IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - МОРАЛОТ ВО ИСЛАМ – (АХЛАК)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МОРАЛОТ ВО ИСЛАМ – (АХЛАК)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2011 во 13:16
Originally posted by MUSLIMA_1 MUSLIMA_1 напиша:



nie imame knigi,arabski prevedeni na makedonski jazik,znaci nie imame dosta islamska literatura, kako i na bosanski,jazik, prevedna od verodostojni lugje, Koj go izucuvale islamot, mnogu godini, i koj imaat praksa,za toa.  ovaa islamska istorija sto jas ja postirav,taa e prevzemena,od wikipedia,Koja ke bide prerabotena, i dobro proverena,za da moze da se cita kako,kniga.


Таа "историја" кој ти си ја преземал има врска со се, само не со историјата. Можеби имате исламска литература, можеби и луѓето кои го проучувале Исламот одлично го познаваат, ама историјата очигледно не ви е силна страна, штом си дозволувате толку многу грешки во еден текст.

Изменето од Македон - 20.Септември.2011 во 23:17
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2011 во 23:07
Hahahahaha provokacija posle toa miruvanje, i posle toa napad, koj sega poleka ce se transformira vo macenishtvo.

Vece tolku pati videno na ovoj forum hahahahahaaa..
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
MUSLIMA_1 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Септември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 83
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MUSLIMA_1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2011 во 02:11
ДОБРАТА НА УБАВИОТ АХЛАК



Убавиот ахлак и убавото однесување е многу вредно и ефективно дело, кое повеќекратно е корисно и од кое произлегуваат добри зборови и добри постапки како и останатите убави и вкусни плодови, од кои, некои од нив се берат на дуњалукот а некои на ахирет, но без сомнение дека ахиретските плодови на убавиот ахлак се повкусни, повредни и поголеми.
Добрато на овој и идниот свет се стекнува само со добар ахлак, а злото на овој и идниот свет се стекнува со расипан, зол и лош ахлак!


1.Прва корист на убавиот ахлак е тоа што таа е одлика на покорувањето на наредбата на Аллах, џ.ш.,кој вика: „Простувај им на другите, наредувај им добро и чувај се од незнајковците! “ (Ел-Е’араф, 199), како и, од покорноста кон Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., кој вели: „Со убав ахлак однесувај се спрема луѓето!“ (Тирмизи, бр. 1987)


2.Придобивање на срцата. Ако однесувањето и ахлакот на некој човек биде добар и убав, тој човек ги има мнозина од оние кои едвај чекаат со него да се најдат во друштво, со него да се дружат и другаруваат, и таквиот би имал малку непријатели. На таквата личност работите ќе и постанат лесни, тврдите и нечувствителни туѓи срца пред него ќе омекнат, а острите критичарските јазици како сабји ќе отупат над него.


Закити се со убав ахлак и однесување
Па мискот на твоите фалења ќе ги надвладее сите мириси.


Кажува Ибну Абас, р.а.: „Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Џеннетлија е оној, кому Аллах, џ.ш., уште при неговиот живот, ги исполнил ушите со пофалби од луѓето, а Џехеннемлија е оној кому Аллах, џ.ш., при неговиот живот, ушите му ги исполнил со грдења од луѓето!“ (Ибну Маџе, бр. 4224). Врз основа на тоа, блазе си му на оној кој ќе се наслушува пофалби од другите луѓе, а за жалење се оние кои слушаат кудења и грдотии од останатите луѓе на нивна сметка, а оние кои одамна не слушнале пофалби од луѓето на своја сметка, па добро нека се преиспитаат!


Меканските идолопоклоници не го сакале Мухаммеда, а.с., не сакале да го следат и тогаш не биле муслимани, но, секогаш го спомнувале по убавиот ахлак, доверба и добро, и помеѓу нив бил познат како ’Ел-Емин’ што во превод означува ’доверлив’, врз основа на тоа и ние неважно дали се наоѓаме во круг на муслимани или немуслимани, ако не слушаме благодарност и пофалби од луѓето на наша сметка – тогаш да се приспитаме колку сме на патот од Мухаммед, с.а.в.с. о колку добри дела ни недостасуваат!


Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Најдраг од вас ми е оној кој е со најубав ахлак и однесување, кој на другите секогаш им е на услуга, на кои луѓето му се драги и тој на луѓето им е драг!“ (Теберани, ел-Му’уџем ел-Сагир, бр. 835)


2.Со убавиот ахлак се чуваме од злото на луѓето! Личноста со добар ахлак на зло не возвраќа со зло; тој е оној кој простува и прави место за друг, и нејзнајковците ги избегнува и се чува. Особата со добар ахлак некогаш ќе возврати со добро. Тоа што личноста е добра и заради тоа не треба да се спушта на степен на незнајковците кои прават зло, да би се сочувала од нивниот шерр! Кога од убавиот ахлак не би постоеле други користи освен оваа би им било доволно на луѓето што побрзо да се закитат со својството на убав ахлак!


Немој да се каеш заради убавиот ахлак
Макар луѓето и лошо да се понесат према тебе
Ти да бидиш добар, а оние лоши – подобро е
Отколку да бидиш лош, а и оние лоши!



Џабир б. Сулејм, р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Ако некој човек те брука заради нешто што ти го знае, ти немој него да го брукаш во она што му го знаеш; зошто ти тогаш ќе имаш награда, а тој грев, и немој никого да пцуеш! “ (Сахих Ахмед, 5/63, Ебу Давуд, бр. 4084)


3.Убавиот ахлак и убавото однесување ги покрива останатите маани – а и самите сме сведоци за тоа дека на повеќето мажи и жени им е прогледано низ прсти по прашањето на телесните маани, заради тоа што биле познати по добрината и убавиот ахлак.

Луѓето ќе се разидуваат околу некои работи дали се добри или не, но нема да најдеш двајца луѓе да се разидуваат во тоа дали убавиот ахлак е добар или не!


Убавината не е во убавите одела кои нè красат
Туку убавината е – убавината на однесувањето и нашиот ахлак.

Сè има своја убавина и украс
А, украс на човекот е убавиот ахлак!



Убавиот ахлак и убавото однесување се како бисер скриен во школката, па така и нашите тела и одела кои се самата школка не значат ништо ако во нив нема убав бисер! Убав ахлак е како бисер убав каде и да се најде, а истотака и со лошото однесување и неморал – грд е и одвратен каде и да се најде!


Што им користи убавото лице на младината
Ако немаат убав ахлак и однесување.



Од каква корист е убавината на лицето кај младичот – ако зад тоа убаво лице се крие криминал, блуд, дрога, алкохол, убиства, тепачки, непослушност према родителите, браќата, сестрите, итн. И од какова корист е убавото лице и убавото тело кај девојката ако зад тоа се крие изгубена невиност, блуд, абортуси, алкохол, тутун, долг јазик, сплекарење, оговарање, крадење, итн....
 
4.Особата со убав ахлак е особа која е клуч на секое добро и која е катанец на секое зло; Тоа е особа која настојува да го оствари секој вид на хајр и добро онолку колку е во можност, а толку и Аллах, џ.ш., нè задолжува. Личноста со убав ахлак поттикнува на дарежливост, племенитост и љубезност спрема другите. Личноста со убав ахлак чини разноразни добри дела према себеси и другите со својот иметок, со своите зборови, со своето тело и со сето битие. Личноста со убав ахлак помага себеси и на другите во преданоста и покорноста према Аллах, џ.ш., и Неговиот Пратеник, с.а.в.с.

Енес б. Малик, р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Има луѓе кои се клучеви на хајрот и доброто, и кои се катанци за шеррот и злото, а има луѓе кои се клучеви на шеррот и злото, а катанци за хајрот и доброто; секоа чест на оној кому Аллах . џ.ш., во рацете му ги дал клучевите на добро, а тешко на оној кому Аллах, џ.ш., во рацете му давал клучеви од злото!“ (Ибнул Маџе, бр. 237)

Енес б. Малик, р.а., вели: „Дојде Аллаховиот пратеник, додека си играв со децата. Нè поселами, па ме испрати да му завршам нешто. Отидов да го завршам тоа, но после, заради тоа, задоцнив кај својата мајка. Кога дојдов кај својта мајка, ми рече: Зошто задоцни? Реков: Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., ме испрати да му завршам нешто. Она рече: Што да му завршиш? Одговорив: Тоа е тајна. Мајка ми, ми рече: „Никогаш немој да ја одаваш тајната на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с.!“ (Муслим, 2482)

Погледнете само како првите муслиманки како мајки ги воспитувале своите деца. Ги воспитувале на таквалук, почитување на Пратеникот, с.а.в.с., и учените луѓе и ги воспитувале на тоа да ги чуваат тајните кои на доверба им се дадат. Таа му рекла: „Никогаш немој да ја одаваш тајната на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с.!“

Кога би погледнале во состојбата на нашите луѓе и жени и деца и нивниот однос спрема чувањето тајни – би можеле слободно да заплачиме! Колку тајни на доверени станале во јавност познати! Од колку доверени тајни се исплетиле разноразни приказни и романи! Затоа, да се воспитаме себеси и нашите деца врз принципот на чување на доверените тајни!

5.Личноста со убав ахлак е забранета на Џехеннемскиот оган! Абдуллах б. Месуд, р.а., пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „ Кој ќе биде лесен, благ и близок – Аллах, џ.ш., го забранил на Џехеннемскиот оган! (Ебу Ја’ла, бр. 5060)

6.Убавиот ахлак претставува убавина на дуњалукот, а достоинство на Ахирет. Човекот вреди онолку колку поседува убав ахлак и пофални својства при себе! Убавиот ахлак е гордост и чест за оној кој се закитил со него. Многумина луѓе кои немаат голем иметок или големо знаење или голем углед или позиција, но во градот се познати и ценети заради човечко држење и убав ахлак! Многумина има ’големи’ кои лошиот ахлак и лошото однесување ги направило ’мали’, а и многумина има ’мали’ кои убавиот и добар ахлак ги направил ’големи’! Убавиот ахлак и морал се среќа, а лошиот ахлак и неморал се насреќа!

7.Личноста со убав ахлак е лице со мирно срце и смирена душа. Таквата личност навикнала на тоа да го поднесува езијјетот и навредувањето од страна на луѓето и тоа да прави сабр (трпение) на сето тоа надевајќи се на наградите кои Аллах, џ.ш., и Неговиот Пратеник, с.а.в.с., ги ветиле! Таквата личност навикнала на тоа дека од користа на луѓето е онолку колку се може, а ако не може многу да им користи на луѓето тогаш таквата личност настојува макар да не им нанесува штета, што истотака претставува добро дело. Личноста со убав ахлак е онаа која настојува да ги задоволи и постариот и помладиот и себеси рамниот. Личноста со убав ахлак е онаа личност која го понесува она што планините не можат да го понесат, тоа е личност на која и непријателот и станува пријател; тоа е личност која и нејзнајкото се чува заради што ги одбегнува, тоа е личност која најлесно допира до нотрината на туѓите срца и скриеноста на срцата отворајќи ги луѓето спрема убавиот однос према Нивниот Господар и Неговите створенија!

Моралот во Ислам зазема голема позиција и почесно место. Моралот е составен дел од оваа возвишена вера. Тој е основна и фундаментална цел од испраќање на Пејгамберот Мухаммед а.с.. Тој е сегмент кој е присутен кој секој ибадет и особина што треба да најде место кај секој муслиман. Тој е средство преку кое човекот се доближува до својот Господар и го резервира своето место во Џеннет.

Исто така Пејгамберот а.с. ни ја нагласил неговата основна задача од пратеничката мисија кога рекол:

إنّما بُعثت لأُتمم مكارم الأخلاق
"Навистина сум испратен да ги усовршам моралните особини кај луѓето." (Малик)

Пример за нашето однесување мора да биде Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., бидејќи токму него Аллах џ.ш. го избрал да биде модел во кој треба му’минот да се угледа. Возвишениот Аллах вели:

لَّقَدْ كَانَ لَكُمْ فِي رَسُولِ ٱللَّهِ أُسْوَةٌ حَسَنَةٌ
“Вие е во Аллаховиот Пратеник имате прекрасен пример..” (Ел-Ахзаб, 21)

Намазот кој е првиот практичен основ и темел на оваа вера, во себе го содржи моралот како еден од целите преку кои клањачот треба да ги оствари. Севишниот Аллах џ.ш. вели: "И клањај, навистина, намазот одвраќа од лоши и нечесни работи." (Ел-Анкебут, 45)
Исто така и зекатот, неговата функција на извршување е прочистување на душата и нејзино воздигнување. Севишниот Аллах џ.ш. вели: "Земи им од нивните имоти садака за да ги очистиш и со тоа да ги облагородиш." (Ет-Тевбе, 103)

И постот ја носи таа порака со цел душата да ја навикне на одрекнување од нејзините страсти и сите негативни пороци кои можат да произлезат со збор или дело. Во веродостоен хадис Мухаммед а.с. рекол: "Кој не ги остава лошите зборови и постапувања според нив, тогаш Аллах нема потреба од оставање на неговото јадење и пиење." (Бухари) Исто така рекол: "Кога некој од вас ќе пости, нека не навредува и нека не се кара. А ако некој го опцуе или навреди нека рече: ‘Јас сум постач’.” (Бухари)

И хаџот не е едноставно само формално патување до светите места, и не е само облекување на ихрам, правење тафав или сај. Тој исто така е средство за морално воздигнување. Возвишениот Аллах џ.ш. вели: "Хаџот е во одредени месеци, па кој од вас ќе одлучи за хаџџ, тогаш нема пцуење, нанесување штета ниту расправање со луѓето." (Ел-Бекаре, 197)

На ваков начин гледаме како ибадетите се разликуваат по својата форма, време, место но се соединуваат и спојуваат околу нивната суштина и улога: Обожавање, служење на Аллах џ.ш. и постигнување на висок морал и добар карактер на однесување.
Иманот (верувањето) моралот и доброто однесување се тесно поврзани и имаат неколку заеднички споиви точки:

 Спомнато е пред Пејгамберот а.с. дека има некоја жена која многу пости, клања и дели садака освен што има една мана а тоа е што ги вознемирува и им нанесува зло на своите комшии со јазик. Пејгамберот а.с. рече: "Таа ќе биде жител на Џехеннем (оган)." Исто така е спомнато дека има некоја жена која не клања многу, ниту пости многу ниту дели многу садака (значи од нестрогите должности) меѓутоа не ги вознемирува комшиите. Пејгамберот а.с. рече: "Таа ќе биде жител на Џеннет." (Ахмед)

 Пејгамберот а.с. објаснил дека добрите дела, доброчинството, моралот, сите спаѓаат во областа на садака (пофални дела со кои човекот се доближува до Аллах џ.ш.) Мухаммед а.с. рекол: "Секој поздрав на луѓето е садака во кој изгрева сонцето: да помириш двајца е садака, да му помогнеш на некој човек да се качи на добитокот или да му ги подигнеш багажите е садака, убава збор е садака, за секој чекор што го одиш за намаз е садака, да отстраниш пречка од пат е садака." (Бухари)

 Во друг хадис кој го пренесува Бухари стои: "Твојата насмевка во лицето на твојот брат е садака, твоето наредување на добро е садака, твоето забранување на зло е садака, твоето упатување на човек кој заскитал е садака, твоето отстранување на пречка, трње и коски од патот е садака, и посипување на твојата кофа во кофата на твојот брат е садака, твоето гледање на човек со деформиран вид е садака."

 Наспроти тоа, лошиот морал и расипан карактер ги пропаѓа добрите дела. Пејгамберот а.с. вели: "Губитник од мојот уммет е оној кој ќе дојде на Судниот ден со намаз, зекат, пост, а во меѓувреме го опцул овој, го оклеветил овој, му одзел имот на овој, му узурпирал имот на овој, го удрил овој.. Па ќе му се даде на овој од неговите добри дела, и на овој од неговите добри дела; па ако му завршат добрите дела пред да исплати што е должен, се земаат нивните гревови и му се товарат нему, потоа ќе биде фрлен во Оган." (Муслим)

 "Срамот и иманот се нераздвојни дела ако едниот се раздели, другиот ќе исчезне." (Хаким, Таберани)
Пренесува Абдуллах б. Амр б. ел-Ас вели: “Аллаховиот Пејгамбер а.с. не бил груб ниту одвратен. Туку велел: "Најдобар од вас е оној со најдобар морал."

Пренесува Муслим од хадисот на Нуввас б. Сем'ан дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: "Доброчинство е добар морал."

Пренесува Ебу Давуд и Тирмизи од хадисот на Џабир р.а. дека Мухаммед а.с. рекол: "Најсакан од вас кај мене и најблиско место до мене на Судниот ден ќе имаат оние со најдобар морал."

Пренесува Тирмизи и Хаким и рекол – хадис сахих – од хадисот на Ебу Хурејре р.а. дека Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: "Најсовршени верници се оние со најдобар морал."

Пренесува Тирмизи и вели – хадис добар сахих – од хадисот на Еби Дерда р.а. дека Мухаммед а.с. рекол: "Нема потешко нешто (од добр-ите дела) во терезијата на човекот верник на Судниот ден од добар морал."

Пренесува Тирмизи и вели – хадис хасен сахих – од хадисот на Ебу Хурејре р.а. кој вели: “Прашан е Аллаховиот Пратеник а.с. што е она што најповеќе луѓето ќе ги воведе во Џеннет. Рекол: "Побожност во Аллах и добар морал."

Пренесува Тирмизи од Ибн Мубарек во дефинирање на добар морал (ахлак) рекол: "Тоа е ведрина во лице, правење на добро и спречување на зло."

Кога ќе ги погледнеме претходно изнесените хадиси, тогаш добиваме причина повеќе да се заложиме уште повеќе на усовршување на полето на нашиот убав ахлак, на полето на морално воздигнување, а за кои, како што гледаме постои огромна награда. Таа награда се добива само тогаш ако тоа го правиме со искрен нијет и за името на Аллах џ.ш. Аллах го молам да ни подари сила и волја да ги очистиме своите нијети од дволичност и лицемерство, своите срца да ги наполниме со искреност и нашите дела да бидат тие за кои Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: “Нема ништо потешко на вагата на му’минот на Судниот ден од убавиот ахлак...” Господару наш, направи нé од оние кои ќе се најдат во куќата за која Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: “...а куќа во највозви-шениот дел на Џеннетот е за оние со убав ахлак-морал.” Амин!!!
 
Eve nekolku primeri,kakov moral treba da ima eden covek navistina koj e vernik i koj veruva vo eden Bog, Covek bez moral e kako ribata bez voda.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2011 во 22:05
...nekogash vodata e tolku zagadena da na ribata i e podobro na suvo...
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2011 во 22:17
Originally posted by Templarius Templarius напиша:

...nekogash vodata e tolku zagadena da na ribata i e podobro na suvo...


Ова се вика оксиморонство.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2011 во 22:53
Originally posted by deshad deshad напиша:

Originally posted by Templarius Templarius напиша:

...nekogash vodata e tolku zagadena da na ribata i e podobro na suvo...


Ова се вика оксиморонство.



....dali ?????
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
MUSLIMA_1 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Септември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 83
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MUSLIMA_1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2011 во 23:25
Misli deka e taka ti si po pameten od gospod pa znaes na ribata dali i treba voda ili ne pa ti se najde pametniot
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2011 во 13:03
MUSLIMA_1, kako nov chlen ti svrtuvam vnimanie deka na forumov se komentira za komentarite, a ne za komentatorite.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2011 во 16:41


  Vo Koranot i vo ucenjata na Islamot ima mnogu ubavi raboti koi se slicni so Hristijanstvoto.


No, mislam deka Muslimanite premnogu se zamaraat so toa sto naogjaat greski vo Hristijanstvoto i go napagjaat.


Propovedajte ja svojata vera dragi prijateli muslimani, no so pocit kon drugite veruvanja, bez razlika sto ste sigurni deka ste vo pravo a nie sme greska . Pozdrav do vas големо%20гушкање
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2011 во 22:38
Originally posted by MUSLIMA_1 MUSLIMA_1 напиша:



Misli deka e taka ti si po pameten od gospod pa znaes na ribata dali i treba voda ili ne pa ti se najde pametniot



Hahahahaa Jas pametniot, milo mi e sto ja sfati poentata so ribata i so vodata i se najde navreden...

Pozdrav.

Изменето од Templarius - 24.Септември.2011 во 22:38
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
kike3321 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Јули.2018
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kike3321 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2018 во 06:23
muslima 1 bravo za site odg tocna si vo site odg. site red po red gicitav muslima allah da te nagradet
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.