IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Храната како лек!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Храната како лек!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 12>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 05:22
Млади компири, мешунки и краставица


Краставицата
содржи 96 отсто вода, ја гаси жедта и освежува, но ги содржи и витамините Б9 и Ц. Не фрлајте ја лушпата, зашто содржи влакна и пепсини кои го олеснуваат варењето.




Светлозелените мешунки
на младиот грашок имаат 84 калории во 100 грама и богати се со калциум и железо, со витамините А и Б, но и со лецитин кој ја јакне концентрацијата.


Во 100 г млади компири има само 80 калории. Под тенката кора (младиот компир најлесно се чисти со жица за миење садови) се наоѓа вистинска ризница на минерали, но има и цинк, бакар и железо.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2011 во 04:43

Со грашок против остеопороза

Грашокот е богат со витамини и со минерали, со растителни влакна и со белковини. Зелениот грашок е извор на К- витамин, кој го активира остеокалцинот, белковина која овозможува вградување на калциумот во коските. Исто така, извор е и на Б6-витамин и на фолна киселина, кои влијаат врз намалувањето на нивото на хомоцистеинот, молекула која може да го наруши вкрстеното поврзување на колагенот во коските, па на тој начин да ја зголеми порозноста на коските, а со тоа и ризикот за остеопороза. Витаминот Б6 и фолната киселина, заедно со витаминот К, учествуваат во одржувањето на здравјето на кардиоваскуларниот систем така што го регулираат нивото на хомоцистеинот, чиј раст го забрзува развојот на атеросклерозата. Витаминот К, пак, е важен за згрутчување на крвта.
Грашокот е добар извор и на витамините Б1 и Б5 (пантотенска киселина), но и на рибофлавин и нијацин, неопходни за метаболизмот на јаглехидратите, белковините и мастите. Пантотенската киселина игра важна улога во регулирањето на стресот, зашто ја поттикнува работата на надбубрежната жлезда.
Грашокот содржи и витамин Ц, кој е мошне важен за одвивање на процесите со кои организмот се брани од оштетување на молекулите на ДНК, кои се сметаат за претходник на малигните болести.

***

ГРАШОКОТ ГО ПОДОБРУВА ИМУНИТЕТОТ

Зелениот грашок е особено добар извор на железо, минерал чиј недостиг често доведува до анемија, замор и до намалена функција на имунолошкиот систем.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2011 во 14:29

Овошниот коктел како лек

Мешањето на некои видови овошје со алкохол доведува до зајакнување на нивните антиоксидантски карактеристики. Научниците од Америка и од Тајланд случајно дошле до овој заклучок обидувајќи се да пронајдат како подолго да се одржи овошјето свежо. Во текот на истражувањето констатирале дека помало количество алкохол, измешано со јагоди, малини или капини, во коктелите ја зголемува антиоксидативната сила на тоа овошје и ги неутрализира деструктивните слободни радикали. Притоа мора да се има предвид дека количеството алкохол мора да биде мало, зашто, во спротивно, може да има повеќе штета отколку корист и да настрада, на пример, црниот дроб

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2011 во 06:23
Цвеклото е докажано најлековит зеленчук

Денес цвеклото се смета за најкорисен и најлековит зеленчук кој лесно се вари, во себе содржи огромен спектар на витамини и минерали, а исто така, извонредно е богато и со белковини и јаглехидрати.


Од витамините кои ги содржи, најприсутни се Б1, Б2, Ц, како и витаминот Б12, кој многу ретко се сретнува во билните плодови.

Црвената боја на цвеклото доаѓа од антоцијаните, кои придонесуваат за обновување на крвта, а исто така, докажано е дека овој зеленчук спаѓа во антиканцерогените плодови.

Како уште едно својство на цвеклото кое е од неизмерно значење е неговата моќ на обновување, односно способност да го поправи поголемиот дел од она што е ошететно во нашиот организам.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2011 во 05:21

Брусницата ги кочи антибиотиците

Многумина не знаат дека ако боледуваат од воспаление на мочните патишта и поради тоа земаат антибиотици, не би требало да јадат брусница, ниту, пак, да пијат сок од овој плод. Зашто брусницата ја намалува РН вредноста на мочта и оневозможува лекот да го даде целосниот ефект. Подобро е со антибиотиците да се пие чај за мочните патишта, а црвените плодови да се јадат дури откако ќе помине воспалението.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2011 во 00:18

Пченката штити од болести

Ако барате храна богата со антиоксиданси, за кои се верува дека штитат од рак и други болести, јадете пченка. Се испоставило дека житарките или брашното од полно зрно, како пченица, интегрален ориз, зобни снегулки или пченката имаат голема антиоксидативна активност, па некогаш дури поголема од овошјето или зеленчукото. Од сите житарки, според стручњаците пченакат има најголема антиоксидативна активност, процената со бројка 181. Зад неа се пченицата од полно зрно (77) и интегралниот ориз (75).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2011 во 23:23

Маслинки наместо чипс

Едно ќесе чипс има околу 133 калории и 9 г маснотии, додека просечна порција маслинки полнети со пиперки содржи само 40 калории и 4 г маснотии - тоа е заштеда од 90 калории и 5 г маснотии. Покрај тоа, маслинките се богат извор на здрави маснотии, кои се добри за вашиот имунитет и помагаат на телото полесно да го согорува салото.

Други добри извори на здрави маснотии се растителните масла, мрсните риби, оревестите плодови и авокадото

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 05:31

Зелена салата

* Го одржува ткивото еластично
Сите видови салата нема да дозволат да стареете брзо.
* Што содржат:
Има 90% вода, покрај тоа има и влакна, витамин Ц, бетакаротин и минерали. На 100г. имаат 15 калории.
* Зошто е добра:
* Течноста и влакната имаат улога на пречистувачи. Бетакаротинот, кој во организмот се претвора во витамин А, го заштитува видот и ја одржува кожата еластична.
* Им се препорачува на:
Сите луѓе што пијат малку вода.
* Дозволено количество:
50 до 100 г. секој ден.
* Се подготвува:
По нејзиното миење со студена вода, зелената салата ќе ја исечете на помали парчиња или пак тоа ќе го направите со рацете. Подгответе ја со малку маслиново масло и јаболков оцет или сок од лимон.

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2011 во 16:00
Изберете енергетски богата храна


Дали знаете дека мравките можат да подигнат товар за 50 пати поголем од нивната тежина? Силата доаѓа од малите нешта, Оваа теорија важи и за силната, енергетски богатата храна.

Житарки

Овошје / Зеленчук

Млечни производи
/ протеини

  • Пченична каша
  • Овесна каша
  • Пченичен леб, пита, ѓеврек, тестенини
  • Кафен ориз
  • Р`жан леб
  • Печиво од рафинирани трици
  • Каши од брашно
  • Колач со суво грозје
  • портокали
  • шумско овошје (особено рибизли)
  • диња
  • лубеница
  • јаболка
  • авокадо
  • лут пипер
  • спанаќ
  • компири
  • домати
  • обезмастено млеко
  • обезмастен јогурт
  • лосос
  • туна
  • пилешко месо
  • бадеми
  • кикирики
  • ореви и лешници
  • грав и грашок
  • јајца
Повеќе енергија, а малку калории, само со едноставна комбинација на храна
• Високоенергетскиот состав на храната овозможува здрав и активен живот
• Житарки, овошје, зеленчук, млечни и месни производи, сето тоа добро комбинарано за енергија во текот на целиот ден.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2011 во 15:34
Се извинувам ако на погрешно место прашува,ама ме интересира нешто за комбухата?
 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2011 во 00:20

Цитронот лекува чир

Болните кои имаат чир на желудник веројатно сметаат дека не би смееле да јадат цитрони зашто се горчливи и кисели. Меѓутоа, студијата која неодамна е направена во Полска покажа дека екстрактот од цитронот помага во лекувањето на ова заболување. Пред сè, поради тоа што дејствува како антиоксиданс, но и затоа што го забрзува протекот на крвта на местата зафатени со чирот и го забрзува лекувањето.

Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2011 во 00:32
Originally posted by annaja annaja напиша:

Се извинувам ако на погрешно место прашува,ама ме интересира нешто за комбухата?
 

prochepkaj malku po netov...ke najdes interesni strani za kombuhata...mene lichno mi beshe odvratna koga ja probavух..no neosprorno e deka e dobro da se koristi......... koj moze da ja podnese da ja pie...среќа
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2011 во 16:41
Jas probav,i vkusot mnogu mi se bendisa,mnogu osvezitelno,nastrana koj kako gleda na toa.
 
Cepnav po netot,ama nikade ne naidov na toa dali se pravi pauza i kolku vreme se pie.да
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2011 во 13:33
pa so ogled na toa deka e sosema priroden pijalok  bez  nikakvi veshtachki dodatoci .i konzervansi ...ne gledam prichina za pravenje pauza..nema nekoi  propratni problemi od toa bar kolku jas shto  znam  za nea .... znam samo za nejzinoto pozitivno dejstvo i totalno chistenje na organizmot od razno razni otrovi koi gi vnesuvame vo nas..chim ti se dopaga vkusot ..pij ja ...pozzсреќа
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.