крварење во стомакот или во горниот дел на тенкото црево, промената на бојата е поради хемиските реакции на крв во рамките на тенкотот црево кои се предизвикани од дигестивните ензими во цревата…. 2.) Црна нелеплива и без мирис ,, столица,, Од пиење на железни препарати (против анемија), како и лекарства кои содржат бизмут… 3.) Црвена ,,столица,, Кога крварењето потекнува од долните делови на цревата, крвта не може да дојде до продолжен контакт со ензими за варење, бидејќи е кратко растојание од местото на крварење до ректумот и во овој тип на крварење може да биде темно црвена , но таква боја ќе даде и ,,столица ,, на здрав човек ако изел цвекло, црвен зеленчук, и друга храна кои содржи ,,црвени бои,,…
4.) Сива или глина ,, столица,, Фецес со таква боја укажува малку или целосно одсуство на жолчка, бледа боја може да значи состојба (билијарна опструкција), каде протокот на жолчката на црево е попречена, како што се, опструкција на жолчните канали од тумор или жолчните камења во канал или во близина панкреасот… 5.) Жолта ,,столица,, Жолт фецес може да укаже на присуство на масти во столицата како резултат на болести на панкреасот со намалено лачење на ензими за варење во цревата, како што се хроничниот панкреатит (воспаление и злоупотреба на алкохол) или опструкција на панкреасните канали што ги носи ензими на цревата (најчесто поради рак на панкреасот)…
6.) Зелена ,,столица,, 7.) Портокалева ,,столица,, Постојат бенигни причини , но може да се има портокалев фецес поради користење на некои лекови и храна што содржат бета-каротин ( витамин А)како моркови , слатки компири , свежа мајчина душица, спанаќ ,секој сок со црвена боја и алуминиум хидроксид (што може да се најде во антациди-Компенсан)…Само еднаш ,,променета столица,, не би требало да ја земаме во предвид за некоја промена на телото, но , што би рекле тогаш? е па, возрасните имаат фецес тежок 100 до 250 грам и зависно колку пати ,,излегуваме по надвор,, демек вршиме дефекација тоа ќе делува на изгледот на фецесот , а се одразува и на нашето здравје…односно кога ќе се јаде повеќе зеленчук ,,столицата,, може да има делумно зеленикава боја, а ако се јаде повеќе месо може да даде темна кафена скоро црна боја со придружена силна непријатна миризба , лоша миризба дава и храна и пијалоци богати со вештачки ароми …
конзистенција и форма на ,,столицата,, – фецес , од течна дијареична , watery , преку нормална , до многу тврда ,hard dry , ,,капс столица,, клинички случај , со не толку чести дијареични жолти столици попратени со грчеви и болки во желудник и нагон на повраќање кои се задржуваат неколку дена и повторно се повторуваа по неколку месеци ??
прв чекор , комплет лабораториско испитување посебно акцентирани хепатални односно ензимски тестови , билирубин , итн, втор чекор , ултразвучно испитување т.е. ехо разгледување на сите интерни органи во гастроинтестиналниот тракт …и ? кога ќе добиете резултати во граница на нормалата ? ем ехо ем лабораториски резултати ? а вие мака си имате? имаме две опции или бактериска цревна инфекција или едноставно поради Х причини губење на ,,добрите цревни бактери,, со што храната не може да се задржи ниту фецес да промени боја во цревата од жолто до кафеава боја, едноставно ГИ НЕМА ,,ДОБРИТЕ БАКТЕРИИ ,, да го стораат тоа, а бактериска инфекција поради немање покачена температура ниту пак ептен чести ,,столици,, испаѓа како солуција , останува фактот дека ги немаме ,,ДОБРИТЕ БАКТЕРИИ,, кои поради икс причини се изгубија од цревата …
ете со една капсула од такви млечно киселински бактерии кои пиејќи во допир со вода ќе збувнат во телото ќе се размножат и ќе си се ,,наместат,, во цревната флора каде им е местото , помагајќи во варење на храната и кога ќе се додаде комплекс на витамини од Б групата и нешто вит К , телото ќе се поврати за неколку часа… или долгорочно користење на специјални млечни производи збогатени со такви бактерии ацидофилус… не спомнав , какви све психолошки стресови (депресија , можност на покачување на крвен притисок , тахикардија и покачен шеќер во крв) може да дојде напразно при соочување со неточна ,,неизлечива,, препоставка за здравствената ситуација , затоа треба секогаш добро да се размисли , консултации со стручни лица од повеќе области дури и народни искуства во медицинска пракса се од големо значење… џабе народот не кажува од памти века : Лекот е пет пари , ама да знајш да го најдеш !!! Изменето од bijonse1 - 13.Јули.2012 во 11:02 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДАЛИ ЗНАЕТЕ ЗОШТО СЕ ПРАВИ OGTT тест и тест на glikohemoglobini ? Може прашање? -Дали сум шеќераш ( ДИJАБЕТИЧАР ) или имам тенденција да добијам шеќерна болест? ете , во ниедно време настинав и морав да одам кај матичниот лекар попладне накај 14ч , кој ме испратил на брза лабораториска анализа за да ги види вредностите од леукоцитите кои беа 9,5 давајќи ми антибиотик , ме буни ова вредност на шеќер во крвта 7,2 над нормалата (6,8 ) иако тој ми кажа дека тоа не било нормално според времето кога се направила анализата! инаку имам 35 год и секогаш кога ги правев анализите сабајлешниот шеќер ми бил 3,8-4,2 . Одговор : Сигурно не си hipohonder, едноставно си загрижен поради нивото на глукоза во крвта , инаку знаеш референтните вредности на шеќер во крвта се однесува само на утринските вредности и тоа после период од гладување од 12- 16 ч така да поеднинечно попладневно одредување на гликоза во крв нема некоја дијагностичка вредност , инаку концентрацијата на шеќер во крвта се регулира од лачење на хормон во прв ред инсулин , глукагон , хормон на раст , тироксин , адреналин. Во услови на стрес под дејство на адреналин доаѓа до пораст на концентрација на глукоза во крвта , додека кај болеста Diabetes mellitus е како последица на недоволно лачење-делување на инсулинот , ете што значи ,,стресен шеќер во крвта,, независно од исхраната . Исто вакво покачување на глукозата во крвта имаме и од некои лекови ( фуросемид за појачано мокрење, индометацин нестероиден антиревматик, естрогени , кофеин, итн). Дали си дијабетичар? постои тест со кој се оптоварува телото со глукоза или ,, орални глукоза толеранс тест,, (OGTT) и според препораката на Светската здравствена организација ваков тест треба да направат сите кои имат симптоми на покачен шеќер во крвта: зголемена глад, пречесто мокрење , губење на телесна тежина и се разбира тие што имаат над 11,1 mmol/L после 2,3 ч од оброкот или утринското мерење после 12-16ч да биде преку 8,0 mmol/L....често се греши кога се предлага да се направи тестот за време на трауми , инфекции , тешка болест или при користење на диуретици и кортикостероиди исто важно е дека не смее да се направи тестот три дена пред и три дена после менструалниот циклус и секогаш пред тестот треба да се гладува најмалку 10 ч а најповеќе 16 ч , не смее да се пуши ниту да се пие за време на тестот и додека се чека мора пациентот да мирува .Како се изведува самиот OGTT тест? се дава точно 75 g anhidrovana glukoza растворена во 250 -350 mL вода и треба да се испие за време од една минута , првиот примерок на крвта се зема пред тестот на гладно и после 1ч ( 60 мин) па 2 ч ( 120 мин) по испиената вода со глукоза … или нормални вредности < 5,5 < 8,9 < 6,7 гранични вредности 5,5 – 7,2 8,9 – 12,2 6,7 – 8,3 фактори кои би делувале на резултатот на OGTT : 1. Пушење 2. Неадекватна диета со што се смалува толеранцијата на јагленохидратите давајќи слика на лажен дијабетес . 3. Инфективни болести и разни хирушки интервенции. 4. Ендокринолошки болести , хипертиреоза , феохромоцитон и хиперфункција на надбубрежната жлезда кои доведува до ,,ненормални ,, резултати на OGTT тест… напоредно со OGTT тест вообичаено се прави така наречен : Тест на Glikohemoglobini Гликолизиран хемогломин (glikohemoglobini HbA1)се состои од три ракции : HbA1a, HbA1b i HbA1c , Hemoglobin HbA1c го содржи 80% од вкупниот HbA1. Гликолизација на хемоглобинот се одвива континуирано во текот на животниот век на еритроцитите и затоа концентрацијата на HbA1c или вкупниот HbA1 е пропорционален со просечното ниво на глукозата во крвта во текот на 2,3 месеци пред самото одредување. Продирајќи во еритроцитите , глукозата иреверзибилно се врзува за хемоглобинот и останува до крај на својот живот така врзан, затоа тоа се искористува како добар параметар за следење на метаболните контроли на дијабетисот оти не зависи од краткотрајните промени на гликемијата и затоа при толкување на резултатот важно е да се каже дека HbA1c е значајно снижен кај состојби со скратен животен век на еритроцитите . Референтни вредности на гликозираниот хемоглобин HbA1c се движат од 3,0 do 6,0% сметајќи дека вредност на HbA1c кај пациенти со дијабетес до 7,5% укажува на добра регулација на болеста. Заклучок на сето ова : значи според ИНСД (European Niddm Policy Group 1993) критериум на компензација на гликемијата во крвта би била : наутро на гладно 4,6 – 6,1 (компензација) до 7,8 (субкомпензација) и над 7,8 (декомпензација) после еден час изеден оброк 4,4 – 8,0 ( компензација) до 9,5 ( субкомпензација) и над 10,0 ( декомпензација) HbA1 до 8, 0 ( компензиран ) до 9,5 ( субкомпензирн) и над 9,5 ( декомпензиран) HbA1c до 6,5 ( компензиран) до 7,5 ( субкомпензиран) и над 7,5 ( декомпензиран)
Изменето од bijonse1 - 25.Јули.2012 во 17:54 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Milko01
Сениор Регистриран: 19.Март.2012 Статус: Офлајн Поени: 180 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знаеме....и не сакаме да знаеме...
|
|
Внеси реплика | страница <1 6789> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |