IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Делото "Трактат" од Мартин Сергон
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Делото "Трактат" од Мартин Сергон

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Persej7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 21.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 254
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Persej7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Делото "Трактат" од Мартин Сергон
    Испратена: 25.Јули.2011 во 03:08
Eдно дело со капитално значење за Македонците e
Трактат за подготвувањето на Отрант и за турското воено уредување и неговото потекло од улцињскиот епископ
Martin de Segonis.

Сегон бил високо образуван човек и хуманист. Стекнал докторат по канонско право во 1475 год. во Падова. Станал епископ во Улцињ по смртта на Мартин Бергам во 1849 год.

Во горепосоченото дело, Сегон дава многу важни податоци како за Македонците така и географски податоци за Македонија. Делото за нас е значајно бидејќи многу јасно ги одделува Македонците од Власите, Бугарите и Србите, односно не претставува како посебен народ.

Особено интересен е делот за Охрид, кој е опишан како "град на Македонците".

Прво, значи, од Панонија преминува на устието на Сава и Дунав во Горна Мизија, во близината на Белград, каде се стигнува по два пата: едниот, горен, во Тракија или Романија, другиот, долен, кој води до Дарданците и Македонците.

Власите се планинци, луѓе од див род- тие се богати само со стада од стока; а другиот дел, кој е свртен кон Дарданците, Македонците и Трибалите, Срви, луѓе со блажен начин на живот и попитом и убав изглед, затоа што се простира повеќе кон југ и поради можните патувачки трговци.

Оттаму пратувајќи преку планините Жеглгова, долината Конопица, бањите Велбужд (Ќустендил) и мостот на Струма, која ги дели Македонците од Трибалите или Бугари, близу до црвениот брег, проаѓајќи ги шумие на Самоков и пространата пустина на планината Хема.

Останатите народи, сродни на Македонците се Србите, кои авторот ги нарекува Дарданци.

За настанувањето, спојувањето и текот на двата Дрима

Меѓу останатото, реката Дрим извира од езеро во близина на Охрид, гратче на Македонците и ги раздвојува дебраните, кои се нарекуваат Дарданци, од народите на Врак и Ематија, потоа Хиспани или Пилочани од Дуканѓиевите краишта, потоа малку повеќе навлегува во другиот Дрим кој дотекува од блиските планини на Мезија и под градот Леш се спушта во Јадранско Море



Целиот текст со додатни интересни и важни информации на следниов линк:

http://www.montenegrina.net/pages/pages1/istorija/crnojevici/o_balkanskim_krajevima_i_narodima.htm

Изменето од Македон - 31.Јули.2011 во 23:25
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2011 во 14:29
Ова што го покажа сега е од непроценливо значење за историјата на нашиот народ. Прво, затоа што во тој период името Македонија често било употребувано за регионот Тракија, околу тогашен Адрианопол (денешно Едрене). Првото сведоштво за употребата на името Македонија за територијата на етничка Македонија е во преписите кои говорат за Царот Душан. Од друга страна, во овој ракопис се говори за дистинкција меѓу Македонците, Србите, Бугарите, па и Власите. Трибалите и на друго место се нарекувани Срби или Бугари, не е ова единствен ракопис кој ги нарекува со античкото име овие племиња.

Дарданците точно се определени, затоа што Албанците си се викале и Дарданци, а и како што кажав погоре, тоа говори дека авторот бил учен, односно поседувал историски знаења за античкиот период. А и нормално е што Скопје е ставено во Дарданија, сепак, старото име на Косово е Дарданија, а во тоа време, колку што знам, Скопје е дел од косовскиот вилает, затоа што друг градски трговски центар во тоа време и немало. Приштина била мошне мала, за да била центар на нешто.

Интересно е што доста сведоштва од тој период за Македонија доаѓаат од Црна Гора и Хрватска. Сеуште не можам да одгатнам зошто е тоа така. Прво мислев дека е тоа поради хуманизмот и ренесансата, но сепак, Црна Гора и не била опфатена со ренесансата и затоа го отфрлив тоа гледиште.

Се поставува прашањето, дали навистина Охридската Црква извршила толкаво влијание во тие предели, па затоа и имало толкав контакт со македонштината.

Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2011 во 14:20
Originally posted by Македон Македон напиша:

Прво, затоа што во тој период името Македонија често било употребувано за регионот Тракија, околу тогашен Адрианопол (денешно Едрене).


Мартин Сергон се позовва на античните автори и по конкретно на Птоломеj(Sredinu pokrajine naseljavaju Vlasi, o kojima Ptolomej tako donosi..). Изгледа по истото време се врнала модата кон античните иминьа: Трибали, Дардани, Македонци...
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2011 во 14:25
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Прво, затоа што во тој период името Македонија често било употребувано за регионот Тракија, околу тогашен Адрианопол (денешно Едрене).


Мартин Сергон се позовва на античните автори и по конкретно на Птоломеj(Sredinu pokrajine naseljavaju Vlasi, o kojima Ptolomej tako donosi..). Изгледа по истото време се врнала модата кон античните иминьа: Трибали, Дардани, Македонци...


Toкму поради тоа и овој извор е значаен. Затоа што, покрај документите кои се однесуваат на Цар Душан, ова е документ кој говори за вистинската територија на Македонија, а не за темата покрај Одрин. Од друга страна, прави разлика меѓу сите народи, па и меѓу Македонците и Власите, за кои и не се употребува античко име. Додека за Србите и Бугарите истотака се употребува.

Изменето од Македон - 04.Август.2011 во 14:26
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2011 во 16:32
Во текстот се мисли за границите на античната област Македониjа. Види што Скопиjе e надвор Македониjа (како е било во антиката):

...Инаку, покрај езерото и мочуриштето Хоравица, затоа што се одвојува од оној пат кој води преку Бинче Морава до планината Кривична која лежи меѓу Мизија и Дарданците, после еднодневен пат од влегувањето во Клисура, се овозможува приближување до Скопје, главниот град на Дарданија и граница на Македонија



Изменето од Македон - 08.Август.2011 во 17:31
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 17:38
Originally posted by чоли чоли напиша:

Во текстот се мисли за границите на античната област Македониjа. Види што Скопиjе e надвор Македониjа (како е било во антиката):

...Инаку, покрај езерото и мочуриштето Хоравица, затоа што се одвојува од оној пат кој води преку Бинче Морава до планината Кривична која лежи меѓу Мизија и Дарданците, после еднодневен пат од влегувањето во Клисура, се овозможува приближување до Скопје, главниот град на Дарданија и граница на Македонија



Чоли, спореди го тоа кое си го извадил од текстот со сликата и види дали Скопје е на граница со Македонија. Патем, на сликата ја нема Дарданија. Oва кое е опишано од Мартин може да се види на оваа мапа:

Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2011 во 16:08
И на таа карта Дарданиjа не е пожана во сопствени граници. Дарданиjа е била обособена како самостоjна провинциjа во ІІІ-ти век:

..Дарданците биле покорени од страна на Римјаните најверојатно кон крајот на 1. век пред Христа. До крајот на 3. век Дарданија не била посебна покраина, туку била дел од покраината Мезија (потоа Горна Мезија). Кон крајот на 3. век, Дарданија станала посебна Римска покраина која граничела со покраината Дачија.
Дарданиjа
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2011 во 16:24
Originally posted by чоли чоли напиша:

И на таа карта Дарданиjа не е пожана во сопствени граници. Дарданиjа е била обособена како самостоjна провинциjа во ІІІ-ти век:

..Дарданците биле покорени од страна на Римјаните најверојатно кон крајот на 1. век пред Христа. До крајот на 3. век Дарданија не била посебна покраина, туку била дел од покраината Мезија (потоа Горна Мезија). Кон крајот на 3. век, Дарданија станала посебна Римска покраина која граничела со покраината Дачија.
Дарданиjа


Границите на сите римски провинции се менувале, па дури и на Дарданија. Затоа и на интернет има разно-разни карти, но отприлика се знае каде е Дарданија, односно, јадрото на Дарданија е денешно Косово.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.