Испечати | Затвори го прозорот

Делото "Трактат" од Мартин Сергон

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24767
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 07:41
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: Делото "Трактат" од Мартин Сергон
Постирано од: Persej7
Наслов: Делото "Трактат" од Мартин Сергон
Датум на внесување: 25.Јули.2011 во 03:08
Eдно дело со капитално значење за Македонците e
Трактат за подготвувањето на Отрант и за турското воено уредување и неговото потекло од улцињскиот епископ
Martin de Segonis.

Сегон бил високо образуван човек и хуманист. Стекнал докторат по канонско право во 1475 год. во Падова. Станал епископ во Улцињ по смртта на Мартин Бергам во 1849 год.

Во горепосоченото дело, Сегон дава многу важни податоци како за Македонците така и географски податоци за Македонија. Делото за нас е значајно бидејќи многу јасно ги одделува Македонците од Власите, Бугарите и Србите, односно не претставува како посебен народ.

Особено интересен е делот за Охрид, кој е опишан како "град на Македонците".

Прво, значи, од Панонија преминува на устието на Сава и Дунав во Горна Мизија, во близината на Белград, каде се стигнува по два пата: едниот, горен, во Тракија или Романија, другиот, долен, кој води до Дарданците и Македонците.

Власите се планинци, луѓе од див род- тие се богати само со стада од стока; а другиот дел, кој е свртен кон Дарданците, Македонците и Трибалите, Срви, луѓе со блажен начин на живот и попитом и убав изглед, затоа што се простира повеќе кон југ и поради можните патувачки трговци.

Оттаму пратувајќи преку планините Жеглгова, долината Конопица, бањите Велбужд (Ќустендил) и мостот на Струма, која ги дели Македонците од Трибалите или Бугари, близу до црвениот брег, проаѓајќи ги шумие на Самоков и пространата пустина на планината Хема.

Останатите народи, сродни на Македонците се Србите, кои авторот ги нарекува Дарданци.

За настанувањето, спојувањето и текот на двата Дрима

Меѓу останатото, реката Дрим извира од езеро во близина на Охрид, гратче на Македонците и ги раздвојува дебраните, кои се нарекуваат Дарданци, од народите на Врак и Ематија, потоа Хиспани или Пилочани од Дуканѓиевите краишта, потоа малку повеќе навлегува во другиот Дрим кој дотекува од блиските планини на Мезија и под градот Леш се спушта во Јадранско Море

Целиот текст со додатни интересни и важни информации на следниов линк:

http://www.montenegrina.net/pages/pages1/istorija/crnojevici/o_balkanskim_krajevima_i_narodima.htm - http://www.montenegrina.net/pages/pages1/istorija/crnojevici/o_balkanskim_krajevima_i_narodima.htm

Коментари:
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 25.Јули.2011 во 14:29
Ова што го покажа сега е од непроценливо значење за историјата на нашиот народ. Прво, затоа што во тој период името Македонија често било употребувано за регионот Тракија, околу тогашен Адрианопол (денешно Едрене). Првото сведоштво за употребата на името Македонија за територијата на етничка Македонија е во преписите кои говорат за Царот Душан. Од друга страна, во овој ракопис се говори за дистинкција меѓу Македонците, Србите, Бугарите, па и Власите. Трибалите и на друго место се нарекувани Срби или Бугари, не е ова единствен ракопис кој ги нарекува со античкото име овие племиња.

Дарданците точно се определени, затоа што Албанците си се викале и Дарданци, а и како што кажав погоре, тоа говори дека авторот бил учен, односно поседувал историски знаења за античкиот период. А и нормално е што Скопје е ставено во Дарданија, сепак, старото име на Косово е Дарданија, а во тоа време, колку што знам, Скопје е дел од косовскиот вилает, затоа што друг градски трговски центар во тоа време и немало. Приштина била мошне мала, за да била центар на нешто.

Интересно е што доста сведоштва од тој период за Македонија доаѓаат од Црна Гора и Хрватска. Сеуште не можам да одгатнам зошто е тоа така. Прво мислев дека е тоа поради хуманизмот и ренесансата, но сепак, Црна Гора и не била опфатена со ренесансата и затоа го отфрлив тоа гледиште.

Се поставува прашањето, дали навистина Охридската Црква извршила толкаво влијание во тие предели, па затоа и имало толкав контакт со македонштината.

-------------

Постирано од: чоли
Датум на внесување: 04.Август.2011 во 14:20
Originally posted by Македон Македон напиша:

Прво, затоа што во тој период името Македонија често било употребувано за регионот Тракија, околу тогашен Адрианопол (денешно Едрене).

Мартин Сергон се позовва на античните автори и по конкретно на Птоломеj(Sredinu pokrajine naseljavaju Vlasi, o kojima Ptolomej tako donosi..). Изгледа по истото време се врнала модата кон античните иминьа: Трибали, Дардани, Македонци...

-------------
Мунгос - цензорот на Мисирков

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 04.Август.2011 во 14:25
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Прво, затоа што во тој период името Македонија често било употребувано за регионот Тракија, околу тогашен Адрианопол (денешно Едрене).

Мартин Сергон се позовва на античните автори и по конкретно на Птоломеj(Sredinu pokrajine naseljavaju Vlasi, o kojima Ptolomej tako donosi..). Изгледа по истото време се врнала модата кон античните иминьа: Трибали, Дардани, Македонци...

Toкму поради тоа и овој извор е значаен. Затоа што, покрај документите кои се однесуваат на Цар Душан, ова е документ кој говори за вистинската територија на Македонија, а не за темата покрај Одрин. Од друга страна, прави разлика меѓу сите народи, па и меѓу Македонците и Власите, за кои и не се употребува античко име. Додека за Србите и Бугарите истотака се употребува.

-------------

Постирано од: чоли
Датум на внесување: 04.Август.2011 во 16:32
Во текстот се мисли за границите на античната област Македониjа. Види што Скопиjе e надвор Македониjа (како е било во антиката):

...Инаку, покрај езерото и мочуриштето Хоравица, затоа што се одвојува од оној пат кој води преку Бинче Морава до планината Кривична која лежи меѓу Мизија и Дарданците, после еднодневен пат од влегувањето во Клисура, се овозможува приближување до Скопје, главниот град на Дарданија и граница на Македонија

-------------
Мунгос - цензорот на Мисирков

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 08.Август.2011 во 17:38

Чоли, спореди го тоа кое си го извадил од текстот со сликата и види дали Скопје е на граница со Македонија. Патем, на сликата ја нема Дарданија. Oва кое е опишано од Мартин може да се види на оваа мапа:

-------------

Постирано од: чоли
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 16:08
И на таа карта Дарданиjа не е пожана во сопствени граници. Дарданиjа е била обособена како самостоjна провинциjа во ІІІ-ти век:

..Дарданците биле покорени од страна на Римјаните најверојатно кон крајот на 1. век пред Христа. До крајот на 3. век Дарданија не била посебна покраина, туку била дел од покраината Мезија (потоа Горна Мезија). Кон крајот на 3. век, Дарданија станала посебна Римска покраина која граничела со покраината Дачија.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Дарданија_%28Европа%29 - Дарданиjа

-------------
Мунгос - цензорот на Мисирков

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 10.Август.2011 во 16:24
Originally posted by чоли чоли напиша:

И на таа карта Дарданиjа не е пожана во сопствени граници. Дарданиjа е била обособена како самостоjна провинциjа во ІІІ-ти век:

..Дарданците биле покорени од страна на Римјаните најверојатно кон крајот на 1. век пред Христа. До крајот на 3. век Дарданија не била посебна покраина, туку била дел од покраината Мезија (потоа Горна Мезија). Кон крајот на 3. век, Дарданија станала посебна Римска покраина која граничела со покраината Дачија.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Дарданија_%28Европа%29 - Дарданиjа

Границите на сите римски провинции се менувале, па дури и на Дарданија. Затоа и на интернет има разно-разни карти, но отприлика се знае каде е Дарданија, односно, јадрото на Дарданија е денешно Косово.

-------------

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk