Фан клуб Вардар
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фан клубови
Опис на форумот: навивачи, секој во својот клуб
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20070
Датум на принтање: 11.Февруари.2025 во 22:39 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Фан клуб Вардар
Постирано од: ВАЖНА
Наслов: Фан клуб Вардар
Датум на внесување: 13.Септември.2009 во 19:47
Да ви кажам јас сум за реал мадрид од странските ама од Македонските сум за вардар
------------- Последна изјава на црвенкоски: државата ни е на раб од провалија ако се вратиме ние на власт ќе направиме чекор напред.
|
Коментари:
Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Септември.2009 во 07:55
Што се случува овоj сезон со Вардар????????????? Ке одат во втора лига ли?Со теа резултати што ги имат до моментот ништо добро не ги очакува
|
Постирано од: ВАЖНА
Датум на внесување: 16.Септември.2009 во 15:02
јас неам појма онака само сум за вардар ама дека знам нешто не..ама прашај ме за реал мадрид еее
------------- Последна изјава на црвенкоски: државата ни е на раб од провалија ако се вратиме ние на власт ќе направиме чекор напред.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Септември.2009 во 15:36
ВАЖНА напиша:
јас неам појма онака само сум за вардар ама дека знам нешто не..ама прашај ме за реал мадрид еее![плазење](smileys_novi/10.gif) |
Нормално за жена.немаш поjма од резултатите на екипот али си за нив.А зошто ни си за Глиган Грудово?И без тоа немаш представа за нивните резултати?
Ок ,ке те прашам за Реал М.Зошто на Реал одбраната им е као шфаjцарско сиренje?И ти да си футбалерка и ти ке им забиеш гол ![голема%20насмевка](http://forum.idividi.com.mk/smileys_novi/4.gif)
ПП:Иминjата се пишуват со главна буква ![намигнување](http://forum.idividi.com.mk/smileys_novi/3.gif) ![намигнување](http://forum.idividi.com.mk/smileys_novi/3.gif)
|
Постирано од: ВАЖНА
Датум на внесување: 17.Септември.2009 во 15:14
Прво на Реал одбраната му е супер. Второ јас не сум луда за Вардар онака само.. Трето знам дека имињата се пишуваат со голема буква ама некогаш ме мрзи![намигнување](smileys_novi/3.gif)
------------- Последна изјава на црвенкоски: државата ни е на раб од провалија ако се вратиме ние на власт ќе направиме чекор напред.
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 11.Ноември.2009 во 05:11
Од Вардар не бива екипа...штом на градски почна да губи од селски екипи (Хоризонт Турново)
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Декември.2009 во 09:26
![](http://i243.photobucket.com/albums/ff123/voyoo/l_0d11ac3f41ef11f4c1a67c4602be0b-1.jpg)
-------------
|
Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 14.Декември.2009 во 11:06
емил напиша:
![](http://i243.photobucket.com/albums/ff123/voyoo/l_0d11ac3f41ef11f4c1a67c4602be0b-1.jpg) |
hahha katastrofa za Milan Palermo e mn jaka ekipa ej hihihi
------------- Љаеш НЕ касаш !
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 10:40
"Комити" во потрага по нови челници за Вардар
Најавената раководно-организациска трансформација на најтрофејниот македонски клуб која треба да се реализира преку одржувањето на ново Собрание на кое актуелните два колективни членови ќе се повлечат од раководните позиции во клубот е одложена непосредно пред стартот на пролетниот дел од сезоната.
Како што истакнуваат од Иницијативниот одбор за спас, Собранието е веќе закажано, меѓутоа неопходно е да поминат минималните статутарно утврдени 14 дена од моментот на закажување па до неговото одржување, пред и дефинитивно да биде прецизиран официјалниот датум. Првичното одложување на Собранието е и поради желбата во меѓувреме, сепак, по повлекувањето на актуелните колективни членови, низ преговори со поединци од јавните институции на кои би се оставил клубот, сепак, јасно да бидат утврдени имињата кои би ги презеле функциите во раководните структури.
"Ние цврсто остануваме на претходно искажаниот став дека се повлекуваме од раководството на Вардар. Остануваме на ставот дека намерата е преотстапување на делегатските места на градот Скопје или ЈПССДП, меѓутоа секако целта е клубот понатаму да не се остави без апсолутно никакво раководство. Токму поради тоа во меѓувреме сме низ поедини разговори или преговори затоа што сакаме по нашето повлекување сепак точно да ги прецизираме новите раководни структури на кои би се оставил клубот. Иако, мора да признаам дека тоа оди малку тешко", вели претседателот на Иницијативниот одбор за спас, Бранислав Прелоговски.
Според нашите информации, желбата на колективните членови е раководните позиции да бидат прифатени од страна на водечките луѓе на градот Скопје или дел од државните институции, со што клубот би заокружил солидна финансиска конструкција до крајот на актуелната сезона.
"Како и да е, пред стартот на пролетниот дел заминуваме од водечките позиции. Верувам дека може, сепак, одредени институции од државата да му помогнат во овој момент на клубот. Се надеваме на позитивен резултат на претстојното Собрание", дополнува Прелоговски.
-------------
|
Постирано од: stigmata
Датум на внесување: 09.Март.2010 во 21:06
komiti zakon1987
------------- nikada nije bilo kao sto je bilo
|
Постирано од: stigmata
Датум на внесување: 09.Март.2010 во 21:06
емил напиша:
<SPAN =fontNaslov>"Комити" во потрага по нови челници за Вардар</SPAN> Најавената раководно-организациска трансформација на најтрофејниот македонски клуб која треба да се реализира преку одржувањето на ново Собрание на кое актуелните два колективни членови ќе се повлечат од раководните позиции во клубот е одложена непосредно пред стартот на пролетниот дел од сезоната.Како што истакнуваат од Иницијативниот одбор за спас, Собранието е веќе закажано, меѓутоа неопходно е да поминат минималните статутарно утврдени 14 дена од моментот на закажување па до неговото одржување, пред и дефинитивно да биде прецизиран официјалниот датум. Првичното одложување на Собранието е и поради желбата во меѓувреме, сепак, по повлекувањето на актуелните колективни членови, низ преговори со поединци од јавните институции на кои би се оставил клубот, сепак, јасно да бидат утврдени имињата кои би ги презеле функциите во раководните структури."Ние цврсто остануваме на претходно искажаниот став дека се повлекуваме од раководството на Вардар. Остануваме на ставот дека намерата е преотстапување на делегатските места на градот Скопје или ЈПССДП, меѓутоа секако целта е клубот понатаму да не се остави без апсолутно никакво раководство. Токму поради тоа во меѓувреме сме низ поедини разговори или преговори затоа што сакаме по нашето повлекување сепак точно да ги прецизираме новите раководни структури на кои би се оставил клубот. Иако, мора да признаам дека тоа оди малку тешко", вели претседателот на Иницијативниот одбор за спас, Бранислав Прелоговски.Според нашите информации, желбата на колективните членови е раководните позиции да бидат прифатени од страна на водечките луѓе на градот Скопје или дел од државните институции, со што клубот би заокружил солидна финансиска конструкција до крајот на актуелната сезона."Како и да е, пред стартот на пролетниот дел заминуваме од водечките позиции. Верувам дека може, сепак, одредени институции од државата да му помогнат во овој момент на клубот. Се надеваме на позитивен резултат на претстојното Собрание", дополнува Прелоговски. | nema zakon koj mozi da ne spreci komiti
------------- nikada nije bilo kao sto je bilo
|
Постирано од: stigmata
Датум на внесување: 10.Март.2010 во 21:32
vnedela vecnoto derbi povik do site komiti zapad
------------- nikada nije bilo kao sto je bilo
|
Постирано од: stigmata
Датум на внесување: 10.Март.2010 во 21:32
емил напиша:
![](http://i243.photobucket.com/albums/ff123/voyoo/l_0d11ac3f41ef11f4c1a67c4602be0b-1.jpg) | eden e vardar edni se komiti zapad
------------- nikada nije bilo kao sto je bilo
|
Постирано од: stigmata
Датум на внесување: 11.Март.2010 во 21:27
napred vardar vo srce te nosam
------------- nikada nije bilo kao sto je bilo
|
Постирано од: stigmata
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 01:31
stigmata напиша:
емил напиша:
![](http://i243.photobucket.com/albums/ff123/voyoo/l_0d11ac3f41ef11f4c1a67c4602be0b-1.jpg) | eden e vardar edni se komiti zapad | edna boja edna ljubov vardar vo srceto
------------- nikada nije bilo kao sto je bilo
|
Постирано од: stigmata
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 20:07
vecno derbi 21 mart vardar pelister
------------- nikada nije bilo kao sto je bilo
|
Постирано од: The_Boss
Датум на внесување: 10.Јули.2010 во 14:21
Ој Вардаре во срце ќе те носиме за тебе живот даваме само напред Вардареее!
------------- Поради неплатени сметки, ИДИВИДИ го исклучи потписот на The_Boss.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Јули.2010 во 08:01
Вардар без играчи во новото првенство?
![](http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/F66788F298BDB7488D14FC4F91EF1C51.jpg)
Се' додека не го плати долгот за картони кон ФФМ во износ од 20.000 евра, Вардар не може да регистрира нови фудбалери
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=15D3C6F8327A284585801452509BD616 - извор
-------------
|
Постирано од: Izzy
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 01:30
емил напиша:
<SPAN id=ArticleTitle =WB_UTRINSKIVESNIK_Naslov>Вардар без играчи во новото првенство?</SPAN>
![](http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/F66788F298BDB7488D14FC4F91EF1C51.jpg)
Се' додека не го плати долгот за картони кон ФФМ во износ од 20.000 евра, Вардар не може да регистрира нови фудбалери
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=15D3C6F8327A284585801452509BD616 - извор |
Poleka poleka po4naa da gi ubaivat fudbalskite klubovi po Makedonija. Naj "jaka" fudbalska federacija imame. Mizerii!
------------- UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
|
Постирано од: aLbaneso
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 14:37
Izzy напиша:
Poleka poleka po4naa da gi ubaivat fudbalskite klubovi po Makedonija. Naj "jaka" fudbalska federacija imame. Mizerii! |
Nikoj ne i e kriv na Vardar sto ima finansiski problemi
------------- Љаеш НЕ касаш !
|
Постирано од: Izzy
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 04:38
aLbaneso напиша:
Izzy напиша:
Poleka poleka po4naa da gi ubaivat fudbalskite klubovi po Makedonija. Naj "jaka" fudbalska federacija imame. Mizerii! |
Nikoj ne i e kriv na Vardar sto ima finansiski problemi ![](smileys_novi/3.gif) |
Da da, nikoj ne e kriv shto Vardar e vo ovaa kriza, nikoj ne e kriv shto Osogovo (zadocni samo 1 nedela so plakjanjeto za licenca) ne mu e dozvoleno da igra vo Vtora liga (dodeka na klubovi od zapadna Makedonija im e izdadena, iako platija [seaushte ne e to4no utvrdeno] posle Osogovo. Nikoj ne i e kriv nitu na Pobeda shto ke bide suspendirana 8 godini.... u ovaa federacija, nikoj za nishto ne e kriv. Na site vo foteljite im e se puno i se ramno. Nivnata rabota e da go dignat nivoto na fudbalo vo Makedonija, a nie imame liga shto e pomegju 2te naj ne kvalitetni vo Evropa. Od odamna izumrea klubovite so tradicija, sea se na moda privatni klubovi, bez navivacki grupi i tradicija, a so pari. Golem 4ekor od FFM! Do deka ne se smene ovaa smeshna federacija, mozeme da zabraveme i na kvalitetna Makedonska liga, i na kvalitetna tifo scena i da prestaneme da se glupirame i nadevame deka nekogash ke vlezeme na Evropsko prvenstvo ili Svetsko. SAD BUT TRUE!
------------- UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
|
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 13:42
Izzy напиша:
...a nie imame liga shto e pomegju 2te naj ne kvalitetni vo Evropa. ! |
Која е втората... ![збунетост](http://forum.idividi.com.mk/smileys_novi/7.gif) да знам, баш ме интересира... ![голема%20насмевка](http://forum.idividi.com.mk/smileys_novi/4.gif)
|
Постирано од: Izzy
Датум на внесување: 05.Август.2010 во 01:35
Andora, Luksemburg i Lihtenstajn. Zna4i nie sme na 4-to mesto gordeam se so nashta federacija
------------- UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
|
Постирано од: FeaR
Датум на внесување: 27.Ноември.2010 во 18:01
Вардар го победи Пелистер во Битола
Вардар славеше на гостувањето кај
Пелистер, Металург го победи Тетекс, Силекс и Шкендија одиграа нерешно,
Работнички подобар од Брегалница.
Вардар победи во дерби натпреварот против Пелистер во Битола со 2-1.
Славните македонски клубови оваа сезона се наоѓаат на двете последни
позиции на табелата и очајно се борат за бодови со кои се надеваат дека
ќе изборат опстанок.
Пелисте денеска не успеа да ја искористи предноста на домашен терен и загуби од својот голем ривал.
Херој на Вардар беше Ѓурѓевиќ кој постигна голови во 32та и 42та минута за водство на тимот од Скопје со 2-0.
Пелистер успеа само да намали преку Талевски во 67та минута од натпреварот.
Металург минимално со 1-0 славеше на свој терен против Тетекс.
Единствениог гол беше постигнат во 21та минута од пенал, стрелец Милен Крстев.
Силекс и Шкендија во Кратово одиграа без победник 1-1.
И двата гола беа постигнати во воведниот дел од натпреварот, Мисовски
во 4та минута му донесе водство на Силекс, во следниот напад Емини
израмни на 1-1.
Работнички со 3-1 ја совлада екипата на Брегалница Штип.
Домаќините поведоа со голот на Маневски во 38та минута, четири минути подоцна Глигоров зголеми на 2-0.
Мандак во 61та го намали резултатот на 2-1, Синковиќ во 84та ги постави конечните 3-1.
Ренова убедливо со 5-0 го победи Напредок.
Емини во 27та, Јанчевски во 49та и 76та, Велјановски (автогол) во
65та и Бајрами во 90та минута беа стрелци на головите за Ренова.
Турново со голот на Шулев во 81та минута го победи Скопје со 1-0.
------------- "А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Мај.2011 во 05:32
Вардаровите легенди го прославија јубилејот
http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/18812/фкв.jpg">
Вардаровите легенди, кои на 26. мај 1961 година го освоија купот на тогашна СФР Југославија, во одлична атмосфера во скопската меана "Керпич", го одбележаа јубилејот - 50 години од освојувањето на првиот трофеј.
Скапоцениот пехар на Маршал Тито беше освоен со победата над Вартекс Вараждин со 2-1 со головите на Владо Николовски и Мирко Илиевски.
Дел од таа „златна" генерација на црвено-црните веќе не е меѓу живите, но оние кои можеа дојдоа на малата прослава во организација на ФК Вардар, Андон Дончевски, Благоја Вучидолов, Петар Анѓушев и Тоде Георгиевски во друштво на легендите од помладите генерации, Дарко Панчев, Кочо Димитровски и Мето Спасовски евоцираа спомени на како што беше речено големиот ден на македонскиот фудбал.
![](http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/18812/вардар.jpg)
Јубилејот го збогатија со своето присуство и новинарите на чело со доајенот на спротското новинарство Ивко Панговски кој од лице место преку радио брановите го пренесуваше овој историски настан.
Во името на ФФМ, „славениците" ги поздрави генералниот секретар на ФФМ, Игор Климпер кој во оваа пригода им подари и пригодни плакети и подароци кои ќе ги потсетуваат на денешниот ден -50 години од првата титула за македонскиот клубски фудбал.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Мај.2011 во 06:21
Многу бабици, килаво дете
Од шампионската генерација на "Вардар" од 1987 година дури седуммина од кои тројца беа стрелци се наоѓаа во стартниот состав на дебито на македонската фудбалска репрезентација против Словенија во Крањ. - Се редеа собранија, се вмеша навивачката група "Комити", се менуваа претседатели, но клубот продолжи да тоне и во неколку наврати беше доведено во прашање и неговото преживување
"Вардар" го прослави педесетгодишниот јубилеј од освојувањето на Купот на Југославија отфрлен од сите. Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија доживеа да испадне од Првата лига, нешто што е неспоиво со неговите традиција и реноме. Најсодржајната, сега веќе тажна фудбалска приказна кај нас почна пред 64 години. - Бев 18-годишно момче кога во 1947 година, во квалификациите за Првата лига, тогашната скопска "Македонија" се избори за настап во најсилната југословенска лига по дуелот со Слога од Нови Сад. Во тоа време и скопска "Победа" настапуваше таму, по што беше договорено двата клуба да се соединат во "Вардар" и црвено-црната да биде заштитна боја. Потоа, во изминативе шеесетина години, "Вардар" настапуваше во Првата или во Втората лига на поранешна СФРЈ, а играше и на меѓународната сцена. Речиси сите најдобри македонски фудбалери поминаа низ неговите редови - се сеќава Драгомир Гашевски-Гашо, најверниот навивач на "црвено-црните". Како потврда, од шампионската генерација на "Вардар" од 1987 година дури седуммина од кои тројца беа стрелци се наоѓаа во стартниот состав на дебито на македонската фудбалска репрезентација против Словенија во Крањ. - Порано многу повеќе се сакаше фудбалот. Во најдобрите години, на тренинзите на "Вардар" имаше повеќе публика отколку денеска на неговите натпревари. Публиката мора да се врати на трибините, но тоа нема да се случи без квалитетни клубови - додаде популарниот чичко Гашо.
За најдобра генерација на "Вардар" се смета онаа од 80-тите, која и го постигна најголемиот успех, кога стана југословенски шампион во 1987 година. Еден од најистакнатите играчи од тој период е Драги Сетинов. - Сигурно, најсветли моменти во историјата на "Вардар" се освојувањето на Купот на Југославија во 1961 година и шампионската титула во 1987 година. Можеби ќе звучи нескромно, но најдобра генерација беше нашата и не случајно ја нарекуваат "златна генерација". Тоа беше период на постојани резултати, кои кулминираа со шампионската титула - вели Сетинов, кој подоцна ги извршуваше и функциите спортски директор и претседател на клубот. - Нема споредба како функционираше клубот тогаш и сега. Јас сум многу добро запознаен со функционирањето на клубот, бидејќи мојот татко (Паскал Сетинов н.з.) работеше 36 години во клубот како благајник. Тогаш, слободно може да се каже, се работеше како вистински европски клуб. По осамостојувањето, "Вардар" остана единствениот голем клуб во Македонија, но многумина го оставија сам на себе и она што се случи беше неминовно - објаснува тој. Сетинов, кој ја заврши кариерата со 198 настапи (17 гола) во црвено-црниот дрес, засега не гледа излез од кризата. - Нема решение во моментов. Мојот предлог беше да се прогласи стечај, да се почне одново од Четвртата лига, со можност клубот да се фузионира со некој второлигаш и за една година да се врати во Првата лига. Тоа би бил старо- нов "Вардар", но со чисти сметки. М. Илиоски
Рингов: Без силна лига, нема силен "Вардар"
Заедно со Дарко Панчев, Васил Рингов е најдобриот стрелец во историјата на "Вардар". Мина десет години (1977-1987) во црвено-црниот дрес и постигна 97 првенствени гола. Која е најдобра генерација во историјата на клубот? - Според фудбалските резултати, најдобра генерација беше онаа од 80-тите. Половина ја создаде Стјепан Бобек, па со неа работеа Вукашин Вишњевац, Илија Димовски и Андон Дончевски. Така се погоди, на секоја позиција имавме добри играчи. Фудбалски бевме најсилни во Југославија, но ни недостигаше сервис. Организацијата не беше на највисоко ниво и во многу случаи - непрофесионална - се сеќава Рингов. Може ли да се направи споредба со денешниот "Вардар"? - За да станеш добар фудбалер, потребна ти е силна лига. Југословенското првенство беше трето по ранг во Европа. Имаше голема четворка ("Партизан", "Динамо", "Црвена звезда", "Хајдук"), но имаше и други силни клубови, како "Вележ", "Олимпија", "Вардар"... Денеска не може да има силна лига, бидејќи го нема "Борец" од Велес, Куманово нема клуб, "Беласица" е второлигаш, итн. По осамостојувањето, "Вардар" и "Пелистер", како најголеми клубови, беа и најпогодени од новиот систем. Не се снајдоа најдобро во новонастанатата ситуација и ова што се случи не е случајно. Каде ја гледате вината за пропаѓањето на нашиот најтрофеен фудбалски клуб? - Сè се врти околу Фудбалската федерација. Тие не направија ништо за клубовите, па ни за репрезентацијата во изминатите 15-20 години. Додека не се сменат работите од корен во Федерацијата, ниту клубовите нема да напредуваат.
Превирањата во раководството беа кобни
Не дека дотогаш немаше проблеми, но хаосот во "Вардар" се распламте на почетокот од предминатата година, кога тогашниот финансиер Трифун Костовски (од кого многумина очекуваа да ја врати старата слава на клубот), по само шест месеци на чело на клубот, реши да се повлече по еден инцидент со дел од навивачката група "Комити". Се редеа собранија (дел од нив т.н. за спас на клубот), се вмешаа "комитите", се менуваа претседатели, но клубот продолжи да тоне и во неколку наврати беше доведено во прашање и неговото преживување. На полусезоната, со судска одлука, на чело на клубот се врати долгогодишниот финансиер Слободан Вујчиќ-Брацо, но и тој беше немоќен да стави крај на агонијата на "Вардар". Сепак, тој не се откажува. - Не си заминувам во никој случај. Нема да дозволиме "Вардар" да згасне, тоа не смее да се случи. Првата лига нема да биде иста без "Вардар", но тоа веќе не зависи од нас, тоа сега е во рацете на ФФМ - рече Брацо.
Западот резервиран за "комитите"
"Вардар" отсекогаш имал свои верни следбеници, но како официјален почеток на организираната навивачка група се смета натпреварот против "Црвена звезда" на 4 јуни 1987 година, кога за првпат на западната трибина на Градски се појави транспарентот "Комити". Во наредните неколку години, навивачката група "Комити" имаше дуели со "Гробари", "Делије", "Бед блу бојс", "Торцида" и останатите од бивша Југославија. По осамостојувањето, покрај "чкембарите", нивни главни ривали станаа "шверцерите", "мајмуните"...
Сите титули:
- 1960/61 Куп на Југославија; - 1986/87 шампион на Југославија; - 1992/93 шампион на Македонија; Куп на Македонија; - 1993/94 шампион на Македонија; - 1994/95 шампион на Македонија; Куп на Македонија; - 1997/98 Куп на Македонија; - 1998/99 Куп на Македонија; - 2001/02 шампион на Македонија; - 2002/03 шампион на Македонија; - 2006/07 Куп на Македонија.
Позначајни европски резултати: - КПК 1961; - Данфермлајн-Вардар 5:0; - Вардар-Данфермлајн 2:0; - КУП НА УЕФА 1985; - Динамо (Б)-Вардар 2:1; - Вардар-Динамо (Б) 1:0; - Данди Јунајтед-Вардар 2:0; - Вардар-Данди Јунајтед 1:1; - КЕШ; - Порто-Вардар 3:0; - Вардар-Порто 0:3; - КУП НА УЕФА 1994; - Вардар-Бекешчаба 1:1; - Бекешчаба-Вардар 1:0; - КУП НА УЕФА 1995; - Вардар-Бордо 0:2; - Бордо-Вардар 1:1; - ЛШ 2003; - ЦСКА (М)-Вардар 1:2; - Вардар-ЦСКА 1:1; - Вардар-Спарта (П) 2:3; - Спарта (П)-Вардар 2:2; - КУП НА УЕФА 2003; - Рома-Вардар 4:0; - Вардар-Рома 1:1; - ИНТЕРТОТО КУП 2004; - Вардар-Гент 1:0; - Гент-Вардар 1:0, 3:4 пен.; - Шалке-Вардар 5:0; - Вардар-Шалке1:2.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Јуни.2011 во 19:12
Според неофицијални информации Вардар останува во Првата лига и тоа на местото на Миравци кој ќе му ја отстапи својата позиција на македонскиот најтрофеен клуб.
Фудбалскиот клуб Вардар нема да игра во Втората лига. „Црвено-црните“ остануваат во македонската фудбалска „елита“ и тоа на местото на Миравци кој преку бараж и победата во дуелот со Скопје обезбеди историски пласман во Првата лига.
Во Централниот регистер на Република Македонија веќе е направена измена. Атанас Костовски веќе не е претседател на ФК Вардар. Како в.д претседател е запишан Милован Мајсторовиќ. Со ова на некој начин се потврдуваат информациите за новата ера на ФК Вардар, односно останувањето во Првата лига.
Според неофицијални информации, на Вонредно собрание на клубот, Вардар ќе биде предаден на Градот Скопје, додека градоначалникот Коце Трајановски ќе биде прогласен за претседател. Наводно Милован Мајсторовиќ ќе му го отстапи местото на првиот човек на градот. Од градот Скопје информираат дека ваквите информации стигнале и до нив, но засега не можат конретно ништо да потврдат.
Според исто така неофицијални информации Вардар за следната сезона ќе се подготвува и засилува за врвот на табелата односно шампионската титула. За таа цел ќе биде ангажиран некогашниот тренер на Македонија ЃП, Илчо Ѓорѓиоски кој на тимот од Ѓорче Петров им ја донесе првата историска шампионска титула.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Јуни.2011 во 05:10
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб останува во првата лига!
http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/19195/tn1_vardar%20logo.gif.jpg">
Низ фудбалските кругови деновиве се ширеа разни информации околу иднината на нашиот најтрофеен фудбалски клуб, а денес на брифингот со новинарите во ФФМ, претседателот Хаџи-Ристески потврди дека и во следната сезона ФК Вардар ќе се натпреварува во првата македонска лига.
До ова доаѓа откако ФК Вардар и несудениот нов прволигаш ФК Миравци ќе ги заменат местата, односно со фузија и промена на имињата, ФК Вардар ќе се натпреварува во првата, а ФК Миравци во втората лига. Како едно од можните имиња за ФК Вардар, се шпекулира со името „ФК Вардар 2011“, одлука која наиде на негодување кај најверните навивачи.
Во 64-годишната историја, клубот успеал да го задржи името, па навивачите не сакаат тоа ни сега да биде променето. Новото раководство на клубот веќе работи на новиот тим. Клубот го напуштија бразилците Нено, Фабио и Карлос, Златко Ристов, браќата Џангаровски, Трајче Стојковски, Перица Василевски, Емин Шабани и Веби Алиовски. Неколку звучни имиња се споменуваат како потенцијални засилувања, а тоа се Александар Васоски, Боби Божиновски, Филип Деспотовски, Александар Бајевски, поранешните играчи на Македонија ЃП Вашнгтон и Амбуре.
Раководството има желба во редовите на Вардар да донесе и звучно име од странство кое би ја вратило публиката на "Градски", па едно од имињата со кое се шпекулира е камерунецот Пјер Боја од Партизан. Со новиот, реновиран тим на Вардар, најверојатно ќе раководи Илчо Ѓорѓиоски, со кого веќе се отпочнати преговорите.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Јули.2011 во 06:23
Скопје обединето за Вардар!
http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/19467/455.jpg">
Навивачката група Комити Запад денеска промовираа билборди како дел од мобилизацијата за наредната сезона.
Преку билборди Комитите ги повикуваат фановите на најтрофејниот македонски фудбалски бренд да се вратат на стадион и да го бодрат клубот во новата сезона.
![](http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/19467/123.jpg)
Ова е уште еден доказ дека работите во таборот на "црвено црните" се придвижија во позитивна насока. Откако Градот Скопје го превзема раководењето се најавуваат и реализираат низа активности за враќање на најтрофејниот македoнски бренд на вистинскиот пат
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Јануари.2013 во 07:45
Историја на фудбалскиот клуб Вардар
ФК Вардар е најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
![](http://www.skopjeinfo.mk/admin/upload/images/Januari%202013/fkvardar3.jpg)
Фудбалски клуб со името Вардар во Скопје имало уште од 1911 година, тој
клуб бил познат како Вардар Топаана. Денешниот фудбалски клуб Вардар е
формиран во 1947 година кога тогашните скопски фудбалски клубови (и
воопшто спортски друштва) „Македонија“ и „Победа“ се соединиле во еден
клуб кој го добил името Вардар и препознатливата црвено-црна боја. За
времето на сојузната лига на СФР Југославија Вардар беше единствениот
клуб од Македонија со што своевидно претставуваше фудбалска
репрезенатција на Македонија. Во тие години сите млади и талентирани
фудбалери од земјата играа во Вардар. За Вардар, најуспешен период беше
кога предводен легендарниот фудбалски „лисец“ Андон Дончевски со тимот
на ѕвездите како Дарко Панчев, Илија Најдовски, Тони Савевски, Васил
Рингов ја освои титулата во Првата југословенска лига, Вардар стана
единствениот македонски фудбалски клуб кој освоил шампионат но и
фудбалски куп.
![](http://www.skopjeinfo.mk/admin/upload/images/Januari%202013/fkvardar2.jpg)
![](http://www.skopjeinfo.mk/admin/upload/images/Januari%202013/fkvardar4.jpg)
По распаѓањето на Југославија и составувањето на Првата МФЛ, Вардар
беше еден од најдобрите клубови, но следните шест години успехот на
Вардар почна да опаѓа и приматот го преземаат Силекс и Слога Ј а
успесите се враќаат под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски, со освоени
две титули во сезоните 2001/2002 односно 2002/03.
Од основањето на клубот па до средината на осумдесеттите македонците од
цела Македонија,СФРЈ и дијаспората навиваа за Вардар и во неделните
вечерни спортски вести со внимание се слушаше за натпреварите на
црвено-црните. Одењето на стадион да се гледа Вардар зема нагорна линија
особено по освојувањето на Титовиот куп во 1961 година кога беше
совладан Вартекс (Вараждин со 2-1).
![](http://www.skopjeinfo.mk/admin/upload/images/Januari%202013/fkvardaristorija.jpg)
Во 1987 година (4 мај) на натпреварот со Црвена Звезда на западната
трибина првпат се истакнува транспарент со натпис Комити. До почетокот
на 1991 година секое македонско гратче имаше свои „Комити“, па на секој
натпревар имаше и знамиња Комити - Велес, Струмица, Кавадарци па дури и
Битола (сè до тепачката на натпревaрот со Црвена Звезда - 1991). Од
осамостојувањето Комити Запад до 1999 беа единствената вардарова
навивачка група. По недоразбирањето со водството на комитите во 1999
година се оформи нова вардарова навивачка група Лојал фанс. Денес се
активни и двете групи, кои во 2007 година повторно се обединија под
мотото "ВАРДАР - ТОА СМЕ НИЕ!!!"
![](http://www.skopjeinfo.mk/admin/upload/images/Januari%202013/fkvardaristorija1.jpg)
ФК Вардар во својата историја имал многу одиграни натпревари за
паметење. Меѓу многуте може да се издвои победата над белградски ФК
Партизан со 5:0. Како еден од натпреварите кој влезе во историјата на
македонскиот фудбал ќе биде запаметен бараж натпреварот за пласман во
првата југословенска лига со ФК Трепча на кој стадионот во Скопје беше
целосно преполнет, а Вардар победи со 2:1 и се врати во Првата лига.
Натпревари за паметење се сите средби на домашен терен со големата
југословенска фудбалска четворка (Ц.Звезда, Партизан, Динамо, Хајдук) на
кои стадионот се преполнуваше, а неретко доаѓало и до инциденти помеѓу
навивачките групи. Во првите години од осамостојувањето на Македонија за
натпревари за паметење би ги издвоиле сите мечеви со ФК Пелистер. Од
најновата историја на клубот најзапаметени натпревари, а воедно и
најголем успех на клубот, се во 2003 година кога Вардар за малку ќе се
пласираше во ЛШ. Тоа беа средбите на домашен терен против ЦСКА Москва и
Спарта Прага.
-------------
|
|