|
Кој е Јован Крстителот и каја беше неговата улога? |
Внеси реплика | страница <1 5678> |
Автор | |||||||||||||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Будистите не зборуваат индијски. Нема таков јазик, но постојат индијски јазици: санскрит, хинди, телугу, малајалам, тамилски и тн. Будистите зборуваат на разни јазици зависно во кој регион на светот живеат. Но јазикот на кој се запишани поважните будистички списи се вика: Пали (сроден е со санскритот, јазикот на кој пак се напишани хиндуистичките свети списи) |
|||||||||||||||||||
sk
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 515 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Prifateno. Blagodaram na informacijata. Nauciv neshto novo. |
|||||||||||||||||||
sk
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 515 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Tuka e problemot. Apostolite, prvata generacija vernici, site zboruvale na aramjski/evrejski. Toa shto denes se vika original nov zaved e pishuvan od grci. Kako ke dokazesh deka apostolite zboruvale grcki? Ne postoi nitu edna kopija od noviot zavet od toa vreme. Изменето од sk - 14.Август.2011 во 12:48 |
|||||||||||||||||||
sk
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 515 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Prifateno. Hashem bukvalno znaci "imeto" i se misli na cetitite bukvi - znaesh koi se tie. Od pocit kon Nego, tie ne se igovaraat za da ne se zloupotrebuvaat, posebno ne na forumi. Vo Torata ima 72 iminja koi lugjeto gi dale na Nego, a se prevedeni samo kako Bog, Gospod. Doklu se upotrebuvaat site tie iminja kako shto se vo Torata, ke vidish kolku se tie povrzani so dadenata situacija i se dobiva pocelosna slika na sluckata. |
|||||||||||||||||||
sk
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 515 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Marinceska
"Значењето на сината(љубичестата) е крштевањето значењето на црвената е знаеме сите (крвта)" Od kade gi izvadi ovie znacenja? Jas velam deka sinata boja go prestavuva Lazio, a crvenata Rabotnicki. A zoshto tie boi se zaedno, zatoa shto ke se sretnat naskoro Lazio i Rabotnicki. Eve ti dokaz za boite i za moite tvrdenja. http://www.sslazio.it/ http://www.worldfootball.net/teams/fk-rabotnicki/ Ke sakash li ti da dadesh dokazi za istite boi? Nikade ne e zapishano vo biblijata znacenieto na tie boi. Pokazi mi so dokazi deka gresham. |
|||||||||||||||||||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Па доказите ви ги напишав во истата порака. Во писмото вели дека Бог дојде да го исполни законот.
Тогаш тие се боите кои Бог ги даде и Исус ги исполна со крштевањето и крвта. А ако вие мислите дека Божјото писмо има нешто заедничко со фудбал тогаш тоа е ваш избор. Мое е да ви кажам што знам. Видете овде има и друг запис за водата во книгата 2 Цареви глава 5 напишано е за војсководачот Нееман. Тој поради настојувањето од неговиот слуга и верата во словото на Божјиот пророк го направи тоа што му беше кажано да направи. Ако вие мислите дека ова што ви го кажав за боите не е точно тогаш кое е значењет на боите! Оставете го фудбалот на страна зошто е човечка измислица. Поентата ви ја сфатив!! |
|||||||||||||||||||
sk
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 515 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Ima vistina deka vodata kako simbol se upotrebuva na poveke mesta, i mene licno me predizvika eden tvoj komentar kako vie gledate na edna slucka, od drug agol, shto me natera da razmislam nekolku saati. Imashe dobra poenta. Pozdrav! |
|||||||||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Да, ама Апостолите проповедале насекаде. Да не проповедале на еврејски и во Рим? Да не проповедале на еврејски во Македонија, Грција, Крит, Кипар? Секако дека не. А во однос на Евангелијата и посланијата пишувани од Апостолите или под нивно влијание, не постои никаков доказ дека тие биле пишувани на еврејски или арамејски, освен сведоштвото на Јероним дека само Евангелието по Матеј е напишано на еврејски. Тоа е се. |
|||||||||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Веројатно Адам му кажал на Авел или можеби Бог дирекно, за Авраам и Ное мислам дека се на Небесата, за Адам не знам. Но каква врска има ова со моето прашање? Јас те прашав (ќе ги цитирам повторно прашањата): Дали можеш да наведеш каде тоа апостолите зборувале за Јовановото крштевање на Исус? Можеш ли да ни ги посочиш библиските цитати каде што апостолите во своите посланија го спомнувале крштевањето на Исус? Дали можеш да ни цитираш некое старозаветно пророштво каде што се пророкува крштевањето на Исус? Познато ни е дека Сатаната го искушуал Исус и се обидел да го спречи да отиде на Голготскиот крст (а потоа и да се симне од него), но зошто Сатаната не го спречил Исус кога отишол да се крштева кај Јован Крстителот?
Повторно каква врска има ова со моите прашања погоре? Овде Ное никаде не го спомнува Исусовото крштевање. Во Библијата никаде не пишува дека Ное им велел на луѓето: „спасете се преку водата“. Многу поверојатно е да веруваме дека Ное им велел: „Се наближува невреме, потоп, влезете во бродот и спасете се!“ Доколку им велел да се спасат преку водата, тогаш тие би му рекле: „Па зошто тогаш градиш брод? Зошто се криеш од водата? Повели и ти остани надвор за и ти да се спасиш преку водата.“
Рака на срце, знам јас, а знаеш и ти дека Јован никаде не велел такво нешто. Јован никаде не рекол: „покајте се иде Спасителот за да ПРЕКУ КРШТЕВАЊЕТО ги земе вашите гревови.“ Ако сметаш поинаку, повели цитирај го местото во Библијата каде што Јован го вели тоа.
Ова е повторно произволна интерпретација. Никаде во Библијата не се вели дека сината (љубичестата) боја го означува крштевањето.
Според некои крштевањето во новиот завет е она што беше обрезанието во стариот завет, според други (вас) тоа е рацеполагањето. Но факт е дека и двете се произволна интерпретација и дека Библијата никаде не вели дека рацеполагањето во новиот завет е крштевањето. Ти во другата тема „Само за грешници. Новиот почеток!“ пиша: „Во многу слики од порано ако видите ќе забележите дека крштевањето на Исус е нацртано како Јован Крстителот ги има исто така неговите раце положено на главата на Исус. “ Но сите знаеме дека тие слики исто така се произволна уметничка претстава на сликарот и дека такви слики од 1век не постојат. Не постои ни историски запис кој вели дека Јован Крстителот го рацеположил Исус пред да го крштева.
Повторно, туку никаде не вели дека Господ преку рацеполагањето на Јован ги вложи врз Исус гревовите на сите нас, ниту пак воопшто се спомнува Јовановото крштевање на Исус. Значи настрана теологиите и интерпретациите, прашањето ми е многу јасно: Дали можеш да наведеш каде тоа апостолите зборувале за Јовановото крштевање на Исус? Можеш ли да ни ги посочиш библиските цитати каде што апостолите во своите посланија го спомнувале крштевањето на Исус? Дали можеш да ни цитираш некое старозаветно пророштво каде што се пророкува крштевањето на Исус?
Крвта Исусова беше и после миропомазанието на Исус, и после причеста, и после триумфалното Исусово влегување во Ерусалим и после многу други важни новозаветни настани. Во ова пророштво не е ставен никаков ексклузивитет, ниту пак е спомнато Јовановото крштевање на Исус.
Значи, пак ќе повторам, во Библијата никаде не е ставена цртичка помеѓу зборовите „рацеполагање“ и „крштевање“. Тоа поврзување е произволна интерпретација, но не и учење на Светото Писмо.
Ако се рамноправно значајни, тогаш тоа ќе го видевме во Светото Писмо. Но не гледаме нешто такво, освен горните произволни интерпретации и произволни аналогии. А исто така никаде во Библијата не пишува дека преку крштевањето Исус ги земал гревовите на светот. Тоа е според учењето/евангелието на Paul C. Jong, но не и според Библијата. Кога зборуваме за библиските вистини и објави, многу е важно јасно да кажеме што вели Библијата, а што не вели. Бог не ни објавил ништо „меѓу редови“. Зборувањето во име на Библијата (Бог) во оние места каде што таа молчи е крајно опасно. Вадењето догми од молк е најчестата ерес во историјата на христијанството.
Словото за Јовановото крштевање на Исус го немало ни во сведоштвото на Христовите апостоли. Затоа и ти реков да ми наведеш цитати од Библијата каде апостолите сведочат дека Јован го крсти Исус и дека со тоа крштевање Исус ги зема нашите гревови, дека тоа е важни и сл. Такво сведоштво не гледаме ниво во делата апостолски, ниту во посланијата на апостол Павле, ниту во посланијата на Јован и Петар, ниту во посланието на Јаков, ниту во писмото до евреите, ниту во Откровението. Тоа го гледаме во пишувањето на Paul. C. Jong; но не и во сведоштвото на Христос и апостолите, не и во Библијата.
Прочитај го внимателно стихот и ќе видиш дека тој воопшто не зборува за Исусовото крштевање, туку за нашето крштевање, бидејќи ние сме тие кои треба да дадеме одговор на добра совест пред Бог. И внимавај како завршува делот што ти ги со цитирала „не спасува сега и нас ПРЕКУ ВОСКРЕСЕНИЕТО НА ИСУС ХРИСТОС“. Значи не вели преку крштевањето и воскресението на Исус, туку само преку воскресението.
Зборот „крстиш“ (грчки: баптиѕо) значи да се потопиш (да влезеш, да се нурнеш) во нешто. Ние сме крстени со Исус со тоа што сме облечени во Христос, со тоа што сме го „соблекле“ стариот човек кој е воден од страстите и похотите и сме го „облекле“ Исус Христос и се преобразуваме/преумуваме согласно Неговото учење преку силата на Светиот Дух. И пак ќе повторам, тука никаде не е спомнато дека крштевањето во Христа е преку вера во Неговото крштевање. Кога апостолите проповедале покајание и вера во Исус, тие никогаш не им велеле на луѓето да веруваат во Јовановото крштевање на Исус. Такво нешто нема во Библијата.
Рака на срце, повторно морам да кажам дека такво нешто не се вели во стиховите кои ги цитиравте. Во цитираните стихови никаде не пишува да веруваме во Исусовото крштевање, ниту пак дека преку рацете на Јован Исус ги примил нашите гревови.
Тоа „пред“ е пред околу 30 години и не може да се рече дека тука Сатаната се обидел да го спречи конкретно Јовановото крштевање на Исус. Кога Исус отишол кај Јован за да се крсти, не гледаме никаков напат на Сатаната, не гледаме никакво искушение. Едноставно Исус оди кај Јован и се крштева, за разлика од Исусовиот пат до Голгота каде што Сатаната на неколку наврати се обидел да го спречи. Од тука индиректно гледаме дека и Сатаната знаел дека Исусовото распнување на крстот е поважно и позначајно од Исусовото крштевање, а не еднакви по значење.
За воља на вистината би се сложил дека ова што овде го спомнува апостол Јован би можело да се поврзе со Јовановото крштевање на Исус каде што Исус за прв пат јавно е објавен како Божјиот возљубен Син. На тоа место Исус јавно е објавен како Божјиот Син, на тоа место слезе врз Него Светиот Дух и го помаза за службата што следеше. Сепак ниту тука не се вели дека Јован го рацеположил Исус или пак дека Јован на каов било начин ги вложил нашите гревови врз Исус. Но ова е еден од ретките стихови во Новиот завет каде што се спомнува тоа и ниту тука, ниту на некое друго место во новиот завет не е спомнато дека ние треба да исповедаме вера посебно за овој настан.
Прости ми што пак ќе забележам, но апостол Јован никаде не вели дека Господ ги натовари нашите гревови врз Исус ПРЕКУ КРШТЕВАЊЕТО.
Повторно необуздани човечки интерпретации. Човек колку и да е жеден, тоа не значи дека во неговото/нејзиното тело нема вода затоа што човековото тело во најголем процент се состои од вода (телото на децата се состои од 75% вода, а телото на постарите луѓе од 50% вода, значи во просек од 60%) Забелешката дека откако Исус бил прободен со копје протекло крв и вода било констатација дека Исус бил веќе мртов. Исус најверојатно бил прободен во срцето (бидејќи војникот сакал да се осигура дека Исус со сигурност би бил мртов). Срцето е обвиткано со мембрана (перикардиум) во која има вода која ја штити површината на срцето од сушење. Исто така има и други медицонски објаснувања од каде би можело да истече вода при прободување на човек кој умрел распнат на крст. Не велам дека нужно е погрешно поврзувањето на водата и крвта со крштевањето и крвопролевањето, но само потенцирам дека тоа се човечки интерпретации. На пример други толкувачи велат дека крвта го симболизира оправдувањето (бидејќи сме оправдани преку Христовата жртва, а водата осветувањето. Трети толкуваат поинаку, но факт е дека доколку Бог сакал нешто важно да ни каже, Тој тоа ќе го направел на многу јасен и концизен начин, а не во шифри и скриени кодови - што е одлика на гностицизмот.
Како мислиш до 2 години? Сакаш да кажеш дека по 2 години Сатаната нема да не искушува?
Ако Исусовиот крст е моќен САМО преку водата и ако без водата не може да биде крвта, тогаш Христос и апостолите тоа јасно и гласно ќе го проповедаа. Тие би велеле: „Покајте се и верувајте дека Јован го крсти Исус и со тоа вашите гревови беа натоварени врз Исус. Верувајте во Исусовото крштевање!“, но тие не само што не проповедале вакво евангелие, туку и воопшто не го спомнувале Јовановото крштевање на Исус. Зарем не ти е малку чудно тоа што апостолите не го проповедале ткн. евангелие на вода и Дух? |
|||||||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||||||||||||||
sk
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 515 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
So komentarov samo dokazuvash deka tvoite bogovi se apostolite. Vo red, sledi gi, shto oni pravele, pravi i ti, no ke imash ista zavrshnica kako i oni. |
|||||||||||||||||||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Исус најверојатно бил прободен во срцето (бидејќи војникот сакал да се осигура дека Исус со сигурност би бил мртов)
Јован 19:34: туку еден од војниците го прободе со копје меѓу ребрата, и веднаш потече крв и вода. Матеја 5:17: ”Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам. Како беше тогаш Законот исполнат? Зарем Законот не бара законска жртва за секој еден грев! Кој беше начинот на принос на законска жртва? Зарем Јован не посведочи после крштевањето на Исус Јован 1:29: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе! “ Од каде знаеше Јован дека Исус ги зел гревовите на светот врз себе и како знаеше за ова ако не преку самиот жртвен систем и преку наредбата Божја во која вели: „ Позволи го сега тоа зошто така ни претстои да ја исполниме сета Божја правда.“ Матеја 3:13-17. Зошто пак во сведоштвото Јованово овде Јован вели дека Исус е Јагне, зошто не е јарец или теле или куче или вол или друго животно? Веројатно Адам му кажал на Авел или можеби Бог дирекно, за Авраам и Ное мислам дека се на Небесата, за Адам не знам. Но каква врска има ова со моето прашање? Јас те прашав (ќе ги цитирам повторно прашањата): Евангелието е дадено од самиот почеток затоа има врска. За ова каде Јован им кажа дека Исус ќе ги земе гревовите преку крштевањето е овде : Јован 1:26 : но меѓу вас стои Еден, Каде го рече ова Јован? Кој одеше при Јована? Не одеа при него луѓето кои сакаат да се крстат заради верата во Спасителот? Никаде во Библијата не се вели дека сината (љубичестата) боја го означува крштевањето. Зошто ни беше даден жртвениот систем, па не е тој слика на идните добра, не е тоа слика на Исус кој на истиот начин ќе дојдеше за да не спаси од нашите гревови. Ако нејзиното значење не е крштевањето, т.е ако не укажува на крштевањето, на што укажува бојата сина(љубичеста) според вас, на што укажува црвената боја и зошто? Ако сакате да разберете како бевме спасени морате да го знаете жртвениот систем и како тој беше извршен. Законот беше прецизно извршен чекор по чекор во времето на Стариот Тестамент! Исто така има и други медицонски објаснувања од каде би можело да истече вода при прободување на човек кој умрел распнат на крст. Прашајте ги медицинарите или како сакате наречете ги да ви дадат вас јасно објаснување за тоа како Исус беше зачнат! Се надевам дека одговорот ќе можете да го споделите со нас! Како мислиш до 2 години? Сакаш да кажеш дека по 2 години Сатаната нема да не искушува? Првите 2 години на вистинко верски живот се критични за верникот заради што вели во Библијата секое новороденче до 2 години да се убие. Наравно дека и после 2 години сатаната го прави ова но не како и првите 2 години. Апос. Дела: Им рече: „Дали Го примивте Светиот Дух, кога поверувавте?” Му одговорија: „Не сме ни чуле дека дошол Светиот Дух.” 3 Уште им рече: „А во што се крстивте?” А тие рекоа: „Во Јовановото крштавање.” 4 А Павле рече: „Јован крштаваше покајно крштавање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој ќе дојде по него, односно во Исуса.” 5 Кога го чуја тоа, се крстија во името на Господа Исуса. Дали сте вие крстени во Господа? И како сте крстени? Откако поверувавте: Дали го добивте Светиот Дух? Дали сите ваши целоживотни гревови се опростени откако поверувате? Ако сакате да ми дадеде одговор за прашањата погоре? |
|||||||||||||||||||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Vo red, sledi gi, shto oni pravele, pravi i ti, no ke imash ista zavrshnica kako i oni.
Да е Бог толку милостив па да ни дозволи да правиме што и апостолите правеа, да доживееме и да имаме иста завршница како и нив за слава на Бога Господ наш Исус Христос, па тоа е навистина најголема милост. |
|||||||||||||||||||
sk
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 515 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
http://topdocumentaryfilms.com/water-great-mystery/ |
|||||||||||||||||||
sk
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 515 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Ona vo shto Sinot Bozji i prvata generacija apostoli veruvale i shto veruvaat deneshnite "apostoli" se dve razlicni raboti. Eden primer: prvite ja drzele Sabotata kako den za odmor, koja Bog ja naredil, a vtorive nedalata koja Konstantin vo 325 AD ja naredil. Pa koj ima oci da vidi, neka vidi. Spored ona shto ke vidi i praktikuva, takva ke mu bide i idninata. Bog si go kaza svoeto i kaza deka Negoviot zbor On ne go menuva, a sega e na lugheto da odlucat kogo ke go sledat: Nego ili Konstantin. Bujrum. |
|||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 5678> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |