IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Право
  Активни теми Активни теми RSS - Закон за дивоградбите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Закон за дивоградбите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
bucebbb Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bucebbb Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2011 во 04:37
investitorot si gi prodade stanovite taka da vo momentov nema pola zgrada nego dva stana od koj eden e divogradbata sto vi kazuvav a jas poseduvam tri stana so imoten list vo istata zgrada e sega ako on moze sam da go legalizira stanot zasto od mene bara soglasnost???a zemjisteto treba da se transvormira toes da go kupime od drzavata edna tretina e moe a dve tretini e negovo...no da nedolzam mnogu posto on bara soglasnost dali jas imam pravo za taa soglasnost da si baram pari kako ostetena strana zasto on svesno izgradil poveko odkolku sto teba pri toa da ne se konsultira so mene...pa zatoa mislam deka treba da plati ako saka soglasnost toes moj potpis...toa e toa
Кон врв
bucebbb Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bucebbb Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2011 во 04:39
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by bucebbb bucebbb напиша:

AJ neka mi kaze nekoj ako znae za zakonot za zgradi za legalizacija na stan zgradata e napravena so investitor a zemjisteto bese moe znaci ijas imam 30% od objektot e sega istiot investitor bez moja dozvola i znaenje si dogradil uste eden stan sto vo toj slucaj?


Во договорот кој сте го склучиле со инвеститорот, верувам е наведено дека во замена за правото да се изгради нешто на земјиштето ви е дадено нешто, бидејќи не би можел инвеститорот без ваша согласност да гради на тоа земјиште. Дури и земјиштето да било на Република Македонија, а вам да ви било дадено во трајно користење, нема значение. Сега истото земјиште ќе може да го трансформирате.

Во однос на доградбата, доколку се догради нешто на објект кој е во етажна сопственост на повеќе сопственици, за истото одлучува мнозинството сопственици на посебните делови од зградата, кои претставуваат повеќе од половината на вредноста на зградата. Ако инвеститорот поседува повеќе од половина од вредноста на зградата, тогаш нема никаков проблем.
Кон врв
amela86 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Мај.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај amela86 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 15:49
me interesira imame eden problem vo familija vo 1971 babami sudski mu prepisala na tatko mi da gradi vo sklop so kukata 8 metri no na toa mesto deneska cicko mi ima izgradeno soba ne e legalizarana vo katastar dali moze da se srusi toa so dokummentot sto go imame???
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2011 во 20:52
Originally posted by amela86 amela86 напиша:

me interesira imame eden problem vo familija vo 1971 babami sudski mu prepisala na tatko mi da gradi vo sklop so kukata 8 metri no na toa mesto deneska cicko mi ima izgradeno soba ne e legalizarana vo katastar dali moze da se srusi toa so dokummentot sto go imame???


Дали Вашата баба му препишала земјиште на татко Ви во вид на дар или му дала дозвола за градба? Доколку тоа земјиште е ваше, мошне е важно кога и на кој начин вашиот чичко ја изградил таа соба. Ако можете, објаснете кога и како се случило сето тоа.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2011 во 15:37
Кон врв
Morfeus Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Morfeus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2011 во 16:45
Дали овиј закон важи за викендици, надвор од урбанизирани зони, каде нема ДУП-ови?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2011 во 15:05
Originally posted by Morfeus Morfeus напиша:

Дали овиј закон важи за викендици, надвор од урбанизирани зони, каде нема ДУП-ови?


Согласно текстот на законот, овој закон се однесува на сите бесправно изградени објекти.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2011 во 21:00
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2011 во 19:21
Извор од денешен ВЕСТ, со законот за дивоградби луѓето се натерани да се пријават,а сега наводно ќе им се уриваат градбите,кои немало да се легализираат,односно

Градоначалниците од Владеачката партија ќе го користат ова за притосок пред претстојните Локални избори во 2013г.

П.С. У ште една работа не е јасна ,а со оваа мерка многу граѓани се ОГРАБЕНИ.

Знаеме дека има многу градби стари по 20-30 години,во УРБАНИЗИРАНИ средини и слично,исто и тие се глобат на овој начин,НО

Законот за СОПСТВЕНОСТ има член во кој посочува секоја градба која е Непланска ,а поминало 10 години од градењето и е ВОН урбана средина(такви ги има многу во градовите),ЗАКОНСКИ треба да биде запишана во сите службени книги и да им се даде ИМОТЕН лист на СОПСТВЕНИЦИТЕ.


Изменето од Gorazd777 - 29.Септември.2011 во 19:24
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2011 во 23:09
Originally posted by Gorazd777 Gorazd777 напиша:


Извор од денешен ВЕСТ, со законот за дивоградби луѓето се натерани да се пријават,а сега наводно ќе им се уриваат градбите,кои немало да се легализираат,односноГрадоначалниците од Владеачката партија ќе го користат ова за притосок пред претстојните Локални избори во 2013г.


Доколку лицата кои се сопственици на такви објекти навремено поднеле барање немаат зошто да се плашат. Тие поседуваат доказ за тоа, издаден од соодветната институција и нема теоретски шанси нивниот објект да биде урнат. Доколку се случи тоа, тогаш тие имаат право на судска заштита на нивните права. А во таков случај, не мислам дека ќе има судија кој би се дрзнал да пресуди спротивно на правата на тужителот, затоа што таквате пресуда лесно ќе биде поништена на Апелационен суд и вратена на повторно судење.

Originally posted by Gorazd777 Gorazd777 напиша:


П.С. У ште една работа не е јасна ,а со оваа мерка многу граѓани се ОГРАБЕНИ.Знаеме дека има многу градби стари по 20-30 години,во УРБАНИЗИРАНИ средини и слично,исто и тие се глобат на овој начин,НОЗаконот за СОПСТВЕНОСТ има член во кој посочува секоја градба која е Непланска ,а поминало 10 години од градењето и е ВОН урбана средина(такви ги има многу во градовите),ЗАКОНСКИ треба да биде запишана во сите службени книги и да им се даде ИМОТЕН лист на СОПСТВЕНИЦИТЕ.


Не е баш така како што говориш. Имено, согласно член 121, став 3 од Законот за сопственост и други стварни права, доколку градбата е изградена без одобрение за градба, а истата е изградена на земјиште за кое не постои урбанистички план, а надлежниот орган утврди дека од изградбата на објектот поминале десет и ја потврди градбата со одобрение за градење, градителот стекнува сопственост со упис во јавната книга за запишување на правата на недвижностите, ако со посебен закон поинаку не е определено.

Бидејќи самиот член пропишува дека истиот се применува освен доколку со посебен закон поинаку не е определено, тоа значи дека истиот член ќе се примени доколку не постои посебен закон кој се однесува на градење без одобрение за градба. Бидејќи таков закон се донесе, а тоа е Законот за постапување со бесправно изградените објекти, ќе се применат одредбите од тој закон ,а не од овој, кој во случајот со легализацијата е општ, а не посебен закон.

Начинот на кој овој член пропишува негова примена е согласно со едно од правилата за толкување на правните норми, а тоа е lex specialis derogat lege generalis (посебниот закон го дерогира општиот закон), односно во случајов одредбите од Законот за постапување со бесправно изградените објекти ја дерогираат одредбата од ЗСИДСП.

Ова е сосема нормално нешто и не станува збор за никаков грабеж.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2011 во 01:51
Добро е тоа кажано од твоја страна и јас и го поставував ,како прашање,но тука има една дилема,што се случувало до сега зошто граѓаните биле обесправени и не БИЛЕ ЗАПИШАНИ(нивните ИМОТИ) во тие книги,туку едноставно се посегна на ваков начин на ГРАБЕЖ,затоа што во УСТАВОТ мислам дека има одредба ,каде што за граѓанинот се зема по поволното толкување на член од законите,тогаш навлегуваме во зборот за РЕТРОАКТИВНОСТ,а како што гледам ДРЖАВАТА(ОВАА АРАМИСКА ВЛАСТ),си зема кога и е незе по поволно и си тумачи на сопствен начин,а на штета на ГРАЃАНИНОТ,од тука произлегува и НЕГРИЖАТА на оваа држава спрема обичниот човек односно неговото целокупно живеење.
Значи овде добро е кажано според правните норми,овој закон НЕ ТРЕБА да важи за овие граѓани(ДА НЕ СЕ ОГРАБУВААТ),тоа важи за градбите на ОВАА АРАМИСКА ВЛАСТ и нејзиното ДИВО ГРАДЕЊЕ.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2011 во 17:35
Originally posted by Gorazd777 Gorazd777 напиша:

Добро е тоа кажано од твоја страна и јас и го поставував ,како прашање,но тука има една дилема,што се случувало до сега зошто граѓаните биле обесправени и не БИЛЕ ЗАПИШАНИ(нивните ИМОТИ) во тие книги,туку едноставно се посегна на ваков начин на ГРАБЕЖ,затоа што во УСТАВОТ мислам дека има одредба ,каде што за граѓанинот се зема по поволното толкување на член од законите,тогаш навлегуваме во зборот за РЕТРОАКТИВНОСТ,а како што гледам ДРЖАВАТА(ОВАА АРАМИСКА ВЛАСТ),си зема кога и е незе по поволно и си тумачи на сопствен начин,а на штета на ГРАЃАНИНОТ,од тука произлегува и НЕГРИЖАТА на оваа држава спрема обичниот човек односно неговото целокупно живеење.Значи овде добро е кажано според правните норми,овој закон НЕ ТРЕБА да важи за овие граѓани(ДА НЕ СЕ ОГРАБУВААТ),тоа важи за градбите на ОВАА АРАМИСКА ВЛАСТ и нејзиното ДИВО ГРАДЕЊЕ.


Досега граѓаните не се ни обидуваа да ги легализираат своите градби и да ја искористат можноста од одредбата во ЗСИДСП.
Ретроактивноста со Устав е забранета, освен доколку не е поповолна за граѓанинот, при што во Уставот се нагласува дека тоа е исклучок, а не правило.

Во конкретниот случај, ќсе се примени правилото lex specialis derogat lege generali и со тоа се решава секој случај кој е предвиден во самиот закон. Право да се повикаат на ЗСИДСП имаат оние кои започнале со легализација на објектите пред донесување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Но, такви во Македонија мислам дека нема.

Затоа ќе повторам, нема никаква забуна, ниту грабеж ниту нешто слично. Се е јасно и во согласност со правните прописи.

Изменето од Македон - 04.Октомври.2011 во 17:36
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2011 во 01:30
Не знам можеби си Судија,но како таков чисто се сомневам дека ќе седнеш да дискутираш овде со нас(поради време).
Ако не се разбравме добро,РЕТРОАКТИВНОСТА може да се примени ако е поповолен законт за СТРАНКАТА,тоа го имам доживеано судски и така го толкуваа СУДИИТЕ,затоа е УСТАВОТ за заштита, од тука проузлегува,а каде е грабежот и лажењето.

КАКО и многу други постапки(пример смрт на човек,МВР издава УМРЕНИЦА,постапка за другите работи ако не почне семејството,ДРЖАВАТА КОЈА МОРА ПО СЛУЖБЕНА должност дас ги заврши работите,но не ги брка обврските),затоа и ова го велам,јас познавам ГРАЃАНИ(кои имале постапки) и ,ДА ИМАШЕ ПОСТАПКА;ПА САМО ПРЕД ОВОЈ ЗАКОН И СЕУШТЕ ТРАЕ ,ПОСТАПКАТА ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ДВОРНИТЕ МЕСТА.Така странките кои вадеа документи меѓу другото земаат документи за самите куќи или станови и тука државата(лок.сам.)им посочува што е потребно,односно се гледа дека ТИЕ ГРАДБИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАПИШАТ ВО КНИГИТЕ ЗА СОПСТВЕНОСТ И ТИЕ ГРАЃАНИ ДА СЕ ИЗЗЕМАТ ОД ТРОШОЦИ.

ПА ДА ПОЈАСНАМ ,веќе се побарани такви постапки,но државата до крај НЕ ГИ УПАТИ ГРАЃАНИТЕ(ОНИЕ КОИ ИМААТ ИЗГРАДЕНО ИЛИ КУПЕНО СТАНОВИ пред 20-30 години) и ПО РАЗНИ ОСНОВИ БИЛЕ НЕПЛАНСКИ(тука има ПОСЛЕДИЦА САМИОТ РЕЖИМ,ЗНАЕМЕ КАКО СЕ ИЗЖИВУВАА ТОГАШНИТЕ ВЛАСТИ ОКОЛУ ДОЗВОЛИТЕ ЗА ГРАДБА)да си ги запишат своите имоти,ТУКУ

ГИ стави заедно со НИВНИТЕ ДРЖАВНИ ДИВИ ГРАДБИ И НА МАЛА ВРАТА ГО СТАВИ ОВОЈ ГРАБЕЖ.

ЗНАЧИ ДА СТАВИМЕ КРАЈ, СТАНУВА ЗБОР ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ,а НЕ ЗА ЗАШТИТА НА ГРАЃАНИТЕ СПОРЕД СИТЕ ЧОВЕКОВИ И ДЕМОКРАТСКИ ПРИНЦИПИ,КАКО ВО ПАМЕТНИТЕ ЗЕМЈИ.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2011 во 12:23
Originally posted by Gorazd777 Gorazd777 напиша:

Не знам можеби си Судија,но како таков чисто се сомневам дека ќе седнеш да дискутираш овде со нас(поради време).



Јас сум само дипломиран правник. Не сум ниту судија, а и да бев, тоа не менуваше ништо во дискусијата, затоа што тоа што некои станале судии не значи дека не треба да дискутираат со другите луѓе, па и да им помогнат.

Originally posted by Gorazd777 Gorazd777 напиша:


Ако не се разбравме добро,РЕТРОАКТИВНОСТА може да се примени ако е поповолен законт за СТРАНКАТА,тоа го имам доживеано судски и така го толкуваа СУДИИТЕ,затоа е УСТАВОТ за заштита, од тука проузлегува,а каде е грабежот и лажењето.



За да се разбереме добро, за да дојде до примена на ретроактивноста, треба прво да разјасниме што е тоа ретроактивна примена на закон. Тоа е примена на новиот закон за регулирање на правни односи кои настанале пред донесување на истиот закон. Во конкретниот случај новиот закон е токму Законот за постапување со бесправно изградени објекти. ЗСИДСП воопшто не е нов закон. Тој закон е донесен во 2001 година, започна да се применува шест месеци подоцна истата година и воопшто не може да говориме за некакво ретроактивно негово дејство.

И не треба да заборавиме дека ретроактивноста е исклучок, а не правило. Истотака, треба да споменеме дека таа се применува ако е поповолна за граѓаните. Со тоа што Законот за постапување со бесправно изградени објекти овозможува легализација за поефтина цена, тој е далеку поповолен од ЗСИДСП, каде што легализацијата би била спроведена по доста повисока цена, а да не говориме дека локалната власт има многу поголеми овластувања и согласно тој закон, самата може да одлучи дали ќе даде дозвола, или ќе пристапи кон уривање. Тоа значи дека тој закон е далеку понеповолен, затоа што ги става граѓаните пред свршен чин, а на локалната власт и остава можност за арбитрарно решавање на случаите.

Бидејќи во конкретниов случај нема место за ретроактивност, нема место и за толкување од страна на судиите, бидејќи за да се случи тоа толкување на законот, треба да бидат исполнети условите кои и самиот Устав ги предвидува.

Originally posted by Gorazd777 Gorazd777 напиша:


КАКО и многу други постапки(пример смрт на човек,МВР издава УМРЕНИЦА,постапка за другите работи ако не почне семејството,ДРЖАВАТА КОЈА МОРА ПО СЛУЖБЕНА должност дас ги заврши работите,но не ги брка обврските),затоа и ова го велам,јас познавам ГРАЃАНИ(кои имале постапки) и ,ДА ИМАШЕ ПОСТАПКА;ПА САМО ПРЕД ОВОЈ ЗАКОН И СЕУШТЕ ТРАЕ ,ПОСТАПКАТА ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ДВОРНИТЕ МЕСТА.



Трансформацијата на дворните места се врши според друг закон, а тоа е законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.
За смртовницата си во право, затоа и некогаш судот не започнува навреме со оставинските постапки, па семејството на починатиот треба да пишува предлози за истата да почне.

Originally posted by Gorazd777 Gorazd777 напиша:


Така странките кои вадеа документи меѓу другото земаат документи за самите куќи или станови и тука државата(лок.сам.)им посочува што е потребно,односно се гледа дека ТИЕ ГРАДБИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАПИШАТ ВО КНИГИТЕ ЗА СОПСТВЕНОСТ И ТИЕ ГРАЃАНИ ДА СЕ ИЗЗЕМАТ ОД ТРОШОЦИ.

ПА ДА ПОЈАСНАМ ,веќе се побарани такви постапки,но државата до крај НЕ ГИ УПАТИ ГРАЃАНИТЕ(ОНИЕ КОИ ИМААТ ИЗГРАДЕНО ИЛИ КУПЕНО СТАНОВИ пред 20-30 години) и ПО РАЗНИ ОСНОВИ БИЛЕ НЕПЛАНСКИ(тука има ПОСЛЕДИЦА САМИОТ РЕЖИМ,ЗНАЕМЕ КАКО СЕ ИЗЖИВУВАА ТОГАШНИТЕ ВЛАСТИ ОКОЛУ ДОЗВОЛИТЕ ЗА ГРАДБА)да си ги запишат своите имоти,ТУКУ
ГИ стави заедно со НИВНИТЕ ДРЖАВНИ ДИВИ ГРАДБИ И НА МАЛА ВРАТА ГО СТАВИ ОВОЈ ГРАБЕЖ.

ЗНАЧИ ДА СТАВИМЕ КРАЈ, СТАНУВА ЗБОР ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ,а НЕ ЗА ЗАШТИТА НА ГРАЃАНИТЕ СПОРЕД СИТЕ ЧОВЕКОВИ И ДЕМОКРАТСКИ ПРИНЦИПИ,КАКО ВО ПАМЕТНИТЕ ЗЕМЈИ.



Согласно ЗСИДСП, а и другите прописи, граѓаните воопшто не беа изземени од трошоци. Напротив, трошоците беа доста поголеми.
Не случајно, кога се донесе новиот закон, голем дел од граѓаните кои ги легализираа објектите според одредбите од ЗСИДСП, сметаа дека се онеправдани, бидејќи нивните трошоци биле значително поголеми.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,345 секунди.