IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Бинго!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бинго!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Автор
Порака
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 22:55
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Горан Михајловски е еден обичен манипулатор на широките народни маси, еден обичен кловн и затоа тиражот на весникот му е таков каков што му е. Не за џабе го избркаа од Вечер на времето, кога Вечер и целата редакција беше исто така прокомуњарски настроена.

Треба малку да му ги прочешлаат книгите овие од УЈП, да се види како ги покрива трошоците за печатење, плати на вработените и др. со тој беден тираж што го има. Верувам дека ќе има што да се пронајде таму.


Не е ни најмалку важно дали лицето кое ја пишувало статијата е манипулатор, целта е погодена!
Homo homini lupus est...
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2011 во 08:34
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

pa iskreno od tebe ne ni ocekuvav poinakvo mislenje...totalno ograniceno vidno pole...i kakva toa demokratija ti mi raskazuvas koga stom nekoj ne ti se dopagja odnosno ti go kritikuva omileniot lik a ti tutni mu ja UJP...zatoa si tolku kratkovid,oti citas samo dnevna stampa koja ti raskazuva kako ovde cvetaat roziako vnimatelno si gi cital negovite kolumni toj kritikuva se sto e za kritikuvanje,tuka gi vklucuvam i A1 sose novinarite,pa i onoj *rosaviot*(koj ti e nokna mora) i negovata banda Ne slusaj sto ti kazuvaat da citas,citaj sve za da imas porealno gledanje na rabotite


Јас ама баш немам против УЈП да ми доаѓа секој ден ако сакаат, а такви како мене ги има многу, на чесен човек што чесно си ги врши своите бизниси не му пречи ни свети УЈП да му доаѓа дури и да му спијат по фирма. Само нечесен човек може да има нешто против државните служби во вршењето на контрола.

Јас не кажав дека намќорот е ваков или онаков, фан на опозиција или позиција, јас кажав дека е таков намќор што никад нема кажано добар збор за ништо, едноставно народот не го прифаќа како таков.

А и кај јас тоа сум кажал дека ружи цветаат во МК, односно дека така мислам, и дека сум кратковид, пак да не ти се причинува нешто или можеби си наследник на баба ванѓа.

"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
Diogen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 355
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Diogen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2011 во 10:33
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

pa iskreno od tebe ne ni ocekuvav poinakvo mislenje...totalno ograniceno vidno pole...i kakva toa demokratija ti mi raskazuvas koga stom nekoj ne ti se dopagja odnosno ti go kritikuva omileniot lik a ti tutni mu ja UJP...zatoa si tolku kratkovid,oti citas samo dnevna stampa koja ti raskazuva kako ovde cvetaat roziako vnimatelno si gi cital negovite kolumni toj kritikuva se sto e za kritikuvanje,tuka gi vklucuvam i A1 sose novinarite,pa i onoj *rosaviot*(koj ti e nokna mora) i negovata banda Ne slusaj sto ti kazuvaat da citas,citaj sve za da imas porealno gledanje na rabotite


Јас ама баш немам против УЈП да ми доаѓа секој ден ако сакаат, а такви како мене ги има многу, на чесен човек што чесно си ги врши своите бизниси не му пречи ни свети УЈП да му доаѓа дури и да му спијат по фирма. Само нечесен човек може да има нешто против државните служби во вршењето на контрола.

Јас не кажав дека намќорот е ваков или онаков, фан на опозиција или позиција, јас кажав дека е таков намќор што никад нема кажано добар збор за ништо, едноставно народот не го прифаќа како таков.

А и кај јас тоа сум кажал дека ружи цветаат во МК, односно дека така мислам, и дека сум кратковид, пак да не ти се причинува нешто или можеби си наследник на баба ванѓа.

Ако ти дојде УЈП во контрола, најверојатно бидејќи си чист, ќе поминеш фино и нема проблем.
Ако ти пратат УЈП, ќе те затворат, без гајле.
Има разлика.....намигнување
 


Изменето од Diogen - 26.Септември.2011 во 10:33
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2011 во 11:53
Се знае денес   Д-ујп на кого и каде му оди,тие што се од спротивен табор мамата им ја расплака,ТУКУ

Пред изборите за истиот газда ,односно директор - турчинот Ќерим на овие Весници(между другото и Вест),Д-ујп најави истрага за Шишето од 750.000 евра,чинам за тоа не излезе ништо,брее ама чесност,.. баш по турски
КАДИЈА ТЕ ТУЖИ,КАДИЈА ТЕ СУДИ.голема%20насмевка
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2011 во 12:52
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:

[QUOTE=Zeksi71]Горан Михајловски е еден обичен манипулатор на широките народни маси, еден обичен кловн и затоа тиражот на весникот му е таков каков што му е.


 
 
токму на Горан Михајловски е весникот ''Вест'' и затоа он си дозволува да да пишува такви критики кон сè што не му се  допаѓа во државата
 
интернет вариантот на ''Вест '' има нов иѕглед од 2 недели веќе и ми прави впечаток дека Билето Јанкуловска веќе нема колумни во него.Сигурно и на Горан му се е смачило од антимакедониѕмот на оваа журналистка !
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2011 во 17:14
Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:

Originally posted by Kastro Kastro напиша:

Mnogu od clenovite ne se dojdeni tuka bas za citanje ..steta sto mnogu kvalitetni clenovi si otidoa ,ostanaa samo onie koi so drugi celi vleguvaat na forumov..zalno

ps..ima use po nekoj kvaliteten clen no za zal malku se takvite...


Потполни си во право! Во која врста од членовите си ти? Јас бев од оние што заминаа(отидоа, пишано на латиница)!


Da vo pravo si zaminaa ,a jas ne bi sakal za sebe mnogu da zboruvam samo znam deka sakam da citam kvalitetni postovi i mozebi da dadam svoj pridones dokolku osetam potreba za istoto ...
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2011 во 19:32
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:



Јас не кажав дека намќорот е ваков или онаков, фан на опозиција или позиција, јас кажав дека е таков намќор што никад нема кажано добар збор за ништо, едноставно народот не го прифаќа како таков.




Горан Михајловски во таков стил пишува цели 20 години. Го читам од почеток и се надевам ќе го читам уште толку години. Тој не треба да кажува “добар“ збор. Неговиот препознатлив стил заради кој го читаат најголемиот број интелектуалци  во земјата е тој и знам дека ама баш ич не му е гајле дали некому  не му се допаѓа и дека заради тоа нема да го менува стилот.
Не зборуваме за народот оти Горан не е политичар па да бара подршка од народот за нареден мандат. Горан е новинар и пишува за одредена група читатели-за оние кои ќе си платат, ќе си купат Вест и ќе го читаат. Кому не му се допаѓа, не плаќа, не чита.
Значи, чајре има.намигнување

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2011 во 00:11
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:


pa iskreno od tebe ne ni ocekuvav poinakvo mislenje...totalno ograniceno vidno pole...i kakva toa demokratija ti mi raskazuvas koga som nekoj ne ti se dopagja odnosno ti go kritikuva omileniot lik a ti tutni mu ja UJP...pa ne sme divo pleme bre Zeksi
i znaes sto?
zatoa si tolku kratkovid,oti citas samo dnevna stampa koja ti raskazuva kako ovde cvetaat rozi
ako vnimatelno si gi cital negovite kolumni toj kritikuva se sto e za kritikuvanje,tuka gi vklucuvam i A1 sose novinarite,pa i onoj *rosaviot*(koj ti e nokna mora) i negovata banda
Ne slusaj sto ti kazuvaat da citas,citaj sve za da imas porealno gledanje na rabotite
...''staro'' намигнување...ne znam shto si troshish zivci za izgubeni  vo...vselenata...t.e ...izgubeni vo realnosta!


Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2011 во 00:29
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2011 во 17:28

Аирлија плата

Има ли подобра забава за Македонецот од тоа да може цело време некого да пријавува? И тоа на бесплатен телефон... Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

1   Ме одушевува со каква посветеност и систематичност Владата им приоѓа на проектите. Прво смислуваат реклама. Па на готова реклама прават проект. Па дури после го реализираат.
Видете ја кампањата за минимална плата. Аирлија договор. Сe се знае во детали. Колку ќе биде нето, колку ќе биде бруто- платата. Законот уште не е донесен, ама ќе почне да функционира од 1 јануари 2012 година. Но не за сите. За вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија ќе почне да важи дури од 2015 година. Впрочем, договорот за минимална плата најмногу им треба токму ним. Тие се најексплоатираните.
Оваа реклама е иста како рекламите на операторите за мобилни телефони. И како рекламите на банките за кредити и кредитни картички. Внимавај. Најважното го пишува со најситни букви.
Само што банките и телефонските оператори барем ставаат ѕвездичка за дополнително објаснување. А Владата не става ни ѕвездичка. Под која би пишувало: "Почнува да важи по три години".
Аирлија работа. Аирлија плата по три години.

2   Подготовките на кампањите се темелат врз традициите и врз менталитетот на македонскиот народ. Лајтмотив им е кодошењето. Па вика: Пријави пречки во телефонската линија. Пријави проблеми со ТВ-сигналот. Пријави проблем со Интернетот. Пријави мито. Пријави корупција. Пријави нељубезен службеник на шалтер. Пријави небричен инкасант на патарина.
Има ли подобра забава за Македонец од тоа да може цело време некого да пријавува? И тоа на бесплатен телефон.
Не е проблем во пријавувањето. Проблем е во решавањето на проблемот за којшто се пријавува. Вака излегува дека институциите не мора ништо да работат. Ако баш мора - ќе работат по пријава.
Тамам и да одат по улица и да паднат во дупка не мора да ја забележат. Таа не била пријавена. Па затоа се смисли и кампањата: "Пријави дупка". Сега кога ќе почне да врне може да се појават билборди "Пријави вода во дупката". И на крај - во водата дупка.

3   Секторот за внатрешни работи Тетово вчера со соопштение апелираше до учениците од основните и средните училишта во тетовско-гостиварскиот регион никогаш и никаде да не носат со себе оружје. Портпаролот на тетовската полиција објасни дека "полицискиот апел е во функција на превенирање на училишното насилство во полошкиот регион".
Од полицијата апелираа учениците да се воздржуваат и од тепачки и од носење ножеви, метални боксирачи и пендреци оти и тоа било кривично дело.
Убаво што е кривично дело. Ама на толку тепачки и убиства не видовме дека некој е казнет.
Затоа МВР може да го прошири апелот. Учениците да не носат оружје. А ако веќе носат да не пукаат еден во друг. Затоа што може и да се промашат.
Апелот е упатен до учениците во основните и средните училишта. Да се надеваме дека оние од градинките се под контрола на родителите. Или барем под контрола на ДУИ.

4   Сите циркуси и пречки што се прават со пописот е само за албанските политички партии да имаат алиби, утре ако им затреба да не ги признаат резултатите.
За 20 години независност тие ништо не признаа во Македонија. Го бојкотираа референдумот, не го гласаа Уставот, го забораваат знамето, не признаваат сметки за струја, вода, не признаваат Закон против пушење, не признаваат плаќање даноци...
Па нека кажат еднаш што признаваат. Барем една работа нека признаат, па од таму да тргнеме. Или чекаат американскиот амбасадор Пол Волерс да им каже што да признаат.

5   Можеби затоа откако дојде амбасадорот сите министри Албанци во Владата отидоа да се сретнат со него. Ај што се сретнале, туку најофицијално со соопштенија од кабинетите се фалат дека "оствариле средба".
Толку многу работа за Македонија завршиле. Па средбата со американскиот амбасадор им е најголем успех во неделата.

6   Во Охрид ќе ја уриваат реновираната болница оти ја утнале висината на таванот на операционите сали.
Што е тоа толку голем пропуст. И онака во операционите сали се лежи, не се стои. Кој издржал анестезија на нога? Тие што се на нозе обично во амбуланта ги лекуваат.
Не треба да ја уриваат болницата. Специјалистите хирурзи треба само да субспецијализираат. Да може да работат само во болницата во Охрид.

7   Зошто градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ и советниците на ВМРО-ДПМНЕ го сменија урбанистичкиот план само за Зелениот пазар во Скопје? Па и на пазарчето Буњаковец има место за повеќекатници. И тоа е во Центар. Колку ли административни згради и катни гаражи може да се сместат таму?
Според визијата на градоначалникот, на граѓаните од Центар не им требаат пазари. Сe може да се купи во супермаркет.

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2011 во 23:36
15.10.2011, 07:49

Госпоѓата Оваа

Не живееме сите во истата реклама со Груевски...Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

1   Брисел бил зачуден и непријатно изненаден од остриот настап на премиерот Груевски на примопредавањето на извештајот од Европската комисија. И сега ние што да правиме? Зошто нивната непријатна изненаденост од одговорот на Груевски е позначајна од нашата непријатна изненаденост дека веќе две години не го ставаат ни зборот "македонски" во Извештајот.
Се налутиле од тонот на Груевски. А ние не се налутивме дека ни пратија извесна госпоѓа која, кутрата, се мачеше во Скопје како да го оправда изоставувањето на придавката "македонски". Изгледа по казна ја пратиле тука. Ама намерно не и` кажале каде ќе оди, за да не го споменува името. Па цело време се плеткаше со зборовите "оваа", "онаа", "вашата", "нашата", "кај вас"... и слични глупости. Па на Груевски извештајот му ги испратија со казнена експедиција, предводена од Госпоѓа Оваа.

2   Јас не сум непријатно изненаден од премиерот што на еврокомесарот за проширување Штефан Филе му врати со истиот тон со кој тие нам ни се обраќаат. Напротив, пријатно сум изненаден што некој македонски политичар, конечно, воопшто се осмелил да наоѓа забелешки и за грешките на Брисел.
Ама освен за намерното изоставување на придавката "македонски" за кое апсолутно го поддржувам премиерот, другите забелешки од извештајот дебело сме си си ги заслужиле.
За какви реформи во судството зборува Груевски? Реформи кои не обезбедиле владеење на правото и еднаквост пред законот за сите, едноставно, не се реформи.
За какви стопански реформи зборува Груевски? За оние со кои државата протежира нелојална конк*ренција? И во кои единствен мотив за протежирање се партиските и лични интереси?
За каков "наводен проблем со слобода на изразувањето" зборува Груевски, кога двајца коалициони партнери на Владата имаат телевизии кои се финансираат со реклами што ги распределува самата Влада?
И кога ќе напишеш или ќе кажеш нешто што се разликува од нивата слика, веднаш те третираат како непријател. Да. Има слобода на изразување. Ама ние тука зборуваме за слобода после изразувањето.
Реформите за кои зборува премиерот Груевски ги има само во рекламите. А тој изгледа многу ги гледа, и веќе верува во нив. Бидејќи веќе петта година е на власт, заборавил како е надвор, па си живее во својот филм.
За жал, не живееме сите во истата реклама со Груевски.

3   Како и да е, реформите продолжуваат. Еве што соопшти вчера Министерството за правда:
"Утре во националната арена 'Филип Втори' во Скопје ќе се организира фудбалски натпревар меѓу судии, јавни обвинители и адвокати. Судии на мечот ќе бидат лица од естрадата. Преку оваа средба, симболично ќе бидат претставени реформите на судскиот систем кои ги спроведува Владата на Република Македонија."
Ќе прават палјачовци од судиите и обвинителите само за да ни покажат дека има реформи во судството. Оваа манифестација ја организира Министерството за правда. Да беше ова "Монти Пајтон", оваа манифестација ќе ја организираше Министерството за глупаво одење.
4   Министерот за надворешни работи Никола Попоски излезе со нова теза за "наводниот проблем со слободата на изразувањето" во Македонија. Па во интервјуто за "Си-Ен-Ен" рече дека има многу "субјекти за така мал пазар". На прашањето на репортерот дали тоа значи дека за два милиона луѓе има многу медиуми, Попоски одговори: "Да, така е. Тоа можеби е добро за зголемување на конк*ренцијата, но на долг рок не е одржливо, што значи дека квалитетот треба да одреди колку субјекти ќе има на пазарот".
Така е, министре. Но кој ќе го одреди квалитетот? Владата? Со тоа што ќе им даде повеќе државни пари на коалиционите телевизии и на тие медиуми кои квалитетно ја фалат. И притоа нема да каже колку пари им дала.
Ако Владата баш сака да се прави пазарен регулатор и да кажува кој ќе остане и кој нема да остане на пазарот, тогаш нека не поддржува нелојална конк*ренција и нека обезбеди еднаков пристап до парите на даночниците за сите медиуми. Па после, како што би рекол министерот Попоски, квалитетот нека одреди колку субјекти му требаат на пазарот.

5   Не помина ни една недела по почнувањето на дијалогот меѓу новинарите и Владата за слободата на изразувањето, кога на новинарите не им беше дозволен влез во салата каде што се доделуваа наградите "11 Октомври". За да не го прашуваат премиерот за пописот.

6   Прво одеше рекламата "Попиши се". Сега, од парите кои останаа непотрошени за неуспешниот попис, ќе се снима нова реклама "Отпиши се".
Во официјалната верзија за пропаднатиот попис, за кој од буџетот беа одобрени 14 милиони евра, приказната е ваква: Груевски е херојот што спречил фалсификат и не дозволил да има Албанци повеќе отколку што се. А Али Ахмети не дозволил да се дознае колку Албанци навистина има.
Суштината е дека сите сме нетокму. Оти ни рекоа дека не е трагедија ако се фрлат милиони евра во ветер. Што се парите, кога се во прашање националните интереси. И на едните. И на другите. Таа приказна им поминува со истата леснотија со која ги потрошија и парите. Тоа значи дека коалицијата меѓу Никола Груевски и Али Ахмети е забетонирана. И дека нема цена.

Сподели34
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2011 во 00:14
tuuuuu ama si brz...смеење...samo sto sakav da ja postavam kolumnata
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2011 во 00:24
Во колумната освен дека Никола Груевски сака да каже дека дека државата е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ништо друго интересно нема.Не си пропуштила ништо  , Анџи.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2011 во 00:29
ma ima Emil,ima...negovite kolumni se sekogas interesni i ja dopiraat celta
ama nekoi od vas imaat strasen problem,citaat ona sto sakaat da go procitaat i nisto poveke
taka e koga citate selektivno...rasiri go pogledot Emil...ne citaj gi samo pasusite kade e spomnato imeto na Nikola


Изменето од Andjelina - 16.Октомври.2011 во 00:30
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.