IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 20>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2011 во 13:11

Фолатите го намалуваат ризикот од колоректален канцер

Конзумирање на голема количина фолати во водата растворена со Б витамини кои природно се наоѓаат во храната, може да го намали ризикот од колоректален канцер (рак на ректумот и дебелото црево), покажаа најновите американски истражувања.

- Утврдивме дека сите форми и извори на фолати се во врска со помал ризик од колоректалниот канцер, изјави ракводителот на студиите, Викторија Стивенс од Американското друштво за рак.

Утврдено е дека најделотворени се така наречените „тоталните фолати“ кои освен природно во храната ги има и во прехранбените производи збогатени со фолна киселина како и додатоците на исхраната кои ја соддржат оваа киселина.

Истражувањето е направено на речиси 100.000 лица во рамките на американските студии за превенција од канцер 2.

Во САД збогатувањето со некои прехранбени производи на фолати почна уште во 1999 година. Во првите две години по примена на овие мерки не е забележана никаква промена на бројот на заболени кај испитаниците, но од 2002 година до 2007 година заболувањето од колоректален канцер многу е намалена.

Фолатите спаѓаат во есенцијална нутритивна состојка за раст на клетките, вклучувајќи ја синтезата и репарацијата на ДНК.

Иако овие процеси се од клучно значење за развој и диференцијација на клетките, односот меѓу внесувањето на фолати и заболување од рак веќе подолго време се истражува посебено кога е во прашање колоректалниот канцер.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2011 во 15:27
Боровинките ги зајакнуваат коските

Боровинките содржат посебни супстанци кои имаат позитивно влијание врз формирањето на здравите коски, објаснуваат лекарите.

Специјалистите се надеваат дека ова откритие може да се користи при развојот на нови методи за спречување на губење на коскена маса и остеопороза.

За време на истражувањето научниците им давале на опитните животни посебна материја со сушена прав од боровинки. По завршувањето на експеримент било откриено дека животните кои не добивале од боровинките имаат помала густина на коските. При лабораториските испитување на крвта на животните било утврдено дека серумот добиен од боровинките ги прави коските поздрави.



Изменето од Valerija - 16.Јули.2011 во 15:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2011 во 16:06

Задолжителни продукти на женското мени

Знаете ли кои продукти не смеат да недостасуваат на менито на жените - без оглед на годините? Тоа се петте задолжителни: Брусница, ореви, грав, риба и домати

БРУСНИЦИ
За првото место на скалата пет задолжителни може да заблагодарат на фактот дека помагаат во спречувањето на инфекциите на уринарниот систем - доволно ќе биде секој ден да пиете по 100 мл сок со кој можете да подготвите и млечна напивка.

ОРЕВИ
Богати се со масните киселини омега-3, помагаат при ублажувањето на воспаленијата и го зголемуваат количеството на добриот холестерол. Исто така, делотворни се и при депресија, но и го намалуваат ризикот за настанок на Паркинсоновата болест.

ГРАВ
Оваа благотворна мешунка штити од болестите на срцето, богата е со магнезиум, калиум и фосфор. По две раце грав препорачливо е да се јадат шест пати неделно, во салати или во чорби.

РИБА
Во вашата чинија би требало да ја има барем два пати неделно ако сакате да ги заштитите срцето и крвните садови. Особено се препорачува риба од ладните мориња, на пример лосос и туна.

ДОМАТИ
Благодарение на антиоксидантот ликопен, се намалува ризикот од настанок на рак на дојката за дури 50 отсто. Исто така, доматите се непријател на високиот крвен притисок и на лошиот холестерол.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2011 во 16:19

Доматите незаменлив извор на здравје и убавина

Доматите можат да се вклопат во многу јадења, особено за време на овој период од годината, кој изобилува со превкусни свежи плодови од овој зеленчук. Но, вкусот не е единствената негова предност. Истражувањата на калифорнискиот институт уште еднаш потврди дека состојките на доматите се чудесни за здравјето на луѓето.

Во лушпата на доматот има бифлавоноиди кои ги намалуваат алергиските реакции и запаленија. Припадничките на понежниот пол кои се борат со вишокот на килограми ќе ги развесели веста дека доматите содржат лептин кој позитивно влијае врз метаболизмот, го намалува апетитот и помага при слабеењето.

Освен калиум, витамините А, Ц и Е, како и фолна киселина, доматите содржат и бета каротен кој ја штити кожата од штетните сончеви зраци.

