IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Филмски вести ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Филмски вести ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2011 во 00:05

Анистон ќе глуми во посериозни филмови

 Актерката Џенифер Анистон за во иднина најави неколку филмови кои не се комедии, меѓу кои и филм базиран на вистинската приказна за женскиот кантри-вестерн бенд, формиран во 1940-тите во затвор во Тексас. Анистон додаде дека бендот бил сличен на "Дикси чикс" во тоа време. Нема точен датум за промоцијата на филмот со наслов "Девојките од Гори".
По улогите во неколку романтични комедии како "Само така", Анистон се сврте кон посериозни филмови.
Уште еден иден проект е и "Спротивно од стрелките на часовникот" кој ќе се фокусира на проучувањата на Елен Лангер, позната професорка по психологија на "Харвард".
Анистон беше во Мексико Сити за да го промовира својот нов парфем кој го носи нејзиното име.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 15:37

Сандра Булок ги поминува деновите во Њујорк на снимање на новиот филм "Extremely Loud and Incredibly Close".

 

Откако дојде до малку слободно време, убавата оскаровка веднаш го искористи за да го помине со својот син Луис.

И на 46 години, без шминка и во обично издание, Булок докажа дека изгледа совршено.

Улогата на Сандра во новиот филм е прва после добиениот Оскар за „Приказната за првакот“.

Трилерот ја следи приказната за 9-годишниот аматер изумител кој по Њујорк бара брава за која има клуч.

Клучот му го оставил неговиот татко пред да загине во нападите на 11 септември. Филмот е во режија на Stephen Daldry, а би требало да излезе следната година.

Кон врв
kokomoko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1363
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kokomoko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 07:47
Prviot makedonski amaterski film ...

http://www.youtube.com/watch?v=0uZZAhqyMno

sepak e samo trailer ... se nadevam deka do Maj ke uspeat so planiranite
aktivnosti ...

samo napred i prodolzete decki !!!


Love or something like it ... like
......
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2011 во 15:21
Зарем има подобар крал од Колин Фирт?

Наслов:
„Кралскиот говор“ (King’s speech)

Режија:
Том Хопер

Сценарио:
Дејвид Сејдлер

Главни улоги:
Колин Фирт, Хелена Бонам Картер, Џефри раш, Гај Пирс

Жанр:
историска драма

Времетраење:
118 мин.

Година на издавање:
2010

 

 

Приказната за кризата на Британската монархија отсекогаш била фасцинантна, па до сега се снимени безброј филмови за абдикацијата на кралот Едвард. Зошто? Затоа приказната е романтична. Кралот се откажува од тронот за да биде со жената која ја сака. Минатата година беше снимен филм за кралот кој ќе го наследи кралот. Човекот кој не требаше да биде крал. Кралот Џорџ Шести.

Со дејствие пред почетокот на Втората Светска војна, King’s speech ја раскажува приказната за Алберт помладиот син на кралот Џорџ Петти и неговата говорна маана, за која очајно бара лек да ја излечи. Секогаш во сенка на својот плејбој брат Едвард, (Гај Пирс), Алберт (подоцна Џорџ Шести) живее повлечен семеен живот, но со ненадејната абдикација, тој ја превзема круната. Несигурен поради мааната смета дека не е компетентен да ја води државата во тешките времиња, па неговата сопруга (Хелена Бонам Картер) ќе побара помош од австралискиот логопед и несуден актер Лајнус Лоуг (Џефри Раш).

King’s speech е одличен филм кој само го побива правилото дека е потребен огромен буџет за да се сними брилијантен филм. Буџетот на филмот е 15 милиони долари, сума која во друг случај ќе беше потрошена само на хонорарот на Џулија Робертс. Се што е потребно е надежен и талентиран режисер, одлично сценарио и брилијанти актери. Ништо повеќе. Што и да се напише за глумата на Колин Фирт ќе биде премалку. Не постојат доволно епитети да го опишат неговото портретирање на кралот Џорџ. И кога би се обиделе да го објасниме, не би можеле во целост тоа да го направиме. Потребно е само да се погледне. Подеднакво одлични се споредните улоги од Хелена Бонам Катер и Џефри Раш кои покрај Фирт ќе си го најдат патот до оскаровските номинации, но Фирт е тој што ја заслужува статуетката.

Постојат контрасти во самиот филм кој го прават необичен, но топол за гледање. Низ целиот филм доминира темната маглива атмосфера на Лондон, ликовите се облечени во црна или сива облека, но хуморот кој го има во филмот и покрај сериозноста на темата не дозволува да потонете во меланхолија. Хуморот доаѓа од сцените помеѓу Лоуг и Џорџ , поточно од моментите кога двајцата работат на вежбите за надминување на говорната маана. Кралот се превртува на подот како шише, пцуе како кочијаш но тоа ќе даде резултат. На доста интелигентен начин ни е прикажана врската на Лоуг со кралот. Со доза на резервираност и анимозитет на почетокот, меѓу двајцата ќе се развие пријателство кое ќе трае, но сепак во процесот е задржана дистанцата меѓу двајцата. Тој е се уште кралот, а тој докторот и никој не отстапува од строгите линии и покрај заемната почит.

Постојат три сцени во филмот кои вреди да се споменат, а од кои ќе ви надојдат солзи на очите. Толку едноставно изведени од технички аспект, но брилијантни во доловување на поентата. Првата во која на Џорџ му е изгласана доверба. Семејството се пакува, а двете ќерки наместо да го гушнат татко си, формално му се поклонуваат само изговарајќи „Ваше височество“. Тој а ние остануваме стаписани. Втората следи веднаш потоа, кога очигледно не знаејќи што прави на новата позиција, тој бледо гледа во документи и стоицизмот за момент го напушта па липајќи како дете на Елизабета тивко и вели: „Јас не сум крал. Јас сум офицер на морнарицата“. Со тоа сфаќате како му било кога брат му го оставил на цедило. И финалната кога и треба да го даде првиот говор со кој се обраќа на нацијата пред војната. „ Лоуг како и да заврши ова не знам како да ти се заблагодарам за се што стори“ . Лоуг само ќе се насмевне. А со него ќе се насмевнете и вие.





(С. Лазаревска)
сподели%20на%20Facebook
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2011 во 15:25
Најдоброто од Кидман по речиси цела декада

Наслов:
„Зајачка дупка“ (Rabbit hole)

Режија :
Џон Камерон Мичел

Сценарио:
Дејвид Линдзи Абајре

Главни улоги:
Никол Кидман, Арон Екхарт, Дајан Вист, Сандра О, Тами Бланчард

Жанр:
драма

Времетраење:
91 мин.

Година на издавање:
2010

 

 

Никол Кидман отсекогаш била фасцинантна актерка. Аристократска убавина, став, манири кои се претопуваат во нејзината глума. Еден мој пријател доста прецизно и реално ја опиша Кидман: „Таа не припаѓа во секакви улоги. Едноставно не може и не треба да глуми обични ликови. Самата убавина а и талент не го дозволуваат тоа.“

Во последниот филм Rabbit hole Никол Кидман глуми токму тоа. Таа е Ребека, обична сопруга од предградието која заедно со сопругот Хауи (Арон Екхарт) се справува со болката по смртта на четиригодишен син Дени. Секој на својот начин се обидува да се врати во нормала, но единствено во што успеале по осум месеци од несреќата е да се претворат во емоционално темпирани бомби.

Никол Кидман е брилијанта и во Rabbit hole прикажува одлична глума која обожавателите долго ја очекуваа. Поточно од „The hours“. Заслужена е номинацијата за Оскар но сепак, мали се шансите таа да го освои оскарот оваа година. Но, тоа што најмногу фасцинира во оваа улога е што и покрај значителните количини на ботокс инјектирани во нејзиното лице, Кидман успева да прикаже одличен перформанс . Лицето на актерката изгледа здрвено, но таа успева да ја долови тагата, вината на мајката која жали по својот син. Одлични се и Дајан Вист како мајката на Ребека и Арон Екхарт како Хауи нејзиниот сопруг. Rabbit hole не е одличен, но е солиден филм кој е изненадувачки интересен и покрај сензибилноста на темата.

Велат, децата треба да ги закопаат родителите, а не обратно. Еден од непишаните закони на животот. Во „Rabbit hole“ ни е прикажано спротивното. Искуството кое ниту еден родител не треба да го доживее. Ребека по смртта на синот живее во стаклено ѕвоно и има мал контакт со надворешниот свет. Успешно ги сокрива емоциите под навидум веселата фасада, и полека ги брише сите спомени од Дени во куќата. Хауи пак се уште не може да се прости од синот. Се уште навечер ги гледа видео снимките од Дени, се уште седиштето на синот е во неговиот автомобил, детската соба е идентична како и пред несреќата.

Одличното сценарио постепено ни ја доловува транзициската фаза на брачниот пар која трае веќе речиси година. Секој се обвинува себе си, но никој не сака да го признае тоа. И двајцата сметаат дека паднале на испитот по родителство па сега се обидуваат да заборават и не бираат начини за тоа. Хауи почнува да пуши марихуана и оформува платонска врска со Габи (Сандра О), дел од групата за поддршка на родители кои ги изгубиле децата. Ребека станува Марта Стјуарт и оформува чудно пријателство со Џејсон, средношколецот кој го прегазил нејзиниот син на улица. Но дома двајцата се претворени во роботи кои го преживуваат секој нареден ден во тивка мизерија

. Ова е третиот филм на режисерот Мичел, снимен по контроверзниот Shortbuts, но не може да се каже дека напредувал во техничка смисла. Сценариото и глумата го спасуваат Rabbit hole од медиокритетот бидејќи неиновативната режија го претвора во мелодрама, а не припаѓа во тој жанр. (Непотребни се и кратките сцени со колаж кои немаат смисла во генералната порака). Сепак, Rabbit hole и покрај недостатоците е добар филм . „Дали некогаш ќе исчезне тагата?“ прашува Ребека. „ Не . Во еден момент станува поднослива па се претвора во нешто што можеш да го носиш како цигла во џебот и некое време да заборавиш, но потоа пак се појавува“ одговара мајката на Ребека.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2011 во 15:28
Кратката историја на еден брак

Наслов:
„Син Валентајн“ (Blue Valentine)

Режија:
Дерек Клејфранс

Сценарио:
Дерек Клејфранс, Ками Деливанг и Џој Кертис

Главни улоги:
Рајан Гослинг, Мишел Вилијамс

Жанр:
романтична драма

Времетраење:
112 мин.

Година на издавање:
2010


 

 

Вуди Ален ја доведе темата за пропаднати бракови и дисфункционалните врски во своите филмови речиси до совршенство. Всушност таа фаза траеше до „Husbands and wives“ од 1992 година и аферата со неговата поќерка, а од тогаш како да „омекна“ во прикажувањето на песимизмот . Но по пауза од речиси 20 години, постои голема можност младиот режисер Дерек Клејфранс да го замени Ален, со неговиот последен филм „Blue valentine“.

„Blue Valentine“ е филм за пропаста на бракот меѓу Синди (Мишел Вилијамс) и Дин (Рајан Гослинг) млад пар од Пенсилванија. Филмот нелинеарно низ сцените ја прикажува состојбата во која е нивната врска од запознавањето па се до распадот.

Всушност почетокот на филмот доаѓа од крајот на бракот. Кога единственото нешто што е заедничко за парот е ќерката Френки (која иако не е биолошка ќерка на Дин, тој сепак ја прифатил и изгледал како своја). Двајцата живеат во прифатен медиокритет исполнет со тензија и фрустрација. Живот каков што не ни замислувале и брак каков што не ни посакувале. Во сцените од развивањето на филмот, ни е прикажан и животот кој го имале пред да се запознаат. Дин е смотан , неамбициозен млад човек кој се откажал од средното училиште и работи во компанија за селење, а Синди е промискуитетна студентка по медицина која живее со нејзините родители и се грижи за баба си во старечкиот дом. По шест години, таа се презира себе си за немањето упорност во намерата да стане доктор, немањето поддршка од сопругот алкохоличар и улогите на мајка и сопруга кои не знае да ги балансира.

Мало предупредување за сите кои очекуваат од Blue valentine, срцепарателна љубовна приказна во стилот на Notebook, иако Рајан Гослинг глуми и во двата филма. Ова е најреалниот филм за врската меѓу двајца луѓе што е направен до сега, со можеби најреалната глума од двајца актери. Филм без клише романса, без фикција, со ликови кои имаат вистински проблеми. Бракот каков што е, постои денес кај луѓе со вистински професии од „средната класа“ како молери и медицински сестри, а не успешни милијардери што е честа појава во романтичните филмови. Гослинг и Вилијамс се апсолутно прекрасни во портретирањето на Дин и Синди. Сепак несфатливо е зошто младиот Канаѓанец не беше номиниран за оскар покрај Вилијамс. Ова е можеби најголемиот грабеж во номинациите за оскар од 1997 година кога Леонардо ди Каприо не беше номиниран за Titanic, но... Талентот на двајцата актери е огромен и ќе го препознаете речиси секаде во филмот. За издвојување се сцените каде Синди со срам ги изнесува деталите од својата интима на медицинската сестра пред закажаниот абортус и веднаш потоа кога ќе се премисли во средина на процедурата. По излегувањето од ординацијата Дин само ќе изусти: „Да го сториме тоа. Ајде да бидеме семејство“.

Режисерот Клејфанс својата доза на реалност во филмот ја дава преку доминантните кадри во гро-план на лицата на актерите и нестабилната камера, што само одат во прилог во доловувањето на ликовите. „Blue valentine“ не е прв избор на филм за романтична вечер иако насловот тоа го наговестува. Тоа е тивок филм кој е анти-реклама на сите романтични филмови кои се снимени од Sleepless in Seattle па наваму, но далеку подобар од сите нив. Филм кој или ќе ве остави збунети или ќе ве воодушеви во зависност од вашите очекувања за филмовите или пак врските и љубовта . Но вреди да се погледне.

 

(С. Лазаревска)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2011 во 06:00

Три македонски филма на маркетот во Кан

Од денес, па во наредните 10 дена, Македонскиот филмски фонд ќе се претстави на 64. Кански филмски фестивал и како и лани, македонскиот штанд ќе биде во рамки на павилјонот на Југоисточна Европа, заедно со: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Србија. Оваа година наместо Албанија, за прв пат, со штанд, ќе биде претставена Црна Гора.
Фондот, во соработка со продуцентите на маркетот, ќе ги прикаже "Панкот не е мртов" на Владимир Блажевски, "Ова не е американски филм" на Сашо Павловски и "Д Скопје", омнибус на 10-мина млади режисери.
Во рамки на програмата на претставување продуценти, а во организација на Еуропијан филм промушн, ќе биде претставен продуцентот Дарко Попов, продуцент на "Панкот". На штандот, како што јавуваат од Фондот, како и лани, секој ден попладне ќе се одржуваат отворени коктели, на кои ќе бидат канети познати филмски имиња, а македонската вечер ќе биде одржана в недела.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 06:05

Филмот на Џоли со премиера на 23 декември

 Режисерското деби на Анџелина Џоли доби дистрибутер за САД. Нејзиниот филм за војната во Босна "Во земјата на крв и мед" ќе има премиера на 23 декември преку "ФилмДистрикт", огранок на "Џи-Кеј Филмс". Соопштувајќи ја зделката на Канскиот филмски фестивал, основачот на "Џи-Кеј Филмс"Греам Кинг изјави дека дебито на Џоли "е знак дека доаѓа еден инстиктивен раскажувач кој ќе ве освои".
Во филмот играат локални босански актери, од кои повеќето биле деца за време на војната во 90-тите, како и македонската актерка Јелена Јованова.
Џоли дојде на годинашното издание на фестивалот во Кан за промоцијата на "Кунг фу панда 2" и драмата на нејзиниот партнер Бред Пит, "Дрвото на животот", кој вчера имаше премиера .

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 05:27

Ал Пачино ќе го глуми мафијашот Делакроче

 Откако се прослави со улогата на фиктивниот мафијаш Мајкл Корлеоне во познатата филмска трилогија "Кум", актерот Ал Пачино сега ќе глуми вистински мафијаш.
Седумдесет и едногодишниот актер, кој беше анонимен пред да глуми во "Кум" во 1972 година, се придружи на актерската група на "Готи: Три генерации", во улога на Нил Делакроче вториот шеф на мафијата Гамбино и партнер на Готи, соопштија продуцентите на филмот.
Пачино беше номиниран за оскар за "Кум" и за "Кум 2", но освои оскар дури две години подоцна за филмот од 1992 година "Мирисот на жената".
Во "Готи" Пачино ќе глуми заедно со Џон Траволта, кој ќе го глуми починатиот Џон Готи, Џо Пеши како блискиот пријател на Готи Анџело Руџеро и Линдзи Лохан како Ким Готи, жената на синот на Готи. Сопругата на Траволта Кели Престон и нивната ќерка Ела Блу ќе ги глумат сопругата на Џон Готи Викторија и нивата ќерка Ејнџел.
Филмот ќе ја прикаже приказната за Џон Готи, озлогласениот американски мафијаш кој стана шеф на њујоршката мафија Гамбино, како и односите со неговото семејство и син му, Џон Готи Помладиот, кој подоцна стана главен на мафијата Гамбино и ги продаде правата за животната приказна на неговиот татко. Готи познат како Елегантниот дон почина од рак во 2002 година додека отслужуваше доживотна затворска казна за убиство, рекет, изнудување и затајување на данок.
Сè уште не се знае кој ќе го глуми Џон Готи Помладиот. Снимањето на филмот ќе почне кон крајот на 2011 година во режија на Бери Левинсон.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 20:24
УТРЕ, СО ЦЕЛИОТ СВЕТ ВО ИСТО ВРЕМЕ, ВО "МИЛЕНИУМ"

Премиера на "Пиратите од Карибите 4" во Скопје

Магијата од светската премиера на авантуристичката драма "Пиратите од Карибите 4", закажана за утре, ќе ја почувствува и македонската јавност со скопската премиера во градското кино "Милениум" во 20 ч. Филмот за легендарниот капетан Џек Спароу продолжува на редовниот репертоар со две проекции во "Милениум".
Четвртото продолжение на "Пиратите", актуелно по неодамнешната промоција на Канскиот фестивал, го режираше Роб Маршал, а на Џони Деп, како Капетанот Спароу, му се приклучува ѕвездата Пенелопе Круз, која ја игра таинствената Анџелика, жена од неговото минато, за која тој не е сигурен дали е неговата љубов или некој што сака да го искористи. Почнува непредвидлива авантура за Спароу, во која тој не знае од кој попрво да стравува. Од Црнобрадестиот или од Анџелика.
Во филмот, снимен на повеќе локации, меѓу кои и на егзотичните Хаваи и Порторико, се појавуваат и Џефри Раш, како и Кевин Мекнали, и младата Астрид Бергес Фризби.

"Вест" и "Милениум" доделуваат 102 гратиси

Киното "Милениум" и веб-порталот на "Вест" њњњ.вест.мк доделуваат 102 бесплатни билети за утрешната премиера на "Пиратите од Карибите 4", од 20 часот, во "Милениум". Билетите ќе може да се добијат со испраќање и-мејл на следниов начин. Со влез во контакт-формата (на дното од насловната страница на порталот), внесувате свои податоци: име и презиме, адреса, мобилен телефон, заради идентификација, а на местото за коментар пишувате: "Две карти за кино". Еден читател може да испрати само еден и-мејл и да добие две влезници. Аплицирањето за карти е најдоцна до утре, до 14 часот. Наградените ќе добијат повратен, потврден и-мејл. Некомплетните апликации нема да се земат предвид.
Гратис-картите ќе може да се земат на билетарницата на градското кино "Милениум", пред проекцијата.
Кон врв
ARTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 07.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 416
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ARTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2011 во 15:04


"ЧОВЕКОТ НАРЕЧЕН ХРАБРОСТ" - "TRUE GRIT"

* Почеток на проекциите: 12:000; 14:00; 16:00; 18:00; 20:00 и 22:00 часот - САЛА 1 Kino Ramstor - distribucija Manaki film

pgledajte te go vo Kino Ramstor obavezno remek delo vestern   na brakata koen. Bese i nominiram za oskari na poslednoto dodeluvanje.Sramota da nema nikoj na proekcii pa morav da kupam 4 karti za da go pustat posto moralo minimum 4 dusi da ima na proekcija   pa da go pustat inace ne go pustaat a nie bevme dvajca.i go gledavme samo nie dvajta vo prazna sala kako da si parime privatna proekcija.sramota da se utepame site a se praime ovde nesto kultura ova ona evropa.
ma ovoj narod ne zasluzuva da ima nisto najubavo da se zatvorat i ova malce kina sto ima namesto da se otvorat novi i mnogu malce filmovi sto stigaat da nema nisto najdobo.pa vaka ako nema publika i toa ke se desi.znam deka e siromastija vo ovaa skapana kvazi drzava ali za 150 denari ima do tolku da se najdat ako ne puna sala barm 20 dusi na edna proekcia barem.znaci ne e samo do parite nego i do svesta i obrazovanieto.znam deka nema ni reklama kako treba nigde ni na mediumi a toa moze se dolzi i na stanjeto vo mediumite koe e mnogu loso ali sepak. Ima i ljuge sto imaat pa ne odat a mozat da davat za kavici i pienje itn..I ne samo na vakvi raboti ke reces po umeticki ne razbira ovoj narod nego na nisto nema publika ni na losi filmvi i eve da kazeme takvi kako sto saka ovoj da ne recam ali moram prost narod ni na takvi nema publika sramota mnogu se proseljaci i mu spadna nivo na ovoj narod.pa posle da ne se cudime sto sme do ovdeka. i da ne odam politicki ali moram i ke glasa vaka kako glasa za ovie budali sto se na vlast i ke si ima samo kic glupi spomenici i nisto drugo.


Изменето од ARTE - 02.Јуни.2011 во 15:22
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2011 во 06:05
Актери кои детската слава не ги уништи

Кога зборуваме за деца кои уште од младите денови станале славни во Холивуд, сите веднаш би помислиле на тешко детство, зависности, секс скандали... Каков само беше случајот со Дру Баримор, или пак со сестрите Олсен... Иако многу родители настојуваат да ги држат нивните талентирани деца надвор од блескавиот Холивуд, некои и понатаму пробуваат да ги турнат нивните најмлади пред камерите. Дека нивниот труд не е секогаш залуден докажуваат и примерите со актерите кои успешно стоеја на страна од сите проблеми кои ги носи славата во нивните детски денови.

Кристијан Бејл

Актерот Кристијан Бејл се прослави на само тринаесет години, а започнувањето на неговата слава се должеше на улогата што ја одигра во филмот „Империја на Сонцето“, на Стивен Спилберг. И покрај тоа што и претходно имал мали улоги во некои филмови и реклами, Бејл не бил спремен за големата слава. Неговото нормално детство исчезна преку ноќ, па тогаш тој одлучи да ја напушти глумата засекогаш. Тоа секако не се случи, но доволен беше лошиот вкус на детската слава за да го зачува Бејл од пропаст во младите денови. Неговиот татко внимателно му помагаше во изборот на улогите, а со тоа го чуваше од сите примамливи замки во Холивуд. На крај, сето тоа резултираше во изградување на еден одличен зрел актер со успешна кариера. Зад себе има одлични филмски улоги, како оние во „American Psycho“ и „Batman“, а имајќи предвид дека има 36 години, него допрва го чекаат блескави славни денови.

Даница Меккелар

Младата Даница Меккелар одлично ја одигра својата улога во хит серијата „ The Wonder Years“, но откога истата заврши, а Даница дојде во своите зрели години, таа сфати дека продуцентите не се заинтересирани да и' дадат дополнителни ангажмани на некогашната детска ѕвезда. Иако некои би се депримирале, би се откажале од сè и би се препуштиле на пороците, Даница имаше друг план. Таа студираше математика на угледен универзитет и напиша книга која стана многу популарна. И понатаму глуми повремено, најчесто го позајмува гласот во анимирани филмови, а сега, со своите 36 години, зад себе има дури три книги. Паметна е, убава и успешна, стоејќи со нозете цврсто на земја.

к*рт Расел

Славниот к*рт Расел исто така уште како дете тргна во светот на познатите и славата. к*рт стана светски познат во седумдесеттите, кога потпиша договор со Дизни. Набрзо стана тинејџерски идол и се здоби со многубројни улоги во филмовите за млади. Кога порасна, продложи да се занимава со глумата и стана многу ценет актер.

Дакота Фенинг

Оваа девојка покажа извонреден талент со нејзината глума, и тоа во одлични филмови, уште од нејзината петта година. Денес, со нејзините седумнаесет, тој тренд успешно го продолжува. Во раната кариера почна да се појавува во реклами, а набрзо во серии, за да потоа се префрли на високобуџетни филмови. Одглуми силување на само единаесет години, а тогаш и зрело ги поднесе критиките. Пред неколку години донесе одлука дека нема да глуми додека не заврши средо училиште, но нејзината кариерата заради тоа не пати ни малку. Од оваа импресивна млада дама се очекува многу.

Ширли Темпл

Легендарната Ширли Темпл во раните триесетти години беше најголемата ѕвезда на својата доба, и тоа не само меѓу нејзините врсници. Сите се топеа пред преслатката мала Ширли. Носеше пари на секоја благајна, а кога порасна, нејзината популарност почна да опаѓа. Многумина би биле погодени од оваа ситуација, но Темпл тогаш се омажи, основа семејство и стана амбасадорка и дипломат. Ги претставуваше Америка и Обединетите Нации во Гана и Чехословачка. Издаде и книги и работеше за многу компании.

Сет Грин

Сет Грин е име кое сигурно ви е познато од некои тинејџерски филмови и серии. За време на неговиот успех и слава, Сет навистина уживаше и не допушти да стане познат како препотентен кретен. Отсекогаш сметаше дека е среќник бидејќи има прилика да ги смее луѓето.

Кристина Ричи

Успешната актерка Кристина Ричи е една од оние кои освојуваат со своето слатко лице. Има глумено во доста познати филмови и серии, а после големиот залет од детските денови, кариерата и стивна. Сепак, таа самата е свесна за својата вредност, заради што не се деградира, туку работи на своето враќање на филмското платно.

Џозеф Гордон Левит

Џозеф Гордон Левит е лице кое несомнено ви е познато од хумористичните серии. После улогата во „Третиот камен од Сонцето“, Џозеф исчезна од екраните. Одигра улога на машка проститутка во еден филм, но оттогаш немаше ништо импресивно. Сепак, тој не прифаќаше било какви улоги, туку чекаше на вистинска прилика. Тоа навистина му се исплатеше, особено со улогите во оскаровецот од 2010 година, „Inception“, како и за одличната романтична комедија „(500) Days of Summer“, која исто така се здоби со награди и номинации.

Кирстен Данст

Талентираната Кирстен Данст стана славна многу рано, занимавајќи се со манекенство и глума уште од мали нозе. Со оглед на фактот што нејзината првата голема улога беше заедно со Бред Пит и Том Круз, тешко дека можеше да и тргне на лошо. Сепак, после неколку звучни филмови и тинејџерски хитови, нејзината кариера малку замре. Како и да е, неодамна во Кан доби награда за најдобра женска актерка за филмот „Меланхолија“. Кирстен улогите ги бира полека и промислено, па нејзиниот талент сигурно ќе го гледаме во одлични филмови уште долго време.

Рон Хауард

Рон Хауард се прослави во шеесеттите години на минатиот век, кога имаше само шест години, со серијата „ Andy Griffith Show“. Кога ангажманите со таа серија му завршија, тој одби неколку улоги, а потоа во средината на седумдесеттите се врати во светот на глумата. Потоа, го напушти и актерството со цел да стане режисер. Времето си го направи своето, а Хауард режираше многубројни хитови и се здоби со Оскар.


Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2011 во 11:18
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2011 во 23:56
 
 
Трет дневник на Бриџит Џонс

Холивудската актерка Рене Зелвегер наскоро ќе може повторно да се појави во улогата на симпатичната Бриџит Џонс, која во првите два дела од филмот измами насмевки на публиката од целиот свет. 

Третото продолжение на филмот ’Бриџит Џонс’, снимен според книгата наХелен Филдинг, ќе биде прикажан во кината следната година.

Продолжението се подготвува уште од 2009 година, а според холивудските медиуми, филмот за авантурите опишани во дневникот на Бриџит Џонс ќе биде готов до крајот на оваа година.

Главната женска улога повторно ќе и припадне на Рене Зелвигер,Колин Фирт ќе се појави во улога на нејзиниот маж, додека Хју Грант ќе го толкува ликот на нејзината поранешна и непреболена љубов.

Актерот Колин Фирт откри некои детали. „Бриџит и Марк нема да можат да имаат деца, па таа ќе направи голема грешка и ќе му се врати на Даниел, со кого ќе остане бремена“, открива тој дел од приказната. 

Магазинот „Сан“ објавува дека Рене веднаш ја прифатила улогата, кога дознала дека нема да мора да се здебелува, како што беше потребно за претходните два дела. На почетокот од овој дел, Бриџит ќе застане на вага и ќе се воодушеви од губењето на килограмите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,238 секунди.