IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - ТАВ ги презема аеродромите во Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ТАВ ги презема аеродромите во Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 22:34
....e, da!....spokojni ke bidat barem .....7 godini!намигнувањеголема%20насмевка
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2010 во 20:44
A sto pravime so neisplatliviot kargo aerodrom vo Stip? Imeno ako dobro pametam koga bese tenderot za aerodromite Stipskiot bese glavna precka poradi neisplatlivosta i imase nekolku kompanii sto se otkazaa bas poradi toa. E sega turcite ne sakaat da go gradat vednas demek im trebalo 10 god da se ispitaat vetrovite vo stipsko.I se e toa so amin na nasata vlada. Dali e na povidok nov skandal?
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 16:40

ТАВ неделава започнува да реновира

 
23.3.2010
 
 
 

Турската компанија ТАВ неделава ќе го објави почетокот на обновата и модернизацијата на двата аеродрома во Македонија

 
 
%20  
Раководството на компанијата, која е новиот корисник на аеродромите во Скопје и во Охрид, е ангажирано за подготовката на свеченоста што беше најавена за средината на март. Терминот на почнување на градежните работи се усогласува со кабинетите на македонскиот премиер и високите претставници од турската влада, кои треба да присуствуваат на церемонијата, дознаваме од извори на компанијата.

Неколкукратното одложување на обновата на аеродромите беше дел од пратеничките прашања на вчерашната седница на македонскиот парламент.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески рече дека концесионерот ТАВ модернизацијата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ треба да ја заврши најдоцна за 20 месеци, а за 12 месеци да го обнови охридскиот „Свети Апостол Павле“.

На аеродромот во Скопје модернизацијата опфаќа изградба на терминална зграда со површина од 40.000 квадратни метри, девет пати поголема од сегашната, за, како што рече Јанакиески, тој да може да стане регионален центар. Планирана е нова административна зграда, ќе се продолжи полетно-слетната патека за 500 метри, со што ќе се овозможи сите типови авиони да можат да слетуваат на аеродромот, ќе се изгради фитосанитарен дел, нови објекти за потребите на Армијата, нова клучка, дополнителен паркинг-простор.
 
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2010 во 10:28
 
 

Скопскиот аеродром Александар Велики и охридскиот Св. Апостол Павле конечно се најдоа на веб сајтот на концесионерот – турски ТАВ. На сајтот се презентирани попрецизни информации за обемот на работите кои претстојат на двата македонски аеродроми. На Александар Велики треба да никне нова терминална зграда од 40.000 метри квадратни (осумпати поголема од постечката), со 6 „мостови“ за влез и излез на патници од авионите и со капацитет за 6 милиони патници годишно. Пистата ќе добие дополнителна површина од 38.100 метри квадратни, односно ќе се продолжи за 500 метри (од 2,5 на 3 километри), а ќе биде изградена и нова платформа за воздухопловите со големина од 25.000 квадрати. Ќе бидат изградени сообраќајници и клучки со површина од 44.400 и паркинг простор од 42.500 метри квадратни. Исто така ТАВ ќе подигне карго објект со годишен капацитет од 40.000 тони и нова административна зграда со површина од 5.000 метри квадратни. Крајниот рок за реализација на проектот е ноември 2011.


На аеродромот Св. Апостол Павле треба  да се изгради ВИП објект, административна зграда и хангар за авиони. Охридскиот аеродром ќе добие и платформа за воздухоплови со големина од 36.000 метри квадратни, како и нов паркинг со големина од 11.000 метри квадратни. Исто така предвидено е реновирање на објектите во карго центарот, а ТАВ треба да воведе и нов систем за управување со багажот. Обврска на концесионерот е овие работи да ги заврши до март 2011.


Од ТАВ постојано ги реафирмираат нивните планови за претворање на скопскиот аеродром во регионален центар. Стартот на градежните работи веќе подолго време се одложува, а како причина се наведува чекањето на посетата на Македонија на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, кој треба да присуствува на свечениот чин...

 
Визуелизација на терминалот на скопскиот аеродром...
 
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2010 во 19:54
"strashno" ...nema shto!изненадување.....i kuala lumpur ke mu pozavidi posle na skopjeto i negoviot golemo aeropristanishte.задоволство
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 03:19
Скопскиот аеродром ќе биде скоро дупло поголем од оние во Белград и Софија

Турскиот ТАВ ги реконструира македонските аеродроми



Едно од најголемите претпријатија во светот за работење со аеродроми, ТАВ ерпортс холдинг, инвестира 200 милиони евра во Македонија за реновирање на двата аеродроми во Скопје и во Охрид, и изградба на нов карго-аеродром во Штип.
ТАВ почна да управува со македонските аеродроми во март 2010 година по потпишувањето на 20-годишниот договор со владата. Според договореното, фирмата ќе ги задржи постојните 800 вработени во аеродромот во период од седум години и нема да ги скратува платите.
„Нашата цел е да го направиме Скопје популарен регионален центар користејќи ја поволната географска позиционираност“, рече за SETimes заменик генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој. „Благодарение на оваа инвестиција, Македонија ќе има најсовремени аеродромски капацитети и скопскиот аеродром Александар Велики ќе биде еден од главните носители на економскиот раст во регионот.“
По реновирањата, кои треба да завршат во октомври, скопскиот аеродром ќе биде скоро дупло поголем од оние во Белград и Софија. Аеродромската писта се проширува за 500 метри за да ги прима авионите со широк труп за долгите летови.
Претпријатието е заинтересирано за скоро 10-милионската турска дијаспора. „Стратегијата на ТАВ е да пренасочи дел од овие патници на македонските аеродроми“, рече директорот за безбедност на скопскиот аеродром, Зоран Доревски, за SETimes.
Во моментов 18 носачи покриваат 24 дестинации од Скопје, а 15 носачи покриваат 15 дестинации од Охрид.
Ерсој не ја отфрли можноста Тркиш ерлајнс да формираат претпријатие во Македонија, зголемувајќи го бројот на директните летови за различни европски градови. Но, ТАВ, исто така, се обидува да привлече авио-превозници за да го формираат националниот македонски превозник, рече за SETimes директорот на ТАВ Македонија, Мурат Орнекол. „Ако не го имате тоа, транспортот е всушност блокиран“, рече Орнекол.
Авио-превозниците посочуваат на високата цена на бензинот во Македонија, како причина за повисоките цени на билетите.
Поради тоа, ТАВ планира да изгради неколку бензински пумпи, и сегашниот локален оператор-снабдувач на гориво Макпетрол може да се соочи со предизвик од рускиот Лукоил и грчката Окта.
„Горивото на Макпетрол има многу повисока цена во споредба со горивата надвор од Македонија, и треба да се преземат сериозни мерки за продолжување на нашиот работен век како македонско претпријатие“, изјави за SETimes менаџерот на Скајвингс, Ајам Џеровски.
Џеровски рече дека проблемите со кои се соочуваат авио-превозниците не се решени откако ТАВ ја презеде контролата. Сепак, додаде тој, има значителни подобрувања во услугите и аеродромскиот комфорт.
С&#233; на с&#233;, патниците се возбудени. „Македонија одвреме навреме се соочува со патнички ембарга и транспортни тешкотии. Авио-превозот е решение за многу од нас што живееме во странство“, рече жителот на Рим, Владимир Атанасов (36), за SETimes

Атанасов објасни дека членовите на неговото семејство живеат во Рим, Белград и Скопје и тој ги посетува овие дестинации неколкупати годишно. „Белград нуди неверојатно ниски цени на билетите, кои изнесуваат и по 180 евра повратен билет во летната сезона. Се надевам дека ќе добијам вакви понуди и од Скопје“, рече тој.
Во тек се реновирања и на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, а плановите напредуваат и за карго-аеродромот Филип Втори во Штип.
„Ова е клучен проект во македонскиот воздушен транспорт, и ние очекуваме долгорочна корист, како и значително подобрени услуги“, рече министерот за транспорт, Миле Јанакиевски, за вториот проект.
Во меѓувреме, 11 милиони евра од целата инвестиција на ТАВ се пренасочени за изградба на нов воен авионски команден центар, хангари на воздухопловните сили и првото училиште за пилоти во земјата, рече министерот за одбрана, Зоран Коњановски, за SETimes.



http://www.setimes.com/cocoon/setime.../09/feature-02


Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2011 во 11:05
Конечно: Burger King пристигнува во Македонија
 
Првиот ресторан од ланецот Burger King ќе се отвори на 30. август на скопскиот аеродром Александар Велики
 

 
 
Турската комапнија ТАБ „Фудс“, сопственик на мастер франшиза за „Бургер Кинг“, „Попај`с“, „Сбаро“ и „Арби`с“, која има ланец од 500 ресторани низ Турција, ќе се шири и на Балканот.

- Ќе го отвориме нашиот прв ресторан на скопскиот аеродром на 30-ти август, а уште три нови „Бургер Кинг“ ресторани ќе се отворат во Македонија до крајот на годината – изјави Канер Дикичи, генералниот менаџер на ТАБ „Фудс“ на прес-конференција во Истанбул

Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2011 во 17:14

Отворен модернизираниот аеродром „Александар Велики“

06.09.2011 - 08:51 |

Обновен и модернизиран со најсовремена технолошка опрема според сите светски стандарди и капацитет да опслужува четири милиони патници годишно е новиот лик на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, што го презентира денеска концесионерот - турски ТАВ во присуство на македонскиот државен врв и бројна бизнис турска делегација.

Од 9 септември (петок), со првиот лет на Аустриан ерлеинс целиот сообраќај ќе се одвива на новиот терминал на „Александар Велики“, најави Мустафа Сани Шенер, генерален директор на ТАВ аеродроми.

- Економскиот пораст е важен индикатор за вложување во аеродромската инфраструктура. Во тоа верувававме и веруваме, се појавивме на тендерот, а и покрај притисоците на светската економска криза го спроведовме проектот за модернизација на аеродромите и го исполнивме ветувањето тоа да биде пред Денот на независноста, рече Шенер.

Новиот изглед на аеродромот во кој турската компанија вложи сто милиони евра беше промовиран пред претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, владиниот економски тим.

Модернизираниот аеродром, според премиерот Никола Груевски, од денес ќе биде македонски препознатлив симбол на развојните процеси и направените чекори со кои Македонија се движи напред. Реализацијата на овој проект доаѓа во вистинско време во пресрет на доаѓањето нови инвестиции и туристи и период кога се почесто до одредени дестинации може да се патува по симболични цени, оцени Груевски, посочувајќи дека главните каратекристики на новиот аеродром се капацитет, ефикасност и функционалност.

- Аеродромот е огледало на земјата на кој се стекнува првиот впечаток при патувањето во неа. Ова е голем ден за Македонија кога се менува сликата на сите патници кога стапнуваат на нејзино тло, истакна премиерот.

Според него, 6 септември ќе остане запаметен датум во поновата македонска историја кога е заокружен еден од најголемите инфраструктурни проекти. Со модернизацијата на „Александар Велики“ оставаме одличен белег и пример како треба да се работи за својата држава, укажа Груевски, посакувајќи новиот аеродром да донесе голем раст на бројот на патниците, туристите и инвестициите во државата.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски оцени дека модернизацијата на аеродромот е големо ветување, кое станало реалност. - Договорот за концесија е најсолежниот проект од економски и правен аспект што е спроведен благодарение на капацитетите на администрацијата, сериозноста на инвеститорот и покрај скептицизмот од светската економска криза, рече Пешевски.

Тој истакна дека македонските граѓани со гордост ќе патуваат од аеродромот во Скопје и со гордост ќе пречекуваат гости од целиот свет и ќе ја промовираат Македонија.

Вицепремиерот очекува голем пораст на бројот на патници благодарение на проектот што го реализира ТАВ.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со реализацијата на проектот Владата направи сериозен чекор за развој на воздухопловниот сектор во Македонија.

- Новите и модернизирани објекти се изградени според најновите и современи светски стандарди, а набавена е и нова опрема со што аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе функционира согласно највисоките меѓународни стандарди кои овозможуваат значително подобри услови, комодитет и простор за патниците - нешто што тие го бараа години и години наназад, посочи министерот Јанакиески.

Првите патници што ќе бидат опслужени на аеродромот во текот на денов ќе пристигнат со летовите од Истанбул, Прага, Будимпешта, Љубљана, Загреб....Ќе слетаат на аеродром десет пати поголем од досегашниот, со капацитет да обезбеди услуга за четири милиони патници годишно.

Во скопскиот аеродрoм, кој „ТАВ Аеродроми“ го зеде под концесија во март минатата година и со него ќе управува 20 години. Во текот на 18-месечната реконструкција и модернизација е изградена нова терминална двокатна зграда од 40 илјади квадратни метри со шест патнички пристапни мостови, 23 места за чекирање, паркинг за 1.300 возила... На приземјето е делот за пристигнување, а на катот за полетување. Двата ката се поврзани со шест ескалатори и  девет лифтови. На приземјето во делот за пристигнување има чекална, а спроти неа се пунктовите за чекирање и продавници за сувенири. На катот покрај вообичаените пунктови за царината и пасошка контрола, се пристапните мостови за влегување во авион.

Во средишниот дел на аеродромската зграда е поставен симболот на аеродромот -  споменик  на Александар Велики на коњ. Споменикот е  подарок за Македонија од Мурат Орнекол, оперативниот директор на концесионерот ТАВ.

Турскиот концесионер изгради и карго хангар со капацитет од 40.000 тони годишно, нова противпожарна станица, службена зграда од 5.000 метри квадратни. Постојната писта е проширена за 500 метри на југ.

Новиот аеродром, според инвеститорот, е најмодерен на Балканот, а  поради стратешката локација треба да стане балкански транспортен центар.

Минатата година „ТАВ Аеродроми“ го реновираа и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, една од најпопуларните туристички дестинации во земјата.

Холдингот „ТАВ Аеродроми“ е меѓу водечките авио оператори во светот. Управува со истанбулскиот аеродром „Ататурк“, со аеродромот „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир и „Газипаша“ во Анталија, како и со по два аеродроми во Македонија, Тунис и Грузија. Компанијата неодамна го доби на управување и аеродромот „Медина“ во Саудиска Арабија. „ТАВ Аеродроми“ исто така раководи и со други сектори од аеродромските услуги како дјути фри продажба, услуги со храна и пијалоци, информациски технологии, безбедност... Во 2010 година компанијата обезбедила услуги за околу 420.000 летови и за просечно 48 милиони патници.


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/otvoren-moderniziraniot-aerodrom-%E2%80%9Ealeksandar-veliki%E2%80%9C

Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2011 во 17:16
%5bIMG%5d%5bIMG%5d%5bIMG%5d
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2011 во 18:31
Ееее, баш ми е криво за аеродромиве...
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
the king Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 458
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај the king Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2011 во 08:13
Kaj ste sega be Makedoncinja??? Neli do pred nekoe vreme pisuvavte deka seto ova e samo uste edna farsa i uste edna izmama???!! neli ke se tresese gorata i ke se rodese mish???!!! Neli nemase nisto da bide??? neli turcite ne mozea da ne moderniziraat???!!! More luge, veke prifatete, turcite otidoa mnogu napred i tie se edinstveniot ozbilen partner na Makedonija koj moze od nasevo parce zemja da napravi dostojna drzava za ova parce narod!!!

Treba da gi trgneme predrasudite na strana i da zapocneme da mislime i da gledame koj ni se vistinski partneri, koj ni go saka dobroto a koj ne podbutnuva od edna strana na druga!!!

No nas ni e podobra grcija, koja sekojdnevno propaga, od turcija koja denes ja ima edna od najrazvienite ekonomii vo svetot, proglasena e za ekonomija so najgolem procent na rast za poslednive deset godini, e sopstvenik na giganti kako Ulker, Eti i drugi kompanii koi 80% ja snabduvaat Evropa so prehrambeni produkti, edna od najgolemite avio kompanii Turkish Airlines, koja denes se reklamira po najpoznatite televizii i e eden od najgolemite sponzori na najgolemite sportski klubovi vo svetot, kako i golem broj na drugi vrvni kompanii.

Abe svetitese ednas, videte koj moze da ni pomogne a koj ne misli k*rva i saka samo da ne iskoristi!!!
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2011 во 14:30
aman be,.изненадување..kako gi pretstavi turcite ,ke pomisli chovek deka patat od filantropija,...i toa hronichno!

...turcite si go dobile toa shto go barale ...i toa , ne poradi toa za da im pomagaat na nivnite ''antichki'' brakja , tuku, ednostavno ...poradi  korist!

...ako ne bile tie ,..ednostavno,ke bil nekoj drug.
...toj aerodrom e napraven takov kakov shto e sega , samo poradi edna prichina,...za da mu se zgolemi profitot na tav-ot,
...sigurno za * ne vlozuvaat tolku pari ni doma kaj niv ,...a , kamoli nekade na drugo mesto.

...aerodromot e predobar za dzava kako ovaa ,
... ama  kaj nekoj shto shpartal uzduz i popreko po svetskoto nebo,...teshko deka bi predizvikal impresii, kakvi shto iskazuvaat ''nashetanite'' po svet ,...makedonski ''globtroteri'' ,.....


Изменето од gonzo - 03.Октомври.2011 во 22:21
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2011 во 20:57
цит:
Treba da gi trgneme predrasudite na strana i da zapocneme da mislime i da gledame koj ni se vistinski partneri, koj ni go saka dobroto a koj ne podbutnuva od edna strana na druga!!!

еееее..и ја така мислам,ама кој не слуша....!барем знаеме како е 500 години да си "држава" во држава...
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
the king Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 458
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај the king Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2011 во 11:11
E da, i drzava vo drzava e podobro od nepriznaena i neprifateno drzavice, i toa edno od najmalite vo svetot!!!

Posle Aleksandar Makedonski makedonija bila posilna od Grcija samo vo tie 500 godini od turskoto vladeenje tuka!!
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.