IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 20>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2011 во 09:04

* Младата пченка ќе ја задржи првобитната боја и ќе биде повкусна, ако во водата во која се вари се додадат неколку капки сок од лимон. Ако тенџерето во кое ќе се вари пченката се обложи со зелените листови од клавчињата, тогаш таа ќе биде многу повкусна.

* Мелениот бибер нема да се заглави во биберникот ако го измешате со цели зрна бибер. Целите зрна бибер го спречуваат згрутчувањето.

* И солта нема да се згрутчи, ако во соларникот ставите неколку зрна ориз

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2011 во 13:32

Хигиена во приготвување на храната

Храната треба да се приготвува и да се чува на начин кој не го намалува нејзиниот нутритивен квалитет и кој ја ограничува можноста од расипување.
Треба да се избегнува: приготвување на храна подолг период пред нејзината консумација; долго чување на храната на температура која овозможува размножување на микроорганизмите; несоодветна термичка обработка на храната; контаминација и приготвување храна од заразени лица.
За да биде соодветна хигиената во исхраната, треба да се имаат предвид следниве правила:

1. Некои видови храна полесно се расипуваат ако не се термички обработени, како на пример, несвареното млеко, месото...

2. Суровата храна, месото и непастеризираното млеко можат да бидат контаминирани со патогени микроорганизми. Готвењето ќе ги уништи овие патогени микроорганизми доколку храната доволно долго термички се обработува, т.е. во сите делови треба да се достигне температура од барем 70 степени Целзиусови.

3. Кога проготвената храна ќе се излади, во неа почнуваат да се размножуваат микроорганизми, па подобро е веднаш да се консумира по приготвувањето.

4. Ако за одреден вид храна се препорачува да се чува на топло, температурата на која ја чувате не треба да биде помала од 60 степени Целзиусови, а ако треба да се чува на студено, не складирајте ја на температура помала од 10 степени Целзиусови, особено ако се чува повеќе од четири часа.

5. Храната за доенчињата не смее воопшто да се чува. Кога фрижидерот е преполн, храната не може доволно да се излади и ако нејзината внатрешност остане топла подолго време (повеќе од 10 степени Целзиусови), тогаш микроорганизмите брзо ќе се размножат.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2011 во 13:29

Капината природен мултивитамински препарат

Плодовите од капината се широко застапени и во народната медицина и во детската исхрана, благодарение на составот. Плодот е богат со витамините Е, А, Б1, Б2, ПП и со флавоноиди кои ги закрепнуваат крвните садови. Пектинот во плодот е корисен за чистење на организмот, а јодот и другите микроелементи помагаат на функциите на ендокринолошкиот систем. Големите количества на целулоза ја помагаат работата на цревата.
Сокот и свежите плодови се природни мултивитамински препарати. Со јадењето свежи капини се нормализира нивото на хемоглобин во крвта, зашто содржи железо.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2011 во 13:30

Шампињоните како зачин

Шампињоните, со оглед дека содржат ароматични и други мирисни компоненти може успешно да се употребат како зачин за други јадења. Така, тие се незаменлив дел од супите и филовите за месо. Јадењата со месо од претходниот ден, печурките како со волшебно стапче ќе ги претворат во нови. Печурките динстани со кромид, зачинети со мелен црвен пипер и со мајонез, може да се додадат во претходно подготвените шницли од говедско и од свинско месо. Сосот од печурки, заедно сварени со моркови и магдонос, значително ќе го освежат месото во говедската супа.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2011 во 13:32

Најважното за портокалите...

Зошто се добри портокалите?
Го јакнат одбранбениот систем. Го содржат витаминот Ц, но и многу други квалитетни состојки. Се борат против слободните радикали, го спречуваат стареењето, ги јакнат крвните садови и имунитет на организмот

Што содржат?
Два портокали ја задоволуваат дневната потреба на организмот за витамин Ц, во него се наоѓаат и витаминот Б1, бетакаротин, фолна киселина. Во сто грама има 34 калории.

Им се препорачува на...
Пушачите, зашто никотинот го намалува нивото на витаминот Ц во организмот.

Дозволено количество
Еден портокал дневно. Најдобро е да се земе наутро, пред појадок.

Како се подготвува?
Најдобро е да се јадат свежи и излупени. Ако сакате повеќе сок од портокали, треба да се испие веднаш по цедењето, затоа што винаминот Ц се намалува во воздухот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2011 во 05:59

Овошна напивка

Потребно:

150 г рибизли
150 г боровинки
100 г малини
600 мл ладно соино млеко

Приготвување: рибизлите исчистете ги, па заедно со боровинките и малините измијте ги под млаз вода. Измиеното овошје и добро изладеното млеко од соја ставете ги во блендер и добро испасирајте ги. Оваа освежителна овошна напивка послужете ја веднаш. Ако овошјето е покисело, тогаш може да додадете кафен шеќер.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2011 во 11:18

Намирници кои помагаат во намалување на килограмите

1. Овес

Зарем овесот не е јаглехидрат? Секако, но и житарка која создава чувство на ситост. Исто така, тој содржи влакна кои го намалуваат холестеролот и мастите во крвта. Се препорачува поради фактот што не го подига нивото на шеќер, а создава долготрајно чувство на заситеност.

2. Јајца

Нутриционистите со години се обидуваат да ја вратат репутацијата на овие намирници. Јајцата се концентриран вид на животински протеини , но без огромната количина на масти која ја содржи на пример местото. Истражувањата покажуваат дека едно јајце како замена или додаток на тостот и житариците во појадокот, придонесуваат за губење на повеќе килограми отколку оброкот сочинет од јаглехидрати.

3. Млеко

Докажано е дека комбинацијата на калциум, витамин Д и протеини кои ги содржи млекото , со мала количина на масти, го поттикнуваат топењето на килограмите, а притоа ја одржуваат мускулната маса.

4. Јаболко

Бројни студии покажаа дека внесувањето јаболко половина час пред оброкот го намалува внесувањето на калории поради содржината на влакна кои ги има јаболкото, а кои ви даваат чувство на заситеност. Тоа значи дека ќе внесете помала количина на храна. Исто така јаболкото ги спречува пореметувањата на организмот, како што се високиот притисок и покачениот холестерол.

 

5. Црвено месо

Веројатно не можете да го замислите црвеното месо како дел од диеталната исхрана, но истражувањата спроведени на жени кои јаделе црвено месо покажале дека тие изгубиле повеќе килограми, отколку оние кои гледале како на смртен непријател. Причината е високата количина на протеини која во него е содржана, а кои помагаат за одржување на мускулната маса.

6. Цимет

Овој едноставен зачин има толкаво влијание и го разградува шеќерот. Конзумирајте од ¼ до 2 лажички цимет секојдневно и можете да го намалите шеќерот во крвта и холестеролот за 10 до 20 %. Внесете го овој зачин во било кој оброк во денот. Посипете го на житариците, или пак ставете го во чајот или кафето и ќе му помогнете на вашиот организам да се справи со шеќерите.

7. Бадеми

Првата помисла за ваквите плодови е дека се масни и дека дебелеат. Но, оревите, костените, бадемите, кикириките, лешниците, секако дека се калорични , но исто така и хранливи и ефективни во борбата против холестеролот и триглицеридите, а даваат и полно енергија.

 



Изменето од Valerija - 13.Септември.2011 во 11:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2011 во 11:28

Вкусно и здраво овошјe  

 
Кајсијата е многу вкусно и здраво овошје. Таа е слична на праската. Има вкусен плод со портокалова боја. Плодот на касијата има семка. Семките може да бидат благи или горчливи. Тие содржат амигдалин (витамин Б17), за кого, некои научници, сметаат дека има антиканцерогени својства.

Кајсијата често ја нарекуваат „кралско овошје”. Долго време се сметало дека нејзина татковина е Ерменија. Подоцна е утврдено дека најпрвин се одгледувала во Кина, од каде Александар Македонски ја донел во овие подрачја. Во тој период кајсијата била позната како „златен плод на Сонцето”.

Кајсијата е добар извор на бета-каротин, па помага при инфекциите и кожните проблеми. Бета каротинот е еден од најпознатите антиоксиданси и исклучиво се наоѓа во растенијата. Тој се нарекува и „природен чадор за сонце”, бидејќи ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат поради емисијата на УВ зраци т.е. при сончањето.

Резултатите од голем број студии покажале дека бета каротинот заштитува од акутни и хронични кожни оштетувања, предизвикани од изложеност на сонце. Според некој истражувања, бета каротинот го намалува оштетувањето на ДНК молекулите, па на тој начин го спречува и развојот на дегенеративните болести.

Антитуморското делување е само една од бројните функции на бета-каротинот. Бидејќи е јак антиоксиданс, неговата улога во заштита и поттикнување на одбранбените сили е многу значајна посебно кај постарите лица, а на тој начин индиректно се бори и против останатите закани на здравјето на човекот.

Превенција од ноќно слепило и преосетливост на светло се неговите следни функции.

Научниците утврдиле дека кајсијата содржи и големи количини ликопен – антиоксиданс, кој му помага на организмот во борбата против ракот и го заштитува од разни болести. Ликопенот, кој го има во кајсијата, е многу ефикасен во борбата против слободните радикали, кои штетно влијаат врз здравјето на човекот. Ликопенот има важна улога во зајакнувањето на имуниот систем, а поволно делува и на работата на срцето.

Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на ракот на простата, како и намалување на ризикот за рак на желудникот, на дојката и на кожата.

Ликопенот може, исто така, да го успори и растот и ширењето на ракот на простата кај лица кои веќе се заболени од оваа малигна болест. Затоа, на кајсијата и се препишува и антиканцерогено дејство.

Бета каротинот и ликопенот од кајсијата го намалуваат и нивото на „лошиот” холестерол во крвта. На тој начин тие се природно средство и за борба против атеросклерозата и болестите на срцето.

Кајсиите содржат и големо количество витамин А, кој помага во подобрување на видот..

Кајсиите се и одличен извор на растителни влакна, кои помагаат за подобро варење на храната.



Плодот на кајсијата содржи 86% вода, 0,6% белковини, 0,4% масла, 14% јагленохидрати, целулоза, пектини. Енергетската вредност на 100 грама кајсии е 117 кЈ (28 кцал).

Од витамини, кајсијата содржи каротини (1500 милиграми), од кои и потекнува портокаловата боја на кајсијата, потоа витамини од групата Б, фолна киселина, витамини Е и Ц. Од минерали содржи доста калиум (320 милиграми), калциум (17 милиграми), потоа фосфор, магнезиум, железо, цинки и бакар.

Кајсиите се посебно делотворни во подобрување на работата на мозокот и при лекување на слабокрвноста, поради богатството на фолна киселина, кобалт и бакар. Маслото од кајсија одамна се користи ка природен лек против ракот и чирот на желудникот.

Кајсијата се јаде свежа, но од неа се приготвуваат и вкусни џемови, компоти, сок и ракија. Позната е приказната со францускиот писател Бернард Фонтенелле. Кога тој имал бризу 100 години, еден негов пријател го замолил да му ја открие тајната на неисцрпната свежина и младост. Тој одговорил дека неговата тајна се крие во кајсијата.

Суви кајсии - природен извор на енергија

Сувите кајсии имаат многу поголема енергетска вредост од свежите, бидејќи содржат поголемо количество на шеќер, но затоа пак се богат извор на железо и калциум. Една шољичка свежи кајсии содржи 75 кцал, а 100 грама сушени кајсии содржат 195 кцал.

Сувите кајсии, посебно им се препорачуваат на лицата кои редовно спортуваат. Зошто?

Сувите кајсии содржат голема количина на калиум (1.600 мг. на 100 гр.), кој е многу важен минерал за нормално функционирање на мускулите. Порција од 5 суви кајасии покрива 20% од дневните потреби за калиум и дел од дневните потреби за железо. Пред спортување, земете 4 до 5 суви кајсии.

Еден совет плус: Јадете ги сувите кајсии во комбинација со портокал или киви, бидејќи витаминот Ц, кој го содржат овие овоштија, ја олеснува апсорпцијата на железото во организмот.

 сподели%20на%20Facebook

 



Изменето од Valerija - 15.Септември.2011 во 17:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2011 во 11:32

Компирот ја одржува тежината

Компирите консумирани два пати дневно придонесуваат за намалување на крвниот притисок, без притоа да предизвикаат зголемување на телесната тежина, сугерира една нова студија.

Голем дел од испитаниците кои учествувале во студијата имале проблеми со прекумерна тежина и примале терапија со лекарства за намалување на крвниот притисок. За целите на студијата тие секој ден јаделе шест до осум компири со големина на топче за голф, заедно со нивниот ручек и вечера, како дел од нивната нормална исхрана.

Истражувањето траело еден месец, по кој било забележано значајно опаѓање на крвниот притисок, што значи дека компирите биле доволно моќни да го намалат притисокот кога веќе терапијата со лекарства не можела да даде подобри резултати. Намалувањето на крвниот притисок придонесува за значајно намалување на ризикот од срцев и мозочен удар.

Од огромно значење е и фактот што ниту еден од испитаниците не ја зголемил телесната тежина за време на истражувањето, и покрај тоа што компирите биле дополнителен дел на нивната вообичаена исхрана.

Но, се разбира, важно е да имате во предвид дека тука не станува збор производи од компири, како чипсови и други грицки, туку копири ослободени од дополнителни масти, кечап, сол и останати адитиви. Варените и печени компири, како и пире од компири, се најздрав и најдобар избор.



Изменето од Valerija - 15.Септември.2011 во 17:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2011 во 11:41

Јаболката во секое време на вашето мени

 
Јаболката се меѓу најкорисните овошја, кои, за наша среќа, ни се достапни преку целата година. Хранливи се, сиромашни со калории, а истовремено богати со влакна, витамини и минерали.

Јаболката не содржат масти и холестерол. Едноставно е да си ги понесете со себе како вкусна ужина, имаат малку калории и се природен освежувач на здивот.

Од нутритивна гледна точка, јаболката, кои изобилуваат со влакна, придонесуваат за намалување на холестеролот, го контролираат нивото на шеќер во крвта и помагаат во борбата против вишокот килограми. Можат дури и да спречат одредени типови на карцином.

Не ја фрлајте лушпата бидејќи истата изобилува со витамин Ц. Доколку имате можност, секогаш консумирајте домашни јаболка кои не се прскани со пестициди.

Денес ширум светот се одгледуваат неколку стотина различни врсти на јаболка, од кои некои се слатки, други кисели, некои се подобри за печење, а некои за сурово консумирање.

Нутритивната вредност на едно свежо јаболко со лушпа, со средна големина, се состои од: 81 калорија, 21 грам јаглехидрати, 4 грама влакна, 159 mg калиум, 8 mg витамин Ц, 73 IJ витамин А и 4 mcg фолна киселина.

Секогаш бирајте ги тврдите плодови, односно оние кои не се вдлабнуваат со притисок на прстите.

Јаболката чувајте ги во фрижидер за да останат крцкави. Ако ги оставите надвор, брзо ќе омекнат, а во фрижидер, пак, можат да издржат и до шест недели.

Не ги чувајте јаболката заедно со зеленчукот бидејќи истиот во нивно присуство побргу ќе дозрее и скапе. Морковите ќе станат погорчливи, краставиците ќе пожолтат, а зелената салата ќе добие кафеави дамки.

Ако сакате јаболката да останат свежи и светли и откога ќе ги излупите и исечете, полијте ги со лимонов сок. Ако сакате да ги печете, попрскајте ги со ванилин шеќер, бадеми, цимер, каранфилче, морско оревче или лимон, за да добијат уште подобар вкус.



Изменето од Valerija - 15.Септември.2011 во 17:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2011 во 11:43

Помалку сол не значи и помалку натриум

Можеби веќе да сте навикнале да избегнувате сол, но всушност вистината е дека таа има важна улога во одржувањето на балансот на течностите во телото.

Солта е клучна за правилно функционирање на мускулите и нервите. Од друга страна, било поради квалитетот на готовата храна, било поради штетни навики, повеќето луѓе јадат премногу натриум.

Вообичаената дневна доза е 2.400 милиграма натриум или околу 1 мала лажичка сол. Изненадувачки или не, но поголемиот дел од солта што ја преземаме е „скриена“ во многу продукти што ги купуваме.

Замрзнати јадења

Тие навистина се брзи и лесни за подготовка. И повеќето од нив се полни со натриум - на пример, 150 грама конзерва месо со сос содржи скоро 800 милиграма натриум.

Пакување зрнест појадок

Изгледа безбедна, барем на прв поглед. Но погледнете внимателно - некои видови корнфлекс имаат по 270 мг натриум на порција, а оние со овошје дури и до 350 мг натриум на порција.

Сокови од зеленчук


Пијалаците од зеленчук без сомнение се здрав начин за да го обезбедите потребното количество зеленчук во денот, но и тие секогаш се разумен избор - една чаша подготвен доматен сок, пример, содржи просечно над 650 мг натриум.

Совет: Многу марки произведуваат и Зеленчук сокови со ниск


Изменето од Valerija - 15.Септември.2011 во 17:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2011 во 23:13

Пченка-вкусна и здрава

Млада пченка

Во секој период од годината, пченката се користи како гарнир во јадењето, пченкарниот леб, палентата, пуканките, "корнфлексот"... Но, најпоуларна е секако млададта пченка која содржи 7.7 до 10.5 проценти шеќер, кој со дозревање постепено се губи. Инаку 1 грам пченка содржи дури 354 калории, без разлика што не е богат со хранливи состојки. Најмногу содржи скроб, па бетакаротин, магнезиум и мала количнина на цинк. Кога ја купувата младата пченка внимавајте кората да не е темна, може да е само малку на врвовите. Инаку треба да е золто-зелена и мека како свила. Зрнта се повкусни ако се со пожолта боја, поголеми и посочни. Ако при стискање од нив излезе млечен сок, тогаш тоа е гаранција дека ќе бидат вкусни.

Варење и печење

Пченката ставете ја во провриена, малку посолена вода и поклопете ја. Варете кратко, од прилика 5 минути, додека зрнцата не се стврднат. Пченката која сакате да ја печете, излупете ја, намачкајте ја со путер и замотајте ја во алуминска фолија. Така ќе биде повкусна.
Младата, недозреана "млечна" пченка, набрзо ќе почне да го губи шеќерот, веќе еден час по берењето. По 24 часа, чувана на 0 степени, губи 8.12 проценти шеќер, на 10 степени 16.28 проценти, на 25 степени 25.61 проценти, а на 30 степени 50.28 проценти. Значи ако сакате блага пченка, јадете ја брзо по варењето.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2011 во 17:55

Житарките и нивната улога во ихраната

 
Внесувањето на житарки во организмот е поефикасно од исфрлувањето на масната храна од исхраната за намалување на холестеролот.

Научниците тврдат дека житарките и зрнестата храна значително го намалуваат холестеролот. Диетата која се покажала најдобра во студијата која ја спровеле научниците исто така ги вклучува сојните производи како сојното млеко, тофуто и замената за месо, како и внесувањето на грашок, грав и леќа.

Канадската студија покажала дека шестмесечниот режим на ваква исхрана довел до 13 отсто помал LDL холестерол, познат како „лошиот холестерол“, а на подолго и 11 отсто помал ризик за срцеви заболувања.



Изменето од Valerija - 15.Септември.2011 во 17:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2011 во 13:39

Не се казнувајте со гладување

Ако вчера сте претерале со јадење, не се казнувајте со гладување утредента. Многу луѓе внесуваат недоволана количина на храна следниот ден. Тоа при крајот на денот предизикува зголемена потреба за јадење, и опасност од повторно прејадување. За "закрепнување од гревовите" стручњаците советуваат внесување на јаглехидрати и на протеини заради стабилното ниво на шеќер во крвта. Вака би изгледало менито:
* Појадок: омлет само од белки со посно сирење
* Ручек: Салата од мешан зеленчук (марула, краставица, домат, пиперка) со туна, или мисиркино месо. Ручекот зачинете го со јаболков оцет, малку маслиново масло и додадете пармезан.
* Ужина: Овошен јогурт без шеќер, едно јаболко или банана
* Вечера: Риба или пилешко месо на жар, варен зеленчук и салата од домати
* Десерт: Овошна салата или јогурт без шеќер


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.