|
Берово |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Изменето од емил - 30.Август.2011 во 14:45 |
|||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Малешевци во туристичка трескаВо регионот на Малешевијта има повеќе пензионери од вработени, но затоа многу природни раритети привлечни за странците. Токму затоа во туризмот се гледа можност за економски просперитет.
Братот и сестрата Бетински, по 4 децении поминати во Чикаго, се враќаат во родното Берово со инвестиција во хотел на месноста Кукута, во близината на нивниот семеен имот. Александра и Дамјан велат дека од ова место ги чуваат спомените од Малешевијата. „Детските спомени се најсилни, како дете сум бил тука и тоа иницираше...сега одлучив да се вратиме тука, ако сме заработиле нешто тука да потрошиме, да пренесиме искуства“, вели Дамјан Бетински, иселеник. „Приврзани сме кон Берово и горди сме што сме Беровчани“, вели неговата сестра Александра Бетинска. Беровско езеро- вистинско градилиште Освен иселениците Бетински и самите беровчани иднината ја гледаат во туризмот. Во регионот каде има повеќе пензионери од вработени ( 3300 пензионери наспроти 3000 вработени), а невработени има најмногу околу 4000, малашевци ги зафати туристичка треска. Се инвестира во туристички капацитети, а населбата кај Беровското езеро стана вистинско градилиште. И Александар Лазаревски на имотот покрај езерото врши адаптација на објектот за да може да сместува туристи, а со тоа да го подобри семејниот буџет, а земјоделецот Владо Панговски го стави своето бачило на месноста Клепало на 1400 метри надморска висина, во функција на алтернативниот туризам.
„Планираме да направиме отворен ресторан за да се хранат туристите“, вели Александар Лазаревски. „ Па доаѓаат од секаде, од цел свет и по 50 гости на еден ден, им даваме природна храна, баници, се’ еколошки чисто“, вели Владо Панговски. Туризмот- нова перспектива Во семејството Панговски никој не е вработен, сите се ангажирани на бачилото, тие сфатиле дека алтернативниот туризам може да донесе и добра заработувачка. Со природните раритети што ги има, здравата и чиста средина, питомите Малешевски планини, но и традицијата која љубоморно ја чуваат со генерации, Малешевијата стана примамлива за туристите кои бегајќи од глобалниот тренд на урбанизација и висока технологија се враќаат назад во природата за да го осетат исконското во неа. Холанѓани, Американци, Израелци, гости од соседството- сите дошле да ја почувствуваат Малешевијата. Тоа дава шанса за развој на туризамот нудејќи нова перспектива на заборавениот регион, во кој нема ниту еден стартешки капацитет, ниту аеродроми, железница, ниту автопати. Поттикнување на инвестициите во туризмот Општината која освен природните раритети нема друга шанса за економски прогрес, со нула денари за комуналии за изградба на туристички капацитети лови инвеститори. „За сите инвеститори кои ќе градат туристички објекти, сите се ослободени од комуналии. Нула денари, во индустриската зона , нема плаќање на комуналии, во старт, инвеститорите без трошоци, тоа е и за странски и домашни туристи“, вели градоначалникот на Берово Драги Наџински. Берово веќе има три хотели, 4-иот во Пехчево е во изградба, располага со 50-тина приватни вили кои се издаваат на туристи. Најавите за отворање на рудник за бакар во Пехчево, турската инвестиција во фабриката за селотејп „Белема“ , дава скромна надеж за жителите дека Малешевијата ќе им даде шанса на нивните деца да останат во родниот крај. |
|||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Еве една репортажа од ИДИВИДИ порталот за Берово...
Берово - Швајцарија на БалканотВо источниот дел од Македонија, на надморска височина од 670 до 1050 метри, во подножјето на Малешевските планини е сместена нашата „мала Швајцарија“. Токму вака тамошните жители, но и многубројните посетители ја нарекуваат Малешевијата, област во која природата истурила едно чудо благодети, природни убавини од кои застанува здивот. Богатство од борови, дабови и од букови шуми, чиста река, прекрасно езеро, безброј цвеќиња и и лековити чаеви и најголема концентрација на кислород во воздухот на подрачјето на целиот Балкан. Поради тоа, велат жителите, во овој крај нема анемични луѓе. За само една недела, секој што има среќа да го вдишува беровскиот воздух може да ги удвои црвените крвни зрнца. За пушачите пак, велат тие наполу на шега, веднаш би требало да се воведат казнени такси. За разлика од летувањето на море кое, за жал, со себе го носи ризикот од штетното дејство на сончевите зраци, летувањето во Берово знае да биде многу корисно и продуктивно, дури и за тие со најлоша дијагноза. Природните убавини ќе ви ја вратат физичката сила, а манастирите и црквите лоцирани во околината ќе ви помогнат да си го најдете душевниот мир. Свети Архангел Михаил Беровско Езеро Абланица |
|||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии. Според првата, тоа го добило своето име по името на некој си сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар. Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле(се собирале) на тоа место. Се поставува прашањето од каде се берело населението. Па од старите населби во месноста Туртела, Селцаа, Рибница,Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и од другите Малешевски села. Ако се прашувате каде можете да се прошетате доколку престојувате во Берово има по нешто за сите. Доколку сте љубител на чистиот воздух не заборавајте да направите обиколка околу беровскиот бисер – прекрасното езеро, кое е недалеку од градот околу 15 минути со автомобил и уште толку пеш. Ќе бидете фасцинирани од тишината и спокојот кои ќе ви ги овозможи една ваква прошетка. Потоа можете да заминете на кафе во најблискиот хотел, или да се спуштите во разгледување на женскиот манастир и да останете во негова непосредна близина за да пробате беровско сирење. За малкумина е познато дека оној кој пробал од ова сирење, повторно се вратил за да го вкуси. Дури и Франција на големо увезува од него за да ја збогати својата светки позната кујна. Тука се и вкусните кафеани каде што се служи совршена скара по пристапни цени, како и кафулиња со шмек на топлината на градот и топлиот пречек на Беровчани. За жал Берово е еден од градовите од истокот кој што трпи голем одлив. Како што раскажуваат и самите жители на градот се повеќе млади луѓе се селат во Скопје или во странство поради недостиг од работа и финансии. Берово има огромен потенцијал да се претвори во нашето Банско (каде ние најмногу заминуваме во текот на зимата) и е идеална дестинација во која може да се создаде голем туризам и да се привлечат инвестиции, затоа што тука навистина има што да се види и да се ужива во магијата. |
|||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||||
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |