|
Хуманост или предавство? |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Препрочитај што напишав пред да ми инпутираш нешто што знаеш дека не е вистина бидејки јасно ги знаеш моите ставови. Токму и јас тоа го кажав што ти го напиша- едни признаваат злосторства а другите преќутуваат. Оние кои признаваат (читај осудуваат) стануваат жртви, а оние кои премолчуваат (читај мува не ги лази) остануваат недопрени. Злосторства -признати (и осудени) има САМО на едната страна, додека другата како да е заветена на молк-ама колективен молк. Зошто ЕДНАШ ама само ЕДНАШ никој од нас не праша (или не доби одговор) зошто постои колективна завет за молчење и не осуда токму за оние случаи кои ги спомнав јас а поопширно ги елаборираше ти. Затоа во средината каде се појавува некој кој се гади (признава-прозборува) за злосторствата над невиното цивилно население се јавува осуда, фрлање анатема- ЗАТОА што нема двострано признавање и осуда за исти злосторства. Кај нас дури се амнестирање а пред очи сеуште ни се “декорот“ на грбот на мавровските работници, масакрираните тела на Карпалак. Зошто никој, ама никој од поламилионскиот (колку се вели дека се на број) не го осуди тоа злосторство? И токму и како родител и како просветен работник и како човек не можам да ги убедам другите (ма колку се трудела) да осудат злосторство бидејки веднаш следи прашање- А тие? |
|||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Од сега ако поставуваш вакви сериозни теми со злосторства би требало да земеш повеќе примери, од сите овие кои си ги навел (Американци, Хрвати, Албанци, Босанци), ако воопшто најдеш такви, посебно од овие што почнуваат на А.
Разбирам која ти беше намерата со отворањето на темава, но не ми е јасно зошто не ја отвори како злосторства на индивидуалци, туку мораше баш српски пример да дадеш? Сега испаѓа дека најдоблесни луѓе се Србите затоа што можат да ги признаат и осудат злосторствата од своите, за разлика од некои други за кои ете како што велиш не можеш да најдеш пример. Изменето од LiDivio - 05.Октомври.2011 во 22:49 |
|||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
не си во право, имаше случаи и кај нивните да покушаат да сведочат во Хаг (дал за пари или пак поради притисок од Хаг) против Харадинај и други разни битанги, ама ги изеде помрачина сите, еве овој последниот се обесил сиромашкиот во Германија. |
|||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
http://www.kosovo.net/spiegelflot.html |
|||
Homo homini lupus est...
|
|||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тоа се моите ставови и од мој аспект, нема само една страна да е виновна. Чудно ми е како на една тема се прави коктел на настани. И препознатливо кај нас, нема тема ако не се обвинува трета страна. Ке бидам прецизен и јасен, насловот е Хуманост или Предавство а не етнички конфликт и кој е крив поради нашите заблудени балкански глави! |
|||
Homo homini lupus est...
|
|||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Го обесиле пријателе, го обесиле! И ајде сега на тие злосторници да им се даде заштита дека ги чувале "националните интереси"? Емоции, емоции.... таму реалноста нема место! |
|||
Homo homini lupus est...
|
|||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еве ви го муабетот на темава...
Па сега секој со својот ум...Или кај нас ќе му дојде со својот патриотизам нека бива судија...Јбг ја би да сум Хуманист.Кога страдаат овој тип на луѓе во такви околности... |
|||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Претпоставувам ова што ќе го пастирам има врска со темава, и ќе ве интересира....
До претседателот на Македонија, господинот Ѓорѓе Иванов До претседателот на Хрватска, господинот Иво Јосиповиќ До претседателот на Србија, господинот Борис Тадиќ До членот на Претседателството на БиХ, господинот Небојша Радмановиќ До членот на Претседателството на БиХ, господинот Жељко Комшиќ До членот на Претседателството на БиХ, господинот Бакир Изетбеговиќ До претседателката на Косово, госпоѓата Атифета Јахјага До претседателот на Црна Гора, господинот Филип Вујановиќ До претседателот на Словенија, господнот Данило Турк
Предмет: основање на РЕКОМ
Скопје,Сараево ,Белград, Приштина,Загреб, Подгорица, Љубљана
Октомври, 2011.
Почитуван претседател Иванов,
Ви се обраќаме, тргнувајќи од уверувањето дека граѓаните на земјите создадени на просторот на некогашна СФРЈ имаат потреба и право да ги дознаат сите факти за воените злосторства и за другите масовни прекршувања на човековите права направени во текот на воените судири од 1990-тите години, како и подоцнежните последици од тие војни.
Пост-југословенските општества повеќе од деценија откако молкна оружјето, не успеваат да се изборат со тешкото наследство од военото минато, најмногу заради тоа што многу факти за убиените, присилно исчезнатите, измачуваните, протераните, за луѓето кои страдале на толку различни начини, страшни начини, се уште се непознати. Познати се само мал број имиња на мртвите, семејствата на повеќе од 13.000 присилно исчезнати и натаму трагаат по своите најмили, жртвите немаат системски можности да бараат и да добијат правилни репарации, а недостигот од сигурно утврдени факти за страдањата се злоупотребува за политички манипулации, за националистичка промоција, за поттикнување на омраза и на нетрпеливост.
Иницијативата за основање на Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и за другите тешки повреди на човековите права на подрачјето на некогашната СФРЈ (РЕКОМ) е основана со цел фактите за страдањата конечно да бидат утврдени и прифатени од сите страни, а нашите општества да престанат да ги одрекуваат и да ги релативизираат злосторствата извршувани во нивно име. Ова е поттик јавноста и државите да ја признаат неправдата нанесена на жртвите, и конечно да се чуе и гласот на преживеаните и на семејствата на настраданите, да им биде овозможено јавно да ги искажат своите страдања, да ги чуеме непосредно, и наместо на премолчувањето да им бидат изразени сочувство и солидарност.
Основањето на РЕКОМ го поддржаа бројни здруженија на жртви и на нивни семејства, на воени ветерани и на поранешни логораши од сите пост-југословенски земји, верски заедници, етнички групи, активисти за човекови права, бројни правници, педагози и историчари, а особено голем број млади.
Со ова писмо сакаме да дадеме гласна и силна поддршка на иницијативата за РЕКОМ, затоа што веруваме дека утврдувањето, објавувањето и прифаќањето на фактите на регионално ниво е непоходно за сите, за да создадеме основа за да на жртвите да им се врати достоинството, да бидат задоволени нивните права, да биде утврдена судбината на присилно исчезнатите и стравотиите на заедничкото ни блиско минато никогаш да не се повторат.
Иницијативата за РЕКОМ е најдобра можност конечно да престанеме за минатото да говориме и да мислиме како тоа се уште да трае, односно да се соочиме со него, да почнеме да паметиме и да учиме од него, наместо и натаму да го живееме.
Покрај овој општествен, иницијативата за РЕКОМ има потенцијал на свеж и меродавен извор на податоци за правосудството, за историјата и за политиката во регионот, а особено за креативно, морално и психолошко преиспитување на контекстот од кој потекнуваме и во кој живееме, што е капацитет од пресудно влијание за иднината и за прифаќањето на дамнешното минато во име на таа нова иднина. Иницијативата за РЕКОМ може да ги направи подобри нашите општества, а пред се нас самите.
Ние, за кои војната во Југославија со сите нејзини последици ни е предмет на професионално истражување и уметничко видување, повод за размислување и загриженост за судбината на сеќавањата и на вистината, во свое име и во името на етиката на работата со која се занимаваме, бараме да направите сѐ што е во Ваша моќ оваа иницијатива да заживее и РЕКОМ да започне со работа врз основа на Статутот кој, после неколкугодишни консултации со граѓаните од целиот регион, го усвои Собранието на Коалицијата за РЕКОМ.
Со почит,
Билјана Ванковска, професор, политолог, Филозофски факултет, Македонија Венко Андоновски, писател и професор, Филолошки факултет, Македонија Димитар Мирчев, политолог , професор, Македонија Јасна Котевска, писателка и професор, Филолошки факултет, Македонија Гордана Силјановска-Давкова, професор, Правен факултет, Македонија Љубомир Цуцуловски, филозоф, професор, Филозофски факултет, Македонија Ристо Лазаров, писател, Македонија Исо Руси, новинар, Македонија Елизабета Шелева, писателка и професор, Филолошки факултет, Македонија Катерина Колозова, професор по филозофија и женски студии, Македонија Даут Даути, новинар и публицист, Македонија Јован Донев, професор, Евробалкан, Македонија Бајруш Мјаку, актер, Македонија Ферид Мухиќ, писател и професор во пензија, Македонија Владимир Петрушевски, писател и професор, Природно-математички факултет, Македонија Роберт Алаѓозовски, писател, Македонија Ирена Стефоска, историчар, Институт за национална историја, Македонија Висар Вишка, актер и продуцент, Македонија Маја Бојаџиевска, професор, Филолошки факултет, Македонија Светлана Антиќ-Јовчевска, новинар, Македонија Славица Инџевска, заменик-извршен директор, Институт отворено општество, Македонија Синиша Станковиќ, писател и новинар, Македонија Константин Тесторидес, новинар, Македонија Слаѓана Димишковска, новинар, Македонија Билјана Тануровска-Ќулавковска, Локомотива: Нови иницијативи во уметноста и културата, Македонија Шенка Колозова, актерка, Македонија Халил Зендели, писател и издавач, Македонија Зоран Арсовски, сликар, Македонија Лилјана Дирјан, писателка, Македонија Драгана Заревска, уметник, Македонија Слободан Маруновиќ, актер, Црна Гора Душко Вуковиќ, новинар, Црна Гора Варја Ѓукиќ, актерка, Црна Гора Жаклина, Оштир, актерка, Црна Гора Марија Перовиќ, режисер, Црна Гора Лео Ѓокај, писател и композитор, Црна Гора Јанко Љумовиќ, директор на Црногорскиот народен театар, Црна Гора Андреј Николаидис, публицист, Црна Гора Винко Брешан, режисер, Хрватска Алма Прица, актерка – театарска првенка, Хрватска Вилим Матула, актер, Хрватска Раде Шербеџија, актер, Хрватска Јурица Павичиќ, новинар, писател и филмски критичар, Хрватска Мате Матишиќ, драматург, сценарист, композитор и музичар, Хрватска Оливер Фрљиќ, театарски режисер, Хрватска Игор Штикс, писател, Хрватска Предраг Луциќ, новинар, писател и режисер, Хрватска Ненад Пуховски, режисер, Хрватска Надежда Чачиновиќ, филозоф, претседател на хрватскиот ПЕН, Хрватска Славко Голдштајн, новинар, издавач и писател, Хрватска Слободан Шнајдер, писател и публицист, Хрватска Миљенко Јерговиќ, писател и новинар, Хрватска Сибила Петлевски, писателка, Хрватска Жарко Пуховски, професор по политичка филозофија, Филозофски факултет Загреб, Хрватска Урша Раукар, актерка, Хрватска Хени Ерцег, новинарка, Хрватска Ивица Ѓукиќ, новинар и писател, Хрватска Ивица Ѓикиќ, новинар и писател, Хрватска Драго Пилсел, новинар, Хрватска Предраг Матвејевиќ, писател и публицист, Хрватска Виктор Иванчиќ, новинар и писател, Хрватска Здравко Зима, есеист, колумнист и литературен критичар, Хрватска Славенка Дракулиќ, писателка и новинарка, Хрватска Борут Шепаровиќ, театарски режисер, Хрватска Дино Мустафиќ, режисер, Босна и Херцеговина Јасмила Жбаниќ, режисерка, Босна и Херцеговина Ненад Величковиќ, писател, Босна и Херцеговина Харис Пашовиќ, режисер, Босна и Херцеговина Ермин Браво, актер, Босна и Херцеговина Горан Самарџиќ, писател, Босна и Херцеговина Селма Спахиќ, режисерка, Босна и Херцеговина Дамир Узуновиќ, писател, Босна и Херцеговина Брацо Димитријевиќ, уметник, Босна и Херцеговина Сафет Зец, сликар, Босна и Херцеговина Денис Тановиќ, режисер, Босна и Херцеговина Драган Јовичиќ, актер, Босна и Херцеговина Драган Јовичиќ, актер, Босна и Херцеговина Златко Топчиќ, драмски писател, Босна и Херцеговина Амир Имширевиќ, писател, Босна и Херцеговина Алишер Сијариќ, композитор, Босна и Херцеговина Дејан Зориќ, актер, Босна и Херцеговина Јусуф, Хаџифејзовиќ, уметник, Босна и Херцеговина Мирјана Карановиќ, актерка, Србија Ленка Удовички, режисерка, Србија Горчин Стојановиќ, режисер, Србија Никола Ѓуричко, актер, Србија Александра Јовичевиќ, театролог, Србија Иван Чоловиќ, писател и издавач, Србија Биљана Србљановиќ, драмска писателка, Србија Слободан Шијан, режисер, Србија Милена Драгичевиќ-Шешиќ, професор, Факултет за драмски уметности, Србија Кокан Младеновиќ, режисер, Србија Егон Савин, режисер, Србија Бранко Цвејиќ, актер, Србија Радмила Лазиќ, поетеса, Србија Драган Великиќ, писател, Србија Божо Копривица, писател, Србија Дејан Мијач, режисер, Србија Никола Самарџиќ, историчар, Србија Бранка Петриќ, актерка, Србија Светислав Басара, книжевник, Србија Владимир Арсенијевиќ, писател, Србија Ива Милошевиќ, режисер, Србија Стеван Филиповиќ, режисер, Србија Лазар Стојановиќ, режисер, Србија Теофил Панчиќ, новинар, Србија Азем Власи, адвокат, Косово Елиза Хоџа, музички уметник, Косово Дорунтина Баша, драматург, Косово Енвер Петровци, глумец и режисер, Косово Зана Хоџа Красниќи, режисерка, Косово Ветон Нурколари, режисер, Косово Беким Љуми, режисер, Косово Куштрим Хоџа, актер, Косово Енѓелуше Морина, Иницијатива Косоварите за стабилност, Косово Душан Јовановиќ, режисер, Словенија Игор Мекина, новинар, Словенија Винко Модерндорфер, драматург, писател и режисер, Словенија Горан Војновиќ, книжевник, Словенија Марјан Стројан, поет, Словенија Јоспи Ости, поет, Словенија Радко Полич, актер, Словенија Вено Тауфер, поет, Словенија Мирослав Слана – Мирос, поет, книжевник и драматург, Словенија Вера Кржишник Букич, социолог и публицист, Институт за народносни прашања, Словенија Матевж Кривиц, правник и публицист, Словенија Тоне Першак, режисер и книжевник, Словенија Борис Везјак, филозоф, Педагошки факултет, Марибор, Словенија Ото Лутар, историчар, Истражувачки институт на Словенечката академија на науки и уметности, Словенија Младен Долар, професор, Филозофски факултет, Љубљана, Словенија Уршула Липовец Чеброн, антрополог, Филозофски факултет, Љубљана, Словенија Споменка Хрибар, писателка, Словенија Сергеј Флере, публицист, Филозофски факултет, Марибор, Словенија Метка Менцин Чеплак, социолог, Фракултет за општествени науки, Љубљана, Словенија Владо Михељек, социолог, Факултет за општествени науки, Љубљана, Словенија Алеш Дебељак, книжевник, професор, Факултет за општествени науки, Љубљана, Словенија Божо Репе, историчар, публицист, професор, Филозофски факултет, Љубљана, Словенија Светлана Слапшак, декан, ISH (Institutum Studiorum Humanitatis), Словенија Душан Неќак, историчар, професор, Филозофски факултет, Љубљана, Словенија Божидар Слапшак, професор, Филозофски факултет, Љубљана, Словенија Нежа Коговшек Шаламон, истражувач, Мировен институт, Словенија Андреј Розман Роза, актер, Словенија Јанез Јанша, актер, Словенија Давид Тасиќ, публицист, Словенија Милена Зупанчич, актерка, Словенија |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Vo zlochin ? |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зошто ? |
|||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ДА, ДА, ДА И ДА. Доста со криење на воскреснатите Хитлеровци позади "заштита на национални интереси" и социјал националистички идеи со убивања, силувања. Поздрав за иницијативата. Изменето од Buggyman - 09.Октомври.2011 во 18:58 |
|||
Homo homini lupus est...
|
|||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Интересно за читање
http://www.vaseljenska.com/misljenja/sta-srbi-moraju-da-znaju-da-bi-opstali/ (fascio)? Изменето од Buggyman - 10.Октомври.2011 во 11:28 |
|||
Homo homini lupus est...
|
|||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да интересно, тера на размислување, поготово што повеќето од работите таму наведени се многу слични и на нашите проблеми ако не и исти. |
|||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|||
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |