IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Чедо БОЖЈЕ и оружје ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Чедо БОЖЈЕ и оружје ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 8>
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2011 во 05:08
Toa e onoa shto postojano komentiram na ovoj podforum... Bog da chuva od slepi fundamentalni vernici na site religii na svetov.

Koga nekoj kje si zakova vo glava deka Bog ekskluzivira samo edna vera, edna Kniga, edna nacionalnost, edna rasa... togash Bog da ni e na pomosh.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2011 во 14:31
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Toa e onoa shto postojano komentiram na ovoj podforum... Bog da chuva od slepi fundamentalni vernici na site religii na svetov.

Koga nekoj kje si zakova vo glava deka Bog ekskluzivira samo edna vera, edna Kniga, edna nacionalnost, edna rasa... togash Bog da ni e na pomosh.



Човек може да си закова во глава се и сешто, ама кога ќе почне поради тоа да гази туѓи права и да ги лишува останатите од она што не треба, тогаш настануваат вакви трагедии.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2011 во 15:02
Gazenjeto na drugite zapochnuva so zakovuvanje klinec vo sopstvenata glava.

Samo udreni vo umot mozhat da pravat vakvi i slichni grozotii.

Ekskluziviranjeto na Boga dava euforichno chuvstvo na sopstvena eksluzivnost. I toa e onoa stashnoto... od toa chuvstvo, pa do negovata konkretna manifestacija vrz onie drugite, koi ne se "miluvani" od Boga, oddeluva samo eden beskrajno kus chekor!






Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2011 во 15:06
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Gazenjeto na drugite zapochnuva so zakovuvanje klinec vo sopstvenata glava.



Не би се согласил со тебе целосно. Секој човек си има нешто "заковано" во главата, но не секој прави вакви нешта. Самиот убаво велиш:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:



Samo udreni vo umot mozhat da pravat vakvi i slichni grozotii.


Со ова целосно се согласувам
Тоа е тоа што го натерало овој да го направи тоа што го направил.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Ekskluziviranjeto na Boga dava euforichno chuvstvo na sopstvena eksluzivnost. I toa e onoa stashnoto... od toa chuvstvo, pa do negovata konkretna manifestacija vrz onie drugite, koi ne se "miluvani" od Boga, oddeluva samo eden beskrajno kus chekor!


Верници од сите религии веруваат дека вистината за Бог се наоѓа во нивната религија, но ни на крај памет не им доаѓа да го сторат тоа што го сторил овој човек.

Изменето од Македон - 25.Јули.2011 во 15:07
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2011 во 19:08
Za zhal, im doagjalo i im doagja... toa go znaeme pochnuvajkji od Stariot Zavet koga evreite chistele celi narodi zaedno si nivnata stoka, preku frlanjeto na hristijanite pred lavovi, pa preku muslimanskoto shirenje niz Afrika i bliskiot istok, preku krstonosnite vojni, preku hokaustot, preku deneshniot ekstremen Islam so bombash*te-samoubici, pa do segashniov masakr na Anders Behring Breivik.

Ne velam deka SITE vernici ja "dokazhuvaat" svojata eksluzivnost so gnasotii kako posochenite, no velam deka s'e zapochnuva so usvojuvanje na ekskluzivnosta na religiite. Toa doveduva do chuvstvoto na lichna eksluzivnost koja vernikot, kako samonarechen Bozhji sluga ili prorok, go stava vo pozicija na "prodolzhena Bozhja raka" spremna da ja deli "Bozhjata zhelba i pravdina".

Strashno !!!





















„Татко, прости им, оти не знаат што прават!”
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА , Глава 23




Изменето од Messenger - 25.Јули.2011 во 20:25
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2011 во 00:36
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Za zhal, im doagjalo i im doagja... toa go znaeme pochnuvajkji od Stariot Zavet koga evreite chistele celi narodi zaedno si nivnata stoka, preku frlanjeto na hristijanite pred lavovi, pa preku muslimanskoto shirenje niz Afrika i bliskiot istok, preku krstonosnite vojni, preku hokaustot, preku deneshniot ekstremen Islam so bombash*te-samoubici, pa do segashniov masakr na Anders Behring Breivik.


Мошне си ги измешал нештата. Наредбите од Бог за ништење дадена до Евреите засегнува одредени народи, кои како што вели Бог, вршеле незамисливи гревови и поради тоа Бог донел наредба да се уништат. Никаде Бог не дава наредби да се уништат конкретни религии, иако има јасни наредби за уривање на идолски храмови каде што се практикувало жртвување на деца, блуд и слично. Дури во Стариот Завет јасно им се гарантираат правата на придојдените. Римјаните ги фрлале Христијаните на лавовите, не поради тоа што тие сметале дека нивната религија е ексклузивна, затоа што и самите тие се поклонувале на Митра од Персија, Изида од Египет и други божества од разно-разни религии, чие потекло не било римско. Христијаните биле фрлани затоа што не сакале да го сметаат Императорот за свој Бог и затоа што, за разлика од другите, кои не им ги велеле на сограѓаните дека божествата на кои им се поклонувале, се само обични камења, Христијаните тоа го правеле јавно и мошне јасно. За Крстоносните војни делумно си во право, но сепак ќе те потсетам дека треба да правиш разлика меѓу разбојништво и вршење убиства во име на ексклузивитет на религијата. Папата Урбан II повикувајќи на Крстоносна војна, воопшто не ја замислил онака како што се збиднала. Да не скршнувам, но, самиот знаеш зошто е повикана Првата Крстоносна војна, а зошто останатите. За муслиманските освојувања не можам многу да говорам, затоа што не знам што точно вели к*ранот за тоа. За бомбашите самоубијци и за последниот масакр си целосно во право и тука нема аргумент кој може да се спротивстави на она што го велиш.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Ne velam deka SITE vernici ja "dokazhuvaat" svojata eksluzivnost so gnasotii kako posochenite, no velam deka s'e zapochnuva so usvojuvanje na ekskluzivnosta na religiite. Toa doveduva do chuvstvoto na lichna eksluzivnost koja vernikot, kako samonarechen Bozhji sluga ili prorok, go stava vo pozicija na "prodolzhena Bozhja raka" spremna da ja deli "Bozhjata zhelba i pravdina".

Strashno !!!


Ексклузивноста на политичкото уверување донело мошне поголеми жртви и штети отколку она верското. Ексклузивноста на економските интереси донеле многу поголеми страданија отколку верските. Но, пак ќе кажам, тоа не значи дека ексклузивноста на се и сешто носи страданија.

Во однос на сликите кои си ги постирал, не знам што точно велат каноните за свештениците кои носат оружје, затоа ќе се воздржам од коментар.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2011 во 00:54
Случајно ја најдов оваа статија и мислам дека е интересна да се сподели истата и да продискутираме за оваа идеја:

Свештеници капелани во АРМ

Messenger, од темите кои ги пребарав, оваа ми се чинеше посоодветна отколку темата "Вести", бидејќи и не можев да видам дали е оваа стара идеја и со тоа да ја сместам во темата "Вести". Ако сметаш дека е подобро да стои таму, или на било кое друго место, бидејќи сепак капеланите не носат оружје, слободно префрли ја.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2011 во 12:32
Ова чедово божје од Норвешка не го спомува никој тука? збунетост
 
 


Изменето од LiDivio - 27.Јули.2011 во 12:36
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2011 во 13:04
Beshe spomnat vo "Vesti".
Diskusijata od tamu sega ja prefrliv vo ovaa tema kako shto predlozhi Makedon.

Изменето од Messenger - 27.Јули.2011 во 13:19
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2011 во 01:16
Originally posted by Македон Македон напиша:

Наредбите од Бог за ништење дадена до Евреите засегнува одредени народи, кои како што вели Бог, вршеле незамисливи гревови и поради тоа Бог донел наредба да се уништат.


А од кого примил наредба вашиот „светец“ Константин за водењето на неговите крстоносни војни? Од Бог или од ѓаволот?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2011 во 13:25
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Originally posted by Македон Македон напиша:

Наредбите од Бог за ништење дадена до Евреите засегнува одредени народи, кои како што вели Бог, вршеле незамисливи гревови и поради тоа Бог донел наредба да се уништат.
А од кого примил наредба вашиот „светец“ Константин за водењето на неговите крстоносни војни? Од Бог или од ѓаволот?


Битката кај Милвискиот мост е битка помеѓу Константин и узурпаторот Максенциј. Наредбата за поставување на Христовиот знак на штитовите на војниците е наредба дадена пред самата битка, затоа и не може да се говори дека битката е по нечија наредба.

Војната меѓу него и Лициниј е одговор на возобновените крвави прогони над Христијаните на исток од страна на Константиновиот зет Цезар Лициниј. Последната војна против Персија е војна истотака поради крвавите прогони над Христијаните, но, всушност до војна и не дошло, затоа што Константин починал.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2011 во 15:28
Originally posted by Македон Македон напиша:


Битката кај Милвискиот мост е битка помеѓу Константин и узурпаторот Максенциј. Наредбата за поставување на Христовиот знак на штитовите на војниците е наредба дадена пред самата битка, затоа и не може да се говори дека битката е по нечија наредба.


Како тоа мислиш битката не била по нечија наредба? Сакаш да кажеш дека војниците самостојно си се организирале и без наредба од Константин завојувале против Максенциј? Ниту петтоодделенец што има 3ка по историја нема да го убедиш во тоа.
Паганинот Константин е тој што наредил војниците да стават крст на своите штитови и да завојуваат. Константин е тој што носел крст и војувал. Оттаму легитимно неговата војна може да се нарече КРСТОНОСНА ВОЈНА исто како и останатите крстоносни војни.

Православните сакаат да веруваат дека Бог во сон му рекол на Константин да војува со крсниот знак, но тука имаме два проблеми:

1. Доколку Константин навистина сонувал некаков сон, „богот“ што таму му се јавил не е Оној истиот од Библијата. Крстос е Христов знак, а Христос никогаш не повикувал кон вооружена војна против непријателите, туку повикувал на љубов кон непријателите, на вртење на образот, повикувал да се молиме и да ги благословуваме оние кои не прогонуваат. Христовиот крст твори мир и не е знак со кој треба да се води војна каква што водел паганинот Константин.

„и преку Него да измири кон Себе сè што е на земјата или на небото, творејќи мир преку крвта на Неговиот крст. “ (Колошаните 1:20, Библијата)

Во стариот завет Бог водел битки со евреите, но сето тоа било однапред кажано, однапред најавено, однапред ветено дека Бог ќе ги доведе до ветената земја изгонувајќи ги паганските народи од таму. Во новиот завет немаме никаква индикација за крстоносни походи, за војни во името на Исус. Туку напротив, од Исус е проречено обратното: дека христијаните ќе бидат прогонувани, а не дека тие ќе прогонуааат други.
Очигледно доколку навистина му се објавил некаков „бог“ на Константин, тоа не бил христијанскиот Бог.

2. Доколку Исус Хритсос навистина му се објавил на Константин и доколку Константин навистина го видел на ноќното небо крсниот знак од сончева светлина и доколку Исус навистина, спротивно на Своето предходно поучување на апостолите, му рекол со тој знак да победува, тогаш се поставува прашањето: Зошто Константин не станал христијанин веднаш по победата на битката кај Милвискиот мост? Тоа било несоомнено големо чудо кое навистина би ја потврдило христијанската вера како апсолутна вистина за него. Но Константин си останал паганин и по тоа наводно „чудо“. Заклучок: Очигледно чудото воопшто не се ни случило, туку е фабрикувана приказна со која Лукавиот мошне солидно прелажам многумина.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2011 во 16:21
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:



Како тоа мислиш битката не била по нечија наредба? Сакаш да кажеш дека војниците самостојно си се организирале и без наредба од Константин завојувале против Максенциј? Ниту петтоодделенец што има 3ка по историја нема да го убедиш во тоа.Паганинот Константин е тој што наредил војниците да стават крст на своите штитови и да завојуваат.



Дали се читаш што пишуваш? Погоре ме праша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


А од кого примил наредба вашиот „светец“ Константин за водењето на неговите крстоносни војни? Од Бог или од ѓаволот?


На тие конкретни прашања јас ти одговорив:


Originally posted by Македон Македон напиша:

Битката кај Милвискиот мост е битка помеѓу Константин и узурпаторот Максенциј. Наредбата за поставување на Христовиот знак на штитовите на војниците е наредба дадена пред самата битка, затоа и не може да се говори дека битката е по нечија наредба.


Одговорот беше на прашањето дали битката била по наредба дадена од Бога или ѓаволот на Константин. Ако забораваш што си пишувал, препрочитај го сопствениот пост, па потоа мојот и види што сум ти одговарал. Ти прашуваше дали му дал на Константин некој наредба, а не на војниците. Секако дека на војниците им била дадена наредба, ама војната меѓу Максенциј и Константин воопшто не била по ничија наредба.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Паганинот Константин е тој што наредил војниците да стават крст на своите штитови и да завојуваат. Константин е тој што носел крст и војувал. Оттаму легитимно неговата војна може да се нарече КРСТОНОСНА ВОЈНА исто како и останатите крстоносни војни.


Да, Константин им наредил на војниците да го стават Христовиот монограм кус период пред битката. Војната не може да се нарече крстоносна војна, затоа што Крстоносците ниту го носеа истиот знак, ниту пак ја имаа истата идеја како и Константин. Целта на Крстоносната војна беше ослободување на Светата Земја, додека пак, целта на оваа војна била ослободување на Рим од узурпаторот Максенциј. Оваа војна не може воопшто да се нарече верска војна. Целта на војната не била доминација на Христијанството над другите религии. И немој да заборавиш дека Максенциј му објавил војна на Константин, а не обратно.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Православните сакаат да веруваат дека Бог во сон му рекол на Константин да војува со крсниот знак, но тука имаме два проблеми:1. Доколку Константин навистина сонувал некаков сон, „богот“ што таму му се јавил не е Оној истиот од Библијата. Крстос е Христов знак, а Христос никогаш не повикувал кон вооружена војна против непријателите, туку повикувал на љубов кон непријателите, на вртење на образот, повикувал да се молиме и да ги благословуваме оние кои не прогонуваат. Христовиот крст твори мир и не е знак со кој треба да се води војна каква што водел паганинот Константин.„и преку Него да измири кон Себе сè што е на земјата или на небото, творејќи мир преку крвта на Неговиот крст.
“ (Колошаните 1:20, Библијата)


Константин бил легитимен владетел и сосема нормална и праведна била борбата со узурпаторот Максенциј. За разлика од Максенциј и останатите Цезари, Константин не ги прогонувал Христијаните, ниту им правел некакво зло. Напротив,Христијанинот Лактанциј, човекот кој ни сведочи за настаните, а кој бил тутор на Константиновиот син Крисп и отворено го исповедал Христијанството пред Царот, сведочи дека такво нешто се случило. А како Лактанциј би знаел дека такво нешто се случило? Или мислиш дека самиот Константин наеднаш се сетил да маршира со знакот на Христовиот монограм и со тоа да ги деморализира војниците? Дали знаеш дека римските војници ги сметале Христијаните и нивните нешта за гадост?

Токму поради неговата мирољубива и толерантна политика кон Христијаните, се случило такво чудо. Бог покажал милост на Христијаните, a на паганите им покажал дека е помоќен од нивните идоли. Ѓаволот воопшто не би се потрудил да покаже дека Бог е помоќен од идолите. Зарем ѓаволот би ги избавил Христијаните од прогоните?

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:



Во стариот завет Бог водел битки со евреите, но сето тоа било однапред кажано, однапред најавено, однапред ветено дека Бог ќе ги доведе до ветената земја изгонувајќи ги паганските народи од таму. Во новиот завет немаме никаква индикација за крстоносни походи, за војни во името на Исус. Туку напротив, од Исус е проречено обратното: дека христијаните ќе бидат прогонувани, а не дека тие ќе прогонуааат други.


Токму така. Но, проречена е и победа на Христијаните и раширување на верата по сите краишта на земјата.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Очигледно доколку навистина му се објавил некаков „бог“ на Константин, тоа не бил христијанскиот Бог.2. Доколку Исус Хритсос навистина му се објавил на Константин и доколку Константин навистина го видел на ноќното небо крсниот знак од сончева светлина и доколку Исус навистина, спротивно на Своето предходно поучување на апостолите, му рекол со тој знак да победува, тогаш се поставува прашањето: Зошто Константин не станал христијанин веднаш по победата на битката кај Милвискиот мост? Тоа било несоомнено големо чудо кое навистина би ја потврдило христијанската вера како апсолутна вистина за него. Но Константин си останал паганин и по тоа наводно „чудо“. Заклучок: Очигледно чудото воопшто не се ни случило, туку е фабрикувана приказна со која Лукавиот мошне солидно прелажам многумина.


Значи Лукавиот ги фабрикувал историските извори, сведоштвата на Лактанциј, кој бил со Константин во текот на битките, како и другите историски извори?
Константин веднаш не станал Христијанин, туку постепено, под будното око на Црквата, за што говорат сите негови постапки, особено од 323 година. Зарем имало некој кој може веднаш да го поучи за да стане Христијанин? Патем, не мешај го крштевањето со станувањето Христијанин. Многумина тогаш се крштевале пред смртта, сакајќи на тој начин да ги исчистат гревовите. И не секој ја прифаќа целосно верата како што се голта апче, напротив, на многумина им требало огромен период. Зарем Августин го послуша веднаш гласот за да се преобрати во Христијанин? Доколку останал паганин каков што бил и пред тоа, немало да одбие да учествува во пагански ритуали.

Заклучок: Читај ги историските извори и истражувај самостојно, така полесно ќе си ги расчистиш работите.

Изменето од Македон - 28.Јули.2011 во 16:23
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2011 во 01:14
Originally posted by Македон Македон напиша:


Одговорот беше на прашањето дали битката била по наредба дадена од Бога или ѓаволот на Константин. Ако забораваш што си пишувал, препрочитај го сопствениот пост, па потоа мојот и види што сум ти одговарал. Ти прашуваше дали му дал на Константин некој наредба, а не на војниците. Секако дека на војниците им била дадена наредба, ама војната меѓу Максенциј и Константин воопшто не била по ничија наредба.


Е како не било? Па нели вие верувате дека привидението што наводно му се јавило на Константин му рекло: „Во овој знак победувај!“ Дали после ова Константин можел да се повлече и да не ја војува битката кај Милвискиот мост? Не, затоа што добил наредба од „привидението“ да победува со тој знак (малку изобличен крст)!

Originally posted by Македон Македон напиша:


Да, Константин им наредил на војниците да го стават Христовиот монограм кус период пред битката. Војната не може да се нарече крстоносна војна, затоа што Крстоносците ниту го носеа истиот знак, ниту пак ја имаа истата идеја како и Константин. Целта на Крстоносната војна беше ослободување на Светата Земја, додека пак, целта на оваа војна била ослободување на Рим од узурпаторот Максенциј. Оваа војна не може воопшто да се нарече верска војна. Целта на војната не била доминација на Христијанството над другите религии.


Може да се нарече и те како крстоносна војна.
Знакот, иако малку изобличен, сепак е крст.
Константин наредил тој знак војниците да го носат на битката.
Значи војниците биле крстоносци!
Светата земја бил Рим, кој подоцна ќе стане и главна престолнина на Католичката црква.
Војната имала и верски елемент, затоа што Константин нели бил под влијание на привидението кое му заповедало да победува во името на крсниот знак. А и самиот велиш дека Константин со оваа битка сакал да ги ослободи христијаните од прогоните на Максенциј.
Целта и мотивите за војната не можеме никако да ги дознаеме со 100% сигурност, затоа што историчарите не можеле да му влезат на Константин во главата и да видат кои се неговите вистински мотиви. Сепак најверојатно се работи за војна за превласт, иако подоцна Константин ќе направи Неговото Константиново (не Христово) христијанство да доминира во Римската империја - со што ѓаволот ќе извојува привремена победа над изворната Христова црква и вера.
Подоцна Константин ќе спроведе и уште многу други походи во „името на Исус“.

Originally posted by Македон Македон напиша:


И немој да заборавиш дека Максенциј му објавил војна на Константин, а не обратно.
...
Константин бил легитимен владетел и сосема нормална и праведна била борбата со узурпаторот Максенциј.


Знам дека не си до толку наивен и не верувам дека си ја прескокнал првата лекција што се учи по предметот историја: „Историјата ја пишуваат победниците!“. Но твојата субјективна позиција и пристрасност те приморуваат да замижиш пред таа лекција.
Доколку во таа битка победел Максенциј, ти денес ќе читаше и ќе не убедуваше дека Константин бил узурпаторот и дека Макценциј праведно го победил.
Сети се на 2001 година. Албанците што не напаѓаа ние ги нарекувавме терористи, а тие се нарекуваат ослободители (ОНА - ослободителна народна армија т.е. УЧК на албански). Во секоја војна постојат две страни, две „праведни“ перспективи, иако спротивни - сепак едната е вистина за едната страна, а другата е вистина за другата страна. Онаа страна што ќе победи, ќе направи и нејзината пропаганда да доминира. Тоа се прави дури и денес, иако има безброј медиуми, а камо ли тогаш кога речиси сите историчари/писатели биле пријатели или десна рака на императорот.

Originally posted by Македон Македон напиша:


Токму поради неговата мирољубива и толерантна политика кон Христијаните, се случило такво чудо. Бог покажал милост на Христијаните, a на паганите им покажал дека е помоќен од нивните идоли. Ѓаволот воопшто не би се потрудил да покаже дека Бог е помоќен од идолите. Зарем ѓаволот би ги избавил Христијаните од прогоните?


Ѓаволот видел дека со оган и меч не може против христијаните, затоа што колку што повеќе ги гони и убива, толку повеќе се засилува верата кај останатите и бројот на христијаните расте. Тоа го забележал и Тертилијан кој напишал: „Крвта на мачениците е семето на Црквата“ (Apologeticum, 50)
Затоа ѓаволот преминал на план Б, привремено да престане да ги гони со меч, а да почне да ги гони со лажно учење, со лукави измами, со тоа што ја венчал црквата за властите (со кои исто така тој владее), со тоа што им направил една привидна лажна „црква“ која подоцна ќе се покаже како вистински монструм што ќе врши многу поголеми тортури врз населението отколку што вршеа императорите пред 312 година., „црква“ во која ќе владеат парите, моќта и неморалот т.е. ѓаволот лично.
Константин исто така увидел дека не може против христијаните кои прераснале во значителен број и за да го зачува мирот во империјата, морал да ги донесе на своја страна. Тоа е позната стратегија во војната: Ако не можеш да го победиш, придружи му се.

Ќе го цитирам светиот маченик Јустин кој во една прилика го прочитал следниов дел од Светото Писмо, а потоа коментирал на истото:

"Ќе се случи на крајот на деновите: Гората на Господовиот Дом ќе биде поставена над сите гори, возвишена над сите брегови. Кон неа ќе одат сите народи, ќе се втурнат многу племиња и ќе речат: „Ајде, да се искачиме на Господовата Гора, да отидеме во Домот на Јакововиот Бог. Тој ќе нè научи на Своите патишта, ќе одиме по Неговите патеки.” Зашто Законот ќе дојде од Сион, Господовото слово од Ерусалим. Тој ќе им биде судија на народите, ќе им суди на многу племиња, кои ќе ги прековат мечевите во плугови, а копјата во српови. Нема повеќе народ да дига меч против народ, ниту ќе се учи веќе на војување."
(Исаија 2:3-4, Библијата)

"И навистина од Ерусалим излегле дванаесет луѓе, неуки, без говорнички способности. Преку силата на Бог тие проповедале на секакви типови луѓе... и ние, кои порано се обучувавме да се убиваме еден со друг, сега не само што не војуваме против нашите непријатели, туку сме спремни да умреме за сведоштвото за Христос"
(Св. Јустин, 1 Апологија 39)

Првата апологија Јустин ја има напишано во периодот од 150-155 година и интересно е тоа што во горенаведената пацифистичка изјава тој зборува во множина, значи не збори за таму некој си христијанин што не војувал против непријателите, туку зборува општо за Христовите следбеници, за оние кои порано се обучувале да војуваат, дека тие повеќе не војуваат, туку се спремни да умрат за сведоштвото за Христос.

Originally posted by Македон Македон напиша:


Токму така. Но, проречена е и победа на Христијаните и раширување на верата по сите краишта на земјата.


Никаде, никаде не е проречена политичка или воена победа на христијаните. Напротив, Исус јасно кажа дека светот ќе ги гони, дека светот ќе ги мрази, дека ќе имаат невољи во светот и никаде не им спомна ништо за тоа дека 3 века подоцна тие ќе дојдат на власт и од прогонувани ќе станат привилегирани (десна рака на царот), дека ќе се натрупаат со пари и злато, дека тие ќе го земат камшикот на царот и дека тие ќе станат прогонители и сл.
Проречено е дека верата ќе се шири, но без насилство, без џихади, туку со помош на словото на евангелието, токму онака како што се ширела од 1ви до 4ти век.

Originally posted by Македон Македон напиша:


Значи Лукавиот ги фабрикувал историските извори, сведоштвата на Лактанциј, кој бил со Константин во текот на битките, како и другите историски извори?


Не знам за кои фабрикувани извори збориш. Има доволно историски извори од кои може јасно да се види животот и делото на паганинот Константин и неговата злоупотреба на христијанството во воено-политички цели.
Патем, секако дека неговите пријатели ќе го пишуваат она што тој сакал да биде запишано, неговата перспектива на случувањата.

Originally posted by Македон Македон напиша:


Константин веднаш не станал Христијанин, туку постепено, под будното око на Црквата, за што говорат сите негови постапки, особено од 323 година.


Токму и јас тоа го пишав, тој не станал веднаш христијанин, иако видел чудо какво што ретко кој христијанин пред него видел. Замисли на некој од нашиве атеисти на форумов кои упорно велат „да видам па ќе поверувам“, замисли на некој од нив навечер да му се појави знак (крст) од сончева светлина и да го чуе Исус како му зборува и потоа да се исполни тоа што тој му зборувал, зарем ќе остане атеист?
За какво будно око на црквата зборуваш? Признал ти или не, Константин бил глава на Константиновата црква, тој бил главното нејзино око, а мнозинството епископи биле речиси марионети во неговите раце.

Originally posted by Македон Македон напиша:


Зарем имало некој кој може веднаш да го поучи за да стане Христијанин?


Константин со еден збор повикувал стотици епископи во Никеја и Цариград, а сега кутриот тој немал кој да го поучи за основите на верата.

Originally posted by Македон Македон напиша:


 Патем, не мешај го крштевањето со станувањето Христијанин. Многумина тогаш се крштевале пред смртта, сакајќи на тој начин да ги исчистат гревовите.


Не го мешав, но убаво од тебе што ти го спомна и што ја спомна ереста што тогаш била присутна (дека треба да се крштеваш непосредно пред смртта за да се измиеш од гревовите), сега јас би те прашал тебе: Еве за момент да прифатиме дека Константин бил навистина христијанин. Но како може човек кој цело време живеел во ерес и умрел со таа ерес, подоцна да биде прогласен за светец од страна на православните цркви? среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.