Истражувањето покажало и дека консумацијата на домати го намалува ризикот од тумори на јајниците, срцеви заболувања, како и од хронични заболувања на белите дробови.

Доматите имаат црвена боја заради ликопенот кој го содржат, а кој има многу важен ефект, односно антиканцерогено дејство во телото. Така, мажите кои во текот на една седмица консумираат четири оброци со домати го намалуваат ризикот од рак на простатата за 40 проценти.

Имајте предвид дека доматите е подобро да се консумираат готвени бидејќи содржат повеќе ликопен, за разлика од свежите.

сподели%20на%20Facebook
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2011 во 05:58
Интересен податок: Лубеницата е здрав зеленчук кој најпрвин растел во пустината Калахари во Африка, пред илјадници години. Содржи 90% вода и 10% овошен шеќер. Од витамини содржи Б, Ц и каротин. Од минерали содржи калиум, магнезиум, фосфор, калциум, цинк, железо и бакар. Содржи ликопен - антиоксиданс кој му помага на организмот во борбата против ракот и го заштитува од разни болести
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2011 во 06:17

Ротквиците и сочни и лековити

Ротквиците не се само сочни, туку со изобилството лековити супстанции обезбедуваат раст на клетките, ги уништуваат бактериите и габите во желудникот и во цревата. Исто така, го поттикнуваат лачењето на соковите и го забрзуваат варењето, ја дезинфикуваат усната празнина и штитат да не се формира камен во жолчната кеса, бубрезите и во мочниот меур. Освен тоа, го намалуваат високото ниво на холестеролот и маснотиите во крвта, го активираат нервниот систем и ги прочистуваат дишните патишта.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2011 во 16:05

Најдобри намирници во служба на вашето здравје

Бирајте што јадете и чувајте го вашето здравје. Следниот пат кога ќе го отворите фрижидерот имајте предвид дека брокулата и спанаќот го намалуваат ризикот од рак, а рибата, пак, е вашиот најдобар сојузнук во борбата против стареењето и заштита на мозокот.

Дознајте кои се најздравите намирници и за што најмногу помагаат.

Брокула за здрави коски и превенција на рак

Брокула со средна големина содржи повеќе од 100 проценти од оптималната дневна доза на витаминот К потребна на организмот и речиси 200 проценти од препорачаната дневна доза витамин Ц, кои се два важни витамини за изградба на коските. Исто така, брокулата помага во превенција на многу малигни болести. Се препорачува да се јаде свежа или благо термички обработена, со цел да се зачуваат не�%c
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2011 во 16:06

Изберe свој начин на „чистење“ на организмот

Главоболка, проблеми со кожата, лош здив, затвор, лошо расположение... Препознавањето на овие симптоми кај себе е показател дека на вашето тело му е потребна детоксикација.

Кога во организмот внесуваме премногу шеќери, масти, адитиви и други штетни материи, истиот мора да потроши доста енергија за да се исчисти од отровите. Со текот на времето нему му останува сè помалку енергија за другите метаболитички процеси, заради што се забавува неговото функционирање. Црниот дроб и бубрезите, како главни прочистувачи, стануваат преоптоварени.

Иако претставува главен дел, чистењето на организмот не подразбира само промени во навиките во исхраната, туку и вежби и соодветна нега на телото. Позитивните резултати од детоксикацијата не се однесуваат само на намалување на телесната тежина и масните наслаги, туку и на поубава кожа, подобра кондиција, повеќе енергија, помалку целулит...

Покрај тоа што секој треба да си избере свој начин на чистење на организмот кој најмногу би му одговарал, повеќето експерти препорачуваат детоксикација со овошје и зеленчук, која најдобро и најефикасно го чисти организмот од отровите кои ги внесуваме. Според оваа детоксикациска диета, за појадок треба да консумирате овошје, а за ручек и вечера зеленчук.

Постојат многу детоксикациски диети кои траат и со недели, но сепак детоксикацијата се препорачува да се врши еднаш месечно, и тоа најдобро во времетраење од 36 до максимум 72 часа. Првиот ден нема да чувствувате никакви промени, освен веројатно глад, но веќе од вториот ден подгответе се за појава на главоболка и лош здив, кој се јавува заради излачувањето на отровните материи, а тоа ќе го забележите и по белите наслаги на јазикот. Ако се одлучите за детоксикација подолго од три дена, што не се препорачува без лекарски надзор, би можеле да се чувствувате уморно, да имате главоболка и чести промени во расположението.

За време на детоксикацијата дозволено е да се пие вода и природни сокови, но никако чај, кафе и алкохол. Ананасот, цвеклото, лукот, грозјето, јаболките, лубеницата, магдоносот, мангото и празот се најдобри намирници за чистење на организмот.

Празот го подигнува нивото на добриот холестерол и помага за регулирање на шеќерот во крвта; зелената салата е најдобра за прочистување на црниот дроб; јаболките го намалуваат холестеролот и содржаи пектин кој помага за отстранување на токсините, додека магдоносот претставува диуретик и го поттикнува мокрењето, заради што е многу корисен за бубрезите. Ананасот е една од најкорисните намирници кога станува збор за намалување на телесната тежина, но и за детоксикација на организмот воопшто. Ова овошје го поттикнува финкционирањето на цревата и го подобрува варењето.

Многу е важно да имате предвид дека детоксикацијата не подразбира само промена во прехранбените навики, туку и зголемена физичка активност, која е од големо значење. Пешачењето и трчањето се вежби кои ќе ви помогнат полесно да ги согорувате мастите, да ја подобрите општата кондиција и да ја зацврстите мускулната маса на телото.



Изменето од Valerija - 23.Јули.2011 во 16:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2011 во 13:35

Напивки од домати

* Направете сок од три цвекла, 260 мл сок од домати, една лажица јогурт и една лажица цечкано цвекло. Сите состојки добро измешајте ги.
* Коктел со павлака: 200 мл ладна павлака, 200 мл ладен сок од домати, гранче и листови од целер, сол, бибер, коцки мраз. Сето тоа добро измешајте го.
* Млечна напивка за крепкост: 125 мл млеко изматете со три супени лажици сок од домати и додадете една лажица ситно сечкан кромид.
* "Блади Мери" против мамурлак: 200 мл јогурт, 200 мл сок од домати, сол по желба и на врв од ножот мелен црвен пипер.
* Вкусно мезе - издлабете коктел домати. Фета сирење измешајте со сечкан босилек, сол и бибер. Со смесата од сирењето полнете ги доматите, наредете ги во тегла и прелијте ги со маслиново масло. Вака приготвените коктел домати се идеални за родендени и други забави.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2011 во 00:29

Доматите во секоја диета

Исклучиво плодот има лековита примена, пред сè, од домашните сорти на домати. Најдобро е да се употребува како сок или како салата. Овој зеленчук спаѓа во групата билки идеални за борба против вишокот килограми. Составот на јаглени хидрати го прави соодветен за исхрана на дијабетичарите, а особено е важен зашто го поттикнува панкреасот подобро да работи. Присуството на целулоза помага за побрзо празнење на цревата, па доматот е извонредно средство против запек. Тој е мошне корисен и при лекувањето на хемороиди, зашто има својство да ја омекнува столицата. Плодот содржи и до пет отсто киселини и тоа јаболкова, лимонска, винска и килибарна. Големата содржина на киселини овозможува доматот како ретко која друга билка да ги поттикнува соковите за варење. Половина од изобилството минерални материи е драгоцениот калиум, во поголемо количество присутни се и фосфорот, магнезиумот, калциумот. Доматот се смета за најдобар природен извор на бакар, а манганот, сулфурот, кобалтот, јодот и радиумот се наоѓаат во траги.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 13:17

Правила во исхраната

1. Наместо путер, свинска маст и павлака, во храната додадете маслиново масло.
2. Секојдневно изедете најмногу 10 мл масло од житарки, најдобро во салати.
3. Внесувајте го разумно дневното препорачано количество на маснотии: една мала порција торта со слатка павлака содржи исто или дури и повеќе заситени масни киселини како и една голема порција месо кое побрзо заситува, а содржи и други хранливи состојки (белковини, железо).
4. Јадете сирење два до три пати неделно. На постарите лица им се препорачуваат само мали количества на млечни производи. Ако имате зголемен холестерол, тогаш јадете исклучиво немасни видови на сирење, но многу ретко.
5. Предност дајте му на белото месо пред црвеното, зашто содржи помалку заситени масни киселини.
6. Јадете многу риба, барем два до три пати неделно, зашто рибата е богат извор на омега-3 масните киселини, а не содржи многу заситени масни киселини.
7. Јадете мали количества на салами: ако изедете само пет до шест грама салама, тогаш тоа уживање можете да си го овозможите речиси секојдневно. Ако, пак, не можете да им одолеете на саламите, тогаш обидете се да ги јадете оние кои се помалку масни. Не јадете сланина.
8. Секогаш отстранувајте ја целата видлива маснотија од месото, шунката, пршутата...

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2011 во 16:23

Боровинките ги зајакнуваат капиларите

* Го подобруваат видот и ги зајакнуваат капиларите. Од сето шумско овошје, најмногу се користат за подготвување желе.
* Што содржат:
Пет проценти шеќер, органски киселини и витамини, најмногу витамин Ц. Во сто грама боровинки има 25 калории.
* Зошто се добри
Содржат супстанции што го обновуваат заштитниот слој на мрежницата на окото подобрувајќи го видот. Ги заштитуваат и капиларите...
* Им се препорачуваат на...
Сите оние што имаат проблеми со видот, на оние што имаат чувствителни капилари и слаба циркулација.
* Дозволено количество
Една до две лажици желе секој ден.
* Се подготвува:
Најдобро е да се подготвуваат како дел од овошната салата со малку лимонов сок, а може да се сварат со шеќер, во желе. Количеството на витамините не се менува

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2011 во 06:04

Ладни супи за топлите денови

Макробиотичката исхрана препорачува дека во врелите летни денови најдобро ќе ве освежи ладна супа од сезонски зеленчук, на пример краставици. Краставиците, млекото (овесно, соино), оцетот (умебоши) и маслото од кикиритки испасирајте ги во соковник, а густината нека биде по вкус. Разладете и изедете.

* Брза супа: Ренданиот зеленчук прелијте го со врела вода, додајте малку сос од соја или мисо (паста од ферментирана соја).

* Овошен сок: Според макробиотичките правила, најбалансиран е сокот од јаболко. Доволно е само да го иситните и да го испасирате. Комбинирајте по вкус, но внимавајте киселото овошје да биде во согласност со благото овошје. Пожелно е сезонското овошје карактеристично за нашето поднебје (јаболка, круши, лубеници, боровинки, малини). Макробиотичката исхрана го избегнува јужното овошје, значи, што е можно помалку банани, киви, папаја, па дури и портокали.

* Овошно фрапе: Овошјето по избор, на пример диња со средна големина и една банана - здробете ги (најдобро е рачно, но може и во соковник) па засладете по желба. Додајте млеко, најдобро она од зоб или соино, а за подобар вкус се препорачува масло од оревести плодови и капка етерично масло од портокал. Се добро измешајте и уживајте.

* Чаеви од житарки
Во загреана тава ставете лажичка од две измиени и исцедени житарки (ориз, овес, јачмен) пропржете ги на благ оган, потоа додајте литар вода и варете 15 минути. Процедете и по вкус додајте лимонов или јаболков сок, јаболков оцет...

* Чаеви: најдобро освежува чајот од нане, малини, капини. Пијте ги млаки.

* Компоти: Кратко проварете го овошјето во малку вода со сосема малку сол, а по желба засладете. Рецептите на нашите баби исто така можете да ги примените, но шеќерот заменете го со слад.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2011 во 23:50

Здравјето влегува преку устата

Нашите барања, кога храната и исхраната се во прашање, треба да бидат големи: сите продукти мора да изгледаат толку добро што и самиот поглед на нив ќе ни отвори апетит! Исто така, неопходно е и пожелно е да бидат мошне вкусни и, се разбира, свежи и здрави.

1. ЖИТО И НЕГОВИ ПРОДУКТИ - интегрални лебови, тестенини и различни грицки.

2. ЗЕЛЕНЧУК - важно е да се користи сосема свеж зеленчук, по можност третиран со што помалку пестициди, малку обарен или суров.

3. ОВОШЈЕ - се препорачува да се јаде тогаш кога му е сезоната, но и да е што е можно побогато со витамин Ц.

4. МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ - треба да се јадат умерено, внимавајќи на процентот на маснотии.

5. МЕСО И МЕСНИ ПРЕРАБОТКИ - протеините од животинско потекло му се потребни на организмот, но во ограничени количества.

6. МАСНОТИИ - препорачливо е да се заменат со оние од растително потекло, а најдобро со маслиново масло.

7. ТЕЧНОСТИ - за да може влакнестите материи да ја исполнат функцијата, треба да се пијат што повеќе течности: дневно до два литра минерална вода, чај или природен сок.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.