IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Традиционални занаети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Традиционални занаети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 21:38
Ликовно-естетски особености

Слика%206        Техничко-технолошките новини, кои во текот на развојниот пат на струшката керамика биле прифаќани, не ги гаснеле постојните новини или пак тоа се одвивало континуирано. Како резулатат на овој долг процес е заедничкото егзистирање едни покрај други - и постарите и поновите форми и техники на ликовна" обработка. Во тој контекст би кажале дека сите елементи, што се наследени или низ долг временски период преземувани од други култури, трпеле селекција и трансформација, така што, по ликовниот израз, не се разликуваат битно од другите гранки на материјалната култура што се развила на овие наши простори.
        Обликувањето на грнчарските садови и на керамиката во целина, е во доменот на креативната организација на ликовните содржини, односно визуелните елементи - форма, фактура, орнаментика и боја. Севкупната активност во оваа насока бара, пред сè, смисла за естетика, но и техничко-технолошко познавање на материјалите, што се употребуваат во изработка на земјените садови (глината, енгобите, боите и глазурите), не испуштајќи го од вид и печењето на готовите изработки.
Слика%207        Формата
е еден од битните елементи, која придонесува за одредување на стилските особености што ги носи керамиката од одреден грнчарски центар, упатувајќи притоа на нејзиното регионално потекло, работилница и временска рамка. Взаемната поврзаност на формата и функцијата е уште еден битен елемент, карактеристичен за уталитарната керамика, што значи дека тука формата е подредена на функцијата и, како таква, таа не егзистира надвор од нејзините рамки. Струшката керамика, особено онаа од постар датум, се одликува со монументалност10. Основните форми на оваа глеѓосана керамика упатуваат, без двоумење, на влијание од античката и византиската керамика".11
        Фактурата
или решавањето на површината на своите изработки, струшките грнчари ја правеле, задржувајќи ги секогаш природните особености што ги пружа глината, глеѓта, односно глазурата "зод", така што тие елементи секогаш останувале препознатливи и визуелно и структурно. Постигнување визуелни ефекти, по пат на имитирање друг вид материјал (дрво, камен, метали сл.), кај струшката керамика не е забележано.
Слика%208        Орнаментиката
, односно орнаменталната декорација е директно подредена на формата и заедно со неа прави ликовна целина и вредност. Орнаментот е основен мотив на нејзиното украсување, кој во својата композициска суштина кај струшката керамика е најчесто геометриски или флорален, а поретко зооморфен. Тука струшките грнчари, во извесна смисла, повторно користат некои стари мотиви и орнаменти и приспособувајќи ги на своите изработки, наоѓаат своја сопствена средина и мера. Орнаментот врз овие садови се јавува како самостоен елемент или како композиција, во форма на фриз или пак како некоја друга композициска структура.
Слика%209        Геометриско-линеарната орнаментика12 чии елементи се: линијата едночлена, двочлена или повеќечлена, права, кружна, или брановидна (таласеста), вертикалните и коси цртички, кружни и точкасти убоди13, и перфорации, ја наоѓаме како декорација на земјените садови од типот "киселинарка", кај еден сад за вино од типот "авланка". На оваа орнаментика припаѓаат и релјефните обрачи "чембери", кои, кај струшките земјени садови за чување зимница од типот "ќуп" (врчви) и кај масивните бардаци за чување ракија, претставуваат пластична обработка на површината, чија улога, освен декоративноста, е и зголемување на цврстината на ѕидовите на садот. Освен големината, кај струшката керамика е застапена и флоралната орнаментика - палмата и лозица, цвеќе, дрво и сл.
        Палмата и лозицата14 како орнаментален мотив во неколку варијанти на композициска подреденост, во зграфито техника15, се присутни кај керамиката од манастирот "Св. Јован Бигорски", која се состои од садови за вино и ракија со различна големина, работени, веројатно, од струшки мајстори во периодот од 1851-1907 година. Во тој контекст би посочиле и на неколку садови за вино и ракија со идентична орнаментика и, исто така, идентична техника на изведба а кои биле употребувани во с. Галичник - Дебарско.
Слика%2010        Според ликовно-естетските и стилски особености и периодот во кој настанале (1853-1890), сметаме дека и овие садови се дело на мајсторите кои ја работеле и керамиката од манастирот "Св. Јован Бигорски", односно потекнуваат од иста работилница. Мотивот палмата во комбинација со венец и испишан текст, на грчки јазик, изведени со "врежана" техника, го наоѓаме кај еден бардак за ракија во форма на традиционална струшка "киселинарка", датиран 1851 година.
        Цвеќето е еден од најомилените мотиви на македонските грнчари. Во струшката керамика тој мотив не е многу користен. Го наоѓаме како комбинација со мотивот "палмета" кај претходно споменатата керамика, потоа како сСлика%2011амостоен орнамент кај едно "барде" со натпис "Д. Миладинов", како фриз и ромбоидни композиции од повеќе втиснати цветови кај еден "ќуп со чембери" и натпис, датиран 1858 година, кај едно "дударе" со свирче, исто со постар датум, како и кај неколку други садови.
Слика%2012        Претставата на "дрво" и "гранки" - "ветки" како орнаментален мотив, даден самостојно или во композиција со други мотиви и елементи со боја или со бела земја, во техничка "возено", е карактеристична орнаментика на садовите за вода "барде", "дуле" и "стомне" и на садовите за вино од типот "сафа", кај струшката керамика од понов датум.
        Зооморфните претстави како орнаментални мотиви се помалубројни во однос на другата орнаментална декорација, застапена кај струшката керамика. Традиционалниот мотив "пиле" со две глави - двоглав орелСлика%201316, го наоѓаме кај земјените шаралки за обредни лебови - "гугушки".
        Претставата на "змија"17 како зооморфен мотив ја наоѓаме кај неколку садови за вода со култен карактер и кај еден сад за вино од типот "авланка", чија рачка е во вид на змија. Стилизацијата на куче, ја има само на еден земјен сад за вода, веројатно со обредна функција.
        Во рамките на орнаменталната декорација кај струшката керамика, особено кај онаа од постар датум, наидуваме на "крст" - кој како соларен симбол го изгубил ирвобитното значење и тука претставува само верски симбол. Наидуваме и на испишани пораки, посвети, датуми и години, особено години на изработката на садот, и место: на гСлика%2014радот Струга, Долен Дебар, името на мајсторот, или нарачувачот и слично. Овие податоци како многу драгоцени за идентификација за овој керамички материјал, упатуваат на факторот дека овие грнчари не само што биле писмени, туку тие го знаеле грчкиот јазик, односно грчкото писмо. Во таа смисла сите индиции на оваа датирана керамика, што е настаната во периодот 1851 - 1905 година, која се чува во Етнолошкото депо на музејот на Македонија, наведува на фактот дека таа е дело на грнчарите од родот Миладиновци и Голабовци.
        
        *****
        
Слика%2015        Завршувајќи го овој труд, а според изнесените податоци, можеме да го изведеме следниот заклучок. Имено, струшката керамика како производ на струшките грнчари, се одликува, пред сè, со монументалност и складност, изразена преку убавите форми, извонредно изведената орнаментална декорација, присутна особено кај керамиката од постар датум, односно од XVIII - XIX век.
        Струшките грнчари "стомнари" биле надалеку познати како добри мајстори кои, освен во Струга, работеле и во Дебар, Корча и Елбасан. Меѓу нив најстари и најпознати грнчарски родови се Миладиновци и Голабовци. Освен нив со грнчарство се занимавале и Милевци и Аџиевци.
        Условени од техничко-технолошките можности што ги пружила глината како суровина, боите и нијансите на металните оксиди, оловната глазура "зод", заедно со земјените бои "енгоби", овие струшки грнчари успеале преку нивните взаемни односи да направат извонредни керамички предмети, изразувајќи ги преку нив својата творечка мисла, инвентивност, своите суптилни естетски чуства, присутни во севкупниот процес на креативната мисла.
Слика%2016        Во тој процес, композициската организација на сите елементи што ги чинат ликовно-естетските содржини - формата, фактурата, орнаменталната декорација и бојата, изразуваат хармонија, во поглед на визуелната рамнотежа и пропорција и меѓусебна складност

_________________________________________

10. Вера Кличкова, Грнчарството во Македонија, каталог за изложба, во Титов Велес, Етнолошки музеј, Скопје 1968.
11. Исто дело.
12. Д-р Милоје Васић, Стара српска налазишта, Старинар I, Беогр. 1906, 77-78, Старинар II, 27, Лубор Нидерле, Словенске старине, Нови Сад 1954, 244-248. (Укажуваат дека повеќето научници сметаат дека формата на садовите, употребата на правата и брановидната линија, како орнаменти потекнуваат од провинцијалната римска керамика, кои Словените ги примиле заедно со грнчарското колце и ги адаптирале).
13. Аналогија со овие елементи и композициски структури како орнаментални мотиви и со нивната техничка изведба, наоѓаме кај средновековната кујнска керамика, најдена на локалитетите во Прилеп, (Бошко Бабиќ, Материјалната култура на Македонските Словени во светлината на археолошките истражувања во Прилеп, Прилеп 1986, 286-292, и Гордана Манојловић Вујовић, Керамика раносредњевековна од /Х-Х1 вск, Историја примењене уметности код Срби, том I, Београд 1977, 16-17, табла IV.
14. Следејќи ги наодите од византиската керамнка и поврзувајќи ја истата со локалпата, М. Бајаловић - Хаџи Пешић, укажува дека орнаменталните мотиви "Палмета" и "Лозица", заедно со други флорални мотиви и претстави на птици и животни, на територијата на Македонија, односно на јужните делови на средновековна Србија, дошле преку Средоземниот Базен (Марија Бајаловић-Хаџи Пешић, исто дело, 24.
15. Појавата на "зграфито" техника се поврзува за пренесување на "тореутиката" од металот на керамиката. Нејзините први појави се забележени во Персија и Заткавказјето во 1Х-ти век, за да го опфатат во идните векови целиот Бизок Исток и Византија, од каде што, благодарение на трговските врски на Венеција со Исток, допреле до средоземјето и станале универзални на овие простори во периодот од 12-15 век. (исто дело, 24).
16. "Двоглав орел" како декоративен елемент со симболично значење се појавува на уметничките споменици кај Сумерите, Хетитите, Туркестан, Во Византија се употребува од Х-ти век како орнамент на дворска облека. Во ХII-век, со ирачко и сицилијанско потекло, се појавува "двоглав орел" на кого двете глави му излегуваат од еден врат. (Добрила Стојановић, Тканине, Историји примењене уметности код Срба, Београд, 1977, 294, Бојана Радојковић, Метал средњевековни, исто дело, 88, Загорка Јанц, Орнаменти зидног сликарства, исто дело, 267, .Јован Ковачевић, Средњевековна ношња код Балканских Словена, САНУ, Београд, 1953, 201-205. Смиљка Габелић, Нови податак о севастократској титули Јована Оливера у време сликињи Лесковског наоса, "Зограф" Београд, 1980,59 Во етнолошкиот материјал, односно во керамиката "двоглав орел", како мотив, до денес е запазен во Косово на земјените шаралки за култни лебови, познати под името "тепсичии". (Персида Товић, Грнчарство у Срвији, Каталог за изложба, Београд 1982, 25, како и кај други примероци од понов датум).
17. Сребрица Кнежевиќ, претставата на змијата на садовите за течност ја поврзува со водата, со змиулестиот тек на реките, а според друго толкување, претставата на змпја на садовите за течност би требало да означи дека водата е "пивка и ладна како што е и змијата ладна". (Сребрица Кнежевић, Лик змије у народној уметности и традицији Југословена, ГЕМ, 22-23, Београд 1960).

        Текстот е преземен од списанието за наука и култура "ИЗВОРНИК" - 1997, Струга
        Друштво за наука и уметност "Браќа Миладиновци" Струга

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 21:52
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 21:52
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 23:54

Икони на ќерамиди

Во село Смолани, оддалечено 30-на километри од Прилеп, необичен уметник се занимава со необична уметност - цртање икони на ќерамиди. А приказната да биде уште понеобична, неговиот изложбен простор не е луксузен салон, туку селското гумно, каде иконите се „изложени" на стариот, 200 годишен даб.
Можеби залепени фотографии од светец, но сликање икони на ќерамиди ретко кој изработува - барем така вели 50-годишниот пензиониран пилот Љупчо Колевски, кој за себе вели дека е можеби единствен во создавањето на овие необични уметнички творби.
Ќерамидата е „дива" за обработка, па потребни се 40 часа за изготвување на една икона, раскажува Љупчо:
-„Затоа што морате да ја припитомите ќерамидата. Морате да ја подготвите да ги прима боите. Ќерамидата знае да биде непослушна. Колку и да се трудите, не ги прима боите и не сака да ги прикаже оние нијанси кои вие ги сакате. Премногу труд имам вложено. Една грешка е катастрофална. Ова е филигранска работа. Една грешка и овде нема исправка.“
Температа е основната боја што ја користи уметникот, иако ќерамидата тешко ја прима, а најобработен лик му е Мајката Божја:
Неговиот изложбен салон, верувале или не, е стариот 200 годишен даб и околните дрва на кои се прикачени иконите:
Тој се надева дека неговата изложбата на отворено кај гумното на село Смолани ќе ја видат многу очи а не само неговите шест соселани. Таа останува тука и на дожд и на сонце:
-„Јас давам гаранција сто години. И лани беа оставени иконите и на дожд и на сонце и гајле нема. Иден ангажман да творам, творам и само да творам се’ додека ме држат очите" - посака Љупчо Колевски и продолжи со сликање икона на ќерамида.........................аплауз
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 17:33
http://fodi.frubar.net/files/5C3E1C9C-5065-CE46-979E-01504A167BD9.jpg
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 17:42
ТАПАН
 
 
Тапанот е Македонски народен иструмент направен од буково,оревово или костеново дрво и покриен со штавена овча или козја кожа од двете страни. Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со јажиња кои дијагонално одат од едниот до другиот обрач.

Тапанот се свири со две посебни палки:кукуда и прачка.

Кукудата се прави од оревово дрво и по облик е нешто налик на луле. Прачката пак е тенка, и обично се прави од дрен или врба.

Тапанџијата го чува тапанот нарамен со ремен во малку наведната положба за да може да удира со кукудата од едната страна, а со прачката од другата. Овој начин на свирење резултира во мешавина од длабоки и високи звуци, со комплексен ритам и непредвидлив ритмички израз.

Тапанот ретко се користи како соло инструмент. Обично се свири заедно со други инструменти, особено со зурли.

Тапанот е предвиден да ја издржи тежината на возрасен човек при изведбата на народни игри и ора. Кожите се затегаат со нагорно повлекување на јажињата, едно по едно.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2010 во 15:03
2009-02-272009_0103%28015%29.JPG
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2011 во 16:18
http://www.glassrbije.org/srbija/sites/default/files/u3/zlakusa-grncarija.jpg
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2011 во 23:58
a,koj ushte moze da (pre)zivee od toa,...so glina da se  bavi?!изненадувањезбунетост
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2011 во 04:54
Originally posted by brza brza напиша:

a,koj ushte moze da (pre)zivee od toa,...so glina da se  bavi?!изненадувањезбунетост


само тој што има памет...
денес и од прашина, (да не кажам од ништо), може пари да правиш
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2011 во 13:32
pa, od prashina moze i moze,ama od grncharija  teshko....barem tuka!намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.