IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Само за грешници! Новиот Почеток
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Само за грешници! Новиот Почеток

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
Автор
Порака
Reformator Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Reformator Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Само за грешници! Новиот Почеток
    Испратена: 11.Јули.2011 во 17:27
Се сеќаваш ли на твоите најголеми гревови? Памтиш ли што се имаш направено погрешно уште од твоите младешки денови до денеска? Го знаеш ли бројот на твоите погрешни избори?
Ги паметиш ли сите моменти кога си бил повреден од некого? Ти доаѓаат ли во мислите сите периоди кога си бил во ужасна ситуација поради нечии туѓи погрешни избори?
Господ е Бог на нови почетоци.
На секои 24 часа, ни подарува нов ден. На секои 7 дена- ни дава нова недела. На секои 365 дена- ни дава нова година. Денеска почнува нов месец.
За жал, многумина не добија денеска нов месец. Според некои статистики, дневно умираат над 150 илјади луѓе низ светот. Ние сме среќни што не сме еден од нив.
Господ ни дава нова можност. Не е важно колку пати досега сме паднале. Важно е дали уште еднаш ќе станеме. Денеска е денот кога Господ ти дава нов, бел, неизвалкан лист хартија.
И ти драг читателу, без разлика на сите твои грешки што си правел досега, имаш нова можност. Нова можност која многумина, многу подобри од тебе денеска ја немаат! Шанса која по ниту еден основ не ја заслужуваш. Шанса која ти е подарок, дар од твојот Небесен Отец, како израз на Неговата огромна љубов кон тебе.
Колку си бил полош- толку подобро, толку повеќе овој текст е наменет токму за тебе! Колку повеќе гревови си сторил во твојот живот- толку повеќе милоста Божја се покажува во нејзината полнота. Без оглед дали си бил убиец, лажго, измамник, крадец, прељубник, блудник, наркоман, пијаница, тепач, неверник, богохулник или сето ова заедно… И ако си бил жртва на некој кој бил нешто од сево ова, Небесниот Татко Кој може да ги исцели сите твои рани ти се обраќа тебе денеска! Без разлика на сето твое минато, Господ ти подарува нов почеток. Божја волја е да ти даде нова шанса, да те поправи и да те исцели. Денеска… утре можеби ќе биде предоцна!
И јас сфаќам дека е тешко да се поверува во ова. Знам дека гревовите твои ти тежат на твојот грб и дека не ти се верува дека Бог те љуби тебе, најголемиот грешник од сите. Но, знај дека Исус дојде токму за такви како тебе. Во една прилика рече: ,,Лекар не им треба на здравите туку на болните, јас не дојдов за праведниците, туку за грешниците’’. Да, токму за такви луѓе како тебе и како мене дојде Исус и ја зеде на себе казната за нашите гревови. Наша одлука е дали ќе поверуваме во тоа и ќе добиеме спасение или ќе останеме под казната на нашите гревови. Бесплатно спасение имаме на располагање, наше е како ќе одлучиме. Библијата го гарантира ова. Апостолот Јован во неговото Евангелие во кое го опишува животот на Синот Божји на Земјата пишува вака: ,,Зашто Бог толку ги засака луѓето од овој свет, што Го даде Својот Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него, туку да има вечен живот.“(Исус во Јован 3:16), и повторно на друго место ,,Ве уверувам дека секој што ја слуша Мојата порака и верува во Бога, Кој Ме испрати, има вечен живот и нема да биде осуден за своите гревови, зашто таквиот веќе преминал од смрт во живот.’’(Зборови на Исус во Евангелие по Јован 5:24).
Ако веруваш во ова- честитки! Ти си спасен човек, вечноста те чека. Но, ваквата вера во Божјата љубов кон тебе грешниот, мора да произведе покајание. Токму покајанието е можеби единствената работа за која еден ден нема да се покаеш! ,,Покајте се!’’- беше првата Христова порака до светот. Верата во Христа во тебе ќе роди покајание, целосна промена во твојот живот. Твојот ум, твоето срце, твојот карактер, твојот начин на однесување и живеење, треба да се промени затоа што е погрешен. Речиси се што си сторил досега е погрешно. Без вера во Христа, немаме потенцијал да сториме нешто свето. Се што правиме е погрешно. Верата и покајанието се двете крила кои ти ги дава Господ со кои ќе одлеташ во Неговите прегратки.
Прочитајте го текстот подоле под наслов ,,Понижениот Крал’’ во кој, при крајот ќе најдете молитва која можете да му ја упатите на Господ сега.
Следете ме на овој блог во наредниов период. Со помош на Библијата ќе се обидам да ви помогнам да одите по патот на вашето закрепнување. За разлика од сите други методи на закрепнување кои се темелат на човечки размислувања, овде ќе го најдете патот кон вашето целосно закрепнување темелено на Божјата Света Книга. Не по човечкиот пат, не со човечка мудрост, туку со Божја мудрост.
Ве молам препорачајте ги овие текстови кои ќе следат на ваши блиски кои се жртви на криминалот, алкохолот, дрогата, или луѓе кои биле жртви на жртви на криминалот, алкохолот и дрогата. Верувам дека мојата скромна работа нема да биде залудна, туку дека ќе им користи на многумина.








Изменето од Reformator - 11.Јули.2011 во 22:20
Кон врв
Reformator Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Reformator Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2011 во 22:01
Ако си ти најголемиот грешник на светот- на правото место си Овде пишува токму за ТЕБЕ!
Не си случајност. Ти си испланиран уште пред создавањето на светот токму онаков каков што си. Твојот Создател те засакал и ти подарил живот кој по ниту еден основ не го заслужуваш. И покрај сите твои гревови сепак Бог сака да биде твој Небесен Татко, а ти да бидеш Негово чедо. Одлуката дали ќе Го прифатиш тоа е само твоја и никој не може да одлучи наместо тебе.
Најверојатно си мислиш дека си премногу грешен, премногу лош, дека имаш преголем багаж од минатото кое те држи укотвен долу на земјата. Ако мислиш дека не си достоен да погледнеш кон Небото и да Му се заблагодариш на Бог за се- да знаеш дека дури ми е мило што така размислуваш. Бог ги љуби грешниците! Бог те љуби и тебе! Во Неговото Слово- Библијата, Бог вели дека ,,зашто сите згрешија и никој не успеа да ги достигне Божјите возвишени стандарди”(Послание до Римјаните 3:23). Во Божјите очи сите ние сме грешници и заслужуваме пекол. Без разлика дали си најголемиот грешник на светот (дури и да си виновен за нечија смрт, па дури и за смртта на милиони да си виновен) или имаш направено ,,само’’ неколку ,,гревчиња’’- казната е истата. И во едниот и во другиот случај- заслужуваш смрт! Така вели Божјото Слово ,,платата што ја дава гревот е смрт’’(Римјаните 6:23). Само преку вера во Божјата љубов кон тебе и во Христовата жртва со која беше платена ТВОЈАТА и МОЈАТА казна се здобиваме со праведност пред Бога и ти е простено.
Ако мислиш дека си премногу недостоен за сево ова- морам да ти честитам и да ти кажам дека си во право. Лоши луѓе сме ние, пријателе мој, не заслужуваме ништо добро од Бога- само вечна казна во пеколот.
Но, Библијата вели дека Бог те љуби. Толку многу што дури Го даде Својот Син да умре наместо тебе и наместо мене и да ни подари вечен живот.
Сепак и покрај тоа што го знаеш ова најверојатно не можеш тек така самиот да простиш за сите твои грешки со кои си се повредил себеси, твоите блиски и подалечни и Бога. Знам затоа што и јас сум минувал низ истото. Со денешниов текст сакам да ти укажам на твојата вредност во Божјите очи. Сакам да сфатиш дека покрај се што си грешел во твојот живот, мораш да почнеш да се почитуваш себеси. Ако веруваш во Бога Тој не сака да те казни. Поради верата твоја во Него Тој сака да биде милостив кон тебе. Сака да ти прости и сака да престанеш да се повредуваш себеси со обвинувања за старите гревови. Не смееш да одиш во другата крајност и да мислиш дека си совршен- затоа што не си, но не смееш ни да живееш во постојана осуда и страв од казна.
Сите ние живеевме во грев. Се што правевме беше погрешно затоа што го правевме без Бога. Дури и апостолот Павле, еден од највредните Христови апостоли, пишува вака ,,Сите ние порано живеевме така. Се раководевме од нашите телесни страсти, го правевме она што го сака нашата грешна природа, преку телото и умот. Со таквата наша природа ние бевме подложни на Божјиот гнев, како и другите луѓе.’’(Послание до Ефешаните 2:3). Но, тоа не е крајот. Понатаму апостолот, инспириран од Светиот Дух, ни порачува ,,Но Бог е толку полн со милост, толку е голема љубовта што ја чувствува спрема нас, така што уште додека бевме мртви, удавени во нашите гревови, Тој не врати во живот. Со тоа што го воскресна Христос, ни овозможи и нам да оживееме. Вашето спасение е резултат на Божјата благонаклоност, која никој од нас не ја заслужува.’’(Ефешаните 2:4,5).
Не смееме да отидеме во едниот или во другиот екстрем. Мораме да балансираме. Ние сме грешници и не ја заслужуваме Божјата милост, но сепак Тој решил да ни ја подари. Не затоа што ние на некаков начин сме ја заслужиле, туку затоа што Господ сака да не спаси. Значи, грешни сме и недостојни, но поради Божјата благонаклоност кон нас сме спасени. Да бидеме благодарни за тоа.
Создадени сме според Божјиот Лик. Библијата вели вака: ,,И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот – над сета земја – и над сите лазачи што ползат по земјата!”. Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско.’’ (Битие 1:26,27). Бог не создал поинакви од остатокот на Неговата креација. Не постави високо над другите суштества, до тој степен што не создаде според Неговиот Лик. Да бидеме слични Нему. Таа е Божјата замисла за нас. Сега, откако сме спасени, Бог сака да не направи да бидеме слични Нему. Да живееме животи кои ќе бидат Богоугодни, според Божјата волја. Ако живееме според Неговата волја ние ќе бидеме во можност да ја рефлектираме Неговата природа во овој свет. Иако ние имаме грешна природа која нам честопати ќе не води кон грев, сепак мораме да запаметиме дека Бог е Бог на нови почетоци. И сто пати да паднеш, Бог уште еднаш ќе ти прости. Да не забораваме дека сме Божји чеда, спасени поради Божјата љубов кон нас, откупени преку жртвата на Исус Христос. Да не испуштиме од вид дека Бог не направи поинакви од сите други битија и ни даде можност да бидеме слични Нему. Толку е голема нашата вредност во Божјите очи, што Тој е волен да даде многу за нас. Да Му бидеме благодарни за тоа. Амин.
http://hristijanskiportal.blogspot.com/
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 02:14
ова ми звучи како :
Кире банана мен - секогаш подготвен за акција...
во 9-та акациска улица се случува нешто чудно....

и веднаш штом Кире ќе изеде една банана се претворува во Кире - Бананамен!!!!

луѓе - јадете банани, за да не грешите...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Reformator Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Reformator Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 03:26
Здраво Тетратка,

Прости вака, ама стварно не те разбрав баш што сакаш да кажеш со твојот коментар. Ако сакаш биди појасен да можам да сфатам :-)

Поздрав до тебе
http://hristijanskiportal.blogspot.com/
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 12:48
и јас не ја рабирам поентата на темава...
со готиви фразови фрагменти не се отвора дискусија
поздрав до тебенамигнувањеголемо%20гушкање
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 13:58
Не нè спасува верата во Христа сама по себе, туку делата. И тоа оние дела кои се во склад со Неговото учење за висока етика и морал(Беседа на Гората):

”24 И така, секој, кој ги слуша овие Мои зборови и ги исполнува, ќе го споредам Јас со благоразумен човек, кој ја изградил својата куќа на камен.
25 И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, но таа не се разурна, зашто беше заснована на камен.
26 И секој, кој ги слуша овие Мои зборови, а не ги исполнува, ќе биде спореден со безумен човек, кој ја изградил својата куќа на песок.
27 И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, и таа падна, и нејзиното паѓање беше големо.” (Евангелие според Матеј 24:7)


Изменето од Majkl - 15.Јули.2011 во 13:58
Кон врв
Reformator Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Reformator Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 19:04
Всушност, спасението е само преку вера. Апостолот Павле пишува вака: ,,Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.’’(Послание до Ефешаните 2:8,9). Но, не секоја вера е спасоносна.

Спасоносна вера е онаа вера која раѓа дела. Верата без дела е мртва вера ,,Како што телото без дух е мртво, така и верата без соодветни дела е мртва."(Послание на Јаков 2:26).

Значи, да заклучам. Спасението е само и само преку вера, но не преку секој вид вера туку исклучиво преку вера која се манифестира низ дела.

Изменето од Reformator - 15.Јули.2011 во 19:05
http://hristijanskiportal.blogspot.com/
Кон врв
op12eh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 242
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај op12eh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 19:21
ти штом реформатор си се крстил сгурно си грешник
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 19:31
Originally posted by Reformator Reformator напиша:

Всушност, спасението е само преку вера. Апостолот Павле пишува вака: ,,Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.’’(Послание до Ефешаните 2:8,9). Но, не секоја вера е спасоносна.

Спасоносна вера е онаа вера која раѓа дела. Верата без дела е мртва вера ,,Како што телото без дух е мртво, така и верата без соодветни дела е мртва."(Послание на Јаков 2:26).

Значи, да заклучам. Спасението е само и само преку вера, но не преку секој вид вера туку исклучиво преку вера која се манифестира низ дела.
Тогаш ти повеќе му веруваш на Павле кој не го познавал Исуса, отколку на Исус Христос.

Изменето од Majkl - 15.Јули.2011 во 19:32
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 21:23
Ochebijnoto, barem za mene, e shto do Pavle uchenjeto e od Hrista, a so Pavle i onie posle nego uchenjeto e za Hrista.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Reformator Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Reformator Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 21:48
Originally posted by op12eh op12eh напиша:

ти штом реформатор си се крстил сгурно си грешник


Грешник, пријателе... И тоа голем грешник. Не сум она што сакам да бидам, но фала Му на Бога за тоа што не сум она што бев
http://hristijanskiportal.blogspot.com/
Кон врв
Reformator Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Reformator Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 21:50
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by Reformator Reformator напиша:

Всушност, спасението е само преку вера. Апостолот Павле пишува вака: ,,Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.’’(Послание до Ефешаните 2:8,9). Но, не секоја вера е спасоносна.

Спасоносна вера е онаа вера која раѓа дела. Верата без дела е мртва вера ,,Како што телото без дух е мртво, така и верата без соодветни дела е мртва."(Послание на Јаков 2:26).

Значи, да заклучам. Спасението е само и само преку вера, но не преку секој вид вера туку исклучиво преку вера која се манифестира низ дела.
Тогаш ти повеќе му веруваш на Павле кој не го познавал Исуса, отколку на Исус Христос.


Мајкл, му верувам и на Исус и на Павле. Во нивните зборови воопшто нема контрадикција. Нема тука избор или-или. Верувам во Бога, верувам во Библијата и не гледам дисхармонија во Божјото Слово.
http://hristijanskiportal.blogspot.com/
Кон врв
Reformator Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Reformator Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 21:52
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Ochebijnoto, barem za mene, e shto do Pavle uchenjeto e od Hrista, a so Pavle i onie posle nego uchenjeto e za Hrista.


И пред Павле и после Павле учењето е од Христа. Ние христијаните веруваме дека целото Слово е од Бога дадено.
http://hristijanskiportal.blogspot.com/
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 21:57
Poznato mi e toa.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.