IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што е Адвентистичката црква?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што е Адвентистичката црква?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 36373839>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2011 во 21:43

      ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ
   

   Израелците, за време на робувањето во Египет, во извесна мера го заборавиле Божјиот закон и отстапиле од неговите заповеди. Погазувањето на Саботата станало општа појава, а поради претераните барања од нивните надзорници нејзиното празнување било оневозможувано. Меѓутоа, Мојсеј на својот народ им покажал дека послушноста кон Бога е првиот услов за нивно ослободување. Бог им ветил дека ќе им биде нивни Бог, дека ќе ги земе да Му бидат негов народ.

После нивното чудесно избавување од Египетското ропство, нивните залихи на храна почнале да се намалуваат. Како да се најде доволно храна за толкаво мноштво народ? Почнало да ги обзема сомнеж, па дури и управителите и старешините на народот почнале да ги обвинуваат водачите кои што ги поставил Бог. До тогаш тие немале трпено глад, нивните потреби биле задоволувани, но тие се грижеле за во иднина. Бог не ги занемарил потребите на Израелците. Лично им кажал на нивните водачи: “Ќе направам да ви паѓа како дожд леб од небото“ (2 Мојсеева 16,4). Бог им дал и упатство на народот при собирањето на храната. Секој ден да собираат колку што им треба за потребите на таа ден, а шестиот ден да собираат двојно повеќе затоа што наредниот ден ќе нема храна за да би се одржало светото празнување на Саботата. Наутро по земјата можело да се види “нешто ситно, округло, ситно како слана“. “Беше како коријандрово семе...“, бела боја. Народот тој леб го нарекол “мана“. Мојсеј им кажал: “Тоа е леб, што Господ ни го набави за храна“ (15 стих).

Така Израелците собирале храна секоја ден колку што им требало за тогаш, а шестиот ден собирале двојно повеќе и за утрешниот. “Ова е Господова заповед:утре е ден на целосна почивка, Сабота посветена на Господа. Испечете што сакате да печете; сварете што сакате да сварите. Се што ќе ви биде одвишок оставете го за утре“ ( 23 стих). “Јадете го тоа денес – им рече Мојсеј – зашто овој ден е Сабота во чест на Господа; денес не ќе најдете мана во полето. Собирајте ја шест дни, а на седмиот, во Сабота, ќе ја нема“ ( 25,26 стих). Израелците, за цело време додека оделе низ пустината, секоја седмица гледале трикратно чудо дадено за да ги увери во светоста на Саботата; двојно поголема количина на мана паѓала во шестиот ден, не паѓала во седмиот ден, а маната одредена и за во Сабота останувала свежа и нерасипана, иако кога оставале и за во другите денови се расипувала. Бог сакал и самиот чин на прогласување на Законот, во склад со неговиот возвишен карактер, да биде со величествен призор кој ќе разбуди кај Израелците стравопочитување. “Тргни кон народот – му рече Господ на Мојсеја – и посветувај го денес и утре. Нека ја испере својата облека; нека биде готов задутре, зашто задутре Господ ќе слезе на гората Синај, пред очите на целиот народ“ ( 2 Мојсеева 19,10.11 ). Во меѓувреме, секој момент морал да биде посветен на свечена припрема за излегување пред Господа. Мојсеј, држејќи се за упатствата, наредил да се подигне ограда околу планината. Ако некој би се осудил да премине преку оградата, казната била секундарна смрт.

На третиот ден наутро Мојсеј го повел народот кон подножјето на планината. “Планината Синај беше завиткана во дим, зашто Господ слезе на неа во оган. Се креваше дим како дим од печка. Целата планина се тресеше силно“ ( 18 стих ). Доказите за Господовата присутност биле толку страшни што Израелците од страв испопаѓале на колена пред Господа. А потоа грмотевиците престанале. Настапило време на свечена тишина и на крај се зачул Божјиот глас. Зборувајќи од големата темнина која Го опкружувала, додека стоел на врвот од планината со мноштво ангели, Господ го објавил својот Закон. Како симбол на Божјиот авторитет и отелотворувањето на Божјата волја, на Мојсеј му бил предаден примерок од Декалогот испишан со Божјиот прст на две камени плочи ( 2 Мојсеева 32,15.16 ; 5 Мојсеева 9,10 ). Но Законот не бил изговорен исклучиво само за благослов на Израелците. Бог им укажал чест да бидат чувари и заштитници на Неговиот Закон. Но овој Закон требало да биде и за луѓето во целиот свет, за поука и за нивно управување. Овие десет кратки, разбирливи и полни со авторитет заповеди, се втемелени на начелото на големата вечна љубов, укажувајќи на човековата должност кон Бога и кон ближните. Саботата не е воведена како нова установа, туку како празник кој е воспоставен за време на создавањето. Саботата треба да ја паметиме и празнуваме како спомен на делата на Создателот. Таа укажува на Бог како Создател на небото и земјата, и со тоа ги истакнува разликите помеѓу Вистинскиот Бог и лажните богови. Сите кои го празнуваат седмиот ден, на тој начин покажуваат дека му служат на Господа. Саботата така станува и знак на верните луѓе кои му служат на Бога овде на земјата.

Четвртата заповед е единствена помеѓу останатите заповеди во која се спомнува името и титулата на Законодавецот. Таа е единствена заповед која открива чиј авторитет стои позади целиот Закон. На тој начин таа претставува Божји печат, ставен на Неговиот Закон како доказ за неговата веродостојност и задолжителност. Господовата намера била да Израелците со постојаното празнување на Саботата бидат постојано потсетувани на својата зависност од Него како Творец и Избавител. Се додека би ја празнувале Саботата во вистински дух, нема да има идолопоклонства; но, ако ги заборават заповедите од Декалогот и ги сметаат за неважечки, Создателот ќе биде заборавен, а луѓето ќе служат на други богови. Ниедна друга установа не ги издвојувала Израелците од околните народи, како што била Саботата. Таа требала да им биде знак на нивното одвојување од идолопоклонството и нивната врска со Вистинскиот Бог. Меѓутоа, да би ја одржале Саботата света, луѓето и сами мораат да бидат свети. Тие мораат со вера да станат учесници во Христовата правда. Кога на Израелскиот народ му била дадена оваа заповед: “Помни го денот од одморот за да го осветуваш“, Господ исто така им кажал: “Ќе ми бидете свет народ“ ( 2 Мојсеева 20,8; 22,31). Единствено на тој начин Саботата можела да ги обележи Израелците како Божји поклоници. Кога Евреите се одвоиле од Бога и ја пропуштиле Христовата правда да ја направат, преку вера, своја правда, Саботата ја изгубила својата смисла за нив. Сатаната настојувал да се воздигне себеси и да ги одвлече луѓето подалеку од Христа, настојувајќи да ја направи Саботата несвета затоа што таа е знак на Христовата моќ.

- Но Бог од тогаш па се до денес сеуште ни упатува апел со зборовите: “ПОМНИ ГО ДЕНОТ ОД ОДМОРОТ ЗА ДА ГО ОСВЕТУВАШ. ШЕСТ ДЕНА ЌЕ РАБОТИШ И ЌЕ ГИ ВРШИШ СИТЕ СВОИ РАБОТИ. А СЕДМИОТ ДЕН Е САБОТА ГОСПОДОВА, НА ТВОЈОТ БОГ“ ( 2 Мојсеева 20,8-10 ).
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2011 во 20:39




   КОЈА Е ВИСТИНСКАТА ЦРКВА?

Во светот денес има повеќе од илјада разни религии, од кои повеќето се христијански вери. Само во САД има повеќе од триста разни христијански цркви у групи. Интересно е што секоја од тие тврди дека е ,,вистинската црква”. Секако, тоа не може да биде вистина, бидејќи читаме во Светото Писмо, дека двајца не можат да одат заедно ако не се разберат. (Амос 3,3)
Единствена причина што христијанските цркви и групи се разделени е тоа што тие не се разбираат меѓусебно и не го разбираат толкувањето на Светото писмо. Но сепак, секоја од нив тврди оти е таа ,,вистинската црква”.
Освен Светото Писмо, и самата логика на размислување заклучува дека тоа не може да биде вистина. Сите тие можат да бидат погрешни, но сите не можат да бидат исправни, и во исто време да не се сложуваат во разбирањето и учењето на христијанската вера и наука. Вистината соединува, но заблудата раздвојува. Кога сите христијански цркви би ја имале и би ја учеле целата вистина на Божјата реч, тогаш христијанството би било соединето во едно духовно тело. Но сепак помеѓу расеаните и несогласените христијани, Бог мора и денес да има свој верен народ или своја ,,вистинска црква”, што Тој ја имал во своите минати векови. Затоа Господ во својата Реч не учи, сите да ги испитаме и тоа со помош на Неговиот закон, кој Тој му го дал на човекот како вистинско морално мерило на правдата и правило на животот. (Амос 7,8; Езекил 20,11)

При испитувањето на историјата на Божјата вистинска црква, пророкот Исаија ни советува да го побараме народот кој го почитува Божјиот закон и живее во склад со неговите барања. “Допрашај се до законот и откровението! Ако некои речат дека не е така, тогаш за нив вема светлина.” Исаија 8,20.
Кога Исус бил на Земјата, Тој учел дека постојат два пата, тесен и широк. Тој ги советува своите следбеници да одат по тесниот пат, кој води во вечен живот, бидејќи широкиот пат, рекол Тој, води во вечна пропаст. “А тесни се вратите и тесен е патот што води кон животот, и малцина го наоѓаат.”(Матеј 7,14)
Во старозаветното време постоеле два слоја на религиозен народ. Тоа биле еврејскиот или израелскиот народ кој го обожавал правиот и живиот Бог, и останатите незнабошци кои биле идолопоклоници и ја обожавале природата.
Во тоа време за да се препознае правиот пат или “вистинската црква” било многу полесно. Но денес, кога пред себе го гледаме поделеното и скараното христијанство, човек се прашува: “Кој е вистинскиот пат? Која е вистинската црква?” Луѓето кои барем и малку размислуваат гледаат дека нешто во основа е погрешно кај христијаните наместо љубов и братство, помеѓу христијанските народи владее завист, мрзост, револуција и војни! Затоа денес многумина се прашуваат: “Дали христијанството промашило во своето постоење?” Постои само единствен одговор: Христијанството само по себе не промашило, туку христијаните промашиле да живеат по начелата на христијанската вера и наука. Затоа христијанските водачи се виновни што многубоштвото се раширило на земјата. Кога самите пастири се расипале, што би можело да се очекува од нивното стадо? “Свештениците нејзини го нарушуваат Мојот закон и ги осквернуваат Моите светињи, не одвојуваат свето од несвето и не прават разлика меѓу чисто и нечисто...”(Езекил 22,26;44,23)
Причина за секое зло во светот е што христијаните не живеат по начелата на христијанската наука и вера. Затоа Господ однапред објавил во својата Реч, дека сето тоа ќе биде последица на напуштањето на Неговиот свет закон. Проучувајќи го Светото Писмо дознаваме, дека Бог секогаш имал една мала група на народ на Земјата која му служела верно и предано, додека останатите секогаш му служеле површно, почитувајќи ја традицијата и обичаите. За таквите Господ рекол: “И рече Господ: Бидејќи овој народ се приближува кон Мене со устата своја, и со јазикот свој ме почитува, а срцето негово му останува далеку од Мене, и почитувањето нивно пред Мене е само научено човечко правило.” (Исаија 29,13)
Мора да признаеме дека и денес повеќето христијани се придржуваат на човечките обичаи и преданија, наместо на Божјиот закон, и му оддаваат служба само со својата уста. (Матеј 7,6-8) Службата со уста е залудна служба, рекол нашиот Спасител. Бог бара служба која потекнува од послушно срце. Затоа христијанската вера не е виновна што злото дошло на светот, туку за тоа се виновни христијаните, бидејќи не живеат по Светото Писмо. Христијанската религија не е причината за злото ниту расипаноста во светот, туку тоа го прави отпаѓањето од Бога. Причината за сите неволји во светот е во тоа што човечкото срце се одвоило од Бога. Затоа Бог вели:”... Поради тоа што вашите татковци Ме оставија, вели Господ, и тргнаа по други богови, ним им служеа и ним им се поклонуваа, а Мене ме оставија, и законот Мој не го пазеа.”(Еремија 16,11) “Што повеќе се множеа, повеќе грешеа!” (Осија 4,7) Денеска тоа е права вистина. Колку повеќе има жители на Земјата, толку повеќе има беззаконија, разврати и морална расипаност! Тоа е директна последица на отфрлањето на моралното правило на животот што Бог им го предал на луѓето –- Неговиот свет закон. Додека повеќе народи го престапуваат Божјиот закон, Бог ги има и тие кои го почитуваат и ги држат сите заповеди. Таквите Тој ги смета за свој избран народ и за своја вистинска црква. “И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино, што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исуса Христа.” (Откровение 12,17)
Господ на пророкот му покажал во видение дека “остатокот” на наеговиот верен народ ќе постои и во последните денови и ќе го објавува евангелието на сите народи на Земјата. (Откровение 14,6-12) Изразот “остаток” ги означува оние кои ќе останат верни на Бога во времето на христијанскиот отпад. Тоа е таа мала група на христијани кои ги држат сите Божји заповеди, додека онаа поголема група христијани се придржува кон “човечките преданија и обичаи.”(Римјаните 9,27)

Бог имал свој верен “остаток” во секој век и во секоја генерација на Стариот и Новиот завет. Таков остаток Бог има и денес. Многу христијани го држат учењето што на разни начини се вовлекло во нивното верување, а не настанало со Божја заповед. Меѓутоа, Божјата вистина никогаш не е изменета. Бог очекува од луѓето да ја прифатат вистината што ќе ја запознаат. Псалмистот Давид ставот на секој искрен христијанин го опишува вака: “Вистината ќе изникне од земјата, а правдата ќе се појави од небото.” (Псалм 85,11)
Кога се молиме: “Господи, покажи ми го својот пат”, Бог ќе ни ја открие вистината. Меѓутоа, наша должност е светлината што ни ја открил да ја прифатиме и да живееме според неа. Времето на Божјиот часовник истекува. Небесниот суд набргу ќе заврши и Христос ќе дојде своите верни следбеници од сите времиња и од сите краишта на светот да ги поведе во вечниот дом.
Без оглед на тоа дали си стар или млад, образован или не, богат или сиромав, Христос те сака. Во неговите очи имаш неизмерна вредност и затоа Те повикува, во сообразност со твојата вера, да одлучиш и да влезеш под крилото на неговата вистинска Црква. Одлучи се уште денес!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2011 во 23:55
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:





   КОЈА Е ВИСТИНСКАТА ЦРКВА?


Без оглед на тоа дали си стар или млад, образован или не, богат или сиромав, Христос те сака. Во неговите очи имаш неизмерна вредност и затоа Те повикува, во сообразност со твојата вера, да одлучиш и да влезеш под крилото на неговата вистинска Црква. Одлучи се уште денес!


Од сето ова што го напиша, никаде не посочи која е вистинската Црква.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2011 во 00:56
Pa, toa e prepishano do pamflet na Advenistichkata crkva. Ako Blagoj na krajot go napisheshe izvorot na prepishaniot tekst, kako shto vekje nekolku pati mu svrtivme vnimanie, togash kje znaevme koja e taa vistinska Crkva spored originalniot avtor na tekstot i mestoto na negovoto objavuvanje.   

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2011 во 01:17
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Pa, toa e prepishano do pamflet na Advenistichkata crkva. Ako Blagoj na krajot go napisheshe izvorot na prepishaniot tekst, kako shto vekje nekolku pati mu svrtivme vnimanie, togash kje znaevme koja e taa vistinska Crkva spored originalniot avtor na tekstot i mestoto na negovoto objavuvanje.   



Јасно ми е тоа пријателе, ама работата е што, текстовиве се неконзистентни и неповрзани како и оние клипови за кои ти му сврте внимание. Во овие текстови се говори за Стариот Завет, што секако е дел од темата за вистинската црква, ама не видовме која е причината поради која некоја е вистинска, а другата не е, освен поделбите, војните и револуциите, што и не се којзнае каков критериум за вистинитоста.

Blagoj_S, дали можеш нешто поконкретно да кажеш за ова за што прашувам, ама да е надвор од памфлетите и општите одговори кои и немаат некоја врска со она за што прашувам.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2011 во 01:29
   

Вистинската Црква е заедницата на Милоста БОЖЈА (Христос), Нејзините Апостоли и вистински следбеници, коишто преку Неа влегоја во вечната Сабота и немаат повеќе потреба да му робуваат на строгиот воспитувач (законот), туку преку Милоста БОЖЈА (Христос) со својот живот го исполнуваат истиот!

Кој - преку Милоста БОЖЈА - влегол во Вечната Сабота, тој добро знае дека добрата заповед за неделната сабота е само бледа сенка од Вечната!


ХалелуЈАХ!
      



      

Изменето од spiros - 13.Јуни.2011 во 01:31
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2011 во 10:58

   САБОТАТА-БОЖЈИ ЗНАК И БОЖЈИ ПЕЧАТ

Среде верскиот хаос што постои денес во светот, многубројните верски заедници, чијшто број постепено се зголемува, човек со право може да се запраша која од нив е вистинска Божја црква на која треба да и припаѓа како верник.Постои ли некаква можност, нешто или некој кој ќе ни помогне позитивно да ја разрешиме таа дилема за да не направиме погрешен избор и да застанеме на погрешна страна, да одиме по погрешен пат, и наместо во Божјето царство, да се најдеме во провалија?

Христос е “ПАТ, ВИСТИНА И ЖИВОТ“ (Јован 14,6) и Тој ќе не научи како да веруваме: “Кој верува во мене како што кажува Писмото, од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода“ (Јован 7,38). Како што кажува Писмото! Бог ќе ни ги открие во својата Реч белезите на вистинската црква, која е негово Божје семејство, и ќе ни помогне да станеме припадник на неговиот народ. Вистинската Божја црква е лесно препознатлива меѓу силната плејада цркви. Божјите деца имаат видливи белези според кои се препознаваат како Божји деца. Прв голем и јасно видлив белег на верниците на Божјата црква кои му припаѓаат на Бога: “Во тоа е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса“ (Откровение14,12). - Значи, Бог своите деца ги нарекува “свети“ и ги препознава по тоа што тие “ги држат Божјите заповеди и имаат вера во Исуса“. - Друг важен белег, според кој Бог ја препознава својата црква, односно својот народ, а и Божјиот народ Бога, е четвртата Божја заповед. Божјите деца празнуваат сабота како седми ден. Саботата е најдоминантен белег според кој секој човек што ја проучува Библијата лесно може да ја препознае вистинската Божја црква, да и се придружи и како нејзин верник да ги ужива сите оние богати саботни благослови. Саботата како Божји знак или белег во Библијата кој ја открива вистинската Божја црква:

-“Израелците нека ја пазат саботата - празнувајќи ја од поколение до поколение - како вечен сојуз (завет). Таа нека е знак, засекогаш, меѓу мене и Израелците“ (2 Мојсеева 31,16.17).

-“Им ги дадов своите саботи како знак меѓу себе и нив, нека знаат дека Јас сум Господ кој ги посветува... Празнувајте ги моите саботи! Тие нека бидат знак меѓу мене и вас за да се знае дека Јас сум Господ, ваш Бог“ (Езекил 20,12.20).

Саботата, вели Бог, е видлив знак или белег со кој е обележана мојата вистинска црква. Мојот народ, моите верници, моето семејство, празнува сабота, празнува во мојот свет ден.Затоа, почитувани, Господ и вас ве повикува: Придружете му се на мојот народ, на мојата црква и празнувајте во сабота! Уште нешто за знакот или белегот во Библијата! Во старо време Бог барал од својот народ да ги обрежуваат сите машки деца. Обрезанието исто така било знак или белег на Божјата припадност. “Секое машко меѓу вас нека биде обрежано. Обрежувајте се, и тоа нека е знак на заветот меѓу мене и вас“ (1 Мојсеева 17,10.11). Според тоа и Аврам бил обрежан: “И го прими (Аврам) знакот на обрежувањето како печат на праведноста што ја доби преку верата што ја имаше како необрежан, за да биде татко на сите кои веруваат“ (Римјаните 4,11). Се гледа дека во новозаветниот период изразот “печат“ се користел како синоним за зборот “знак“. За старозаветниот “знак на обрезание“ Павле зборува како за “печат на праведноста“. Затоа тој овде, заедно со зборот “знак“, го воведува во употреба и зборот “печат“, како синоним со исто значење. Според тоа, саботата како видлив знак, според кој Бог ја препознава својата црква, својот народ, а и неговиот народ го препознава него како свој Бог и Господ, претставува “Божји печат“ со кој Бог ги запечатува своите верни и предани деца за своето царство.

В.М
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2011 во 12:00


Духовните плодови (Гал.5:22) коишто произлегуваат од Милоста и ДУХОТ БОЖЈИ се видливиот Печат и Знак на вистинската заедница Христова, која не поради законот туку поради Милоста БОЖЈА е влезена во вечниот Саботен Мир (Шалом) БОЖЈИ!

Сиот убав закон е само сенка која упатува на Светлината БОЖЈА во Која е Суштината на Вистината, но самиот закон во ниеден случај нее (нити може да биде) поголем од Духот Светол БОЖЈИ, преку Кого Единствениот Совршен БОГ во Исус Христос Ја отелотвори својата надприродна Мудрост!


Без Таа Милост, без Таа Мудрост, без Тој Дух Светол никој неможе да биде спасен, да Ја спознае, а уште помалку да Ја следи Совршената Вистина!

Но, од секогаш имало (и има) луѓе кои сакале (и сакаат) да се гордеат со своето телесно обрезание, со својата праведност при држењето на законите, со своите добри дела, со своите постови, со своите пророци (пророчици) ... и притоа се сметале за подобри од другите! (Лука 18:9 ...)

Тоа во вистинката заедница (црква) БОЖЈА засигурно не е случај!


Така некој разликува еден ден од друг, а некој друг, пак, сите денови ги смета еднакви. Секој нека биде наполно уверен во своето мислење.

(Римј. 14:5)






Originally posted by напиша:

   

Вистинската Црква е заедницата на Милоста БОЖЈА (Христос), Нејзините Апостоли и вистински следбеници, коишто преку Неа влегоја во вечната Сабота и немаат повеќе потреба да му робуваат на строгиот воспитувач (законот), туку преку Милоста БОЖЈА (Христос) со својот живот го исполнуваат истиот!

Кој - преку Милоста БОЖЈА - влегол во Вечната Сабота, тој добро знае дека добрата заповед за неделната сабота е само бледа сенка од Вечната!


ХалелуЈАХ!
      



      






Изменето од spiros - 13.Јуни.2011 во 12:12
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2011 во 15:55
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:


Друг важен белег, според кој Бог ја препознава својата црква, односно својот народ, а и Божјиот народ Бога, е четвртата Божја заповед. Божјите деца празнуваат сабота како седми ден.
В.М


Дали можеш да ни посочиш каде во Новиот Завет е наредено Божјите деца да се собираат и празнуваат сабота?
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2011 во 11:14






ПОНИЗНО СРЦЕ-ПОНИЗЕН ДУХ!


Како христијани ние го земаме фактот дека целиот човечки род пад­ нал во грев, дека е грешен и посрамен. Оваа грешност и изопаченост се однесува поединечно, на сите нас.
Размисли за разликата меѓу она што си можел да бидеш и она што си станал; разликата меѓу мислите со кои се занимаваш и мислите со кои би требало да се занимаваш; разликата меѓу она што го правиш и она што знаеш дека мора да го правиш!
Како христијани, од библискиот пример на Исус, препознавањето на нашата вистинска природа може да стане навистина разорно и уништувачко. Тука се крие причината на нашето ожалостено срце и скршен дух.
Ако ониј што тврди дека е христијанин тоа не го гледа, тогаш навистина слеп; најверојатно никогаш не доживеал искуство на обратување или некаде попатно го изгубил. Сепак, радоста доаѓа врз основа на сознанието дека Бог, и покрај на­ шата грешна состојба, сепак нè сака, толку многу нё сака што го дал и својот единороден Син да дојде на земјата и да умре, жртвувајќи се се­ беси за нас, со цел Неговиот совршен живот и совршена светост, Него­ виот совршен карактер да може со вера да ни го припише нам. И пов­ торно се појавува темата на „вечното евангелие“ (Откровение 14,6).
На­ шето богослужение треба да се сосредоточи не само на нашата грешност, туку и на Божјето восхитувачко решение за нашата грешност ­ а тоа е крстот! Се разбира нам ни е потребно тоа скршено срце, но таа неоп­ ходно жалосна стварност секогаш треба да ја ставаме во рамките на она што Бог го сторил за нас преку Исуса Христа. Всушност, сфаќањето кол­ ку сме лоши треба да ни донесе радост, бидејќи знаеме дека без оглед на нашата состојба сепак, благодарение на Исуса Христа, може да добиеме вечен живот.

Бог никогаш нема да ги искористи нашите престапи за да нё обвини. Ова е вистина која секогаш мора да биде во центарот на на­ шето богослужбено искуство, било заедничко или поединечно.

  • null
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2011 во 01:45
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Chovek navistina ostanuva bez zborovi koga kje vidi vakvi propagandni filmovi...



Pogledenete gi samo prvite 90 sekundi od ova video - pochnuva so gragjanskata vojna vo Amerika i objasnuvanjeto deka togash medicinata se naogala vo temnite vekovi na svojata istorija koga ne se imalo ideja za postoenje na mikroorganizmite, pa bolnicite bile mesta za umiranje. I togash Ellen White imala vizija od Boga od koja dobila novo razbiranje za zdravjeto i lekuvanjeto.


Izlaga deka treba da bideme blagodarni na Ellen White shto doznavme za mikrobite, shto ni ja modernizira medicinata, gi smeni uchebnicite, gi udri temelite na srcevata hirurgija... i doznavme deka ako sakame da bideme pozdravi i podolgovechni deka treba da staneme adventisti na sedmiot den.



Поседувам книга која се вика "Библиско посветување" и е од Елен Вајт. Во истата книга се говори дека пророкот Даниил го согледал штетното дејство на виното и раскошниот живот врз физичкото и менталното здравје, па затоа и ја одбивал храната од Царот поради наредбата Божја.
Јас колку што знам, тоа е сосема во спротивност со она што денес лекарите го велат. Ако навистина, според видеото, треба да сме благодарни за откровенијата на Елен Вајт и нивниот придонес во медицината, зошто не и било откриено дека виното дејствува позитивно кај луѓето кои патат од анемија за да не мора да пишува дека виното има штетно дејство во нејзината книга?

Истотака, согласно нејзиното толкување, предупредувањето од 1 Петар 2:11 се однесува на консумацијата рускиот чај, кафето, тутунот, алкохолот и морфиумот. Јас колку што знам, Бог не го забранил никаде алкохолот, а и не знам како кафето има погубно влијание врз моралниот карактер. Да не говорам дека кафето, консумирано во нормални количини, се препорачува на луѓе со низок притисок, особено на крајот на тинејџерските години, кога сите нешта во телото заземаат конечно место, па е чест падот на притисокот, појава на вртоглавици и слично. Ова го има кажувано професор на медицинскиот факултет.

Зошто Елен Вајт, на која, согласно видеото, и ги должиме достигнувањата во медицината, говори против овие нешта, кои се препорачуваат од модерната медицина, за која имала откровение?

Кон врв
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2011 во 01:31
Alkoholot vo noviot zaved se preporacuva po edna cashka od zdravstveni pricini. Togash nemalo LISTERIN za da se inishtuvaat bakteriite vo grloto i hranoprovodnikot, tuku so cashka alkohol se pravelo toa. E, sega za nekoi taa cashka bila malku pogolema od normalnite i se upotrebuvalo poveke od ednash nedelno ....nekolku pati dnevno...i se sozdala potreba za otvaranje kafani.

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2011 во 03:18
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:


Друг важен белег, според кој Бог ја препознава својата црква, односно својот народ, а и Божјиот народ Бога, е четвртата Божја заповед. Божјите деца празнуваат сабота како седми ден.
В.М


Дали можеш да ни посочиш каде во Новиот Завет е наредено Божјите деца да се собираат и празнуваат сабота?


Ushte povekje, isus dava tochni upatstva shto treba da se pravi za da se stekne so zhivot vechen:

16 И ете, еден Му пристапи и рече: „Учителе добар, какво добро да направам, за да имам вечен живот?”

17 А Тој му рече: „Зошто Ме прашуваш за добро? Еден е Добар! А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите!”

18 Му рече: „Кои?” А Исус рече: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно,

19 почитувај ги татка си и мајка си и љуби го својот ближен како себеси!”

20 Момчето Му рече: „Сето тоа сум го пазел од младост, уште што ми недостига?”

21 Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го својот имот и дај им на сиромасите, и ќе имаш благо на небото! Дојди и следи Ме!”

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ, Глава  19 

Dali Isus spomnuva nekakvo sabotno praznuvanje kako potreba za steknuvanje vechen zhivot ???




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2011 во 10:05
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:


Друг важен белег, според кој Бог ја препознава својата црква, односно својот народ, а и Божјиот народ Бога, е четвртата Божја заповед. Божјите деца празнуваат сабота како седми ден.
В.М


Дали можеш да ни посочиш каде во Новиот Завет е наредено Божјите деца да се собираат и празнуваат сабота?


Ushte povekje, isus dava tochni upatstva shto treba da se pravi za da se stekne so zhivot vechen:

16 И ете, еден Му пристапи и рече: „Учителе добар, какво добро да направам, за да имам вечен живот?”

17 А Тој му рече: „Зошто Ме прашуваш за добро? Еден е Добар! А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите!”

18 Му рече: „Кои?” А Исус рече: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно,

19 почитувај ги татка си и мајка си и љуби го својот ближен како себеси!”

20 Момчето Му рече: „Сето тоа сум го пазел од младост, уште што ми недостига?”

21 Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го својот имот и дај им на сиромасите, и ќе имаш благо на небото! Дојди и следи Ме!”

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ, Глава  19 

Dali Isus spomnuva nekakvo sabotno praznuvanje kako potreba za steknuvanje vechen zhivot ???







Ovde se navedeni zapovedi od pettata pa do desettata, no ne i on prvata do cetvrtata. Znaci li toa, spored tvojata logika, deka ako ne e spomnata Sabotata, znaci deka ne e potrebna, togash ni prvata ne e spomnata, pa ne e potrebna za spasenie? veruvaj vo koj bog sakash i Bog koj ja sozdal zemjava ke ti dade spasenie?

Covekot imal materijalni problemi, vrzan za ovoj svet, e toa mu precelo za spasenie. Ne mozesh da sluzish i na Bog i na mamon. Zatoa Sinot Bozji mu kazal, odluci se na koja strana ke sedish.

Toa e poentata na tvoite navedeni stihovi.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 36373839>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.