|
Занимливости околу исхраната |
Внеси реплика | страница <1 1213141516 20> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
* Младата пченка ќе ја задржи првобитната боја и ќе биде повкусна, ако во водата во која се вари се додадат неколку капки сок од лимон. Ако тенџерето во кое ќе се вари пченката се обложи со зелените листови од клавчињата, тогаш таа ќе биде многу повкусна. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хигиена во приготвување на храната Храната треба да се приготвува и да се чува на начин кој не го намалува нејзиниот нутритивен квалитет и кој ја ограничува можноста од расипување. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Капината природен мултивитамински препарат Плодовите од капината се широко застапени и во народната медицина и во детската исхрана, благодарение на составот. Плодот е богат со витамините Е, А, Б1, Б2, ПП и со флавоноиди кои ги закрепнуваат крвните садови. Пектинот во плодот е корисен за чистење на организмот, а јодот и другите микроелементи помагаат на функциите на ендокринолошкиот систем. Големите количества на целулоза ја помагаат работата на цревата. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шампињоните како зачин Шампињоните, со оглед дека содржат ароматични и други мирисни компоненти може успешно да се употребат како зачин за други јадења. Така, тие се незаменлив дел од супите и филовите за месо. Јадењата со месо од претходниот ден, печурките како со волшебно стапче ќе ги претворат во нови. Печурките динстани со кромид, зачинети со мелен црвен пипер и со мајонез, може да се додадат во претходно подготвените шницли од говедско и од свинско месо. Сосот од печурки, заедно сварени со моркови и магдонос, значително ќе го освежат месото во говедската супа. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најважното за портокалите... Зошто се добри портокалите? |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овошна напивка Потребно: |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Намирници кои помагаат во намалување на килограмите1. Овес Зарем овесот не е јаглехидрат? Секако, но и житарка која создава чувство на ситост. Исто така, тој содржи влакна кои го намалуваат холестеролот и мастите во крвта. Се препорачува поради фактот што не го подига нивото на шеќер, а создава долготрајно чувство на заситеност. 2. Јајца Нутриционистите со години се обидуваат да ја вратат репутацијата на овие намирници. Јајцата се концентриран вид на животински протеини , но без огромната количина на масти која ја содржи на пример местото. Истражувањата покажуваат дека едно јајце како замена или додаток на тостот и житариците во појадокот, придонесуваат за губење на повеќе килограми отколку оброкот сочинет од јаглехидрати. 3. Млеко Докажано е дека комбинацијата на калциум, витамин Д и протеини кои ги содржи млекото , со мала количина на масти, го поттикнуваат топењето на килограмите, а притоа ја одржуваат мускулната маса. 4. Јаболко Бројни студии покажаа дека внесувањето јаболко половина час пред оброкот го намалува внесувањето на калории поради содржината на влакна кои ги има јаболкото, а кои ви даваат чувство на заситеност. Тоа значи дека ќе внесете помала количина на храна. Исто така јаболкото ги спречува пореметувањата на организмот, како што се високиот притисок и покачениот холестерол.
5. Црвено месо Веројатно не можете да го замислите црвеното месо како дел од диеталната исхрана, но истражувањата спроведени на жени кои јаделе црвено месо покажале дека тие изгубиле повеќе килограми, отколку оние кои гледале како на смртен непријател. Причината е високата количина на протеини која во него е содржана, а кои помагаат за одржување на мускулната маса. 6. Цимет Овој едноставен зачин има толкаво влијание и го разградува шеќерот. Конзумирајте од ¼ до 2 лажички цимет секојдневно и можете да го намалите шеќерот во крвта и холестеролот за 10 до 20 %. Внесете го овој зачин во било кој оброк во денот. Посипете го на житариците, или пак ставете го во чајот или кафето и ќе му помогнете на вашиот организам да се справи со шеќерите. 7. Бадеми Првата помисла за ваквите плодови е дека се масни и дека дебелеат. Но, оревите, костените, бадемите, кикириките, лешниците, секако дека се калорични , но исто така и хранливи и ефективни во борбата против холестеролот и триглицеридите, а даваат и полно енергија.
Изменето од Valerija - 13.Септември.2011 во 11:30 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вкусно и здраво овошјeКајсијата е многу вкусно и здраво овошје. Таа е слична на праската. Има вкусен плод со портокалова боја. Плодот на касијата има семка. Семките може да бидат благи или горчливи. Тие содржат амигдалин (витамин Б17), за кого, некои научници, сметаат дека има антиканцерогени својства.
Кајсијата често ја нарекуваат „кралско овошје”. Долго време се сметало дека нејзина татковина е Ерменија. Подоцна е утврдено дека најпрвин се одгледувала во Кина, од каде Александар Македонски ја донел во овие подрачја. Во тој период кајсијата била позната како „златен плод на Сонцето”. Резултатите од голем број студии покажале дека бета каротинот заштитува од акутни и хронични кожни оштетувања, предизвикани од изложеност на сонце. Според некој истражувања, бета каротинот го намалува оштетувањето на ДНК молекулите, па на тој начин го спречува и развојот на дегенеративните болести. Превенција од ноќно слепило и преосетливост на светло се неговите следни функции. Ликопенот може, исто така, да го успори и растот и ширењето на ракот на простата кај лица кои веќе се заболени од оваа малигна болест. Затоа, на кајсијата и се препишува и антиканцерогено дејство. Кајсиите се и одличен извор на растителни влакна, кои помагаат за подобро варење на храната.
Кајсијата се јаде свежа, но од неа се приготвуваат и вкусни џемови, компоти, сок и ракија. Позната е приказната со францускиот писател Бернард Фонтенелле. Кога тој имал бризу 100 години, еден негов пријател го замолил да му ја открие тајната на неисцрпната свежина и младост. Тој одговорил дека неговата тајна се крие во кајсијата. Сувите кајсии содржат голема количина на калиум (1.600 мг. на 100 гр.), кој е многу важен минерал за нормално функционирање на мускулите. Порција од 5 суви кајасии покрива 20% од дневните потреби за калиум и дел од дневните потреби за железо. Пред спортување, земете 4 до 5 суви кајсии.
Изменето од Valerija - 15.Септември.2011 во 17:56 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Компирот ја одржува тежинатаКомпирите консумирани два пати дневно придонесуваат за намалување на крвниот притисок, без притоа да предизвикаат зголемување на телесната тежина, сугерира една нова студија.Голем дел од испитаниците кои учествувале во студијата имале проблеми со прекумерна тежина и примале терапија со лекарства за намалување на крвниот притисок. За целите на студијата тие секој ден јаделе шест до осум компири со големина на топче за голф, заедно со нивниот ручек и вечера, како дел од нивната нормална исхрана. Но, се разбира, важно е да имате во предвид дека тука не станува збор производи од компири, како чипсови и други грицки, туку копири ослободени од дополнителни масти, кечап, сол и останати адитиви. Варените и печени компири, како и пире од компири, се најздрав и најдобар избор. Изменето од Valerija - 15.Септември.2011 во 17:56 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јаболката во секое време на вашето мениЈаболката се меѓу најкорисните овошја, кои, за наша среќа, ни се достапни преку целата година. Хранливи се, сиромашни со калории, а истовремено богати со влакна, витамини и минерали.
Јаболката не содржат масти и холестерол. Едноставно е да си ги понесете со себе како вкусна ужина, имаат малку калории и се природен освежувач на здивот. Не ја фрлајте лушпата бидејќи истата изобилува со витамин Ц. Доколку имате можност, секогаш консумирајте домашни јаболка кои не се прскани со пестициди. Нутритивната вредност на едно свежо јаболко со лушпа, со средна големина, се состои од: 81 калорија, 21 грам јаглехидрати, 4 грама влакна, 159 mg калиум, 8 mg витамин Ц, 73 IJ витамин А и 4 mcg фолна киселина. Јаболката чувајте ги во фрижидер за да останат крцкави. Ако ги оставите надвор, брзо ќе омекнат, а во фрижидер, пак, можат да издржат и до шест недели. Изменето од Valerija - 15.Септември.2011 во 17:56 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Помалку сол не значи и помалку натриумМожеби веќе да сте навикнале да избегнувате сол, но всушност вистината е дека таа има важна улога во одржувањето на балансот на течностите во телото.
Солта е клучна за правилно функционирање на мускулите и нервите. Од друга страна, било поради квалитетот на готовата храна, било поради штетни навики, повеќето луѓе јадат премногу натриум. Вообичаената дневна доза е 2.400 милиграма натриум или околу 1 мала лажичка сол. Изненадувачки или не, но поголемиот дел од солта што ја преземаме е „скриена“ во многу продукти што ги купуваме. Замрзнати јадења Тие навистина се брзи и лесни за подготовка. И повеќето од нив се полни со натриум - на пример, 150 грама конзерва месо со сос содржи скоро 800 милиграма натриум. Пакување зрнест појадок Изгледа безбедна, барем на прв поглед. Но погледнете внимателно - некои видови корнфлекс имаат по 270 мг натриум на порција, а оние со овошје дури и до 350 мг натриум на порција. Сокови од зеленчук Пијалаците од зеленчук без сомнение се здрав начин за да го обезбедите потребното количество зеленчук во денот, но и тие секогаш се разумен избор - една чаша подготвен доматен сок, пример, содржи просечно над 650 мг натриум. Совет: Многу марки произведуваат и Зеленчук сокови со ниск Изменето од Valerija - 15.Септември.2011 во 17:57 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пченка-вкусна и здрава Млада пченка |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Житарките и нивната улога во ихранатаВнесувањето на житарки во организмот е поефикасно од исфрлувањето на масната храна од исхраната за намалување на холестеролот.
Научниците тврдат дека житарките и зрнестата храна значително го намалуваат холестеролот. Диетата која се покажала најдобра во студијата која ја спровеле научниците исто така ги вклучува сојните производи како сојното млеко, тофуто и замената за месо, како и внесувањето на грашок, грав и леќа. Канадската студија покажала дека шестмесечниот режим на ваква исхрана довел до 13 отсто помал LDL холестерол, познат како „лошиот холестерол“, а на подолго и 11 отсто помал ризик за срцеви заболувања. Изменето од Valerija - 15.Септември.2011 во 17:55 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Внеси реплика | страница <1 1213141516 20> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |