![]() |
|
Фан клуб Вардар |
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Автор | |
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Скопје обединето за Вардар!
Навивачката група Комити Запад денеска промовираа билборди како дел од мобилизацијата за наредната сезона. Преку билборди Комитите ги повикуваат фановите на најтрофејниот македонски фудбалски бренд да се вратат на стадион и да го бодрат клубот во новата сезона.
Ова е уште еден доказ дека работите во таборот на "црвено црните" се придвижија во позитивна насока. Откако Градот Скопје го превзема раководењето се најавуваат и реализираат низа активности за враќање на најтрофејниот македoнски бренд на вистинскиот пат |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Историја на фудбалскиот клуб Вардар
ФК Вардар е најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
Фудбалски клуб со името Вардар во Скопје имало уште од 1911 година, тој клуб бил познат како Вардар Топаана. Денешниот фудбалски клуб Вардар е формиран во 1947 година кога тогашните скопски фудбалски клубови (и воопшто спортски друштва) „Македонија“ и „Победа“ се соединиле во еден клуб кој го добил името Вардар и препознатливата црвено-црна боја. За времето на сојузната лига на СФР Југославија Вардар беше единствениот клуб од Македонија со што своевидно претставуваше фудбалска репрезенатција на Македонија. Во тие години сите млади и талентирани фудбалери од земјата играа во Вардар. За Вардар, најуспешен период беше кога предводен легендарниот фудбалски „лисец“ Андон Дончевски со тимот на ѕвездите како Дарко Панчев, Илија Најдовски, Тони Савевски, Васил Рингов ја освои титулата во Првата југословенска лига, Вардар стана единствениот македонски фудбалски клуб кој освоил шампионат но и фудбалски куп.
По распаѓањето на Југославија и составувањето на Првата МФЛ, Вардар беше еден од најдобрите клубови, но следните шест години успехот на Вардар почна да опаѓа и приматот го преземаат Силекс и Слога Ј а успесите се враќаат под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски, со освоени две титули во сезоните 2001/2002 односно 2002/03. Од основањето на клубот па до средината на осумдесеттите македонците од цела Македонија,СФРЈ и дијаспората навиваа за Вардар и во неделните вечерни спортски вести со внимание се слушаше за натпреварите на црвено-црните. Одењето на стадион да се гледа Вардар зема нагорна линија особено по освојувањето на Титовиот куп во 1961 година кога беше совладан Вартекс (Вараждин со 2-1).
Во 1987 година (4 мај) на натпреварот со Црвена Звезда на западната трибина првпат се истакнува транспарент со натпис Комити. До почетокот на 1991 година секое македонско гратче имаше свои „Комити“, па на секој натпревар имаше и знамиња Комити - Велес, Струмица, Кавадарци па дури и Битола (сè до тепачката на натпревaрот со Црвена Звезда - 1991). Од осамостојувањето Комити Запад до 1999 беа единствената вардарова навивачка група. По недоразбирањето со водството на комитите во 1999 година се оформи нова вардарова навивачка група Лојал фанс. Денес се активни и двете групи, кои во 2007 година повторно се обединија под мотото "ВАРДАР - ТОА СМЕ НИЕ!!!"
ФК Вардар во својата историја имал многу одиграни натпревари за паметење. Меѓу многуте може да се издвои победата над белградски ФК Партизан со 5:0. Како еден од натпреварите кој влезе во историјата на македонскиот фудбал ќе биде запаметен бараж натпреварот за пласман во првата југословенска лига со ФК Трепча на кој стадионот во Скопје беше целосно преполнет, а Вардар победи со 2:1 и се врати во Првата лига. Натпревари за паметење се сите средби на домашен терен со големата југословенска фудбалска четворка (Ц.Звезда, Партизан, Динамо, Хајдук) на кои стадионот се преполнуваше, а неретко доаѓало и до инциденти помеѓу навивачките групи. Во првите години од осамостојувањето на Македонија за натпревари за паметење би ги издвоиле сите мечеви со ФК Пелистер. Од најновата историја на клубот најзапаметени натпревари, а воедно и најголем успех на клубот, се во 2003 година кога Вардар за малку ќе се пласираше во ЛШ. Тоа беа средбите на домашен терен против ЦСКА Москва и Спарта Прага. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |