|
Само за грешници! Новиот Почеток |
Внеси реплика | страница <1 78910> |
Автор | |||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Околу положбата на жената во заедницата може да се прочита интересен дијалог помеѓу еден поранешен евангелистички теолог и божјата пророчица за денешното време.
линк: брошура „Пророк бр.2„ |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Пријателе, искрен да бидам, сум го прочитал само предговорот, ништо повеќе. Немам време да си ги прочитам сите книги и за тоа многу ми е мака, затоа што морам да се позанимавам со некои закони и измени на истите кои започнуваат да се применуваат од 1-ви Септември, а се доста значајни и менуваат суштина на парничната постапка. Патем, ги отпечатив сите гностички евангелија, ми останува да ја отпечатам и оваа книга, затоа што не можам да читам пред компјутер. Штом ќе завршам со сето ова, ќе говориме и на оваа тема. Цитатот кој директно говори за тие нешта и нема, но самиот факт што за Апостоли биле одбрани мажи говори доволно. Ако кон тоа ги додадеме и посланија на Апостол Павле, се комплетира сликата. П.С. Науката го отфрла авторството на посланијата до Тимотеј, а за посланијата до Тит и Евреите нема постигнато согласност затоа што постои поделба до такви кои го прифаќаат авторството на Павле и такви кои не го прават тоа. Значи последните две писанија не се отфрлени. Сепак, повторно ортодоксното Христијанство, согласно историската наука, сеуште ги поседува најстарите писанија и може да го трасира својот континуитет се до Христос и Апостолите. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Какво пророштво е ова кога има работи кои не се баш вистинити? Во периодот кога Јероним ја преведувал Библијата на латински, Новиот Завет веќе бил канонизиран на грчки јазик, па Јероним ништо не можел да додаде и одземе. Тој само преведувал на латински, ништо повеќе. Грчките текстови си останале такви какви што биле и пред него. |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Инаку текстот не е пророштво туку разговор со пророчицата. Пророштво е кога Христос или некој од херувимите или серафимите i tn. се објавува користејќи ги гласните жици на пророкот(при усмена објава). Изменето од Majkl - 14.Август.2011 во 00:30 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тоа што Габи го кажува, создава слика дека станува збор за некаква редакција, менување на Библијата на латински јазик, односно додавање и менување, или со еден збор- фалсификување на истата. А воопшто не е така. Вулгата на Јероним е сосема добар превод за тоа време, без менувања, манипулирања и фалсификувања. Преиспитувај ги ваквите нешта и внимавај на вакви детали. Не земај ги никако здраво за готово. Изменето од Македон - 14.Август.2011 во 00:30 |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А она кое ние преку пророчицата(во други книги) го дознаваме е дека некои книги (знам дека со ова многумина нема да се согласите.) во старт се запишувани погрешно од самите автори затоа што стоеле под водство на своите и туѓи представи и сфаќања а ги потпишувале со имиња на пророци, апостоли и сл. Таков е случајот со мојсеевите книги, послканиците на Павле и тн. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако би ни посочил на кои места го изменил Хиероним Евангелието, мошне полесно би констатирале кој е во право. Јас колку што знам, историчарите воопшто не велат дека Јероним нешто изменувал. Тој преведувал, создал релативно добар превод на Библијата и не менувал ништо во неа. Можно е да има грешки при преводот, но тие не се намерни. Впрочем, да не одолговлекувам, повели,писмото од Јероним до Папата Дамасус I. Веднаш може да се види што сакал Јероним да каже во писмото. Не случајно ти реков, ваквите кажувања да ги примаш со резерва и никако здраво за готово. |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Токму и јас истото писмо до Дамасус I сакав да го постирам, ама ете ти ме претекна. Тоа само го потврдува цитираното од Хиероним.
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Пријателе, ако се прочита она што ти ни го даде, се создава слика дека Хиероним бил назначен за конечниот изглед на Библијата и дека тој ја преработувал истата, а всушност само ја преведувал. А како поткрепа е покажан дел од писмото кој би го потврдил тоа. Но, кога ќсе прочита сето писмо, веднаш се сфаќа за што станува збор и дека станува збор за редакција на фрагменти од Светото Писмо, лошо преведени на латински јазик. Јас тој совет што ти го давам тебе и на мене го применувам. Не случајно еднаш ти велев дека правилото на Аристотел за силогизми важи и во рамките на Православната Црква, барем за нештата кои се споменати. Не може А да е еднакво, а истовремено и различно на Б. Патем, станувањето верник не значи и збогување со разумот и логиката, барем за мене. Ако се знае дека Новиот Завет е канонизиран од Црквата, нема како да велиме дека тоа не е така, затоа што постојат многу нешта кои ќе говорат дека е тоа така. Ние може да говориме дали е тоа добро, лошо, кои се тие кои го сториле тоа, дали истото има историски континуитет со учењето Христово или нема, дали биле ученици на Апостолите или не, но не може да го негираме фактот. Фактот е факт и без наша согласност. Истото важи и во конкретниот пример. Јероним не учествувал во креирањето на Новиот Завет и тоа е факт, му се допаѓало некому тоа или не. Изменето од Македон - 14.Август.2011 во 01:25 |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не. Тоа е сликата која евентуално настанала кај тебе. Незнам дали имаше интерес да ја прочиташ целата брошура... Поентата е положбата на жената во црквата, заедницата и сл. Повеќето црковни теолози се повиукуваат на Библијата која меѓу другото како што велиш ја преведувал и поправал фрагменти Хиероним. Во таа Библија постои посланица од Павле која дава совети и одредби како треба да се однесува жената , што и е дозволено што не. Во истата Библија (која меѓу другото и Хиероним ја преведувал на латински) стојат и евангелијата од апостолите(или барем од оние кои така ги потпишале) меѓутоа таму односот на Исус кон жената воопшто не соодветствува на оној за кој говори наводно преобратениот Павле. Понатака во брошурата се објаснува дека така како што Павле говорел така не говрел ниту Исус ниту според едно друго апокрифно евангелие, ниту пак денес говори така гласот на срцето од вечната вистина. |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се согласувам. Барем не со здравиот разум.
Ете да речеме дека е факт тоа што го велиш за историскиот континуиет(Исус-апостоли-Павле-ранохристијанство-црква-денешница) што корист од тоа кога светот кој го прифаќал тој факт не станал подобро и посреќно место за живот? Така велело пророштвото дека требало да биде? Епа фала мене такво пророштво не ми треба ниту ми треба таков Бог кој светот го создал како монопол-поле за крвожедна борба меѓу народите додека не се врати Тој, оти ете морало така да се збидне колку да се исполнеле зборовите на пророштвото. Изменето од Majkl - 14.Август.2011 во 02:26 |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Denes e nedvosmisleno dokazhano od naukata i "oficijalnata istorija", a toa se uchi na site svetski univerziteti po komparativna religija, deka Crkvata kanonizirala Biblija vo koja se staveni falsifikati kako bozhemno originalni dela, vo koja ima iljadnici prepravki, vadenja i dodavanja na zborovi, rechenici i celi pasusi, vo koja dala apostolski iminja na dela od nepoznati avtori tvrdejkji so vekovi deka tokmu apostolite bile originalnite pishuvachi i t.n.
Fala Bogu povekje nema Inkvizicija, vistinata treba ednash zasekogash da se izvadi na videlina, namesto da se sokriva pod kilimot, pa lugjeto da se zapoznaat so nea. Изменето од Messenger - 14.Август.2011 во 07:34 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Taka e i so tolkuvanjata na stihovite, moze da se razberat vo odreden period od ziivotot.
Извини ама ова не го знам јас како да е според Словото. Зашто не е зависно времето и возраста на човек да го разбере словото. Толкувањето, разбирањето на Словото Божјо доаѓа само преку поново раѓањето , преку правилна вера, без разлика на тоа колку млад, стар, маж или жена бил човекот. |
|||
alf
Сениор Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 631 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
.
Изменето од alf - 19.Септември.2011 во 08:20 |
|||
Внеси реплика | страница <1 78910> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |