IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонската репрезентација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонската репрезентација

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 35>
Автор
Порака
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2011 во 08:46

Би сакал селектор да биде Ќиро Блажевиќ (ако не биде Ѓоко Хаџиевски)

 
 
                        чекање
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2011 во 18:34

Со Аугенталер ќе стигнат и германски спонзори

Ако Клаус Аугенталер биде избран за селектор на македонската фудбалска репрезентација, тој ќе донесе германски спонзори, факт што го прави најсериозен кандидат за оваа функција. Денеска или утре, претседателот на ФФМ Хари Хаџи - Ристески и генералниот секретар Игор Климпер ќе заминат за Нирнберг, каде што ќе преговараат со Аугенталер.
Како што дознаваме, ако се договорат со Германецот, кој интерес за селекторското место покажал уште пред еден месец, тогаш, покрај ФФМ, во неговото финансирање со одреден процент би учествувале и спонзорите од Германија, што тој евентуално би ги донел. Исто така, во договорот помеѓу Аугенталер и ФФМ би била вметната клаузула, тој да биде добро награден во случај македонската репрезентација со него да избори учество во баражот за Мундијалот 2014, односно би добил најмалку милион евра. Можеби, најсигурен извор од кој Германецот би се плаќал би биле телевизиските права. Пред се, ако Аугенталер посредува во договорањето на пријателски меч со Германија, од чии телевизиски права ФФМ би инкасирала близу два милиони евра, процент би земал и тој. На сличен начин, Азербејџан го плаќа нејзиниот селектор Берти Фогтс, кој му ја донесе германската репрезентација како спаринг-партнер.
Инаку, Клаус Аугенталер е поранешен првотимец на Баерн Минхен и германски репрезентативец. Тој му беше асистент на Џовани Трапатони во Баерн, потоа и тренер на оваа екипа, а беше и на клупата на Нирнберг, Баер, Волфзбург, Унтерахинг...
Што се однесува до Хрватот Мирослав Ќиро Блажевиќ, кој, исто така, е кандидат за оваа функција, во договорот што го имаше со Федерацијата на Босна и Херцеговина стоеше клаузула тој да добие екстрапремија ако ја пласира нејзината репрезентација во баражот за СП 2010. Тој успеа и требаше да инкасира милион евра. Хари претстојниве денови телефонски ќе разговара и со него

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2011 во 14:25

Бабунски по вторпат на клупата на македонската репрезентација

Селекторот на младата репрезентација, Бобан Бабунски, ќе ја предводи А-селекцијата на пријателскиот дуел против Азербејџан во Баку на 10 август, како привремено решение, објави Фудбалската федерација на Македонија. Бабунски по вторпат во кариерата ќе ја предводи најсилната селекција, откако во 2005 година, исто така како в.д., беше селектор на квалификациските дуели со Холандија (0:0) и со Финска (1:5) и на пријателскиот меч со Лихтенштајн (4:1), по оставката на Слободан Сантрач.
- Како човек на Федерацијата, секогаш сум подготвен да му помогнам на националниот тим, кој е светост за сите нас. Најважно во овој момент е да се сконцентрираме на анимирањето на играчите, за да се претставиме во што подобро светло на гостувањето во Азербејџан. Едноставно, да го продолжиме профилот што го создаваме во младата репрезентација и во А-тимот. Оние што ќе бидат повикани да го дадат максимумот и да одиграат квалитетно и професионално во Баку - изјави селекторот Бобан Бабунски за Интернет-сајтот на ФФМ.
Досега четири пати имаме играно со Азербејџан, двапати во квалификациите за СП 2002 и двапати пријателски. Македонија има три победи, а една средба заврши нерешено. Овој дуел е подготовка за остатокот од квалификацискиот циклус за ЕП 2012, од кој ни останаа уште четири меча. Првиот е во септември, против Русија во Москва.
В сабота во Рио, ќе се одржи ждрепката за квалификациите за СП 2014 во Бразил, по што ФФМ ќе продолжи со потрагата по нов селектор, функција што претходно ја одбија Ѓоко Хаџиевски и Клаус Аугенталер како најсериозни кандидати

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2011 во 14:36

Го поправивме ФИФА-ранкингот и без победа

 
Македонската фудбалска репрезентација забележа скок од две места на најновата ФИФА ранкинг-листа и сега се наоѓа на 96-тото место со 338 бодови. Нашите најдобри фудбалери се во серија од четири порази по ред, два на пријателските средби со Кина и Камерун и два последователни од Република Ирска во квалификациите за Европското првенство во 2012 година. Последната победа македонската фудбалска репрезентација ја оствари минатиот октомври, кога на гостински терен ја совладавме Андора со 2-0 во евро-квалификациите. Сите се прашуваме дали и следната победа ќе ја оствариме против Андора, која ни гостува во Скопје на шести септември.

Пред нас на ФИФА-ранкингот сè уште се наоѓаат репрезентации како Молдавија, Бенин, Зимбабве, Естонија, Ел Салвадор, Уганда, Боцвана и други земји за кои не сме ни знаеле дека воопшто имаат фудбалски терени, а камоли репрезентација. Само за илустрација и да ви биде појасно каде се наоѓа нашиот фудбал во Европа, македонската репрезентација моментално се наоѓа на 43-тото место. Единствено Азербејџан и Казахстан се под нас, каде што се игра професионален фудбал, а сите останати репрезентации до 52-то место (колку што има земји во Европа) најважната споредна работа ја третираат како рекреација или играат аматерски.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2011 во 12:56

Бабунски по примерот на Јоаким Лев

Дури петмина играчи ќе имаат можност да дебитираат за македонската фудбалска репрезентација, откако привремениот селектор Бобан Бабунски ги стави меѓу 19-темина повикани за пријателскиот меч во Баку, против Азербејџан на 10 август. Со Ристовски, Димитровски, Спировски, Фазли и Трајковски, Бабунски значително го подмлади националниот тим и неговата просечна возраст сега изнесува 24 години, во што може да се мери единствено со селекторот на Германија, Јоаким Лев.
Пачовски, Гроздановски и Ибраими се повратници во А-тимот, а искусниот дефанзивец Игор Митрески ќе биде дополнително повикан, ако навреме закрепне од повредата.
Комплетен состав:
Голмани: Томе Пачовски (Жерминал), Мартин Богатинов (Карпати);
Одбрана: Стефан Ристовски (Кротоне), Горан Попов (Динамо Киев), Владимир Димитровски (Млада Болеслав), Ванче Шиков (Волин), Даниел Мојсов (Војводина);
Среден ред: Мухамед Демири (Тун), Александар Лазевски (Партизан), Стефан Спировски (Борац Чачак), Славчо Георгиевски (Нефчи), Величе Шумуликоски (Новосибирск), Влатко Гроздановски (Вардар), Ферхан Хасани (Шкендија);
Напад: Горан Пандев (Интер), Самир Фазли (Херенвен), Иван Тричковски (Апоел), Агим Ибраими (Марибор), Александар Трајковски (Цулте).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 13:24

Џон Тошак нов селектор

Велшанецот Џон Тошак од вчера е новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација и ќе дебитира против Русија на 2 септември, откако викендов успеа да се договори со раководството на ФФМ околу условите од договорот. Селекторската позицијата беше испразнета повеќе од еден месец по отказот што го доби Мирсад Јонуз.
- Џон Тошак ги прифати условите што ги понудивме во рамките на предвидениот буџет на федерацијата и на зедничко задоволство се договоривме да ја предводи нашата селекција во следниот квалификациски циклус за СП во Бразил - изјави претседателот на ФФМ Хари Хаџи-Ристески за интернет-сајтот на ФФМ.
Шеесет и двегодишниот стратег во својата богата кариера, меѓу другите, ги водеше Реал Мадрид, Спортинг и Депортиво, а последен ангажман му беше селекторскиот во Велс (2004-2010).
- Навистина ми е чест што сум одбран за селектор на македонската фудбалска репрезентација. Луѓето од раководството на ФФМ беа прекрасни, отворени, и тоа ми дава надеж дека заедно можеме да постигнеме успех на репрезентативен план. Максимално ќе ги искористиме следните квалификациски средби за да што подобро се подготвиме за предизвикот кој се вика Бразил 2014. За групата не би говорел многу. Првиот впечаток е дека се работи за тешка, но доста израмнета група. Што се однесува до "мојот" Велс, сигурно дека е тешко да се игра против "своите", но барем засега не сум размислувал како ќе го прифатат тоа навивачите на Велс. Јас сум професионалец и размислувам само во тој правец - изјави новиот селектор на Македонија.
Тошак ќе пристигне во Македонија на 25 Август а официјалната промоција ќе биде ден подоцна.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2011 во 06:34

Конечно победа!

