|
најдоброто од мајсторче62 |
Внеси реплика | страница <1 1819202122 23> |
Автор | |
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТИ
ТИ си е ѕвезден белег во неистокот, и неодболена вистина во времето... Фрлена котва во заливот на среќата, и подготвено едро за секое ново испловување... И уште: блесок во секое мое себенадраснување си, и повторување на судбината со ефект на огледало... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МЕСТО ТЕБЕ
Небото плаче – некој ја скршил реката во која се огледуваше нарцисот над сите нарциси... Јас сум Моцарт и плачам по скршената виолина на малото штурче што ќе се разбуди под пластот сено со мирис на убиство в зори... Јас и небото плачеме над разлчни судбини, а толку сме исти... Љубена моја, прости ми што во оваа песна го величам небото место тебе... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРАЗНА ПЕСНА
Имав стих, го ставив в џеб, но џебот имал дупка... Празна е песната без изгубениот стих, празна без мојата душа... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОЕТИЧНА НОЌ
Глуци грицкаат во мракот, некоја збирка песни, веројатно... Сеедно, ноќта дише со поезија... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОДЈАДЕНА ПЕСНА
Закотвен во заливот на минатото, чекам да поминат бурите на сегашноста - иднината веќе е подјадена од пустошот... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРЕДАВСТВО
Со душа мевлемлија ми ги залечи сите рани од отровните анџари на слепата љубов, но јас не знаев како се љуби душа на жена... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СО МИРИС НА ЗЛОЧИН
Како бегалец од самсебе што бега си го вдишувам напорот да се сокријам во крикот на згмечените светулки кај што никогаш не успевав да се пронајдам... Tи безобразно раскажуваш приказни од негобило до неќебиде и во секоја нова приказна си некоја друга што многу повеќе личи на тебе отколку сама што си личиш... Не зближув ноќта што ни бие во слепоочниците со мирис на злочин... . |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАКО ДВА СИНОНИМА
Гледаме исто: ти велиш „страшно!„ јас го наоѓам зборот „грозно!„ а страшно е страшното, грозно е грозното и немаат никакви допирни точки во содржините. Шо е важно кој погрешил. чиј збор го збркал значењето од пресилна возбуда... Ако сакаме, ќе се усогласиме преку извичникот како два синонима што нешто сепак ги поврзува... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАКО ТРИ ТОЧКИ
Застануваш... Застанувам... Чекам... Воздивнуваш... Зарем тоа е се, прашувам... И повеќе, велиш... А кошулата беше даровна... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАКО ДВЕ СИНТАГМИ
Без мене си птица без море Без тебе сум риба без небо... Две синтагми во два пасуса кои сами ништо не кажуваат... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРОЗОРЕЦ ВО СРЦЕТО
Спиеш ли,ме прашуваш. Со кој сон да заспијам, си велам, кога месечината секоја ноќ оди на маскембал со твојот лик, како маска. Затвори го прозорецот, пак велиш, не гледај ја... Сакам да кажам, прозорецот е внатре, во срцето, и никој не мозе да го затвори без да си ја раскрвари душата, но ќе рабереш ли... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕСЕНСКА Два грозда во твоите очи зрееја, надрочени со пијанство и топли квечерини... Над голите лозја измамен ветер си ја дере кожата Со песната на дроздалците... Гледај, во гнездото на есента пак се испилуваат мирисите на дивите костени крај Миљацка... И ние - уште подиви... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗЕЛЕНО РАЗДЕНУВАЊЕ
Светат росите во зелените треви - утрата се полнат со твоите очи на изгрејсонце... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАВИКНИ МЕ
Навикни ме да се будам во исто време кога се будат и твоите боски желни за милување - ја не умеам да ги обојам моите чувства со боите на виножитото како што тоа го прават поетите од немајкаде но можам да се сокријам во утринската роса и да им ги позајмам моите бакнежи на зелените треви крај потокот во кој го оставаш руменилото на сонот од образите, наутро, верувајќи дека се љубиш со нив, невино, а дрско како блудница заробена во своите стравови од самата себе... Навикни ме да се будам во исто време Кога се будат и твоите боски желни за милување – Навиките остануваат и Кога циркусот ќе си замине... Изменето од majstorce62 - 25.Октомври.2011 во 10:47 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Внеси реплика | страница <1 1819202122 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |