|
Делото "Трактат" од Мартин Сергон |
Внеси реплика |
Автор | ||
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Јули.2011 во 03:08 |
|
Eдно дело со капитално значење за Македонците e
Трактат за подготвувањето на Отрант и за турското воено уредување и неговото потекло од улцињскиот епископ Martin de Segonis. Сегон бил високо образуван човек и хуманист. Стекнал докторат по канонско право во 1475 год. во Падова. Станал епископ во Улцињ по смртта на Мартин Бергам во 1849 год. Во горепосоченото дело, Сегон дава многу важни податоци како за Македонците така и географски податоци за Македонија. Делото за нас е значајно бидејќи многу јасно ги одделува Македонците од Власите, Бугарите и Србите, односно не претставува како посебен народ. Особено интересен е делот за Охрид, кој е опишан како "град на Македонците". Прво, значи, од Панонија преминува на устието на Сава и Дунав во Горна Мизија, во близината на Белград, каде се стигнува по два пата: едниот, горен, во Тракија или Романија, другиот, долен, кој води до Дарданците и Македонците. Власите се планинци, луѓе од див род- тие се богати само со стада од стока; а другиот дел, кој е свртен кон Дарданците, Македонците и Трибалите, Срви, луѓе со блажен начин на живот и попитом и убав изглед, затоа што се простира повеќе кон југ и поради можните патувачки трговци. Оттаму пратувајќи преку планините Жеглгова, долината Конопица, бањите Велбужд (Ќустендил) и мостот на Струма, која ги дели Македонците од Трибалите или Бугари, близу до црвениот брег, проаѓајќи ги шумие на Самоков и пространата пустина на планината Хема. Останатите народи, сродни на Македонците се Србите, кои авторот ги нарекува Дарданци. За настанувањето, спојувањето и текот на двата Дрима Меѓу останатото, реката Дрим извира од езеро во близина на Охрид, гратче на Македонците и ги раздвојува дебраните, кои се нарекуваат Дарданци, од народите на Врак и Ематија, потоа Хиспани или Пилочани од Дуканѓиевите краишта, потоа малку повеќе навлегува во другиот Дрим кој дотекува од блиските планини на Мезија и под градот Леш се спушта во Јадранско Море Целиот текст со додатни интересни и важни информации на следниов линк: http://www.montenegrina.net/pages/pages1/istorija/crnojevici/o_balkanskim_krajevima_i_narodima.htm Изменето од Македон - 31.Јули.2011 во 23:25 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова што го покажа сега е од непроценливо значење за историјата на нашиот народ. Прво, затоа што во тој период името Македонија често било употребувано за регионот Тракија, околу тогашен Адрианопол (денешно Едрене). Првото сведоштво за употребата на името Македонија за територијата на етничка Македонија е во преписите кои говорат за Царот Душан. Од друга страна, во овој ракопис се говори за дистинкција меѓу Македонците, Србите, Бугарите, па и Власите. Трибалите и на друго место се нарекувани Срби или Бугари, не е ова единствен ракопис кој ги нарекува со античкото име овие племиња.
Дарданците точно се определени, затоа што Албанците си се викале и Дарданци, а и како што кажав погоре, тоа говори дека авторот бил учен, односно поседувал историски знаења за античкиот период. А и нормално е што Скопје е ставено во Дарданија, сепак, старото име на Косово е Дарданија, а во тоа време, колку што знам, Скопје е дел од косовскиот вилает, затоа што друг градски трговски центар во тоа време и немало. Приштина била мошне мала, за да била центар на нешто. Интересно е што доста сведоштва од тој период за Македонија доаѓаат од Црна Гора и Хрватска. Сеуште не можам да одгатнам зошто е тоа така. Прво мислев дека е тоа поради хуманизмот и ренесансата, но сепак, Црна Гора и не била опфатена со ренесансата и затоа го отфрлив тоа гледиште. Се поставува прашањето, дали навистина Охридската Црква извршила толкаво влијание во тие предели, па затоа и имало толкав контакт со македонштината. |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мартин Сергон се позовва на античните автори и по конкретно на Птоломеj(Sredinu pokrajine naseljavaju Vlasi, o kojima Ptolomej tako donosi..). Изгледа по истото време се врнала модата кон античните иминьа: Трибали, Дардани, Македонци... |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Toкму поради тоа и овој извор е значаен. Затоа што, покрај документите кои се однесуваат на Цар Душан, ова е документ кој говори за вистинската територија на Македонија, а не за темата покрај Одрин. Од друга страна, прави разлика меѓу сите народи, па и меѓу Македонците и Власите, за кои и не се употребува античко име. Додека за Србите и Бугарите истотака се употребува. Изменето од Македон - 04.Август.2011 во 14:26 |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во текстот се мисли за границите на античната област Македониjа. Види што Скопиjе e надвор Македониjа (како е било во антиката):
...Инаку, покрај езерото и мочуриштето Хоравица, затоа што се одвојува од оној пат кој води преку Бинче Морава до планината Кривична која лежи меѓу Мизија и Дарданците, после еднодневен пат од влегувањето во Клисура, се овозможува приближување до Скопје, главниот град на Дарданија и граница на Македонија Изменето од Македон - 08.Август.2011 во 17:31 |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чоли, спореди го тоа кое си го извадил од текстот со сликата и види дали Скопје е на граница со Македонија. Патем, на сликата ја нема Дарданија. Oва кое е опишано од Мартин може да се види на оваа мапа: |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И на таа карта Дарданиjа не е пожана во сопствени граници. Дарданиjа е била обособена како самостоjна провинциjа во ІІІ-ти век:
..Дарданците биле покорени од страна на Римјаните најверојатно кон крајот на 1. век пред Христа. До крајот на 3. век Дарданија не била посебна покраина, туку била дел од покраината Мезија (потоа Горна Мезија). Кон крајот на 3. век, Дарданија станала посебна Римска покраина која граничела со покраината Дачија. Дарданиjа |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Границите на сите римски провинции се менувале, па дури и на Дарданија. Затоа и на интернет има разно-разни карти, но отприлика се знае каде е Дарданија, односно, јадрото на Дарданија е денешно Косово. |
||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |