IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Бинго!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бинго!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Бинго!!
    Испратена: 24.Септември.2011 во 16:54

МАКЕДОНИЈА

24.09.2011, 12:34
Гаќите горе



Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

Мојата мајка е добра како змијата кобра...

1   Ние сме ти едни фини малограѓани. Кои повеќе се грижат што ќе кажат луѓето отколку што им е гајле како живеат секој ден.
Затоа и воопшто не се потресов од она што се случи со новинарската трибина во Европскиот парламент во Брисел. Зошто тоа таму во Европа, што се случило само еден ден во годината е срамота, бламажа и скандал, а тоа што ни се случува секој ден во Скопје, во Тетово, во Битола, во Струмица... е нормална работа. Па исто е.
Ако кажеш дека многу ти се допаѓаат новите градби во Скопје - ти си ептен ВМРО-вец. Ако кажеш дека не треба да се гради, туку парите треба да се потрошат за нешто друго, тогаш си комуњара. А ако кажеш дека е добро што се гради, ама баш и не ти се допаѓа тој стил, тогаш или си ВМРО-вец, или комуњара. Зависи кому си кажал.
Ако се одушевуваш на споменикот на Александар, тогаш си патриот. Ако немаш ништо против Александар, ама ако кажеш дека споменикот е кич, тогаш си предавник. А ако кажеш и дека си против Александар, тогаш си суперпредавник.
Ако се радуваш на успехот на кошаркарите во Литванија и закачиш државно знаме на балкон, тогаш си Македонец. Ако ги славиш кошаркарите и ја пееш "Гоцевата раса", тогаш си Супермакедонец. А ако споменеш дека за освоено четврто место Владата изрежира исфорсирана приредба, тогаш си Антимакедонец зрел за протерување од државата.
Затоа најдобро да си молчиш. Да се правиш дека не си од тука.
Којзнае, можеби да не живеевме тука, ќе ни беше смешно.

2   На ред за сеир сега се новинарите. Тоа не е ништо веќе досега невидено. Па нели имавме протести на незадоволни стечајци и контрапротести на задоволни стечајци? Нели имавме задоволни тутунари и незадоволни тутунари? Нели директорите на болниците се делат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а СДСМ и ДПА чекаат кога ќе им дојде редот? Имаме и задоволни и незадоволни пациенти. Нели имаме пејачи што пеат за "нашите" и пејачи што пеат за "вашите"? И балерини и глумци. И судии и адвокати. И лустратори. И професори и студентски лидери. И невладини и владини "невладини"...
Тука дури и нормален човек мора секојдневно да си ја добива пропишаната доза отров за да може да функционира. Оти бруталната исклучивост и поделеност на "наши" и "ваши" влезе во срцевината на македонското општество. И во моментот кога само и што ќе се обидеш да кажеш дека веќе не сакаш да те трујат, ќе те изложат на дополнителна доза. Уште поотровна и уште поопасна.
Така ние си живееме на нашето буниште. Си се валкаме дома отруени со омраза. Ама кога тоа буниште ќе им го пренесеме во Брисел, тогаш тоа било срамота
И што може да прави човек во ваква ситуација за да остане нормален? Да ги остави да се делат на патриоти и предавници и да си ја брка својата работа. И кога ќе му побараат да се изјасни за кого е, да им даде број на добар психијатар. Со надеж дека може да им помогне.

3   Во грчкиот Парламент расправале за навивачката песна "Излези момче". Оти банкротот го решија, Германија работи, а тие немаат други посериозни проблеми.
И во Македонија се отвори многу длабинска и конструктивна дискусија за песната со аналитички приод кон истата. Оти се споменува "Гоцевата раса". И ќе се оди на Солунско Поле. А момчето излегло на тераса. Ама литературно не се викало тераса. Туку - балкон. На што дискусијата кулминираше со потребата од правење јасна дистинкција меѓу тераса и балкон. За што експертската јавност сe уште не се произнела.
Арно ама не била ни "Гоцевата раса". Туку било - "Гоцева тераса". Ама бидејќи неписмените викаат "тараса", звучело како "Гоцевата раса".
А "Солунско Поле" е ставено за да има рима. Кога има рима, тогаш и песната штима. Па на "рацете горе", оди "Солунско Поле". На што на социјалните мрежи на Интернет се појавија фотографии за илустрација на Гоцеви тераси ширум македонските градови. На кои, традиционално, во првиот ред се суши долната облека. Па Гоцева тераса е синоним за "Гаќите кренати високо горе". Што повторно најдобро се римува со "Солунско Поле".
Оф мори, мајко. Кај песната не е наша оригинална, туку некои навивачи ја препејувале од српска, туку ние воинствените од "Гоцевата раса" ќе сме го освојувале Солунско Поле. Со што? Со кубурот што го чуваме за не дај боже. Ние на нашите полиња не знаеме што да им правиме, освен слободни економски зони, па Солунско ќе го средиме.

4   Ова со "Гоцева тераса" има логика приближно исто како што има логика и објаснувањето на европратеникот Шацимаркакис зошто ги избркал новинарите со грчкиот навредлив збор "малака". Прво рече дека не им рекол "малака" на новинарите, туку на обезбедувањето, оти бил лут дека не дошле навреме во салата. После рече дека секогаш кога е нервозен, сам на себе си викал "малака".
Е малака, малака... Долниов од Горна Македонија многу те сака. И да не викаш друг пат така. За да не ти е мака.

5   Ова со римата ме потсетува на еден настан од основно училиште, кога учителката ни даде задача да напишеме песна за 8 Март. Па една другарка напиша: "Мојата мајка е добра како змијата кобра". Римата ја погоди, ама петка не доби.

6   Да се Турците толку сериозни како Грците, тогаш и во Парламентот во Анкара треба да се отвори дебата за песната што се пееше при дочекот на кошаркарите на аеродромот "Александар Велики". Кај аеродром ни изградија, кај првиот авион со навивачите тие го платија, кај торта за кошаркарите спремија, кога ги качија на бината на која пишуваше ТАВ им запеавме "Земјо македонска, земјо турско-ропска Македонијо...".
Тамам им запеавме. Срцето им го згреавме.

5   Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи рече дека извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ ќе бил реален одраз на состојбите во земјата.
И Теута се прави како да не е од тука. Од 2002 година ДУИ е речиси без прекин во власта. Нека не ми кажува дека извештајот од Брисел ќе бил реален. Ај да видиме кој е нејзиниот реален придонес и кој е придонесот на ДУИ за состојбите да бидат подобри.
И нека не зборуваат само за решавање на името. Нека зборат малку и за владеење на правото. И за нивниот придонес како "нашите" и "вашите" ќе бидат исти пред законот.
Homo homini lupus est...
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2011 во 22:00
Sekoja kolumna na Goran Mihajlovski e Bingo...Arno ama nema koj da cita...
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2011 во 23:52
Mnogu od clenovite ne se dojdeni tuka bas za citanje ..steta sto mnogu kvalitetni clenovi si otidoa ,ostanaa samo onie koi so drugi celi vleguvaat na forumov..zalno

ps..ima use po nekoj kvaliteten clen no za zal malku se takvite...

Изменето од Kastro - 25.Септември.2011 во 00:22
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 00:35
e bas mi e milo sto mojata omilena kolumna Buggyman   ja postavil ko tema..cesto ja stavav niz temite vo politika,se trudev da najdam sodvetno mesto na  tekstot ,zasto sakav da ja spodelam so vas...e sega ke dezuram na ovaa tema голема%20насмевка
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 00:55
Абе ако е за читање... во ред е и оваа и многуте и други,а и останати работи прочитавме,но... нема овде фајде ,тие што читаат немаат вредност,оние кои  ЛАЖАТ се квалитетот.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 02:48
Горан Михајловски е еден обичен манипулатор на широките народни маси, еден обичен кловн и затоа тиражот на весникот му е таков каков што му е. Не за џабе го избркаа од Вечер на времето, кога Вечер и целата редакција беше исто така прокомуњарски настроена.

Треба малку да му ги прочешлаат книгите овие од УЈП, да се види како ги покрива трошоците за печатење, плати на вработените и др. со тој беден тираж што го има. Верувам дека ќе има што да се пронајде таму.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 07:49
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Горан Михајловски е еден обичен манипулатор на широките народни маси, еден обичен кловн и затоа тиражот на весникот му е таков каков што му е. Не за џабе го избркаа од Вечер на времето, кога Вечер и целата редакција беше исто така прокомуњарски настроена.

Треба малку да му ги прочешлаат книгите овие од УЈП, да се види како ги покрива трошоците за печатење, плати на вработените и др. со тој беден тираж што го има. Верувам дека ќе има што да се пронајде таму.

Сопственик на весникот Вест е групацијата ВАЦ...
а не Горан Михајловски па него да му чешлаат книги...!
и ако некој не мисли како власта...
или ја критикува, не значи дека е комуњар...
и дека треба одма да му се пушти УЈП...
можеби според тебе треба да се линчува на плоштад...??!!!збунетост
неговите колумни секогаш со задоволство сум ги читал...
во главно се согласувам со неговите критички ставови..
на крај на краишта, ако ти се допаѓа, читај, ако не...
ете ти го Латас...

брееејј...
што ќе беше ова, а некој не ти се допаѓа...
пушти му УЈП, полиција, инспектори...
види, а да ја прочиташ ти колумната пополека и повнимателно...
а...?



Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 14:48
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Горан Михајловски е еден обичен манипулатор на широките народни маси, еден обичен кловн и затоа тиражот на весникот му е таков каков што му е. Не за џабе го избркаа од Вечер на времето, кога Вечер и целата редакција беше исто така прокомуњарски настроена.

Треба малку да му ги прочешлаат книгите овие од УЈП, да се види како ги покрива трошоците за печатење, плати на вработените и др. со тој беден тираж што го има. Верувам дека ќе има што да се пронајде таму.



Da ne si go pomesal so nekoj politicar...збунетост
Kolumnata na Mihajlovski e edinstvenata pricina za da otvoram Vest vo sabota...да
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 18:28
Поголем негатор на се живо и диво во МК од него нема. Читајќи го него, добиваш впечаток дека во Бурунди живееме или можеби во Сомалија. Ништо не му чини, ниеден добар збор нема речено за државата, за народот. Таков е од секогаш, затоа и го шутнаа од Вечер уште во комуњарско време. Сепак и комуњарите имаа некоја граница. Што очекуваш од тотален негативец кој до пладне го мрзи цел свет ,а после и самиот себе. Исто гоедо е како оние од А1 што беа, само овој малку помалку штета нанесува, дека не пишува секој ден.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 18:58
Нема тука  лутење,реботата си е реална и претставена е реално сликата во оваа Вукојебина,невестата е трудна и крај,само кога че се породи,тоа е тешкото???голема%20насмевка
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
DameMak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 617
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DameMak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 20:36
Горан за разлика од колешката негова со која го начекаа во новинарските кабини во 2002 во Александар Палас, ептен добро плива и се снаоѓа. За тоа капа му симнувам. Терај батка.

Подплукнува на власта, ама и дебели парички си зема пак од власта, и си тера.

П.С. Ах да, колешката со која другите новинари го фатија жив (забораиле да ги исклучат микрофоните во кабината, па цела сала слушале што правеле во кабината) беше токму во Брисел и е индиректно спомната во неговава колумна. Ја викаат Вилајна и работеше во една сега банкротирана телевизија.
Illegitimi Non Carborundum
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 22:05
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Поголем негатор на се живо и диво во МК од него нема. Читајќи го него, добиваш впечаток дека во Бурунди живееме или можеби во Сомалија. Ништо не му чини, ниеден добар збор нема речено за државата, за народот. Таков е од секогаш, затоа и го шутнаа од Вечер уште во комуњарско време. Сепак и комуњарите имаа некоја граница. Што очекуваш од тотален негативец кој до пладне го мрзи цел свет ,а после и самиот себе. Исто гоедо е како оние од А1 што беа, само овој малку помалку штета нанесува, дека не пишува секој ден.



..Конго брат!!!.И не само Конго...туку РЕПУБЛИКА КОНГО!.


...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 22:34
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Горан Михајловски е еден обичен манипулатор на широките народни маси, еден обичен кловн и затоа тиражот на весникот му е таков каков што му е. Не за џабе го избркаа од Вечер на времето, кога Вечер и целата редакција беше исто така прокомуњарски настроена.

Треба малку да му ги прочешлаат книгите овие од УЈП, да се види како ги покрива трошоците за печатење, плати на вработените и др. со тој беден тираж што го има. Верувам дека ќе има што да се пронајде таму.

pa iskreno od tebe ne ni ocekuvav poinakvo mislenje...totalno ograniceno vidno pole...i kakva toa demokratija ti mi raskazuvas koga som nekoj ne ti se dopagja odnosno ti go kritikuva omileniot lik a ti tutni mu ja UJP...pa ne sme divo pleme bre Zeksi
i znaes sto?
zatoa si tolku kratkovid,oti citas samo dnevna stampa koja ti raskazuva kako ovde cvetaat rozi
ako vnimatelno si gi cital negovite kolumni toj kritikuva se sto e za kritikuvanje,tuka gi vklucuvam i A1 sose novinarite,pa i onoj *rosaviot*(koj ti e nokna mora) i negovata banda
Ne slusaj sto ti kazuvaat da citas,citaj sve za da imas porealno gledanje na rabotite
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 22:53
Originally posted by Kastro Kastro напиша:

Mnogu od clenovite ne se dojdeni tuka bas za citanje ..steta sto mnogu kvalitetni clenovi si otidoa ,ostanaa samo onie koi so drugi celi vleguvaat na forumov..zalno

ps..ima use po nekoj kvaliteten clen no za zal malku se takvite...


Потполни си во право! Во која врста од членовите си ти? Јас бев од оние што заминаа(отидоа, пишано на латиница)!
Homo homini lupus est...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.