IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3435363738 43>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2011 во 05:38
Кој 'тежи' повеќе, Барселона или Јунајтед?

Економистите ја пресметале вредноста на играчите на Барселона и Манчестер Јунајтед. Барса е двојно поскапа, а во сабота вечер на теренот на "Вембли" ќе истрчаат фудбалери вредни 700 милиони евра. Меси е далеку пред сите, најскап играч на Јунајтед е Руни.

Барселона во последните неколку години е синоним за екипа која го игра најубавит фудбал на светот, а костурот на тимот им го сочинуваат играчи од подмладокот на овој каталонски тим.

Стручњаците на "Фронтир Економист" ја проценија вредноста на тимот на Барселона на 454 милиони евра, додека екипата на Алекс Фергусон вреди 216,5 милони.

Мора да се има на ум дека вредноста е пресметана на основа на цената на играчите на почетокот на сезоната, па на многумина им скокна рејтингот по освојување на новите титули, како од страна на Манчестер, така и од Барселона. Тоа само значи дека вкупната сума од 670,5 милиони сеуште е и поголема.

Најдобирот играч на светот, Лео Меси, се проценува на 140 милиони евра, додека Иниеста вреди 51 милион, Виља 47. По истражувањето на "Фронтир Економист", најскапиот "ѓавол", Вејн Руни е проценет на 59,3 милиони. Зад него се Нани и Валенсија.

Прашање е колку тие цени се реални, бидејќи тешко дека на пазарот Давид Виља вреди 30 милиони евра повеќе од Ернандез, или пак Пујол во реалноста е три пати поскап од Рио Фердинанд

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2011 во 05:44
Октоподот Икер прогнозира победа на Манчестер Јунајтед

Пацифичкиот октопод тежок 16-килограми популарно наречен Икер, предвиде дека Манчестер Јунајтед во сабота во финалето од ЛШ на Вембли ќе ја победи Барселона и ќе стане европски првак.

Октоподот ја даде својата прогноза на веќе познат начин во аквариумот „Sea life" во Беналмадена, град на југот од Шпанија.

Него му биле понудени две стаклени тегли во кои имало сардини, а тој ја одбрал таа со амблемот на Манчестер Јунајтед.

Октоподот го погодил и ремито на 16 април помеѓу Барса и Реал во шпанскиот шампионат, како и победата на кралскиот клуб во финалето од купот четири дена подоцна.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2011 во 16:22

„Вембли“ ги пречекува најдобрите: Јунајтед - Барселона




Вечерва од 20.45 часот почнува долгоочекуваното финале во Лигата на шампионите. Натпреварот кој е реприза од финалето во 2009 година, повторно ги спојува најдобрите. Манчестер Јуанајтед против Барселона, во дуел помеѓу две максимално различни стилови... Англија против Шпанија, Руни против Меси, Сер Алекс против Пеп... Дуел помеѓу најдобрата одбрана (Јунајтед прими само четири гола во 12 натпревари) и најдобриот напад (Барселона постигна 27 гола во нивски 12 средби).

На хартија, многу е тешко да се раздвојат овие две екипи и да се издвои фаворит. Во минатиот период пишувавме многу, ги разгледувавме предностите и аномалиите на двете екипи, нивните претходни успеси и средствата кои ги користеле во досегашното освојување на фудбалскиот свет. Потсетете се на сите на линковите подолу.
 

Сер Алекс Фергусон влегува во мечот со амбиција да стан најдобриот менаџер во историјата на Лигата на шампионите. Тој брка четврта титула, додека моментално е изедначен на врвот со Боб Пејсли со по три трофеи. Гвардиола, од друга страна, доколку слави, ќе стане најмладиот менаџер во историјата на ова натпреварување кој два пати го подигнал трофејот. Моментално тоа признание го држи Жозе Мурињо.

Обложувалниците ја фаворизираат Барселона, но навистина е тешко да се предвиди што може да се очекува. Во досегашните 10 дуели, овие две екипи се перфектно избалансирани, по три победи отидоа на двете страни, четири средби завршија нерешено. Тренерите не сакаат официјално да ги откријат составите пред самиот старт на средбата, но очекувањата се следни:

Манчестер Јунајтед: Ван дер Сар - Фабио, Видиќ, Фердинанд, Евра - Сколс, Керик, Гигс, Валенсија - Руни, Ернандез

Барселона: Валдес - Алвеш, Пујол, Пике, Маскерано - Бускетс, Чави, Иниеста - Меси, Педро, Вилја
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2011 во 22:56
Абе овој Меси ја зеза цела Аргентина. За Барса растур прави, а за Аргентина ко да е некој играч од Ваљадолид ... изненадување
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2011 во 00:38
Dobra utakmica, bez "tepanje" na topkata  i na MOE zadovolstvo Barsa so nova titula .... голема%20насмевказабава
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2011 во 03:02
Магичната Барселона ја покори Европа - Јунајтед немоќен

Барселона - Манчестер Јунајтед 3:1 (1:1)
Педро 27', Меси 54', Виља 69' - Руни 34'

Фудбалерите на Барселона се нови шампиони на Европа откако во финалето одиграно на "Вембли" го солвадаа Манчестер Јунајтед со 3:1. Погодоците за Каталонците ги постигнаа Педро, Меси и Виља, додека единствениот гол за Јунајтед го постигна Руни.

Англичаните мечот го започнаа со многу агресивна игра и високо поставени играчи кои Барса ја нападнаа уште на нејзината половина. Тоа меѓутоа потраа само десетина минути, по што Барса ја превзема апсолутната иницијатива. Со кратки и многубројни пасови Каталонците ја предеа мрежата околу голот на Ван дер Сар, се до 27. минута кога Чави идеално го вработи Педро кој му донесе водство на шпанскиот тим.

Јунајтед дури тогаш малку како да се разигра, но голот падна по еден од ретките напади на екипата на Алекс Фергусон. Барса изведе аут во висина на својот казнен простор, не успеа да ја исфрли топката која Руни ја украде, ја додаде до Гигс кој за половина чекор беше во офсајд, а овој му ја врати за шут покрај Валдез и израмнување.

Така првото полувреме заврши со нерешен резултат, а се чинеше дека Јунајтед добро и мина, со оглед на апсолутната доминација на играчите на Гвардиола. Наместо дополнителен ангажман во продолжението од дуелот, играчите на Манчестер продолжија со повлечената игра.

Тоа остави доста простор Барса да ја гради својата игра, па веќе во 54. минута Меси ја искористи неодлучноста на Евра и Видиќ кој не му го изблокираа шутот, совладувајќи го притоа немоќниот Ван дер Сар. 15-тина минути подоцна во слична ситуација се најде и Виља, кој исто така шутираше непречен од врвот на казнениот простор и го совлада Ван дер Сар. Пред тоа Меси и Бускетс се прошетаа во казнениот простор на Манчестер, што доволно говори за тажниот ден на одбраната на Јунајтед.

Барселона на крајот заслужено триумфираше и дојде до својот четврти пехар во Лигата на Шампионите.

Сосема заслужено за најдобар играч на финалниот меч прогласен е Аргентинецот во редовите на Барселона, Лионел Меси.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2011 во 03:03
Барсааааа големо%20гушкањеголема%20насмевка(само финалево бев за нив плазење)
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 06:06
Партизан гостува во Скопје, во Шкендија се надеваат на подвиг

Откако ждрепката во Нион ги вкрсти прваците на Македонија и Србија, капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани истакнува дека Партизан може да падне во реваншот во кој белградскиот тим гостува во Македонија.

"Партизан е многу тежок противник. Тој секако ќе биде фаворит, но нема да се предадеме. Напротив, на ждрепката и го посакувавме Партизан. Предноста која ја добивме во Нион претставува фактот дека првиот меч го играме на гости. Посакуваме да постигнеме гол во Белград, а потоа пред нашата публика, да направиме подвиг. " - изјави фудбалерот на Шкендија, Хасани.

Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија квалификациите за Лигата на Шампионите нема да игра во Тетово на својот 'матичен' стадион, туку на "Арената Филип Втори" во Скопје, со оглед на фактот дека стадионот во Тетово не ги исполнува стандардите на УЕФА па и нема лиценца за меѓународни мечеви.

Првиот меч Партизан - Шкендија ќе се одигра во Белград на 12. или 13. јули. За реваншот на 20. јули Партизан во Скопје ќе може да доведе 2.000 навивачи.
 
Веднаш по ждрепката, српските медиуми запрашаа дали мечот во Скопје треба да биде прогласен од висок ризик. За ваквото размислување, српските медиуми, како што наведуваат, се потиткнати од честите меѓуетнички немири помеѓу навивачките групи во Македонија. Сепак, во интервју за српската агенција "Бета", водач на навивачката група на Шкендија, популарните "Балисти", кој сакал да остане анонимен, изјавил дека навивачите од Тетово околу мечот со Партизан ќе се консултираат со управата, но дека не сакаат инциденти.
 
"Сметам дека нема да има инциденти, и ние не сакаме провокации, а исто се однесува и на гостувањето на навивачите на Партизан овде." - рекол тој навивач.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 16:22

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ: ГЕНК ОД БЕЛГИЈА СЛЕДЕН ПРОТИВНИК НА ШКЕНДИЈА ИЛИ ПАРТИЗАН

 

Денеска во Нион со ждрепка беа одредени двојките за  третото квалификациско коло во ЛШ во кое доколку Шкендија  во реваншот направи чудо против Партизан од Белград за противник ќе го има Генк од Белгија. Шкендија на првиот натпревар во Белград беше  поразена со 4:0 од Партизан кој речиси обезбеди пласман во третото коло. Првите натпревари од третото коло во квалификациите за ЛШ се играат на 26 и 27 јули додека реванш средбите на 2 и 3 август

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2011 во 06:36

Ренџерс - Малме/Торшавен
Валета/Екеранс - Линфилд/БАТЕ Борисов
ЗАстафони/Дачија - Штурм/Видеотон
Литекс/Морген - Сконто/Висла Краков
Макаби Хаифа/Борец Чачак - Марибор/Дуделанж
Хелсинки/Бангор - Загреб/Нефчи
Скендребеу/Апоел - Братислава/Тобол
Копенхаген - Шамрок/Флора Талин
Генк - Партизан/Шкендија
Розенборг/Брејдаблик - Пјуник/Викторија Плзен


Стандард Лиеж - Цирих
Твенте - Васлуј
Бенфика - Трабзон
Динамо Киев - Рубин Казан
Оденсе - Панатинаикос
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2011 во 07:35
Originally posted by емил емил напиша:


Ренџерс - Малме/Торшавен
Валета/Екеранс - Линфилд/БАТЕ Борисов
ЗАстафони/Дачија - Штурм/Видеотон
Литекс/Морген - Сконто/Висла Краков
Макаби Хаифа/Борец Чачак - Марибор/Дуделанж
Хелсинки/Бангор - Загреб/Нефчи
Скендребеу/Апоел - Братислава/Тобол
Копенхаген - Шамрок/Флора Талин
Генк - Партизан/Шкендија
Розенборг/Брејдаблик - Пјуник/Викторија Плзен
Стандард Лиеж - Цирих
Твенте - Васлуј
Бенфика - Трабзон
Динамо Киев - Рубин Казан
Оденсе - Панатинаикос
 
изненадување Борац Чачак во Лига на Шампиони ... изненадувањеда газење%20од%20смеење
тоа е Борац Бања Лука од Босна. да
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2011 во 07:41

токму такатрепкање

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2011 во 06:13
Во вторник реванш натпреварите од 2-то коло во Лигата на Шампионите

Во вторник на програмата се поголемиот дел од реванш натпреварите од 2-то коло од квалификациите за Лигата на Шампионите. Фаворитите во првите натпревари ги исполнија очекувањата, па така не би требало да има поголеми проблеми околу пласманот во следната рунда.

Вторник, 19-то јули: 17.45 Флора Талин - Шамрок Роверс (0:1),

18.00 БАТЕ Борисов - Линфилд (1:1), Дуделанж - Марибор (0:2), Екранас - Валета (3:2), Нефчи - Динамо Загреб (0:3), Хелсинки - Бангор Сити (3:0), Тобол - Слован Братислава (0:2),

19.00 Литекс - Могрен (2:1), 20.00 ХБ Торшван - Малме (0:2), 20.15 Викторија Плзен - Пјуник (4:0),

20.30 Висла Краков - Сконто (1:0),

20.45 Шкендија - Партизан (0:4).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2011 во 12:39

Извлечени двојките за плеј-оф колото во Лигата на шампионите

Денес во Нион беа извлечени двојките за четвротот, плеј-оф коло во Лигата на шампионите. Од плејоф колото ќе се дознаат последните 10 учесници во фазата по групи на Лига Европа.

Како што претходно објавивме 20. тимови беа поделени во две главни групи: Шампиони и нешампиони со што нешто послабите тимови ќе имаат поголема шанса да се пласираат во фазата по групи.

Првите натпревари од четвртата фаза од квалификациите за пласман во Лигата на шампиони ќе се одиграат на 16 и на 17. Август додека реваншите ќе бидат одиграни на 23/24 Август по што ќе бидат познати сите учесници во фазата по групи на Лигата на шампионите.

Шампиони:
Висла Краков - Апоел
Макаби Хаифа - Генк
Динамо Загреб - Малме
Копенхаген - Плзен
БАТЕ Борисов - Штурм

Нешампиони
ОБ - Виљареал
Твенте - Бенфика
Арсенал - Удинезе
Баерн Минхен - Цирих
Лион - Рубин Казан
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3435363738 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.