IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 20>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2011 во 15:09

Ги знаете ли сите чудотворни дејства на лимонот?

Лимонот е познат топач на масните наслаги, но знаете ли дека исто така помага и при сериозни здравствени проблеми?

Д-р Penny Stanway, авторка на книгата „The Miracle of Lemons“, тврди дека лимоните се навистина чудотворна храна. Освен тоа што се најдобар избор за гаснење на жедта и за победување на високата температура, лимоните помагаат и кај широка лепеза на болести и здравствени проблеми.

Слабеење

Со сок од лимон полесно ќе го стопите вишокот на килограми и ќе го спречите нивното наталожување на погрешни места, тврдат научниците. За најдобри резултати, сокот од лимон пијте го наутро пред оброкот бидејќи на тој начин ќе го забрзате метаболизмот, а калориите нема да се лепат за критичните зони.

Камен во жолчката

Околу 80 проценти од каменот во жолчката се состои од холестерол, кој се создава во случај кога црниот дроб или жолчката не можат успешно да го исфрлат. Заради недостатокот на желудочна киселина (што може да биде предизвикан од стареење, стрес или земање одредени лекови), контракциите на жолчката може да бидат ослабени. Со тоа се објаснува намаленото и нередовно празнење на жолчен сок и негово заостанување, кој потоа се таложи во камен. Затоа се препорачува консумација на кисели намирници пред оброкот, бидејќи истите можат да имитираат желудочна киселина и да ја поттикнат жолчката на контракции за да може да ги исфрла малите камчиња. При тоа, лимонот претставува идеално решение.

Кашлица

Ова овошје делува и како експекторанс – го поттинкува исфрлањето на секрет од бронхиите, што го прави извонредно корисен кај настинка или грип. Флавоноидите, кои имаат антиоксидантски својства, ги штитат белите дробови од воспаленија и го намалуваат оштетувањето на ткивата.

Во случај на настинка и грип, лимоновиот сок пијте го разреден со вода за да не ви ја раздразни и онака воспалената слузокожа.

Псоријаза

Псоријазата е хрончна болест која бара упорно и долготрајно систематско лечење. Можеби изгледа парадоксално, но киселината од исцедениот лимонов сок може да ја ублажи сувата кожа и да го намали нејзиното лупење. Воедно помага и да се обнови влажноста на кожата и го поттикнува исфрлањето на мртвиот слој на клетки.

Неколку пати дневно нанесете лимонов сок на подрачјето зафатено со псоријаза и задржете се неколку минути изложени на сонце. Во период од неколку недели, постепено зголемувајте го времето кое го поминувате на сонце. Лимоновиот сок е богат со псоралени, природни билни состојки кои се многу чувствителни на УВА зраците и реагираат на ткивата на кожата. Кога е во прашање псоријазата, многу дерматолози препишуваат псоралени орално или локално на кожата во комбинација со УВА терапија.

Запек

Лимоните се богат извор на пектин, вид на влакна кои во цревата се претвораат во гел и ги олеснуваат нивните контракции. Од друга страна, целулозата привлекува вода, со што го олеснува варењето.

Хипертензија

Калиумот кој го содржи лимонот помага при регулација на телесните течности, а магнезиумот ги опушта артериите. Исто така, флавоноидите се состојки кои му даваат на лимонот жолта боја, ги зајакнуваат капиларите и го олеснуваат протокот на кислорот во организмот, а на тој начин го штитат целокупното здравје на крвните садови.

Витаминот Ц од еден мал лимон може да го зголеми нивото на азотен оксид, гас кој на нашето тело му дава сигнал да се опушти и ги проширува крвните садови. Исто така, лимоновиот сок наликува на некои лекови кои се користат за снижување на крвниот притисок – АЦЕ инхибитори, бидејќи го инхибира создавањето на хормонот ангистин во бубрезите, хормон кој го зголемува крвниот притисок преку стеснување на крвните садови.

Уринарни инфекции

Нездравата исхрана ги влошува проблемите при запаление на мочниот меур бидејќи киселата урина само ги зголемува болките. Нормалната урина има pH вредност помеѓу 4,5 и 9, а идеалната вредност е околу 5,8 и 6,8. Изненадувачки, метаболизирањето на лимоновиот сок во нашето тело има благо алкализирачки ефект.

Консумирајте сок од половина лимон два до три пати дневно. Лимоновиот сок можете да го користите во салати како замена за оцет, со рибни специјалитети, во разни сосови за тестенини, како и во овошни салати, на кои им дава посебен вкус, а исеченото овошје го одржува свежо.





Изменето од Valerija - 20.Септември.2011 во 15:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2011 во 15:13

Јадете поздраво, повкусно, пораскошно

Суровата растителна храна брзо и лесно се подготвува. За нејзино подготвување, не се губи многу време. Секое јадење може да биде подготвено за десет минути!.

За сурова храна ќе трошиме многу помалку пари, а нема да ни треба ниту целата техника што сега ја користиме. Вашите трошоци за храната ќе бидат преполовени, а ќе јадете здраво и вкусно, по богато и разновидно-раскошно! После оваа храна ќе се чувствувате лесно, свежо, а не тромо.

Предности на суровата храна

• Ни го зајакнува имунитетот

• Ги подобрува менталните способности

• Ни го обновува телото

• Ја подобрува вкупната здравствена состојба

• Не прочистува

• Ни ја чисти кожата

• Го забавува процесот на стреењето, ја спречува појавата на болести и ја подобрува концентрацијата

СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ПРЕПОРАЧУВА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДНЕВНА ДОЗА НА БИЛНИ ВЛАКНА ОД 30 - 40гр ИЛИ 5кг ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК СЕКОЈ ДЕН. ОНИЕ КОИ НЕДОВОЛНО ГИ ВНЕСУВААТ ОВИЕ ПРОПИШАНИ ДОЗИ СЕ ПОД ГОЛЕМ РИЗИК ДА ЗАБОЛАТ ОД РАК!

Продолжува идниот викенд...

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2011 во 15:14

Круши против малигни заболувања

Крушата е сочно и слатко овошје со помалку зрнеста текстура. Постојат илјади видови од ова овошје и секое се разликува по боја, облик, вкус и големина. Може да се јадат свежи, да се преработуваат, готват, а сокот е посебно вкусен.

Крушата е богат извор на витамините Ц и К, бакар и растителни влакна. Витаминот Ц е познат борец против слободните радикали, а бакарот ги елиминира супероксидирачките радикали, додека влакната превентивно делуваат против ракот на дебелото црево.

Најмногу влакна има во кората на крушата па најдобро е таа да не се лупи.

Една круша или 170 грама содржи: 3,98 грама влакна, 6,64 мг витамин Ц, 0,19 мг бакар, 7,47 мг витамин К и има само 97,94 калории.

Крушите се идеален избор за лицата кои го усвоиле модерниот стил на живот, а со тоа се изложиле на стрес, динамичен и брз живот, исцрпеност и губиток на резервите на енергија.

Крушите се познати по тоа што од нив се прави квалитетна ракија, но тие се користат и за правење на компоти и мармалад. Сепак, најдобро е крушите да се јадат свежи. Тогаш тие најдобро го тонизираат организмот.

Круште се природен и брз извор на енергија. Тие содржат значителни количини на моносафариди: фруктоза и гликоза, како и левулоза – најсладок природен шеќер.

Крушата содржи и витамини од групата Б, кои му помагаат на организмот полесно да се справи со стресот. Тие го хранат нервниот систем и учествуваат во процесот на добивање енергија од јагленохидратите.

100 г крушки содржат 0.3 г протеини, 0.4 г масти, 9.5 г јагленохидрати, 2,8 г растителни влакна и 5 мг витамин Ц. Крушите содржат големи количини на калциум и железо, па затоа им се пропорачуваат, како задолжително овошје, на жените над 40 години, како превенција од остеопороза.

Крушите се, исто така, добар извор на витамин Ц, бакар, калиум и на растителни влакна.

Крушата е добар извор на витамин Ц и на бакар, нутритиенти кои имаат силно антиоксидативно дејство и ги уништуваат штетните слободни радикали во организмот. Затоа, крушите се и природни заштитници против многу заболувања, вклучувајќи ги и малигните болести.

Витаминот Ц, сам по себе, е можен антиоксиданс, а бакарот е неопходна компонента на супероксид-дисмутазата (СОД), еден од најјаките органски антиоксидативни ензими.

Свежата куша е извонреден извор на растителни влакна, посебно на пектин. Круша со маса од 166 г осигурува 6 г растителни влакна, од кои околу 40% е пектин. Растителните влакна се битен елемент на здравата исхрана и помагаат во одржувањето на нивото на шеќерот и холестеролот во крвта и овозможуваат нормална функција на цревата и нивно редовно празнење.

Исхраната богата со растителни влакна помага во превенција на ракот на дебелото црево, и во намалување на нивото на холестеролот во серумот. Токму поради големата содржина на растителни влакна, крушите се важен дел од секојдневната исхрана.

Свежите круши се извонреден извор на калиум. Една круша со средна големина содржи 210 мг калиум. Калиумот учествува во регулацијата на срцевиот ритам, во мускулната контракција, во преносот на нервните импулси и во метаболизмот на белковините и јагленохидратите. Ја регулира работата на крвниот систем и учествува во изградбата на коските и забите.

Со оглед на тоа што калиумот лесно се излачува од организмот, преку дишењето и потењето, многу е важно овој минерал постојано да се надокнадува.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2011 во 15:16

Дуња – здрава храна и природен лек

Дуњата е погодна за правење на мармалад. Дури и самото име мармалад потекнува од португалскиот збор „мармело”, што значи „дуња”.

Опис и потекло на дуњата

Дуњата потекнува од југозападна Азија, посебно од Персија и Анатолија, а самоникната се наоѓа и во средна Европа. Позната е под името „сидониска крушка”. Дрвото на дуњата може да израсне и до 7 метри во височина, а често расте во облик на грмушка. Плодот има форма на јаболко или крушка, со златножолта до црвена боја, прекриен со влакненца, кои лесно се вадат. Дуњата има пријатен мирис и киселкаст вкус.

Оваа намирница била популарна кај старите Грци, кои ја приготвувале така што ја издлабувале, наполнувале со мед и ја печеле. Во грчката митологија, дуњата симболизирала љубов и среќа. Римјаните од дуњата добивале етерични масла, кои ги користеле во парфимериите. Во Франција, дуњата е позната веќе со столетија, а се користи не само за исхрана, туку и за козметички и медицински цели.

Енергетска и нутритивна вредност

Во 100 грама свежа дуња има 57 кцал / 238 кЈ, од што 0,4% белковини, 0,1% масти, 15,3% јагленохидрати. Богата е со растителни влакна и бакар, а содржи и многу танински материи.

Дуњата е богат извор на витамин Ц (15 мг, што е 18,8% од препорачаниот дневен внес). Содржи и бета кааротин и јаболкова кислеина. Поради присутниот пектин, од дуњата се приготвува вкусен мармалад и желе.

Семките содржат слуз, 15% масла, протеини и малку амигдалин.

Лековитоста на дуњата

За лек се користат плодовите, листовите и семето од дуњата. Слузта од семето на дуњата се прпрема со ставање на семето во вода, а се користи за лекување на рани настанати од долготрајното лежење на болните, за лекување на изгоретини, и како средство за облоги при воспалени очи и распукана кожа.

Благодарение на слузта и пектинот, дуњата е многу добра за лекување на воспаленија на грлото и слузницата на крајниците и на дишните патишта.

Слузта се користи, исто така, и во козмеетичката индустрија, за правење на лосиони и креми за кожа.

При воспаленија на слузницата на желудникот и цревата се препорачува варена дуња, која ги ублажува јаките проливи. Плодовите на дуњата содржат слузави материи: пектин, масла, амигдалин, фосфорна киселина и витамин Ц.

Дуњата е природен лек и за слабокрвноста.

Сокот од дуња, сварен со еднаков дел на шеќер, е извонреден сируп против заболувања на дишните патишта и болестите на грлото. Бидејќи дуњата стега, се препорачува сируп од ова овошје за лекување на рани, а помага и при пролив.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2011 во 14:59

Колку е корисен ниско калоричниот јогурт?

Ниско калоричните производи не влегуваат во категоријата корисни и безбедни, категорични се научниците од Харвард институт за јавно здравје.

Одамна е познато дека на бремените жени не им се препорачува да ги почитуваат диетите, бидејќи нивните идни деца можат да се разболат од астма и алергии. Овие денови се одржа конференција на која беа претставени резултатите од проверките на Ниско калоричните кисели млека, кои се исто така омилени и содржината на масни киселини во нив. Овие материи се содржани во повеќето млечни производи. Тие штитат од развојот на алергиска реакција.

Резултатите покажале дека млечните производи штитат од некои болести кај бремените жени, подобрувајќи го здравјето на мајката и плодот. Затоа е толку важна потрошувачката на млеко во овој период.

Сепак, ниско калорично производи не влегуваат во групата на корисните производи. Жените кои јадат ниско калоричен јогурт, имаат висок ризик да родат деца со предиспозиција за појава на астма и алергии. Експертите сметаат дека ниско калоричните компоненти на јогуртот играат водечка улога за зголемување на овој ризик.


 



Изменето од Valerija - 23.Септември.2011 во 14:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2011 во 15:03

Конечно диета од која се слабее и се останува слаб

Резултатите од најновите истражувања покажаа дека луѓето со прекумерна телесна тежина можат да, благодарение на диетата Weight Watchers, за време на 12 месеци да изгубат двојно повеќе килограми отколку луѓето кои го применуваат стандардниот облик на слабеење.

Диетата Weight Watchers е многу популарен начин за следење и губење на телесната тежина, особено меѓу холивудските ѕвезди.

Таа се темели на принцип на бодување, благодарение на кое поединците имаат можност сами да ги бираат своите оброци.

Овде се применуваат четири основни принципи – начин на исхрана, мотивација за физичка активност, корисни навики и групна подршка.

Системот бил креирал уште во 60-тите години од минатиот век од домаќинката Џин Нидтич од Њујорк.

Една од главните поборнички за споменатиот програм на слабеење е пејачката и добитничка на Оскар, Џенифер Хадсон, која благодарение на диетата Weight Watchers ослабела триесетина килограми, а витката линија и понатаму успешно ја одржува без преголеми осцилации.

Поопширно за диетата можете да погледнете тука.

 



Изменето од Valerija - 23.Септември.2011 во 15:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2011 во 11:20

Не постои биолошка причина да јадеме три пати на ден, зошто тогаш го правиме тоа?

Но, се работи за културен конструкт.

Луѓето во светот, дури и на Запад, немаат секогаш три оброци на ден. Моделот „три оброци дневно“ е конвенција од понов датум, која сега е потисната, како и се друго, па јадењето се повеќе станува работа на личен избор. Што, кога и колку често јадеме се помалку зависи од изборот на нашите семејства, соработници и други, а се повеќе и повеќе од желбите, личниот вкус и омилените стилови, како и маркетиншката шема како таа која ја промовира Тако Бел за јадење доцна во ноќта, позната како „Четврти оброк: Оброк меѓу вечерата и доручекот“. Како и кога ќе јадеме е како полнење на нашиот АјПод.

Многу нови студии бараат одговор на прашањето какви ефекти на здравјето има земањето на три оброци во текот на денот. Нивните наоди се далеку од конечните. Студијата на американското Министерство за земјоделие откри дека земањето на само еден оброк во текот на денот, за разлика од три нормални, ја намалува телесната тежина и масното ткиво, но го зголемува крвниот притисок. Истражувањето на Националниот институт за стареење откри дека земањето еден обилен оброк дневно, за разлика од три вообичаени, ја зголемува отпорноста на инсулин и нетолеранцијата на гликозата: две главни карактеристики на дијабетес од типот Б.

Студијата на Универзитетот Мастрихт покажа дека земањето најмалку четири мали оброци дневно го намалува ризикот од дебелина 45 отсто. Холандските истражувања исто така дојдоа до тоа дека луѓето кои го прескокнуваат доручекот повеќе се здебелуваат од тие кои редовно доручкуваат. Студијата на Универзитетот Отава откри дека земањето на многу оброци дневно не предизвикува слабеење.

Така направи и Францускиот центар за научни истражувања, кој го отфрли конзумирањето на повеќе оброци дневно: „Епидемиолошките истражувања кои сугерираат дека повеќе оброци се поврзани за слабеењето, се екстремно чувствителни на методолошки грешки“, предупредуваат нивните автори.

Истражувањето кое го спроведе Универзитетот Беркли покажа дека еднодневниот пост – еден ден пост, а следниот се јаде без ограничување – може да го намали ризикот од болести на срцето и ракот.

Истражувањето на ефектите кои настануваат од чести оброци е менливо, поради тоа што тоа вклучува многу варијабили: нутритивната содржина, времето во текот на денот, вежбите, генетиката. Така научничкото жири сеуште не се огласува.

- Не постои биолошка причина за земање на три оброци на ден, вели Пол Фридман, професор по историја на Универзитетот Јел, автор на книгата „Историја на вкусот“.

- Колку пати ќе јадеме на ден, во кое време и која храна, тоа „се културни модели, ништо поразлични од тоа колку блиску ќе стоите кога зборувате на луѓето или што да правите со своето тело кога зборувате. На луѓето им одговараат моделите на однесување затоа што се предвидливи. Ние се навикнавме на идејата за три оброци. Од друга страна, нашите распореди на обврски и нашите желби таа идеја секојдневно ја рушат се повеќе и повеќе, вели Фридман.

Во текот на поголемиот дел од историјата, оброците биле прилично променливи. - Средновековните селани од северот на Европа „го почнувале денот со пиво или леб или и двете, потоа на поле носеле храна и јаделе обилен оброк попладне, вели Фридман. - Тие можеле да имаат ручек во два попладне или во шест навечер, или пак подоцна – во зависност од работата, сезоната и други фактори. Навечер не јаделе премногу. Тогаш вечерата не била тоа што станала во последните два века.

Склоноста да се јаде на дневна светлина не била поради тоа што се сметало дека тоа е поздраво, туку затоа што готвењето, конзумирањето и чистењето било потешко во темница или при светлина на оган.

- Луѓето кои не биле богати настојувале да ги имаат сите три оброци пред да се стемни. Откако била измислена електричната струја, во почетокот само богатите можеле да ја користат, вели Фридман. - Од тогаш па наваму, едно од обележјата на богатството било јадењето доцна навечер. Земањето на храна откако ќе се стемни, бидејќи имате електрична енергија, било знак за висок статус, урбаност и одреден ранг.

Да се јаде доцна или во било кое време или на пример повеќе од три пати на ден, исто така одразувало нечија дистанца од двете главни сили кои во Америка ги стандардизирале трите дневни оброци: конвенционалниот работен распоред и традиционалниот семеен живот.

Во текот на 20 век, повеќето работници можеле да јадат само во посебно време.

- Кога ќе засвирела фабричката сирена во пет часот, тоа е време да се оди дома и да се руча. Но сега Американците јадат подоцна поради тоа што работат подолго од порано, или поради тоа што нивното работно време сега е пофлексибилно. Ние го напуштаме моделот за три оброци на ден, поради тоа што и членовите на семејствата имаат различни дневни распореди, како и поради фактот дека децата не сакаат да јадат исто што и нивните родители. Идејата на децата да се дозволи сами да ги изберат своите оброци и времето за јадење, била шокантна неколку децении порано, кога на семејната маса во текот на ручекот била актуелна мантрата – Јади тоа што има во чинијата, или – Јади грашок или нема колачи.

Но, семејната маса за јадење излезе од употреба. Што се случи прво: распаѓање на стандардното семејно јадро или пропаста на моделот со три оброци?

- Американските родители имаат посебен вид на вина во врска со исчезнувањето на семејните оброци, вели Фридман. Можеби поради добра причина: Најновото истражување на Универзитетот Минесота откри дека вообичаените заеднички семејни ручеци ја подобруваат исхраната, успешноста и вештината на меѓусебното однесување и го намалуваат ризикот од неумереност во исхраната. Електронските апарати исто така го рушија моделот на три оброци дневно. Тие одеднаш се центри на забава, работни простори и речиси другари на човекот. Нивната преносливост и постојана присутност ни дозволува да јадеме кога ќе престанеме да работиме, а да не ни биде досадно и да не чувствуваме дека сме сами додека јадеме.

- Исчезнувањето на семејните ручеци претходи на изумот на рачните електронски апарати“, вели Фридман. „Тоа не доведе до тоа, но со нив дојде до влошување. Сега, дури и ако се седне заедно на маса, не е јасно дали сите кои седат обрнуваат внимание едни на други.

Моделот на три оброци дневно, исто така беше на удар на индустријата за храна. Индустријата за храна сака да купите повеќе храна, што не тера да јадеме што е можно повеќе и почесто. Тоа имаше ефект, бидејќи Американците секогаш сакале да потрошат.

Бумот на местата каде можело да се седне да се јаде почна кон средината на 20 век и не престануваше. Глобалната снек (снацк) индустрија доживеа процут во руинираната економија и се проценува дека до 2015 година нејзината вредност ќе достигне до 330 милијарди долари. Само во САД малопродажбата на пакувани ужинки порасна од 56 на 64 милијарди долари од 2006 до 2010 година, а се очекува да достигне до 77 милијарди долари до 2015 година.

Нејасната линија меѓу ужинката и главните оброци сите работи ги промени. - Долгорочна последица е тоа дека било кој дел од денот стана време за јадење. Слабењето на моделот за три оброци дневно и растот на ужинките се во врска, иако не би сакал да кажам дека постои директна врска, вели Фридман. Друг вид стратегија на индустријата на храна е создавање на посебни видови на храна, базирани на возраста, етничката припадност, полот, животниот стил и локацијата. Пред неколку децени сите јаделе иста храна.

- Сега постои храна за деца, постои храна за тинејџери и постои храна за возрасни, така некои родители купуваат три пати повеќе храна, за разлика од нивните родители. Со нив се манипулира така што им се создава чувство на вина: Толку сум зафатен цела недела и толку малку квалитетно време посветувам на своите деца, па најмалку што можам да направам за нив е да им овозможам да јадат тоа што сакаат, а не да инсистирам на тоа си



Изменето од Valerija - 30.Септември.2011 во 11:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2011 во 11:21

Лимонот – најефикасно ги топи мастите

Лимонот е важен поради тоа што го јакне имунитетот, содржи витамин Ц и антиоксидат. Спаѓа во најздравите и најделотворните „чистачи“ на организмот кој ја враќа виталноста, енергијата и витката линија.

Тешката храна честопати е една од главните причини за замор, промена на расположението и појава на вишок на килограми. Детоксикацијата со лимон вклучува зголемена конзумација на лимон , не е агресивна за телото, како другите монодиети и е доста едноставна за примена.

Лимон диетата како план за детоксикација ја промовирал Stanley Burroughs и ја нарекол „Master Cleanser“ или диета со лимонада, а нејзината популарност трае од 40-тите години на минатиот век. Детоксикацијата со лимон се темели на зголемена употреба на лимонов сок – лимонада, но вклучува и внесување на зеленчук, риба, семени плодови, мешунки.

Заради тоа не станува збор за класична монодиета, а губитокот на килограми изнесува еден килограм за една недела. Најголемата придобивка од ваквиот начин на исхрана е враќањето на енергијата.

 Детокс – лимонада

- 1 лимон

- 300 мл вода

- една мала лажичка мелен цимет

- малку лута пиперка

- мала лажичка мед

 Доручек

- 1 дл лимонада

- 1 јаболко

- 1 круша

- јогурт со низок процент на масленост

- малку јаткасти плодови

- 100 гр шумско овошје ( боровница, црна рибизла, малина, јагода)

 Меѓуоброк

- 1 дл лимонада

- 1 банана

- малку семки или сончоглед

 Ручек

- мала порција варени мешунки со исцеден лимон

- 1 дл лимонада

- малку сушено овошје

 Вечера

- риба на скара

- варен зеленчук



Изменето од Valerija - 30.Септември.2011 во 11:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2011 во 11:23

Здравата храна во првите редови во фрижидерот

Храната која прва ќе ја здогледаме кога ќе го отвориме фрижидерот и која ни е на дофат на раката, прва и ќе ја изедеме. Па така во првите редови сместете ги овошјето и зеленчукот, а калоричните и нездрави намирници нека бидат „во сенка“. Веројатноста е три пати поголема, луѓето да го изедат она кое прво ќе го здогледаат во фрижидерот, открива една студија која е работена во Њујорк и спроведена на повеќе од 200 испитаници.

- Местото на кое е поставена храната има големо влијание на човекот, бидејќи луѓето се склони да се определат за онаа храна која прва ќе ја здогледаат,  изјавува еден од главните експерти на оваа студија Брајан Вансинк.

- Ако ја поставите здравата храна пред калоричната, поголема е веројатноста да ја изедете онаа која е здрава. Помала е веројатноста дека ќе каснете од петата или пак осма намирница која доаѓа на ред, веднаш штом ќе дојдете „претепани“ од работа, објаснува Брајан.

Вансинк, исто така истакнува дека е добро калоричната храна да се става во затворени кутии бидејќи така не можете да видите што се наоѓа внатре



Изменето од Valerija - 30.Септември.2011 во 11:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2011 во 11:24

Четири есенски навики од кои се дебелееме

Иако летото е најпопуларниот период од годината, сепак на доаѓањето на студените есенски денови многумина се израдуваа. Но ниските температури не донесуваат смо освежување, туку и опасност од зголемување на телесната тежина. Како би ви помогнале во борбата против дебелината ви донесуваме 4 скриени навики од кои мора да се решите.

Тешка храна

Посвежото време секако го отвора апетитот, а доаѓањето на есента ни носи и задоволството за храната која ја избегнуваме поради жешкото време. Сарми, грав, сите видови на вкусни пити и торти се само мал дел од богатото на есенската маса, кои за момент можат да ни закачат неколку килограми.

Решение: Не постои причина да не уживате во вкусната, малку покалорична есенска кујна, но како и во се друго треба да се биде умерен. Намалете ги порциите, а што се однесува на десертот, ако го правите самите нека биде малку полесен и со помалку шеќер.

Намалената активност

Нормално дека сме многу повеќе активни во текот на летото, бидејќи поголемиот дел од времето сме надвор од домот. Многумина ги користат предностите на сувото време за пешачење, велосипедизам, џогирање или ролери, а со доаѓањето на првите дождови таквите активности се одложуваат за иднина, што исто така може да доведе до зголемување на телесната тежина.

Решение: Немојте да ја одложувате физичката активност, која треба да ја пренесете во затворени простории. Избришете го правот од статичниот велосипед, орбитрекот или пак DVD-деата со вежби и кренете во акција. Ако сакате да вежбате во друштво, рекреацијата побарајте ја во сала или во фитнес-центар каде има разновиден спектар на активности, кои сега се нудат на пазарот, па најдете една кој најмногу ви одговара.

Постудено времето - зголемен апетит

Ако сте помислиле дека само си помислувате, ова навистина е точно. Не станува збор за ПМС, туку за вистински зголемен апетит кој со падот на температурата се зголемува пропорционално, затоа што храната е гориво за телото и начин на кој тоа се загрева.

Решение: Не дозволувајте да ви биде ладно. Облекувајте се слоевито, во попладневните часови пред телевизорот, користете ќебе, а што се однесува до храната, кога ќе се чувствувате гладни помеѓу оброци за екстра енергија земете здрава мешавина за грицкање, која содржи суво грозје, ореви, бадеми, ореви и др.

Облека за да се сокријат недостатоците

Докажано е дека жените во текот на летото водат повеќе грижа за своето тело и се обидуваат за две недели одмор да изгледаат најдобро што можат. Со доаѓањето на есента тие почнуваат да носат комотна облека што го покрива сите недостатоци и затоа полека го занемаруваат целулитот, стомакот и другите женски проблемите кои во текот на летото им одат на на нерви.

Решение: Секој од нас кога ќе се погледнеме во огледало без облека секогаш наоѓа недостаток кој би сакале да се промени. Не чекајте ја следната летна сезона, туку веднаш на работа и со мали, но сигурни чекори во обид да се постигне одредената цел.



Изменето од Valerija - 30.Септември.2011 во 11:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2011 во 16:00

Јагоди - извор на витамини и минерали

Осум јагоди со средна големина се доволни во целост да ја задоволат дневната препорачана количина од витамин Ц, затоа што јагодите содржат рекордно повисок процент од овој витамин во однос на јужното овошје.

Состојките во јагодите имаат моќни антиоксидантски својства. Затоа јагодите ги намалуваат последиците од воспалителни процеси во организмот, го чуваат здравјето на артериите и ги спречуваат ризиците од заболувања на срцето.

Јагодите содржат фолна киселина, форма на витаминот Б, неопходна за создавање на црвените крвни клетки, затоа се препорачуваат на трудници и на деца во раст. Една порција јагоди задоволува околу 20% од дневните потреби за фолна кицелина.

Сокот од јагоди во комбинација со малку мед ги ублажува иритациите или изгорениците од сонце на кожата. Смесата се нанесува на кожата, се остава кратко време, а потоа се измива со млака вода и малку лимонов сок.

Во 100 грама јагоди има 30 калории, што овозможува здрава, нискокалорична и вкусна ужина.

Јагодите содржат 90% вода, затоа брзо ја гасат жедта и се идеални за одржување на витка линија, особено кај оние кои се обидуваат да се ослободат од вишокот на некое килце.

Јагодите содржат протеини кои можат да предизвикаат алергиска реакција. Затоа треба да избегнувате да им ги давате на деца до 2 години, особено ако во семејството постојат случаи на алергија на јагоди.

Поради фактот што јагодите содржат фолна киселина, тие го помагаат забременувањето и ја намалуваат депресијата. Докажано е дека јадењето на јагоди директно влијае и во заштитата од рак. Ова слатко овошје содржи и антиоксиданси, кои помагаат против стареење.

Јагодите помагаат за заздравување на непцата. Кога немате достап до паста за заби и четка, преполовете 2-3 јагоди и со нив протријте ги забите и непцата. Потоа исплакнете со вода.

При консумирањето на јагоди ризик постои ако тие се прскани со штетни пестициди. Затоа, најдобро е да купувате јагоди во кутија на која е посочен произведувачот. Исто така треба да се внимава да не се консумираат од луѓе кои имаат алергични реакции на нив. Ако не сте сигурни дали сте алергични на јагоди или не, посетете лекар за да направите соодветен тест.

Последните истражувања покажуваат дека јагодите ја зголемуваат сексуалната активност кај мажите и плодноста кај жените. Причина за тоа е цинкот, кој се содржи во малите семки на јагодите. Тој го покачува нивото на тестостерон кај мажите, кое од своја страна води до зголемување на сексуалната активност.



Изменето од Valerija - 01.Октомври.2011 во 16:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2011 во 16:12

Зошто треба да се јаде риба

Луѓето кои јадат повеќе пати во неделата риба имаат нешто помал ризик да доживеат мозочен удар, отколку оние кои рибат јадат ретко или никогаш, порачуваат експертите од шведскиот институт Каролинска.

Нивниот заклучок се базира на анализи на резултати од петнаесет студии, извршени во САД, Европа, Јапонија и Кина, во кои испитаниците дале податоци за консумирањето на риба, а притоа биле следени меѓу четири и триесет години.

Во овие истражувања биле опфатени близу 400.000 луѓе на старост од 30 до 103 години. Заклучено е дека два до три оброци со риба неделно се доволни да ризикот за мозочен удар се намали за 12 отсто.

Се проценува дека за тоа најзаслужни се омега-3 масните киселини од рибата, како и витаминот D, селенот и некои типови на протеини карактеристични за месото на рибата.

Најблагородно превентивното дејство против мозочен удар има т.н. „масна“ риба, особено лососот и харингата. Шведскиот тим нагласува дека кога рибата се подготвува со пржење, се изостава секое превентивно дејство против мозочниот удар.


 



Изменето од Valerija - 01.Октомври.2011 во 16:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2011 во 17:45

Здравата исхрана им помага на тинејџерите

Една нова студија сугерира дека јадењето на многу овошје и зеленчук може да им помогне на тинејџерите да ги победат менталните нарушувања на здравјето како што се депресија и анксиозност.

Студијата која вклучила 3.000 тинејџери, открила дека оние кои се на строги диети, оние кои конзумираат преработена и брза храна имаат поголема веројатност да имаат проблеми со своето ментално здравје.

Сите оние кои држеле диети имале најразлични симтоми на нарушување на нивното здравствена состојба .

Резултатите од оваа студија се во согласност со она што го имаме видено кај повозрасните, но сметаме дека е многу важно да се внимава уште од тинејџерските години, зошто токму ваквите проблеми во три четвртини од случаите се појавуваат на почетокот од полнолетсвото - изјавува Dr Felice Jacka.

Конзумирањето на здрава храна, богата со витамини и минерали, претставува превенција од сите болести. Тоа вклучува многу овошје, зеленчук, риба, мед, јаткасти плодови итн.

 



Изменето од Valerija - 03.Октомври.2011 во 17:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2011 во 20:00

Што се случува кога јадеме секој ден месо?

Вегетеријанците имаат значително помал ризик за развој на бубрежните и срцевите болести, дијабетесот и мозочниот удар од луѓето кои секојдневно консумираат месо. Еве зошто:

Вегетеријанската исхрана може да помогне кај пациентите со бубрежни заболувања во избегнувањето на насобирањето на токсични фосфори во организмот, покажаа резултатите од најновите истражувања.

Бубрежните пациенти мораат да го ограничат внесувањето на фосфор во организмот бидејќи високото ниво на овој минерал може да предизвика болести на срцето и предвремена смрт. Познато е дека протеините во исхраната имаат значајно влијание на нивото на фосфор кај бубрежните пациенти.

И додека медицинските насоки препорачуваат кај пациентите со хронична бубрежна болест исхрана која не вклучува фосфор, интересно е тоа што фосфорот не се наоѓа на декларацијата на производите.

Неодамнешна студија покажа дека вегетаријанците имаат значајно помал ризик за развој на срцеви болести, дијабетес и мозочен удар од луѓето кои секојдневно консумираат месо.

< = =text/>spodeli(); сподели%20на%20Facebook

бубрежните и срцевите болести, дијабетесот и мозочниот удар од луѓето кои секојдневно консумираат месо. Еве зошто:

Вегетеријанската исхрана може да помогне кај пациентите со бубрежни заболувања во избегнувањето на насобирањето на токсични фосфори во организмот, покажаа резултатите од најновите истражувања.

Бубрежните пациенти мораат да го ограничат внесувањето на фосфор во организмот бидејќи високото ниво на овој минерал може да предизвика болести на срцето и предвремена смрт. Познато е дека протеините во исхраната имаат значајно влијание на нивото на фосфор кај бубрежните пациенти.

И додека медицинските насоки препорачуваат кај пациентите со хронична бубрежна болест исхрана која не вклучува фосфор, интересно е тоа што фосфорот не се наоѓа на декларацијата на производите.

Неодамнешна студија покажа дека вегетаријанците имаат значајно помал ризик за развој на срцеви болести, дијабетес и мозочен удар од луѓето кои секојдневно консумираат месо.


 



Изменето од Valerija - 07.Октомври.2011 во 20:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.