|
Научни вести |
Внеси реплика | страница <1 1011121314> |
Автор | ||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Која е најстарата зграда во светот?Најраната позната структура изградена од човечко суштества е круг од камени блокови, која се најдоѓа во Африка. Оваа "структура" се претпоставува дека е подигната уште од 1.750.000 п.н.е. Најстарите познати згради, серија на колиби со кои се наоѓаат камини, неодамна беа откриени во Франција. Меѓутоа, сето она што останало од овие згради се само нивните контури на земјата. Тоа не е изненадувачки, бидејќи тие можеби се изградени уште 120.000 п.н.е. Во 1980 година, некои од најстарите објекти беа откриени на островот Малта во Средоземното Море. Тие се храмови направена од плочи од варовник, а, веројатно, биле изградени пред 3000 п.н.е. Најстарите згради неодамна се откриени се во Еруду и Ур, античките градови во модерен Ирак, каде се уште има зграда која датираат уште од 5000 година п.н.е |
||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Verojatno najstarite gradbi se naogjaat pod voda.
Otkrieni se magelitni gradbi kaj Bimini (Atlantski Okean), vo Indija, vo blizina na Kuba, vo krajbrezhjeto na Japonskite ostrovi... za starosta na ovie potopeni gradovi mozhe samo da se pretpostavuva bidejkji ne samo shto za niv obichno ne postoi nikakva pishana referenca, tuku ne postoi nitu bilo kakvo chovechko pomnenje i predanie! Za niv se znae kolku shto se znae za nekoi eventualni gradbi na Mars. Istorijata na civilizaciite na nashava planeta cheka na fundamentalno revidiranje. |
||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Откриена планета погодна за живот
Планетата Gliese 581d, оддалечена околу 20 светлосни години од Земјата, доволно е топла да на неа може да постои вода во течна состојба, што ја прави погодна за постоење на живот, соопштија научниците. Планетата кружи околу ѕвезда која припаѓа на класата „црвени џуџиња“. Во овој систем во 2010-та година беше откриена уште една планета која била потенцијален кандидат за место на кое има живот. Таа го добила името Gliese 581g, но нејзиното постоење во меѓувреме беше доведено во прашање. Истражувачите сметаат дека условите кои владеат на оваа планета веројатно овозможуваат постоење на океани во течна вода, облаци и дожд. Доктор Вордсворд наведува дека објавените компјутерски симулации претставуваат прва дефинитивна потврда за постоењето на егзопланети на кои е можен живот. |
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Целосно затемнување на Месечината
Во среда, 15-ти јуни 2011, ќе имаме можност да проследиме целосно затемнување на Месечината. Затемнувањата на Месечината се случуваат во периодот кога нашиот природен сателит поминува во сенката која ја фрла Земјата. Бидејќи целосното затемнување на Месечината настанува кога Сонцето и Месечината се на спротивни страни од Земјата, следува дека затемнување на Месечината може да настане само при полна месечина. Но тука се поставува прашањето, зошто тогаш нема затемнување на Месечината при секоја полна месечина? Причината за тоа е што, гледано од Земјата, Сонцето и Месечината не се движат на небото на иста кружница, туку нивните привидни патеки им се наклонети за 5 аглови степени. Затоа, затемнување на Месечината (и на Сонцето) може да настане кога телата се наоѓаат приближно во пресечните точки на двете кружници (во влезниот и излезниот јазол). Да бидат работите уште малку покомплицирани, заради многу поголемите димензии на Сонцето во однос на Земјата, Земјата зад себе фрла сложена сенка која се состои од два дела, сенка (умбра) и полусенка (пенумбра). Целосно затемнување на Месечината, настанува кога Месечината целосно ќе навлезе во умбрата. Делумно затемнување настанува кога само еден дел од Месечината ќе навлезе во Земјината сенка, а пенумбрално затемнување се нарекува кога Месечината ќе навлезе само во полусенката од Земјата. Се разбира, најинтересно за набљудување е целосното затемнување. Но, на прв поглед изненадувачки, Месечината кога целосно се наоѓа во Земјината сенка сепак е видлива, но не во својата вообичаена светла бела варијанта, туку затемнета со различни нијанси на црвено. Причината и за тоа дека сепак стигнува некаква, црвенкаста, светлина до Месечината е Земјината атмосфера. Земјината атмосфера повеќе го расејува делот од спектарот на сончевата светлина кон сината боја, поради што останува црвената боја. Од истите причини небото на зајдисонце и изгрејсонце е со црвена боја. Дополнително на нијансите на црвената боја зависи и количеството прав во атмосферата – колку по правливо, толку по изразита црвена боја ќе има Месечината. Доколку Земјата би немала атмосфера, Месечината при целосното затемнување сосема би ја снемало. P1 - 19:24 – прв контакт на Месечината со полусенката од Земјата За крај |
||||||||||||
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Научниците откриле честички побрзи од светлината!Извор: ББЦФизичарите се збунети – брзината на светлината не е најбрза брзина! Уште од откритието на Алберт Ајнштајн брзината на светлината е константа во модерната физика. Сега тоа се менува. |
||||||||||||
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
A fino im govorese Nikola Tesla...
|
||||||||||||
Incredible Blue
|
||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Nobelovata nagrada za fizika ovaa godina ja dobivaat nauchnici koi otkrija deka vselenata ekspandira so kontinuirano zgolemuvanje na brzinata.
Postojano zgolemuvanje na brzinata ? Ako e tochna teorijata na Big Bengot, so koja se pretpostavuva deka Univerzumot se sozdal so edna praeksplozija, togash bi trebalo, spored zakonite na fizikata, pochetnoto zabrzuvanje da se namaluva so vremeto, a ne da se zgolemuva. Zgolemuvanjeto na brzinata na ekspandiranje implicira deka Univerzumov dobiva energija "od nekade". |
||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
od........gospod?
|
||||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
|
||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Што би се случило со Земјата доколку астероид ја уништи Месечината ?Со брзина од 13,5 километри во секунда, џиновски црн астероид ноќеска мина покрај нашата планета на поблиско растојание од Месечината.
Астрономите претходно рекоа дека можноста за удар во Земјата е никаква, но дури и кога ова тело би удрило “само“ во Месечината, Земјата би можела да стане безживотна планета во која би владеле силни ветрови и бранови високи преку осум метри.
Околу половина час по полноќ, карпа со пречник од 400 метри помина покрај нашата планета на растојание од само 325.000 километри, а највидлива беше во Западна Европа и Северна Америка.
Астероидот наречен 2005 YU55, што орбитира околу Сонцето, не ни се приближил толку близу веќе 200 години, а експертите тврдат дека во слична ситуација ќе бидеме во 2028 година.
“Нема никакви шанси да удри во Земјата, барем не во наредните неколку стотици години“, вели Ланс Бенер од НАСА.
Но, кога би дошло до судар со единствениот природен сателит во земјината орбита, Месечината, последиците би можеле да бидат катастрофални.
Професорот Нил Каминс, од Универзитетот во Мејн, направил “црна“ анализа, обидувајќи се да одговори на прашањето како би изгледала Земјата ако Месечината биде уништена во ваков космички судар.
“Нашата планета би се вртела околу својата оска побрзо отколку сега, затоа што тогаш единствено гравитационо влијание би примала само од Сонцето. Колку побрзо се врти планетата, толку се посилни и ветровите, а тоа можеме да го видиме на пример на Јупитер, на кој ветровите дуваат со брзина од 160 до 320 километри на час“, вели професорот Каминс.
Забрзаната ротација на планетата би довела до скратување на денот, па на нашата планета тој би траел само осум часа. Биолошките часовници на сите живи суштества би биле целосно несинхронизирани со новиот дневен циклус на планетата.
“Живот на планета слична на нашата, но која нема Месечина, можеби никогаш не би се развил или би се развивал ужасно бавно, многу подолго отколку што тоа трае на Земјата“, заклучува Каминс.
По уништувањето на Месечината би го изгубиле циклусот на плими и осеки, а тоа во одредена мера би предизвикало крај на животот во морињата и океаните. Ланецот на исхрана на Земјата би претрпел огромни промени, што најпосле, би имало негативни последици по човечката раса.
Изменето од емил - 09.Ноември.2011 во 12:33 |
||||||||||||
dedanoe
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 15.Октомври.2011 Локација: dedanoe city Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
dedanoe komeTata vo dvizhenje kon direkten sudir so centarot na Virgina Sun Sonceto... koga zemjata quakes togaj toa e zemjotres A koga univerzo quakes ondak e toa univerz-O-tres. za da mozhe da dojde do takvo nesho univerzotres mora da se protresat negovite matematicki fundamenti. dedanoe komeTata za svoj warhead go imat srceto na Star of David Z A V E T O _ N A _ E D E N _ D E D A _ S T A R _ E _ N O E V I O T _ Z A V E T http://www.youtube.com/watch?v=sWD71Sl1quY http://www.armageddononline.org/forums/threads/33775-dedanoe-comet-on-collision-course-with-his-Virgina-Sun se nadevame deka vi pomognavme vo izborot sho vkusno da zgotvite za denes... pa to nit Sigmund Freud ne go znait vaka... na doce-lost-itetelen nachin... slikovito... lost pokraj drugoto e i sistem od dve sochni maslinki ss edna rigidna chajna kubasica... abe on si e i sve i nisho i eno vishe i eno manje... пи чето на коки чето <|or shall me say|> коки чето на пи чето... "living compassion" is "yin-yang-feminine-masculine compass (if yin is in then yang is out and vice versus) that keeps on turning because its leverian trigonometric rotary matrix [[cos(+A),sin(-A)],[sin(+A),cos(-A)]] always has determinant equal to EDEN (MKD) <=> 1 (MATH) <=> ONE (USA) where EDEN is the life and so the compassion that is the business of this compass, is living"... living compassion is when Lama from Tibet comes to win my European Nobel Prize for Peace visa-vi what dedanoe from Macedonia goes to Beijing to win his Chinese Confucian Prize for Education... you scratch my back Lama and me scratches yours... the living thing in it is that Lama and dedanoe are merely the same EDEN (eden is the life). kneel only before the ones who in A single life time span manage to win both The Nobel Prize of west and The Confucian Prize of east (make them both be peace about) knowing full well how different are their definitions for good-vs-bad and war-vs-peace Изменето од dedanoe - 06.Јануари.2012 во 14:09 |
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
|
||||||||||||
MalcolmX
Група Регистриран: 11.Март.2012 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 70 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
НАСА ги разбива петте митови за катаклизмичното пророштво на Маите
Агенцијата НАСА објави видео кое ги побива толкувањата на пророштвата на Маите за крајот на светот кој би требало да се случи 21 декември, 2012 година. Научникот Дон Јиомнес од агенцијата понуди аргументи против најчестите митови за крајот на животот на Земјата. Многу луѓе веруваат дека на 21 декември, животот на Земјата ќе престане да постои, повикувајќи се на античкиот календар на Маите, кој наводно одеднаш завршува на тој датум. Меѓутоа, Дон Јиомнес, кој ја предводи програмата на НАСА за објектите во близина на Земјата, понуди аргументи кои ги разбиваат митовите за крајот на светот. 1.Крај на светот: Календарот на Маите завршува 21. 12. 2012. Јиомнес истакнува дека календарот на Маите не завршува 21 декември, туку дека тогаш само почнува нов циклус на време. - Се работи само за крај на еден циклус на пресметување на време и почетокот на друг. Исто како што кај нас еден циклус завршува на 31 декември, но први јануари почнува нов - објаснува Јиомнес. 2.Судир на Земјата со мистериозната планета Нибуру Еден од често споменуваните митови е тој за планетата Нибуру, чие постоење никогаш не е докажано. Имено, планета се приближува на Земјата и ќе се судри во декември. - Ако некоја планета навистина се приближува до нашата планета, ќе забележавме многу одамна. Илјадници астрономи секојдневно го набљудуваат небото, а не виделе ништо како неа. И ако случајно планетата била невидлива, без разлика, ќе ги забележевме нејзините гравитациони ефекти врз околните планети - рече Јиомнес. 3. Соларна бура, која ќе го збриши животот на Земјата Поддржувачите на претпоставките за крајот на светот, исто така, се плашат од соларни бури што, според нивното мислење, може да резултираат со масовна смрт на луѓе. Научниците велат дека таквите бури навистина постојат, но дека зрачењето не предизвикува штетни последици по здравјето. - Две големи соларни бури се случија само пред неколку дена, но тие се дел од нормалниот 11-годишен циклус на сонцето - наведува Јиомнес. 4 Крај на светот заради порамнување на планетите Следново сценарио за крајот на светот, вклучува огромна плима што ќе предизвика поплави во светот, а причината за високата плима, наводно, ќе биде усогласување на планетите. - Прво, во декември, планетите нема да се најдат во иста рамнина, па дури и ако тоа се случи, нема да има влијание врз плимата, затоа што на тоа не влијае ниту една планета, туку само Месечината и Сонцето - истакна Јиомнес. 5. Нарушување на ротацијата на Земјата и магнетните полиња - Оската на ротација во секој случај не може да се промени, затоа што ја стабилизира орбитата на Месечината околу Земјата - објаснува Јиомнес, побивајќи го митот за пореметување на ротацијата на нашата планета на 21 декември. Јиомнес истакнува дека магнетното поле се менува на секои половина милион години, но не постои доказ дека тоа ќе се случи во декември. Дури и ако тоа се случи, вели Јиомнес, не би имале никакви проблеми освен тоа што мораме повторно да ги подесиме компасите. Возвишениот Аллах во Куранот ни вели: „Те прашуваат за Крајот на светот: „Кога ќе се случи?“ Кажи: „Тоа го знае само Господарот мој, Тој во неговото време ќе го открие, а тежок ќе им биде на небесата и на Земјата, сосема неочекувано ќе ви дојде.“ Те прашуваат како да знаеш нешто за тоа. Кажи: „Тоа само Аллах го знае, но повеќето луѓе тоа не го знаат.“(Ал Араф 187) сликите ги има на следниов линк: http://www.povikkonvistinata.org/islam/index.php?option=com_content&view=article&id=859:2012-03-12-02-20-35&catid=67:2011-10-10-08-42-29&Itemid=118 |
||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Маите никогаш не прорекнале крај на светот. Тоа само си го претпоставуваат некои луѓе.
Ова е подфорум Наука, а не Вероисповед. Коментаров ти е напишан на погрешно место. Вероисповед не е наука. Како што некои веруваат дека Маите прорекнале крај на светот, така ти веруваш во оноа што е напишано во некои други писанија. |
||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 1011121314> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |