IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Демони ...!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Демони ...!!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2011 во 02:14
Originally posted by spiros spiros напиша:

п.с. Св. Ап. Павле не е единствениот кој што сведочи за Совршената Вистина, туку сите вистински Пророци, Апостоли и следбеници !
spiros, респект за кажаново , но тогаш препушти им го нив сведочењето и пророштвото, не ја превземај нивната улога во укажувањето на совршената Вистина. Живеј едноставно според вистината што си ја спознал, а по кој пат ќе одат другите тоа препушти му го на Господ.
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2011 во 08:50
 
 

Злото, со кое што  човекот доаѓа во секојдневен допир, живее во него самиот. Желбата за владеење, за угнетување и насилство – од една страна и слепата горда бунтовност што бара самопотвдрување и бесконечен простор за  острастените инстинкти – од друга страна. Овие „демони“ суетно  дремат на дното на душата, подготвени во секој момент да изрипаат надвор. Нив ги храни чувството на гордото „јас“  кое се доживува како единствен центар на вредности. Растворањето на „јас“ во стихијата на општеството, може да се каже, го ограничува бунтот на индивидуата, а истовремено ја нивелира,  ја уништува личноста. Излез од овој ќор – сокак е даден  во евангелската заповед: сакај го ближниот како самиот  себе“. Оваа заповед повикува на борба против гордите, демоноподобни, егоцентрични начела и за признавање на вредноста на другото „јас“, на борба што треба да го создаде совршениот човек, „новата творба“.

Само жртвената љубов е способна да го победи сатаната и неговите искушенија и лаги, со кои тој сака да не одвои од Бога и од доброто и да не внесе во болната состојба на отровното зло.

Вистинската вера е  неодвоива од човечноста. Луѓето кои забораваат на ова наликуваат на ѕидари кои ја ѕидаат зградата без темели, непосредно врз песок. Ваквата зграда е осудена да падне при првата бура (Мат. 7, 24 – 27)

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2011 во 19:54
Originally posted by Klara-D Klara-D напиша:

 
 


Злото, со кое што  човекот доаѓа во секојдневен допир, живее во него самиот. Желбата за владеење, за угнетување и насилство – од една страна и слепата горда бунтовност што бара самопотвдрување и бесконечен простор за  острастените инстинкти – од друга страна. Овие „демони“ суетно  дремат на дното на душата, подготвени во секој момент да изрипаат надвор. Нив ги храни чувството на гордото „јас“  кое се доживува како единствен центар на вредности.



Amin!
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2011 во 17:22
eve spored mene najdobrata kniga za toa kako deluvaaat demonite!

http://www.cps.org.rs/ispovest.zip
----------osana--------
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2011 во 22:39

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

spiros, респект за кажаново , но тогаш препушти им го нив сведочењето и пророштвото, не ја превземај нивната улога во укажувањето на совршената Вистина. Живеј едноставно според вистината што си ја спознал, а по кој пат ќе одат другите тоа препушти му го на Господ.





Јас секако дека - пред се' - се' Му препуштам на ГОСПОД, сведоштвото Апостолско и Пророчко , но кога некој шири невистини или непотполни вистини, тогаш: еве сум, тука стојам и неможам поинаку!


Така на пример баш поради тоа бев тука на 11ти Јули насилно казнет, само затоа што посочив и посведочив дека лагата потекнува од ѓаволот (противникот БОЖЈИ, кој што е водачот на демоните), дека човечкиот грев и Христовиот откуп не е некаква (православно/католичка) догма, туку дека е факт за кого сведочат вистинските Пророци многу пред инкарнирањето на Спасителната Милост БОЖЈА во Исус Христос!


Потребно е да се запомни дека демонитеи нивниот духовен водач, исто како и чедата на лагата и нивниот отец, одсекогаш се труделе и се трудат да го негираат човековиот грев а уште повеќе да Ја негираат Спасителната Крв на Милоста БОЖЈА, Којашто во својата суштина е проштавање!


Поздрав




Откако испитаа, во кое или какво време им јавуваше Духот Христов однапред, Кој беше во нив, сведочејќи за Христовите страдања и славата која иде по нив; ним им беше откриено дека тие не за самите себе служат, туку за вас со она што ви се јави сега вам преку оние кои го проповедаа Евангелието од небото преку Светиот Дух, и во кое копнеат да ѕирнат ангелите.


(1 Петров. 1:11-12)




      

Изменето од spiros - 10.Август.2011 во 22:41
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2011 во 23:05
Originally posted by spiros spiros напиша:


Originally posted by Majkl Majkl напиша:

spiros, респект за кажаново , но тогаш препушти им го нив сведочењето и пророштвото, не ја превземај нивната улога во укажувањето на совршената Вистина. Живеј едноставно според вистината што си ја спознал, а по кој пат ќе одат другите тоа препушти му го на Господ.
Јас секако дека - пред се' - се' Му препуштам на ГОСПОД, сведоштвото Апостолско и Пророчко , но кога некој шири невистини или непотполни вистини, тогаш: еве сум, тука стојам и неможам поинаку!
Респект кон тебе spirose но тоа е она на кое се обидов да ти свртам внимание, имено дека ти не си повикан од Бога да интервенираш кога некој шири невистини или непотполни невистини.

Но доколку сметаш дека сепак од некој а виша причина ти си тој повиканиот да корегира тогаш тоа значи дека ти ја знаеш и живееш во совршената вистина и дека си Божји пророк. Но ти негираше дека си нешто такво велејќи дека си грешен, недостоен и сл. Поради тоа забележливо е дека изјавата беше противречна, а ти верувај во што сакаш тоа е твое право.

Во врска со твојот коментар дека (наводно) насилно си бил казнет на форумов тоа можеш да го пријавиш кај модераторите или администраторите. Но биди и ти фер и земи во предвид дека можеби и другите членови на форумот твоето пишување евентуално го гледаат како насилно казнување на оние кои не веруваат како тебе во „совршената вистина„.

И не заборавај дека секогаш имаш право да појдеш и на други форуми не само на идивиди, или дури отвориш свој форум или блог па да пишуваш колку што сакаш и како сакаш. Но доколку сме одбрале да пишуваме на идивиди, тогаш доброволно сме рекле ДА за правилата на истиот и сме се согласиле дека во случај да ги прекршиме ќе следи или бришење на постовите, темите или дури и банирање на еден или повеќе денови.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2011 во 12:02


Само на Совршениот БОГ Му припаѓа секоја Слава и респект, Мајкле!

јас пак сум само тој кој што сум, како што славејот е тоа што е и што неможе поинаку освен - до смрт - да пее Славејќи Го СОВРШЕНИОТ БОГ. Така имало и има луѓе кои ја почувствувале и доживеале Совршената Вистина и неможат поинаку освен да го Фалат и Слават СОВРШЕНИОТ БОГ со тоа што им е дадено!

Но за жал, одсекогаш имало и има и поинакви души кои се во големо робство на една негативна (демонска) енергија и - исто како што Го мразат Славењето на СОВРШЕНАТА ВИСТИНА - ги мразат и славеите, пробувајќи на најразлични начини да ги замолкнат, елиминираат, отепаат, ... служејќисе со лага, лукавство и слични орудија на темнината !


СОВРШЕНИОТ БОГ на сите нека им биде Милостив, бидејќи и самите незнаат што прават!

Амин!





   






Изменето од spiros - 13.Август.2011 во 12:10
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2012 во 09:08
 

Лилит - првата божја жена и првиот демон

 

 

Во хебрејската митологија постојат записи во кои се тврди дека бог на шестиот ден од создавањето, креирал маж и жена заедно да управуваат со светот. Мажот бил Адам, тоа веќе го знаете, но жената се викала Лилит. Ева тогаш уште не постоела. Преданието зборува дека Адам и Лилит се создадени на ист начин, од Земјиниот прав. Но, се тврди дека во чинот на создавање на Лилит, освен Земјиниот прав, имало и примеси од други нечистотии измешани со правот.

Адам и Лилит никогаш не оствариле хармонични односи бидејќи кога тој посакал да легне со неа, таа го одбила, поставувајќи му го прашањето: „Зошто морам да легнам со тебе? И јас сум создадена од прав и потполно сум на исто рамниште со тебе“. Но, Адам решил тоа да го направи на сила. Лилит збеснала и го изговорила божјото магично име (според легендата се тврди дека имала дозвола да го изговори магичното име, за разлика од Адам). Во тој миг се вивнала кон небото и така го напуштила. Преданието понатаму говори дека Лилит станала мајка на сите демони, т.е. мајка на сите што се противат на божјата волја.

 

 

Лилит е нашата способност за најдлабоки перцепции зашто преку нив ги откриваме најдлабоките и најмрачните чувства. Секако, Лилит е и „фатална жена“, моќна и сексапилна заводничка. Влијае на соновите, особено на оние сексуалните. Поврзана е со состојбата на транс, хипноза, го олеснува патот на пораките при човечката комуникација со суштества од друга димензија. Поврзана е и со опседнатоста.

 

 

Како и Месечината, и Лилит ја поврзуваат со мајчинството, но за разлика од Месечината, која е нежна и тивка, Лилит е строга и дисциплинирана и подготвена е на сè за да ги заштити своите деца. Освен што е заштитничка, Лилит е и самозаштитничка. Таа се штити себеси од „отровните“ емоции и така станува морална заштитничка на емоциите на срамот, вината, омразата, осветата, горчината, зависноста и љубомората.

  Месечината ги претставува видливите емоции, додека Лилит го претставува она скриеното и потиснатото. Таа живее и дејствува од „бекстејџот“, главно прикриена. Може да се изразува прикриено и манипулативно, но првенствено и најважно манифестациите ги изразува суптилно.


Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2012 во 10:53
 
 
<

(Најдов многу различни митови за тоа која е Лилит, ама многу ме мрзи да ги преведувам, а како студент на филолошкиот ни факултет малку ми е срам да ги ставам во оригинал на други јазици, па затоа го ставам ова кое што го најдов на македонски, сите кои што сакаат да знаат нешто повеќе нека ми се обратат и ќе им објаснам подетално)

Грев, сам по себе

Иако приказната за Црната Месечина е само мит, тој, во разни верзии, се провлекува до денес

Лилит, Црната Месечина, според некои легенди, е најстарата жена, првата жена на Адам, постара и од Ева. Иако приказната за неа е само мит, тој, во разни
верзии, низ магиската и алхемиската традиција, се провлекува до денес.

Таа е восхитувачкиот ноќен зол дух на сумерската, вавилонската, асирската, персиската, еврејската и арапската митологија. Во третиот милениум пр.н.е., во Сумер била Лил, разорната бура или духот на ветерот. Подоцна, меѓу Семитите од Месопотамија и е придодадено значењето “лауил”,(еврејскиот збор за ноќ), станувајќи ноќен дух кој владее со мажите и жените, предизвикувајќи им еротски сништа. Лилит, својата сексуалност ја доживува како движечка и природна. Во сите митови за создавањето, се појавува како нагонско својство на женското, кое потекнува од бога и ѓаволот и кое е на најнепосреден, исконски начин, поврзано со човечкиот вид.

Ние двајцата сме еднакви

Лилит, според кабалистичката легенда, е создадена пред Ева, во исто време кога и Адам, но не од неговото ребро, туку од земја. Ние двајцата сме еднакви, му рекла на Адам, затоа што сме создадени од земја. Потоа многу се скарале, а Лилит побегнала. Подоцна, три ангели ја нашле во областа околу Црвено Море, што била полна со развратни духови. Се обиделе да ја убедат да се подобри, но таа бесно ги одбила. Кога Адам ја добил втората жена, Ева, Лилит, љубоморна, бесно се нафрлувала врз нивните деца, ловејќи ги во замки.

Денешните амајлии, со ликовите на тројца ангели, луѓето ги носат за да ги зачуваат од злото на убиствената Лилит. Според друга легенда, кавгата меѓу Каин и Авел, всушност, настанала поради неа. Некои во неа ги гледаат трагите на андрогинот, првиот човек и инцестот на првите парови.

Станувајќи непријателка на Ева, таа ја поттикнува незаконската љубов, внесува немир во бракот. Нејзиниот дом е во длабочините на морето, а клетвите настојуваат да ја задржат таму, за да ја спречат да им го загорчува животот на мажите и жените на земјата. Како жена, која е отфрлена или напуштена во полза на друга жена, Лилит претставува омраза кон семејството, брачните парови и децата. Потсетува на трагичната слика на Ламиите во грчката митологија, чудовиштата со кои Грците ги плашеле децата.

Не можејќи да се интегрира во рамките на човечкиот живот, во меѓучовечките и општествените односи, отфрлена е во бездна. Темната страна на личноста Мадона е божицата, Ева грешницата, а Лилит? Лилит е “грев сам по себе”, под услов да се плашиме од својата совест, сопствената природа. Симболизира темнина, прапочеток, страст, разорна сила, сексуален и деструктивен нагон.

Репутацијата, што ја има во митологијата, Лилит ја добила и во астрологијата, каде и се доделени уште подеструктивни влијанија. Нејзе и е припишана одговорноста за предавство, искушенија, заведување, лаги, присила, абортуси, труења, абнормалниот физички, психички или душевен развој.

Според психолошкото толкување, Лилит е “темната страна на личноста”. Станува грев, ако одбиваме да се спознаеме и прифатиме себе си без предрасуди. Додека на Месечината и се припишуваат нашите потсвесни емоционални процеси и инстинкти, кои се појавуваат во нашата свест, Лилит претставува внатрешната активност на нашата потсвест, која ретко се појавува на површина и за која не сме свесни. Но, кога ќе се појави, нејзината енергија доминира со нашето однесување. Таа нема симпатии и милост за нашите слабости. Дејствувајќи длабоко од потсвеста, не доведува до крајност во позитивна и негативна смисла.

Виновна е за нашата емоционална несигурност и неразбирливите стравови, кои не спречуваат да ги оствариме своите желби. Ни нуди нешто што не го препознаваме како свое и од што се срамиме. Оспорувана или потиснувана, енергијата станува деструктивна, доведува до фрустрации, потиснување на сексуалните потреби, комплекс на инфериорност, хистерија и емоционално сексуална незрелост.

Но, ако се афирмира правилно, енергијата се преобразува во креативна сила, лична независност и харизма. Лилит е видот на енергија во човекот, кој одбива да им робува на моралните предрасуди. Таа е слободата, го тера човекот да се реализира како слободна личност, во сообразност со своите карактеристики и нагони.

Нејзината приказна е модерна, затоа што е бунтовна, непослушна, слободоумна во секој, па и сексуален поглед. Таа го носи лицето на денешната жена. За астрономите, Лилит е планетоид, поблизок до Земјата од Месечината, но ја обиколува побавно. Кружи околу Земјата во циклус од 124 дена. Првпат е откриен во 1618 година.

Позицијата на Лилит во наталниот хороскоп зборува за најдлабоките тајни во нејзината потсвест. Знакот и куќата во кои е, ни ги открива тајните. Ги опишува нашите инстинктивни однесувања, егоизмот, сексуалноста, потребата за деструкција и нејзината спротивност, потребата за креативност. Се смета дека од неа потекнуваат и вештерките. Претставите за понижување, бегство, пустелија, осаменост, кои ги следи пламен гнев и одмазда низ заведување, се чести и во легендите за нив. Но, и покрај тоа што се опасни, средбата со нив, може да води кон душевна преобразба.

Шаманистичката симболика зборува токму за таква потера по пророчката, преобразувачка Лилит. До 8 век, пр.н.е, во Сирија и се припишуваат својства, кои ги немала дотогаш- убивање деца. Обидите таа да се негира и потисне, почнале уште во 6 век на старата ера, но таа секогаш се враќала како заводничка и убиец на деца. И ќе се враќа, како што вели пророкот Захарија(13:2), се додека не дојде Месијата и не ги истера сите лоши духови.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2012 во 19:36
За ова можам да кажам - средбата со вакви битија, ќе го натера оној кој е нападнат од демонот, да после таа средба својот најголем душман, оној кој го мразел од дното на душата, кога ќе го види, да го гушне со солзи радосници.

За демоните има многу пишувано, многу теории, многу објаснувања. Но, факт е дека демон не е ништо друго туку паднат ангел. Духовно битие кое не ја примило Божјата љубов, создавајќи си себе си сопствен пекол, обезличено од Божјиот лик. За да може да се искупи, потребно му е физичко тело во кое ќе функционира за да може да егзистира повторно во физичкиот свет како тело, со цел да го избрка духот на оној кој го запоседнал. Може да запоседне само тело чив дух е слаб, отуѓен од Бога, тело кое паднало пред самото себе како личност и како дух. Во ниту еден друг случај не може да запоседне ниту нападне. Некаде прочитав дека демонот живее во нас. Тоа не е точно, зошто Бог, на нашето раѓање, ни дал дух животен. Тој е Божји дух, зошто ние луѓето сме создадени по неговиот лик. Бог не направил со слободна волја, па така нашата љубов треба да му ја дадеме по својата волја. Дали демонот ќе не запоседне или не, зависи од нашата волја. Но, во нас живее само еден дух, животен, Божји. Ние одлучуваме дали ќе го избркаме и ќе оставиме простор за демонот да влезе или не.
Зло е едно - и тоа живее во нас. Демон е друго. Демон е битие обезличено, отуѓено од Бога. Тоа е битие кое се измачува себе си и ужива во сопственото мачење. Тоа што за нас е одвратно, за него е убаво. Аналогно на мува, за нас изметот е одвратен, за мувата е радост и извор на храна. Демонот сака да се мачи себе си и се сити на мачењето на другите. Пример, имате дете. Се радувате на неговата среќа, се ситите на неговите успеси, на неговата среќа. Тоа ве исполнува. Демонот е опачината. Демонот се сити, го исполнува мачењето на детето, се радува на неговата несреќа. Значи, она што за нас е добро и убаво, за демонот е одвратно и грозно. И обратно. Значи, тоа е опачината, другата страна.

Изменето од pHp - 16.Јануари.2012 во 23:36
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2012 во 23:41
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

   ... имено дека ти не си повикан од Бога да интервенираш кога некој шири невистини или непотполни невистини.



Секој верник е повикан од Бога да "интервенира" кога некој шири невистини. Тоа му е должност, да го шири Божјето Слово. И ти исто така си повикан да го шириш Божјето Слово и да интервенираш кога некој шири невистини за него.

Изменето од pHp - 16.Јануари.2012 во 23:42
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2012 во 13:55
 
Чија смрт билo кoга ги изгoнила дeмoнитe? И oд чија смрт билo кoга сe плашeлe дeмoнитe какo oд срмтта  Христoва? 
Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да нe сe служат сo мeчoт, а плашливитe да пoстанат пoмажeствeни?
Зарeм нe вeрата Христoва?
 Зарeм нe крстниoт знак?
И кoј друг ги увeрил луѓeтo така вo бeсмртнoста какo Христoвиoт крст и вoскрeсeниeтo на тeлoтo Христoвo?”
Смртта на бeзгрeшникoт и крстoт на чoвeкoљубeцoт oднeслe пoгoлeма и трајна пoбeда oткoлку ситe царeви зeмски сo мнoгутe милиoни вoјски. Кoја вoјска билo кoга мoжeла да пoбeди самo eдeн дeмoн? Мeѓутoа, самиoт спoмeн на имeтo на Распнатиoт на крстoт ги тeра вo бeгствo дeмoнскитe вoјски.
O кoга би знаeлe ситe христијани каквo бoгатствo имаат вo имeтo Христoвo и каквo oружјe вo крстoт Христoв! (Пролог)
.....Свeти Атанасиј ...!!!
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2012 во 14:02
AH! Tie demoni!!!голема насмевка...mislite se demonite ...shto ne ne ostavaat na mir...намигнување 
Dodeka ljubovta e taa koja ni go dava - mirot i spokojot...среќа
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2012 во 14:33
Tokmu taka.


Egoto vo Judaizmot, Hristijanstvoto i Islamot e narecheno gjavol, a demoni se  mislite  koi se rodeni i neguvani od nego. Tie se chovekoviot um... tamu se ragjaat, tamu zhivet i tamu umiraat.





Изменето од Messenger - 28.Мај.2012 во 14:39
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.