![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 128129130131132 138> |
Автор | |
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
NEKOGAS DA NAPISES PESNA E ISTO TOLKU TESHKO, OD DA NE JA NAPISES
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
![]() |
|
ekszi88 ![]() Сениор ![]() ![]() In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мојот обид за книга ... само неколку реда се
Во него ја видов сликата на мојот живот... какво безредие. Темен свет каде само столбовите од веќе урнатите мостови се издигнуваат како споменици. Ја чувствувам неговата болка, тој е огледало на мојот свет, како две души близначки да се разделени во две различни сиропиталишта напуштени од нивните сопственици... Како две јаднички заборавени од нас кои низ маглата неуморно се борат барем да го чуеме шепотот нивни молитвен во глувата ноќ. Борба, глува борба без крикови. Само телото занемено ја општи нашата болка. Се погледнувам во огледалото пробувајќи да го видам сопствениот израз, а се што видов беше лице потопено во солзи. Со солзите сакав само да ја омекнам сувата распукана кожа на која подоцна ќе може со свежи бои да се наслика една обична искрена насмевка. |
|
![]() |
|
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Непријателе мој,
ти кој ме измачуваш до незамисливост, ти кој си ме оковал во синџири, сурово и безмилосно ме оставаш истоштена небаре сум некаква ќерка на Прометеј, не бираш време и место, ниту начин .....а благодарна треба да ти бидам. Благодарна за твојата лечебна моќ, зашто поголем еликсир од тебе немам, и подобар пријател не можам да најдам. |
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗАТВОРИ ГИ ОЧИТЕ Затвори ги очите ако ме гледаш , значи дека планината е после ридот, морето е после езерото, мислата е замислата… Зaтвори ги очите ако ја осеќаш топлината, значи дека телото е пред светлината, раката е пред далечината, желбата е бесконечна… Затвори ги очите ако чуствуваш чукање значи дека срцето е пред душата, крикот е пред тишината, зборот е недослушан… Отвори ги очите… дали сум јас ТАА ?? |
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Изгубив скроз на скроз инспирација, ама изгледа повторно се вракам. Со ова сакам да ги поздравам Кејт, Мајсторче, Квентин, Филмадјика, Под водно... луѓе да знаете дека ми фалите. Темава веке не е она што беше.За жал.
Можeш слободно да ми судиш зашто те користам како лосион за тело Ке се впијам сета во тебе за потоа цела нок да мирисам на твојата свиленкаста кожа. Така ми е убаво. Така мислам дека сонуваш до мене. Така сонувам како одиме по млечни патишта со крцкави чекори заборавајки на се, дишејки го воздухот од ванила. И откако ке излезам од твојата прегратка во очите ти гледам -Заборави, ме имаш мене. На тоа моите одговараат-Не, ти заборави. Ти си понастрадан, а јас сум тука да те пратам како безгласна сенка во нокната тишина. Сакајки се да си кажеме бесчујно мислејки прегратките ке се разберат, само климаме со главите и замижуваме. Убаво ти е вака? Секако ми е убаво..кога сум со тебе. А одвнатре безчуен крик-Не оставај ме, потребен си ми ... Изменето од La Ninja - 21.Август.2011 во 15:03 |
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
за La Ninja
![]() ![]() „Прочистување“ Како безимени телефонски броеви заборавени во џебовите на времето, животот нè набута во својата машина за перење, нè накисна, нè нагмечи, нè исцентрифугира, и сега прочистени од љубовта кон ближниот, исплакнати и стерилни, се сушиме на сонцето, додека избледуваат и последните сеќавања на тоа што сме биле. |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
шо сте убави и двете
![]() |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
химна за годишнина од матура... (дваеска) ![]() |
|
![]() |
|
ekszi88 ![]() Сениор ![]() ![]() In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Слушам глас. Како изминува времето станува се погласен. Претходно беше само некаков шум за кој мислев дека е безвредно да се троши моето драгоцено време. Драгоцено време? Да, но залудно потрошено на кошмари, залудно потрошено под маскиве. Се задушив веќе. Претесно ми е под наметкава. Растам.
“Сакам да живеам” “Сакам да умрам” Ден и ноќ сум со оваа борба. Се будам со оваа војна, заспивам со истата. Се смеам со истата, плачам со истата, се повредувам со истата. Јас не сум куфер, ниту пак сум предмет во куфер. Јас сум душа заробена во некоја трагична приказна чиишто фотокопии ко летоци се шират низ ветриштата. Кој рече дека мастилото не се брише? Кој рече дека не можам да ја изгорам хартијата и словото да се престори во пепел? Па макар и да е изрезбано на камен, кој е тој чекан што не може да ја совлада цврстината на каменот? Тоа сме и ние луѓето. Се правиме силни и ја негираме сопствената кревкост, но таа постои. И ние се рониме. А јас? Јас сум едно тажно девојче. Јас сум и налутено девојче. Стојам на работ од карпата и размислувам дали да скокнам во бездната и да не се вратам. Ми кажуваат да не се лутам, не треба, но не разбираат, јас сум кревка како и нив, јас носам лутина каква што тие не си признаваат, јас носам неисплачени солзи како што и тие ги голтаат. Јас носам неискажана приказна. Приказна зад маски. Се кријам како и сите, просам за малку прифаќање за да преживеам, а не гледам дека умирам од себе отфрлање. Раскрсница. Живот или смрт? Живот неизживеан кој носи до смрт или смрт од која нема назад? Мене сето тоа ми е исто. Нема да го одберам ниту едното ниту другото. Јас само сакам да го живеам мојот живот. Сакам да чувствувам. Сакам да се соочам со демоните и да ги победам. Оние демони кои ме тераат да посегнам со ножот по себеси. Многу реченици прочитав, барав причини надвор од себе. Сеуште ги барам, но секогаш наидувам на еден ист одговор: ПОГЛЕДНИ ВО СЕБЕ! Па што чекам? |
|
![]() |
|
Autumn ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 03.Октомври.2011 Статус: Офлајн Поени: 12 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Капка по капка,
а веќе цел океан пред нас. Твоето семе, мојот немир и веќе сме едно. Пепел од твоите слабини, а оган во мене. Ти мирувај, јас ќе живеам! |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 128129130131132 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |