|
СТРЕС-Методи и техники за одбрана од стрес |
Внеси реплика | страница <1 567 |
Автор | |
ana sk
Сениор Регистриран: 03.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2278 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mnogu dobro kaza stanuvas zavisnik zosto malku ne razmislis koja e pricinata za mojot stres? inaku procitaj malku pogore Goldi mnogu dobro napisal kako najdobro se leci stresot apcinjagledaj sto pomalku da gi koristis |
|
...moze ne sum sovrsena ama sekogas sum jas...
|
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Samo 100 grama chokolado mu e majkata.
|
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Стресот може да предизвика рак?!
Научниците од Yale открија дека стресот праќа сигнали дека клетките можат да се претворат во канцероген тумор. До сега, повеќето научници веруваа дека повеќе од една мутација е потребно да се случат во една клетка за да во неа почне да расте тумор. Сепак, истражувачите од Yale покажаа дека мутациите можат да соработуваат и да развијат тумор, иако тие се наоѓаат во различни клетки во ткивото. Според истражувачите ова е одлично ново сознание кое ќе помогне во борбата против смртоносната болест. - Лоша вест е дека многу полесно ткивото може да ги акумулира мутациите во различните клетки , отколку ако тие се во една клетка, изјави авторот на студијата Тијан Ксу. Исто така, како резултат на стресот може да се формираат мутации во клетките кои потоа формираат рак. Научниците пронајдоа дека стресот патува од клетка во клетка, но тоа патување може да биде блокирано. - Новите сознанија не охрабруваат дека можеме да најдеме лек против ракот. Ова истражување ќе продолжи бидејќи сакаме да ги дознаеме сите допирни точки на стресот со туморот, изјави Ксу. Истражувањето беше објавено во магазинот Nature. |
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некои...совети...
Постојат многу совети како да си обезбедите мирен, спокоен живот, односно вашето урбано живеење да биде хармонично, па и долговечно. Оние чија цел е токму „нормалниот дијалог" помеѓу себе си и средината и околината во интимните, работните и секакви други односи, што ги воспоставуваме и/или ги негуваме секојдневно, не чекаат совети од други, туку воспоставиле самоодбранбен „систем" кој постојано го доградуваат и надградуваат. Па сепак, постојат „општи" и „специјални" (стручни) начини, методи, постапки кои е добро да се научат доколку не се знаат, да се запомнат и да се практикуваат. Еве мал избор на најважните: 1. Еден од најголемите извори на стрес е недостигот од време. Сепак, 10 минути секогаш можете да пронајдете. Обидете се толку да резервирате за- медитација! Имено, таа на најбрз начин може да ве доведе до повисоко ниво на разбирање и тогаш стресот нема големо значење поради мирот што сте го постигнале. Техниките на медитација го претвораат стресот во сила. Друг важен начин на ослободување од стрес се животните. Малку што може така да ни го подигне расположението по исцрпувачкиот ден како воодушевениот поздрав на домашното милениче. Животните позитивно дејствуваат врз менталното здравје, ги лечат осаменоста и стресот, а со своето однесување не учат како да ја посматраме и слушаме околината. Иако иритантното лаење на кучето или деструктивното гребење на мачката може да создаде напнатост во домот, со дресура исчезнуваат маните, а остануваат позитивните психолошки ефекти; 2. Не е лесно да се остане мирен во зовриениот сообраќаен шпиц, без оглед на тоа дали сте возач или совозач. Обидете се времето во колоната да го искористите за вежбање на трпението и разбирањето за други. Дишете полека и длабоко и следете го својод здив. Ако успеете да останете опуштени во таков метеж, има малку стресни ситуации кои нема да можете да ги надминете; 3. Ослободете се од стресот така што негативните емоции ќе ги исфрлите од телото пишувајќи. Земете молив в раце (компјутер или лаптоп доколку сте надвор односно во движење) и запишете ги мислите и дилемите што ве мачат; 4. Променете го начинот на кој ги доживувате лошите вести што доаѓаат до вас. Немојте да се криете од фактите. Апатијата и незаинтересираноста можат да предизвикаат еднакви штети колку и стресот и депресијата. Наместо да кренете раце од се, искористете ја веста за да пронајдете дел од решението на одреден проблем. Пронајдете вистински начин да се вклучите и да им помогнете на оние што патат; 5. Кога сме под стрес одиме цврсто, удирајќи при секој чекор. Замислете дека одите по лотосов цвет, нежно и меко. На тој начин ќе се исклучите од светот и за миг ќе се најдете на некое помирно и попријатно место; 6. Наместо да извршувате неколку задачи истовремено, во одредено време посветете се на една работа или на едно лице. Кога ќе го совладате лелеењето на духот и ќе го насочите вниманието, полесно ќе го контролирате стресот; 7. Со оргазмот се постигнува ослободување на ексцесивна биоенергија, со додатно емоционално „ослободување", како и неизбежните негативни последици од блокирање на сексуалната енергија. Нежностите кои партнерите ги разменуваат пред, за време и по односот, како и блискиот контакт, допирот на кожата, потпомагаат за одржување на повишеното ниво на окситоцин и релаксирачкиот ефект на физичката љубов. Опуштањето е последица на сексуалниот однос со кој сосема се елиминира нивото на секојдневниот стрес. Но, благотворно дејствува само во единство со позитивни емотивни состојби. Да се сака е антистресно. Уживање и релаксација во исто време. Особено ако дишете заедно; 8. Голем број на жени успешно се носат со хормоналните промени предизвикани од менструалниот циклус, додека не се случи некоја вознемирувачка стресна ситуација која ќе ја поремети нивната чувствителна рамнотежа. Многу жени бараат медицинска и психолошка помош поради тегоби предизвикани од PMS. Кога на некое време стресот во нивниот живот ќе се намали, помошта престанува да им биде потребна. Стресот може да ги влоши валунгите во менопаузата и да го отежне додатното хормонално лачење. Промената на животните навики, како што е воведувањето на телесна активност или посветувањето повеќе време исклучиво на себе си, може да го намали стресот и сите негови последици; 9. Стресот е биолошка реакција на ситуација во која притисокот станува толку силен што нашето тело со него повеќе не може да се носи. Важно е да ги препознаете знаците за да дејствувате пред стресот да ви се оттргне од контрола. Многумина луѓе под стрес, кој е најмногу резултат на превработеност, добиваат екцеми и лишаи. Решението е во исхраната. Јадете редовно зашто стресот влијае врз нивото на шеќерот во крвта. Три оброци на ден, од кои секој ќе се состои од најмалку 40% протеини, како и незасладени меѓуоброци, ќе го одржат нивото на шеќерот стабилно, а вас ќе ве наполнат со енергија; 10. Музиката ги намалува стресот и депресијата, а ги поттикнува релаксацијата и сонот. Брзите ритми го будат умот, го прават повнимателен и побрз. Бавната музика смирува и го опушта мозокот. Исто така, таа го поттикнува нервниот систем да ги забави дишењето и бројот на отчукувањата на срцето. Класичната музика има многу предности поради хармоничниот спој на повеќе инструменти и поради тоа што не ги иритира ушните мембрани. Помага при варењето зашто го намалува нивото на хормонот на стрес, а неопходните состојки од храната подобро се апсорбираат. Не заборавајте мозокот да го стимулирате со кој било вид на музика; 11. Поставете ги љубовта и пријателството на прво место. Договарајте средби и состаноци како што договарате термин кај лекар: со одговорност и почитување. Блискоста со драгите лица може да ја подобри работата на срцето, да го поттикне излачувањето на хормонот окситоцин, клучниот за зближување и чувство на доверба. Неговото дејство го намалува стравот и помага во спречување на здравствени тегоби предизвикани од осаменост; 12. Еден од најбрзите и најефикасни начини на отстранување на напнатоста е правилното дишење. Техниките како пранајама е препорачливо да се изведуваат два пати на ден. Мошне се делотворни зашто брзо и позитивно влијаат врз нервниот систем, го намалуваат срцевиот притисок и ја подобруваат циркулацијата. Одредени техники на дишење можат да помогнат во намалувањето на стресот. Дишењето е една од основните телесни функции која може свесно да се контролира. Свесното длабоко дишење со ширење на абдоменот, на пример, може да го забави пулсот. Телото добива повеќе кислород, што умот го доведува во побистра состојба. По стресна ситуација се препорачува длабоко да вдишете и да го продолжите бавното и изедначено дишење. Со секое вдишување чувствувате дека стомакот се движи и како се опуштаат стомачните мускули. Испробајте пранајама! Затворете ја десната ноздра со десниот палец, па длабоко и бавно дишете на левата, со пауза од неколку секунди помеѓу вдишувањето и издишувањето. Повторете десетина пати, па преминете на другата ноздра. Издвојте некое време за молчење. Обрнете внимание на внатрешниот живот и развијте верба во интуицијата. 13. Запомнете од три до пет изреки или мантри кои ќе ве вратат во живот кога работите ќе тргнат во лоша насока. На пример: „Јас тоа го можам" или „Тоа што нема да ме уништи, ќе ме направи посилен/посилна". Или замислете некоја убава слика која ќе ви послужи како прибежиште во моментите на стрест: поглед од најубавото место на плажа, патека во шума по која радо шетате или нешто друго, вам посебно драго; 14. Тешко е да бидете благодарни ако сте под стрес. Издвојте пет минути дневно за да им се заблагодарите на сите животни дарови. Почнете со вдишување и издишување, изворот на се што е живот; 15. Направете попис на настаните кои во текот на денот ве развеселиле и на оние кои ви одзеле енергија. Така полесно ќе согледате по кој пат треба да продолжите; 16. Не оптоварувајте се со големи промени, почнете со мали нешта. Променете го, на пример, она што го јадете за појадок. И тоа може да биде почетен чекор на патот кој ќе ве води до животот за кој копнеете. Една кинеска пословица вели: Ако имате некој проблем што никако не можете да го решите, тогаш тоа можеби и не е повеќе ваш проблем. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nemam, barem vo ovie migov?!
|
|
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
|
ANITKA111
Сениор Регистриран: 06.Септември.2011 Статус: Офлајн Поени: 608 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a lek protiv fobija
|
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
silno hrabro srce i silna samokontrola
|
|
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
|
ANITKA111
Сениор Регистриран: 06.Септември.2011 Статус: Офлајн Поени: 608 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
vrednostite na site spomnati faktori se relativna velicina i moze da se dvizat od minimum do maksimum i vo sekoja vrednost da predizvikuvaat stres vo zavisnost od toa teloto kolku e podlozeno na infekcii toa tolku e po senzitivno i dozivuva stres.vo pravoslavnata vera se cuvaat inficirani mrtvi tela so bakterii i virusi so cel da se vladee vrz lujdzeto negativnata strana e sto lujdzeto sekojdnevno ziveat so stresot a pozitivno e toa sto toa e eden od nacinite covek da se napravi produktiven povejke da raboti. |
|
sojka
Нов член Регистриран: 16.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ke mi pukne glavata od nervoza.*&^54$#@!
|
|
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bioaktivnite dodatoci za mozokot kako I za cirkulacija se polovina od
Tehnikite za odbrana od stres .ima edno sueverie koe se vika prevrtuvajne na rabotite.pokajanieto zemajci vo predvid deka vie ste krivi za se.fizicki raboti ili vezbi.sueverie deka praviloto zaradi koe imate stres e prifatena izmislica I deka moze da se napravi poinaku ili da ne se pravi. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како да го надминете стресот?Прашањето кое сите си го поставуваме. Времето во кое живееме, работните обврски, семејството, околината која не опкружува, сето тоа заедно со сите обврски и проблеми предизвикуваат безброј стресни ситуации. Прашањето кое сите си го поставуваме. Па добро дали овие проблеми имаат крај? Па и не е баш така едноставно. Доколку не би биле тие проблеми и доколку се она што го носи животот со себе би било лесно и едноставно, тогаш која би била поентата на така наречената животна борба – E прашањето на многумина истражувачи кои се занимаваат со конкретнава тема. Сменете го начинот и аголот од кој ги гледате работите и нештата кои ви создаваат проблеми. Ајде пробајте секој новонастанат проблем да го погледнете од некој друг агол. Пробајте макар на еден ден, животот и обврските кои тој ги носи со себе да ги гледате како еден вид на игра. Секој нов проблем нека биде нова мисија во која вие треба да бидете победникот. А, дали ќе победите или пак ќе изгубите останува на вас. Негативноста, песимизмот, се нештa кои само може да ви ги отежнат работите и да ве направат неуспешен. Гледајте позитивно на работите и секој нов проблем нека биде предизвик за што побрзо да го решите, а на крај вие ќе бидете победникот-пробајте. Изменето од Valerija - 01.Април.2014 во 21:54 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 567 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |