ТАВ ги презема аеродромите во Македонија
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Бизнис и економија
Опис на форумот: Берза, менаџмент, вработувања, инвестиции...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21868
Датум на принтање: 28.Декември.2024 во 02:47 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: ТАВ ги презема аеродромите во Македонија
Постирано од: oon
Наслов: ТАВ ги презема аеродромите во Македонија
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 18:19
02.09.2008 16:36
МИА
Единствената пријавена компанија го доби тендерот за изградба и модернизација на трите македонски аеродроми.
Турската компанија ТАВ во наредните 20 години ќе стопанисува со аеродромите во Македонија. Владата и ја додели концесијата.
Во рок од две недели, откако ќе ја добијат одлуката, треба да регистрираат фирма во Македонија. Турската ТАВ беше единствена заинтересирана на тендерот. Останува отворено прашањето дали аеродромите во Скопје и Охрид ќе добијат европски изглед.
Концесионерот е должен комплетно да ги реновира двата аеродроми, но и да изгради карго аеродром во Штип како алтернативен за потребните на цивилната авијација, со можност во иднина да прерасне во главен аеродром во земјава.
И на скопскиот „Александар Велики“ и на охридскиот „Свети Апостол Павле“, Турците треба да ја подобрат комплетната инфраструктура, да изградат нови терминални згради, карго терминали, да ги прошират полетно-слетните патеки.
Турскиот концесионер има искуство во работењето со аеродроми. Оперира со три аеродроми во Турција, вклучувајќи го најголемиот истанбулски аеродром „Ататурк“, како и со три во Тунис и два во Русија, а во тек е изградба во Германија и Каиро.
|
Коментари:
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 17:25
Turcija e dokazan partner na Makedonija, odsekogas dobro sorabotuvale, naskoro ke ima i drugi Turski investicii.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 06.Септември.2008 во 00:24
a shto bravo!,...pa, ne go pravi toa za,..k*rovo zdravje,...sekoj shto investira neshto tuka,...toa go pravi ako ima nekoj interes,...a ,ne od ljubov kon ,..zemjata vi !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: the king
Датум на внесување: 07.Септември.2008 во 22:51
abe turcite investiraat ama makedoncive ne gi sakaat...
nie sme proklet narod gi sakame onie koi ne ne sakaat a ne gi sakame onie koi ne sakaat....
sto se ne ni napravi helas povtorno tamu sme, turcive ni ja uredija zemjava pak ne gi sakame...
brza zarem ne e za dobroto na makedonskiot narod investicijata na ksmet kart vo javniot transport vo skopje????
cista investicija od 2,5 milioni evra no ke bidam radosen ako ne go napolnat necij privaten dzeb....
------------- !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
Постирано од: the king
Датум на внесување: 09.Септември.2008 во 22:25
pa si se rodeni lugeto za biznis...
koga nie ne go mozeme toa ke ni idat od nadvor i ke go pravat tie no vo sekoj slucaj ima kar i za drzavata....
------------- !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
Постирано од: oon
Датум на внесување: 24.Септември.2008 во 14:36
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и главниот извршен директор на турската компанија „ТАВ“ Мустафа Санишенер денеска потпишаа договор со кој турските инвеститори ги добиваат под концесија аеродромите во Скопје и Охрид во наредните 20 години и се обврзуваат да изградат нов карго-аеродром во Штип.
„Македонија заслужува ваква инвестиција која ќе овозможи подобрување на услугите за македонските граѓани и за сите што ќе доаѓаат во државава“, истакна по потпишувањето на Договорот, министерот Јанакиески.
Според него, покрај модерни аеродроми, државата во наредните 20 години очекува прилив во буџетот од издавањето под концесија на аеродромите од 30 до 40 милиони евра.
„Износот на надоместокот што ќе го плаќаат турските инвеститори секоја година зависи од бројот на патниците на аеродромите“, објасни Јанакиески.
Од сегашната бројка од 500.000 патници на годишно ниво министерот за транспорт и врски очекува да се зголеми на два до три милиони.
Главниот извршен директор на „ТАВ“ Санишенер вети дека ќе изгради модерни и современи аеродроми. Во првите три години турски „ТАВ“ ќе инвестира 200.000.000 евра.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98021
|
Постирано од: ТХЦ Манге
Датум на внесување: 25.Септември.2008 во 18:54
не знам како да го коментирам ова...
инвестивија- добро е....
од кого е и многу е....
зар турците ли бре ке не модернизирет???
абе тешко нас со ваква влада и иднина...ааааххх судбини...
|
Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 25.Септември.2008 во 22:33
__________________
------------- Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 25.Септември.2008 во 23:56
Па и не изгледа лошо...
Ако го направат нешто слично и од нашиот Александар “Велики“, алал нека им е инвестицијата...
Кога не ги бива нашите...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: managercenter
Датум на внесување: 27.Септември.2008 во 03:16
jas smetam deka investicijata ke vredi...
pesimizam posti sekogas za se, no ostanuva da se sprovedi dogovorot koj e potpisan, a i ne veruvam deka bi se otstapilo od dogovorot.
------------- http://www.jmemarketing.com/news" rel="nofollow - jme marketing
http://www.http://jmemarketinginc.wordpress.com/" rel="nofollow - jme marketing sales
|
Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 01.Март.2010 во 19:07
Аеродромите преминаа под турска контрола. Со мала свеченост, но со големи најави за инвестиции од денеска па во наредните 20 години групацијата ТАВ ја има одговорноста во управувањето со македонските авиопристаништа „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид.
„Горди сме да го реализираме овој процес кој е сериозен чекор за развој на воздухопловниот сектор на Македонија како центар во југоисточна Европа и Балканскиот регион“, изјави Мурат Оренкол-директор на ТАВ во Македонија.
„Денес ТАВ стана реалност во Македонија, денес почнува новата ера во воздухопловната сфера“, рече Миле Јанакиевски-министер за транспорт и врски.
Инвестицијата на ТАВ е тешка 200 милиони евра. Договорот за концесионерство предвидува комплетна модернизација на постоечките аеродроми со реновирање на старите и изградба на нови терминали, административни згради, писти, нова опрема. Обврска е и изградба на нов карго аеродром во Штип.
Според многумина ова е историски ден за македонското воздухопловство. Во услови кога државата не успеа да создаде квалитетен авиосообраќај сега таа обврска ја презема ТАВ компанија која работи на повеќе светски аеродроми. Патниците бараат поевтини авиобилети, директно поврзување со европските метрополи.
„Треба повеќе летови да има, јас сум од Охрид, жално е што стално патувам преку Скопје.
-Може да се каже дека се скапи, скапи се“, рекоа анкетираните граѓани.
Авиокомпаниите бараат подобри услови за работа на аеродромите.
„Со отворањето на аеродромот ќе се подобри квалитетот на сервисот за нашите патници“, вели Миодраг Лега, застапник на Чез Ерлајнс.
Турските менаџери сметаат дека е потребен национален авиопревозник иако власта смета дека таква операција е неисплатлива.
„Владата на транспарентен начин може да објави линии и да ги субвенционира врз основа на интересите на граѓаните на Република Македонија“, рече Зоран Крстевски - Агенција за цивилно воздухопловство.
ТАВ нема да ги менува имињата на македонските аеродроми. Во наредните 7 години менаџментот нема ниту да отпушта ниту пак да им крати плати на вработените.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120426 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120426
------------- Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 01.Март.2010 во 19:22
Е ајде да видиме што ќе бидне од сето ова бомбастично најавување на модернизација,доградба и изградба.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 01.Март.2010 во 21:41
" tresla se gora ....rodio se ...mish"!
....ete,toa ke bide!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 01.Март.2010 во 22:08
Eпа ајде со среќа нека е.....ако не биде ништо од модернизацијата,барем вработените не треба да се плашат за своите работни места.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 01.Март.2010 во 22:34
....e, da!....spokojni ke bidat barem .....7 godini!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 08.Март.2010 во 20:44
A sto pravime so neisplatliviot kargo aerodrom vo Stip? Imeno ako dobro pametam koga bese tenderot za aerodromite Stipskiot bese glavna precka poradi neisplatlivosta i imase nekolku kompanii sto se otkazaa bas poradi toa. E sega turcite ne sakaat da go gradat vednas demek im trebalo 10 god da se ispitaat vetrovite vo stipsko.I se e toa so amin na nasata vlada. Dali e na povidok nov skandal?
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 23.Март.2010 во 16:40
ТАВ неделава започнува да реновира
23.3.2010
Турската компанија ТАВ неделава ќе го објави почетокот на обновата и модернизацијата на двата аеродрома во Македонија |
|
|
|
|
|
Раководството на компанијата, која е новиот корисник на аеродромите во Скопје и во Охрид, е ангажирано за подготовката на свеченоста што беше најавена за средината на март. Терминот на почнување на градежните работи се усогласува со кабинетите на македонскиот премиер и високите претставници од турската влада, кои треба да присуствуваат на церемонијата, дознаваме од извори на компанијата.
Неколкукратното одложување на обновата на аеродромите беше дел од пратеничките прашања на вчерашната седница на македонскиот парламент.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески рече дека концесионерот ТАВ модернизацијата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ треба да ја заврши најдоцна за 20 месеци, а за 12 месеци да го обнови охридскиот „Свети Апостол Павле“.
На аеродромот во Скопје модернизацијата опфаќа изградба на терминална зграда со површина од 40.000 квадратни метри, девет пати поголема од сегашната, за, како што рече Јанакиески, тој да може да стане регионален центар. Планирана е нова административна зграда, ќе се продолжи полетно-слетната патека за 500 метри, со што ќе се овозможи сите типови авиони да можат да слетуваат на аеродромот, ќе се изгради фитосанитарен дел, нови објекти за потребите на Армијата, нова клучка, дополнителен паркинг-простор.
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32310102634&id=9&setIzdanie=21941 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32310102634&id=9&setIzdanie=21941
------------- Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 10:28
Скопскиот аеродром Александар Велики и охридскиот Св. Апостол Павле конечно се најдоа на веб сајтот на концесионерот – турски ТАВ. На сајтот се презентирани попрецизни информации за обемот на работите кои претстојат на двата македонски аеродроми. На Александар Велики треба да никне нова терминална зграда од 40.000 метри квадратни (осумпати поголема од постечката), со 6 „мостови“ за влез и излез на патници од авионите и со капацитет за 6 милиони патници годишно. Пистата ќе добие дополнителна површина од 38.100 метри квадратни, односно ќе се продолжи за 500 метри (од 2,5 на 3 километри), а ќе биде изградена и нова платформа за воздухопловите со големина од 25.000 квадрати. Ќе бидат изградени сообраќајници и клучки со површина од 44.400 и паркинг простор од 42.500 метри квадратни. Исто така ТАВ ќе подигне карго објект со годишен капацитет од 40.000 тони и нова административна зграда со површина од 5.000 метри квадратни. Крајниот рок за реализација на проектот е ноември 2011.
На аеродромот Св. Апостол Павле треба да се изгради ВИП објект, административна зграда и хангар за авиони. Охридскиот аеродром ќе добие и платформа за воздухоплови со големина од 36.000 метри квадратни, како и нов паркинг со големина од 11.000 метри квадратни. Исто така предвидено е реновирање на објектите во карго центарот, а ТАВ треба да воведе и нов систем за управување со багажот. Обврска на концесионерот е овие работи да ги заврши до март 2011.
Од ТАВ постојано ги реафирмираат нивните планови за претворање на скопскиот аеродром во регионален центар. Стартот на градежните работи веќе подолго време се одложува, а како причина се наведува чекањето на посетата на Македонија на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, кој треба да присуствува на свечениот чин...
Визуелизација на терминалот на скопскиот аеродром...
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 19:54
"strashno" ...nema shto!.....i kuala lumpur ke mu pozavidi posle na skopjeto i negoviot golemo aeropristanishte.
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 11.Февруари.2011 во 03:19
Скопскиот аеродром ќе биде скоро дупло поголем од оние во Белград и Софија
Турскиот ТАВ ги реконструира македонските аеродроми
Едно од најголемите претпријатија во светот за работење со аеродроми,
ТАВ ерпортс холдинг, инвестира 200 милиони евра во Македонија за
реновирање на двата аеродроми во Скопје и во Охрид, и изградба на нов
карго-аеродром во Штип.
ТАВ почна да управува со македонските аеродроми во март 2010 година по
потпишувањето на 20-годишниот договор со владата. Според договореното,
фирмата ќе ги задржи постојните 800 вработени во аеродромот во период од
седум години и нема да ги скратува платите.
„Нашата цел е да го направиме Скопје популарен регионален центар користејќи ја поволната географска позиционираност“, рече за SETimes
заменик генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој.
„Благодарение на оваа инвестиција, Македонија ќе има најсовремени
аеродромски капацитети и скопскиот аеродром Александар Велики ќе биде
еден од главните носители на економскиот раст во регионот.“
По реновирањата, кои треба да завршат во октомври, скопскиот аеродром ќе биде скоро дупло поголем од оние во Белград и Софија. Аеродромската писта се проширува за 500 метри за да ги прима авионите со широк труп за долгите летови.
Претпријатието е заинтересирано за скоро 10-милионската турска
дијаспора. „Стратегијата на ТАВ е да пренасочи дел од овие патници на
македонските аеродроми“, рече директорот за безбедност на скопскиот
аеродром, Зоран Доревски, за SETimes.
Во моментов 18 носачи покриваат 24 дестинации од Скопје, а 15 носачи покриваат 15 дестинации од Охрид.
Ерсој не ја отфрли можноста Тркиш ерлајнс да формираат претпријатие во
Македонија, зголемувајќи го бројот на директните летови за различни
европски градови. Но, ТАВ, исто така, се обидува да привлече
авио-превозници за да го формираат националниот македонски превозник,
рече за SETimes директорот на ТАВ Македонија, Мурат Орнекол. „Ако не го имате тоа, транспортот е всушност блокиран“, рече Орнекол.
Авио-превозниците посочуваат на високата цена на бензинот во Македонија, како причина за повисоките цени на билетите.
Поради тоа, ТАВ планира да изгради неколку бензински пумпи, и сегашниот
локален оператор-снабдувач на гориво Макпетрол може да се соочи со
предизвик од рускиот Лукоил и грчката Окта.
„Горивото на Макпетрол има многу повисока цена во споредба со горивата
надвор од Македонија, и треба да се преземат сериозни мерки за
продолжување на нашиот работен век како македонско претпријатие“, изјави
за SETimes менаџерот на Скајвингс, Ајам Џеровски.
Џеровски рече дека проблемите со кои се соочуваат авио-превозниците не
се решени откако ТАВ ја презеде контролата. Сепак, додаде тој, има
значителни подобрувања во услугите и аеродромскиот комфорт.
Сé на сé, патниците се возбудени. „Македонија одвреме
навреме се соочува со патнички ембарга и транспортни тешкотии.
Авио-превозот е решение за многу од нас што живееме во странство“, рече
жителот на Рим, Владимир Атанасов (36), за SETimes
Атанасов објасни дека членовите на неговото семејство живеат во Рим,
Белград и Скопје и тој ги посетува овие дестинации неколкупати годишно.
„Белград нуди неверојатно ниски цени на билетите, кои изнесуваат и по
180 евра повратен билет во летната сезона. Се надевам дека ќе добијам
вакви понуди и од Скопје“, рече тој.
Во тек се реновирања и на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, а
плановите напредуваат и за карго-аеродромот Филип Втори во Штип.
„Ова е клучен проект во македонскиот воздушен транспорт, и ние очекуваме
долгорочна корист, како и значително подобрени услуги“, рече министерот
за транспорт, Миле Јанакиевски, за вториот проект.
Во меѓувреме, 11 милиони евра од целата инвестиција на ТАВ се
пренасочени за изградба на нов воен авионски команден центар, хангари на
воздухопловните сили и првото училиште за пилоти во земјата, рече
министерот за одбрана, Зоран Коњановски, за SETimes.
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2011/02/09/feature-02 - http://www.setimes.com/cocoon/setime.../09/feature-02
------------- Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Август.2011 во 11:05
Конечно: Burger King пристигнува во Македонија | |
|
| |
| |
| |
Првиот ресторан од ланецот Burger King ќе се отвори на 30. август на скопскиот аеродром Александар Велики |
|
Турската комапнија ТАБ „Фудс“, сопственик на мастер франшиза за „Бургер Кинг“, „Попај`с“, „Сбаро“ и „Арби`с“, која има ланец од 500 ресторани низ Турција, ќе се шири и на Балканот.
- Ќе го отвориме нашиот прв ресторан на скопскиот аеродром на 30-ти август, а уште три нови „Бургер Кинг“ ресторани ќе се отворат во Македонија до крајот на годината – изјави Канер Дикичи, генералниот менаџер на ТАБ „Фудс“ на прес-конференција во Истанбул |
-------------
|
Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 06.Септември.2011 во 17:14
Отворен модернизираниот аеродром „Александар Велики“
06.09.2011 - 08:51 |
Обновен и модернизиран со најсовремена
технолошка опрема според сите светски стандарди и капацитет да опслужува
четири милиони патници годишно е новиот лик на аеродромот „Александар
Велики“ во Скопје, што го презентира денеска концесионерот - турски ТАВ
во присуство на македонскиот државен врв и бројна бизнис турска
делегација.
Од 9 септември (петок), со првиот лет на Аустриан ерлеинс целиот
сообраќај ќе се одвива на новиот терминал на „Александар Велики“,
најави Мустафа Сани Шенер, генерален директор на ТАВ аеродроми.
- Економскиот пораст е важен индикатор за вложување во аеродромската
инфраструктура. Во тоа верувававме и веруваме, се појавивме на тендерот,
а и покрај притисоците на светската економска криза го спроведовме
проектот за модернизација на аеродромите и го исполнивме ветувањето тоа
да биде пред Денот на независноста, рече Шенер.
Новиот изглед на аеродромот во кој турската компанија вложи сто
милиони евра беше промовиран пред претседателот Ѓорге Иванов,
претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски,
владиниот економски тим.
Модернизираниот аеродром, според премиерот Никола Груевски, од денес
ќе биде македонски препознатлив симбол на развојните процеси и
направените чекори со кои Македонија се движи напред. Реализацијата на
овој проект доаѓа во вистинско време во пресрет на доаѓањето нови
инвестиции и туристи и период кога се почесто до одредени дестинации
може да се патува по симболични цени, оцени Груевски, посочувајќи дека
главните каратекристики на новиот аеродром се капацитет, ефикасност и
функционалност.
- Аеродромот е огледало на земјата на кој се стекнува првиот впечаток
при патувањето во неа. Ова е голем ден за Македонија кога се менува
сликата на сите патници кога стапнуваат на нејзино тло, истакна
премиерот.
Според него, 6 септември ќе остане запаметен датум во поновата
македонска историја кога е заокружен еден од најголемите инфраструктурни
проекти. Со модернизацијата на „Александар Велики“ оставаме одличен
белег и пример како треба да се работи за својата држава, укажа
Груевски, посакувајќи новиот аеродром да донесе голем раст на бројот на
патниците, туристите и инвестициите во државата.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски оцени дека
модернизацијата на аеродромот е големо ветување, кое станало реалност. -
Договорот за концесија е најсолежниот проект од економски и правен
аспект што е спроведен благодарение на капацитетите на администрацијата,
сериозноста на инвеститорот и покрај скептицизмот од светската
економска криза, рече Пешевски.
Тој истакна дека македонските граѓани со гордост ќе патуваат од
аеродромот во Скопје и со гордост ќе пречекуваат гости од целиот свет и
ќе ја промовираат Македонија.
Вицепремиерот очекува голем пораст на бројот на патници благодарение на проектот што го реализира ТАВ.
Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со
реализацијата на проектот Владата направи сериозен чекор за развој на
воздухопловниот сектор во Македонија.
- Новите и модернизирани објекти се изградени според најновите и
современи светски стандарди, а набавена е и нова опрема со што
аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе функционира согласно
највисоките меѓународни стандарди кои овозможуваат значително подобри
услови, комодитет и простор за патниците - нешто што тие го бараа години
и години наназад, посочи министерот Јанакиески.
Првите патници што ќе бидат опслужени на аеродромот во текот на денов
ќе пристигнат со летовите од Истанбул, Прага, Будимпешта, Љубљана,
Загреб....Ќе слетаат на аеродром десет пати поголем од досегашниот, со
капацитет да обезбеди услуга за четири милиони патници годишно.
Во скопскиот аеродрoм, кој „ТАВ Аеродроми“ го зеде под концесија во
март минатата година и со него ќе управува 20 години. Во текот на
18-месечната реконструкција и модернизација е изградена нова терминална
двокатна зграда од 40 илјади квадратни метри со шест патнички пристапни
мостови, 23 места за чекирање, паркинг за 1.300 возила... На приземјето е
делот за пристигнување, а на катот за полетување. Двата ката се
поврзани со шест ескалатори и девет лифтови. На приземјето во делот за
пристигнување има чекална, а спроти неа се пунктовите за чекирање и
продавници за сувенири. На катот покрај вообичаените пунктови за
царината и пасошка контрола, се пристапните мостови за влегување во
авион.
Во средишниот дел на аеродромската зграда е поставен симболот на
аеродромот - споменик на Александар Велики на коњ. Споменикот е
подарок за Македонија од Мурат Орнекол, оперативниот директор на
концесионерот ТАВ.
Турскиот концесионер изгради и карго хангар со капацитет од 40.000
тони годишно, нова противпожарна станица, службена зграда од 5.000 метри
квадратни. Постојната писта е проширена за 500 метри на југ.
Новиот аеродром, според инвеститорот, е најмодерен на Балканот, а
поради стратешката локација треба да стане балкански транспортен центар.
Минатата година „ТАВ Аеродроми“ го реновираа и аеродромот „Св.
Апостол Павле“ во Охрид, една од најпопуларните туристички дестинации во
земјата.
Холдингот „ТАВ Аеродроми“ е меѓу водечките авио оператори во светот.
Управува со истанбулскиот аеродром „Ататурк“, со аеродромот „Есенбога“
во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир и „Газипаша“ во Анталија, како и со
по два аеродроми во Македонија, Тунис и Грузија. Компанијата неодамна
го доби на управување и аеродромот „Медина“ во Саудиска Арабија. „ТАВ
Аеродроми“ исто така раководи и со други сектори од аеродромските услуги
како дјути фри продажба, услуги со храна и пијалоци, информациски
технологии, безбедност... Во 2010 година компанијата обезбедила услуги
за околу 420.000 летови и за просечно 48 милиони патници.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/otvoren-moderniziraniot-aerodrom-%E2%80%9Ealeksandar-veliki%E2%80%9C
------------- Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 06.Септември.2011 во 17:16
------------- Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 17.Септември.2011 во 18:31
Ееее, баш ми е криво за аеродромиве...
------------- Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
Постирано од: the king
Датум на внесување: 03.Октомври.2011 во 08:13
Kaj ste sega be Makedoncinja??? Neli do pred nekoe vreme pisuvavte deka seto ova e samo uste edna farsa i uste edna izmama???!! neli ke se tresese gorata i ke se rodese mish???!!! Neli nemase nisto da bide??? neli turcite ne mozea da ne moderniziraat???!!! More luge, veke prifatete, turcite otidoa mnogu napred i tie se edinstveniot ozbilen partner na Makedonija koj moze od nasevo parce zemja da napravi dostojna drzava za ova parce narod!!!
Treba da gi trgneme predrasudite na strana i da zapocneme da mislime i da gledame koj ni se vistinski partneri, koj ni go saka dobroto a koj ne podbutnuva od edna strana na druga!!!
No nas ni e podobra grcija, koja sekojdnevno propaga, od turcija koja denes ja ima edna od najrazvienite ekonomii vo svetot, proglasena e za ekonomija so najgolem procent na rast za poslednive deset godini, e sopstvenik na giganti kako Ulker, Eti i drugi kompanii koi 80% ja snabduvaat Evropa so prehrambeni produkti, edna od najgolemite avio kompanii Turkish Airlines, koja denes se reklamira po najpoznatite televizii i e eden od najgolemite sponzori na najgolemite sportski klubovi vo svetot, kako i golem broj na drugi vrvni kompanii.
Abe svetitese ednas, videte koj moze da ni pomogne a koj ne misli k*rva i saka samo da ne iskoristi!!!
------------- !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 03.Октомври.2011 во 14:30
aman be,...kako gi pretstavi turcite ,ke pomisli chovek deka patat od filantropija,...i toa hronichno!
...turcite si go dobile toa shto go barale ...i toa , ne poradi toa za da im pomagaat na nivnite ''antichki'' brakja , tuku, ednostavno ...poradi korist!
...ako ne bile tie ,..ednostavno,ke bil nekoj drug. ...toj aerodrom e napraven takov kakov shto e sega , samo poradi edna prichina,...za da mu se zgolemi profitot na tav-ot, ...sigurno za * ne vlozuvaat tolku pari ni doma kaj niv ,...a , kamoli nekade na drugo mesto.
...aerodromot e predobar za dzava kako ovaa , ... ama kaj nekoj shto shpartal uzduz i popreko po svetskoto nebo,...teshko deka bi predizvikal impresii, kakvi shto iskazuvaat ''nashetanite'' po svet ,...makedonski ''globtroteri'' ,.....
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 03.Октомври.2011 во 20:57
цит:
Treba da gi trgneme predrasudite na strana i da zapocneme da mislime i da gledame koj ni se vistinski partneri, koj ni go saka dobroto a koj ne podbutnuva od edna strana na druga!!!
еееее..и ја така мислам,ама кој не слуша....!барем знаеме како е 500 години да си "држава" во држава...
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: the king
Датум на внесување: 04.Октомври.2011 во 11:11
E da, i drzava vo drzava e podobro od nepriznaena i neprifateno drzavice, i toa edno od najmalite vo svetot!!!
Posle Aleksandar Makedonski makedonija bila posilna od Grcija samo vo tie 500 godini od turskoto vladeenje tuka!!
------------- !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
Постирано од: the king
Датум на внесување: 04.Октомври.2011 во 11:13
brza напиша:
aman be,...kako gi pretstavi turcite ,ke pomisli chovek deka patat od filantropija,...i toa hronichno!...turcite si go dobile toa shto go barale ...i toa , ne poradi toa za da im pomagaat na nivnite ''antichki'' brakja , tuku, ednostavno ...poradi korist!...ako ne bile tie ,..ednostavno,ke bil nekoj drug....toj aerodrom e napraven takov kakov shto e sega , samo poradi edna prichina,...za da mu se zgolemi profitot na tav-ot,...sigurno za * ne vlozuvaat tolku pari ni doma kaj niv ,...a , kamoli nekade na drugo mesto....aerodromot e predobar za dzava kako ovaa ,... ama kaj nekoj shto shpartal uzduz i popreko po svetskoto nebo,...teshko deka bi predizvikal impresii, kakvi shto iskazuvaat ''nashetanite'' po svet ,...makedonski ''globtroteri'' ,.....
|
I moshe baum bese za korist pa si ja dobi, no na drug nacin, a ne vaka kako Tav!!!
A deka ke go napravese nekoj drug ajrodromot takov kakov sto e, toa cisto se somnevam, da imase takvi veruvajte deka tie ke gi dobieja aerodromite, zatoa sto i bez da recete za makedonija poslednata opcija e Turcija, no nema drugi, samo za niv se isplaka a drugite vikaat nema racunica!!!
------------- !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 04.Октомври.2011 во 23:32
the king напиша:
brza напиша:
aman be,...kako gi pretstavi turcite ,ke pomisli chovek deka patat od filantropija,...i toa hronichno!...turcite si go dobile toa shto go barale ...i toa , ne poradi toa za da im pomagaat na nivnite ''antichki'' brakja , tuku, ednostavno ...poradi korist!...ako ne bile tie ,..ednostavno,ke bil nekoj drug....toj aerodrom e napraven takov kakov shto e sega , samo poradi edna prichina,...za da mu se zgolemi profitot na tav-ot,...sigurno za * ne vlozuvaat tolku pari ni doma kaj niv ,...a , kamoli nekade na drugo mesto....aerodromot e predobar za dzava kako ovaa ,... ama kaj nekoj shto shpartal uzduz i popreko po svetskoto nebo,...teshko deka bi predizvikal impresii, kakvi shto iskazuvaat ''nashetanite'' po svet ,...makedonski ''globtroteri'' ,.....
|
I moshe baum bese za korist pa si ja dobi, no na drug nacin, a ne vaka kako Tav!!!
A deka ke go napravese nekoj drug ajrodromot takov kakov sto e, toa cisto se somnevam, da imase takvi veruvajte deka tie ke gi dobieja aerodromite, zatoa sto i bez da recete za makedonija poslednata opcija e Turcija, no nema drugi, samo za niv se isplaka a drugite vikaat nema racunica!!! |
Imase ama se otkazaa poradi neisplatlivosta na Stipskiot kargo aerodrom...Onoj sto ni TAV nema namera da go gradi barem vo slednite 10 godini...I tuka ne e cista rabotata do kraj...
------------- You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
Постирано од: the king
Датум на внесување: 05.Октомври.2011 во 06:22
nemase i skopskiot i ohridskiot da gi renovira, no vidi, gi renovira.
Pa zatoa da pricekame pa da vidime, a ne da osuduvame a gledame deka rabotite odat na dobro.
------------- !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
|
|