Македонската фудбалска репрезентација успеа да слави на мечот со селекцијата на Азербејџан. Нашите фудбалери со голот на Горан Пандев во 58-та минута успеаја да забележат победа против селекцијата на Азербејџан и со тоа да ја вратат самодовербата пред септемвриските квалификации.

 
Првото полувреме им припадна на фудбалерите на Азербејџан кои имаа неколку шанси, но сигурен на голот на Македонија беше повратникот Томе Пачовски кој неколку пати одлично и правовремено интервенираше. За разлика од првото полувреме, во вториот дел нашите играчи тргнаа многу по офанзивно и тоа вроди со плод во 58-та минута.     

Попов изведе аут од левата страна, ја уфрли топката во шеснаесетникот, а Горан Пандев најдобро се снајде се ослооди од чуварот и најде место да пласира во противничкиот гол за водство на Македонија од 1:0.

 
До крајот на мечот имаше по неколку добри акции на двете страни но резултатот не беше променет. Оние кои настапија на оваа средба покажаа дека со пожртвувана игра се стигнува до поволен резултат. Ова нека биде само најава на добри резултати во следните квалификациски средби.

Нашата репрезентација натпреварот го започна во следниот состав:

Пачовски, Ристовски, Шиков, Мојсов, Попов, Демири, Шумуликоски, Трајковски, Хасани, Пандев, Тричковски. Во второто полувреме шанса добија и останатите репрезентативци.

 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2011 во 23:21

Бабунски му сервира нов состав на Тошак

По серијата слаби резултати во квалификациите, македонската фудбалска репрезентација, конечно, успеа да победи, и тоа на гости. Совладан е стариот муштерија, репрезентација на Азербејџан, со 1:0, но што е најважно, в.д. селекторот Бобан Бабунски му сервира на новиот репрезентативен учител, Велшанецот Џон Тошак, нов состав со дури петмина дебитанти. Во победата над Азербејџан учествуваа дебитантите Стефан Ристовски, Александар Трајовски, Стефан Спировски, Самир Фазли и Владимир Димитровски, како и повратниците Влатко Гроздановски и Томе Пачовски. Со отсутните Митрески, Новески и Лазевски, во следните квалификациски циклус за Мундијалот во БразилТошак ќе има можност да состави тим кој би бил спој на искусни и на млади фудбалери.
По победата, селекторот Бобан Бабунски беше задоволен не само од резултатот туку и од играта, особено во второто полувреме .
- Задоволен сум од нашето издание, особено во второто полувреме. Азербејџан беше многу поагресивен во првиот дел, но во вториот, квалитетот дојде до израз и мислам дека имавме многу позрели шанси, дури и за поубедлива победа. По овој триумф, се врати атмосферата во тимот во вистинско време. Сигурно дека Тошак го гледал натпреварот и го анализирал. Јас сум тука за да му помогнам од секој аспект, особено ако бара информации за играчите - изјави Бабунски.
Селекторот на Азербејџан, Германецот Берти Фогтс, не го прифати лесно поразот.
- Не заслуживме да загубиме, особено со играта што ја прикажавме во првото полувреме. Во вториот дел бевме надиграни. Не знам дали ова е најправедниот резултат, но фудбалот се игра за резултат - рече Фогтс.
Што се однесува до мечот во Баку, македонската репрезентација во една просечна игра подобро се снајде на теренот со пластична трева на новоизградениот стадион "Далга арена". Во првото полувреме, Азербејџан повеќе ја имаше топката во свој посед, притискаше кон голот на Пачовски, а Македонија чекаше шанса да се закани од противнапад. Во вториот дел, македонскиот национален тим се прикажа во многу подобро издание. Во 56. минута, Тричковски шутираше од 18 метри, но домашниот голман одбрани, а две минути подоцна Пандев и донесе водство на Македонија со својот 24. гол во репрезентативниот дрес.
Ова беше последната проверка на нашата фудбалска репрезентација пред следниот дуел, кој ќе го играме во квалификациите за пласман на ЕП 2012 против Русија. Средбата со "зборнаја" ќе се одигра на 2 септември во Москва, каде што на кормилото на нашиот национален тим ќе дебитира новиот селектор Џон Тошак.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2011 во 23:53

Бабунски му скенираше триесетина фудбалери на Тошак

Довчерашниот в.д. селектор на македонската фудбалска репрезентација Бобан Бабунски му презентира листа од триесетина фудбалери на новиот фудбалски учител на националниот тим, Џон Тошак. Како што Бабунски изјави, тој за секој фудбалер се искажал позитивно, односно, биле истакнат квалитетите на секој поединец.
- Иако не сме се виделе со Тошак секој ден телефонски се слушаме. Ми честиташе за победата против Азербејџан, меч кој и тој самиот го гледал. Му презентирав список од триесетина фудбалери кој според мене, можат да играат за репрезентацијата. Се работи за три до четири кандидити за секоја позиција во тимот. Му ги анализирав квалитетите на секој поединец - изјави Бабунски од Барселони и додава:
- Тошак е фудбалска легенда и многу едноставен човек од кого може доста да се научи. Побара да ги гледа снимките од репрезентативните настапи во последните две години, така што повеќето фудбалери тој веќе ги познава. Верувам дека според репрзентативните кандидати ќе може да се состави тим од искусни и млади фудбалери. Видовме дека таквиот рецепт добро се покажа во Баку.
- Каква игра ќе диктира Тошак во квалификациите?
- Навистина не знам. Не значи ако тој бил порано голгетер дека ќе диктираме офанзивна игра. Знам дека има знаење да го одбере најквалитетното од македонскиот фудбал. Јас сум тука да помогнам. Без разлика што квалификациската група е тешка верувам дека имаме квалитет да направим чекор погоре. Да почекаме до 26 август, кога ќе биде промоцијата на Тошак во Скопје, да ги слушнеме неговите планови - изјави најверојатно, првиот помошник на Џон Тошак во репрезентативниот стручен штаб Бобан Бабунски кој продолжува со водењето на младата репрезентација до 21 година

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2011 во 07:58

Тошак со четворица дебитанти за Русија и за Андора

Новиот македонски кормилар објави список со 22 играчи за претстојните дуели во квалификациите за ЕП 2012, Роберт Петров се враќа во тимот

Сашко Ѓ. Димовски

Велшанецот Џон Тошак се зафати со работа во македонската фудбалска репрезентација. За почеток го објави списокот на играчи за претстојните дуели против Русија во Москва на 2 септември и четири дена подоцна во Скопје против Андора во квалификациите за Европското првенство во 2012 година што ќе се одигра во Полска и Украина.

Во него има четворица дебитанти. Покана за настап во националниот тим за првпат добија Мухамед Усеини од шампионот Шкендија, Мирко Ивановски од полска Арка, Даниел Георгиевски од Шибеник и повратникот во македонското првенство и во екипата на Работнички, Муарем Муарем. За мечевите што наближуваат со фаворитот и аутсајдертот во комбинација се и играчот на Марибор, Агим Ибраими и македонските младински репрезентативци, Самир Фазли и Ферхан Хасани кои дебитираа во „А“ тимот на 10 август во Баку против селекцијата на Азербејџан. Кам-бек во националниот тим ќе има Роберт Петров, моментно член на Азал во шампионатот на Азербејџан, на подготовките ќе се јави и Владе Лазаревски од француски Амиен, а репрезентативниот статус го зачува и Влатко Гроздановски од Вардар. Кампањата за Русија и Андора ќе ја пропуштат Славчо Георгиевски, Марио Ѓуровски, Илчо Наумоски, Александар Лазевски и Бобан Грнчаров.

Останатиот дел од репрезентативците е очекуван. Конк*ренција меѓу стативите ќе прават Томе Пачовски и Мартин Богатинов. Тошак смета и на услугите на искусните дефанзивци Игор Митрески и Николче Новески, потоа Мојсов, Шиков, Попов, Демири, Тасевски и Тричковски предводени од капитенот Горан Пандев.

Веќе и дефинитивно се отстранети дилемите околу најблиските соработници на Тошак на репрезентативното кормило на Македонија. На Велшанецот ќе му помагаат Бобан Бабунски, селектор на нашата млад тим, потоа неговиот син Камерон Тошак и Ибраим Османи. Тренерот на голамните останува Гого Јовчев, Виктор Камиловски и натаму е репрезентативен доктор, без измени и во физиотерапевтскиот тандем Душан Велчевски и Бојан Цаневски.

Тошак доаѓа во Македонија на 25 август. Ден подоцна и официјално ќе биде потпишан договорот за соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) околу неговиот селекторски ангажман во нашиот национален тим. Собирот на репрезентативците за Русија и Андора е закажан на 28 август (недела) во хотелот „Стоун бриџ“ кога Тошак ќе го има првото запознавање со фудбалерите што ќе ги предводи во наредните две години, а на 29 август ќе го одржи и првиот тренинг.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2011 во 13:55

Победата против Азербејџан го сопре тонењето на Македонија на ФИФА листата

 

Беше потребен еден гол, една победа за да се спречи константното пропаѓање на Македонија на ранг листата на фудбалските репрезентации која ја изготвува ФИФА.

Тонењето одеше до 96 место, но во најновата августовска ранг листа Македонија се искачи шест места и сега пред гостувањето во Русија е на 90 место.

Пред нас неколку места сè уште се репрезентации како Катар, Бенин, Молдавија, Боцвана...

Првото место од Шпанија го презеде Холандија, а Англија ги прескокна Уругвај и Бразил и сега е на 4 место.

Ранг листа за август:

1 Холандија  1596 поени
2 Шпанија      1563
3 Германија   1330
4 Англија        1177
5 Уругвај         1174
6 Бразил         1156
7 Италија        1110
8 Португалија 1060
9 Аргентина    1017
10 Хрватска      1009 ...

12 Русија        940
19 Црна Гора 875
23. Словенија 816
26. Словачка  806
29 Србија        784
31 Р. Ирска     754
39 БиХ             656
71 Ерменија    456
90 Македонија 358 ...

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2011 во 22:22
Тошак: Можеме на СП во Бразил
 
Велшкиот фудбалски стручњак Џон Тошак, денеска во Скопје ја одржа својата прва прес-конференција во улога на селектор на македонската репрезентација
 
 
Тошак за шеф на стручниот штаб официјално беше избран на вчерашната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија.

Новиот селектор изразувајќи задоволство од можноста да ја предводи Македонија смета дека тековниот циклус на квалификации резултатски се завршени и ќе се фокусира на формирањето на селекцијата за следниот квалификациски циклус.

- Во квалификациите за Европското првенство 2012 според досегашните резултати е неможно да се направи нешто повеќе, но предизвикот е следните квалификации за Мундијалот во Бразил 2014 година. Претстојната година до почетокот на новиот квалификациски циклус ќе го искористам за добра анализа на секој потенцијален репрезентативец по што ќе биде направена селекцијата која ќе го понесе товарот во тој циклус. Со добра програма и добри подготовки можеме да направиме добар резултат и да ја исполниме целта, а таа е пласман на Светското првенство. 

Токму желбата на репрезентацијата и јавноста во Македонија да ја видат репрезентацијата на СП во Бразил, оставило силен впечаток кај него и е една од главните причини Тошак да ја прифати селекторската функција.

Велшкиот тренер веднаш по добивањето на новото работно место почна со анализа на одиграните натпревари на македонската селекција во квалификациите за еврошампионатот за да добие одредени сознанија за индивидуалните способности на фудбалерите, но тој побара одредено време за да може да добие вистинска слика за потенцијалот на репрезентацијата.

Околу изборот на федерацијата Џон Тошак да ја предводи Македонија во следните две години претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески на инаугурацијата на новиот селектор истакна дека е направен вистинскиот избор.

- Сите кандидати за селекторската функција добија простор и можност за разговор на кој ќе ја образложат својата програма, идеја и работа со фудбалерите. Од сите македонски тренери добив ветување, без разлика кој ќе биде избран, дека тие ќе дадат придонес за развој на македонскиот фудбал и коректно ќе соработуваат со новиот предводник. Со Тошак имавме состанок на кој се најдовме во нашите идеи и планови и оттука произлезе договорот тој да биде новиот селектор на нашата репрезентација, рече Хаџи-Ристески.

Првите натпревари во улога на предводник на Македонија, Тошак ќе ги има против Русија на гостински терен на 2 септември и Андора во Скопје на 6 септември. Во досегашните шест средби Македонија во групата со Русија, Андора, Република Ирска, Словачка и Ерменија има само една победа, еден нерешен резултат и четири порази.

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2011 во 23:36

Прв работен ден за Тошак во Македонија

Новоизбраниот селектор Џон Тошак денеска ќе го има првиот работен ден во Македонија, почнувајќи ги подготовките на нашата фудбалска репрезентација за претстојните квалификациски натпревари со Русија и со Андора. Откако го испушти дуелот од Лига Европа меѓу Работнички и Лацио, Велшанецот го имаше првото јавно појавување на еден стадион во Македонија на вчерашниот првенствен натпревар помеѓу Ренова и Шкендија во Тетово. Така на дело можеше да се увери во квалитетите на барем двајца од повиканите репрезентативци (Хасани и дебитантот Усеини од Шкендија).
Тошак го имаше првото запознавање со македонските репрезентативци синоќа, навистина, во некомплетен состав, бидејќи беше предвидено на прозивката да се појават само 14-мина од нив. Вистинската работа ја почнува денеска на игралиштето на Работнички, а во текот на денешниот ден требаше да се приклучат уште шестмина репрезентативци. Последен што ќе го направи тоа ќе биде Иван Тричковски кој, поради обврските кон АПОЕЛ, доаѓа дури утре.
До тргнувањето за Москва в среда, репрезентацијата ќе одработи вкупно четири тренинзи, а дуелот со Русија е в петок од 20 часот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2011 во 07:05

Македонија утрово лета за Москва

Нашата фудбалска репрезентација в петок на стадионот „Лужники“ против Русија во квалификациите за ЕП 2012

Сашко Ѓ. Димовски

Откако вчера го одржа првиот тренинг во комплетен состав по доаѓањето на Иван Тричковски од Кипар, македонската фудбалска репрезентација утрово отпатува во Москва каде што в петок на стадионот „Лужники“ ќе и' гостува на Русија во квалификациите за Европското првенство во Полска и во Украина в година.

Пристигнувањето на играчите во групи претставува проблем за новиот селектор на Македонија, Џон Тошак. Но, од друга страна, пак, Велшанецот потенцира дека е пријатно задоволен, бидејќи првпат во селекторската кариера му доаѓаат сите фудбалери што ги повикал. Признава дека се' уште нема јасна слика за формата со која доаѓаат играчите и со нивните можности. Сепак, и покрај топлото време, тој нема забелешки за односот и залагањето на репрезентативците на работните сесии.

„Иако е невозможно да се добие вистинската слика по само три тренинзи, сепак, мозаикот полека се комплетира. Во основа, се' уште се водам од она што досега имав можност да го видам на снимки. Тренинзи се едно, а натпревари, сепак, нешто сосема друго. Имам впечаток дека може да составиме добар тим за дуелот со Русија“, вели Тошак, кој синоќа требаше да реши кои 19 играчи ќе ги поведе на пат кон руската престолнина.

Опасност од втор жолт картон во дуелот со Русите, што автоматски ќе значи пауза за Андора виси над пет македонски репрезентативци. Меѓу нив и капитенот Горан Пандев, новото засилување на Наполи, а во таква ситуација се уште и Ванче Шиков, Горан Попов, Николче Новески и Мухамед Демири.

„Русите имаат силем тим и мечот против Македонија сигурно е многу важен за нив. Свесни сме што не' очекува на ’Лужники‘ в петок. Располагам со многу вести за противникот против кој имам настапи како фудбалер, но и како селектор на Велс. Ќе бидеме максимално подготвени за претстојниот предизвик“, изјави Тошак.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 35>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.