IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Секс
  Активни теми Активни теми RSS - Секс занимливости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Секс занимливости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 49>
Автор
Порака
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13922
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2011 во 12:34
protestiram.,намигнување., ova e klasichen primer na provokacijaбакнеж., газење%20од%20смеење
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2011 во 07:33
Бракот е рај за сексот
 
Голема заблуда е дека самците уживаат во луд и возбудлив секс. Статистиките покажуваат дека брачните парови имаат не само подобар секс...

...туку и поредовен од оние што живеат слободно, односно без брачни обврски. Сè зборува во прилог на тоа дека во брак, деновите, а особено ноќите, воопшто не мораат да бидат досадни и долги.

Според истражувањата, се смета дека брачните парови водат љубов во просек девет пати месечно, додека слободните шест пати месечно. Постарите парови водат љубов шест пати месечно, а невенчаните парови четири пати месечно.

Кога се жените во прашање, тие мора да се борат со некои други проблеми. Еден од најголемите е постигнувањето оргазам, а веднаш потоа следи грижата за одржување на привлечен изглед. Истражувањата покажаа дека 67% од испитуваните жени тврдат дека некои од своите сексуални потреби никогаш не ги исполниле!

Да се вратиме на невенчаните парови. Постои еден аспект поради кој тие се во предност. Се работи за сексуалната издржливост. Жените што живеат сами воглавно се сексуално поактивни и се во подобра сексуална кондиција од мажените, а ист е случајот и кај мажите.

Но, основната причина поради која сексот во брак е подобар е тоа што самиот чин на водење љубов е нешто повеќе од физички контакт – тој го надминува физиолошкото празнење.

Воедно паровите во брак имаат можност почесто да водат љубов, иако мораат да се откажат од двочасовниот секс, особено ако имаат деца. Времетраењето на сексот во бракот е многу пократко. Меѓутоа, иако се тврди дека моногамијата е монотона, тоа не е точно.

Најголемиот број парови ќе ви кажат дека не само што се задоволни со својот сексуален живот туку дека се одушевени со него. Уште кога на тоа ќе му ја додадете верноста, која ја зацврстува довербата, добивате идеална слика на мирни брачни води

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2011 во 23:26
Четири пролетни најпопуларни интимни фризури

Најчестиот третман во козметичките салони сигурно е отстранувањето на влакна.

Освен што сакаме нашите нозе да бидат совршено мазни, а рацете подготвени за кратки ракави, своите интимни делови од телото сакаме да ги одржаваме уредно, а притоа убаво обликувани. Освен вообичаеното отстранување на непотребните вишокот влакна, кои се најбараните интимни фризури оваа пролет?

1. Тенка линија или „писта“

Како и самото име што кажува, оваа интимна фризура е линија чија дебелина зависи од желбата на дамите. Тука не само што се отстрануваат влакната во подрачјето на бикини зоната, туку и оние кај срамните усни. По депилацијата, влакната кои се оставени се скратуваат и со тоа се добива убава линија.

2. Мохавк фризура

Оваа метода е слична на „пистата“, со таа разлика што во овој случај останува природната должина на влакната. Ваквата фризура сигурно ќе им се допадне на бунтовничките кои не сакаат да ја занемарат својата сексапилна страна.

3. Бразилка депилација

За разлика од прифатеното мислење дека „бразиликата“ е целосно оголено интимно подрачје, таа сепак дозволува тенка неишишана линија чија должина може да варира. Понекогаш тука спаѓа и депилацијата само на бикини зоната. Бразилската депилација е една од најбараните во нашите козметички салонони.

4. Холивудска депилација

Холивудската депилација е позната уште и како „секси бразилика“ бидејќи тука во целост се отстрануваат влакната и така се создава најрадикална фризура во која целото интимно подрачје е мазно и на многумина слатко.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2011 во 23:28
Топ 5 вежби за мажи за подобар секс

Заборавете на разните средства за потенција и фатете се за вежбање. Имено, одредени вежби, освен тоа што го подобруваат здравјето, значајно допринесуваат за квалитетот на вашиот сексуален живот. Ви ги претставуваме петте најефикасни вежби за подобар секс.

Кревање тегови

Тренирање на силата извонредно позитивно влијае врз здолемување на потенцијата. Кревањето тегови го поттикнува телото на производство на тестостерон, кој е клучен фактор кога станува збор за сексуалната моќ. Стомачните вежби и склековите се идеален начин да ја подобрите вашата издржливост во сексот. Зајакнете го горниот дел од телото бидејќи бројни истражувања покажуваат дека токму тој дел е многу важен за сексуалната ефикасност.

Кегелови вежби

Кегеловите вежби се наменети за зајакнување на Puobococcygeus, односно перинеумот (мускул кој го контролира протокот на урината). Со контракција на овој мускул непосредно пред оргазмот, мажите можат да ја одложат ејакулацијата. Но, за ова е потребно вежбање. Повремено стегнете го мускулот цврсто, држете така 3 до 5 секунди и потоа направете одмор од 5 секунди, па потоа повторете. Доколку почувствувате непријатност, скратете го периодот на стегање на мускулот.

Идеално, Кегеловите вежби би треба да ги правите 3 до 4 пати на ден. Кога ќе ги усовршите, за време на сексот ќе можете да го придвижувате и подигнувате вашиот пенис без да го допирате. Тоа ќе го зголеми вашето чувство на пријатност за време на сексуалниот однос.

Јога

Идеален нечин да го освежите вашиот сексуален живот со неколку нови пози е да практикувате јога. Така, ќе можете да се прилагодите на потешките позиции во сексот. Правилното држење и зајакнување на мускулатурата се директно поврзани со подобар перформанс за време на сексот.

Брзо одење

Една студијата од престижниот универзитет Харвард, спроведена над 31000 испитаници постари од 50 години, покажа дека аеробните вежби го намалуваат ризикот од еректилна дисфукција за 30 проценти.

Како пример за ефикасна аеробна вежба може да се земе три километри брзо одење. Со тоа се зголемува циркулацијата и прочистувањето на крвните садови, а добро е познато колку е важна циркулацијата за сексуалниот однос.

Зголемената активност ослободува и ендорфин, кој е задолжен за психичко опуштање и добро расположение.

Пливање

Уште една студија спроведена на Харвард врз 160 машки и женски пливачи на 60 годишна возраст, потврди дека луѓето кои во таа доба од животот се занимаваат со пливање се позадоволни од нивниот сексуален живот, за разлика од луѓето на 40 годишна возраст кои не се занимаваат со никаков спорт.

Сексот и издржливоста се директно поврзани. Ако пливате 30 минути три пати неделно, освен тоа што ќе ја намалите телесната тежина, ќе бидете и поиздржливи во сексот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2011 во 05:26
Црвенокосите најмногу сакаат секс

Црвенокосите почесто имаат сексуални односи во споредба со жените со друга боја на коса. Сексологот Вернер Хебермел заклучил дека црвенокосите во текот на животот имаат повеќе партнери.

Во институтот во Хамбург направено е истражување во кое над 100 Германки со различни бои на косата одговарале на прашање колку често водат љубов.

Жените кои имаат друга боја на коса бараат сериозен партнер, додека „огнените“ девојки им порачуваат на своите партнери дека очекуваат нешто повеќе од тоа што тој им го нуди.

Психологот Кристина Бојманс објасни дека за подобриот сексуален живот на црвенокосите не се виновни жените, туку црвената, боја која претставува страст. Кога мажот ќе здогледа црвенокоса смета дека пред него стои жена која не „врти од околу“ и затоа веднаш преминува од зборови на дела.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 19:24
Секс со нов партнер

Атмосферата станува жешка, едвај чекате да се упатите кон креветот, но истовремено имате некој внатрешен страв. Се плашите од грешка! Без страв, бидејќи не сте единствени кои се возбудени пред сексот со нов партнер. Токму затоа во прилог следат неколку корисни совети за ваквите ситуации.

1.Не паничете и не покажувајте нервоза бидејќи во спротивно партнерот ќе ја почувствува вашата негативност, па шансите за добар секс ќе се сведат на нула.

2.Не претерувајте со алкохолот. Освен тоа што ги забавува рефлексите, може да оставите впечаток дека сте алкохоличарка, а тоа се разбира не ви оди во прилог.

3. Не брзајте. Дивиот секс не значи добар секс. Сексуалните амбиции оставете ги за подоцна кога ќе може да се покажете како вистинска љубовница.

4. На почеток заборавете на сексуалните помагала. Секој маж има различна реакција на играчки за во кревет.

5.Не споредувајте ги поранешниот и сегашниот партнер. Доколку со претходниот маж во вашиот живот сте имале одличен секс, тоа не значи дека секој следен ќе биде слаб на тоа поле.

6. Секогаш користете кондом.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2011 во 05:38
Вибраторите се појавиле за да ја излечат хистеријата кај жените


Почетоците на вибраторот датираат од 17 век. Овие женски играчки се спој на науката, медицината, дизајнот, технологијата и општествената историја. Во тоа време докторите почнале да ги масираат жените со цел да доживеат оргазам, иако не знаеле што всушност се случува при оргазмот, но со масажата наводно ги лекувале од некоја мистериозна хистерична болест. Најчести пациенти во тоа време биле младите девојки без партнери, вдовиците и калуѓерките. Бидејќи рачното масирање било релативно тешко, се јавила реална потреба да се создаде некој изум, кој ќе им ја олесни работата на докторите. Првиот вибратор бил измислен во 1880 година од некој Британец, со цел побрзо и поефикасно масирање како третман за хистеријата кај жените. "Портабл вибраторите" се појавуваат во 20 век, а во 1918 година почнуваат прв пат да се рекламираат и продаваат и стануваат најбарани електрични единици во американските домаќинства. Набрзо вибраторот станува доминантно средство за масажа и се продавале слободна на тезги, се до појавувањето во еротските филмови во 1920 година, кога односот кон нив значително се променува. Оттогаш со продажбата на овие помагала се бават исклучиво продавниците за возрасни.

Премалку секс води во болест
Целата приказна почнува хистерично со "бесот на матката". Хипократ верувал дека матката не е орган фиксиран на едно место, туку дека патува низ телото во потрага по незгоди. Во момент на оргазам таа го "фаќа" душникот поради што жените почнуваат тешко да дишат. Исто така, Хипократ бил убеден дека блокадата на матката е причина за женските тегоби како нервоза, намалени течности, несоница и намален апетит. Ваквата состојба се нарекувала хистерија поради грчкиот израз за матка -хистерос. Гален, грчкиот лекар, верувал дека блокадата на матката е предизвикана поради недостаток на секс, посебно кај страствените жени, калуѓерките, девиците и мажените жени чии мажи не ги обавувале своите должности како што треба. Решението дошло во масажата која води до оргазам. Се практикувало допирање на гениталните органи што довело до мрдање пропратено со болка, но и уживање.

Тежок пат до оргазам
Проблемот бил во тоа што овој третман за лекарите бил исклучително напорен бидејќи доведувањето на жената до оргазам понекогаш траело ужасно долго, а во тоа време, мастурбацијата се сметала за морално лоша и штетна за умот и телото. Жените, особено оние со хистерија, не смееле да се допираат, тоа било работа само на мажите и лекарите.

Рачната масажа заменета со вода
При крајот на 19 век на помош доаѓаат спа-центрите со ефектни третмани со вода. Станувало збор за карлични тушеви кои млазот вода го насочувале кон клиторисот и наводно жените ги доведувал до оргазам во само 4 минути. Гинекологот Дино-Родинг на жените им советувал јавање коњ, возење со воз и лулање на лулашки.

Масовна хистерија
Во тоа време многу медицински експерти верувале дека повеќе од 75 отсто од жените се хистерични и дека се работи за хронична болест чии тегоби може да се олеснат, но не и да се излекуваат. Затоа се јавила потребата од поевтини и подостапни уреди. До 1870 била истражена моќта на пареата, па така се појавил - манипулатор. Станувало збор за маса со посебно исечен дел во кој жената можела да ја смести карлицата, а посебниот дел со вибрации го дразнел нејзиниот полов орган. Вибрациите се движеле со помош на пареа. Првиот британски вибратор го произвел Вајс во 1880 година. Се напојувал со батерии, но и струја. Тогашните вибратори произведувале 1000-7000 пулса во минута, а ги имало повеќе вида: преносни, прицврстени за под и висечки.

Заблуди за вибраторите
Вибраторот се уште не ја добива почитта што ја заслужува. И, пред се, поради тоа што многу се плашат поради погрешни убедувања за оваа направа. Прочитајте ги најчестите заблуди за вибраторите и конечно заборавете ги митовите за оваа чудесна направа.
- Вибраторите се за немажени, расипани, незадоволени жени.
- Ако девојка за време на сексот користи вибратор со текот на времето ќе нема потреба од партнерот.
- Вибраторите се за "расипани"!
- Вибраторите се скапи.

Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13922
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2011 во 08:28
 abe ti ko da si zaborail i da im go pokazhe6 kako izgleda ., alooo vibratorot., a neгазење%20од%20смеење., mnogu si napishal samo edna slika i jasna rabota ., pa aj sea vaka
 
 
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2011 во 23:53
Десет грешки што мажите ги прават во кревет

1. Мисли дека девојката оргазмира иако тоа не е така
Мажите мислат дека нивните девојки доживуваат оргазам секој пат кога се во кревет бидејќи тие така делуваат. Девојката е екстремно влажна, испушта звуци како навистина да ужива и превртува со очите како да се губи во времето и просторот.

Но, вистината е малку поинаква. Ретко кој успева во креветот со својата девојка секој пат да биде вистински лав. Најчесто жените ги глумат оргазмите и тоа од различни причини. Кои и да се тие, мажите треба да бидат свесни, дека едноставно не е возможно да се задоволи девојката секој пат, освен ако не умеете да читате мисли или да сте Бог кој знае токму што и треба на секоја девојка во секој даден момент.

2. Не и нуди разновидност на девојката
Почетокот на врската секогаш е забавен, интересен и страстен. Сексот на почетокот исто така е одличен (освен кога не е) бидејќи е нов и искуството за двајцата е ново. Но, луѓето генерално, имаат навика по одреден период да гледаат на сексот како нешто коешто треба да се случи само за задоволување на хормоните.

Во таква ситуација, девојката гарантирано ќе го загуби интересот. Затоа, многу е паметно да го пронајдете своето алтер его во креветот и да се трансформирате во нешто коешто не сте надвор од него. На пример, девојките обожаваат „лоши момци“, тоа е општо познато. Па кога сте со неа, слободно можете да се опуштите со зборување валкани работи, со плескање и слични грубости. Само, не претерувајте па да ви дојде полиција дома и да ве обвини за семејно насилство.


3. Заборава да биде МАЖ
Прашајте ја секоја девојка на светот и секоја ќе ви каже дека сака кога нејзиниот маж ќе покаже цврстина и мажественост. Ова, особено е нагласено во креветот и никогаш не смеете да го заборавите.

Секоја жена сака кога тој ќе ја преземе контролата за време на сексот, всушност, најдобро е никогаш да не ја изгубите контролата. Можеби нема да забележите, но секоја девојка сака кога без предупредување ќе ја грабнете и превртите на колена за да продолжите „doggy stile“.

4. Мисли дека сексот не и е важен
Навистина, по некогаш мажите добиваат впечаток дека на девојките никогаш не им е до секс. Но, вистината е дека и тие размислуваат речиси подеднакв за сексот колку и мажите, а дефинитвно уживаат во добриот секс и повеќе. Доказ? Па, ниту еден маж не може толку да полуди во кревет колку што може една жена.

Штосот е што, добриот љубовник мора да знае дека нејзината желба за одење во кревет нема да падне од небо. ТОЈ треба да направи ТАА да побара. Како? Е тука е вистинската уметност...

5. Тивок е во кревет
Можеби мислите дека е глупаво или непријатно да се зборува за време на сексот. Но, најголемиот број од девојките сакаат вербална комуникација и во креветот. Таа ги буди нивните емоции. Ако говорот е валкан и невообичаен, тој уште повеќе може да ги запали. А што позапалени се, тоа поголемо уживањето ќе биде.

Како што говорот на телото е важен додека ја заведувате девојката, толку важен е и додека сте во кревет. Па, слободно опуштете се и „објаснете се“ некои работи во креветот. Гарантирано нема да погрешите.

6. Мисли дека треба да го „купи“ сексот
Многу често гледаме како мажите ги носат девојките на вечера, им купуваат цвеќиња, а за тоа очекуваат да добијат секс. Праксата, рака на срце, покажала дека е тоа успешен начин, но исто така треба да знаете дека со тоа единствено ги навредувате вашите девојки бидејќи ги сметате за толку ниски, а второ, се навредувате и себе си со тоа што треба да признаете дека мора да „платите“ за таа да се заинтересира за вас сексуално.

Да се купуваат подароци за девојката е прекрасно, девојките сакаат подароци, но тоа никогаш не го правете во очи сексот. Правете го непланирано и обидете се да направите изненадување. Но, сексот, обидете се да го добиете со тоа што ќе бидете заводливи и шармантни.

7. Нема предигра
Не се брзајте да пенетрирате во неа. Освен ако не ви рече „аман ајде влегувај“, тогаш слободно занимавајте се со петинг, колку што имате желба. Штосот е што, жените предиграта не ја ни сметаат за одделен дел од сексот. За разлика од мажите, тие можат да доживуваат оргазми и за време на предиграта, па затоа бидете свесни дека никогаш не е доволно предигра, а девојката никогаш неможе да биде премногу „запалена“.

Од прилика, времето коешто сметате дека е нормално за пенетрацијата, треба да биде времето коешто ќе го потрошите и на предигра.

8. Пребрзо „свршува“
Ова е точка за којашто сите мажи се свесни. Секој еден знае дека треба да издржи што подолго. Но, колку навистина е тоа подолго? Пет минути? Петнаесет? Два часа?

Испитувањата велат дека сè што е над 10 минути, но квалитетно, ќе биде доволно за девојката да биде задоволна. Исто така, многу девојки е бидат радосни ако по направената „пауза“, продолжите со втора партија. Епа момци, ова е лесна математика.

9. Мисли дека нејзиното нерасположение е нормална работа
Девојките знаат да менуваат расположение за работи за коишто на мажите не им се јасни. Но, една работа и тоа како е јасна. Ако девојката не е задоволена во спалната соба, нејзиното расположение и односот кон парнерот со текот на времето ќе стане ужасен.

Дури и да не сте Аполон или надарен во „онаа“ смисла, ќе мора да пронајдете начин како таа да доживува оргазми со вас. Пробајте секси играчки, масла, создавајте посебна атмосфера, трудете се едноставно. Важно е дека секоја жена, ќе остане покрај својот маж каков и да е, ако тој успее да ја задоволи во креветот. Можете да немате скршен денар и да бидете најпростиот на светот, ако таа редовно доживува оргазми со вас, вечно е ваша.


10. Престанува со учење
Сите оние коишто мислат дека научиле сè што треба во врска со сексот, се лажат. Сексот, исто како и секоја друга област, бара вежбање, кондиција и континуитет. Никогаш не смее никој да помисли дека нема што повеќе да научи или да одбие некакво ново искуство.

Исто како и на мажите, така и на жените, сексот може да им стане многу досаден ако постојано се случува истото. Дури и тоа коешто на почетокот било добро и одлично ги задоволувало двајцата, со текот на времето може да стане исклучително монотоно. Затоа, не се срамете да ги посетите секси шоповите. Тие отвораат еден сосема нов свет на сексот.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2011 во 05:47

Ниту една поза во сексот не доби култен статус како онаа која пружа истовремено уживање и на едниот и на другиот партнер, односно популарната поза 69.

 

Иако оваа поза не е баш на првото место на листата на најпопуларните пози за постигнување на врвот на сексуалното задоволство, со добра волја и опуштено тело освен што уживањето нема да изостане, вас може и да ве преплави истовремено.

За и против

Предноста на позата 69 е тоа што и двајцата партнери имаат можност истовремено да го доживеат големото задоволство. Иако звучи контрадикторно, тоа е истовремено и најголемата мана на оваа поза. Фактот дека двајцата партнери имаат можност да се препуштат на уживањето на оралниот секс тоа може да доведе до моментот еден од партнерите своето задоволство да го стави на прво место.

Без воздржување

Ако се опуштите и се одлучите за оваа поза немојте да се срамите. Испробајте ги сите движења кои ќе ви паднат на памет и успехот е загарантиран. За да внесете уште повеќе возбуда, обидете се со најразлични “фризури“ кои нема да поминат незабележано. А со оглед на тоа дека оваа поза е доста еротска, жените треба да бидат внимателни – експертите препорачуваат мажите први да ја започнат играта.

Кој е каде?

При изведување на оваа поза, жените би требало да бидат под мажите – така на мажите ќе им биде полесно да ги задоволат своите партнерки, а тие повеќе ќе уживаат. Пожелно е и користење на рацете за поголема стимулација.

Удобност

Доста важен елемент е и удобноста. Не се воздржувајте користете повеќе перници за да ги придржувате одредените делови на телото. Што поудобно се сместите, полесно ќе се опуштите. Бидете опуштени – само така ќе можете да испробате повеќе пози и ќе можете подолго да се задржите. Доколку телото ви е вкочането, не само што нема да ги доживеете предностите на оваа поза туку ќе ви биде незгодно па дури и болно.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2011 во 23:08

Автомобилот е симбол на слобода, моќ и општествен статус. Тогаш зошто да не пробате секс врз автомобил?

Првиот услов да имате секс врз автомобил е да поседувате автомобил Немојте да го правите тоа врз туѓ автомобил. Најмногу одговараат помасивните автомобили и оние од класата седани, со што е можно повеќе хоризнтално поставена хауба. Пред да се решите за секс врз автомобил, препорачливо е да го измитети исполирате автомобилот за да можете да се огледувате од него за време на одосот, а и да избегнете некога мушичка да заглави на вашиот задник.изненадување Ако сте пополнички, внимавајте каде седите и се потпирате – кога страста ќе се разгори лесно може да го извиткате металот.губитник Од хигиенски причини во близина имајте марамче или пешкир. Внимавајте и на тоа хаубата да биде ладна. Ако автомобилот е во темна боја, металот лесно се загрева, сигурно не сакате да завршите со изгореници.

Најлесната и најпрактикуваната положба при секс врз автомобил е врз хаубата, на предниот дел од автомобилот. Жената седнува на хаубата, мажот и пристапува и тогаш забавата може да почне. Таа може да го прегрне со нозете околу неговите колкови, да легне и да ги стави нозете на неговите рамења. Оваа позиција е погодна и за полесна анална пенетрација. црвенеењеАвтомобил со пострмна хауба не е погоден за оваа положба.

Ако имате квалитетен автомобил, качете се на браникот. Жената нека се заврти и можете да прдолжите во “кучешки стил”. Внимавајте да не го извиткате металот со колената. За храбрите и силните еве уште една можна положба. Жената нека легне врз градите, нека се држи со рацете за левата и десната страна на автомобилот, а мажот ги зема нејзините нозе и ги бвиткува околу своите колкови. Оваа позиција овозможува стимулација на Г-точката кај жената, а жената всушност го прегрнува автомобилот. голема%20насмевкаОваа положба им ја препорачуваме на сите жени кои вистински сакаат автомобили.

Секс може да имате и врз покривот на автомобилот. Со ова не се кршат никакви бариери, бидејќи сексот на покривот од автомобилот е ист како секс на било која рамна површина.кул Само мора да ве предупредиме, иако автомобилите изгледаат прилично издржливи, 150 килограми на покривот, на металот, концентрирани на две-три точки можат да остават траги врз автомобилот.изненадување Ако сте го позајмиле мерцедесот на тато, внимавајте кога имате секс врз покривот. Можеби е поинако со спортски автомобил. Обидете се!

 

Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13922
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 10:37
 vaka neshto bi izgledalo голема%20насмевка
 
 
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2011 во 14:29
Секс пози за лето

Секс во када

Наполнете ја малку кадата и пуштете го тушот да тече. Легнете на страна и потпрете се на едната рака. Подигнете ја горната нога високо, а тој нека влезе во вас така што вашата нога ќе биде на неговото рамо. Неговата пубична коска ќе го трие вашиот клиторис и во оваа поза ќе го зголемите задоволството, а водата која ќе прска ќе ви овозможи суптилна масажа.

Возбудливо под туш

Застанете под тушот свртени еден кон друг. Гушнете го саканиот и ставете ја својата лева нога околу неговата половина. Тој нека ја постави својата десна нога под вашата, со цел да ја зацврстите позицијата.

Влажно и лизгаво

Застанете веднаш под тушот од кој тече силен млаз вода и потпрете се со рацете на плочките. Наведнете се лесно напред и држете ги рамената исправено. Вашиот партнер нека пенетрира одзади. Оваа поза гарантира задоволство бидејќи освен тоа што можете рачно да го стимулирате клиторисот, водата дополнително ве возбудува.

Јавно и тајно во исто време

Влезете во вода до градите и свртете се еден кон друг. Фатете се за неговите рамена додека нозете ви се позиционирани околу неговата половина. Позата е одлична бидејќи во исто време е интимна и можете да ја прекинете кога сакате, особено ако забележите дека некој ве гледа.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2011 во 13:23
  •  

    Крвната група покажува какви сте во сексот

    http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/07/22/krvna%20grupa-ljubov.jpg

    Крвните групи, освен начинот на кој треба да се храниме, ги откриваат и карактеристиките на поединецот, неговиот потенцијал, но и скриените склоности во љубовта и сексот.
    Крвна група нулта.
    Лицата со оваа крвна група, во љубовта се однесуваат како и во работата, односно тие се темелни и упорни, без комплекси и настапуваат отворено кога заведуваат.
    Жените со крвна група нулта се отворени и преполни со шарм. Тие ги сакаат оние мажи во кои можат да имаат доверба. Потребни им се комплименти и докази за тоа колку вредат. Кога се во врска или брак, се многу верни, а имаат потреба за физички контакт и страстна љубов.
    Додека пак мажите кои ја имаат оваа крвна група, сакаат да заведуваат и се вистински авантуристи, па поради тоа, понекогаш се неискрени и кон себе. Колку подолго ќе го оставите да чека, ќе биде поупорен и повеќе ќе ве засака. Тие се многу чувствителни, совршени љубовници, со кондиција во кревет која изненадува.
    Крвна група А. Лицата со оваа крвна група понекогаш имаат тежок емотивен живот, благодарение на своите главни карактеристики: срамежливотст, повлеченост и страв. Многу тешко ги искажуваат чувствата и се плашат да им се препуштат. Им недостасува храброст, а тоа само повеќе им штети.
    Жените со крван група А поседуваат неограничена љубовна фантазија. Тие уживаат во големи и страстни љубовни приказни. Во реалниот живот, им недостасува самодоверба, плашливи се и крајно затворени и повлечени. Се плашат од вљубување и многу тешко им се препуштаат на чувствата. Во бракот се одлични сопруги, иако не се претерано штедливи.
    Мажите со оваа крвна група се нежни, силни и преполни со разбирање. Сепак, често немаат доволно самодоверва, па бараат сигурност во врската и жени со слични карактеристики.  За да бидат среќни во љубовта и да имаат добар секс, не им е потребна експлозивна страст.
    Крвна група Б. Тоа што нема врска со срцето, за нив не постои. Не прифаќаат никакви правила или норми, не се придржуваат на забраните. Преокупирани се со моменталната ситуација и не ги интересира иднината.
    Жените со крвна група Б се многу динамични, а во јавниот живот понекогаш и екстравагантни. Но, кога ќе го сретнат мажот на својот живот, стануваат повлечени, дистанцирани и наводно доблесни. Фантазираат, оптимистични се, меѓутоа, сексот за нив мора првенствено да биде хигиенски.
    Мажите со оваа крвна група се многу необични. Тие уживаат да заведуваат. На сите жени кои ги среќаваат им делат комплименти, па во нивно друштво тие се чувствуваат посебни и единствени. Но, кога вистински ќе се вљубат, остануваат без текст. За нив сексот е многу важен, инвентивни се и совршени во него.
    Крвна група АБ. Овие лица живеат во склад со своите чувства, па поради тоа понекогаш делуваат наивно.
    На жените со крвна група АБ, не им е многу лесно, затоа што истовремено се големи фантазери, но и рационални. Тие ги фасцинираат мажите со својата необичност, но во тоа претеруваат, па тешко освојуваат. Во бракот се добри сопруги, кои го сакаат својот дом и децата.
    Мажите со оваа крвна група не сакаат да зборуваат за љубовта. Уживаат во друштво на жени, кои ги привлекуваат како магнет. Преокупирани се со сексот и во него одлично се снаоѓаат.



  • Изменето од емил - 23.Јули.2011 во 13:24
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 49>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,234 секунди.