IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Остров Закинтос
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Остров Закинтос

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2011 во 09:31
 

Најјужниот од јонските острови, последните години веројатно е еден и од најпосетените грчки острови од страна на македонските туристи. Неговите убавини веќе не се тајна за вљубениците во морето, природата и добрата забава. Надалеку познат по убавите и чисти песочни плажи, идилични и скриени заливи, прекрасни туристички места со богата и разновидна понуда. Долж бреговите се простираат овошни плантажи, виногради и насади под маслинки, кои остовот го карактеризираат како богат со прекрасна флора надополнета со преку 7500 видови на цвекиња. Неговиот рељеф на исток се карактеризира со благи падини, кои се спуштаат кон морето и песочните плажи, а на западната страна завршува со камени и високи карпи надвиснати над морето. Островото Закинтос, иако ориентирано кон развиениот туризам, сепак ја задржало еколошката заштита на сопствената природа. Во негова непосредна близина се наоѓаат и помали островчиња меѓу кои и на далеку познатото Маратониси или островото на желките. Имено на ова мало островче скриено од допирот на цивилизацијата, сеуште доаѓаат голем број на морски желки од загрозениот вид – “Карета”, кои тука во песокта на неговите плажи ги полагаат своите јајца од кои подоцна се излегуваат нивните мали желки. Главен град на островото е Занте, кој претставува и главно пристаниште на островото. Неговото население (преку 40.000 жители) му дало белег низ неговата долгогодишна историја, како град кој се карактеризира со исклучително богат и специфичен колорит. Влијанието на другите култури низ неговата историја, придонеле и денес да се разликува по својата специфична архитектура, особено присутна низ објектите во главниот град. И покрај големиот земјотрес во 1953 година, Занте е целосно обновен со голема посветеност токму на неговото население. Денес е вистински медитерански бисер и еден од најактуелните грчки острови во јонскиот архипелаг. Плажата Navagio е една од најубавите плажи на островото Закинтос. Самата плажа воедно е и една од петте најфотографирани плажи во цела Грција. Се наоѓа на западниот дел од островото и до неа е можно да се дојде само со чамец или со брод. Во нејзина непосредна близина се наоѓа селцето Анафотириа. Водата околу плажата е кристално чиста и специфична по нејзината тиркизна боја. Песокот е бел, составен од неколку зрнести облици и величини на ситни каменчиња. Плажата секојдневно се посетува од мноштво туристички бродови и чамци, кои до нејзе носат илјадници туристи – гости на островото. Многумина од туристите оваа плажа ја сметаат за задолжителна дестинација при посета на овој познат остров. Островото Marathonisi кое и по свјот облик наликува на желка, можете да го посетите доаѓајќи од страната на градчето Лаганас или пак преку езерото Кери, со изнајмен чамец или туристички бродче. Надалеку познато по желките од видот Caretta Caretta кои тука ги полагаат своите јајца, уште оддамна го добива епитетот – острово на желките. Неговата еколошка чистота и не постоењето на никакви градби, овозможува вистински пријатни мигови на допир со чистата природа, уживакќи во свежиот воздух, топлата медитеранска клима и прекрасните пејсажи. Плажата Kalamaki се наоѓа на јужниот дел од островото на оддалеченост од околу 7 километри од градот Занте. Песокот на оваа плажа е преубав но и тука морате да бидете внимателни бидејќи желките и тука доаѓаат да ги полагаат своите јајца. И оваа плажа претставува дел од националниот парк. Импресивните камени карпти кои се издигнуваат над оваа плажа ја прават уште поспецифична. На самата плажа постојат неколку барови, како и пропратни објекти за туристите – капачи. Автобускиот превоз има своја станица во близина на истата. Од спортските активности е можно само изнајмување на чамци – педалини. Плажите на Zakinthos се неговата најпозната карактеристика. Посетата на нив, е всушност и вашата најголема активност која можете да си ја дозволите додека престојувате на него. Секоја специфична по својата убавина и природни карактеристики, заслужува да биде дел од вашиот прстој на Закинтос.

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2011 во 16:01
ma,...mnogu e daleku ....za so kola!тага
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2011 во 22:46
Originally posted by brza brza напиша:

ma,...mnogu e daleku ....za so kola!тага


15 casa...so avtobus...
so kola nekoj cas pomalku....

ama koga odis na odmor i relaksacija nisto ne e daleku...

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2013 во 07:46

Луда вечер на една Македонка на Закинтос

Рековме ќе ви прикажеме што претставува онаа изрека: „Се што се случило на Занте, останува на Занте“! Работата е што најголемиот дел од девојките од Македонија, сакаат да прават глупости за кои никогаш нема да да се дознае, а тие ќе бидат задоволни и среќни. 

Откако голем број македонски девојки решија да видат што нуди овој грчки остров на луда забава, се пофалија дека е навистина лудо и незаборавно, но додека раскажуваат што се случувало таму, не забораваат да кажат: „Сепак, има некои работи што се случија на Занте и останаа на Занте“! 

Еве што би значело тоа за нас:

Откако целото женско друштво ќе се врати во собите каде што се сместени, започнува вистинска „тепачка“ која попрво да се тушира, затоа што нормално нема време да се подготви за лудата вечер што ја очекува по дискотеките и кафулињата на Занте. 

По долга дискусија, викање, навредување, девојките се подготвени за вечерните лудории. Можеш да ја заприметиш дека е на одмор и е од друга земја, доколку носи кратко мини здолниште или фустанче. Не дај Боже да и падне нешто од чантата, ќе биде како Ана Николиќ или Преслава, што „несакајќи“ покажаа што кријат под здолништето. 

На почетокот од вечерта го бараат најлудиот кафич, со најлуда атмосфера, нешто што не може да се најде по скопските улици. Откако убаво ќе се сместат, нарачува нешто што досега не го пиела, со некое чудно име кое едвај може да го изговори, за подоцна да може да се пофали на своето друштво што ја чека во Скопје, дека пиела нешто што го нема кај нас. 

Но, најинтересното од се е што потајно ги гледа луѓето околу неа за да си ја најде потенцијалната мета со „дебел паричник“ и многу пиење околу него. Ако е од Србија тогаш е добитна комбинација, зашто нели Србите се доста згодни. Но, може ќе изненади, па ќе почне да флертува со некој Англичанец зашто тие нели се полни со фунти и се однесуваат како неиживеани души кои едвај чекаат да „легнат“ нешто јужно, балканско. 

По неколку чашки од тие чудни алкохолни напитоци, почнува да се чувствува пијано ,па најинтересниот дел допрва доаѓа. Можеби ќе почне да прави глупости кои досега ги гледала само на филм, па утрото да има јак хенговер и да „не се сеќава на ништо“. Сега ја има целата слобода да си го дозволи тоа, зашто нормално никој нема да дознае...Се што се случува на Занте, останува на Занте! 



Изменето од емил - 30.Јуни.2013 во 07:47
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2013 во 11:45
Ova sto go kopiral emil e delumno vistina, ama ne e daleku od vistinata

Inaku ke stavam nekoi slikicki koga ke se vratime od Zakintos


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2013 во 11:53
pogled od kameo island kon maratonisi




banana beach

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2013 во 03:05
Ајде да споделам мое мислење за Закинтос..

Од Скопје до Лаганас се патува околу 16 часа +/- и за оние што не можат да спијат во автобус е измачување! Добро дремнав на враќање ама веќе не знаев ни кај се наоѓам од неспиење..

Кога веќе ќе стигне човек во Килини си мисли дека на крајот на светот дошол, а од таму до Занте има уште 70-80 минути возење со траект..
Главниот град не ме воодушеви нешто посебно, ме потсети на Воден со сите тие улички како лавиринт, просечно плоштадче, по некоја црквичка од која што едната преживеала кој знае колку земјотреси и тоа е тоа. Многу кафичи по главната улица, цени глава боли од читање..
Од таму до Лаганас има околу 7-8 километри, се стигнува прилично брзо..

Лаганас не е ништо посебно, една долга улица и сите клубови поредени по неа. По сите споредни улички се наредени апартмани и хотелчиња, ретко по некој и на главната улица..
Градот е полн со британци, всушност изграден е од нив после катастрофалниот земјотрес па некако си се чувствуваат како дома, а и никој не смее да им писне. Деца од по 15-18 години 24/7 со пластични чаши во раце се журкаат..демек. Ретко нешто трезно да се начека после 22 часот, а ако има тоа сигурно не е од британците. Лаганас има прилично добра градска плажа, со многу кафичи и таверни. Лежалките се во просек по 7 евра со две пијачки или 5 евра без пијачка. Доста е плитко па треба одење и одење кон длабокото додека се стигне до некоја пристојна длабочина за пливање.

Има и други плажи до кои се оди со автобус, има бесплатни автобуси до Ст.Николас и Банана бич, а таму мораш да си платиш 2 лежалки за да добиеш фискална за бесплатен превоз за назад. Инаку такси од таму до Лаганас е неверојатни 30 евра, а има преку сила 15км (испробано ова со таксито за жалне)
Цените по останатите плажи се доста повисоки од нормалните, не знам што се замислуваат еден чизбургер го плативме 8.70 евраглупчо.

Има и други туристички места, пример Аргаси и за разлика од Лаганас местото е многу мало, претежно за семејни луѓе, ама има еден гооолем минус, плажа скоро и да нема.  Предност е што до овие убавите плажи е само 4-5 км па може да се отиде до таму..
Аргаси е поблиску до главниот град, мислам 3-4 км е...
Цените се дупло повисоки од кај нас во супермаркет, доматите на пример 1.8 евра, а краставиците 30-36 денари парчелутина

Navagio плажата е нешто што мора да се види, 25 евра е турата до таму и е целодневно измачување. Целата западна страна на островоржт е карпи и нема ама баш ништо да се види. Такви пештери, онакви пештери..бла бла..

Во близина на Лаганас се наоѓа Агиос Состис и приватното островче Камео. 4 евра влез по човек, лежалки нема и цело е карпи и камења. Голем минус, само изгледот му чини..
Агиос Состис па, е мало селце во продолжение на Лаганас, ништо посебно..

Каламаки е исто така едно од туристичките места на Закинтос..Не е ни од далеку големо колку Лаганас ама мислам дека има поубава плажа.  Тука над глава ќе ви поминуваат авионите пред да слетаат, аеродромот е на километар-два од плажа..


Лаганас и покрај сите негативности е прилично убаво место за одмор, ама ако се собере група млади и заедно да шетаат по кафичите и дискотеките, инаку како нас само двајца малку тешко.
Градот се буди прилично касно, ретко нешто пред 8 да отвори. Ама убаво е наутро за шетање по плажа додека ни пиле не прелетува..

Голем минус за вакви како мене што јадат месо е што месарница не видов, а по супермаркетите не се продаваше ништо од месо. Само еден супермаркет (Експрес) на километар и повеќе од плажа имаше по нешто свежо мевце и ќе ти се одјаде кога ќе стигнеш до таму...и ќе помислиш кој пат те чека за назад по тоа жешко...


И тоа е тоа..

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2013 во 03:27
Ако ме служи меморијата оваа е црквата што преживела...Свети Дионисиј




Островот во форма на желка, Маратониси




Ете ја најсликаната плажа Navagio




Креветчињата од кои не ни се станувашецрвенеење


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2013 во 05:11
После сетотоа кажано колку пари потроши за една недела таму и дозволи ли си се’ што душата ти сакаше или мораше да се откажеш от нешто што си сакала да си купиш или изјадеш примерно . 

Какви се цените на пивото на плажа и на двојната водка со кола или сок во дискотекиве ? 

Кажи и колку се цениве за смештајот за двајца со 1 или 2 деца до 7 години . 

И за олинклузивот ако може да кажеш 3-4 збора затоа што не сум слушнал убави работи за него и дали е така .


Изменето од емил - 09.Јули.2013 во 05:18
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2013 во 13:00
Vo princip all inc odam samo koga planiram penzionerski odmor zatoa sto retko koi hoteli ke ti ovozmozat lunch paket ako ne rucas..a nie setavme po plazi po zelki po ostrovi itn.. Greota e da odis do tamu a nisto da ne vidis, a ima sto da se vidi Taka da za all inclusive konceptot ne znam..
Apartman za dvajca imase krajot na juni od 20 do 50 evra ako odi covek vo sopstvena rezija...
Cenite na gradskata plaza...
Pivo na plaza od 2 do 5 evra, sok od 2-3 evra, svezo cedeniot 4, kafinjata skoro site po 3 evra, milksejk 3-4 evra , ovosna salata 3,5 - 5 evra, klub sendvici po 4-6 evra (so kompircinja neli..) sadoled 1,5 evra topce, konjak votka i takvi slicni 3-4 evra...ama toa ne se pie na plaza   

Po drugite plazi, onie sto gi spomnav deka se odi so avtobusi lezalkite se 3-4 evra.po covek, a onoa krevetceto sto go iznajmuvavme e 12 evra ama ne znam dali dozvoluvaat povekje od 3 lica..
Tamu cenite se poskapi... Klub sendvic 7 evra, kafeto slicno okolu 3 evra, tost 3evra, cheeseburger 8,7 a hamburger 8 i nesto...sladoled mora 3 topcinja za 4,5 evra, pivoto od 4evra za 330ml pa nagore..

Hranata vo Laganas po prodavnicite ...
1,5 4kroasani, 2,2 evra lebot, od 1,5 evra nagore za sreden cips, maslinovo maslo 8+ evra za litro, soncogledovo 2-3 evra, kolacinja od onie Oreo 1,5 evra i nagore, slicni na niv a pogolemi po 1,2 do 1,8, koka kola od 1,5 litri grcka e 1,6 evra a 2litri bugarska e 1,7 e, praski 3+ evra, cresi 4+, voda 6 sisinja od 1,5 do 1,8 evra..sladoled od 1,5 evra nagore...


Po fast food edno giro 2-3 evra, so limenka sok e 4, parce nikakva pica 1,5 margarita a drugite po 2 evra ama ne se ubavi, porcija giro so sok 5 evra, cheeseburger obrok 7 evra..
Po restoranite ima kompletno meni od 13 evra po covek so eden pijalok i hrana po izbor, edno predjadenje i edno glavno jadenje... Inaku porcija jagnesko ili svinsko e od 8 evra nagore, cenite se do kaj 15 evra..predjadenjata od 3 evra nagore, pijalocite 3-4-5 evra...

Skuter za iznajmuvanje 15-20 evra, kola od 35 nagore.....najdobri se onie so polno osiguruvanje, skuterite i onie na 4trkala ne podlezat na polno osiguruvanje..

Navecer vo kaficite i klubovite eden shot 1evro, 1jager 2evra, kokteli od 2 za 5 evra nagore...seceni pijaloci 3-4 evra, moze i 5 zavisi sto..
Inaku pijackite im se ocajni, napraveni od najniska klasa alkohol, razredeni i ne gi biva...


Nie emil ne si skrativme nisto, pojaduvavme vo soba, jadevme nadvor, ne se prepivme, se iznasetavme i bi rekla deka ako saka covek da jade nadvor, da odi po razlicni plazi, da iznajmuva lezalki, 1 ili dve ekskurzii da bukira ke mu trebaat 500 evra plus aranzmanot....ako saka da si gotvi doma ke pomine i so 250-300



Ako ispustiv nesto, prasaj...

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
aurelianus Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 202
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aurelianus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2013 во 23:19

i ti,se ova pogore ...mislam cenite,gi zapamti?изненадување

garant sega uzivas vo domasen ambient i bogami ubavo se odmaras.намигнување

8"
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2013 во 00:06
Pa za toa sto sum platila znam kolku sum platila, ne treba mnogu mozok za da zapamtis sto si kupil ti kolku cinelo
Sekoj den sok, cips, nekoe kolace i po nekoja praska od supermarket, plus kafe sok ili pivo za lezalka, posle edna salatka i dovolno e do rucek...za rucek druga pesna....

A vaka after party dovolno mi se 2 koka koli po skopskive kafici...mene mesto ne me drzi
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2013 во 04:46
Originally posted by BellaGrandma BellaGrandma напиша:



Ako ispustiv nesto, prasaj...

 
Наполно ме задоволува отговорот . Јас само сакав да споредам грчката евтинија со еден од поскапите бугарски места за одмарање Созопол каде ќе одам во средината на август . Така како што видов 500-600 евра са наполно доволни за во Грција ,толку колку сум и јас спремал за Созопол за 7 дена 700 евра плус уште 120 за спиење и 40 евра за пат отивање и враќане . 

Благодарам 
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 10:18

Зошто Закинтос?

Зошто Закинтос?

Сѐ уште се двоумите каде да го поминете долго очекуваниот одмор? Доколку една од потенцијалните дестинации ви е прекрасниот јонски остров Закинтос, еве неколку причини зошто да отпатувате токму таму…

Закинтос, познат уште и како Занте, претставува возбудлива дестинација за летните одмори. Овој остров ви нуди можности за креативни, опуштени и авантуристички одмори, нешто што ќе ги задоволи вкусовите и на оние што сакаат мирен, семеен одмор, но и на оние што се во потрага по нешто необично, романтично, забавно…

silhouette-island-seychelles-wallpaper-1280x800

Закинтос претставува центар на забавите во целиот јонски регион на Грција, брегот на островот е обвиен со преку 130 километри прекрасни плажи, централната маса е прекриена со неверојатно бујна вегетација која ги одмара очите и ги полни градите со чист воздух, но покрај тоа, постојат уште десетици причини зошто да тргнете кон Закинтос:

- Закинтос е местото каде што се гнездат морските желки карета, кои се заштитен вид. На неколку плажи во близината на Василикос ќе имате уникатна можност да ги погледнете нивните гнезда.

careta careta

- Сместувачките капацитети на овој остров ги нудат сите погодности на модерното време, а не го загрозуваат балансот на природата. Како ретко каде, Закинтос нуди совршен спој на урбаното и дивото, нескротеното.

bohali3

- На островот се наоѓаат огромен број споменици и археолошки наоѓалишта, кои сведочат не само за сјајниот антички период, туку и за бурното средновековие, кога Закинтос се наоѓал под власт на Венеција.

- Жителите на Закинтос имаат огромна почит кон уметноста и културата, прифаќајќи ги за своевиден начин на живот, а сето тоа се пренесува и во односот кон туристите.

47497240

- На Закинтос се изградени голем број цркви и манастири во уникатно опкружување, места кои ги мамат сите верници, но и луѓето кои уживаат во природните убавини.

- Засуканиот брод на плажата Навагио е една од најпопуларните туристички атракции во цела Грција и можеби најфотографираното место во оваа земја.

panagiotis-on-zakynthos-island-greece

- Закинтос изобилува со уникатна флора. Специфичните цвеќиња кои виреат на островот оддаваат специфичен сладок мирис некаде по зајдисонцето.

K. Lomvardou Ave (Strada Marina), Zakinthos, Ionian Islands, Greece

- Закинтос е можеби последното место во Грција, каде што е зачувана авентичноста на таверните. Неретко, таму можете да видите како келнерите ја прекинуваат работата, земаат гитара и започнуваат да ги забавуваат гостите, како во старите добри времиња.

zakynthos-portul




Изменето од Valerija - 25.Февруари.2014 во 10:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,266 секунди.